журка Archives - Република https://republika.mk/tema/zurka/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Feb 2023 16:42:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png журка Archives - Република https://republika.mk/tema/zurka/ 32 32 Музичката платформа „Терапија“ слави втор роденден https://republika.mk/scena/muzika/muzichkata-platforma-terapija-slavi-vtor-rodenden/ Thu, 23 Feb 2023 19:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=612457

Во клубот „Минус еден“ во Скопје, во петок (24.2.2023), ќе се одржи журка по повод 2 години од основањето на музичката платформа „Терапија“, со DJ артистите Ивана Драгшиќ, Тијана Т. и Uran B.

Платформата „Терапија“ се основаше во ек на пандемијата од КОВИД-19, со цел да понуди простор и можност за опстојување на домашната електронска клупска сцена. Овој музички медиум постепено растеше и се развиваше, но понуди и еден нов концепт за реализација на музички настани. Покрај стандардните забави и промоцијата на домашните диџеи, „Терапија“ ја поврза електронската музика и сцена со македонското културно наследство.

Имено, беа организирани повеќе журки -  перформанси на локации кои се дел од домашното културно наследство и тоа: „Македониум“ (Крушево), Споменикот на слободата (Кочани), Чифте Амам, Пошта и Железничката станица во Скопје, како и настани во Музејот на современа уметност.

Во пресрет на утрешната журка имавме краток разговор со основачката на „Терапија“, Слободанка Тренчева – Боте, која ја имаше и иницијалната замисла за развојот на оваа платформа, која полека но сигурно се интегрира во домашната, но и регионалната клупска сцена.

 

Среќна сум што „Терапија“ утре одбележува 2 години од своето постоење. Не сакам да кажам дека утре ќе „славиме“ затоа што живееме во еден навистина чувствителен период (економска и воена криза) и затоа мора да се однесуваме согласно околностите. Журките и сцената повеќе никогаш нема да бидат исти. Оттука е и нашата замисла, да ги поддржиме домашните артисти, но и да направиме поврзување со регионот. И затоа, утре ќе имаме и домашен диџеј, како добро познатата Драгшиќ, но и одличните Тијана Т. (од Србија) и Uran B. (од Косово). Ги поканувам сите да дојдат во „Минус еден“. Сите со некоја носталгија и меланхолија го паметиме ноќниот живот во Скопје. Утре, ќе донесеме „парче“ од минатото, но и ќе го трасираме патот за понатаму. Затоа, вреди да се дојде, вели Боте.

„Терапија“ во претстојниот период ќе продолжи и со организација на перформанси, настани на уникатни локации, поврзувајќи различни уметници и лица кои се дел од креативниот сектор.

Во Македонија не е лесно да се биде успешен. Малкумина ќе те поддржат, многумина ќе те етикетираат, но на крајот сите ќе гледаат да се „прилепат“ за приказната кога ќе видат дека е успешна. „Терапија“ е успешна приказна и ќе постои за сите искрени луѓе, кои сакаат квалитетна и автентична музика и перформанси, завршува основачката на „Терапија“.

Картите за утрешниот настан можат да се најдат во претпродажба во кафулињата „Кино Карпош“ и BKW Hybrid Bar. А, истите можат да се набават и на влезот на „Минус еден“.

 

 

The post Музичката платформа „Терапија“ слави втор роденден appeared first on Република.

