зомби Archives - Република https://republika.mk/tema/zombi/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 08:26:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зомби Archives - Република https://republika.mk/tema/zombi/ 32 32 Во Словенија први случаи на фатално предозирање со фентанил – „зомби дрогата“ од која стравува Европа https://republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-prvi-sluchai-na-fatalno-predozirane-so-fentanil-zombi-drogata-od-koja-stravuva-evropa/ Tue, 27 Feb 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=748757

Фентанилот, попознат како „зомби дрога“ се приближува кон Балканот. Во Словенија се забележани два случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар.    

Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат познат во јавноста под името „зомби дрога“ кој ги преплави САД и од чие разорно дејство годишно во таа земја умираат приближно 100.000 зависници. Фентанилот се проби на улиците од здравствените установи каде легално се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања. Неговото дејство е слично на морфиумот, но е многу посилно. Затоа, по него „на улиците“ најчесто посегнуваат зависниците од хероин.   

„Посебно е загрижувачко што дури и по едно консумирање може да го направи лицето кое го земало сериозен зависник, а многу мала количина може да доведе до запирање на срцето. Поради непрофесионалното ракување со овој опијат, особено при нарачување фентанил на Интернет, може да дојде до вдишување на прашината од отворен поштенски плик во кој се наоѓа дрогата, што пак, може да доведе до труење и смрт поради откажување на белите дробови“, предупредуваат експертите.    

Дилерите во него препознаа предност во однос на другите таканаречени тешки дроги.  Фентанилот може да се произведува во импровизирани лаборатории, односно не треба да се увезува како хероинот од Авганистан. Освен тоа, има посилно дејство од хероинот, поевтин е и полесен за шверц. Дилерите често им го испраќаат на своите клиенти по пошта, односно во пратка.    

Ова предизвикува огромни главоболки на полицијата, која во САД, но и пошироко во светот се занимава со сузбивање на трговијата со овој опијат.  

Поради фаталните случаи на предозирање со фентанил, загриженост за ширење на овој силен опијат веќе има во Хрватска. Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, во четири случаи на предозираност досега е идентификувано присуство на фентанил или негови деривати. Но, Mинистерството за внатрешни работи напоменува дека смртта во тие три случаи не настапила поради предозирање со фентанил, туку се работи за зависници од дрога, кај кои смртта настапила како последица на лошата здравствена состојба, предизвикана од консумацијата на дрога. Тие првпат го сретнале во 2017 година за време на запленувањето на писмо испратено од Кина, земја која, според Хрватскиот институт за јавно здравје, е идентификувана како еден од глобалните извори на овој исклучително моќен опијат и неговите деривати. 

На територијата на Европската унија во 2021 година се регистрирани 137 смртни случаи предизвикани од предозирање со „зомби дрогата“. Со 88 смртни случаи во истата година, Германија беше далеку пред другите земји од ЕУ. 

Во декември 2023 година, српското Министерство за здравство ја информираше јавноста дека нема регистрирани смртни случаи предизвикани од фентанил во Србија. 

 

The post Во Словенија први случаи на фатално предозирање со фентанил – „зомби дрогата“ од која стравува Европа appeared first on Република.

]]>

Фентанилот, попознат како „зомби дрога“ се приближува кон Балканот. Во Словенија се забележани два случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар.     Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат познат во јавноста под името „зомби дрога“ кој ги преплави САД и од чие разорно дејство годишно во таа земја умираат приближно 100.000 зависници. Фентанилот се проби на улиците од здравствените установи каде легално се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања. Неговото дејство е слично на морфиумот, но е многу посилно. Затоа, по него „на улиците“ најчесто посегнуваат зависниците од хероин.    „Посебно е загрижувачко што дури и по едно консумирање може да го направи лицето кое го земало сериозен зависник, а многу мала количина може да доведе до запирање на срцето. Поради непрофесионалното ракување со овој опијат, особено при нарачување фентанил на Интернет, може да дојде до вдишување на прашината од отворен поштенски плик во кој се наоѓа дрогата, што пак, може да доведе до труење и смрт поради откажување на белите дробови“, предупредуваат експертите.     Дилерите во него препознаа предност во однос на другите таканаречени тешки дроги.  Фентанилот може да се произведува во импровизирани лаборатории, односно не треба да се увезува како хероинот од Авганистан. Освен тоа, има посилно дејство од хероинот, поевтин е и полесен за шверц. Дилерите често им го испраќаат на своите клиенти по пошта, односно во пратка.     Ова предизвикува огромни главоболки на полицијата, која во САД, но и пошироко во светот се занимава со сузбивање на трговијата со овој опијат.   Поради фаталните случаи на предозирање со фентанил, загриженост за ширење на овој силен опијат веќе има во Хрватска. Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, во четири случаи на предозираност досега е идентификувано присуство на фентанил или негови деривати. Но, Mинистерството за внатрешни работи напоменува дека смртта во тие три случаи не настапила поради предозирање со фентанил, туку се работи за зависници од дрога, кај кои смртта настапила како последица на лошата здравствена состојба, предизвикана од консумацијата на дрога. Тие првпат го сретнале во 2017 година за време на запленувањето на писмо испратено од Кина, земја која, според Хрватскиот институт за јавно здравје, е идентификувана како еден од глобалните извори на овој исклучително моќен опијат и неговите деривати.  На територијата на Европската унија во 2021 година се регистрирани 137 смртни случаи предизвикани од предозирање со „зомби дрогата“. Со 88 смртни случаи во истата година, Германија беше далеку пред другите земји од ЕУ.  Во декември 2023 година, српското Министерство за здравство ја информираше јавноста дека нема регистрирани смртни случаи предизвикани од фентанил во Србија.   

