23 мај Archives - Република https://republika.mk/tema/23-maj/ За подобро да се разбереме Tue, 23 May 2023 10:44:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 23 мај Archives - Република https://republika.mk/tema/23-maj/ 32 32 Мицкоски со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-chestitka-po-povod-23-maj-natsionalniot-den-na-vlasite/ Tue, 23 May 2023 10:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=643939

Во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и Ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства, пишува лидероот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата честитка.

На денот на одбележувањето на влашката култура и традиција, мора да се истакне придонесот на влашката заедница во Македонија кон заедничкиот развој. Слогата и соживотот граден со векови наназад во Македонија е основа за трасирањето на заедничката иднина.

И денес кога заедно ги споделуваме тешките мигови за државата со октроирано правосудство, девастирано здравство и образование, во услови на должничка и економска криза, а се’ заради криминалот и корупцијата на власта којашто немилосрдно ја разјадува државата, во услови кога се тргува со македонскиот национален идентитет, но и со унитарниот карактер на државата, убеден сум дека со заеднички сили наскоро ќе се избориме да се вратиме на вистинскиот пат заеднички да продолжиме да ја градиме нашата држава врз темелите на заедничките вредности за да создадеме иднина за следните генерации тука во Македонија.

Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!, стои во честитката на Мицкоски.

The post Мицкоски со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите appeared first on Република.

]]>

Во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и Ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства, пишува лидероот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата честитка. На денот на одбележувањето на влашката култура и традиција, мора да се истакне придонесот на влашката заедница во Македонија кон заедничкиот развој. Слогата и соживотот граден со векови наназад во Македонија е основа за трасирањето на заедничката иднина.
И денес кога заедно ги споделуваме тешките мигови за државата со октроирано правосудство, девастирано здравство и образование, во услови на должничка и економска криза, а се’ заради криминалот и корупцијата на власта којашто немилосрдно ја разјадува државата, во услови кога се тргува со македонскиот национален идентитет, но и со унитарниот карактер на државата, убеден сум дека со заеднички сили наскоро ќе се избориме да се вратиме на вистинскиот пат заеднички да продолжиме да ја градиме нашата држава врз темелите на заедничките вредности за да создадеме иднина за следните генерации тука во Македонија. Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!, стои во честитката на Мицкоски.
 
The post Мицкоски со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со честитка за 23 Мај: Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-so-chestitka-za-23-maj-vlasite-se-neraskinliv-del-na-makedonskata-istorija-segashnost-i-idnina/ Mon, 23 May 2022 08:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=505770

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска им го честиташе 23 Мај, Националниот ден на Власите на сите граѓани на Република Македонија од влашката етничка заедница.

Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина. Со својот културен, општествен и политички придонес учествувале во изградбата на македонската државност и македонскиот општествен мултикултурен мозаик. Власите, влашкиот јазик и култура во Македонија биле и ќе останат важен сегмент на нашето заедничко битисување на овие простори, кој имаме обврска сите заедно да го негуваме, развиваме и почитуваме, вели Мицкоски во честитката.

Мицкоски во честитката вели дека Македонија има традиција на взаемна толеранција, разбирање и почит кон посебностите на сите граѓани низ вековите.

Ние тука во Македонија сме научиле да живееме не само еден покрај друг, туку еден со друг и заедно сме ги надминувале сите предизвици, а во исто време сме ја чувале и граделе татковината. Како што нашите дедовци и прадедовци заедно се бореле за слободата и независноста, имаме аманет таа борба да ја продолжиме, но овој пат за подобра иднина на нашите деца и внуци. Времињата се тешки, кризата, сиромаштијата, безперспективноста и апатичноста се големи, но тоа е мотив повеќе да се сплотиме и да работиме посилно ваквите проблеми да ги решаваме. Да се спротивставиме на криминалот и корупцијата како современо зло кое ја уништува државата, да се спротивставиме на распадот на системот и на вредностите кои заедно не поврзувале. Сите, без разлика на етничката, верската и политичката припадност, мора да оставиме придонес во таа наша борба. Само така ќе создадеме подобра перспектива за нас и за нашите идни поколенија, вели Мицкоски во честитката упатена со сите граѓани од влашката етничка заедница во Македонија.

The post Мицкоски со честитка за 23 Мај: Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина appeared first on Република.

Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/izvrshena-kanonizacija-na-prepodobniot-igumen-joakim-krchovski-od-denes-negovite-moshti-se-sveti/ Sun, 22 May 2022 13:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=505492

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна црква-Охридска архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот св.Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потекнува од Крива Паланка, како и голем број верници од градот и околината.

Преподобниот игумен Јоаким Крчовски се вброи во редот на светите откако Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија вонредна седница, на 10 мај 2022, донесе одлука за канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, внимателно изучувувајќи го неговиот животен пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви.

Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски од денес се сметаат како свети мошти и ќе им се оддава достојна почит.

– Овој чин сите нас кривопаланчани не направи особено горди, а одлуката е исклучително значајна и за градот. Ова е радосен ден и ден на кој се гордееме сите. Веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник, напиша градоначалникот Митовски на својот фејсбук профил.

Според предлогот на МПЦ-ОА, свети Јоаким Крчовски ќе се прославува на 23 мај.

The post Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети appeared first on Република.

]]>

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна црква-Охридска архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот св.Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потекнува од Крива Паланка, како и голем број верници од градот и околината.
Преподобниот игумен Јоаким Крчовски се вброи во редот на светите откако Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија вонредна седница, на 10 мај 2022, донесе одлука за канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, внимателно изучувувајќи го неговиот животен пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви. Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски од денес се сметаат како свети мошти и ќе им се оддава достојна почит. – Овој чин сите нас кривопаланчани не направи особено горди, а одлуката е исклучително значајна и за градот. Ова е радосен ден и ден на кој се гордееме сите. Веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник, напиша градоначалникот Митовски на својот фејсбук профил. Според предлогот на МПЦ-ОА, свети Јоаким Крчовски ќе се прославува на 23 мај.

The post Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети appeared first on Република.

]]>