африканска чума Archives - Република https://republika.mk/tema/afrikanska-chuma/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 14:39:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png африканска чума Archives - Република https://republika.mk/tema/afrikanska-chuma/ 32 32 Африканска чума во Мралино https://republika.mk/vesti/ekonomija/afrikanska-chuma-vo-mralino/ Wed, 14 Feb 2024 14:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=744132

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за определување заштитна и зона под надзор поради потврда на појава на африканска чума кај свињите во село Мралино, Општина Илинден. Болеста е потврдена со лабораториски наод од Вeтеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во едно нерегистрирано одгледувалиште во ова село, каде до денеска се угинати пет свињи, колку што имало на одгледувалиштето.

Како што вели директоторот на АХВ, Николче Бабовски за МИА, дефинирани се заштитната зона од три километри околу жариштето и зона под надзор во радиус од 10 километри.

-Заштитната зона ги опфаќа селата Мралино и Кадино во општина Илинден, село Идризово во Општина Гази Баба и селата Петровец и Ќојлија во Општина Петровец. Во заштитна зона во радиус од три километри околу потврденото жариште се преземаат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштето/та каде е потврдена болеста како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болеста. Се спроведуваат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, просториите, опремата и возилата, епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор на болеста, како и попис, клинички преглед, контрола на спроведувањето на биосигурносните мерки и идентификација и регистрација на животните во сите одгледувалишта. Се евидентираат сите нерегистрирани одгледувалишта и се врши нивна категоризација во однос на степенот на спроведување на биосигурносните мерки, истакнува Бабовски.

Во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу потврденото жариште, исто така се спроведуваат мерки за попис, клинички преглед, контрола во спроведувањето на биосигурносните мерки и регистрација и идентификација на животните во сите одгледувалишта.

-Движење и превоз на свињи е дозволено само доколку свињите се носат директно во одобрена кланица за колење со задолжително земање мостри за лабораториско испитување од закланите животни и подложување на месото на еден од третманите за намалување на ризикот од болеста. По исклучок, месото од свињите од одгледувалиштата со низок ризик може да се користи како свежо, во рамки на зоната од кое потекнува. На целата територија на земјава, вклучително и во заштитната и зоната под надзор се забранува чување на свињи на отворено и на депонии. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Забранет е промет на свињи на добиточните пазари, саеми и изложби, потенцира Бабовски.

Тој апелира одгледувачите задолжително да пријават сомнеж или знаци на болеста или смртност и абортус до надлежното ветеринарно друштво или официјален ветеринар.

-Свињите кои ќе бидат затекнати во промет без здравствен сертификат и без идентификација ќе бидат одземени и нештетно уништени на товар на сопственикот. На целата територија на државава ќе се спроведува и мерката на депопулација на сите нерегистрирани одгледувалишта со висок ризик во однос на спроведувањето на биосигурносните мерки, подвлекува Бабовски.

За одземените и нештетно отстранети свињи Агенцијата за храна и ветериарнство исплаќа надомест согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територијата на Република Македонија, зависно од категоријата на животните. За свињите по потекло од нерегистрирани одгледувалишта, без доказ за потекло и свињи кои потекнуваат од одгледувалишта каде претходно е спроведена мерка за депопулација, но, за кои официјален ветеринар нема издадено решение за репопулација, АХВ нема да исплаќа надомест на штета.

-АХВ на дневна основа ја следи состојбата со оваа болест и кај нас и во светот. На целата територија на државава се спроведува активен и пасивен надзор на болеста со лабораториско испитување на земени мостри од угинати домашни или диви свињи или од застрелани во лов. Покрај ова во рамки на пасивниот надзор, поголемите свињарски фарми имаат обврска секоја недела да доставуваат мостри од угинати свињи за лабораториско тестирање на присуство на болеста. Африканската свинска чума е релативно нова, егзотична болест, во минатото карактеристична за африканскиот континент, сега за жал, присутна е и кај нас и во нашето непосредно опкружување, објаснува Бабовски.

Вирусот на африканската чума кај свињите е болест која се пренесува само кај свињите, од неа заболуваат диви и домашни свињи. Болеста не е зооноза, вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето кои, пак, се можни негови преносители.

-Бидејќи станува збор за болест кај животните која задолжително се пријавува, АХВ, за секој нов случај на појава на болеста, на дневна основа врши ажурирање на податоците во системот за пријавување на болести кај животните на Светската организација за здравствена заштита на животните - WOAH (системот на Светската организација за здравствена заштита на животните WAHIS) и систем за пријавување на болести кај животните на Европската Комисија (ADIS), вели директорот Бабовски.

The post Африканска чума во Мралино appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за определување заштитна и зона под надзор поради потврда на појава на африканска чума кај свињите во село Мралино, Општина Илинден. Болеста е потврдена со лабораториски наод од Вeтеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во едно нерегистрирано одгледувалиште во ова село, каде до денеска се угинати пет свињи, колку што имало на одгледувалиштето. Како што вели директоторот на АХВ, Николче Бабовски за МИА, дефинирани се заштитната зона од три километри околу жариштето и зона под надзор во радиус од 10 километри. -Заштитната зона ги опфаќа селата Мралино и Кадино во општина Илинден, село Идризово во Општина Гази Баба и селата Петровец и Ќојлија во Општина Петровец. Во заштитна зона во радиус од три километри околу потврденото жариште се преземаат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштето/та каде е потврдена болеста како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болеста. Се спроведуваат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, просториите, опремата и возилата, епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор на болеста, како и попис, клинички преглед, контрола на спроведувањето на биосигурносните мерки и идентификација и регистрација на животните во сите одгледувалишта. Се евидентираат сите нерегистрирани одгледувалишта и се врши нивна категоризација во однос на степенот на спроведување на биосигурносните мерки, истакнува Бабовски. Во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу потврденото жариште, исто така се спроведуваат мерки за попис, клинички преглед, контрола во спроведувањето на биосигурносните мерки и регистрација и идентификација на животните во сите одгледувалишта. -Движење и превоз на свињи е дозволено само доколку свињите се носат директно во одобрена кланица за колење со задолжително земање мостри за лабораториско испитување од закланите животни и подложување на месото на еден од третманите за намалување на ризикот од болеста. По исклучок, месото од свињите од одгледувалиштата со низок ризик може да се користи како свежо, во рамки на зоната од кое потекнува. На целата територија на земјава, вклучително и во заштитната и зоната под надзор се забранува чување на свињи на отворено и на депонии. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Забранет е промет на свињи на добиточните пазари, саеми и изложби, потенцира Бабовски. Тој апелира одгледувачите задолжително да пријават сомнеж или знаци на болеста или смртност и абортус до надлежното ветеринарно друштво или официјален ветеринар. -Свињите кои ќе бидат затекнати во промет без здравствен сертификат и без идентификација ќе бидат одземени и нештетно уништени на товар на сопственикот. На целата територија на државава ќе се спроведува и мерката на депопулација на сите нерегистрирани одгледувалишта со висок ризик во однос на спроведувањето на биосигурносните мерки, подвлекува Бабовски. За одземените и нештетно отстранети свињи Агенцијата за храна и ветериарнство исплаќа надомест согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територијата на Република Македонија, зависно од категоријата на животните. За свињите по потекло од нерегистрирани одгледувалишта, без доказ за потекло и свињи кои потекнуваат од одгледувалишта каде претходно е спроведена мерка за депопулација, но, за кои официјален ветеринар нема издадено решение за репопулација, АХВ нема да исплаќа надомест на штета. -АХВ на дневна основа ја следи состојбата со оваа болест и кај нас и во светот. На целата територија на државава се спроведува активен и пасивен надзор на болеста со лабораториско испитување на земени мостри од угинати домашни или диви свињи или од застрелани во лов. Покрај ова во рамки на пасивниот надзор, поголемите свињарски фарми имаат обврска секоја недела да доставуваат мостри од угинати свињи за лабораториско тестирање на присуство на болеста. Африканската свинска чума е релативно нова, егзотична болест, во минатото карактеристична за африканскиот континент, сега за жал, присутна е и кај нас и во нашето непосредно опкружување, објаснува Бабовски. Вирусот на африканската чума кај свињите е болест која се пренесува само кај свињите, од неа заболуваат диви и домашни свињи. Болеста не е зооноза, вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето кои, пак, се можни негови преносители. -Бидејќи станува збор за болест кај животните која задолжително се пријавува, АХВ, за секој нов случај на појава на болеста, на дневна основа врши ажурирање на податоците во системот за пријавување на болести кај животните на Светската организација за здравствена заштита на животните - WOAH (системот на Светската организација за здравствена заштита на животните WAHIS) и систем за пријавување на болести кај животните на Европската Комисија (ADIS), вели директорот Бабовски.

