Семејство Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/semejstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 09:13:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Семејство Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/semejstvo/ 32 32 Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по лекувањето од рак https://republika.mk/zivot/semejstvo/kralot-charls-treti-se-vraka-na-javnite-dolzhnosti-po-lekuvaneto-od-rak/ Tue, 30 Apr 2024 09:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=772503

Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по позитивниот ефект од лекувањето од рак, пренесе ДПА.

Кралот Чарлс од почетокот на февруари се лекува во дневна болница, а извори рекле дека и покрај добрите вести, кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува од болеста за која не се откриваат детали.

Чарлс и кралицата консорт Камила денеска ќе посетат центар за лекување на рак за да се сретнат со медицински специјалисти и пациенти.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за важноста на раната дијагноза и да ги истакне иновативните истражувања, поддржани од Cancer Research UK, кои се спроведуваат во болницата.

Британскиот крал Чарлс во јануари помина три ноќи во болница за операција на зголемена простата, при што му беше откриен рак, но не рак на простата.

Откако неговата дијагноза беше објавена на 6 февруари, тој ги одложи сите јавни ангажмани, но продолжи со своите должности како шеф на државата во палатата, со аудиенции и состаноци.

The post Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по лекувањето од рак appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по позитивниот ефект од лекувањето од рак, пренесе ДПА. Кралот Чарлс од почетокот на февруари се лекува во дневна болница, а извори рекле дека и покрај добрите вести, кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува од болеста за која не се откриваат детали. Чарлс и кралицата консорт Камила денеска ќе посетат центар за лекување на рак за да се сретнат со медицински специјалисти и пациенти. Настанот има за цел да ја подигне свеста за важноста на раната дијагноза и да ги истакне иновативните истражувања, поддржани од Cancer Research UK, кои се спроведуваат во болницата. Британскиот крал Чарлс во јануари помина три ноќи во болница за операција на зголемена простата, при што му беше откриен рак, но не рак на простата. Откако неговата дијагноза беше објавена на 6 февруари, тој ги одложи сите јавни ангажмани, но продолжи со своите должности како шеф на државата во палатата, со аудиенции и состаноци.

The post Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по лекувањето од рак appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари доаѓа во Лондон, но Кралот Чарлс нема време да го прими https://republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-hari-doaga-vo-london-no-kralot-charls-nema-vreme-da-go-primi/ Tue, 30 Apr 2024 08:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=772480

Принцот Хари пристигнува во Лондон, но се чини, нема да се сретне со својот татко, британскиот крал Чарлс. Веројатноста за подолга средба е многу мала, како што пишуваат британските медиуми, наводно бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично густ.

Хари патува за Велика Британија по повод свеченоста за 10-годишнината од „Инвиктус игрите“. Тој утре ќе биде на богослужбата на благодарност во лондонската катедрала „Сент Пол“, каде што се очекува и принцот да одржи говор.

„Телеграф“ пишува дека кралот најверојатно нема да го прими принцот бидејќи неговата посета се совпаѓа со враќањето на кралот на јавните должности. А, на денот кога Хари ќе дојде во Лондон, Чарлс има средба со премиерот на Англија.

Не се очекува, исто така, Хари да се сретне ниту со Вилијам и Кејт. Инаку, иако е познато дека двајцата браќа се скарани со години, Хари и Меган јавно ѝ испратија поздрави и желби за побрзо оздравување на Кејт кога таа ја објави веста за болеста.

The post Принцот Хари доаѓа во Лондон, но Кралот Чарлс нема време да го прими appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари пристигнува во Лондон, но се чини, нема да се сретне со својот татко, британскиот крал Чарлс. Веројатноста за подолга средба е многу мала, како што пишуваат британските медиуми, наводно бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично густ. Хари патува за Велика Британија по повод свеченоста за 10-годишнината од „Инвиктус игрите“. Тој утре ќе биде на богослужбата на благодарност во лондонската катедрала „Сент Пол“, каде што се очекува и принцот да одржи говор. „Телеграф“ пишува дека кралот најверојатно нема да го прими принцот бидејќи неговата посета се совпаѓа со враќањето на кралот на јавните должности. А, на денот кога Хари ќе дојде во Лондон, Чарлс има средба со премиерот на Англија. Не се очекува, исто така, Хари да се сретне ниту со Вилијам и Кејт. Инаку, иако е познато дека двајцата браќа се скарани со години, Хари и Меган јавно ѝ испратија поздрави и желби за побрзо оздравување на Кејт кога таа ја објави веста за болеста.

The post Принцот Хари доаѓа во Лондон, но Кралот Чарлс нема време да го прими appeared first on Република.

]]>
Фановите во шок: На годишнината од венчавката на Кејт и Вилијам, објавена црно-бела фотографија од свадбата https://republika.mk/zivot/semejstvo/fanovite-vo-shok-na-godishninata-od-venchavkata-na-kejt-i-vilijam-objavena-tsrno-bela-fotografija-od-svadbata/ Mon, 29 Apr 2024 16:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=772308

Принцезата и принцот од Велс Кејт Мидлтон и Вилијам денеска ја слават 13-годишнината од бракот. Оваа убава пригода дојде во тежок момент за целото семејство. Љубовта на славните сопружници е особено на испит откако беше откриено дека принцезата има рак и влезе во процес на лекување.

И со оваа тажна симболика на бројот 13, Кејт и Вилијам покажаа дека нивниот брак е силен. Имено, тие на својот официјален профил на социјалните мрежи објавија досега невидена фотографија од нивната гламурозна венчавка која ја следеше цел свет.

Младенците се смешкаат на оваа објава, полни со ентузијазам за се што им носи иднината. Обожавателите се воодушевени од оваа објава бидејќи со недели ја чекаат судбината на саканата принцеза.

Но, имаше и такви кои во коментар велат дека фотографијата е црно-бела и дека симболиката е мрачна знаејќи дека Кејт се бори за закрепнување.

– Зошто црно-бела фотографија?

– Се шокирав кога ја видов црната боја, таа навестува лоши работи.

– Зарем не можеше да има посреќна фотографија?

– Црно-белите фотографии не се објавуваат освен ако некој не умрел – ова се само дел од бројните коментари.

 

The post Фановите во шок: На годишнината од венчавката на Кејт и Вилијам, објавена црно-бела фотографија од свадбата appeared first on Република.

]]>

Принцезата и принцот од Велс Кејт Мидлтон и Вилијам денеска ја слават 13-годишнината од бракот. Оваа убава пригода дојде во тежок момент за целото семејство. Љубовта на славните сопружници е особено на испит откако беше откриено дека принцезата има рак и влезе во процес на лекување. И со оваа тажна симболика на бројот 13, Кејт и Вилијам покажаа дека нивниот брак е силен. Имено, тие на својот официјален профил на социјалните мрежи објавија досега невидена фотографија од нивната гламурозна венчавка која ја следеше цел свет. Младенците се смешкаат на оваа објава, полни со ентузијазам за се што им носи иднината. Обожавателите се воодушевени од оваа објава бидејќи со недели ја чекаат судбината на саканата принцеза. Но, имаше и такви кои во коментар велат дека фотографијата е црно-бела и дека симболиката е мрачна знаејќи дека Кејт се бори за закрепнување. – Зошто црно-бела фотографија? – Се шокирав кога ја видов црната боја, таа навестува лоши работи. – Зарем не можеше да има посреќна фотографија? – Црно-белите фотографии не се објавуваат освен ако некој не умрел – ова се само дел од бројните коментари.  

