Зоран Пејковски Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-pejkovski/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 08:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Пејковски Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-pejkovski/ 32 32 Пејковски нов директор на КИЦ на Македонија во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/pejkovski-nov-direktor-na-kits-na-makedonija-vo-sofija/ Wed, 04 Sep 2024 08:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=812961

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.

Пејковски доаѓа на местото на писателот Сашко Насев кој беше назначен за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2018 година. Тој претходно ја извршуваше функцијата в.д. директор на Културно-информативниот центар.

Зоран Пејковски (Битола) е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.

 

The post Пејковски нов директор на КИЦ на Македонија во Софија appeared first on Република.

]]>

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија. Пејковски доаѓа на местото на писателот Сашко Насев кој беше назначен за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2018 година. Тој претходно ја извршуваше функцијата в.д. директор на Културно-информативниот центар. Зоран Пејковски (Битола) е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.  

The post Пејковски нов директор на КИЦ на Македонија во Софија appeared first on Република.

]]>
Боцевски назначен за специјален претставник при унгарското претседателство со ЕУ, Пејковски директор на КИЦ во Софија https://republika.mk/vesti/makedonija/botsevski-naznachen-za-spetsijalen-pretstavnik-pri-ungarskoto-pretsedatelstvo-so-eu-pejkovski-direktor-na-kits-vo-sofija/ Tue, 03 Sep 2024 17:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=812860

Владата на седница го именува Ивица Боцевски за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, а донесе и нови кадровски решенија на повеќе институции.

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје, а Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем, Пеце Стојковски за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, а Ерол Абдиу за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, а Фикрет Шабани за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

The post Боцевски назначен за специјален претставник при унгарското претседателство со ЕУ, Пејковски директор на КИЦ во Софија appeared first on Република.

]]>

Владата на седница го именува Ивица Боцевски за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, а донесе и нови кадровски решенија на повеќе институции. Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија. Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје, а Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем, Пеце Стојковски за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, а Ерол Абдиу за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола. Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, а Фикрет Шабани за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

The post Боцевски назначен за специјален претставник при унгарското претседателство со ЕУ, Пејковски директор на КИЦ во Софија appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски посветена на големиот македонски поет https://republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-90-godishninata-od-raganeto-na-petre-m-andreevski-od-pechat-izleze-poemata-se-umira-li-od-premnogu-sakane-od-makedonskiot-pisatel-zoran-pejkovski-posvetena-na-golemiot-makedonski-poet/ Mon, 22 Apr 2024 09:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=769190

Деновиве во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на виртуозот во македонската литература, големиот и бесмртен Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски, а посветена на Петре М. Андреевски. Рецензенти на ова грандиозно поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Издавач е познатата издавачка куќа „ПНВ-Публикации“ од Скопје. Инаку оваа е прва објавена книга во 2024-та година, и шеста поема од вкупно 65 книжевно - драмски, поетски, прозни, научни, публицистички и преведувачки остварувања на Пејковски.

Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ е новото книжевно - поетско дело на македонскиот писател Зоран Пејковски, која е посветена на безвремениот и бесмртен Петре М. Андреевски, а по повод одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање.
Рецензенти на ова значајно книжевно - поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски.
Во својата рецензија, академик Катица Ќулавкова ќе напомене:.. „Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ од Зоран Пејковски е посветена на големиот македонски поет Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Поемата е составена од 25 (дваесет и пет) пеења....Поетот Зоран Пејковски го најавува широкиот тематски распон на поемата и нејзината воздигната трогателна и свечена патриотска и химнична интонација. Се работи за големата и трагична македонска историска приказна која оставила свои траги во просторот и времето, во јазикот и преданието на Македонците, кои „Ги измешале небото и земјата (...) предавствата и херојствата“. Љубовта е засенета од презирот спрема предавствата кои биле секогаш извор на најголеми лични и колективни страданија. Ако треба да се опише македонското поднебје и македонската историја, тогаш треба да се потсетиме на тоа дека Тие, Македонците, ги мешале небото и земјата, сакралното и профаното, паганското и христијанското, минатото и сегашноста. Поетот зборува од дистанца, временска и вредносна, небаре е во улога на историчар и судија.
Второто пеење веќе навестува дека лирскиот субјект е рефлексија и поетска „инкарнација“ на Петре М. Андреевски. Се користи прво лице еднина кое сугерира лична гледна точка обележана од демирхисарскиот хронотоп и од култните елегии за Дениција од истоимената книга на Петре М. Андреевски. Времето и просторот се стеснуваат за миг и сфаќаме дека уводната апотеоза на македонскиот „постанок“ ги поставува рамките на поширокиот значенски контекст на поемата. Нејзиниот потесен и доминантен тематски фокус е неразделен од опусот на Петре М. Андреевски и неговата маркантна човечка фигура....
Третото пеење повторно ги вкрстува темата на љубовта со патриотскиот вознес. Песната е ширум отворена спрема идеалот на љубовта и на татковината, спрема восхитот и очајот. Патетичната интонација се рационализира со повремени есеистички коментари за „распродадената историја“ и за идеалите на предците.
Четвртото пеење го става одново акцентот врз Дениција како парабола на возвишените татковински чувства. Дениција „ја носи целата татковина во прегратки“.
Петтото пеење нуди други аспекти на општествениот и историски контекст во позадината на песните за Дениција, а индиректно и на пееања на Зоран Пејковски. Тоа се осврнува на мотивот на војната, туѓите војски и воените трауми. Поетски фрагментарно се редат инсерти од воените неизвесности, кога жените „не знаеја дали се жени или вдовици“. Дениција се претвора во митска слика, во имагинарен „предел на Најсаканија“. Таа постои таква, идеална и дивинизирана само во поезијата на Петре М. Андреевски.
Од шестото до дваесет и петтото пеење, Дениција е како непрекината нишка во лавиринтот на историската приказна за Македонија, како водич низ темните времиња и невремиња, како светлина во темнината на ропските безумија и лелекија.
„Малата идеја за татковината е толку голема“ што лирскиот пејач не може да ја пронајде (Осмо пеење).
Љубовта градира од пеење во пеење. Дивинизацијата на Дениција продолжува. Дениција е икона (Дваесет и прво пеење). Дениција е митска слика. Приказната за Македонија, нејзините Богомили и нејзините востанија (Делчев и др.) се одвива паралелно со приказната за Дениција (Единаесетто пеење).
Дениција, како и Македонија, постои додека постои потрагата по неа, постои како недостижна цел која му дава смисла на животот, како Пат кој ја овозможува потрагата.
Поемата на Пејковски е мелодрамтична. Во далечината на последните неколку пеења се наѕира силуетата на Петре М. Андреевски кој како хиперчувствителен и осамен боем им се предава на чувствата и го брани своето право на слобода (Осумнаесето и Деветнаесето пеење).
Во последните пеења се сугерира и една апокалиптична визија на Македонија. Останува само „црната кутија“ по падот на „авионот“, кутија која ќе сведочи за настаните кои довеле до трагедијата. Интонацијата е траорна. Загубена е слободата. Сочуван е само сонот, но ни тој не е утеха (Дваесет и второ пеење). Во Дваесетитретото пеење конечно се поставува прашањето „Се умира ли од премногу сакање?!“. Дијагнозата е премногу љубов, вишок обожавање... Кулминацијата се доживува во чинот на губењето на довербата. Апсолутната љубов е катастрофична. Поетот како да станува свесен дека треба да се соочи со реалноста и да почне да се сомнева (Дваесет и петто пеење).
Современиот македонски поет Зоран Пејковски пишува долга поема од 25 пеења со цел да му направи омаж на Петре М. Андреевски. Таа цел е остварена. Пофалбата е испишана како модерна химна. Тоа е тројна пофалба - на Петре М. Андреевски, на неговата имагинарна Дениција, на Македонија и на љубовта и почитта спрема тие три величини и вертикали на македонското поетско творештво“...
Рецензентот Јордан Плевнеш за поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Македонскиот современ поет Зоран Пејковски со поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ посветена на 90-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Петре. М Андреевски (1934-2006) докажува дека независно од историските услови во кои е создаван македонскиот идентитет во европскиот лавиринт, македонското писмо и писание се остварува и покрај негациите и политичкиот терор кој и денес е присутен на историската сцена кога ќе се спомене името Македонија. Таа се доживува како „елементарна непогода“ на Балканот кој уште Маркс го нарекува „Магарешки мост на европската дипломатија“.
Поемата на Зоран Пејковски содржи 25 пеења и низ длабоко рефлексивна јазичка сонда која ги поврзува вековите во духот на поетиката и јазикот на Петре М. Андреевски, ја става неговата поема „Дениција“ како Основен столб врз кого се гради поетскиот наратив и тој „Curiozum mundi“ како што Мирослав Крлежа ја нарекуваше Македонија. Дениција како што е познато е објавена во ревлуционерната година 1968 и нејзиниот познат стих од кого беа потресени повеќе балкански разузнавачки служби кои ги пренесуваа своите „зони на опасност“ во светските центри на воената моќ гласеше: „Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на првата македонска држава“!
Всушност поемата на Зоран Пејковски „Се умира ли од премногу сакање?!“ низ призмата на Дениција е еден стамен поетски монументален запис, дека љубовта станува опасност во балканската и европската историја и нејзината „прекумерност“ го загрозува етаблираниот ред на нештата дури и е закана за Светскиот поредок.
Јазикот на поемата на Пејковски е сличен на определбата на брилијатниот шекспиролог Јан Кот, кој вели ако се пишува „пост-модерн“ тоа значи дека се пишува „пост-мортем“. Неговите стихови изобилуваат со дигресивна форма на понирање низ времето, и всушност поемата ги овековечува и сите други жанри во кои се остварува книжевниот гениј на Петре М.Андреевски, бидејќи од неговиот прв драмски текст „Богунемили“ до романот „Пиреј“ и сите негови збирки поезија, Зоран Пејковски ќе го пронајде сублиматот на Главната окосница на неговата Поема-парабола низ стиховите во кои ќе ја објави сопствената само-дефиниција, или по угледот на Пабло Пикасо и неговиот последен авто-портрет, пишувајќи за Петре М. Андреевски, Зоран Пејковски го наоѓа круцијалното прашање и неговиот одговор: Во поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ ја откриваме после векови трагање „црната кутија на нашето самоуништување“! Поемата на Зоран Пејковски е како изградба на поетски храм на Петре М. Андреевски бидејќи тој веруваше во градбите од зборови кои се присутни во книгата на Дени Де Ружмон „28 векови на Европа“, во која големиот швајцарски мислител и историчар тврди дека Европа 28 векови се бара и не може да се најде. Значи исто е и со Македонија! Исто е и со Светот!!!
Во 1968 година „Дениција“ е објавена во времето кога Ален Гинсберг ги објавува своите „Новости од Планетата“, кои со својата жестина ја отсликувааат светската историја. Чарлс Буковски пишува за „Улицата на теророт и авенијата на агонијата“, Рејмон Кено пишува за „Летот на Икар“, Јосиф Бродски ги пишува „Елегиите“ со инспирација од Данте Алигиери, а унгарскиот поет Ласло Наѓ е добитник на „Златниот венец“ за песна на Струшките вечери на поезијата „Крадец си, во песна што се крие“.
Овие компаративни согледувања ни отвораат нови потпорни точки, за да ја согледаме тежината на поемата на Зоран Пејковски, бидејќи тој го објавува овој свој поетски крик во 25 пеења, во време кога целата планета е во состојба на војни, масакри и ликвидации на многу меридијани и последниот бастион кој што треба да се уништи за да се заврши фамозниот салто мортале на современиот свет е Љубовта, Цивилизацијата на љубовта, како што ја нарекуваат Рамноапостолите Свети Кирил и Методиј, за кои Пејковски напиша Поема „Светопис за сесловените“, како што напиша поеми или драми во стихови и за Свети Климент Охридски и за Григор Прличев и за Кочо Рацин и за Анте Поповски и за Ацо Шопов.
Всушност, Пеењата на Зоран Пејковски кон кои се приклучува и неговата најнова поема „Се умира ли од премногу сакање?!“ го иницираат клучното прашање на нашата книжевна меморија: Се гради ли сам по себе Имагинарниот храм наречен Македонски книжевен Пантеон, една невидлива, сега засега, Градба која е како насловот на втората поетска книга на Петре М, Андреевски, „Ни на небо, ни на земја“, која не можат да ја уништат не само пропагандите, туку ни нуклеарните боеви глави зошто таа е неуништива, бидејќи „Уметноста е конечна цел на сите револуции“!“....
Рецензентот Владимир Илиевски за поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Писателот Зоран Пејковски со својот инспиративен творечки континуитет го надополнува корпусот на македонската книжевност со дела кои длабоко продираат во македонската историја и во македонската културна историја. Пејковски ги користат овие материјали како своја книжевна предлошка... За нескротливата творечка енергија на Пејковски јасна потврда е неговата најнова поема во дваесет и пет пеење „Се умира ли од премногу сакање?!“ која поетот ја посветува на бардот на македонската книжевност - поетот, прозаистот, драматургот, сценаристот, полемичарот Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање“....
Навидум, како поетот Пејковски да сака да го започне книжевен разговор со својот книжевен претходник токму во моментот кога тој, претходникот, е млад, кога ги објавува своите први поетски книги. Ова обраќање без дирекно именување само ја потенцира книжевната големина на Андреевски и поетската вештина на Пејковски. Нема потреба некого да именуваш ако неговото дело е длабоко вгнездено во меморијата на читателската публика.
Зоран Пејковски со своите стихови само го допозлатува ореолот околу Дениција. Тој возвишено пее поместувајќи ги реските меѓи помеѓу поимите/ феномените жена, љубов, страст, слобода татковина, Македонија, историја, радост, тага“...
Во „Се умира ли од премногу сакање?!“ Зоран Пејковски ги открива местата каде што се кријат тајните на „мајсторлукот“ на Андреевски. Пејковски исто како и Андреевски се потпира на историскиот поттекст и успешно го пронаоѓа начинот на кој тој поттест успева да се одвои од книжевното дело. Пејковски тоа специфично го постигнува со нагласениот критичко-иронички тон во своите стихови. Тоа не е само искажана сурова иронија кон историските настани, туку една отворена свесност за тежината, значењето и вредноста на тие минати настани во оформувањето на перцепцијата на сегашниот миг“.... „Пејковски успева до крај да го избруси стихот во својата поема. Стиховите лесно го следаат пеењето и некако спонтано, незабележливо и потполно природно се прелеваат еден во друг како што по едно издишување од полните гради неминовно следи длабокото вдишување. Поемата на Пејковки наликува на едно постојано здраво дишење со ширум отворени бели дробови, затоа што јазикот на поетот е чист и разбирлив, без нејаснотии кои би можеле да предизвикаат нејасна, треперлива мисла“.....
Пејковски, и како автор, но и како човек, целосно го прифаќа искажаниот совет на Петре М. Андреевски. Но сепак во неговото последно пеење како да има впечатлива доза на разочарување. Останува чувството дека овој „аменет“ на Петре не е исполнет, дека нешто недостасува во достоинството, дека храброста е одглумена и дека вистината не се бара на вистинското место.
И за крај: поемата не се чита само еднаш, туку повеќепати се препрочитува. Причината за тоа не е двосмисленоста на искажаните ставови, туку во потребата понекогаш да се почувствува благата врелост на пријателската шлаканица за да се доотворат очите докрај пред несовршеноста на сегашноста“.....
Инаку, Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.
Автор е на 22 драмски дела, на 6 сценско-драмски рецитали, на 21 збирки песни, 6 поеми, 1 роман, 1 препев, 4 научно-истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година се стекнува со титулата почесен амбасадор на мирот од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France). Во 2017 година се стекнува со титулата академик на Чувашката народна академија на науките и уметностите, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија. Преведен е и препеан на повеќе странски јазици.