The post Африканска чума во Мралино appeared first on Република.

]]>
Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина https://republika.mk/vesti/makedonija/afrikanska-chuma-oktriena-kaj-divite-svini-na-shar-planina/ Tue, 23 Jan 2024 09:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=735784

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.

Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај дивата популација свињи потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце, општина Тетово. Болеста не е зооноза односно вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето, кои се можни негови преносители. Агенцијата за храна и ветеринарство наложи ловните друштва да вршат пребарување на ловиштата и сите пронајдени угинати диви свињи веднаш да ги пријават до надлежниот официјален ветеринар. Пребарувањето на ловиштата е исклучителна важна активност со цел рано откривање на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. По пријавата за пронајдена угината дива свиња, официјалниот ветеринар зема примероци за лабораториско тестирање и наложува мерки за нештетно отстранување угинатите диви свињи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од пцовисаните животни во кои вирусот опстојува долго време. Тие се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од пцовисани животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од пцовисани диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина.

Согласно наложените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство, концeсионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје се должни да достават неделни извештаи од резултатите од пребарувањето на ловиштата до официјалните ветеринари и АХВ, велат од оваа институција.

На подрачјето на националниот парк Шар Планина, од ноември 2023 па се до крајот на јануари 2024 ќе трае санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума. Санитарниот отстрел го реализираат ловечките друштва во соработка со националниот парк, а досега се застрелани 14 диви свињи.

Според информациите на Агенцијата, од секоја отстрелана дива свиња, се праќаат примероци за испитување на африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и трихинелоза до официјален ветеринар и АХВ. Доколку се добие позитивен резултат официјалниот ветеринар наложува мерки за нештетно отстранување на свињите.

The post Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.
Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај дивата популација свињи потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце, општина Тетово. Болеста не е зооноза односно вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето, кои се можни негови преносители. Агенцијата за храна и ветеринарство наложи ловните друштва да вршат пребарување на ловиштата и сите пронајдени угинати диви свињи веднаш да ги пријават до надлежниот официјален ветеринар. Пребарувањето на ловиштата е исклучителна важна активност со цел рано откривање на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. По пријавата за пронајдена угината дива свиња, официјалниот ветеринар зема примероци за лабораториско тестирање и наложува мерки за нештетно отстранување угинатите диви свињи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од пцовисаните животни во кои вирусот опстојува долго време. Тие се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од пцовисани животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од пцовисани диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина.
Согласно наложените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство, концeсионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје се должни да достават неделни извештаи од резултатите од пребарувањето на ловиштата до официјалните ветеринари и АХВ, велат од оваа институција.
На подрачјето на националниот парк Шар Планина, од ноември 2023 па се до крајот на јануари 2024 ќе трае санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума. Санитарниот отстрел го реализираат ловечките друштва во соработка со националниот парк, а досега се застрелани 14 диви свињи. Според информациите на Агенцијата, од секоја отстрелана дива свиња, се праќаат примероци за испитување на африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и трихинелоза до официјален ветеринар и АХВ. Доколку се добие позитивен резултат официјалниот ветеринар наложува мерки за нештетно отстранување на свињите.

The post Африканска чума октриена кај дивите свињи на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Пешевски: Африканска чума не е заразна за луѓето, таа се пренесува само од диви на домашни свињи https://republika.mk/vesti/ekonomija/peshevski-afrikanska-chuma-ne-e-zarazna-za-lugeto-taa-se-prenesuva-samo-od-divi-na-domashni-svini/ Wed, 10 Jan 2024 14:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=731642

Болеста африканска чума кај свињите не е пренослива на луѓето и кај другите животни, таа се пренесува од диви на домашните свињи и се шири само кај овие животни, велат ветеринарите од Куманово. Станува збор за инфективно заболување. За ветеринарите многу е важно да се едуцираат фармерите, невреме да се преземат мерки и да се контролира болеста да не се шири и да не предизвика економска штета, ниту за одгледувачите, ниту за државата. Ветеринарите велат дека нема отстапувања ниту кај одгледувачите во однос на чувањето, ниту во Агенцијата, но дека е потребна едукација и соработка кај сите за контрола на болеста.

Болеста е сериозна само за свињите, предизвикува економска штета за фармерите. Во државата таа е присутна од регионот од Делчево од јануари-февруари 2022, пренесена е од дивите свињи кои се главни преносители на болеста. Мерките кои се преземаат во државата сè во согласност со европската легислатива и пракса и се под контрола на европската Агенција за храна и ветеринараство. Болеста е многу пренослива и Европа има проблем за справување со болеста, објаснува ветеринарот, Зоран Пешевски.

Првпат како што објаснива д-р Пешевски на европско тло е пројавена во Грузија 2007 година, се проширува во Украина, Русија, во 2013 доаѓа на подрачје на ЕУ, Латвија, Литванија Полска, премина и во други земји и оние во нашето соседство.

И тие земји побогати од нас сè уште ја немаат искоренето болеста. Важно е да се контролира болеста, вели Пешевски.

Симптомите се висока температура, дијареја, нагли се промените и искусните сточари можат да забележат и да ги алармираат матичните ветеринари. Покрај дивите свињи преносители се и луѓето со неодговорно однесување преку облека, обувки.

Во однос на закопувањето, потребни се јами подлабоки, дезинфекција е потребна. Може да се најде и некоја аномалија во однос на отстранувањето. Сточарите не треба да им одмагаат на Агенцијата, важно е за сите. Државата исплаќа штета за угинатите, важно е да се донесат соодветни мерки и да се почитуваат, вели Пешевски.

Тој напомнува дека и ловџиите добиваат субвенции за заловена диви свињи да оди со писмо и мостри на Факултетот за ветеринарна медицина и да се увиди дали во некое подрачје циркулира болеста. Вакцина нема никаде во светот.

Едукацијата на сточарите е најважна, дециден е Пешевски.

Одгледувачите треба да се свесни, да не вршат незаконско колење, транспорт. Ако се почитуваат нормите полесно ќе се справат и одгледувачите и државата со болеста. Во кумановско има шест поголеми и триесетина помали фарми.

Во реонот има заштитна зона од три километри и зона под надзор од десет километри, откако неодамна беше откриена болеста во одгледувалиште во Тромеѓа.

The post Пешевски: Африканска чума не е заразна за луѓето, таа се пренесува само од диви на домашни свињи appeared first on Република.