The post Фановите во шок: На годишнината од венчавката на Кејт и Вилијам, објавена црно-бела фотографија од свадбата appeared first on Република.

]]>
Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб https://republika.mk/zivot/semejstvo/vlosheno-e-zdravjeto-na-kralot-charls-aktivirana-operatsijata-menai-bridh-za-kralskiot-pogreb/ Fri, 26 Apr 2024 09:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=771302

Операција „Менаи Бриџ“ е кодно име за плановите поврзани со смртта на кралот Чарлс. Иако деталите за планот се строго чувани, неговото заминување ќе предизвика итни промени и во монархијата и во Обединетото Кралство.

Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека здравствената состојба на 75-годишниот монарх не е добра туку постепено се влошува, поради што претставниците на Бакингемската палата почнаа редовно да го ажурираат планот за неговиот претстоен погреб – подготовките за тоа, како куриозитет, започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета.

Кралот Чарлс Трети долго време е далеку од очите на јавноста, а особено по неговата објава во февруари дека боледува од рак, тој избира да не се појавува во јавноста, очигледно за да ја сокрие својата лоша здравствена состојба.

Се потсетува дека кралот Чарлс никогаш не открил од каков рак боледува, но признал дека не станува збор за рак на простата, кој е еден од најизлечивите облици на болеста.

Деталните документи беа создадени еден ден по погребот на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година. Британските власти потврдија за „Дејли Бист“ дека „Операцијата Менаи Бриџ“ редовно се ажурира, но нагласија дека ова е формалност и дека „би било неразумно од овој факт се извлекуваат какви било заклучоци.

Сите членови на кралското семејство имаат ажурирани планови за нивните погреби категоризирани според кодни имиња засновани на мостови. На пример, планот за погребот на кралицата Елизабета беше наречен „Операција Лондон Бриџ“.

The post Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб appeared first on Република.

]]>

Операција „Менаи Бриџ“ е кодно име за плановите поврзани со смртта на кралот Чарлс. Иако деталите за планот се строго чувани, неговото заминување ќе предизвика итни промени и во монархијата и во Обединетото Кралство. Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека здравствената состојба на 75-годишниот монарх не е добра туку постепено се влошува, поради што претставниците на Бакингемската палата почнаа редовно да го ажурираат планот за неговиот претстоен погреб – подготовките за тоа, како куриозитет, започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета. Кралот Чарлс Трети долго време е далеку од очите на јавноста, а особено по неговата објава во февруари дека боледува од рак, тој избира да не се појавува во јавноста, очигледно за да ја сокрие својата лоша здравствена состојба. Се потсетува дека кралот Чарлс никогаш не открил од каков рак боледува, но признал дека не станува збор за рак на простата, кој е еден од најизлечивите облици на болеста. Деталните документи беа создадени еден ден по погребот на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година. Британските власти потврдија за „Дејли Бист“ дека „Операцијата Менаи Бриџ“ редовно се ажурира, но нагласија дека ова е формалност и дека „би било неразумно од овој факт се извлекуваат какви било заклучоци. Сите членови на кралското семејство имаат ажурирани планови за нивните погреби категоризирани според кодни имиња засновани на мостови. На пример, планот за погребот на кралицата Елизабета беше наречен „Операција Лондон Бриџ“.

The post Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб appeared first on Република.

]]>
Грчкиот принц и принцезата се разведуваат по 14 години брак https://republika.mk/zivot/semejstvo/grchkiot-prints-i-printsezata-se-razveduvaat-po-14-godini-brak/ Tue, 23 Apr 2024 14:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=769662

Принцот Николаос Глуксбург, некогаш наречен Плејбој принц, и принцезата Татјана се разведуваат по 14 години брак.

Веста за разводот ја објавија на официјалната веб-страница на поранешното кралско семејство (во Грција монархијата беше укината во 1973 година, но членовите на семејството ги задржаа титулите).

Би сакале да ве информираме за важната одлука донесена од принцот Николаос и принцезата Татјана. По четиринаесет години брак, тие одлучија да го распуштат својот сојуз со заедничка согласност. Оваа одлука беше донесена многу промислено и со взаемно почитување. Тие се засекогаш благодарни еден на друг за моментите што ги споделија.

Принцот Николаос е трето дете на последниот грчки крал Константин II, кој бил близок пријател на кралот Чарлс. Последниот грчки монарх починал во јануари 2023 година на 82-годишна возраст, откако претрпел мозочен удар. Татјана Блатник, родена во Венецуела, се омажила за Николаос во 2010 година.

Не се чувствувам како принцеза. Не се чувствувам како да сум се омажила за принц, со титула. Па, всушност, да, тој е мојот принц, но ништо повеќе", рекла таа еднаш по венчавката.

Нејзиниот татко Ладислав Блатник се преселил во Венецуела од Кралството Југославија, а извесно време бил во врска со актерката Натали Вуд.

 

The post Грчкиот принц и принцезата се разведуваат по 14 години брак appeared first on Република.

]]>

Принцот Николаос Глуксбург, некогаш наречен Плејбој принц, и принцезата Татјана се разведуваат по 14 години брак. Веста за разводот ја објавија на официјалната веб-страница на поранешното кралско семејство (во Грција монархијата беше укината во 1973 година, но членовите на семејството ги задржаа титулите).
Би сакале да ве информираме за важната одлука донесена од принцот Николаос и принцезата Татјана. По четиринаесет години брак, тие одлучија да го распуштат својот сојуз со заедничка согласност. Оваа одлука беше донесена многу промислено и со взаемно почитување. Тие се засекогаш благодарни еден на друг за моментите што ги споделија.
Принцот Николаос е трето дете на последниот грчки крал Константин II, кој бил близок пријател на кралот Чарлс. Последниот грчки монарх починал во јануари 2023 година на 82-годишна возраст, откако претрпел мозочен удар. Татјана Блатник, родена во Венецуела, се омажила за Николаос во 2010 година.
Не се чувствувам како принцеза. Не се чувствувам како да сум се омажила за принц, со титула. Па, всушност, да, тој е мојот принц, но ништо повеќе", рекла таа еднаш по венчавката.
Нејзиниот татко Ладислав Блатник се преселил во Венецуела од Кралството Југославија, а извесно време бил во врска со актерката Натали Вуд.  

The post Грчкиот принц и принцезата се разведуваат по 14 години брак appeared first on Република.

