афера Броило Archives - Република https://republika.mk/tema/afera-broilo/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 07:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афера Броило Archives - Република https://republika.mk/tema/afera-broilo/ 32 32 Антикорупциска да се охрабри и да ја истражи аферата „Броило“ https://republika.mk/vesti/antikorupciska-da-se-ohrabri-i-da-ja-istrazi-aferata-broilo/ Wed, 19 Oct 2022 07:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=562769

ДКСК да се охрабри, и дезертерот Ковачевски призна дека е исплаќана државна помош на фирма основана од него додека бил на функција, само тие не смеат да отворат истрага.Над 300.000 евра се префрлени од владата или од ФИТР кон Пиксел груп додека Ковачевски бил заменик министер или мандатар за состав на нова влада, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски самиот призна дека се вршени исплати од државата кон Пиксел груп.Истата таа Пиксел груп е фирмата која за само една година од основањето гради фабрика за производство на фотоволтаични панели.

Пиксел груп е фирмата во средината на соларниот картел на аферата Броило, заедно со КМГ ЕОЛ Квазар формирана од кумот на Ковачевски, која се јавува на државни тендери, и склучила договори во висина од 2 милиони евра, со разни државни институции откако е СДС на власт. Но и договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра.

КМГ ЕОЛ Квазар добива, а Пиксел груп произведува. Парите завршуваат кај фирмата основана од Ковачевски.

И истата таа Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер почнува со инвестиција на фабрика во ТИРЗ Тетово со бугарски партнер во висина од 54 милиони евра.

ДКСК да не чека. Фактите за судир на интереси се насекаде. Да е отвори постапка веднаш. Одговорност мора да има.

The post Антикорупциска да се охрабри и да ја истражи аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>

ДКСК да се охрабри, и дезертерот Ковачевски призна дека е исплаќана државна помош на фирма основана од него додека бил на функција, само тие не смеат да отворат истрага.Над 300.000 евра се префрлени од владата или од ФИТР кон Пиксел груп додека Ковачевски бил заменик министер или мандатар за состав на нова влада, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски самиот призна дека се вршени исплати од државата кон Пиксел груп.Истата таа Пиксел груп е фирмата која за само една година од основањето гради фабрика за производство на фотоволтаични панели.
Пиксел груп е фирмата во средината на соларниот картел на аферата Броило, заедно со КМГ ЕОЛ Квазар формирана од кумот на Ковачевски, која се јавува на државни тендери, и склучила договори во висина од 2 милиони евра, со разни државни институции откако е СДС на власт. Но и договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра. КМГ ЕОЛ Квазар добива, а Пиксел груп произведува. Парите завршуваат кај фирмата основана од Ковачевски. И истата таа Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер почнува со инвестиција на фабрика во ТИРЗ Тетово со бугарски партнер во висина од 54 милиони евра. ДКСК да не чека. Фактите за судир на интереси се насекаде. Да е отвори постапка веднаш. Одговорност мора да има.

The post Антикорупциска да се охрабри и да ја истражи аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>
Аферата Броило го откри соларниот картел на Ковачевски тежок 26 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/aferata-broilo-go-otkri-solarniot-kartel-na-kovachevski-tezok-26-milioni-evra/ Mon, 17 Oct 2022 07:49:24 +0000 https://republika.mk/?p=561918

Аферата Броило откри соларен картел околу дезертерот Ковачевски тежок 26 милиони евра. Фактите ја разобличија мрежата која е создадена во која фирмата ПИксел груп основана од Ковачевски е во центарот на еден систем за добивање државна помош и вносни бизниси правени под сомнение за трговија со влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа компанија Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски добила над половина милион евра државна помош вклучително и во времето кога Ковачевски е на функција, а над 200.000 евра се земени во периодот кога Ковачевски е мандатар за состав на нова влада.

Заедно со дополнителните бизниси и сателитските фирми во овој картел, бизнис проилото на Ковачевски превртило мултимилионски бизниси преку модел кој наликува на злосторничќко здружување по сите нишани.

И за Антикорупциска во ова нема ништо сомнително, па дури побрзаа да го амнестираат.

Го повикуваме Јавното обвиниелство да го провери и исражи скандалот Броило и на тој начин да покаже дигнитет и одважност. Пред вакви факти не може да се молчи. За криминал од милионски размери порано или покасно ќе ги стаса правдата и тие кои го правеле, и тие кои го помагале и тие кои го заштитувале, потенцираат од партијата.

The post Аферата Броило го откри соларниот картел на Ковачевски тежок 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Аферата Броило откри соларен картел околу дезертерот Ковачевски тежок 26 милиони евра. Фактите ја разобличија мрежата која е создадена во која фирмата ПИксел груп основана од Ковачевски е во центарот на еден систем за добивање државна помош и вносни бизниси правени под сомнение за трговија со влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Оваа компанија Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски добила над половина милион евра државна помош вклучително и во времето кога Ковачевски е на функција, а над 200.000 евра се земени во периодот кога Ковачевски е мандатар за состав на нова влада. Заедно со дополнителните бизниси и сателитските фирми во овој картел, бизнис проилото на Ковачевски превртило мултимилионски бизниси преку модел кој наликува на злосторничќко здружување по сите нишани. И за Антикорупциска во ова нема ништо сомнително, па дури побрзаа да го амнестираат.
Го повикуваме Јавното обвиниелство да го провери и исражи скандалот Броило и на тој начин да покаже дигнитет и одважност. Пред вакви факти не може да се молчи. За криминал од милионски размери порано или покасно ќе ги стаса правдата и тие кои го правеле, и тие кои го помагале и тие кои го заштитувале, потенцираат од партијата.

The post Аферата Броило го откри соларниот картел на Ковачевски тежок 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Слобода на клевета или слобода на криминал? https://republika.mk/kolumni/sloboda-na-kleveta-ili-sloboda-na-kriminal/ Wed, 12 Oct 2022 16:05:14 +0000 https://republika.mk/?p=560248

Петар Поп Арсов

Во пауза меѓу две бесцелни и расипнички трошења на народните пари за кои што беа обвинети Ковачевски и неговата влада(онаа туристичката посета на ООН во Њујорк ионаа на винскиот фестивал во Белград), како и додека ги чекаме новите поскапнувања на основните животни продукти, би сакал да кажам збор-два за една појава за која одамна барам простор за споделување.