The post Во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски посветена на големиот македонски поет appeared first on Република.

]]>

Деновиве во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на виртуозот во македонската литература, големиот и бесмртен Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски, а посветена на Петре М. Андреевски. Рецензенти на ова грандиозно поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Издавач е познатата издавачка куќа „ПНВ-Публикации“ од Скопје. Инаку оваа е прва објавена книга во 2024-та година, и шеста поема од вкупно 65 книжевно - драмски, поетски, прозни, научни, публицистички и преведувачки остварувања на Пејковски. Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ е новото книжевно - поетско дело на македонскиот писател Зоран Пејковски, која е посветена на безвремениот и бесмртен Петре М. Андреевски, а по повод одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање. Рецензенти на ова значајно книжевно - поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Во својата рецензија, академик Катица Ќулавкова ќе напомене:.. „Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ од Зоран Пејковски е посветена на големиот македонски поет Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Поемата е составена од 25 (дваесет и пет) пеења....Поетот Зоран Пејковски го најавува широкиот тематски распон на поемата и нејзината воздигната трогателна и свечена патриотска и химнична интонација. Се работи за големата и трагична македонска историска приказна која оставила свои траги во просторот и времето, во јазикот и преданието на Македонците, кои „Ги измешале небото и земјата (...) предавствата и херојствата“. Љубовта е засенета од презирот спрема предавствата кои биле секогаш извор на најголеми лични и колективни страданија. Ако треба да се опише македонското поднебје и македонската историја, тогаш треба да се потсетиме на тоа дека Тие, Македонците, ги мешале небото и земјата, сакралното и профаното, паганското и христијанското, минатото и сегашноста. Поетот зборува од дистанца, временска и вредносна, небаре е во улога на историчар и судија. Второто пеење веќе навестува дека лирскиот субјект е рефлексија и поетска „инкарнација“ на Петре М. Андреевски. Се користи прво лице еднина кое сугерира лична гледна точка обележана од демирхисарскиот хронотоп и од култните елегии за Дениција од истоимената книга на Петре М. Андреевски. Времето и просторот се стеснуваат за миг и сфаќаме дека уводната апотеоза на македонскиот „постанок“ ги поставува рамките на поширокиот значенски контекст на поемата. Нејзиниот потесен и доминантен тематски фокус е неразделен од опусот на Петре М. Андреевски и неговата маркантна човечка фигура.... Третото пеење повторно ги вкрстува темата на љубовта со патриотскиот вознес. Песната е ширум отворена спрема идеалот на љубовта и на татковината, спрема восхитот и очајот. Патетичната интонација се рационализира со повремени есеистички коментари за „распродадената историја“ и за идеалите на предците. Четвртото пеење го става одново акцентот врз Дениција како парабола на возвишените татковински чувства. Дениција „ја носи целата татковина во прегратки“. Петтото пеење нуди други аспекти на општествениот и историски контекст во позадината на песните за Дениција, а индиректно и на пееања на Зоран Пејковски. Тоа се осврнува на мотивот на војната, туѓите војски и воените трауми. Поетски фрагментарно се редат инсерти од воените неизвесности, кога жените „не знаеја дали се жени или вдовици“. Дениција се претвора во митска слика, во имагинарен „предел на Најсаканија“. Таа постои таква, идеална и дивинизирана само во поезијата на Петре М. Андреевски. Од шестото до дваесет и петтото пеење, Дениција е како непрекината нишка во лавиринтот на историската приказна за Македонија, како водич низ темните времиња и невремиња, како светлина во темнината на ропските безумија и лелекија. „Малата идеја за татковината е толку голема“ што лирскиот пејач не може да ја пронајде (Осмо пеење). Љубовта градира од пеење во пеење. Дивинизацијата на Дениција продолжува. Дениција е икона (Дваесет и прво пеење). Дениција е митска слика. Приказната за Македонија, нејзините Богомили и нејзините востанија (Делчев и др.) се одвива паралелно со приказната за Дениција (Единаесетто пеење). Дениција, како и Македонија, постои додека постои потрагата по неа, постои како недостижна цел која му дава смисла на животот, како Пат кој ја овозможува потрагата. Поемата на Пејковски е мелодрамтична. Во далечината на последните неколку пеења се наѕира силуетата на Петре М. Андреевски кој како хиперчувствителен и осамен боем им се предава на чувствата и го брани своето право на слобода (Осумнаесето и Деветнаесето пеење). Во последните пеења се сугерира и една апокалиптична визија на Македонија. Останува само „црната кутија“ по падот на „авионот“, кутија која ќе сведочи за настаните кои довеле до трагедијата. Интонацијата е траорна. Загубена е слободата. Сочуван е само сонот, но ни тој не е утеха (Дваесет и второ пеење). Во Дваесетитретото пеење конечно се поставува прашањето „Се умира ли од премногу сакање?!“. Дијагнозата е премногу љубов, вишок обожавање... Кулминацијата се доживува во чинот на губењето на довербата. Апсолутната љубов е катастрофична. Поетот како да станува свесен дека треба да се соочи со реалноста и да почне да се сомнева (Дваесет и петто пеење). Современиот македонски поет Зоран Пејковски пишува долга поема од 25 пеења со цел да му направи омаж на Петре М. Андреевски. Таа цел е остварена. Пофалбата е испишана како модерна химна. Тоа е тројна пофалба - на Петре М. Андреевски, на неговата имагинарна Дениција, на Македонија и на љубовта и почитта спрема тие три величини и вертикали на македонското поетско творештво“... Рецензентот Јордан Плевнеш за поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Македонскиот современ поет Зоран Пејковски со поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ посветена на 90-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Петре. М Андреевски (1934-2006) докажува дека независно од историските услови во кои е создаван македонскиот идентитет во европскиот лавиринт, македонското писмо и писание се остварува и покрај негациите и политичкиот терор кој и денес е присутен на историската сцена кога ќе се спомене името Македонија. Таа се доживува како „елементарна непогода“ на Балканот кој уште Маркс го нарекува „Магарешки мост на европската дипломатија“. Поемата на Зоран Пејковски содржи 25 пеења и низ длабоко рефлексивна јазичка сонда која ги поврзува вековите во духот на поетиката и јазикот на Петре М. Андреевски, ја става неговата поема „Дениција“ како Основен столб врз кого се гради поетскиот наратив и тој „Curiozum mundi“ како што Мирослав Крлежа ја нарекуваше Македонија. Дениција како што е познато е објавена во ревлуционерната година 1968 и нејзиниот познат стих од кого беа потресени повеќе балкански разузнавачки служби кои ги пренесуваа своите „зони на опасност“ во светските центри на воената моќ гласеше: „Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на првата македонска држава“! Всушност поемата на Зоран Пејковски „Се умира ли од премногу сакање?!