]]>
Си зел жена Албанка за 1.500 евра, занемел од тоа што му го направила пред првата брачна ноќ https://republika.mk/zivot/semejstvo/si-zel-zhena-albanka-za-1-500-evra-zanemel-od-toa-shto-mu-go-napravila-pred-prvata-brachna-nok/ Sun, 14 Apr 2024 14:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=765225

На Балканот уште постојат договорени бракови, а како посебен случај се издвојува и договарањето или „купувањето“ на жени од Албанија, за кои „старите ергени“ даваат и по неколку илјади евра.

https://arhiva.republika.mk/462143

Но, еден таков случај заврши и во судница, откако невестата побегнала.

Основното обвинителство во Прокупље, Србија, испратило барање до Обвинителството во Албанија да им помогне да го истражат случајот со измама на невеста Албанка, која поминала само неколку часа со младоженецот.

https://republika.mk/vesti/balkan/dragan-zaminal-po-zhena-vo-albanija-vakvo-iznenaduvane-ne-ochekuval-od-soselanite-koga-se-vratil-so-nea/

Тие се посомневале дека станува збор за измама, односно дека групата која посредува бракови со Албанки го излажала младоженецот, кому му зеле 1.500 евра, а девојката со која требало да се омажи му побегнала.

Таа се појавила во Прокупље во придружба на жена, раководителка во агенцијата, а со неа бил и маж кој на младоженецот му бил претставен како нејзин вујко. Невестата останала во куќата на младоженецот неколку часа, но кога дошла ноќта му избегала.

https://arhiva2.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gledav-da-e-chovek-a-ne-kolku-kosa-ima-na-glava-raskazuva-elida-od-drach-za-dogovoreniot-brak-vo-makedonija/

По залудната потрага која траела со денови, сфатил дека е измамен и се обратил до истражните органи.

Не ја имаа ни првата брачна ноќ, а покрај парите што ги даде на Агенцијата за посредување ги плати и патните трошоци за целото семејство. Сигурно се уште има слични случаи во Прокупље и околината, но никој не ги пријавува, најмногу поради срам. Слична ситуација неодамна е забележана и во Куршумлија, а младоженецот останал покус за 1.000 евра, пренесува извор од Обвинителството за српските медиуми.

The post Си зел жена Албанка за 1.500 евра, занемел од тоа што му го направила пред првата брачна ноќ appeared first on Република.

]]>

На Балканот уште постојат договорени бракови, а како посебен случај се издвојува и договарањето или „купувањето“ на жени од Албанија, за кои „старите ергени“ даваат и по неколку илјади евра. https://arhiva.republika.mk/462143 Но, еден таков случај заврши и во судница, откако невестата побегнала. Основното обвинителство во Прокупље, Србија, испратило барање до Обвинителството во Албанија да им помогне да го истражат случајот со измама на невеста Албанка, која поминала само неколку часа со младоженецот. https://republika.mk/vesti/balkan/dragan-zaminal-po-zhena-vo-albanija-vakvo-iznenaduvane-ne-ochekuval-od-soselanite-koga-se-vratil-so-nea/ Тие се посомневале дека станува збор за измама, односно дека групата која посредува бракови со Албанки го излажала младоженецот, кому му зеле 1.500 евра, а девојката со која требало да се омажи му побегнала. Таа се појавила во Прокупље во придружба на жена, раководителка во агенцијата, а со неа бил и маж кој на младоженецот му бил претставен како нејзин вујко. Невестата останала во куќата на младоженецот неколку часа, но кога дошла ноќта му избегала. https://arhiva2.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gledav-da-e-chovek-a-ne-kolku-kosa-ima-na-glava-raskazuva-elida-od-drach-za-dogovoreniot-brak-vo-makedonija/ По залудната потрага која траела со денови, сфатил дека е измамен и се обратил до истражните органи.
Не ја имаа ни првата брачна ноќ, а покрај парите што ги даде на Агенцијата за посредување ги плати и патните трошоци за целото семејство. Сигурно се уште има слични случаи во Прокупље и околината, но никој не ги пријавува, најмногу поради срам. Слична ситуација неодамна е забележана и во Куршумлија, а младоженецот останал покус за 1.000 евра, пренесува извор од Обвинителството за српските медиуми.

The post Си зел жена Албанка за 1.500 евра, занемел од тоа што му го направила пред првата брачна ноќ appeared first on Република.

]]>
Бранко Црвенковски ја омажи ќерката https://republika.mk/zivot/semejstvo/branko-tsrvenkovski-ja-omazhi-kerkata/ Sun, 14 Apr 2024 13:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=765942

Синоќа  се омажи ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија . Дамјан и Марија стапија во брак а првиот танц го изиграа со песната од Владо Јаневски „Љубовта е моја религија“.

Свадбената веселба ја прави во еден од најпознатите скопски хотели.

Нека им е со среќа на младенците.

 

 

The post Бранко Црвенковски ја омажи ќерката appeared first on Република.

]]>

Синоќа  се омажи ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија . Дамјан и Марија стапија во брак а првиот танц го изиграа со песната од Владо Јаневски „Љубовта е моја религија“. Свадбената веселба ја прави во еден од најпознатите скопски хотели. Нека им е со среќа на младенците.    

The post Бранко Црвенковски ја омажи ќерката appeared first on Република.

]]>
Да помогнеме за полесно секојдневие на Војдан https://republika.mk/zivot/semejstvo/da-pomogneme-za-polesno-sekojdnevie-na-vojdan/ Thu, 11 Apr 2024 10:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=764902

Потребна е помош за малиот Војдан, дете со церебрална парализа кое веќе трета година се лекува во Загреб, Хрватска.

Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот.

-71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома. Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката, вели неговата мајка.

Повеќе детали како да донирате овде.

The post Да помогнеме за полесно секојдневие на Војдан appeared first on Република.

]]>

Потребна е помош за малиот Војдан, дете со церебрална парализа кое веќе трета година се лекува во Загреб, Хрватска. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. -71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома. Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката, вели неговата мајка. Повеќе детали како да донирате овде.

The post Да помогнеме за полесно секојдневие на Војдан appeared first on Република.

]]>
Саша Барон Коен и Исла Фишер се разведуваат по 13 години брак https://republika.mk/zivot/semejstvo/sasha-baron-koen-i-isla-fisher-se-razveduvaat-po-13-godini-brak/ Sat, 06 Apr 2024 15:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=763150

Саша Барон Коен и неговата сопруга Исла Фишер објавија дека се разведуваат по 13 години брак.

Актерската двојка ја сподели веста за нивниот развод во заедничко Story на Instagram.

По долг тениски меч кој траеше повеќе од дваесет години, конечно ги спуштаме нашите рекети. Во 2023 година заеднички поднесовме барање за развод“, се вели во објавата.

Фишер и Барон Коен се венчаа на 15 март 2010 година и имаат три деца.

 

The post Саша Барон Коен и Исла Фишер се разведуваат по 13 години брак appeared first on Република.