Таа појава е закачена за нас и нашето заедничко секојдневие. Длабоко вкоренета во општеството до степен на нејзино поимање како нешто нормално, вообичаено и дел од системот на вредности.Тоа е појавата наречена плукање, омаловажување, клеветење, подметнување, обвинување и уште по нешто од тој асортиман. Појава која што е општо прифатена (свесно или несвесно), широко распространета и масовно применувана до ниво на национален спорт. Спорт со огромен број на регистрирани и нерегистрирани спортисти, професионалци, аматери, волонтери, сеирџии и воајери. Спорт со најголем број на „спортски терени, игралишта, стадиони и арени“ во сите пори на нашето живеење.
Појава која што сите нѐ дефокусира од реалноста и вистинските цели. Нешто кое што го нагризува системот, ја девалвира реалноста и создава хиперпродукција и инфлација на лажни вести и лажни афери со што се создава амалгам со оние вистинските и кои заедно како такви завршуваат за три дена, како секое чудо.Тоа е амбиентот кој што самите го создаваме и во кој што живееме потполно навикнати на менталното загадување кое што го трпиме!

Секој човек има право на слобода на говор без страв од судски спорови, велат американците во првиот амандман од својот устав. И во Европа секој човек има право на слобода на изразувањето. Европската конвенција за човекови права вели дека ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт. Во Македонија исто така се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање итн, итн, согласно македонскиот устав.

Слободата на говор и изразување е универзално право во сите демократски земји. Тоа е принцип кој ги зајакнува другите основни човекови права и му овозможува на општеството да се развива и напредува. Сепак, некои јавно искажани мисли или идеи потенцијално можат да доведат и до навреда, омаловажување или загрозување на интегритетот на друго лице.

Слободата на говор не е неограничено право од простапричина што секој има право да го заштити својот углед. Од друга страна, правото на сопствената заштита може да ја ограничи слободата на говор на друго лице. Токму тука некаде е онаа невидлива, но исклучително чувствителна граница меѓу слободата на говор и навредата. Граница за чија што демаркација е „задолжен“ Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој што се фокусира на балансирање на овие спротивставени интереси со цел да ги заштити граѓаните од негативните последици од ширењето невистини, навреди и омаловажувања што некој ги упатил кон нив.

На прв поглед сето ова делува едноставно и законски регулирано. Но дали тоа навистина е така?

Читањето на Законот за клевета и навреда создава чувство како да сте влегле во лавиринт за да ја барате правдата при што излезот може да го определи единствено судијата кој што суди. Законот е толку „демократски и либерално“ скроен при што се стекнува впечаток дека целата правда е во рацете на судијата кој што ако посака може сѐда реши според примерот на сечењето на гордиевиот јазол, онаму кај што ќе падне мечот на правдата или можеби онаму каде што тој/таа ќе сака да падне.

Независно од тоа што законот се однесува на секој граѓанин и што сите сме потенцијални жртви и „спортски повреди“ како учесници во нашиот национален спорт, сепакда се фокусираме во текстов само на она што има импакт на нашиот поширок заеднички интерес. Тоа се јавните пари, државниот буџет и сите останати добра со кои управува власта. Во конкретниов случај власта на Ковачевски.

Неодамна Ковачевски беше обвинет, „наклеветен“ и посочен како главен актер во аферата „Броило“. Сериозно обвинување за тоа дека тој со својот кум злоупотребувале пари на граѓаните во износ од 26 милиони евра. Во првичното расчистување на овој случај во игра беше вклучена Антикорупциската комисија која како “soft power“ има задача да укаже на аномалиите и кршењето на законите. Антикорупциска, држејќи се исклучиво до формата, констатираше дека Ковачевски излегол од бизнис партнерството уште пред да стане функционер и бонбона бизнисот широкоградо му го препуштил само на кумчето. Нема основ за понатамошно постапување, а Ковачевски е невин?!

Така соопшти Антикорупциска!

Надлежностите на Антикорупциска се до тука, но од тука натаму треба да реагира обвинителството. Да реагира Обвинителството или Ковачевски да побара заштита согласно Законот за навреда и клевета и да ја чека милоста на мечот на правдата кој е во рацете на судиите. За состојбите во правосудството зборуваат бројните извештаи и оценки на релевантни меѓународни институции и воопшто не треба да се сомневаме дека Ковачевски таму ќе ја најде правдата доколку ја побара.

Но, овде не зборуваме за некакви надмудрување или меѓусебно навредување на социјалните мрежи на реални или имагинарни ликови. Зборуваме за 26 000 000 евра, пари кои што се повеќе од доволно сериозен износ за да се активира Обвинителството и да утврди што е што и кој е кој во приказнава. Зборуваме за 26 милиони евра кои се јавен интерес.Не е доволно да се соопшти дека Ковачевски формално ја напуштил неговата поранешна компанија и тука да застане се. Потребно е да се утврдат сите детали. Да се утврди дали и како комуницирале кумовите? Дали тоа било директно или преку посредници? Кои се лицата за врска и дали воопшто ги има? Како тоа токму компанијата во која претходно партиципирал Ковачевски добила на располагање 26 милиони евра? Тоа се пари со кои можат да купат многу сериозни бизниси и бизнисмени кои работат со години и години. Каде е тука моментот на непотизам кој го занемарува Антикорупциска и кој треба да биде појдовна основа за нејзиното постапување, но и основа постапувањето на Обвинителството кое што треба да следи во периодот?!

Оваа афера не може туку така да заврши! Не смее да биде маскирана во секојдневната продукција на скандали, афери и бизарни спинови од типот на посетата на Нивес кај Стево со цел одвлекување на вниманието од аферите на македонските политички капиталци. Во овој случај или ќе има одговорност за Ковачевски или ќе има негова заштита од неосновани обвинувања. Ако ништо повеќе ќе се направи исчекор кон сузбивање на појавата на неосновано плукање и клеветење кое што е нашиот национален спорт. Обвинителството е на потег.

Веќе е неприфатливомакедонските институции, земја која што демек ги започнала преговорите со ЕУ, да игнорираат вакви укажувања ида ги оставаат во сферата на неразјаснети скандали, евентуалнилажни обвинувања, збор против збор и збудален народ од постојаното бомбардирање со наводи за криминал кои остануваат неразјаснети. Сега кога започнува скринингот на ЕУ е моментот да се дефинира онаа тенка граница меѓу слободата на говор и посочувањето на малверзациите на највисоките државни функционери, од една страна, и нивната заштита од неосновано обвинување и клеветење, од друга страна. Мора веќе да се стави крај на оваа инфлација на неразјаснети афери и скандали во чиј што амбиент навикнавме да живееме со целосно затапени чувства за заштита на сопствениот интерес изразен преку заштита на нашите заеднички пари, парите на граѓаните. Слободата на говор не смее да биде жртва на слободата на клеветата и слободата на криминалот. Недопустливо е да се продолжи со игнорантскиот однос кон евентуално сторениот криминал или кон евентуално лажното обвинување.