]]>

Болеста африканска чума кај свињите не е пренослива на луѓето и кај другите животни, таа се пренесува од диви на домашните свињи и се шири само кај овие животни, велат ветеринарите од Куманово. Станува збор за инфективно заболување. За ветеринарите многу е важно да се едуцираат фармерите, невреме да се преземат мерки и да се контролира болеста да не се шири и да не предизвика економска штета, ниту за одгледувачите, ниту за државата. Ветеринарите велат дека нема отстапувања ниту кај одгледувачите во однос на чувањето, ниту во Агенцијата, но дека е потребна едукација и соработка кај сите за контрола на болеста.
Болеста е сериозна само за свињите, предизвикува економска штета за фармерите. Во државата таа е присутна од регионот од Делчево од јануари-февруари 2022, пренесена е од дивите свињи кои се главни преносители на болеста. Мерките кои се преземаат во државата сè во согласност со европската легислатива и пракса и се под контрола на европската Агенција за храна и ветеринараство. Болеста е многу пренослива и Европа има проблем за справување со болеста, објаснува ветеринарот, Зоран Пешевски.
Првпат како што објаснива д-р Пешевски на европско тло е пројавена во Грузија 2007 година, се проширува во Украина, Русија, во 2013 доаѓа на подрачје на ЕУ, Латвија, Литванија Полска, премина и во други земји и оние во нашето соседство.
И тие земји побогати од нас сè уште ја немаат искоренето болеста. Важно е да се контролира болеста, вели Пешевски.
Симптомите се висока температура, дијареја, нагли се промените и искусните сточари можат да забележат и да ги алармираат матичните ветеринари. Покрај дивите свињи преносители се и луѓето со неодговорно однесување преку облека, обувки.
Во однос на закопувањето, потребни се јами подлабоки, дезинфекција е потребна. Може да се најде и некоја аномалија во однос на отстранувањето. Сточарите не треба да им одмагаат на Агенцијата, важно е за сите. Државата исплаќа штета за угинатите, важно е да се донесат соодветни мерки и да се почитуваат, вели Пешевски.
Тој напомнува дека и ловџиите добиваат субвенции за заловена диви свињи да оди со писмо и мостри на Факултетот за ветеринарна медицина и да се увиди дали во некое подрачје циркулира болеста. Вакцина нема никаде во светот.
Едукацијата на сточарите е најважна, дециден е Пешевски.
Одгледувачите треба да се свесни, да не вршат незаконско колење, транспорт. Ако се почитуваат нормите полесно ќе се справат и одгледувачите и државата со болеста. Во кумановско има шест поголеми и триесетина помали фарми. Во реонот има заштитна зона од три километри и зона под надзор од десет километри, откако неодамна беше откриена болеста во одгледувалиште во Тромеѓа.

The post Пешевски: Африканска чума не е заразна за луѓето, таа се пренесува само од диви на домашни свињи appeared first on Република.

]]>
На Куманово му се заканува африканска чума, општината презема мерки https://republika.mk/vesti/makedonija/na-kumanovo-mu-se-zakanuva-afrikanska-chuma-opshtinata-prezema-merki/ Sat, 06 Jan 2024 15:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=730493

Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово денеска одржа состанок во просториите на Општината заради појавата на болеста африканска чума кај свињите во општината, соопштија надлежните. Меѓу заклучоците кои ги донесе кризниот штаб е секој орган да постапи во согласност надлежностите и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста.

-Агенција за храна и ветеринарство да ги преземе сите заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот. Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ, наведуваат од општината.

Оттаму бараат да се зајакне комуникацијата помеѓу државните институции АХВ и МВР – СВР Куманово, во однос на обезбедување на непречено одвивање на активностите.

-Локациите кои беа посочени од АХВ како соодветни за закоп на угинати и убиени животни согласно нивните важечки правилници, а за кои Општина Куманово достави барање за мислење до надлежни институции и доби позитивно мислење од Агенција за храна и ветеринарство, да се користат за закоп на угинати животни,. МВР – СВР Куманово да пружи целосна асистенција при спроведување на активностите за закоп на угинати животни, се вели во соопштението.

Општина Куманово преку стручните служби да утврди нови предлог-локации за кои ќе спроведе постапка за утврдување на нови локации за закоп на угинати животни при евентуална појава на друго жариште.

Инаку, вечра АХВ потврди дека во кумановско повторно е регистрирана болеста африканска чума кај свињи. Лабораториските наоди од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје покажаа присуство на болеста африканска чума кај свињите во одгледувалиште во село Тромеѓа. Во ова село и во населбата Карпош е заштитна зона е во радиус од три километри, додека во повеќе села во радиус од десет километри Карабичане, Табановце, Четирице, Горно Коњаре, Долно Коњаре, Речица, Режановце, Лопате, Бедиње, Клечовце, Проевце, Љубодраг, Шупљи Камен, Черкези, Зубовце, Романовце, Бељановце, Доброшане и градот Куманово во Општина Куманово, Старо Нагоричане, Младо Нагоричане и Никуљане во општина Старо Нагоричане, Ваксинце и Опае во Општина Липково е зона под надзор.

Од 27 декември, лани затворен е и добиточниот пазар во Долно Којнаре

The post На Куманово му се заканува африканска чума, општината презема мерки appeared first on Република.

]]>

Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово денеска одржа состанок во просториите на Општината заради појавата на болеста африканска чума кај свињите во општината, соопштија надлежните. Меѓу заклучоците кои ги донесе кризниот штаб е секој орган да постапи во согласност надлежностите и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста. -Агенција за храна и ветеринарство да ги преземе сите заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот. Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ, наведуваат од општината. Оттаму бараат да се зајакне комуникацијата помеѓу државните институции АХВ и МВР – СВР Куманово, во однос на обезбедување на непречено одвивање на активностите. -Локациите кои беа посочени од АХВ како соодветни за закоп на угинати и убиени животни согласно нивните важечки правилници, а за кои Општина Куманово достави барање за мислење до надлежни институции и доби позитивно мислење од Агенција за храна и ветеринарство, да се користат за закоп на угинати животни,. МВР – СВР Куманово да пружи целосна асистенција при спроведување на активностите за закоп на угинати животни, се вели во соопштението. Општина Куманово преку стручните служби да утврди нови предлог-локации за кои ќе спроведе постапка за утврдување на нови локации за закоп на угинати животни при евентуална појава на друго жариште. Инаку, вечра АХВ потврди дека во кумановско повторно е регистрирана болеста африканска чума кај свињи. Лабораториските наоди од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје покажаа присуство на болеста африканска чума кај свињите во одгледувалиште во село Тромеѓа. Во ова село и во населбата Карпош е заштитна зона е во радиус од три километри, додека во повеќе села во радиус од десет километри Карабичане, Табановце, Четирице, Горно Коњаре, Долно Коњаре, Речица, Режановце, Лопате, Бедиње, Клечовце, Проевце, Љубодраг, Шупљи Камен, Черкези, Зубовце, Романовце, Бељановце, Доброшане и градот Куманово во Општина Куманово, Старо Нагоричане, Младо Нагоричане и Никуљане во општина Старо Нагоричане, Ваксинце и Опае во Општина Липково е зона под надзор. Од 27 декември, лани затворен е и добиточниот пазар во Долно Којнаре

The post На Куманово му се заканува африканска чума, општината презема мерки appeared first on Република.

]]>
Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalite-svinarski-farmi-vo-karbinskiot-region-stravuvaat-od-afrikanskata-chuma/ Sat, 09 Sep 2023 14:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=680284

Сопствениците на мали фарми стравуваат од африканската свинска чума. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека никому не му е јасно како болеста успеала да зафати една од најголемите фарми, па од таа причина стравуваат дека малите фарми се многу полесна мета. Преземени се и сите мерки за поголема заштита на фармите.

– Стравуваме, како не. Таа е најголема фарма за свинско месо и е една со најголемите био-сигурносни мерки, со најдобро обезбеден режим на движење, меѓутоа и таму се појави. Од што дојде и како дојде, никому не му е јасно. Моментално, во малите фарми што се околу фармата, уште нема никаде појавено од свинската чума, па ќе видиме натаму, вели Сарафимов.

Тој посочува дека болеста не е опасност за луѓето, туку само за животните, а нејзини преносители најчесто се дивите свињи. Од таа причина, смета Сарафимов, требало да се преземат мерки со цел да се спречи ризикот од болеста.