“ низ призмата на Дениција е еден стамен поетски монументален запис, дека љубовта станува опасност во балканската и европската историја и нејзината „прекумерност“ го загрозува етаблираниот ред на нештата дури и е закана за Светскиот поредок. Јазикот на поемата на Пејковски е сличен на определбата на брилијатниот шекспиролог Јан Кот, кој вели ако се пишува „пост-модерн“ тоа значи дека се пишува „пост-мортем“. Неговите стихови изобилуваат со дигресивна форма на понирање низ времето, и всушност поемата ги овековечува и сите други жанри во кои се остварува книжевниот гениј на Петре М.Андреевски, бидејќи од неговиот прв драмски текст „Богунемили“ до романот „Пиреј“ и сите негови збирки поезија, Зоран Пејковски ќе го пронајде сублиматот на Главната окосница на неговата Поема-парабола низ стиховите во кои ќе ја објави сопствената само-дефиниција, или по угледот на Пабло Пикасо и неговиот последен авто-портрет, пишувајќи за Петре М. Андреевски, Зоран Пејковски го наоѓа круцијалното прашање и неговиот одговор: Во поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ ја откриваме после векови трагање „црната кутија на нашето самоуништување“! Поемата на Зоран Пејковски е како изградба на поетски храм на Петре М. Андреевски бидејќи тој веруваше во градбите од зборови кои се присутни во книгата на Дени Де Ружмон „28 векови на Европа“, во која големиот швајцарски мислител и историчар тврди дека Европа 28 векови се бара и не може да се најде. Значи исто е и со Македонија! Исто е и со Светот!!! Во 1968 година „Дениција“ е објавена во времето кога Ален Гинсберг ги објавува своите „Новости од Планетата“, кои со својата жестина ја отсликувааат светската историја. Чарлс Буковски пишува за „Улицата на теророт и авенијата на агонијата“, Рејмон Кено пишува за „Летот на Икар“, Јосиф Бродски ги пишува „Елегиите“ со инспирација од Данте Алигиери, а унгарскиот поет Ласло Наѓ е добитник на „Златниот венец“ за песна на Струшките вечери на поезијата „Крадец си, во песна што се крие“. Овие компаративни согледувања ни отвораат нови потпорни точки, за да ја согледаме тежината на поемата на Зоран Пејковски, бидејќи тој го објавува овој свој поетски крик во 25 пеења, во време кога целата планета е во состојба на војни, масакри и ликвидации на многу меридијани и последниот бастион кој што треба да се уништи за да се заврши фамозниот салто мортале на современиот свет е Љубовта, Цивилизацијата на љубовта, како што ја нарекуваат Рамноапостолите Свети Кирил и Методиј, за кои Пејковски напиша Поема „Светопис за сесловените“, како што напиша поеми или драми во стихови и за Свети Климент Охридски и за Григор Прличев и за Кочо Рацин и за Анте Поповски и за Ацо Шопов. Всушност, Пеењата на Зоран Пејковски кон кои се приклучува и неговата најнова поема „Се умира ли од премногу сакање?!“ го иницираат клучното прашање на нашата книжевна меморија: Се гради ли сам по себе Имагинарниот храм наречен Македонски книжевен Пантеон, една невидлива, сега засега, Градба која е како насловот на втората поетска книга на Петре М, Андреевски, „Ни на небо, ни на земја“, која не можат да ја уништат не само пропагандите, туку ни нуклеарните боеви глави зошто таа е неуништива, бидејќи „Уметноста е конечна цел на сите револуции“!“.... Рецензентот Владимир Илиевски за поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Писателот Зоран Пејковски со својот инспиративен творечки континуитет го надополнува корпусот на македонската книжевност со дела кои длабоко продираат во македонската историја и во македонската културна историја. Пејковски ги користат овие материјали како своја книжевна предлошка... За нескротливата творечка енергија на Пејковски јасна потврда е неговата најнова поема во дваесет и пет пеење „Се умира ли од премногу сакање?!“ која поетот ја посветува на бардот на македонската книжевност - поетот, прозаистот, драматургот, сценаристот, полемичарот Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање“.... Навидум, како поетот Пејковски да сака да го започне книжевен разговор со својот книжевен претходник токму во моментот кога тој, претходникот, е млад, кога ги објавува своите први поетски книги. Ова обраќање без дирекно именување само ја потенцира книжевната големина на Андреевски и поетската вештина на Пејковски. Нема потреба некого да именуваш ако неговото дело е длабоко вгнездено во меморијата на читателската публика. Зоран Пејковски со своите стихови само го допозлатува ореолот околу Дениција. Тој возвишено пее поместувајќи ги реските меѓи помеѓу поимите/ феномените жена, љубов, страст, слобода татковина, Македонија, историја, радост, тага“... Во „Се умира ли од премногу сакање?!“ Зоран Пејковски ги открива местата каде што се кријат тајните на „мајсторлукот“ на Андреевски. Пејковски исто како и Андреевски се потпира на историскиот поттекст и успешно го пронаоѓа начинот на кој тој поттест успева да се одвои од книжевното дело. Пејковски тоа специфично го постигнува со нагласениот критичко-иронички тон во своите стихови. Тоа не е само искажана сурова иронија кон историските настани, туку една отворена свесност за тежината, значењето и вредноста на тие минати настани во оформувањето на перцепцијата на сегашниот миг“.... „Пејковски успева до крај да го избруси стихот во својата поема. Стиховите лесно го следаат пеењето и некако спонтано, незабележливо и потполно природно се прелеваат еден во друг како што по едно издишување од полните гради неминовно следи длабокото вдишување. Поемата на Пејковки наликува на едно постојано здраво дишење со ширум отворени бели дробови, затоа што јазикот на поетот е чист и разбирлив, без нејаснотии кои би можеле да предизвикаат нејасна, треперлива мисла“..... Пејковски, и како автор, но и како човек, целосно го прифаќа искажаниот совет на Петре М. Андреевски. Но сепак во неговото последно пеење како да има впечатлива доза на разочарување. Останува чувството дека овој „аменет“ на Петре не е исполнет, дека нешто недостасува во достоинството, дека храброста е одглумена и дека вистината не се бара на вистинското место. И за крај: поемата не се чита само еднаш, туку повеќепати се препрочитува. Причината за тоа не е двосмисленоста на искажаните ставови, туку во потребата понекогаш да се почувствува благата врелост на пријателската шлаканица за да се доотворат очите докрај пред несовршеноста на сегашноста“..... Инаку, Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Автор е на 22 драмски дела, на 6 сценско-драмски рецитали, на 21 збирки песни, 6 поеми, 1 роман, 1 препев, 4 научно-истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година се стекнува со титулата почесен амбасадор на мирот од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France). Во 2017 година се стекнува со титулата академик на Чувашката народна академија на науките и уметностите, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија. Преведен е и препеан на повеќе странски јазици.