Или е едно или друго! Мора да се расчисти!

The post Слобода на клевета или слобода на криминал? appeared first on Република.

]]>

Петар Поп Арсов

Во пауза меѓу две бесцелни и расипнички трошења на народните пари за кои што беа обвинети Ковачевски и неговата влада(онаа туристичката посета на ООН во Њујорк ионаа на винскиот фестивал во Белград), како и додека ги чекаме новите поскапнувања на основните животни продукти, би сакал да кажам збор-два за една појава за која одамна барам простор за споделување. Таа појава е закачена за нас и нашето заедничко секојдневие. Длабоко вкоренета во општеството до степен на нејзино поимање како нешто нормално, вообичаено и дел од системот на вредности.Тоа е појавата наречена плукање, омаловажување, клеветење, подметнување, обвинување и уште по нешто од тој асортиман. Појава која што е општо прифатена (свесно или несвесно), широко распространета и масовно применувана до ниво на национален спорт. Спорт со огромен број на регистрирани и нерегистрирани спортисти, професионалци, аматери, волонтери, сеирџии и воајери. Спорт со најголем број на „спортски терени, игралишта, стадиони и арени“ во сите пори на нашето живеење. Појава која што сите нѐ дефокусира од реалноста и вистинските цели. Нешто кое што го нагризува системот, ја девалвира реалноста и создава хиперпродукција и инфлација на лажни вести и лажни афери со што се создава амалгам со оние вистинските и кои заедно како такви завршуваат за три дена, како секое чудо.Тоа е амбиентот кој што самите го создаваме и во кој што живееме потполно навикнати на менталното загадување кое што го трпиме! Секој човек има право на слобода на говор без страв од судски спорови, велат американците во првиот амандман од својот устав. И во Европа секој човек има право на слобода на изразувањето. Европската конвенција за човекови права вели дека ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт. Во Македонија исто така се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање итн, итн, согласно македонскиот устав. Слободата на говор и изразување е универзално право во сите демократски земји. Тоа е принцип кој ги зајакнува другите основни човекови права и му овозможува на општеството да се развива и напредува. Сепак, некои јавно искажани мисли или идеи потенцијално можат да доведат и до навреда, омаловажување или загрозување на интегритетот на друго лице. Слободата на говор не е неограничено право од простапричина што секој има право да го заштити својот углед. Од друга страна, правото на сопствената заштита може да ја ограничи слободата на говор на друго лице. Токму тука некаде е онаа невидлива, но исклучително чувствителна граница меѓу слободата на говор и навредата. Граница за чија што демаркација е „задолжен“ Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој што се фокусира на балансирање на овие спротивставени интереси со цел да ги заштити граѓаните од негативните последици од ширењето невистини, навреди и омаловажувања што некој ги упатил кон нив. На прв поглед сето ова делува едноставно и законски регулирано. Но дали тоа навистина е така? Читањето на Законот за клевета и навреда создава чувство како да сте влегле во лавиринт за да ја барате правдата при што излезот може да го определи единствено судијата кој што суди. Законот е толку „демократски и либерално“ скроен при што се стекнува впечаток дека целата правда е во рацете на судијата кој што ако посака може сѐда реши според примерот на сечењето на гордиевиот јазол, онаму кај што ќе падне мечот на правдата или можеби онаму каде што тој/таа ќе сака да падне. Независно од тоа што законот се однесува на секој граѓанин и што сите сме потенцијални жртви и „спортски повреди“ како учесници во нашиот национален спорт, сепакда се фокусираме во текстов само на она што има импакт на нашиот поширок заеднички интерес. Тоа се јавните пари, државниот буџет и сите останати добра со кои управува власта. Во конкретниов случај власта на Ковачевски. Неодамна Ковачевски беше обвинет, „наклеветен“ и посочен како главен актер во аферата „Броило“. Сериозно обвинување за тоа дека тој со својот кум злоупотребувале пари на граѓаните во износ од 26 милиони евра. Во првичното расчистување на овој случај во игра беше вклучена Антикорупциската комисија која како “soft power“ има задача да укаже на аномалиите и кршењето на законите. Антикорупциска, држејќи се исклучиво до формата, констатираше дека Ковачевски излегол од бизнис партнерството уште пред да стане функционер и бонбона бизнисот широкоградо му го препуштил само на кумчето. Нема основ за понатамошно постапување, а Ковачевски е невин?! Така соопшти Антикорупциска! Надлежностите на Антикорупциска се до тука, но од тука натаму треба да реагира обвинителството. Да реагира Обвинителството или Ковачевски да побара заштита согласно Законот за навреда и клевета и да ја чека милоста на мечот на правдата кој е во рацете на судиите. За состојбите во правосудството зборуваат бројните извештаи и оценки на релевантни меѓународни институции и воопшто не треба да се сомневаме дека Ковачевски таму ќе ја најде правдата доколку ја побара. Но, овде не зборуваме за некакви надмудрување или меѓусебно навредување на социјалните мрежи на реални или имагинарни ликови. Зборуваме за 26 000 000 евра, пари кои што се повеќе од доволно сериозен износ за да се активира Обвинителството и да утврди што е што и кој е кој во приказнава. Зборуваме за 26 милиони евра кои се јавен интерес.Не е доволно да се соопшти дека Ковачевски формално ја напуштил неговата поранешна компанија и тука да застане се. Потребно е да се утврдат сите детали. Да се утврди дали и како комуницирале кумовите? Дали тоа било директно или преку посредници? Кои се лицата за врска и дали воопшто ги има? Како тоа токму компанијата во која претходно партиципирал Ковачевски добила на располагање 26 милиони евра? Тоа се пари со кои можат да купат многу сериозни бизниси и бизнисмени кои работат со години и години. Каде е тука моментот на непотизам кој го занемарува Антикорупциска и кој треба да биде појдовна основа за нејзиното постапување, но и основа постапувањето на Обвинителството кое што треба да следи во периодот?! Оваа афера не може туку така да заврши! Не смее да биде маскирана во секојдневната продукција на скандали, афери и бизарни спинови од типот на посетата на Нивес кај Стево со цел одвлекување на вниманието од аферите на македонските политички капиталци. Во овој случај или ќе има одговорност за Ковачевски или ќе има негова заштита од неосновани обвинувања. Ако ништо повеќе ќе се направи исчекор кон сузбивање на појавата на неосновано плукање и клеветење кое што е нашиот национален спорт. Обвинителството е на потег. Веќе е неприфатливомакедонските институции, земја која што демек ги започнала преговорите со ЕУ, да игнорираат вакви укажувања ида ги оставаат во сферата на неразјаснети скандали, евентуалнилажни обвинувања, збор против збор и збудален народ од постојаното бомбардирање со наводи за криминал кои остануваат неразјаснети. Сега кога започнува скринингот на ЕУ е моментот да се дефинира онаа тенка граница меѓу слободата на говор и посочувањето на малверзациите на највисоките државни функционери, од една страна, и нивната заштита од неосновано обвинување и клеветење, од друга страна. Мора веќе да се стави крај на оваа инфлација на неразјаснети афери и скандали во чиј што амбиент навикнавме да живееме со целосно затапени чувства за заштита на сопствениот интерес изразен преку заштита на нашите заеднички пари, парите на граѓаните. Слободата на говор не смее да биде жртва на слободата на клеветата и слободата на криминалот. Недопустливо е да се продолжи со игнорантскиот однос кон евентуално сторениот криминал или кон евентуално лажното обвинување. Или е едно или друго! Мора да се расчисти!