]]>

Саша Барон Коен и неговата сопруга Исла Фишер објавија дека се разведуваат по 13 години брак. Актерската двојка ја сподели веста за нивниот развод во заедничко Story на Instagram.
По долг тениски меч кој траеше повеќе од дваесет години, конечно ги спуштаме нашите рекети. Во 2023 година заеднички поднесовме барање за развод“, се вели во објавата.
Фишер и Барон Коен се венчаа на 15 март 2010 година и имаат три деца.  

The post Саша Барон Коен и Исла Фишер се разведуваат по 13 години брак appeared first on Република.

]]>
Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители https://republika.mk/zivot/semejstvo/makstil-stanuva-strateshki-partner-na-sos-detsko-selo-kompanijata-ke-se-grizhi-za-se-shto-im-treba-na-pet-detsa-bez-roditeli/ Wed, 27 Mar 2024 16:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=759405

Пет деца без родители и нивната згрижувачка ќе бидат под закрила на компанијата Макстил, која ќе обезбедува се што им е потребно на овие деца, за да почувдтвуваат што значи да се има топол дом. Кумството на куќата, односно земањето обврска за грижа за овие деца, е дел од новото стратешко партнерство на Макстил со СОС Детско село со кое компанијата станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата.

Донацијата за СОС Детско село, произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за активна грижа за ранливите групи и придонес за подобрување на нивната добросостојба.

Влегувањето во ова стратешко партнерство со СОС Детско село значи надградување на нашата општествено одговорна улога и нашето влијание во создавањето позитивни промени. Да се биде клучен поддржувач на згрижувачка куќа од СОС Детско село значи да се прифатат вредностите што оваа организација ги застапува, да се поддржат напорите за создавање семејство и семејна грижа за секое дете.

 

Макстил како компанија заедно со своите вработени, целосно ја прифаќа одговорноста да бидеме главен помагач и пријател на ова семејство и со тоа да ги пренесеме најважните семејни вредности, заедништво, грижа и создавање топол дом за децата кои живеат во кумската куќа. Со ова партнерство, истовремено ги поттикнуваме и мотивираме истите релации и меѓу нашите вработени и партнери и иницираме пошироко позитивно влијание во зацврстување на традиционалните семејни вредности“, истакна генерална директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска, при потпишувањето на договорот за партнерство со СОС Детско село.

Донацијата на Макстил во голема мера ги покрива потребите на семејството и одржувањето на куќата во која се сместени петте деца и згрижувачката во текот на една година.

Остварувањето соработка со Макстил, за СОС Детско село значи продолжување и продлабочување на активностите во чии рамки лани СОС Детско село поддржа над 700 деца и млади без родители и родителска грижа или во ризик да ги изгубат своите родители, згрижувачки семејства и семејства во социјален ризик.

Нашата континуирана грижа и работа со овие ранливи групи е поддржана од многу чинители од нашето општество меѓу кои и се многу компании кои се насочиле и делуваат во оваа област на општествената одговорност. Среќни сме што го прошируваме нашето СОС семејство со нов стратешки партнер - Макстил, една од најуспешните компании во Македонија, партнер кој ќе обезбеди финансиска поддршка за континуирана грижа на една куќа во безбедна и сигурна средина каде децата ќе можат да имаат среќно детство и правилен раст и развој.

 

Поддршката на оваа ранлива група бара голема сила и издржливост да се решат и надминат многу предизвици со кои се соочуваат децата; бара одржливост на нашата секојдневната континуирана поддршка за тие деца да израснат во самостојни млади луѓе, одговорни членови на нашето општество. Токму ваквите партнерства ни даваат сила и издржливост да продолжиме напред и да менуваме животи и веруваме дека нашето партнерство со Макстил ќе овозможи заеднички да создаваме посилни заедници и можност за развој и заштита на децата без родителска грижа“, истакна национланата директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, при потпишувањето на договорот нагласувајќи го значењето на поддршката.

Склучувањето соработка со СОС Детско село е дел од општествено одговорните практики на Макстил, кои се во суштината на компаниската долгорочна деловна и развојна стратегија и нивното влијание се протега од подобрување на состојбите во јавното здравство со континуирани донации, создавање содржини за здрав детски развој во локалната заедница, како и иницирање проекти за засилување на заштитата на животната средина.

 

The post Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители appeared first on Република.

]]>

Пет деца без родители и нивната згрижувачка ќе бидат под закрила на компанијата Макстил, која ќе обезбедува се што им е потребно на овие деца, за да почувдтвуваат што значи да се има топол дом. Кумството на куќата, односно земањето обврска за грижа за овие деца, е дел од новото стратешко партнерство на Макстил со СОС Детско село со кое компанијата станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата. Донацијата за СОС Детско село, произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за активна грижа за ранливите групи и придонес за подобрување на нивната добросостојба.
Влегувањето во ова стратешко партнерство со СОС Детско село значи надградување на нашата општествено одговорна улога и нашето влијание во создавањето позитивни промени. Да се биде клучен поддржувач на згрижувачка куќа од СОС Детско село значи да се прифатат вредностите што оваа организација ги застапува, да се поддржат напорите за создавање семејство и семејна грижа за секое дете.   Макстил како компанија заедно со своите вработени, целосно ја прифаќа одговорноста да бидеме главен помагач и пријател на ова семејство и со тоа да ги пренесеме најважните семејни вредности, заедништво, грижа и создавање топол дом за децата кои живеат во кумската куќа. Со ова партнерство, истовремено ги поттикнуваме и мотивираме истите релации и меѓу нашите вработени и партнери и иницираме пошироко позитивно влијание во зацврстување на традиционалните семејни вредности“, истакна генерална директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска, при потпишувањето на договорот за партнерство со СОС Детско село.
Донацијата на Макстил во голема мера ги покрива потребите на семејството и одржувањето на куќата во која се сместени петте деца и згрижувачката во текот на една година. Остварувањето соработка со Макстил, за СОС Детско село значи продолжување и продлабочување на активностите во чии рамки лани СОС Детско село поддржа над 700 деца и млади без родители и родителска грижа или во ризик да ги изгубат своите родители, згрижувачки семејства и семејства во социјален ризик.
Нашата континуирана грижа и работа со овие ранливи групи е поддржана од многу чинители од нашето општество меѓу кои и се многу компании кои се насочиле и делуваат во оваа област на општествената одговорност. Среќни сме што го прошируваме нашето СОС семејство со нов стратешки партнер - Макстил, една од најуспешните компании во Македонија, партнер кој ќе обезбеди финансиска поддршка за континуирана грижа на една куќа во безбедна и сигурна средина каде децата ќе можат да имаат среќно детство и правилен раст и развој.   Поддршката на оваа ранлива група бара голема сила и издржливост да се решат и надминат многу предизвици со кои се соочуваат децата; бара одржливост на нашата секојдневната континуирана поддршка за тие деца да израснат во самостојни млади луѓе, одговорни членови на нашето општество. Токму ваквите партнерства ни даваат сила и издржливост да продолжиме напред и да менуваме животи и веруваме дека нашето партнерство со Макстил ќе овозможи заеднички да создаваме посилни заедници и можност за развој и заштита на децата без родителска грижа“, истакна национланата директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, при потпишувањето на договорот нагласувајќи го значењето на поддршката.
Склучувањето соработка со СОС Детско село е дел од општествено одговорните практики на Макстил, кои се во суштината на компаниската долгорочна деловна и развојна стратегија и нивното влијание се протега од подобрување на состојбите во јавното здравство со континуирани донации, создавање содржини за здрав детски развој во локалната заедница, како и иницирање проекти за засилување на заштитата на животната средина.  

