жолтата куќа Archives - Република https://republika.mk/tema/zoltata-kukja/ За подобро да се разбереме Wed, 17 May 2023 14:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жолтата куќа Archives - Република https://republika.mk/tema/zoltata-kukja/ 32 32 Рама повтори: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи https://republika.mk/vesti/balkan/rama-povtori-sobranieto-na-se-da-ja-otstrani-damkata-od-albanija-i-ovk-za-trgovija-so-organi/ Wed, 17 May 2023 14:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=641853

Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на сесијата „Обединети околу Европа“, на Самитот на лидерите на Советот на Европа што се одржува во Исланд, рече дека Собранието на Советот на Европа треба да подготви нов извештај и да ја отстрани дамката што е ставена врз Албанија и врз Ослободителната војска на Косово за трговија со органи. На Тачи му се суди врз основа на извештајот на КиЕ спонзориран од Путин, јави државната агенција АТА.

Додал дека „како Албанец е невозможно да го избегнам поставувањето паралела меѓу Украина и претседателот Зеленски и Косово и претседателот Тачи“.

-Денес, на овој самит на Советот на Европа, не можам да седам без да се сетам дека неправдата кон ослободителната војна на Косово и нејзиниот лидер Хашим Тачи започна токму во Советот на Европа под злонамерно влијание на поранешната членка на овој Советот во тоа време, Руската Федерација. На претседателот на Косово, или како што Џо Бајден го нарече Џорџ Вашингтон на Косово, сега му суди специјален суд основан од демократскиот свет, но врз основа на извештајот на Советот од 2019 година кој беше ѓаволски спонзориран од претставниците на Владимир Путин во Собранието на Советот на Европа, рекол Рама.

Според него тогаш биле покренати целосно неосновани обвинувања за трговија со човечки органи како „почетна точка на криминалната кампања за оцрнување на Албанија и Косово“.

Рама рече дека кога ги слушнал пропагандните разговори на Кремљ за трговија со човечки органи од страна на неонацистите во Донбас, се чувствувал како да го видел претседателот Зеленски 10 години подоцна, суден од специјален суд по истите апсурдни обвиненија.

-Јас би бил виновен да молчев и да не зборувам денес овде и да го кажам следново, дека Собранието на Советот на Европа има морална обврска да ја исправи секоја грешка и во овој случај треба да го отвори патот за повлекување на извештајот во кој Албанија лажно се означува како база за сомнителна трговија со органи од страна на Ослободителната војска на Косово. Да се одбие да се соочиме со вистината денес би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години каде многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја, продолжил Рама.

Според него „да се одбие да се соочиш со вистината денес, би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години кога многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја“.

Премиерот рече дека „Албанија никогаш немала илузии за природата на режимот на Москва и односот со Москва не постои уште од смртта на Јосиф Висарионовиќ Сталин“.

Нагласил дека секоја и најмала работа што ја направиле за Украина, ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор.

-Од почетокот на војната, популарноста на Владимир Путин варира во Албанија од 0,7% на 1,2%. Албанија е доволно мала за да влијае на судбината на една ваква решавачка војна за иднината на Европа и светот, но секоја и најмала работа што ја направивме за Украина ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор. Ова е причината што најубавото нешто што ние Албанците ќе го добиеме од овој самит, толку добро организиран од нашите исландски домаќин, изјавил Рама.

Рекол дека „мора да и се заблагодариме на Украина за она што го прави за сите нас и за Европа“.

The post Рама повтори: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на сесијата „Обединети околу Европа“, на Самитот на лидерите на Советот на Европа што се одржува во Исланд, рече дека Собранието на Советот на Европа треба да подготви нов извештај и да ја отстрани дамката што е ставена врз Албанија и врз Ослободителната војска на Косово за трговија со органи. На Тачи му се суди врз основа на извештајот на КиЕ спонзориран од Путин, јави државната агенција АТА. Додал дека „како Албанец е невозможно да го избегнам поставувањето паралела меѓу Украина и претседателот Зеленски и Косово и претседателот Тачи“.
-Денес, на овој самит на Советот на Европа, не можам да седам без да се сетам дека неправдата кон ослободителната војна на Косово и нејзиниот лидер Хашим Тачи започна токму во Советот на Европа под злонамерно влијание на поранешната членка на овој Советот во тоа време, Руската Федерација. На претседателот на Косово, или како што Џо Бајден го нарече Џорџ Вашингтон на Косово, сега му суди специјален суд основан од демократскиот свет, но врз основа на извештајот на Советот од 2019 година кој беше ѓаволски спонзориран од претставниците на Владимир Путин во Собранието на Советот на Европа, рекол Рама.
Според него тогаш биле покренати целосно неосновани обвинувања за трговија со човечки органи како „почетна точка на криминалната кампања за оцрнување на Албанија и Косово“. Рама рече дека кога ги слушнал пропагандните разговори на Кремљ за трговија со човечки органи од страна на неонацистите во Донбас, се чувствувал како да го видел претседателот Зеленски 10 години подоцна, суден од специјален суд по истите апсурдни обвиненија.
-Јас би бил виновен да молчев и да не зборувам денес овде и да го кажам следново, дека Собранието на Советот на Европа има морална обврска да ја исправи секоја грешка и во овој случај треба да го отвори патот за повлекување на извештајот во кој Албанија лажно се означува како база за сомнителна трговија со органи од страна на Ослободителната војска на Косово. Да се одбие да се соочиме со вистината денес би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години каде многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја, продолжил Рама.
Според него „да се одбие да се соочиш со вистината денес, би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години кога многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја“. Премиерот рече дека „Албанија никогаш немала илузии за природата на режимот на Москва и односот со Москва не постои уште од смртта на Јосиф Висарионовиќ Сталин“. Нагласил дека секоја и најмала работа што ја направиле за Украина, ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор.
-Од почетокот на војната, популарноста на Владимир Путин варира во Албанија од 0,7% на 1,2%. Албанија е доволно мала за да влијае на судбината на една ваква решавачка војна за иднината на Европа и светот, но секоја и најмала работа што ја направивме за Украина ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор. Ова е причината што најубавото нешто што ние Албанците ќе го добиеме од овој самит, толку добро организиран од нашите исландски домаќин, изјавил Рама.
Рекол дека „мора да и се заблагодариме на Украина за она што го прави за сите нас и за Европа“.