The post Слобода на клевета или слобода на криминал? appeared first on Република.

]]>
Лефков: Ковачевски и кумот, со длабоки врски во СДС наликуваат на злосторничко здружение кое свртело 26 милиони https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-kovachevski-i-kumot-so-dlaboki-vrski-vo-sds-nalikuvaat-na-zlostornichko-zdruzenie-koe-svrtelo-26-milioni/ Sun, 09 Oct 2022 18:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=559156

Аферата „Броило“ го извади на површина соларниот картел, кој е сконцентриран околу дезертерот Ковачевски. Обелоденивме како две поврзани фирми „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски и неговиот кум Паунов, и КМГ ЕОЛ Квазар основана само од кумот, откако е СДС на власт влегле во бизниси од над 26 милиони евра. Сите факти досега укажуваат дека соларниот картел околу Ковачевски наликува на злосторничко здружение кое се формира по доаѓањето на СДС на власт, изјави на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој ги наброја и фактите:

1. Ковачевски и неговиот кум, кој е функционер во СДС скоро 20 години ја основаат фирмата „Пиксел Груп“, околу која понатаму се врти аферата „Броило“.

2. „Пиксел Груп“ е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели, а КМГ ЕОЛ Квазар ги продава и монтира истите.

3. Преку фирмата на кумот на Ковачевски земени се 2 милиони евра државни тендери, и склучен е договор со ЕВН од дополнителни над 2 милиони евра. „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски произведува фотоволтаици, а фирмата на кумот се јавува на тендери и продава. И така фирмата основана од Ковачевски не се јавува како директен извршител на работите пред државните органи, а практично кај неа завршуваат парите.

4. „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски со СДС на власт добива и над половина милион државна помош, а исплати се вршени и додека е заменик министер за финансии и мандатар за состав на новата влада.

5. Злосторничкото здружение зазема димензии од десетици милиони евра кога Ковачевски станува премиер. Имено тогаш „Пиксел Груп“ основана од него влегува во фаза на градење на фабрика во ТИРЗ Тетово, каде има посебни даночни и царински ослободувања, а фирмата ќе преговара и за државна помош.

– Јасни се цртите на аферата „Броило“, која го следи доаѓањето на СДС на власт и растот на Ковачевски во политиката, како тој напредува во хиерархијата во СДС и владата, така договорите и зделките на „Пиксел Груп“ и КМГ ЕОЛ Квазар се сѐ поголеми, додаде Лефков.

The post Лефков: Ковачевски и кумот, со длабоки врски во СДС наликуваат на злосторничко здружение кое свртело 26 милиони appeared first on Република.

]]>

Аферата „Броило“ го извади на површина соларниот картел, кој е сконцентриран околу дезертерот Ковачевски. Обелоденивме како две поврзани фирми „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски и неговиот кум Паунов, и КМГ ЕОЛ Квазар основана само од кумот, откако е СДС на власт влегле во бизниси од над 26 милиони евра. Сите факти досега укажуваат дека соларниот картел околу Ковачевски наликува на злосторничко здружение кое се формира по доаѓањето на СДС на власт, изјави на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој ги наброја и фактите: 1. Ковачевски и неговиот кум, кој е функционер во СДС скоро 20 години ја основаат фирмата „Пиксел Груп“, околу која понатаму се врти аферата „Броило“. 2. „Пиксел Груп“ е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели, а КМГ ЕОЛ Квазар ги продава и монтира истите. 3. Преку фирмата на кумот на Ковачевски земени се 2 милиони евра државни тендери, и склучен е договор со ЕВН од дополнителни над 2 милиони евра. „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски произведува фотоволтаици, а фирмата на кумот се јавува на тендери и продава. И така фирмата основана од Ковачевски не се јавува како директен извршител на работите пред државните органи, а практично кај неа завршуваат парите. 4. „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски со СДС на власт добива и над половина милион државна помош, а исплати се вршени и додека е заменик министер за финансии и мандатар за состав на новата влада. 5. Злосторничкото здружение зазема димензии од десетици милиони евра кога Ковачевски станува премиер. Имено тогаш „Пиксел Груп“ основана од него влегува во фаза на градење на фабрика во ТИРЗ Тетово, каде има посебни даночни и царински ослободувања, а фирмата ќе преговара и за државна помош.
– Јасни се цртите на аферата „Броило“, која го следи доаѓањето на СДС на власт и растот на Ковачевски во политиката, како тој напредува во хиерархијата во СДС и владата, така договорите и зделките на „Пиксел Груп“ и КМГ ЕОЛ Квазар се сѐ поголеми, додаде Лефков.