The post Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители appeared first on Република.

]]>
Викендов Саем за деца во „Александар Палас“ https://republika.mk/zivot/semejstvo/vikendov-saem-za-detsa-vo-aleksandar-palas/ Wed, 27 Mar 2024 13:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=759360

Викендов, на 30 и 31 март во хотелот „Александар Палас“ во Скопје од 10 до 19 часот ќе се одржи второто издание на најголемиот Саем за деца во земјава, наменет за децата и за целото семејство.

Популарниот детски саем Кид Експо ќе се одржи во трите сали на „Александар Палас“ и ќе понуди разновидни содржини. Децата ќе се забавуваат пред Големата сцена, ќе учествуваат во креативни и спортски работилници во ринговите, а за возрасните ќе има цела сала со продажни и промотивни изложувачи кои на своите штандови ќе претстават најразновиден асортиман за деца.

Ќе има богата и разновидна програма во која е опфатена интерактивна содржина за деца од најрана до 14 годишна возраст. На Големата сцена ќе има и едукативни предавања за возрасните: за превенција на булинг, за здрава исхрана, педијатрија и справување со ривалството помеѓу браќа и сестри. Дечињата ќе следат сценска програма со музички, комични и магионичарски шоу-а, кино проекции и еко квиз. Покрај спортските и креативните работилници, исто така и изложувачите ќе приредат посебни детски катчиња кои ќе бидат изненадување до самиот почетокот на саемот.

Оваа година, организаторите Бејбишоп.мк и Боттега Евенти ќе воведат новитет на саемот со најавата на концертот „Бенд Џем“ на кој ќе настапуваат училишни бендови, што ќе претставува вистинска музичка атракција за македонската тинејџерската публика. Концертот ќе се одржи во сабота од 20.30 часот.

 

The post Викендов Саем за деца во „Александар Палас“ appeared first on Република.

]]>

Викендов, на 30 и 31 март во хотелот „Александар Палас“ во Скопје од 10 до 19 часот ќе се одржи второто издание на најголемиот Саем за деца во земјава, наменет за децата и за целото семејство. Популарниот детски саем Кид Експо ќе се одржи во трите сали на „Александар Палас“ и ќе понуди разновидни содржини. Децата ќе се забавуваат пред Големата сцена, ќе учествуваат во креативни и спортски работилници во ринговите, а за возрасните ќе има цела сала со продажни и промотивни изложувачи кои на своите штандови ќе претстават најразновиден асортиман за деца. Ќе има богата и разновидна програма во која е опфатена интерактивна содржина за деца од најрана до 14 годишна возраст. На Големата сцена ќе има и едукативни предавања за возрасните: за превенција на булинг, за здрава исхрана, педијатрија и справување со ривалството помеѓу браќа и сестри. Дечињата ќе следат сценска програма со музички, комични и магионичарски шоу-а, кино проекции и еко квиз. Покрај спортските и креативните работилници, исто така и изложувачите ќе приредат посебни детски катчиња кои ќе бидат изненадување до самиот почетокот на саемот. Оваа година, организаторите Бејбишоп.мк и Боттега Евенти ќе воведат новитет на саемот со најавата на концертот „Бенд Џем“ на кој ќе настапуваат училишни бендови, што ќе претставува вистинска музичка атракција за македонската тинејџерската публика. Концертот ќе се одржи во сабота од 20.30 часот.  

The post Викендов Саем за деца во „Александар Палас“ appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор https://republika.mk/zivot/semejstvo/kralot-charls-i-kralitsata-kamila-ke-prisustvuvaat-na-nedelnata-veligdenska-sluzhba-vo-vindzor/ Tue, 26 Mar 2024 14:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=759012

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе присуствуваат на велигденската богослужба во капелата на замокот Виндзор в недела, објавија американските медиуми, цитирајќи претставници на Бакингемската палата.

Ова ќе биде прво големо појавување на 75-годишниот британски монарх во јавноста откако минатиот месец му беше дијагностициран рак.

Официјални лица денеска соопштија дека на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство за време на службата во неделата на Велигден во капелата Свети Ѓорѓи.

Кралот е на редовен третман и ги суспендираше речиси сите јавни ангажмани по дијагнозата на ракот. Претставниците на кралското семејство не открија од каква форма на рак боледувал Чарлс, но рекоа дека болеста не е поврзана со неодамнешниот третман на кој бил подложен на бенигна болест на простатата.

Според претставници на кралското семејство, монархот продолжува да ги извршува своите државни должности, вклучително и редовните неделни состаноци со премиерот Риши Сунак и нема да ги пренесе неговите уставни овластувања како шеф на државата.

The post Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе присуствуваат на велигденската богослужба во капелата на замокот Виндзор в недела, објавија американските медиуми, цитирајќи претставници на Бакингемската палата. Ова ќе биде прво големо појавување на 75-годишниот британски монарх во јавноста откако минатиот месец му беше дијагностициран рак. Официјални лица денеска соопштија дека на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство за време на службата во неделата на Велигден во капелата Свети Ѓорѓи. Кралот е на редовен третман и ги суспендираше речиси сите јавни ангажмани по дијагнозата на ракот. Претставниците на кралското семејство не открија од каква форма на рак боледувал Чарлс, но рекоа дека болеста не е поврзана со неодамнешниот третман на кој бил подложен на бенигна болест на простатата. Според претставници на кралското семејство, монархот продолжува да ги извршува своите државни должности, вклучително и редовните неделни состаноци со премиерот Риши Сунак и нема да ги пренесе неговите уставни овластувања како шеф на државата.

The post Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор appeared first on Република.

]]>
Македонките се мажат најмлади во регионот, на 26 години https://republika.mk/zivot/semejstvo/makedonkite-se-mazhat-najmladi-vo-regionot-na-26-godini/ Tue, 26 Mar 2024 09:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=758815

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак споредено со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Девојките во Црна Гора стапуваат во брак просечно на 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и во Косово на 28,8, а во Грција на 30,9 години.

Во повеќето европски земји, жените стапуваат првпат во брак на над 30 годишна возраст. Забележлива е разликата во западна и во источна Европа, колку се оди позапад, толку е поголема просечната возраст.

Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, девојите во Белорусија на 25,1 и во Турција на 25,2 години.

Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст 34,8 години, во Шпанија на 34,7, а во Норвешка на 34,1 година.

„Ландгеист“ забележува и дека возраста на која жените стапуваат во брак не мора да значи дека тие подоцна влегуваат во врска или основаат семејство. Ако се погледне картата на уделот на раѓања надвор од брак, се чини дека се повеќе парови прво раѓаат деца, а потоа стапуваат во брак или воопшто не стапуваат во брак.

The post Македонките се мажат најмлади во регионот, на 26 години appeared first on Република.

]]>

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак споредено со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Девојките во Црна Гора стапуваат во брак просечно на 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и во Косово на 28,8, а во Грција на 30,9 години. Во повеќето европски земји, жените стапуваат првпат во брак на над 30 годишна возраст. Забележлива е разликата во западна и во источна Европа, колку се оди позапад, толку е поголема просечната возраст. Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, девојите во Белорусија на 25,1 и во Турција на 25,2 години. Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст 34,8 години, во Шпанија на 34,7, а во Норвешка на 34,1 година. „Ландгеист“ забележува и дека возраста на која жените стапуваат во брак не мора да значи дека тие подоцна влегуваат во врска или основаат семејство. Ако се погледне картата на уделот на раѓања надвор од брак, се чини дека се повеќе парови прво раѓаат деца, а потоа стапуваат во брак или воопшто не стапуваат во брак.

The post Македонките се мажат најмлади во регионот, на 26 години appeared first on Република.

]]>
Вилијам и Кејт ќе се повлечат од јавноста додека трае лекувањето на принцезата https://republika.mk/zivot/semejstvo/vilijam-i-kejt-ke-se-povlechat-od-javnosta-dodeka-trae-lekuvaneto-na-printsezata/ Mon, 25 Mar 2024 08:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=758418

Принцезата Кејт и нејзиното семејство се засолниле во нивниот дом во Анмер Хол, каде таа, принцот Вилијам и нивните деца ќе бидат изолирани од јавноста додека таа се лекува од рак. Луѓе блиски до принцот од Велс изјавија дека кралската двојка сега е во позиција да се справи со ситуација кога здравјето на принцезата Кејт е на прво место.

Кралската двојка се повлече од јавните обврски откако Кејт Мидлтон во емотивна видео порака објави дека оди на превентивна хемотерапија.

Принцот и принцезата од Велс и нивните три деца нема да бидат на традиционалната кралска служба за Велигден следната недела, на која кралот Чарлс се надева дека ќе присуствува.

 

The post Вилијам и Кејт ќе се повлечат од јавноста додека трае лекувањето на принцезата appeared first on Република.

]]>

Принцезата Кејт и нејзиното семејство се засолниле во нивниот дом во Анмер Хол, каде таа, принцот Вилијам и нивните деца ќе бидат изолирани од јавноста додека таа се лекува од рак. Луѓе блиски до принцот од Велс изјавија дека кралската двојка сега е во позиција да се справи со ситуација кога здравјето на принцезата Кејт е на прво место. Кралската двојка се повлече од јавните обврски откако Кејт Мидлтон во емотивна видео порака објави дека оди на превентивна хемотерапија. Принцот и принцезата од Велс и нивните три деца нема да бидат на традиционалната кралска служба за Велигден следната недела, на која кралот Чарлс се надева дека ќе присуствува.  

The post Вилијам и Кејт ќе се повлечат од јавноста додека трае лекувањето на принцезата appeared first on Република.

]]>
Зошто мажите остануваат со жени кои не ги сакаат: Шест причини зошто продолжуваат во несреќен брак https://republika.mk/zivot/semejstvo/zoshto-mazhite-ostanuvaat-so-zheni-koi-ne-gi-sakaat-shest-prichini-zoshto-prodolzhuvaat-vo-nesreken-brak/ Sat, 23 Mar 2024 13:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=757803

Верувале или не, мажите повеќе сакаат да ја изберат убавината наместо среќата.

Сигурно барем еднаш сте слушнале за случајот со несреќен брак во кој мажот не ја сака својата жена, но сепак останува со неа. Зошто е тоа така?

Партнерката изгледа убаво

Не треба да ве чуди што на мажот му е важно жената да му е убава, затоа што тоа често е поттик за неговото его. Ако жената е привлечна, мажот се чувствува поубав и поуспешен и има поголема самодоверба, а во многу случаи мажите ја избираат убавината наместо среќата.

Сентименталност

Ако мажот е со некого долго време или споделува интимни моменти со жена, ќе почувствува длабока лојалност и посветеност на идејата за врска. Тоа значи дека тој сепак ќе мисли на врската како што беше пред неколку години или месеци, наместо да ја гледа врската таква каква што е. Тој ќе остане во врската пред се затоа што сака повторно да ги преживее „добрите времиња“. Тој не може да се откаже од идејата што ја имал за жената со која бил и на тој начин останува заглавен во круг на несреќа.

Добар интимен живот

Понекогаш мажите ќе останат во несреќна врска бидејќи тоа е лесен начин за интимни врски, особено ако интимниот живот е интересен и тој го смета за добар.

Тој верува дека нема друга опција

Стравот од непознатото е моќен мотиватор. Тоа може да биде и силен мотив за останување во несреќна врска, а мажите често се враќаат во врски без љубов поради страв од осаменост и очај.

Посесивност

Ова е во основа приказна за љубомора. Но, кога мажот има силни чувства за жена, за која било жена, тој може да стане крајно посесивн. Во оваа фаза можеби не му е грижа дали има љубов во врската, бидејќи помислата дека таа е со некој друг го прави уште понесреќен.

Ја сака и останува оптимист

Ако има искуство во врска, мажот знае дека ниедна врска никогаш нема да биде совршена. Фрустрациите и повремената нервоза доаѓаат со долгата врска, но откажувањето не е решение за ваков маж. Останува затоа што се надева дека работите ќе бидат подобри, а не полоши. Смета дека додека не ги поправи грешките и не се справи со моменталната врска, нема потреба да бара друга жена, бидејќи само ќе се врати на почетокот, повторувајќи ги истите грешки.

The post Зошто мажите остануваат со жени кои не ги сакаат: Шест причини зошто продолжуваат во несреќен брак appeared first on Република.

]]>

Верувале или не, мажите повеќе сакаат да ја изберат убавината наместо среќата. Сигурно барем еднаш сте слушнале за случајот со несреќен брак во кој мажот не ја сака својата жена, но сепак останува со неа. Зошто е тоа така?

Партнерката изгледа убаво

Не треба да ве чуди што на мажот му е важно жената да му е убава, затоа што тоа често е поттик за неговото его. Ако жената е привлечна, мажот се чувствува поубав и поуспешен и има поголема самодоверба, а во многу случаи мажите ја избираат убавината наместо среќата.