The post Во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски посветена на големиот македонски поет appeared first on Република.

]]>
Зоран Пејковски ja доби наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2022 https://republika.mk/vesti/kultura/zoran-pejkovski-ja-dobi-nagradata-atso-shopov-na-dpm-za-2022/ Tue, 07 Feb 2023 12:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=605963

Зоран Пејковски за поетската книга „Убавите жени“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ за 2022-ра, која Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ја доделува за најдобра книга поезија во претходна година.

Одлуката ја донесе комисија во состав: Зоран Анчевски (претседател) и Мерсиха Исмајлоска и Славе Ѓорѓо Димоски (членови). Во потесен избор за оваа награда биле и стихозбирките „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска и „Позлатено распетие“ од Ивица Челиковиќ.

На конкурсот на ДПМ за наградата „Ацо Шопов“ пристигнале 16 книги, од кои три не ги задоволиле бараните критериуми, така што во трка останале 13 поетски книги од 11 автори од различни генерации.

Во образложението за одлуката жирито наведува дека книгата на Пејковски, структурирана во четири поетски циклуси, како целина нуди една заокруженост со јасна тематска преокупација и идеја, фокусирани на убавината како универзална човечка димензија и дека таа изобилува со впечатливи поетски слики поместени во сферите на љубовното, еротското, чувственото.

Низ целата книга се разлева топол лирски склад кој потсетува не само на класичното и на традиционалното, туку и на пеење што ги задоволува узусите на модерната поетика, рече Анчевски, претседател на комисијата, на прес-конференција на која го прочита образложението.

„Убавите жени“ на Пејковски, истакна Анчевски, е стихозбирка со складен и затоа навидум лесен поетски израз што изобилува со богати поетски слики и метафори, како и со свежи звуковни и ритмички решенија.

Поетот вешто ги избегнува замките на благуњавиот лиризам и сентиментализам што е постојана закана за ваков вид поезија и иако на моменти се приклонува кон нешто полесни, клишеизирани решенија, сепак општо земено, целата книга импонира со својата компактност, читливост и приемчивост, се наведува во оценката на жирито.

Авторот лауреат Пејковски не присуствуваше на соопштувањето на одлуката и за наградата „Ацо Шопов“ се заблагодари со пишана изјава. Во неа напиша дека радоста е уште поголема затоа што наградата ја добива во јубилејната година – кога се одбележува еден век од раѓањето на Шопов, а и затоа што претседател на жирито е проф. д-р Зоран Анчевски, како што вели „еден од најзначајните поети во македонската, европската и светската литература“.