The post Лефков: Ковачевски и кумот, со длабоки врски во СДС наликуваат на злосторничко здружение кое свртело 26 милиони appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе објави нови детали како работел картелот на кумот на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-deneska-kje-objavi-novi-detali-kako-rabotel-kartelot-na-kumot-na-kovachevski/ Sun, 09 Oct 2022 07:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=558967

Кумот на Ковачевски, Паунов е со длабоки врски во СДС, картелот засилено работи по доаѓањето на СДС. Горанчо Паунов, коосновач на „Пиксел Груп“ со Ковачевски и основач КМГ ЕОЛ Квазар, кои во аферата Броило се фатени како свртеле 26 милиони евра е функционер во СДС, уште од 2005 година, кога бил претседател на општинскиот огранок во Гази Баба. Општина Гази Баба, е и општината која го распишува тендерот за менување на светилките со лед светилки, каде кумот на Ковачевски Паунов е надзор и се сомничи дека потпишал одобрение за пуштање во употреба на места каде воопшто нема бандери. Целиот тендер е тежок 11 милиони денари - обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека кумот на Ковачевски, Паунов, бил и советник во Советот на Град Скопје, од редовите на СДС, а бил и претседател на партиски Совет за инвестиции и инфраструктура во СДС.

Кумот на Ковачевски, заедно со Ковачевски всушност ја основаат „Пиксел Груп“ 5 месеци откако СДС доаѓа на власт. И таа е фирмата околу која се врти аферата „Броило“. Денеска ќе објавиме нови детали како всушност картелот систематски работел - се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе објави нови детали како работел картелот на кумот на Ковачевски appeared first on Република.

Ковачевски за „Броило“: Јас сум основач на „Пиксел“, но кога станав министер ги отстапив уделите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-broilo-jas-sum-osnovach-na-piksel-no-koga-stanav-minister-gi-otstapiv-udelite/ Fri, 07 Oct 2022 21:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=558618

Јас еден од сновачите на компанијата „Пиксел“ која е формирана 2017/2018 година, но кога станав министер јас ги отстапив уделите, вели премиерот Димитар Ковачевски за аферата „Броило“ за којашто го обвинува опозицијата.

-Јас сум еден од основачите, и сите тогаш велеа како е можно во Македонија да се направи производство на фотоволтаични модули, бидејќи немало такво производство, ниту експертиза. Не беше лесно да се направи таа фабрика, значи тоа е фабрика која што постои. Во моментот кога јас станав заменик министер за финансии, јас финансиските средства кои што ги имав вложено во таа инвестиција, ги повлеков нормално со банкарски трансфер и ги отстапив сите удели кои што ги имав, вели Ковачевски.

На прашањето дали ќе тужи, Ковачевски вели дека ќе види, односно адвокатите ќе кажат.

The post Ковачевски за „Броило“: Јас сум основач на „Пиксел“, но кога станав министер ги отстапив уделите appeared first on Република.

Лефков: Ковачевски и кумот ја основале Пиксел гроуп 5 месеци откако СДСМ прави Влада! https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-kovachevski-i-kumot-ja-osnovale-piksel-group-5-meseci-otkako-sdsm-pravi-vlada/ Fri, 07 Oct 2022 09:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=558310

Пет дена со Аферата #Броило…

Ковачевски и кумот ја основале Пиксел гроуп 5 месеци откако СДСМ прави Влада!

Оваа фирма добива:

4 исплати од Фонд за Иновации во вкупна вредност од 4.324.363 ден(70 314€)!

Државна помош во 8 исплати во вредност од 27.262.082 ден (443 285€)!

Кумот ја основа КМГ ЕОЛ Квазар

Оваа фирма добива:

- Тендери од ЈКП Комуналец Св.Николе во вредност од 100 000€!

- Тендери од ЈП Пасишта, две набавки од 172.000€ и од 343.000€!

- Општина Ѓорче Петров, тендер од 48.000€!

- Општина Чаир 108.000€

- Тендер од ЕВН над 2.000.000€

Три месеци откако Ковачевски е премиер се основа фирма АЕ Солар Хорајзонт во Софија со основачки влог од 15.000 лева!

Осум месеци откако е премиер Ковачевски, фирмата основана од него и фирмата од Софија ја основаат АЕ Солар АД Тетово, вредна 54.000.000€

Пиксел има 40%, АЕ Солар Хорајзонт од Софија 60%

- Оваа компанија чека на државна помош која треба да ја исплати премиерот…

Видовме исплати на државни пари за Ковачевски како сопственик на Пиксел, исплати за фирмата кога Ковачевски бил заменик министер, ОГРОМНА исплата од Владата во оставка за фирмата основана од него два дена по станувањето на МАНДАТАР, гледаме огромни суми на тендери за фирмата на кумот додека кумашинот е премиер…

Се ќе се објави и дознае, нема веќе криење, не смее државната помош да завршува во фирми основани и во фирми блиски на ПРЕМИЕРОТ!

За кумот на Ковачевски и за неговите врски со СДС, продолжуваме утре!, напиша Миле Лефков на својот фејсбук профил.

The post Лефков: Ковачевски и кумот ја основале Пиксел гроуп 5 месеци откако СДСМ прави Влада! appeared first on Република.

]]>

Пет дена со Аферата #Броило… Ковачевски и кумот ја основале Пиксел гроуп 5 месеци откако СДСМ прави Влада! Оваа фирма добива: 4 исплати од Фонд за Иновации во вкупна вредност од 4.324.363 ден(70 314€)! Државна помош во 8 исплати во вредност од 27.262.082 ден (443 285€)! Кумот ја основа КМГ ЕОЛ Квазар Оваа фирма добива: - Тендери од ЈКП Комуналец Св.Николе во вредност од 100 000€! - Тендери од ЈП Пасишта, две набавки од 172.000€ и од 343.000€! - Општина Ѓорче Петров, тендер од 48.000€! - Општина Чаир 108.000€ - Тендер од ЕВН над 2.000.000€ Три месеци откако Ковачевски е премиер се основа фирма АЕ Солар Хорајзонт во Софија со основачки влог од 15.000 лева! Осум месеци откако е премиер Ковачевски, фирмата основана од него и фирмата од Софија ја основаат АЕ Солар АД Тетово, вредна 54.000.000€ Пиксел има 40%, АЕ Солар Хорајзонт од Софија 60% - Оваа компанија чека на државна помош која треба да ја исплати премиерот… Видовме исплати на државни пари за Ковачевски како сопственик на Пиксел, исплати за фирмата кога Ковачевски бил заменик министер, ОГРОМНА исплата од Владата во оставка за фирмата основана од него два дена по станувањето на МАНДАТАР, гледаме огромни суми на тендери за фирмата на кумот додека кумашинот е премиер… Се ќе се објави и дознае, нема веќе криење, не смее државната помош да завршува во фирми основани и во фирми блиски на ПРЕМИЕРОТ! За кумот на Ковачевски и за неговите врски со СДС, продолжуваме утре!, напиша Миле Лефков на својот фејсбук профил.

