20 проценти Archives - Република https://republika.mk/tema/20-procenti/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Apr 2023 14:38:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 20 проценти Archives - Република https://republika.mk/tema/20-procenti/ 32 32 Знаете како се чувствуваат Македонците од психолошки и емотивен аспект: згазено, искрадено, понижено, девастирано, мајоризирано, идентитетски загрозени и упропастени https://republika.mk/vesti/makedonija/znaete-kako-se-chuvstvuvaat-makedontsite-od-psiholoshki-i-emotiven-aspekt-zgazeno-iskradeno-ponizheno-devastirano-majorizirano-identitetski-zagrozeni-i-upropasteni/ Mon, 03 Apr 2023 14:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=626774

Изјавата на поранешниот пратеник, министер за здравство и претседателски кандидат Имер Селмани дека „суштината е да не бидеме бројки или проценти, туку да се каже јасно и гласно дека се работи за албанскиот јазик” го испрвоцира Ивор Мицковски да ги запраша нашите сограѓани, албанските политиканти дали знаат како се чувствуваат Македонците 30 години по осамостојувањето.

Ова е еден психолошки и емоционален момент, вика Селмани за бришењето 20% од Уставот и прифаќањето на „албанскиот јазик“ во македонскиот Устав.
Знаете каде стојат и како се чувствуваат Македонците од психолошки и емотивен аспект?
Згазено, искрадено, понижено, девастирано, мајоризирано, идентитетски загрозени и упропастени.
Не велам дека се тоа е реално, ама емотивно и психолошки сигурно е точно.
Македонците мораа да бидат и се уште се 30 години негирани после осамостојувањето, да направат претешки компромиси, да сменат знаме, име, да задоволат туѓи права после воен конфликт, да живеат со фактот дека секоја група или пејач им менува химна и партизански песни, да се помират дека секој државник или странски функционер погрешно ги именува, да секогаш некој сосед им негира јазик, историја, култура, антифашизам и се што не прави нација.
И сега кога треба уште едно силување да прифатиме и да бидеме повторно, по 100 пат прагматични, нашите сограѓани или нивните претставници ни зборат за нивните етнички психолошко-емотивни состојби.
Да можеше да се стави градација на немање осет и солидарност од албанските политиканти кон македонските граѓани, вие дечки го пробивте секој плафон и секое дно.
Малку осет е потребен, не само себично етничко поентирање и самозадоволување.

The post Знаете како се чувствуваат Македонците од психолошки и емотивен аспект: згазено, искрадено, понижено, девастирано, мајоризирано, идентитетски загрозени и упропастени appeared first on Република.

]]>

Изјавата на поранешниот пратеник, министер за здравство и претседателски кандидат Имер Селмани дека „суштината е да не бидеме бројки или проценти, туку да се каже јасно и гласно дека се работи за албанскиот јазик” го испрвоцира Ивор Мицковски да ги запраша нашите сограѓани, албанските политиканти дали знаат како се чувствуваат Македонците 30 години по осамостојувањето.
Ова е еден психолошки и емоционален момент, вика Селмани за бришењето 20% од Уставот и прифаќањето на „албанскиот јазик“ во македонскиот Устав. Знаете каде стојат и како се чувствуваат Македонците од психолошки и емотивен аспект? Згазено, искрадено, понижено, девастирано, мајоризирано, идентитетски загрозени и упропастени. Не велам дека се тоа е реално, ама емотивно и психолошки сигурно е точно. Македонците мораа да бидат и се уште се 30 години негирани после осамостојувањето, да направат претешки компромиси, да сменат знаме, име, да задоволат туѓи права после воен конфликт, да живеат со фактот дека секоја група или пејач им менува химна и партизански песни, да се помират дека секој државник или странски функционер погрешно ги именува, да секогаш некој сосед им негира јазик, историја, култура, антифашизам и се што не прави нација. И сега кога треба уште едно силување да прифатиме и да бидеме повторно, по 100 пат прагматични, нашите сограѓани или нивните претставници ни зборат за нивните етнички психолошко-емотивни состојби. Да можеше да се стави градација на немање осет и солидарност од албанските политиканти кон македонските граѓани, вие дечки го пробивте секој плафон и секое дно. Малку осет е потребен, не само себично етничко поентирање и самозадоволување.

The post Знаете како се чувствуваат Македонците од психолошки и емотивен аспект: згазено, искрадено, понижено, девастирано, мајоризирано, идентитетски загрозени и упропастени appeared first on Република.