– И таа африканска свинска чума не е нешто страшно за луѓето, да не се плашат за исхраната, всушност, од тоа не се ни дава на исхрана, тие свињи се нештетно уништуваат. Меѓутоа, да не се крева паника, не е тоа нешто заразно за луѓето, таа се пренесува само од животни на животни, најмногу ја пренесуваат дивите свињи. Требаше уште поодамна да се преземе нешто за намалување на бројот на дивите свињи, уништувањето на дивите свињи и на тој начин да се намали ризикот од африканската свинска чума, додава Сарафимов.

Инаку, на 25 претходниот месец, болеста африканска свинска чума беше потврдена во поголема фарма во селото Таринци, а закопувањето на околу 9.000 свињи започна во средата. Од АХВ посочија дека евтаназијата се спроведува со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна евтаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите.

The post Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума appeared first on Република.

Африканска свинска чума потврдена во 32 општини во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/afrikanska-svinska-chuma-potvrdena-vo-32-opshtini-vo-srbija/ Mon, 31 Jul 2023 19:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=667402

Во Србија, африканска свинска чума е потврдена на 1.154 фарми во 32 општини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од тоа министерство за РТС изјавија дека од петокот, 28 јули до денеска, африканска свинска чума се појавила на околу 150 фарми и дека случаи се потврдени во Војводина, Белград, централна и источна Србија.

Досега на фармите се извршени 314.042 контроли, а до петокот еутаназирани се околу 18.000 свињи.

Африканската свинска чума се појави во мај во Мрчаевци, во околината на Чачак, а веќе подолго време е присутна во делови од источна и југоисточна Србија, јави Бета.

Станува збор за инфекција што ги погодува домашните и дивите свињи, а вирусот што ја предизвикува таа болест не е опасен по здравјето на луѓето, но влијае на економијата на земјите каде што се појавува.

The post Африканска свинска чума потврдена во 32 општини во Србија appeared first on Република.

]]>

Во Србија, африканска свинска чума е потврдена на 1.154 фарми во 32 општини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од тоа министерство за РТС изјавија дека од петокот, 28 јули до денеска, африканска свинска чума се појавила на околу 150 фарми и дека случаи се потврдени во Војводина, Белград, централна и источна Србија. Досега на фармите се извршени 314.042 контроли, а до петокот еутаназирани се околу 18.000 свињи. Африканската свинска чума се појави во мај во Мрчаевци, во околината на Чачак, а веќе подолго време е присутна во делови од источна и југоисточна Србија, јави Бета. Станува збор за инфекција што ги погодува домашните и дивите свињи, а вирусот што ја предизвикува таа болест не е опасен по здравјето на луѓето, но влијае на економијата на земјите каде што се појавува.

The post Африканска свинска чума потврдена во 32 општини во Србија appeared first on Република.

]]>
Потврден случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица https://republika.mk/vesti/ekonomija/potvrden-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-domashni-svini-vo-selo-petralitsa/ Tue, 20 Jun 2023 14:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=653442

Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, Петралица се наоѓа во високоризичната зона во однос на африканската чума. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки.

Од АХЦ соопштија дека е донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција.

Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија. Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки. За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат, информира АХВ.

Агенцијата најавува и дека ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица. Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста. Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност.

Забрането е чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради од најмалку еден метар. Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите, наведува АХВ.

Агенцијата апелира, бидејќи е време на летни одмори, граѓаните да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо.

Африканската чума исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, не постои вакцина и може да му нанесе огромни штети во свињарството, потсетува АХВ.

The post Потврден случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица appeared first on Република.

]]>

Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, Петралица се наоѓа во високоризичната зона во однос на африканската чума. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки. Од АХЦ соопштија дека е донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција.
Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија. Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки. За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат, информира АХВ.
Агенцијата најавува и дека ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица. Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста. Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност.
Забрането е чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради од најмалку еден метар. Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите, наведува АХВ.
Агенцијата апелира, бидејќи е време на летни одмори, граѓаните да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо.
Африканската чума исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, не постои вакцина и може да му нанесе огромни штети во свињарството, потсетува АХВ.

The post Потврден случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица appeared first on Република.

]]>
Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/malite-odgleduvachi-na-svini-vo-kochansko-ne-znaat-koga-povtorno-ke-mozhat-da-chuvaat-zhivotni-poradi-afrikanskata-chuma/ Sun, 26 Feb 2023 16:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=613384

Одгледувачите на свињи од кочанскиот регион, кои на семејните фарми чуваа по едно до две грла за сопствени потреби, сè уште не знаат кога повторно ќе ги наполнат одгледувалиштата поради болеста африканска чума.

Загрижени се што по повеќе од половина година откако беа преземени ветеринарно-санитарните мерки поради неколку заболени животни, во селата во општина Чешиново-Облешево беше направена сериозна депопулација на домашните свињи.

-Живееме на село, а не можеме да произведуваме месо за сопствени потреби, туку мораме да го купуваме во градските месарници и супермаркети. Наместо да произведуваме наша, поевтина храна, не ни е дозволено, а не знаеме зошто иако сега нема епидемија, нема ништо. Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, но сè уште немаме добиено повратна информација дали и кога повторно ќе можеме да чуваме свињи, истакна Здравко Арсов од Облешево.

Одгледувачите стравуваат дека чувањето свињи за сопствени потреби може да стане минато ако продолжат ригорозните здравствени мерки.

-Новите мерки, правени по европски терк, во нашата земја ќе доведат до искоренување на семејното одгледување на една до две свињи. Мислам дека нема да може секој да чува, туку ќе им биде дозволено само на одредени фарми. Ќе бидеме принудени да се откажеме од домашното свињарство и воопшто да не произведуваме свинско месо за свои потреби, истакна Тони Максимов од Облешево.

Сточарите нагласуваат дека скоро 90 отсто од големите и мали одгледувачи на свињи се веќе обештетени, откако заболените и ризичните животни им беа одземени и уништени. Во меѓувреме, затворен остана сточниот пазар во Облешево кој е еден до најголемите во источниот регион на државата.

Африканската свинска чума предизвика сериозни економски штети што допрва треба да се утврдат, а проценките се дека поради ширењето на болеста беа уништени околу 3.500 свињи во целата држава.

The post Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума appeared first on Република.

]]>

Одгледувачите на свињи од кочанскиот регион, кои на семејните фарми чуваа по едно до две грла за сопствени потреби, сè уште не знаат кога повторно ќе ги наполнат одгледувалиштата поради болеста африканска чума. Загрижени се што по повеќе од половина година откако беа преземени ветеринарно-санитарните мерки поради неколку заболени животни, во селата во општина Чешиново-Облешево беше направена сериозна депопулација на домашните свињи. -Живееме на село, а не можеме да произведуваме месо за сопствени потреби, туку мораме да го купуваме во градските месарници и супермаркети. Наместо да произведуваме наша, поевтина храна, не ни е дозволено, а не знаеме зошто иако сега нема епидемија, нема ништо. Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, но сè уште немаме добиено повратна информација дали и кога повторно ќе можеме да чуваме свињи, истакна Здравко Арсов од Облешево. Одгледувачите стравуваат дека чувањето свињи за сопствени потреби може да стане минато ако продолжат ригорозните здравствени мерки. -Новите мерки, правени по европски терк, во нашата земја ќе доведат до искоренување на семејното одгледување на една до две свињи. Мислам дека нема да може секој да чува, туку ќе им биде дозволено само на одредени фарми. Ќе бидеме принудени да се откажеме од домашното свињарство и воопшто да не произведуваме свинско месо за свои потреби, истакна Тони Максимов од Облешево. Сточарите нагласуваат дека скоро 90 отсто од големите и мали одгледувачи на свињи се веќе обештетени, откако заболените и ризичните животни им беа одземени и уништени. Во меѓувреме, затворен остана сточниот пазар во Облешево кој е еден до најголемите во источниот регион на државата. Африканската свинска чума предизвика сериозни економски штети што допрва треба да се утврдат, а проценките се дека поради ширењето на болеста беа уништени околу 3.500 свињи во целата држава.