The post Лефков: Ковачевски и кумот ја основале Пиксел гроуп 5 месеци откако СДСМ прави Влада! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за аферата „Броило“: Шокантно! Среде енергетска криза, некој седи и ги брои париите од тендерите https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-aferata-broilo-shokantno-srede-energetska-kriza-nekoj-sedi-i-gi-broi-pariite-od-tenderite/ Thu, 06 Oct 2022 11:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=557935

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денска на новинарско прашања поврзано со аферата Броило посочи дека станува збор за голем скандал каде наместо да им се помага на граѓаните и на стопанството, некој седи и ги брои парите кои што ги добива од државата.

-Ние секојдневно држиме прес конференции и информираме јавноста во услови на енергетска криза некој богами добро се офајдува и некој добива помош, брои евра на грбот на граѓаните, аферата има вредност од 26 милиони евра. Шокантно. Наместо да им се помага на граѓаните и на стопанството, некој седи и ги брои парите кои што ги добива од државата како поддршка за инвестиции, за развој или веќе не знам за што, а воедно од друга страна злоупотребува и државни тендери, се тргува со влијание, така што сето ова претставува навистина еден голем скандал кој што ве повикувам вас медиумите да го истражите до детал и јас можам да предупредам дека за сето ова ќе има и одговорност. Дури и во текот на вчерашниот ден колку што можев да видам еден од учесниците во овој скандал доби и кривична пријава за еден таков тендер во општина Гази Баба за јавно осветлување, ако не се лажам, рече Мицкоски.

Мицкоски во текот на своето обраќање истакна дека се следи целиот случај со оваа афера и укажа дека постои сомневање за сторен криминал и дека за сето ова ќе следи одговорност бидејќи не може во услови на голема енергетска криза кога се губат работни места, кога се затвараат бизниси, некој да профитира на грбот на граѓаните.

Внимателно го следиме целиот случај и веднаш после ослободување на Македонија и институциите од оваа влада јас можам да ви кажам дека детално лично ќе се занимавам со сето ова и дека лично ќе навлезам во суштината на овој проблем, а постои основано сомневање за сторен криминал и доколку тоа се потврди нормално низ една фер и транспарентна судска истражна постапка мора луѓето да одговараат бидејќи не може во услови на голема енергетска криза кога се губат работни места, кога се затвараат бизниси, некој да профитира на грбот на граѓаните, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски за аферата „Броило“: Шокантно! Среде енергетска криза, некој седи и ги брои париите од тендерите appeared first on Република.

Лефков: Фирмата на кумот на Ковачевски склучила договор со ЕВН од над 2 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-firmata-na-kumot-na-kovachevski-skluchila-dogovor-so-evn-od-nad-2-milioni-evra/ Thu, 06 Oct 2022 09:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=557928

Само во еден потег, кумот на премиерот Ковачевски добил работа од 2 милиони евра. Фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии рече на прес-конференција Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии. Договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски и ЕВН е склучен на 03.02.2021 година, и истиот е во вкупна вредност од 123 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ, односно над 2 милиони евра. Договорот на фирмата на кумот на Ковачевски со ЕВН е со времетраење од две години, и тој е се уште во сила, односно ЕВН се уште може да ги користи услугите на КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски, додека самиот Ковачевски е премиер на државата, објасни Лефков.

Тој вели дека сомнеж буди фактот што Ковачевски е заменик-министер додека фирма на неговиот кум склучува договор со претпријатие каде државата има интерес.

Дополнителен сомнеж буди фактот што договорот може да се извршува и да се користат услуги од истиот додека Ковачевски е премиер, додава Лефков.

Фирмата на кумот на Ковачевски не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп.

На овој начин фирмата основана од Ковачевски е фирмата кај која ќе завршат парите од оваа набавка од над 2 милиони евра. Со ова фирмата основана од Ковачевски е таа која има директен профит од договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар и ЕВН. 

The post Лефков: Фирмата на кумот на Ковачевски склучила договор со ЕВН од над 2 милиони евра appeared first on Република.

„Народ пати, Таче кеш млати“: Осамнаа плакати на „Бихаќка“, во Ѓорче Петров, кај Железничка, под Кале… https://republika.mk/vesti/makedonija/narod-pati-tache-kesh-mlati-osamnaa-plakati-na-bihachka-vo-gjorche-petrov-kaj-zeleznichka-pod-kale/ Thu, 06 Oct 2022 07:10:57 +0000 https://republika.mk/?p=557811

Утрово на повеќе локации низ Скопје осамнаа плакати со порака „Народ пати, Таче кеш млати“. Фотографиите од премиерот висат во Ѓорче Петров, кај Железничка, на „Бихаќка“, под Кале...

Герила акцијата доаѓа после обелоденувањето на аферата „Броило“ поврзана со фирмата „Пиксел груп“, во која како коосновач се јавува токму Димитар Ковачевски, а е формирана заедно со неговиот пријател и кум Горан Паунов.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавија дека оваа фирма, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра и најавија обелоденување на други бизниси поврзани со соларниот картел, како дека еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, „Пиксел груп“ добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/

The post „Народ пати, Таче кеш млати“: Осамнаа плакати на „Бихаќка“, во Ѓорче Петров, кај Железничка, под Кале… appeared first on Република.

]]>

Утрово на повеќе локации низ Скопје осамнаа плакати со порака „Народ пати, Таче кеш млати“. Фотографиите од премиерот висат во Ѓорче Петров, кај Железничка, на „Бихаќка“, под Кале... Герила акцијата доаѓа после обелоденувањето на аферата „Броило“ поврзана со фирмата „Пиксел груп“, во која како коосновач се јавува токму Димитар Ковачевски, а е формирана заедно со неговиот пријател и кум Горан Паунов. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавија дека оваа фирма, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра и најавија обелоденување на други бизниси поврзани со соларниот картел, како дека еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, „Пиксел груп“ добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/

The post „Народ пати, Таче кеш млати“: Осамнаа плакати на „Бихаќка“, во Ѓорче Петров, кај Железничка, под Кале… appeared first on Република.