]]>
Беса: Бараме разбирање од нашите сограѓани Македонци да се отстрани потценувачкиот термин 20% од Уставот https://republika.mk/vesti/makedonija/besa-barame-razbirane-od-nashite-sogragani-makedontsi-da-se-otstrani-pottsenuvachkiot-termin-20-od-ustavot/ Mon, 23 Jan 2023 19:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=600151

Беса ќе гласа за уставните измени, но бара прво да се отстрани терминот „20%“ од Уставот на Македонија, што се однесува на Албанците. Генералниот секретар на Беса Авдуш Демири во изјава за ТВ21 вели дека не водат политики на условување, но бара сите страни да имаат разбирање дека ова прашање треба да се реши еднаш засекогаш.

Ние не ги разбираме политиките на условување. Ние ја разбираме политиката на постигнување одлуки со дијалог и ставови кои ќе бидат во интерес на граѓаните и таква е и нашата иницијатива дека оваа одлука не загрозува никого и бараме разбирање од нашите сограѓани Македонци бидејќи и тие се на тест со ова прашање дека овој потценувачки термин треба да се отстрани од Уставот на Македонија.

The post Беса: Бараме разбирање од нашите сограѓани Македонци да се отстрани потценувачкиот термин 20% од Уставот appeared first on Република.

„20% е навреда за Албанците“ – БЕСА: И од последниот попис излезе дека сме повеќе https://republika.mk/vesti/makedonija/20-e-navreda-za-albancite-besa-i-od-posledniot-popis-izleze-deka-sme-povekje/ Mon, 31 Oct 2022 18:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=567987

Движење Беса уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот ќе ги условува со отстранување на 20 отсто како дефиниција за Албанците Од Беса бараат во истата процедура да се направи и оваа измена.

Нашиот став како Движење Беса е дека 20% треба да се тргнат од Уставот од причина што тоа е навредливо за нас како народ. И од последниот попис излезе резултатот дека сме повеќе и за оваа позиција ќе продолжиме со нашите сили во парламентот да бараме да се отстранат овие 20%. Нашиот став е таков, во моментот кога ќе се отвори Уставот за да ги вклучи Бугарите како уставна категорија, вели потпретседателот на движењето БЕСА, Блерим Сејдиу.

Во меѓувреме, за ова прашање во текот на наредната недела Движење Беса планира следната средба да ја свика во рамките на тркалезната маса на албанските парламентарни партии на која ќе се разговара за процесот на уставни измени, но засега се уште немаат одреден датум за состанокот.

Тоа е тема за која се разговараше и во минатото претседателство и за која нормално ќе имаме официјален став во наредните денови. Тоа е тема за која имаме наши мислења како политичка партија, но во наредните денови ќе имаме свој официјален став, вели Сејдиу.

The post „20% е навреда за Албанците“ – БЕСА: И од последниот попис излезе дека сме повеќе appeared first on Република.

За Беса е скандалозна изјавата на Ахмети дека не му се брза за промена на „20%“ со „албански јазик“ https://republika.mk/vesti/makedonija/za-besa-skandalozna-izjavata-na-ahmeti-deka-ne-mu-se-brza-za-promena-na-20-so-albanski-jazik/ Sun, 30 Oct 2022 21:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=567588

Првиот човек на ДУИ Али Ахмети вели дека 20-те отсто во Уставот не ја загрозуваат албанската супстанца во Македонија, додавајќи дека промената на овој термин ќе биде направен во вистински момент, но без да прецизира кога точно, објави ТВ21.

Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 мандати со 2/3, бидејќи тоа е промена на Уставот, овој проблем може да се поправи. Ве уверувам дека 20% не влијае на албанската супстанца во оваа земја и не сум загрижен дека тоа нема да се случи утре. Тоа ќе се случи во вистински момент со договор затоа што сограѓаните Македонци ништо не губат ако од 20% се пишува албански народ, рече Ахмети.

Но, од Беса ваквата изјава на Ахмети ја сметаат за скандалозна. Овој субјект го овласти својот шеф Биљал Касами да ги покани на заедничка маса албанските парламентарни партии.

Штета е да се слушне од албански лидер дека „20%“ не влијае на албанската супстанција бидејќи овој термин е потценувачки за албанскиот народ во земјава. Што се однесува до евентуалната средба на албанските партии, Движењето БЕСА на последниот состанок на Централното раководство донесе одлука да го овласти претседателот на партијата да организира повик за следната средба во рамките на заедничката маса на албанските парламентарни партии во согласност со политичкиот договор на албанските партии во РСМ, велат од Беса.