The post Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума appeared first on Република.

]]>
АХВ: Регистрирана афиканска чума во одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа https://republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-registrirana-afikanska-chuma-vo-odgleduvalishte-vo-kumanovskoto-selo-tromegja/ Fri, 09 Dec 2022 14:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=583747

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потврди дека е утврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа. Како што наведуваат во соопштението, донесено e решение за контролни и заштитни мерки. Во фармата каде болеста е потврдена спроведена е депопулација и нештетно отстранување на угинатите и евтаназирани свињи. Од фармата се земени мостри за лабораториско испитување и извршена е дезинфекција.

Согласно решението, во село Тромеѓа, како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, ќе се спроведуваат мерки на евтаназија и нештетно отстранување на сите свињи, со цел спречување на ширење на заразата со компензација на уништените свињи. Депопулација нема да се спроведе само во одгледувалиштата со 11 или повеќе маторици, или повеќе од 100 свињи за тов, кои се категоризирани со низок ризик, велат од АХВ.

Во ова населено место, со претходно донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, биле спроведени клинички прегледи на фармите и идентификација на свињите.

Од АХВ објаснуваат дека во зоната од три километри се спроведува само депопулација со колење кај некомерцијалните одгледувалишта и кај комерцијалните одгледувалишта со висок ризик и на одгледувачите им се исплаќа компензација. Во останатите комерцијални одгледувалишта по потреба на производниот процес и по претходно одобрување од официјален ветеринар, свињите можат да одат на колење во одобрена кланица, а месото се користи единствено за преработка со термички третман во одобрен објект.

Во зоната под надзор (10 километри околу ова жариште, како и околу другите жаришта) се спроведуваат клинички прегледи и индивидуална идентификација на сите свињи и земање мостри за лабораториско тестирање. Во оваа зона се спроведува и мерката депопулација на свињите со колење во некомерцијалните и во одгледувалишта со висок ризик, а месото економски се искористува како свежо без ограничување, или за термички третман ако излегува надвор од оваа зона. Во оваа зона одгледувачите на некомерцијалните одгледувалишта можат да си ги заколат животните во сопственото домаќинство за сопствени потреби, но, со земање на мостри од закланите животни за испитување на африканска свинска чума.

Од одгледувалиштата со висок ризик, исто така животните се упатуваат на колење во одобрена кланица, а месото може да оди како свежо без ограничување, во рамки на оваа зона.

Во останатите одгледувалиште по потреба на производниот процес и по претходно одобрување од официјален ветеринар свињите можат да одат на колење во одобрена кланица, а месото може да се користи како свежо доколку не излегува надвор од оваа зона.

Сите свињи кои се испраќаат на колење од зоната под надзор задолжително се тестираат на африканска чума кај свињите.

Согласно последните податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, во вториот бран од појавата на болеста, во источниот и североисточниот регион, депопулирани се вкупно 5.541 свиња, од нив евтаназирани се 3.911 свињи, а на колење се испратени 1 630 свињи. Во општините Старо Нагоричане и Куманово евтаназирани се вкупно 658 свињи.

Во првиот бран од појавата на вирусот во јануари годинава, депопулирани беа 688 свињи, од нив 264 беа убиени и нештетно отстранети (зона од 3 километри), а 424 свињи беа заклани во кланица.

Одгледувачите од Тромеѓа протестираа и бараа да не се уништуваат свињите додека не се испитаат. Тие бараа и средба со претставници на АХВ и на МЗШВ.

The post АХВ: Регистрирана афиканска чума во одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потврди дека е утврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа. Како што наведуваат во соопштението, донесено e решение за контролни и заштитни мерки. Во фармата каде болеста е потврдена спроведена е депопулација и нештетно отстранување на угинатите и евтаназирани свињи. Од фармата се земени мостри за лабораториско испитување и извршена е дезинфекција.
Согласно решението, во село Тромеѓа, како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, ќе се спроведуваат мерки на евтаназија и нештетно отстранување на сите свињи, со цел спречување на ширење на заразата со компензација на уништените свињи. Депопулација нема да се спроведе само во одгледувалиштата со 11 или повеќе маторици, или повеќе од 100 свињи за тов, кои се категоризирани со низок ризик, велат од АХВ.
Во ова населено место, со претходно донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, биле спроведени клинички прегледи на фармите и идентификација на свињите. Од АХВ објаснуваат дека во зоната од три километри се спроведува само депопулација со колење кај некомерцијалните одгледувалишта и кај комерцијалните одгледувалишта со висок ризик и на одгледувачите им се исплаќа компензација. Во останатите комерцијални одгледувалишта по потреба на производниот процес и по претходно одобрување од официјален ветеринар, свињите можат да одат на колење во одобрена кланица, а месото се користи единствено за преработка со термички третман во одобрен објект. Во зоната под надзор (10 километри околу ова жариште, како и околу другите жаришта) се спроведуваат клинички прегледи и индивидуална идентификација на сите свињи и земање мостри за лабораториско тестирање. Во оваа зона се спроведува и мерката депопулација на свињите со колење во некомерцијалните и во одгледувалишта со висок ризик, а месото економски се искористува како свежо без ограничување, или за термички третман ако излегува надвор од оваа зона. Во оваа зона одгледувачите на некомерцијалните одгледувалишта можат да си ги заколат животните во сопственото домаќинство за сопствени потреби, но, со земање на мостри од закланите животни за испитување на африканска свинска чума. Од одгледувалиштата со висок ризик, исто така животните се упатуваат на колење во одобрена кланица, а месото може да оди како свежо без ограничување, во рамки на оваа зона. Во останатите одгледувалиште по потреба на производниот процес и по претходно одобрување од официјален ветеринар свињите можат да одат на колење во одобрена кланица, а месото може да се користи како свежо доколку не излегува надвор од оваа зона. Сите свињи кои се испраќаат на колење од зоната под надзор задолжително се тестираат на африканска чума кај свињите. Согласно последните податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, во вториот бран од појавата на болеста, во источниот и североисточниот регион, депопулирани се вкупно 5.541 свиња, од нив евтаназирани се 3.911 свињи, а на колење се испратени 1 630 свињи. Во општините Старо Нагоричане и Куманово евтаназирани се вкупно 658 свињи. Во првиот бран од појавата на вирусот во јануари годинава, депопулирани беа 688 свињи, од нив 264 беа убиени и нештетно отстранети (зона од 3 километри), а 424 свињи беа заклани во кланица. Одгледувачите од Тромеѓа протестираа и бараа да не се уништуваат свињите додека не се испитаат. Тие бараа и средба со претставници на АХВ и на МЗШВ.  

The post АХВ: Регистрирана афиканска чума во одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа appeared first on Република.

]]>
Во три кумановски села се појави африканска чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-tri-kumanovski-sela-se-pojavi-afrikanska-chuma/ Mon, 03 Oct 2022 16:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=556941

Во одгледувалиштата во кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг има појава на африканска чума, соопшти денеска општинскиот штаб за заштита и спасување, кој заседаваше денеска заради појава на свинска болест.

Штабот ги информира граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители.

Агенцијата за храна и ветеринарство согласно донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста, афричка чума кај свињите, со кое за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово, се однесуваат следниве мерки, забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места, вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. Пописот ќе го спроведуваат ветеринарните друштва, соопштија од штабот, е наведено во соопштението.

Ветеринарните друштва ќе извршат и клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште, воведена е забрана за колење на свињите во домашни услови сè до добивање на негативен резултат. Животните кои покажуваат клинички знаци ќе се убијат и нештетно ќе се отстранат и од нив ќе бидат земени (органи) за лабораториско испитување.