]]>
Институциите се узурпирани, аферата „Броило“ ќе биде тест за институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/instituciite-se-uzurpirani-aferata-broilo-kje-bide-test-za-instituciite/ Tue, 04 Oct 2022 19:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=557403

Денеска обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава до кумот на Ковачевски затоа што не се извршени работите за надзор при поставување на улично осветлување во Општина Гази Баба, рече членот на ИК и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во вечерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма Телевизија.

На 31.05.2021 година добиле 48 илјади евра е поднесена кривична пријава затоа што комисијата утврдила дека не се извршени соодветните работи кои биле превземени, мислам дека за тоа станува збор за надзор“, рече Лефков.

Лефков посочи дека во етичкиот кодекс се вели дека врвен интерес треба да биде јавниот интерес а на интерес за себе или за свои лични блиски лица.

Замислете било кој премиер во Европа да има вакви исплати на државна помош на фирмата на својот кум и на фирма која сам ја основал замислете тоа каков скандал ќе биде“, кажа Лефков.

Тој чувствува дека се узурпирани институциите. Аферата „Броило“ ќе биде тест за институциите.

Ако вие имате кум и вашиот кум има одредена фирма и таа фирма користи државна помош во време кога ни затвараат 6,500-тини фирми, па ќе го видите министерот за финансии како не убедува дека тој бил природен процес“, изјави Лефков.

Тој посочи дека откако ќе се соберат сите околности ќе се отиде до обвинителство и ќе се тестираат институциите.

Сакаме најпрвин на јавноста на серија прес-конференции да ги изнесеме сите околности кои ги имаме околу овој случај, а тие се многу на крајот кога ќе ги собереме сите ќе отидеме во обвинителство и ќе ги тестираме институциите“, потенцираше Лефков.

The post Институциите се узурпирани, аферата „Броило“ ќе биде тест за институциите appeared first on Република.

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДСМ веќе ја признаа аферата Броило https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-da-ne-ja-zamajuva-javnosta-od-sdsm-vekje-ja-priznaa-aferata-broilo/ Mon, 03 Oct 2022 14:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=556902

Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДС веќе ја признаа аферата Броило. Фирмата на која основач е Ковачевски, Пиксел груп, е во центарот на соларниот картел кој свртел 26 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата на кумот на Ковачевски само од државни тендери добила скоро 2 милиони евра откако е СДС на власт, а во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, истата склучува договор од над 2 милиони евра со ЕВН.

И сето ова се случува додека народот плаќа поскапи сметки за струја, фирмите имаат 5 пати поголеми давачки за електрична енергија, а стотина се затвораат секој месец.

Лицемерието на СДС е огромно. Додека народ пати, тие вртат милиони.

Ковачевски да не бега, да признае и да си поднесе оставка, велат од партијата.

The post ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДСМ веќе ја признаа аферата Броило appeared first on Република.

]]>

Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДС веќе ја признаа аферата Броило. Фирмата на која основач е Ковачевски, Пиксел груп, е во центарот на соларниот картел кој свртел 26 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата на кумот на Ковачевски само од државни тендери добила скоро 2 милиони евра откако е СДС на власт, а во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, истата склучува договор од над 2 милиони евра со ЕВН. И сето ова се случува додека народот плаќа поскапи сметки за струја, фирмите имаат 5 пати поголеми давачки за електрична енергија, а стотина се затвораат секој месец. Лицемерието на СДС е огромно. Додека народ пати, тие вртат милиони. Ковачевски да не бега, да признае и да си поднесе оставка, велат од партијата.
 
The post ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДСМ веќе ја признаа аферата Броило appeared first on Република.

]]>
Лефков: Нови детали од аферата броило – Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-novi-detali-od-aferata-broilo-firmata-na-kovachevski-i-kumot-zarabotila-2-milioni-evra-samo-od-drzavni-tenderi/ Mon, 03 Oct 2022 09:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=556783

Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт, рече Лефков на денешната прес конференција.

Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување.

Аферата броило ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист.

Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии.

Пиксел груп основана од Ковачевски и кумот Паунов, во изминативе 5 години станува централна фирма, околу која се вртат 26 милиони евра на соларниот картел. Но, денес во аферата на дезертерот Ковачевски броило ќе презентираме нови факти.

Втората фирма која се јавува како изведувач на работи е КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски Паунов.

Летале државни тендери за фирмата на кумот која е дел од аферата броило. Кумот на Ковачевски дoбивал работа од државата, а денес со владата раководи токму Ковачевски.

КМГ ЕОЛ Квазар ги добива најголемиот број од договорите со државата кога на власт е СДС. И во рок од неколку години овие фирми го монополизираат пазарот.

Пиксел груп за неполна година од основањето гради фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. На отворањето е присутно цело СДС. Еве фотографии. Погледнете.

Со доаѓањето на СДС на власт почнуваат и тендерите и зделките за соларниот картел. Имено преку КМГ ЕОЛ Квазар, откако е СДС  на власт се земени 2 милиони евра државни тендери.

Се одело од крупни до најситни тендери. Па така само преку ЈКП Комуналец Свети Николе во 4 наврати КМГ ЕОЛ Квазар земала над 100 илјади евра. Еве го и доказот. Почнале со набавка од 19 илјади евра во 2018 година, за на 1.10.2019 година, да склучат договор во висина од 30 илјади евра, па на 14.10.2021 година уште еден oд 19 илјади, и да завршат со уште еден договор од 30 илјади евра на 25.10.2021 година, за целиот овој период власт во Свети Николе е СДС.

Еден од најголемите набавки кои КМГ ЕОЛ Квазар ги вршела за државен субјект се две последователни набавки од страна на ЈП Пасишта, првата од 15.11.2019  во висина од 172 илјади евра и втората двојно поголема од 16.09.2021 во висина од 343 илјади евра, еве ги набавките, склучени во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, односно вкупно над половина милион евра од касата на ЈП Пасишта се слеале на сметката на фирмата на кумот на Ковачевски за неполни две години.
Тендери за КМГ ЕОЛ Квазар имало и од општина Ѓорче Петров, со која фирмата склучува договор на 31.05.2021 година во висина од 48 илјади евра.

Договори се прават и со општина Чаир, еве ги и двата договори, договор Општина Чаир кој на 09.11.2021 година, склучува договор со фирмата на кумот на Ковачевски, кога тој е заменик министер за финансии во висина од 108 илјади евра.