The post За Беса е скандалозна изјавата на Ахмети дека не му се брза за промена на „20%“ со „албански јазик“ appeared first on Република.

Апасиев: Таравари, Села, Хоџа, Касами имате само еден избор – сменете ја плочата или ДУИ ќе ве сомеле https://republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-taravari-sela-hodza-kasami-imate-samo-eden-izbor-smenete-ja-plochata-ili-dui-kje-ve-somele/ Sat, 22 Oct 2022 19:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=564437

Лидерот на Левица Димитар Апасиев упати критики до албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Беса.

Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори“, напиша Апасиев на фејсбук.

Алијансата за Албанците и Беса ја коментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен за укинување на терминот „20 проценти“ , но истовремено да се разговара за укинување на Бадинтеровото мнозинство и балансерот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-i-besa-terminot-20-ne-navreduva-a-badinter-ne-shtiti/

The post Апасиев: Таравари, Села, Хоџа, Касами имате само еден избор – сменете ја плочата или ДУИ ќе ве сомеле appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Левица Димитар Апасиев упати критики до албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Беса.
Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори“, напиша Апасиев на фејсбук.
Алијансата за Албанците и Беса ја коментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен за укинување на терминот „20 проценти“ , но истовремено да се разговара за укинување на Бадинтеровото мнозинство и балансерот. https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-i-besa-terminot-20-ne-navreduva-a-badinter-ne-shtiti/

The post Апасиев: Таравари, Села, Хоџа, Касами имате само еден избор – сменете ја плочата или ДУИ ќе ве сомеле appeared first on Република.

]]>
АА и Беса: Терминот „20%“ нè навредува, а Бадинтер нè штити https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-i-besa-terminot-20-ne-navreduva-a-badinter-ne-shtiti/ Sat, 22 Oct 2022 19:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=564433

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ e навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, коментираат од Алијансата за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-da-razgovaram-za-nov-dogovor-za-makedonija-so-koj-kje-ja-izbrisheme-normata-20-od-ustavot-no-i-badenter-i-balanser/

За нас е подеднакво навредливо кога јазикот на нашите сограѓани се нарекува северномакедонски или славомакедонски, а понекогаш и поинаку. Затоа, проблемот од 20 проценти г. Мицкоски и другите мора еднаш засекогаш да го сфатат како што треба, тргнувајќи од самите себе, а никако да не ја збунуваат јавноста создавајќи амалгами со Балансер, којшто во суштина е алатка за планирање на вработувања во јавниот сектор за остварување на уставната обврска за соодветна застапеност на заедниците, велат од АА.

Од таму додаваат дека Бадентер или таканареченото двојно гласање е европски стандард за одржување на мирот и стабилноста што беше воспоставен во републиките од поранешниот комунистички блок по големите трагедии како што се војните во поранешна Југославија.

Овој механизам го носи името на неговиот творец Роберт Бадентер, поранешен министер за правда и поранешен претседател на уставниот суд на Франција, или светилникот на просветителството и европската демократија. Секое прекршување на овој механизам на консоцијална демократија би било ретроградно и би донело последици кои никој од нас не би ги посакал. Ако ова двојно гласање е „проблематично“ за некого, треба да се земе предвид дека многу земји слични на нашата го имаат регулирано ова прашање со дводомен парламент, кој треба да се стави на маса доколку во иднина се отвори ваква расправа“, велат од партијата предводена од Арбен Таравари.

Инаку, реагираа и од втората албанска опозициска партија – Беса, чиј потпретседател Аријанит Хоџа на фејсбук напиша дека паралелата која Мицкоски се обидува да ја направи помеѓу терминот „20%“ и Бадентер механизмот е несоодветна.

„Терминот „20%“, е навредлив термин за јазикот на втората по големина нација во Македонија, додека Бадентеровиот механизам е политичка алатка која ги штити етничките заедници од мајоризацијата која настана против албанскиот политички фактор. Затоа, обидот да ги „пазарите“ овие две прашања во уставните промени не е ниту рационален ниту помага во тековната градење на меѓуетничката кохезија во државата“, напиша Хоџа.

The post АА и Беса: Терминот „20%“ нè навредува, а Бадинтер нè штити appeared first on Република.

]]>

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ e навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, коментираат од Алијансата за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот. https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-da-razgovaram-za-nov-dogovor-za-makedonija-so-koj-kje-ja-izbrisheme-normata-20-od-ustavot-no-i-badenter-i-balanser/