The post Рама повтори: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Шест месеци го кријат „детето“ Каевски, главен албански лобист за УЧК и отфрлање на извештајот за Жолтата куќа https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-shest-mesetsi-go-krijat-deteto-kaevski-glaven-albanski-lobist-za-uchk-i-otfrlane-na-izveshtajot-za-zholtata-kuka/ Wed, 18 Jan 2023 21:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=598527

Главен лобист за собирање потписи за отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа во Косово и Метохија е Дарко Каевски, изјави вечерва за ТВ Алфа пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Каевски е шеф на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Летоска, Тирана усвои Декларација со која се отфрлаат обвинувањата за трговија со човечки органи за време на војната на Косово, односно сакаат да се укине Извештајот на Дик Марти усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, заради кој сите команданти на УЧК се испратени во Хаг. Знаете кој е главен лобиста од Македонија, кој собира потписи, кој лобира да се соберат потписи за  отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа? Дарко Каевски е главниот лобиста за собирањето на тие потписи. Шест месеци го кријат детето кое е албански лобиста и кој собира потписи да ги извади командантите на УЧК кои се во Хаг. Најмалку шест месеци сите нивни медиуми го кријат, изјави лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ во интервју за емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Во декември 2022 година, постојаната мисија на Албанија до сите земји-членки на Советот на Европа и набљудувачи ја достави Резолуцијата за неоснованоста на тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Косово и Албанија. Во Резолуцијата се вели дека изјавите од извештајот на Дик Марти и по 10 години истрага не се докажани, не се основани на факти.

Во извештајот од 2010 година, составен од тогашниот швајцарски сенатор Дик Марти и одобрен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, се тврди дека водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) биле вмешани во трговија со органи во периодот 1998-99 година.

Во Специјалниот суд во Хаг во тек се неколку судски процеси против некои поранешни лидери на ОВК. Меѓу нив се Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Во обвинението против нив се споменуваат воени злосторства и злосторства против човештвото, но не и „трговија со човечки органи“. Али Ахмети од Македонија беше повикан како сведок. И Артан Груби е поврзан со Жолтата куќа, но тој тврди дека бил само преведувач.

The post Стоилковиќ: Шест месеци го кријат „детето“ Каевски, главен албански лобист за УЧК и отфрлање на извештајот за Жолтата куќа appeared first on Република.

]]>

Главен лобист за собирање потписи за отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа во Косово и Метохија е Дарко Каевски, изјави вечерва за ТВ Алфа пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Каевски е шеф на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Летоска, Тирана усвои Декларација со која се отфрлаат обвинувањата за трговија со човечки органи за време на војната на Косово, односно сакаат да се укине Извештајот на Дик Марти усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, заради кој сите команданти на УЧК се испратени во Хаг. Знаете кој е главен лобиста од Македонија, кој собира потписи, кој лобира да се соберат потписи за  отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа? Дарко Каевски е главниот лобиста за собирањето на тие потписи. Шест месеци го кријат детето кое е албански лобиста и кој собира потписи да ги извади командантите на УЧК кои се во Хаг. Најмалку шест месеци сите нивни медиуми го кријат, изјави лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ во интервју за емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
Во декември 2022 година, постојаната мисија на Албанија до сите земји-членки на Советот на Европа и набљудувачи ја достави Резолуцијата за неоснованоста на тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Косово и Албанија. Во Резолуцијата се вели дека изјавите од извештајот на Дик Марти и по 10 години истрага не се докажани, не се основани на факти. Во извештајот од 2010 година, составен од тогашниот швајцарски сенатор Дик Марти и одобрен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, се тврди дека водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) биле вмешани во трговија со органи во периодот 1998-99 година. Во Специјалниот суд во Хаг во тек се неколку судски процеси против некои поранешни лидери на ОВК. Меѓу нив се Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Во обвинението против нив се споменуваат воени злосторства и злосторства против човештвото, но не и „трговија со човечки органи“. Али Ахмети од Македонија беше повикан како сведок. И Артан Груби е поврзан со Жолтата куќа, но тој тврди дека бил само преведувач.

The post Стоилковиќ: Шест месеци го кријат „детето“ Каевски, главен албански лобист за УЧК и отфрлање на извештајот за Жолтата куќа appeared first on Република.

]]>