Им благодарам и на останатите членови на жири-комисијата кои со својата професионалност и строгост во оценувањето се одлучија наградата „Ацо Шопов“ да ја добијат „Убавите жени“. Им благодарам и на моите прекрасни рецензентки, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер и д-р Лилјана Пандева, две големи и значајни авторки во македонската книжевна и научна мисла, кои на збирката песни „Убавите жени“ ѝ дадоа една магично безвремена женска аура, додаде Пејковски.

Наградата ќе му биде врачена в понеделник, 13 февруари, кога писателската асоцијација ќе одбележи 76 години од основањето. На традиционалната свеченост, во 11 часот, ќе бидат врачени и останатите три годишни награди на ДПМ за најдобри книжевни остварувања во 2022: „Димитар Митрев“ за есеистика – на Соња Стојменска-Елзесер, „Стале Попов“ за проза – на Венко Андоновски и „Ванчо Николески“ за книга за деца – на Ели Маказлиева.

 

The post Зоран Пејковски ja доби наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2022 appeared first on Република.

]]>

Зоран Пејковски за поетската книга „Убавите жени“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ за 2022-ра, која Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ја доделува за најдобра книга поезија во претходна година. Одлуката ја донесе комисија во состав: Зоран Анчевски (претседател) и Мерсиха Исмајлоска и Славе Ѓорѓо Димоски (членови). Во потесен избор за оваа награда биле и стихозбирките „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска и „Позлатено распетие“ од Ивица Челиковиќ. На конкурсот на ДПМ за наградата „Ацо Шопов“ пристигнале 16 книги, од кои три не ги задоволиле бараните критериуми, така што во трка останале 13 поетски книги од 11 автори од различни генерации. Во образложението за одлуката жирито наведува дека книгата на Пејковски, структурирана во четири поетски циклуси, како целина нуди една заокруженост со јасна тематска преокупација и идеја, фокусирани на убавината како универзална човечка димензија и дека таа изобилува со впечатливи поетски слики поместени во сферите на љубовното, еротското, чувственото.
Низ целата книга се разлева топол лирски склад кој потсетува не само на класичното и на традиционалното, туку и на пеење што ги задоволува узусите на модерната поетика, рече Анчевски, претседател на комисијата, на прес-конференција на која го прочита образложението.
„Убавите жени“ на Пејковски, истакна Анчевски, е стихозбирка со складен и затоа навидум лесен поетски израз што изобилува со богати поетски слики и метафори, како и со свежи звуковни и ритмички решенија.
Поетот вешто ги избегнува замките на благуњавиот лиризам и сентиментализам што е постојана закана за ваков вид поезија и иако на моменти се приклонува кон нешто полесни, клишеизирани решенија, сепак општо земено, целата книга импонира со својата компактност, читливост и приемчивост, се наведува во оценката на жирито.
Авторот лауреат Пејковски не присуствуваше на соопштувањето на одлуката и за наградата „Ацо Шопов“ се заблагодари со пишана изјава. Во неа напиша дека радоста е уште поголема затоа што наградата ја добива во јубилејната година – кога се одбележува еден век од раѓањето на Шопов, а и затоа што претседател на жирито е проф. д-р Зоран Анчевски, како што вели „еден од најзначајните поети во македонската, европската и светската литература“.
Им благодарам и на останатите членови на жири-комисијата кои со својата професионалност и строгост во оценувањето се одлучија наградата „Ацо Шопов“ да ја добијат „Убавите жени“. Им благодарам и на моите прекрасни рецензентки, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер и д-р Лилјана Пандева, две големи и значајни авторки во македонската книжевна и научна мисла, кои на збирката песни „Убавите жени“ ѝ дадоа една магично безвремена женска аура, додаде Пејковски.
Наградата ќе му биде врачена в понеделник, 13 февруари, кога писателската асоцијација ќе одбележи 76 години од основањето. На традиционалната свеченост, во 11 часот, ќе бидат врачени и останатите три годишни награди на ДПМ за најдобри книжевни остварувања во 2022: „Димитар Митрев“ за есеистика – на Соња Стојменска-Елзесер, „Стале Попов“ за проза – на Венко Андоновски и „Ванчо Николески“ за книга за деца – на Ели Маказлиева.  

The post Зоран Пејковски ja доби наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2022 appeared first on Република.

]]>
„Нож“- драмски еп од македонскиот драмски писател Зоран Пејковски https://republika.mk/vesti/kultura/noz-dramski-ep-od-makedonskiot-dramski-pisatel-zoran-pejkovski/ Tue, 09 Aug 2022 08:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=538248

Неодамна од печат излезе драмскиот еп „Нож“, на македонскиот драмски писател Зоран Пејковски, кој ни ја дава реалната слика за познатата битка на „Ножот“ која се случи на 14.07.1907 година, точно пред 115-години.

 

Македонскиот драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература, Зоран Пејковски, неодамна го објави својот најдов драмски еп „Нож“, кој претставува најзначајно книжевно дело од македонската историја.

Убаво се знае во македонската историја, дека по Илинденското востание, битката на Ножот се памети како најкрвав настан. Токму по тој повод, но и по повод 115-годишнината од битката 1907-2022 година, излегува ова драгоцено книжевно дело кое е со пролог и епилог, а рецензенти се: проф. д-р Виолета Ачкоска и доц. д-р Славчо Ковилоски.

За овој несекојдневен и значаен историски настан, односно за драмскиот еп „Нож“, проф. д-р Виолета Ачкоска, меѓу другото ќе напише:…„Епопејата на Ножот, пеколна смрт на 54 млади македонски јунаци во јули 1907 година, е длабоко врежана во колективната меморија на македонскиот народ - со возвишеноста и трагичноста на чинот, со поуката СЛОБОДА ИЛИ СМРТ за сите идни генерации Македонци. Херојство пред кое и непријателските војници ги симнале капите. Пред јунаците, пред нивниот јуриш во смртта, за да останат запишани во бесмртноста.

Раздвижени чети на Внатрешната македонска револуционерна организација се распоредуваат низ Прилепскиот Регион како засилување за борба против сè поагресивните пропаганди на соседите и нивните вооружени чети – српски, грчки, бугарски и против турските власти што вршат невидено насилство врз народот. Во нив сè уште врие одмазадата за Илинденското востание.