]]>

Во клубот „Минус еден“ во Скопје, во петок (24.2.2023), ќе се одржи журка по повод 2 години од основањето на музичката платформа „Терапија“, со DJ артистите Ивана Драгшиќ, Тијана Т. и Uran B. Платформата „Терапија“ се основаше во ек на пандемијата од КОВИД-19, со цел да понуди простор и можност за опстојување на домашната електронска клупска сцена. Овој музички медиум постепено растеше и се развиваше, но понуди и еден нов концепт за реализација на музички настани. Покрај стандардните забави и промоцијата на домашните диџеи, „Терапија“ ја поврза електронската музика и сцена со македонското културно наследство. Имено, беа организирани повеќе журки -  перформанси на локации кои се дел од домашното културно наследство и тоа: „Македониум“ (Крушево), Споменикот на слободата (Кочани), Чифте Амам, Пошта и Железничката станица во Скопје, како и настани во Музејот на современа уметност. Во пресрет на утрешната журка имавме краток разговор со основачката на „Терапија“, Слободанка Тренчева – Боте, која ја имаше и иницијалната замисла за развојот на оваа платформа, која полека но сигурно се интегрира во домашната, но и регионалната клупска сцена.  
Среќна сум што „Терапија“ утре одбележува 2 години од своето постоење. Не сакам да кажам дека утре ќе „славиме“ затоа што живееме во еден навистина чувствителен период (економска и воена криза) и затоа мора да се однесуваме согласно околностите. Журките и сцената повеќе никогаш нема да бидат исти. Оттука е и нашата замисла, да ги поддржиме домашните артисти, но и да направиме поврзување со регионот. И затоа, утре ќе имаме и домашен диџеј, како добро познатата Драгшиќ, но и одличните Тијана Т. (од Србија) и Uran B. (од Косово). Ги поканувам сите да дојдат во „Минус еден“. Сите со некоја носталгија и меланхолија го паметиме ноќниот живот во Скопје. Утре, ќе донесеме „парче“ од минатото, но и ќе го трасираме патот за понатаму. Затоа, вреди да се дојде, вели Боте.
„Терапија“ во претстојниот период ќе продолжи и со организација на перформанси, настани на уникатни локации, поврзувајќи различни уметници и лица кои се дел од креативниот сектор.
Во Македонија не е лесно да се биде успешен. Малкумина ќе те поддржат, многумина ќе те етикетираат, но на крајот сите ќе гледаат да се „прилепат“ за приказната кога ќе видат дека е успешна. „Терапија“ е успешна приказна и ќе постои за сите искрени луѓе, кои сакаат квалитетна и автентична музика и перформанси, завршува основачката на „Терапија“.
Картите за утрешниот настан можат да се најдат во претпродажба во кафулињата „Кино Карпош“ и BKW Hybrid Bar. А, истите можат да се набават и на влезот на „Минус еден“.    

The post Музичката платформа „Терапија“ слави втор роденден appeared first on Република.

]]>
Српски медиуми: Во црква во Македонија се организирала сатанистичкa журка https://republika.mk/vesti/makedonija/srpski-mediumi-vo-crkva-vo-makedonija-se-organizirala-satanistichka-zurka/ Tue, 05 Jul 2022 08:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=524004

Српски медиуми објавија дека во црква во Македонија се организирала сатанистички журка.

Според пишувањето на српските медиуми, техно-журката се одржала изминативе денови во црквата Свети Илија во Дојран, која датира од 19 век.

На техно забавата пуштала музика диџеј Ксенија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by XENIA (UA) (@xenia_ua)

Ова не е првпат во оваа црква да се организираат концерти, а меѓу другите тука свиреше и Влатко Стефановски.

Сепак, дивеењето на група, речиси целосно голи луѓе, кои, според снимките делуваат како дрогирани, на техно забава е високо ниво на сквернавење на црквата.

The post Српски медиуми: Во црква во Македонија се организирала сатанистичкa журка appeared first on Република.

]]>

Српски медиуми објавија дека во црква во Македонија се организирала сатанистички журка. Според пишувањето на српските медиуми, техно-журката се одржала изминативе денови во црквата Свети Илија во Дојран, која датира од 19 век. На техно забавата пуштала музика диџеј Ксенија.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by XENIA (UA) (@xenia_ua)

Ова не е првпат во оваа црква да се организираат концерти, а меѓу другите тука свиреше и Влатко Стефановски. Сепак, дивеењето на група, речиси целосно голи луѓе, кои, според снимките делуваат како дрогирани, на техно забава е високо ниво на сквернавење на црквата.

The post Српски медиуми: Во црква во Македонија се организирала сатанистичкa журка appeared first on Република.

]]>