Откако Ковачевски станува заменик министер оваа фирма склучува и договор за изградба на фотоволтаични панели со ЕВН во висина од над 2 милиони евра.

Погледнете ова се тие тендери. Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис партнер на дезертерот Ковачевски.

Повторувам само од ЕВН и државни тендери кој што ги видовте, фирмата на кумот и бизнис партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра.

Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери?

Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел?

Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива.

Додека народот гладува, цените растат, Ковачевски се богати. Продолжуваме во наредните денови со нови сознанија.

The post Лефков: Нови детали од аферата броило – Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери appeared first on Република.

]]>

Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт, рече Лефков на денешната прес конференција.
Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување. Аферата броило ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист. Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии. Пиксел груп основана од Ковачевски и кумот Паунов, во изминативе 5 години станува централна фирма, околу која се вртат 26 милиони евра на соларниот картел. Но, денес во аферата на дезертерот Ковачевски броило ќе презентираме нови факти. Втората фирма која се јавува како изведувач на работи е КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски Паунов. Летале државни тендери за фирмата на кумот која е дел од аферата броило. Кумот на Ковачевски дoбивал работа од државата, а денес со владата раководи токму Ковачевски. КМГ ЕОЛ Квазар ги добива најголемиот број од договорите со државата кога на власт е СДС. И во рок од неколку години овие фирми го монополизираат пазарот. Пиксел груп за неполна година од основањето гради фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. На отворањето е присутно цело СДС. Еве фотографии. Погледнете. Со доаѓањето на СДС на власт почнуваат и тендерите и зделките за соларниот картел. Имено преку КМГ ЕОЛ Квазар, откако е СДС  на власт се земени 2 милиони евра државни тендери. Се одело од крупни до најситни тендери. Па така само преку ЈКП Комуналец Свети Николе во 4 наврати КМГ ЕОЛ Квазар земала над 100 илјади евра. Еве го и доказот. Почнале со набавка од 19 илјади евра во 2018 година, за на 1.10.2019 година, да склучат договор во висина од 30 илјади евра, па на 14.10.2021 година уште еден oд 19 илјади, и да завршат со уште еден договор од 30 илјади евра на 25.10.2021 година, за целиот овој период власт во Свети Николе е СДС. Еден од најголемите набавки кои КМГ ЕОЛ Квазар ги вршела за државен субјект се две последователни набавки од страна на ЈП Пасишта, првата од 15.11.2019  во висина од 172 илјади евра и втората двојно поголема од 16.09.2021 во висина од 343 илјади евра, еве ги набавките, склучени во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, односно вкупно над половина милион евра од касата на ЈП Пасишта се слеале на сметката на фирмата на кумот на Ковачевски за неполни две години. Тендери за КМГ ЕОЛ Квазар имало и од општина Ѓорче Петров, со која фирмата склучува договор на 31.05.2021 година во висина од 48 илјади евра. Договори се прават и со општина Чаир, еве ги и двата договори, договор Општина Чаир кој на 09.11.2021 година, склучува договор со фирмата на кумот на Ковачевски, кога тој е заменик министер за финансии во висина од 108 илјади евра. Откако Ковачевски станува заменик министер оваа фирма склучува и договор за изградба на фотоволтаични панели со ЕВН во висина од над 2 милиони евра. Погледнете ова се тие тендери. Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис партнер на дезертерот Ковачевски. Повторувам само од ЕВН и државни тендери кој што ги видовте, фирмата на кумот и бизнис партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра. Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери? Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел? Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива. Додека народот гладува, цените растат, Ковачевски се богати. Продолжуваме во наредните денови со нови сознанија.  

The post Лефков: Нови детали од аферата броило – Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери appeared first on Република.

]]>
Продолжува аферата „Броило“ вредна над 26 милиони евра со нови детали, додека народот трпи за леб, Ковачевски екстра профитира https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-aferata-broilo-vredna-nad-26-milioni-evra-so-novi-detali-dodeka-narodot-trpi-za-leb-kovachevski-ekstra-profitira/ Mon, 03 Oct 2022 07:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=556668

Додека граѓаните немаат за леб, дезертерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, преку злосторничко здружување екстра профитираат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За кризниот профитер Ковачевски броилото врти за богатење, додека за граѓаните броилото врти за осиромашување.
Во време на енергетска криза, тргувајќи со влијание, профитерот Ковачевски врти над 26 милиони евра, пари на граѓаните.
Додека стопанството плаќа дупло поскапа цена на електричната енергија од регионот, а граѓаните плаќаат енормно високи сметки за електрична енергија, Ковачевски и неговиот кум, Горан Паунов изградиле соларен картел за лично богатење.
Фирмата Пиксен која е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум, и преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар изминативе години, само од државните институции земале над 2 милиони евра.
Над 1.8 милиони евра, соларниот картел земале и од ЕВН, која дел од сопственоста е на државата, каде што сега премиер е профитерот и дезетер Ковачевски.
Исто така фимрите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош.
Аферата Броило продолжува и денес, каде што ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов.
Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија ќе има одговорност, стои во соопштението.

The post Продолжува аферата „Броило“ вредна над 26 милиони евра со нови детали, додека народот трпи за леб, Ковачевски екстра профитира appeared first on Република.

]]>

Додека граѓаните немаат за леб, дезертерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, преку злосторничко здружување екстра профитираат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За кризниот профитер Ковачевски броилото врти за богатење, додека за граѓаните броилото врти за осиромашување. Во време на енергетска криза, тргувајќи со влијание, профитерот Ковачевски врти над 26 милиони евра, пари на граѓаните. Додека стопанството плаќа дупло поскапа цена на електричната енергија од регионот, а граѓаните плаќаат енормно високи сметки за електрична енергија, Ковачевски и неговиот кум, Горан Паунов изградиле соларен картел за лично богатење. Фирмата Пиксен која е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум, и преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар изминативе години, само од државните институции земале над 2 милиони евра. Над 1.8 милиони евра, соларниот картел земале и од ЕВН, која дел од сопственоста е на државата, каде што сега премиер е профитерот и дезетер Ковачевски. Исто така фимрите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош. Аферата Броило продолжува и денес, каде што ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов. Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија ќе има одговорност, стои во соопштението.

The post Продолжува аферата „Броило“ вредна над 26 милиони евра со нови детали, додека народот трпи за леб, Ковачевски екстра профитира appeared first on Република.

]]>