Сентименталност

Ако мажот е со некого долго време или споделува интимни моменти со жена, ќе почувствува длабока лојалност и посветеност на идејата за врска. Тоа значи дека тој сепак ќе мисли на врската како што беше пред неколку години или месеци, наместо да ја гледа врската таква каква што е. Тој ќе остане во врската пред се затоа што сака повторно да ги преживее „добрите времиња“. Тој не може да се откаже од идејата што ја имал за жената со која бил и на тој начин останува заглавен во круг на несреќа.

Добар интимен живот

Понекогаш мажите ќе останат во несреќна врска бидејќи тоа е лесен начин за интимни врски, особено ако интимниот живот е интересен и тој го смета за добар.

Тој верува дека нема друга опција

Стравот од непознатото е моќен мотиватор. Тоа може да биде и силен мотив за останување во несреќна врска, а мажите често се враќаат во врски без љубов поради страв од осаменост и очај.

Посесивност

Ова е во основа приказна за љубомора. Но, кога мажот има силни чувства за жена, за која било жена, тој може да стане крајно посесивн. Во оваа фаза можеби не му е грижа дали има љубов во врската, бидејќи помислата дека таа е со некој друг го прави уште понесреќен.

Ја сака и останува оптимист

Ако има искуство во врска, мажот знае дека ниедна врска никогаш нема да биде совршена. Фрустрациите и повремената нервоза доаѓаат со долгата врска, но откажувањето не е решение за ваков маж. Останува затоа што се надева дека работите ќе бидат подобри, а не полоши. Смета дека додека не ги поправи грешките и не се справи со моменталната врска, нема потреба да бара друга жена, бидејќи само ќе се врати на почетокот, повторувајќи ги истите грешки.

The post Зошто мажите остануваат со жени кои не ги сакаат: Шест причини зошто продолжуваат во несреќен брак appeared first on Република.

]]>
Хари и Меган и посакаа здравје и закрепнување на Кејт https://republika.mk/zivot/semejstvo/hari-i-megan-i-posakaa-zdravje-i-zakrepnuvane-na-kejt/ Sat, 23 Mar 2024 08:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=757666

Принцот Хари и Меган објавија кратка изјава во која е посакуваат здравје на принцезата од Велс.

Посакуваме здравје и закрепнување за Кејт и семејството и се надеваме дека ќе можат да го сторат тоа приватно и во мир, се вели во изјавата.

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија.

 

The post Хари и Меган и посакаа здравје и закрепнување на Кејт appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари и Меган објавија кратка изјава во која е посакуваат здравје на принцезата од Велс.
Посакуваме здравје и закрепнување за Кејт и семејството и се надеваме дека ќе можат да го сторат тоа приватно и во мир, се вели во изјавата.
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија.  

The post Хари и Меган и посакаа здравје и закрепнување на Кејт appeared first on Република.

]]>
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон откри дека има рак https://republika.mk/zivot/semejstvo/printsezata-od-vels-kejt-midlton-otkri-deka-ima-rak/ Fri, 22 Mar 2024 18:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=757552

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон вечерва објави дека и е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека е на „превентивна“ хемотерапија.

Принцезата рече дека ракот бил откриен откако имала операција на абдоменот за нешто што се сметало дека е неканцерогена состојба.

Операцијата беше успешна. Сепак, тестовите по операцијата покажаа дека има рак. Затоа мојот медицински тим ме советуваше да поминам курс на превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман“, рече принцезата од Велс во видео изјава објавена од Кенсингтонската палата.

Таа ја опиша дијагнозата како „огромен шок“ и рече дека таа и принцот Вилијам направиле се што можеле за да го обработат и да го менаџираат ова приватно за доброто на нивното семејство.

Ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро. Како што им реков; Јас сум добро и станувам се посилна секој ден со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам; во мојот ум, тело и дух. Да го имам Вилијам покрај мене е одличен извор на утеха и сигурност. Како што е љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. Нам двајцата ни значи многу, рече Кејт во обраќањето.

Ракот на Кејт бил откриен дури откако таа беше подложена на голема абдоминална операција во Лондонската клиника во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков вид на рак има принцезата или во која фаза на рак е и ги замоли луѓето да не шпекулираат.

https://youtu.be/apAnjo4uLKM?si=d8IJk59PVwFbg8Sr

The post Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон откри дека има рак appeared first on Република.

]]>

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон вечерва објави дека и е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека е на „превентивна“ хемотерапија. Принцезата рече дека ракот бил откриен откако имала операција на абдоменот за нешто што се сметало дека е неканцерогена состојба.
Операцијата беше успешна. Сепак, тестовите по операцијата покажаа дека има рак. Затоа мојот медицински тим ме советуваше да поминам курс на превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман“, рече принцезата од Велс во видео изјава објавена од Кенсингтонската палата.
Таа ја опиша дијагнозата како „огромен шок“ и рече дека таа и принцот Вилијам направиле се што можеле за да го обработат и да го менаџираат ова приватно за доброто на нивното семејство.
Ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро. Како што им реков; Јас сум добро и станувам се посилна секој ден со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам; во мојот ум, тело и дух. Да го имам Вилијам покрај мене е одличен извор на утеха и сигурност. Како што е љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. Нам двајцата ни значи многу, рече Кејт во обраќањето.
Ракот на Кејт бил откриен дури откако таа беше подложена на голема абдоминална операција во Лондонската клиника во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков вид на рак има принцезата или во која фаза на рак е и ги замоли луѓето да не шпекулираат. https://youtu.be/apAnjo4uLKM?si=d8IJk59PVwFbg8Sr

The post Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон откри дека има рак appeared first on Република.

]]>
Не ме мешајте во приказните, вели наводната љубовница на принцот Вилијам https://republika.mk/zivot/semejstvo/ne-me-meshajte-vo-prikaznite-veli-navodnata-lubovnitsa-na-printsot-vilijam/ Tue, 19 Mar 2024 13:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=756335

Наводната љубовница на принцот Вилијам, Сара Роуз Хенбери (40), се огласи и сака да биде исклучена од љубовниот триаголник во којшто се наоѓа со принцот Вилијам и со Кејт Мидлтон.

Шпекулациите за нејзината афера со Вилијам не престануваат, а Кејт и сопругот деновиве биле забележани во продавница, па Сара Роуз по тој повод се огласила.

Приказните се целосно невистинити – изјавила таа преку своите адвокати во саботата, на 16 март.

Кенсингтонската палата ништо не коментирала за наводната афера. Хенбери со години е поврзана со кралското семејство, била и на венчавката на Кејт и на Вилијам во 2011 година, како и на погребот на Филип во 2021 година. Поранешната манекенка се венчала со Дејвид Чолмондели во 2009 година.

Кејт смета дека тие гласини се штетни, смета дека самата помисла што ќе читаат нејзините деца на Интернет еден ден е многу лоша – изјавил извор близок до кралското семејство.

 

The post Не ме мешајте во приказните, вели наводната љубовница на принцот Вилијам appeared first on Република.