Тие на Ножот беа оставени сами. Педесет и четири јунаци на Организацијата наспроти 3.000 османлиска војска. Предавство од туѓите, предавство од своите. Всушност, како нишка низ драмските сцени мириса грозното сениште на предавството. Пејковски ги става пред судот на историјата оние што ги оставиле своите другари во смртниот круг на Османлиите. Така, читајќи ги прекрасните епски стихоредови, во вас ќе се всади мислата дека трагичната приказна за битката на Ножот, за младите стројни јунаци кои тука останаа за да умрат, е само повод или сцена за сите предавства, делби и крвопролевања на македонскиот народ; за многуте саможртви, најчесто заради предавство од „своите“. Пред вас се редат тешки монолози на личности, обраќања кон минатото, сегашноста и иднината, со кои сфаќате дека ништо, ништо не се променило“….

Воедно, кон целиот овој настан, кој е даден и во драмскиот еп „Нож“ ќе се осврни и доц. д-р Славчо Ковилоски, кој меѓу другото ќе напише:…„Вметнувањето на епиката, односно лирското обликување на драмата, Пејковски го остварува со внимателен одбир на термини што треба да побудат патриотско-романтичарска возбуда, но и преку внтарешни отсликувања на карактерите на актерите на овој настан за да дадат слика на емоционалните состојби на најголемиот дел од учесниците во битката.

Драмата е поткрепена со повеќе историски извори, а е надополнета и со низа усни преданија што до ден-денес се прераскажуваат во околните села на Ножот.…. Следејќи ја документаристиката исполнета со најразлични факти, авторот се обидел да го овековечи најголемиот судир меѓу револуционерните чети и аскерот по Илинденското востание.

Последната, седма сцена е најкратка и се одвива скоро по четириесет години подоцна, односно во 1943 година, кога последните преживеани коишто се сеќавале на несреќната 1907 година и одржувале панихида секое лето, се пресретнати од бугарски војници и сите се убиени. Во неа зборува само духот на војводата Атанас Попов оплакувајќи се од „македоноубијците“, господарите и окупаторите….

Како што можевме да видиме, тажната судбина на учесниците во оваа епска битка е главната инспирација на Зоран Пејковски. Неговиот јазик е лиризиран, потопен со романтичарски патос, а главните ликови се умешно изградени со силни внатрешни чувства. Истовремено, преку реминисценции и актуализирајќи, но и проблематизирајќи одредени сегменти од епопејата на Ножот, Пејковски успеал да изгради убаво четиво, издржан драмски текст, структиуран лесно и едноставно, но содржински богат и компактен и што е најважно, читлив и изведлив“…

Што се однесува до авторот Зоран Пејковски, би требало да се истакне дека тој е доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.

Автор е на 24 драмски дела, на 24 збирки песни, 1 роман, 1 препев, 4 научно - истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година, се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 година се стекнува со титулата академик, а пак во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.

Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

The post „Нож“- драмски еп од македонскиот драмски писател Зоран Пејковски appeared first on Република.

]]>

Неодамна од печат излезе драмскиот еп „Нож“, на македонскиот драмски писател Зоран Пејковски, кој ни ја дава реалната слика за познатата битка на „Ножот“ која се случи на 14.07.1907 година, точно пред 115-години.   Македонскиот драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература, Зоран Пејковски, неодамна го објави својот најдов драмски еп „Нож“, кој претставува најзначајно книжевно дело од македонската историја. Убаво се знае во македонската историја, дека по Илинденското востание, битката на Ножот се памети како најкрвав настан. Токму по тој повод, но и по повод 115-годишнината од битката 1907-2022 година, излегува ова драгоцено книжевно дело кое е со пролог и епилог, а рецензенти се: проф. д-р Виолета Ачкоска и доц. д-р Славчо Ковилоски. За овој несекојдневен и значаен историски настан, односно за драмскиот еп „Нож“, проф. д-р Виолета Ачкоска, меѓу другото ќе напише:…„Епопејата на Ножот, пеколна смрт на 54 млади македонски јунаци во јули 1907 година, е длабоко врежана во колективната меморија на македонскиот народ - со возвишеноста и трагичноста на чинот, со поуката СЛОБОДА ИЛИ СМРТ за сите идни генерации Македонци. Херојство пред кое и непријателските војници ги симнале капите. Пред јунаците, пред нивниот јуриш во смртта, за да останат запишани во бесмртноста. Раздвижени чети на Внатрешната македонска револуционерна организација се распоредуваат низ Прилепскиот Регион како засилување за борба против сè поагресивните пропаганди на соседите и нивните вооружени чети – српски, грчки, бугарски и против турските власти што вршат невидено насилство врз народот. Во нив сè уште врие одмазадата за Илинденското востание. Тие на Ножот беа оставени сами. Педесет и четири јунаци на Организацијата наспроти 3.000 османлиска војска. Предавство од туѓите, предавство од своите. Всушност, како нишка низ драмските сцени мириса грозното сениште на предавството. Пејковски ги става пред судот на историјата оние што ги оставиле своите другари во смртниот круг на Османлиите. Така, читајќи ги прекрасните епски стихоредови, во вас ќе се всади мислата дека трагичната приказна за битката на Ножот, за младите стројни јунаци кои тука останаа за да умрат, е само повод или сцена за сите предавства, делби и крвопролевања на македонскиот народ; за многуте саможртви, најчесто заради предавство од „своите“. Пред вас се редат тешки монолози на личности, обраќања кон минатото, сегашноста и иднината, со кои сфаќате дека ништо, ништо не се променило“…. Воедно, кон целиот овој настан, кој е даден и во драмскиот еп „Нож“ ќе се осврни и доц. д-р Славчо Ковилоски, кој меѓу другото ќе напише:…„Вметнувањето на епиката, односно лирското обликување на драмата, Пејковски го остварува со внимателен одбир на термини што треба да побудат патриотско-романтичарска возбуда, но и преку внтарешни отсликувања на карактерите на актерите на овој настан за да дадат слика на емоционалните состојби на најголемиот дел од учесниците во битката. Драмата е поткрепена со повеќе историски извори, а е надополнета и со низа усни преданија што до ден-денес се прераскажуваат во околните села на Ножот.…. Следејќи ја документаристиката исполнета со најразлични факти, авторот се обидел да го овековечи најголемиот судир меѓу револуционерните чети и аскерот по Илинденското востание. Последната, седма сцена е најкратка и се одвива скоро по четириесет години подоцна, односно во 1943 година, кога последните преживеани коишто се сеќавале на несреќната 1907 година и одржувале панихида секое лето, се пресретнати од бугарски војници и сите се убиени. Во неа зборува само духот на војводата Атанас Попов оплакувајќи се од „македоноубијците“, господарите и окупаторите…. Како што можевме да видиме, тажната судбина на учесниците во оваа епска битка е главната инспирација на Зоран Пејковски. Неговиот јазик е лиризиран, потопен со романтичарски патос, а главните ликови се умешно изградени со силни внатрешни чувства. Истовремено, преку реминисценции и актуализирајќи, но и проблематизирајќи одредени сегменти од епопејата на Ножот, Пејковски успеал да изгради убаво четиво, издржан драмски текст, структиуран лесно и едноставно, но содржински богат и компактен и што е најважно, читлив и изведлив“… Што се однесува до авторот Зоран Пејковски, би требало да се истакне дека тој е доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Автор е на 24 драмски дела, на 24 збирки песни, 1 роман, 1 препев, 4 научно - истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година, се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 година се стекнува со титулата академик, а пак во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