Трошоците за клинички преглед и лабораториски испитувања се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство, со запазување на сите биосигурносни мерки за заштита при влез и излез на сомнително или заразено одгледувалиште. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат граѓаните дека сите одгледувачи на свињи, кои ќе соработуваат со надлежните институции, доколку се јави потреба да им бидат одземени или убиени свињите, ќе им биде исплатен паричен надоместок согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните, кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територија на Македонија, наведуваат од штабот.

Штабот им препорача на одгледувачите на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите. Доколку забележат промени кај свињите, веднаш да се обратат во ветеринарна станица.

Штабот бара од Дирекцијата за заштита и спасување да им отстапат соодветна механизација (два скипа и два кипери) за опремување на две екипи за теренска работа, во случај на ваква потреба.

The post Во три кумановски села се појави африканска чума appeared first on Република.

]]>

Во одгледувалиштата во кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг има појава на африканска чума, соопшти денеска општинскиот штаб за заштита и спасување, кој заседаваше денеска заради појава на свинска болест. Штабот ги информира граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители.
Агенцијата за храна и ветеринарство согласно донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста, афричка чума кај свињите, со кое за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово, се однесуваат следниве мерки, забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места, вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. Пописот ќе го спроведуваат ветеринарните друштва, соопштија од штабот, е наведено во соопштението.
Ветеринарните друштва ќе извршат и клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште, воведена е забрана за колење на свињите во домашни услови сè до добивање на негативен резултат. Животните кои покажуваат клинички знаци ќе се убијат и нештетно ќе се отстранат и од нив ќе бидат земени (органи) за лабораториско испитување.
Трошоците за клинички преглед и лабораториски испитувања се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство, со запазување на сите биосигурносни мерки за заштита при влез и излез на сомнително или заразено одгледувалиште. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат граѓаните дека сите одгледувачи на свињи, кои ќе соработуваат со надлежните институции, доколку се јави потреба да им бидат одземени или убиени свињите, ќе им биде исплатен паричен надоместок согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните, кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територија на Македонија, наведуваат од штабот.
Штабот им препорача на одгледувачите на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите. Доколку забележат промени кај свињите, веднаш да се обратат во ветеринарна станица. Штабот бара од Дирекцијата за заштита и спасување да им отстапат соодветна механизација (два скипа и два кипери) за опремување на две екипи за теренска работа, во случај на ваква потреба.  

The post Во три кумановски села се појави африканска чума appeared first on Република.

]]>
Африканската свинска чума се заканува да збрише околу десет проценти од вкупниот свински фонд во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/afrikanskata-svinska-chuma-se-zakanuva-da-zbrishe-okolu-deset-procenti-od-vkupniot-svinski-fond-vo-makedonija/ Sun, 25 Sep 2022 14:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=554076

Африканската свинска чума се заканува да збрише околу десет проценти од вкупниот свински фонд во Македонија.

Како што објави ТВ 24, од првиот случај во делчевско Драмче на почетокот од годината досега во јама или во кланица завршија околу 3.000 свињи. Но, со оглед на тоа дека сега почна уништување на свињи во штипско-карбинскиот регион каде има поголеми фарми, таа бројка неколкукратно ќе се зголеми. Од АХВ велат животните од фармите со висок ризок во радиус од три киломтери ќе се еутанизираат и ќе завршат во јама, останатите свињи ќе одат во кланица.

Статистички дури 60 отсто од 140.000 свињи во Македонија се одгледуваат во индивидуални земјоделски стопанства. Во свињарството се вртат над 180 милиони евра, а директно или индиректно од оваа гранка егзистираат 10.000 семејства.

The post Африканската свинска чума се заканува да збрише околу десет проценти од вкупниот свински фонд во Македонија appeared first on Република.

]]>

Африканската свинска чума се заканува да збрише околу десет проценти од вкупниот свински фонд во Македонија. Како што објави ТВ 24, од првиот случај во делчевско Драмче на почетокот од годината досега во јама или во кланица завршија околу 3.000 свињи. Но, со оглед на тоа дека сега почна уништување на свињи во штипско-карбинскиот регион каде има поголеми фарми, таа бројка неколкукратно ќе се зголеми. Од АХВ велат животните од фармите со висок ризок во радиус од три киломтери ќе се еутанизираат и ќе завршат во јама, останатите свињи ќе одат во кланица.
Статистички дури 60 отсто од 140.000 свињи во Македонија се одгледуваат во индивидуални земјоделски стопанства. Во свињарството се вртат над 180 милиони евра, а директно или индиректно од оваа гранка егзистираат 10.000 семејства.

The post Африканската свинска чума се заканува да збрише околу десет проценти од вкупниот свински фонд во Македонија appeared first on Република.

]]>
Поради африканската чума: Во Карбинско-штипскиот регион почна депопулизацијата на свињи https://republika.mk/vesti/ekonomija/poradi-afrikanskata-chuma-vo-karbinsko-shtipskiot-region-pochna-depopulizacijata-na-svinji/ Sat, 24 Sep 2022 13:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=553807

Во Карбинско-штипскиот регион денеска започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи поради појавата на африканската чума.

Искоренувањето на афринската чума кај свињите, како што истакна првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски се врши во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на болеста.

Во изминатиот период, посочи тој, донесени се повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес. Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.

Меѓу другото, Бабовски потенцираше дека вирусот е отпорен, но оти болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.

Од појавата на првиот случај на африканска чума во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3 102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во Карбинско-штипскиот регион, бројката да се дуплира.

The post Поради африканската чума: Во Карбинско-штипскиот регион почна депопулизацијата на свињи appeared first on Република.

]]>

Во Карбинско-штипскиот регион денеска започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи поради појавата на африканската чума. Искоренувањето на афринската чума кај свињите, како што истакна првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски се врши во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на болеста. Во изминатиот период, посочи тој, донесени се повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.
Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес. Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.
Меѓу другото, Бабовски потенцираше дека вирусот е отпорен, но оти болеста не влијае на здравјето на граѓаните.
Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.
Од појавата на првиот случај на африканска чума во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3 102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во Карбинско-штипскиот регион, бројката да се дуплира.

The post Поради африканската чума: Во Карбинско-штипскиот регион почна депопулизацијата на свињи appeared first on Република.

]]>
Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава https://republika.mk/vesti/ekonomija/registrirani-vkupno-shest-sluchai-na-afrikanska-svinska-chuma-vo-zemjava/ Fri, 12 Aug 2022 11:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=539593

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Бабовски нагласи дека на удар се малите одгледувалишта со по една, две или три свињи за домашна употреба, кои не применуваат биосигурносни мерки и тие, рече, се најголемата опасност за ширење на болеста.

Тој апелира сите одгледувачи на свињи, официјалните ветеринари на АХВ или најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се спречи ширењето на болеста.

Извор и резервоар на вирусот, потенцира Бабовски, се дивите свињи, а болеста која ја има во регионот е веројатно пренесена кај нас од соседна држава.

Директорот уште еднаш повика граѓаните да не се грижат, зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо.

Бабовски повторно апелираше свињите да се чуват во затворен простор и секој сомнителен случај веднаш да го пријават.

Големите фарми не се во регионот што е сега зафатен со африканска чума. Се работи за поединечни случаи. Потсетуваме дека сточарите ќе добијат отштета само доколку пријават сомнително и заболено животно кај кое ќе се потврди присуството на болеста, а не и за угинатите животни. Ако случаите не се пријават, на одгледувачите не им следува финансиски надомест. Отштета не следува и за свињите кои се чуваат на отворено, спротивно на забраната, кои ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на одгледувачот, рече Бабовски на прес-конференција.

Тој потсети дека главни преносители се дивите свињи, но и несовесните граѓани кои без да водат сметка за хигиена и за примена на соодветните мерки, излегуваат и влегуваат на фармите.