The post Во Словенија први случаи на фатално предозирање со фентанил – „зомби дрогата“ од која стравува Европа appeared first on Република.

]]>
„Зомби партија“ вели Славески за новата партија и гостите на Данела https://republika.mk/vesti/makedonija/zombi-partija-veli-slaveski-za-novata-partija-i-gostite-na-danela/ Thu, 18 Jan 2024 09:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=734257

𝐙𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞𝐬 𝐏𝐚𝐫𝐭𝐲
(превод: Зомби партија; алтернативно: Забава на зомбите)

𝐀 𝐳𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞 𝐢𝐬 𝐚 𝐦𝐲𝐭𝐡𝐢𝐜𝐚𝐥 𝐝𝐞𝐚𝐝 𝐩𝐞𝐫𝐬𝐨𝐧 𝐰𝐡𝐨 𝐡𝐚𝐬 𝐫𝐞𝐭𝐮𝐫𝐧𝐞𝐝 𝐭𝐨 𝐥𝐢𝐟𝐞 𝐚𝐬 𝐚 𝐰𝐚𝐥𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐜𝐨𝐫𝐩𝐬𝐞.

„Зомбите се оживеани мртовци. Можат да одат, да мислат (понекогаш) и да напаѓаат живи луѓе. Повеќето од нив ги јадат мозоците на живи човечки суштества. Кај зомбите срцето, плуќата и мал дел од нивниот мозок сеуште функционираат”.(Wikipedia, Encyclopedia Brittanica и сл.)

https://republika.mk/vesti/makedonija/zechevik-i-mechka-vo-prvi-redovi-na-promotsijata-na-novata-partija-na-danela-arsovska/

Вака претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, ја коментира синоќешната промоција на градоначалничката Данела Арсовска како нов лидер на партијата Нова Алтернатива. Покрај нејзиното семејство, главна поддршка на настанот во скопскиот хотел „Континентал“, Арсовска доби од генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, сопственикот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски – Мечка и неговата сопруга Наталија, од неодамна поставена Наталија Митовска за нов генерален секретар на Град Скопје.

The post „Зомби партија“ вели Славески за новата партија и гостите на Данела appeared first on Република.

]]>

𝐙𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞𝐬 𝐏𝐚𝐫𝐭𝐲 (превод: Зомби партија; алтернативно: Забава на зомбите) 𝐀 𝐳𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞 𝐢𝐬 𝐚 𝐦𝐲𝐭𝐡𝐢𝐜𝐚𝐥 𝐝𝐞𝐚𝐝 𝐩𝐞𝐫𝐬𝐨𝐧 𝐰𝐡𝐨 𝐡𝐚𝐬 𝐫𝐞𝐭𝐮𝐫𝐧𝐞𝐝 𝐭𝐨 𝐥𝐢𝐟𝐞 𝐚𝐬 𝐚 𝐰𝐚𝐥𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐜𝐨𝐫𝐩𝐬𝐞. „Зомбите се оживеани мртовци. Можат да одат, да мислат (понекогаш) и да напаѓаат живи луѓе. Повеќето од нив ги јадат мозоците на живи човечки суштества. Кај зомбите срцето, плуќата и мал дел од нивниот мозок сеуште функционираат”.(Wikipedia, Encyclopedia Brittanica и сл.) https://republika.mk/vesti/makedonija/zechevik-i-mechka-vo-prvi-redovi-na-promotsijata-na-novata-partija-na-danela-arsovska/ Вака претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, ја коментира синоќешната промоција на градоначалничката Данела Арсовска како нов лидер на партијата Нова Алтернатива. Покрај нејзиното семејство, главна поддршка на настанот во скопскиот хотел „Континентал“, Арсовска доби од генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, сопственикот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски – Мечка и неговата сопруга Наталија, од неодамна поставена Наталија Митовска за нов генерален секретар на Град Скопје.

The post „Зомби партија“ вели Славески за новата партија и гостите на Данела appeared first on Република.

]]>
Украина бара борци против руските зомбија https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-bortsi-protiv-ruskite-zombija/ Mon, 11 Dec 2023 21:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=721913

Соочени со екстремно слаб успех во обидите за регрутација нови борци за воените сили за борба против руските сили, украинските власти се обидуваат да ги привлечат граѓаните со различни иновативни кампањи.

Таков е обидот да се мотивираат Украинците да се пријават во војска со плакати и билборди на кои руските сили се прикаѓани како крволочни зомбија од филмовите.

Пораката на оваа кампања е дека младите Украинци, со пријавувањето во војска, ќе добијат можност да бидат дел од борбата против руската зомби апокалипса.

The post Украина бара борци против руските зомбија appeared first on Република.

]]>

Соочени со екстремно слаб успех во обидите за регрутација нови борци за воените сили за борба против руските сили, украинските власти се обидуваат да ги привлечат граѓаните со различни иновативни кампањи. Таков е обидот да се мотивираат Украинците да се пријават во војска со плакати и билборди на кои руските сили се прикаѓани како крволочни зомбија од филмовите. Пораката на оваа кампања е дека младите Украинци, со пријавувањето во војска, ќе добијат можност да бидат дел од борбата против руската зомби апокалипса.

The post Украина бара борци против руските зомбија appeared first on Република.

]]>