]]>

Наводната љубовница на принцот Вилијам, Сара Роуз Хенбери (40), се огласи и сака да биде исклучена од љубовниот триаголник во којшто се наоѓа со принцот Вилијам и со Кејт Мидлтон. Шпекулациите за нејзината афера со Вилијам не престануваат, а Кејт и сопругот деновиве биле забележани во продавница, па Сара Роуз по тој повод се огласила.
Приказните се целосно невистинити – изјавила таа преку своите адвокати во саботата, на 16 март.
Кенсингтонската палата ништо не коментирала за наводната афера. Хенбери со години е поврзана со кралското семејство, била и на венчавката на Кејт и на Вилијам во 2011 година, како и на погребот на Филип во 2021 година. Поранешната манекенка се венчала со Дејвид Чолмондели во 2009 година.
Кејт смета дека тие гласини се штетни, смета дека самата помисла што ќе читаат нејзините деца на Интернет еден ден е многу лоша – изјавил извор близок до кралското семејство.
 

The post Не ме мешајте во приказните, вели наводната љубовница на принцот Вилијам appeared first on Република.

]]>
„Би-би-си“ се на готовс за Кејт Мидлтон https://republika.mk/zivot/semejstvo/bi-bi-si-se-na-gotovs-za-kejt-midlton/ Mon, 18 Mar 2024 19:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=756041

Би-би-си наводно е во состојба на готовност поради Кејт Мидлтон и некаква најава која треба да дојде од Бакингемската палата, пишува магазинот „Форбс“.

Не престануваат коментарите и теориите на заговор кои кружат околу британската принцеза Кејт Мидлтон, која од Божиќ се нема појавено на службени обврски, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Оттогаш, таа е видена само на кратко возење со автомобил со својатаа мајка Керол Мидлтон, а потоа и со принцот Вилијам, а сега наводно била забележана и во локална продавница.

И додека кружат приказни за нејзиното здравје, проблемите во бракот со принцот Вилијам и слични теории за тоа зошто таа не се појавува во јавноста, „Форбс“ дознава дека на уредниците на Би-би-си им било кажано да внимаваат на можна итна најава од кралската палата.

На социјалните мрежи имаше навестувања дека Би-би-си е на готовс за објава за Кејт, но од медиумската компанија не сакаа да одговорат на прашањето дали и какво предупредување добиле.

Бакингемската палата инаку има навика да испраќа предупредувања до неколку уредници, на пример пред да биде објавена веста дека кралот Чарлс e болен од рак, некои од медиумите веќе биле информирани за тоа.

Принцезата, која последен пат беше видена во јавност во Сандрингем на Божиќ, се очекува да им се врати на своите јавни должности по 17 април, по велигденските празници, кога нејзините деца ќе се вратат во училиштето Ламбрук во близина на Аскот.

Сепак, постојат шпекулации дека Кејт сега би можела да се врати порано, па дури и да се појави на велигденската утринска миса во капелата Св. Џорџ во имотот Виндзор.

За потсетување, шпекулациите за здравјето на принцезата уште повеќе се зголемија откако таа јавно ја презеде вината за фотошопирање на семејната фотографија што Кенсингтонската палата ја објави на Денот на мајката. Покрај низата несовршености, многумина забележаа дека Кејт не го носи венчалниот прстен, што поттикна бројни неосновани теории за состојбата на нејзиниот брак со принцот Вилијам.

 

The post „Би-би-си“ се на готовс за Кејт Мидлтон appeared first on Република.

]]>

Би-би-си наводно е во состојба на готовност поради Кејт Мидлтон и некаква најава која треба да дојде од Бакингемската палата, пишува магазинот „Форбс“. Не престануваат коментарите и теориите на заговор кои кружат околу британската принцеза Кејт Мидлтон, која од Божиќ се нема појавено на службени обврски, а во јануари имаше операција на абдоменот. Оттогаш, таа е видена само на кратко возење со автомобил со својатаа мајка Керол Мидлтон, а потоа и со принцот Вилијам, а сега наводно била забележана и во локална продавница. И додека кружат приказни за нејзиното здравје, проблемите во бракот со принцот Вилијам и слични теории за тоа зошто таа не се појавува во јавноста, „Форбс“ дознава дека на уредниците на Би-би-си им било кажано да внимаваат на можна итна најава од кралската палата. На социјалните мрежи имаше навестувања дека Би-би-си е на готовс за објава за Кејт, но од медиумската компанија не сакаа да одговорат на прашањето дали и какво предупредување добиле. Бакингемската палата инаку има навика да испраќа предупредувања до неколку уредници, на пример пред да биде објавена веста дека кралот Чарлс e болен од рак, некои од медиумите веќе биле информирани за тоа. Принцезата, која последен пат беше видена во јавност во Сандрингем на Божиќ, се очекува да им се врати на своите јавни должности по 17 април, по велигденските празници, кога нејзините деца ќе се вратат во училиштето Ламбрук во близина на Аскот. Сепак, постојат шпекулации дека Кејт сега би можела да се врати порано, па дури и да се појави на велигденската утринска миса во капелата Св. Џорџ во имотот Виндзор. За потсетување, шпекулациите за здравјето на принцезата уште повеќе се зголемија откако таа јавно ја презеде вината за фотошопирање на семејната фотографија што Кенсингтонската палата ја објави на Денот на мајката. Покрај низата несовршености, многумина забележаа дека Кејт не го носи венчалниот прстен, што поттикна бројни неосновани теории за состојбата на нејзиниот брак со принцот Вилијам.  

The post „Би-би-си“ се на готовс за Кејт Мидлтон appeared first on Република.

]]>
Oва е детето што закла 12 јагниња https://republika.mk/zivot/semejstvo/ova-e-deteto-shto-zakla-12-jagnina/ Wed, 13 Mar 2024 12:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=754375

Сопственикот на имотот каде што дете загла 12 јагниња вели дека  се плаши за својот живот и за животот на сопругата и децата,

Ниту едно јагне не преживеа-вели сопственикот на трлото.

https://republika.mk/zivot/semejstvo/kakvo-semejstvo-vo-srbija-ednoto-dete-zakla-12-jagnina-drugoto-si-ja-siluvashe-sestrata/

13-годишно дете е од селото Марковац кај Вршац и со целото однесување потсетува на масакрот што се случи во „Рибникар“.

The post Oва е детето што закла 12 јагниња appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на имотот каде што дете загла 12 јагниња вели дека  се плаши за својот живот и за животот на сопругата и децата,
Ниту едно јагне не преживеа-вели сопственикот на трлото.
https://republika.mk/zivot/semejstvo/kakvo-semejstvo-vo-srbija-ednoto-dete-zakla-12-jagnina-drugoto-si-ja-siluvashe-sestrata/ 13-годишно дете е од селото Марковац кај Вршац и со целото однесување потсетува на масакрот што се случи во „Рибникар“.

The post Oва е детето што закла 12 јагниња appeared first on Република.

]]>