Забрането е одгледувањето свињи на отворено, без контрола или ако има испуст тоа треба да биде со двојна ограда, а растојанието меѓу двете огради мора да изнесува најмалку еден метар, рече директорот, осврнувајќи се на мерките за заштита.

Категоризацијата што ја спроведе АХВ и со која беа опфатени 5 608, покажа дека 708 ги спроведуваат целосно биосигурносни мерки и се со низок ризик, најголем број или 4 219 се од среден ризик, односно спорведуваат мерки но, не во целост и 681 фарма не спроведува биосигурносни мерки.

Од 26 август до денес, подвлече Бабовски, стручни екипи на АХВ се секој ден на терен каде вршат вонреден попис.

The post Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава appeared first on Република.

]]>

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Бабовски нагласи дека на удар се малите одгледувалишта со по една, две или три свињи за домашна употреба, кои не применуваат биосигурносни мерки и тие, рече, се најголемата опасност за ширење на болеста. Тој апелира сите одгледувачи на свињи, официјалните ветеринари на АХВ или најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се спречи ширењето на болеста. Извор и резервоар на вирусот, потенцира Бабовски, се дивите свињи, а болеста која ја има во регионот е веројатно пренесена кај нас од соседна држава. Директорот уште еднаш повика граѓаните да не се грижат, зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо. Бабовски повторно апелираше свињите да се чуват во затворен простор и секој сомнителен случај веднаш да го пријават.
Големите фарми не се во регионот што е сега зафатен со африканска чума. Се работи за поединечни случаи. Потсетуваме дека сточарите ќе добијат отштета само доколку пријават сомнително и заболено животно кај кое ќе се потврди присуството на болеста, а не и за угинатите животни. Ако случаите не се пријават, на одгледувачите не им следува финансиски надомест. Отштета не следува и за свињите кои се чуваат на отворено, спротивно на забраната, кои ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на одгледувачот, рече Бабовски на прес-конференција.
Тој потсети дека главни преносители се дивите свињи, но и несовесните граѓани кои без да водат сметка за хигиена и за примена на соодветните мерки, излегуваат и влегуваат на фармите.
Забрането е одгледувањето свињи на отворено, без контрола или ако има испуст тоа треба да биде со двојна ограда, а растојанието меѓу двете огради мора да изнесува најмалку еден метар, рече директорот, осврнувајќи се на мерките за заштита.
Категоризацијата што ја спроведе АХВ и со која беа опфатени 5 608, покажа дека 708 ги спроведуваат целосно биосигурносни мерки и се со низок ризик, најголем број или 4 219 се од среден ризик, односно спорведуваат мерки но, не во целост и 681 фарма не спроведува биосигурносни мерки. Од 26 август до денес, подвлече Бабовски, стручни екипи на АХВ се секој ден на терен каде вршат вонреден попис.  

The post Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава appeared first on Република.

]]>
Болеста ја има во Виничко и Кочанско: Одгледувачи на свињи во Штипско преземаат мерки за заштита од африканската чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/bolesta-ja-ima-vo-vinichko-i-kochansko-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/ Wed, 10 Aug 2022 15:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=538809

Случајот со африканска свинска чума во кочанско ги стави на „готовс“ и одгледувачите на свињи во штипско.

Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири.

Веќе слушаме дека има африканска чума во Виничко, Кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи ќе може да заигра и кај нас“. Ние поголемите фарми имаме биосигурносни мерки, мислиме дка ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство - вели Сарафимов.

Тој посочува дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки со цел вирусот да не влезе во фармите.

Доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената на истото драстично ќе биде зголемена - велат одгледувачите на свињи.

Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека

The post Болеста ја има во Виничко и Кочанско: Одгледувачи на свињи во Штипско преземаат мерки за заштита од африканската чума appeared first on Република.

]]>

Случајот со африканска свинска чума во кочанско ги стави на „готовс“ и одгледувачите на свињи во штипско. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири.
Веќе слушаме дека има африканска чума во Виничко, Кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи ќе може да заигра и кај нас“. Ние поголемите фарми имаме биосигурносни мерки, мислиме дка ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство - вели Сарафимов.
Тој посочува дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки со цел вирусот да не влезе во фармите.
Доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената на истото драстично ќе биде зголемена - велат одгледувачите на свињи.
Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека

The post Болеста ја има во Виничко и Кочанско: Одгледувачи на свињи во Штипско преземаат мерки за заштита од африканската чума appeared first on Република.

]]>
Потврден нов случај на болеста африканска чума кај свињите https://republika.mk/vesti/potvrden-nov-sluchaj-na-bolesta-afrikanska-chuma-kaj-svinjite/ Wed, 27 Jul 2022 07:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=533653

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица.

По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот - вели Николче Бабовски директор на АХВ.

АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичната зона (сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија ), во зоната на заразено подрачје (ги опфаќа ловиштата во радиус од 20 километри од примарното жариште) и целата територија на Република Македонија. За појавата на ново жариште на болеста африканска чума кај свињите, заклучува Бабовски, АХВ официјално ги извести Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

The post Потврден нов случај на болеста африканска чума кај свињите appeared first on Република.

Трипуновски: Неодговорноста на власта предизвика избувнување на свинската чума во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-neodgovorniosta-na-vlasta-predizvika-izbuvnuvanje-na-svinskata-chuma-vo-makedonija/ Fri, 14 Jan 2022 11:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=444547

Претседателот на Комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, реагира дека власта е неодговорна и на ризик го ставила целиот фонд на свињи во Република Македонија.

Трипуновски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ апелира за ризикот од ширењето на Африканска свинска чума веќе три години, но владата во изминатиот период не презема ништо, што доведе до ситуација на ширење на заразата во земјава.

Активно ја следиме ситуацијата со појавата на Африканската чума кај свињите во с. Драмче, општина Делчево.

Дали Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија се на висината на задачата во справување со оваа подмолна и мошне опасна заразна болест кај свињите која може да ја уништи најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството?

АХВ и Владата не ја сфатија важноста на имплементирањето на превентивните мерки во спречување на појавата на болеста за кои укажавме уште 2019 година со носењето предлог сет мерки?

Зошто дозволија во пограничните места да имаме свињи кои се шетаат на отворено и одгледувалишта на свињи со висок степен на ризик и ниски биосигурносни мерки како што е случајот во с. Драмче, делчевско?

Три години од појавата и потврдата на болеста во соседна Бугарија не им беа доволно на ветеринарните власти заедно со Владата соодветно да се подготват. Институциите знаеја дека оваа опасна болест чука на врата и не преземаа ништо.

Еве го односот на власта. Ова позади мене е Николче Бабовски, директор на АХВ, кој зборува ситуацијата е под контрола, а позади него на депонија слободно му се шета свиња.

Ваков неодговорен однос кон свињарство не е забележан повеќе од 30 години во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта сериозно да пристапи кон проблемот и да ги преземе сите мерки кои ги предлагаме, а се со цел заштита на свињарството.

Една од најважните мерки од предложените сет мерки од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше забрана за чување на свињи на отворено и пристапот до комуналните депонии да биде ограничен. За жал, Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на РМ целосно потфрлија и со својата паушалност загрозуваат стотици милиони евра инвестирани во свињарскиот сектор, односно, загрозуваат повеќе од 145.000 свињи во 4.100 одгледувалишта ширум Република Македонија.