The post „Нож“- драмски еп од македонскиот драмски писател Зоран Пејковски appeared first on Република.

]]>
„ПНВ Публикации“ ја објави најновата стихозбирка на Зоран Пејковски- „Убавите жени“ https://republika.mk/vesti/kultura/pnv-publikacii-ja-objavi-najnovata-stihozbirka-na-zoran-pejkovski-ubavite-zeni/ Fri, 11 Mar 2022 08:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=471097

Во издание на една издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, од печат излезе најновата збирка песни „Убавите жени“ на авторот Зоран Пејковски, инаку негова 24-та по ред збирка песни, од вкупно 55 -книжевни дела.

 Рецензентки на книгата се големи имиња во македонската книжевна и научна мисла, д-р Лилјана Пандева и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, кои од свој женски агол пишуваат за „Убавите жени“ .

Стихозбирката „Убавите жени“ се базира врз традиционално уиверзални проблемски јадра и комбинира архаична наративност, препознатлива како библиска поетичка линија, со богати поетски слики метафори и со ретки но особено ефектни звуковно значенски комбинирања на јазичниот материјал. Неговите поетски изблициво прв ред се доживуваат како сензуални и еротизирани, но во заднина избива продлабочена рефлексивност, која го поставува читателот пред низа прашалници и го повикува во мисловни авантури,пишува проф.д-р.Соња Стојменска Елсезер, претседателката на друштвото на писатели на Македонија и воедно есеист, критичар и теоретичар од областа на книжевноста.

Македонската писателка, раскажувач и романсиер д-р. Лилјана Пандева пишува:

Иако по вокација драматург, се чини дека во „Убавите жени“, Пејковски успеал комплетно да се нурне во поезијата. И тоа во чиста. Не дека во некои од овие песни го нема драмскиот елемент, но во „Убавите жени“ станува збор за чиста поезија.Како што всушност тој ја опишува жената. Можеби насловот на збирката можел да оди во еднина. Затоа што сите песни се за жената. За една жена, уште од нејзината прамајка Ева, тука наречена икона на универзумот“.

Претходно Пејковски ја објави збирката песни „Здивот на смртта“ односно преведена на хрватски „Dah smrtti“.

Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и редовен академик на Руската Федерација, а од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, France & Switzerland) е назначен за почесен амбасадор на мирот. Во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европска Унија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, член е на Друштвото на светските поети (Poetas delmundo) со седиште во Чиле од 2017., а тој е и почесен член на Сојузот на Украинските писатели од 2018 година. Член е и во друи писателски асоцијации и друштва.

Меѓу другото работи и како академски соработник и доцент по предметите „Театар и „театрологија“ на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, а еден период тој беше и асистен на ректорот Јордан Плевнеш. Автор е на над 20 драмски дела, потоа над 20 збирки песни, еден роман, четири научно-истражувачки книги од театрологијата и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

The post „ПНВ Публикации“ ја објави најновата стихозбирка на Зоран Пејковски- „Убавите жени“ appeared first on Република.

]]>

Во издание на една издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, од печат излезе најновата збирка песни „Убавите жени“ на авторот Зоран Пејковски, инаку негова 24-та по ред збирка песни, од вкупно 55 -книжевни дела.

 Рецензентки на книгата се големи имиња во македонската книжевна и научна мисла, д-р Лилјана Пандева и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, кои од свој женски агол пишуваат за „Убавите жени“ .

Стихозбирката „Убавите жени“ се базира врз традиционално уиверзални проблемски јадра и комбинира архаична наративност, препознатлива како библиска поетичка линија, со богати поетски слики метафори и со ретки но особено ефектни звуковно значенски комбинирања на јазичниот материјал. Неговите поетски изблициво прв ред се доживуваат како сензуални и еротизирани, но во заднина избива продлабочена рефлексивност, која го поставува читателот пред низа прашалници и го повикува во мисловни авантури,пишува проф.д-р.Соња Стојменска Елсезер, претседателката на друштвото на писатели на Македонија и воедно есеист, критичар и теоретичар од областа на книжевноста.

Македонската писателка, раскажувач и романсиер д-р. Лилјана Пандева пишува:

Иако по вокација драматург, се чини дека во „Убавите жени“, Пејковски успеал комплетно да се нурне во поезијата. И тоа во чиста. Не дека во некои од овие песни го нема драмскиот елемент, но во „Убавите жени“ станува збор за чиста поезија.Како што всушност тој ја опишува жената. Можеби насловот на збирката можел да оди во еднина. Затоа што сите песни се за жената. За една жена, уште од нејзината прамајка Ева, тука наречена икона на универзумот“.

Претходно Пејковски ја објави збирката песни „Здивот на смртта“ односно преведена на хрватски „Dah smrtti“.

Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и редовен академик на Руската Федерација, а од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, France & Switzerland) е назначен за почесен амбасадор на мирот. Во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европска Унија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, член е на Друштвото на светските поети (Poetas delmundo) со седиште во Чиле од 2017., а тој е и почесен член на Сојузот на Украинските писатели од 2018 година. Член е и во друи писателски асоцијации и друштва.

Меѓу другото работи и како академски соработник и доцент по предметите „Театар и „театрологија“ на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, а еден период тој беше и асистен на ректорот Јордан Плевнеш. Автор е на над 20 драмски дела, потоа над 20 збирки песни, еден роман, четири научно-истражувачки книги од театрологијата и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

The post „ПНВ Публикации“ ја објави најновата стихозбирка на Зоран Пејковски- „Убавите жени“ appeared first on Република.

]]>