Африканската свинска чума се шири со епидемична брзина низ фармите од источниот регион. За две недели се прошири од Каменичко, преку Кочанско до Виничка Кршла, каде на една трите поголеми фарми се потврдени случаи на заразени свињи.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се приморани како превентива хумано да ги уништат сите свињи во радиус од 3 км околу жариштето, што значи дека ќе бидат опфатени и малите одгледувалишта во кои жителите за сопствени потреби чуваат по неколку свињи. Според првичните проценки се работи за околу 400 единки. Во меѓувреме интензивно се одвива акцијата за депопулација на заразените свињи.

Од кога е почната заразата, на 27.07, од кога е прогласено, 137 мислам дека се уништени до сега, изјави Вања Кондратенко, раководител на сектор за здравствена заштита, АХВ.

Истовремено се земаат мостри од другите фарми во радиус од 10 километри околу трите жаришта, за да може да се превенира во понатамошно ширење на вирусот. Фармерите се загрижени дека заболувањето може значително да го намали бројот на свињи и да им нанесе тежок финансиски удар по домашниот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.