Уште еднаш апелираме болеста Африканска чума кај свињите е присутна во Република Македонија, одговорните институции максимално да ги зајакнат своите капацитети, вирусот да го ограничат на веќе зафатените региони, се со цел да ги заштитиме големите свињарски фарми во Република Македонија и воопшто свињарството, кое веќе и во моментов трпи економски штети - вели Трипуновски.

https://www.youtube.com/watch?v=evJOrUpQKkI&feature=youtu.be

The post Трипуновски: Неодговорноста на власта предизвика избувнување на свинската чума во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, реагира дека власта е неодговорна и на ризик го ставила целиот фонд на свињи во Република Македонија. Трипуновски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ апелира за ризикот од ширењето на Африканска свинска чума веќе три години, но владата во изминатиот период не презема ништо, што доведе до ситуација на ширење на заразата во земјава.
Активно ја следиме ситуацијата со појавата на Африканската чума кај свињите во с. Драмче, општина Делчево.   Дали Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија се на висината на задачата во справување со оваа подмолна и мошне опасна заразна болест кај свињите која може да ја уништи најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството?   АХВ и Владата не ја сфатија важноста на имплементирањето на превентивните мерки во спречување на појавата на болеста за кои укажавме уште 2019 година со носењето предлог сет мерки?   Зошто дозволија во пограничните места да имаме свињи кои се шетаат на отворено и одгледувалишта на свињи со висок степен на ризик и ниски биосигурносни мерки како што е случајот во с. Драмче, делчевско?   Три години од појавата и потврдата на болеста во соседна Бугарија не им беа доволно на ветеринарните власти заедно со Владата соодветно да се подготват. Институциите знаеја дека оваа опасна болест чука на врата и не преземаа ништо.   Еве го односот на власта. Ова позади мене е Николче Бабовски, директор на АХВ, кој зборува ситуацијата е под контрола, а позади него на депонија слободно му се шета свиња.   Ваков неодговорен однос кон свињарство не е забележан повеќе од 30 години во Република Македонија.   ВМРО-ДПМНЕ апелира власта сериозно да пристапи кон проблемот и да ги преземе сите мерки кои ги предлагаме, а се со цел заштита на свињарството.   Една од најважните мерки од предложените сет мерки од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше забрана за чување на свињи на отворено и пристапот до комуналните депонии да биде ограничен. За жал, Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на РМ целосно потфрлија и со својата паушалност загрозуваат стотици милиони евра инвестирани во свињарскиот сектор, односно, загрозуваат повеќе од 145.000 свињи во 4.100 одгледувалишта ширум Република Македонија.   Уште еднаш апелираме болеста Африканска чума кај свињите е присутна во Република Македонија, одговорните институции максимално да ги зајакнат своите капацитети, вирусот да го ограничат на веќе зафатените региони, се со цел да ги заштитиме големите свињарски фарми во Република Македонија и воопшто свињарството, кое веќе и во моментов трпи економски штети - вели Трипуновски.
https://www.youtube.com/watch?v=evJOrUpQKkI&feature=youtu.be

The post Трипуновски: Неодговорноста на власта предизвика избувнување на свинската чума во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, поради африканска чума во опасност се 741 животно https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-delchevskiot-region-unishteni-195-domashni-svinji-poradi-afrikanska-chuma-vo-opasnost-se-741-zivotno/ Thu, 13 Jan 2022 15:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=444253

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска се уништени вкупно 195 домашни свињи.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, информира дека со таквата акција, на споменатиот простор повеќе нема ниту една жива свиња.

Направена е депопулација, по што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде што се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот - истакна Бабовски.

Тој соопшти дека во наредните денови ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде што не може да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои нема да дојде до случај да бидат дијагностицирани нови случаи на овој вирус.

Нешто слично како и со Ковид-от, овде немаме воопшто можност да се изврши вакцинирање или да се изврши тераписки третман, односно лекување на животните. Сигурен исход на животните заразени со овој вирус е леталниот исход - вели тој.

На ниво на цела држава, АХВ спроведува вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на веќе воспоставената категоризација за примена на безбедносните мерки. Во овој период воведена е забрана за какво било движење на приемливи животни, со исклучок на оние животни што со соодветна дозвола се носат на колење.

Бабовски додава дека сите одгледувачи на свињи ќе бидат целосно обесштетени, односно средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата.

Директорот на Агенцијата потенцираше дека месото добиено од свиња, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање.

Тоде Атанасов, претседател на Групацијата на производителите на свинско месо вели дека од 2019 до сега Владата ги нема преземено потребните мерки за заштита од вирусот, при што тие очекуваат од 50 до 60 милиони штета во свињарството.

Во 2020 година според Заводот за статистика во државата произведени се 15.000 тони домашно месо. Со ова наше обраќање сакаме да посочиме дека овој проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет - додава Атанасов.

Бојан Ѓоргиевски, претставник на Групацијата на мали производители вели дека со појавата на африканската чума мора да се спроведе постапката и да реализира итно покачување на био-сигурноста на фармите, постојани инспекции и забрана за дејност за сите оние кои ќе одбијат покачување на био-сигурноста.

Очекуваме нашите колеги фармери да ја согледаат оваа состојба и да соработуваат со властите, особено што никој нема да биде оштетен. Голем број на млади фармери се директно загрозени од оваа состојба. Тие својата егзистенција ја гледаат во нашата татковина и се надевам дека така ќе остане - изјави Ѓоргиевски.

Директорот на АХВ потенцираше дека не би требало да се соочиме со поскапување на свинското месо, бидејќи во моментов се задоволени потребите на домашниот пазар. Тој информираше и дека во радиус од десет километри во делчевскиот регион во опасност се 741 грло, што ќе треба да влезат во процес на депопулација.

Првиот случај на африканска чума во државава беше потврден на 6 јануари оваа година во делчевското село Драмче.

The post Во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, поради африканска чума во опасност се 741 животно appeared first on Република.

]]>

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска се уништени вкупно 195 домашни свињи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, информира дека со таквата акција, на споменатиот простор повеќе нема ниту една жива свиња.
Направена е депопулација, по што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде што се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот - истакна Бабовски.
Тој соопшти дека во наредните денови ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде што не може да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои нема да дојде до случај да бидат дијагностицирани нови случаи на овој вирус.
Нешто слично како и со Ковид-от, овде немаме воопшто можност да се изврши вакцинирање или да се изврши тераписки третман, односно лекување на животните. Сигурен исход на животните заразени со овој вирус е леталниот исход - вели тој.
На ниво на цела држава, АХВ спроведува вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на веќе воспоставената категоризација за примена на безбедносните мерки. Во овој период воведена е забрана за какво било движење на приемливи животни, со исклучок на оние животни што со соодветна дозвола се носат на колење. Бабовски додава дека сите одгледувачи на свињи ќе бидат целосно обесштетени, односно средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата. Директорот на Агенцијата потенцираше дека месото добиено од свиња, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање. Тоде Атанасов, претседател на Групацијата на производителите на свинско месо вели дека од 2019 до сега Владата ги нема преземено потребните мерки за заштита од вирусот, при што тие очекуваат од 50 до 60 милиони штета во свињарството.
Во 2020 година според Заводот за статистика во државата произведени се 15.000 тони домашно месо. Со ова наше обраќање сакаме да посочиме дека овој проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет - додава Атанасов.
Бојан Ѓоргиевски, претставник на Групацијата на мали производители вели дека со појавата на африканската чума мора да се спроведе постапката и да реализира итно покачување на био-сигурноста на фармите, постојани инспекции и забрана за дејност за сите оние кои ќе одбијат покачување на био-сигурноста.
Очекуваме нашите колеги фармери да ја согледаат оваа состојба и да соработуваат со властите, особено што никој нема да биде оштетен. Голем број на млади фармери се директно загрозени од оваа состојба. Тие својата егзистенција ја гледаат во нашата татковина и се надевам дека така ќе остане - изјави Ѓоргиевски.
Директорот на АХВ потенцираше дека не би требало да се соочиме со поскапување на свинското месо, бидејќи во моментов се задоволени потребите на домашниот пазар. Тој информираше и дека во радиус од десет километри во делчевскиот регион во опасност се 741 грло, што ќе треба да влезат во процес на депопулација. Првиот случај на африканска чума во државава беше потврден на 6 јануари оваа година во делчевското село Драмче.

The post Во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, поради африканска чума во опасност се 741 животно appeared first on Република.

]]>