Зоја Бузалковска Archives - Република https://republika.mk/tema/zoja-buzalkovska/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 08:08:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоја Бузалковска Archives - Република https://republika.mk/tema/zoja-buzalkovska/ 32 32 Ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа режисерката Зоја Бузалковска на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ https://republika.mk/vesti/kultura/ova-izdanie-ke-mozhe-da-im-posluzhi-na-nekoi-drugi-rezhiseri-akteri-dramaturzi-teatrolozi-vo-nivnoto-promisluvane-na-nekoi-idni-ivanovi-kazha-rezhiserkata-zoja-buzalkovska-na-promotsijata-na-knigata-i/ Wed, 03 Apr 2024 08:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=761506

Ние со нашата претстава се обидовме да направиме комбинација од комедијата „Иванов“ и драмата „Иванов“, но она што е драгоцено, според мене, е тоа дека ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа синоќа режисерката Зоја Бузалковска, на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“.

Режисерката и професорка на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Бузалковска е главна уредничка на книгата, а преводот е на Драгица Најчевска. Уредник на книгата е Ивана Јарчевска, дизајнот на корицата е на Зоран Кардула, фотографиите се на Кире Галевски, графичкото уредување е на Давор Драмиќанин, а издавач е Македонскиот народен театар (МНТ).

Драмата „Иванов“ е првото поставено дело на Антон Павлович Чехов (1860-1904) во театар и ја доставил како драма во четири чина, која ја напишал за десет дена. Премиерно е изведена на 19 ноември 1887 година, во театарот на Фјодор Корш во Москва. Заради реакциите на публиката, Чехов направил и втора верзија на текстот различна од онаа првата. Изменетата верзија на драмата е прифатена во Санкт Петербург, каде што се изведува во 1889 година.

[caption id="attachment_761570" align="alignnone" width="958"] Григор Јовановски и Благој Веселинов во „Иванов“ фото: Кире Галевски[/caption]

Лани, во мај, во МНТ Бузалковска ја постави драмата „Иванов“. Тоа беше втора поставка на истоимената драма во националниот театар. Првата беше во 1984 година, во режија на Бранко Ставрев, со Ристо Шишков во улогата на Николај Алексеевич Иванов. Во втората поставка  на Бузалковска главниот лик го толкува Благој Веселинов.

Имам посебно голема трема вечерва бидејќи десно од мене седи мојата мајка и првпат досега заедно учествуваме на ваков настан. Оваа книга ја планираме заедно, речиси 15 години, но јас си ветив дека тоа ќе го направам тогаш кога ќе има претстава, кога ќе има причина зошто „Иванов“ повторно да биде преведен и дека тогаш ќе може да ја приклучиме кон тоа издание првата верзија. Јас многу сакам да чепкам по библиотеки кога одам на гости. Така, во 2008 години, на една од пробите во Москва, во една домашна библитека го најдов Чехов и „Иванов“. Се изненадив кога во содржината видов „Иванов комедија“ и „Иванов драма“. Се разбира, знам дека постои првоизведена верзија на драмата од 1887, меѓутоа на нашите простори практично јас не знам дека се појавила печатена верзија на комедијата „Иванов“. За мене тоа беше огромна радост. Ние ја знаеме драмата „Иванов“ од 1889 и одеднаш гледаме еден монолог во четвртиот чин во којшто Иванов раскажува по онаа драматична кавга со својата сопруга Ана Петровна. Посебно возбудливо за мене беше што во првата верзија Иванов не се самоубива, туку практично умира од срцев удар, кажа синоќа на промоцијата на книгата Бузалковска.

Според неа, во книгата особено драгоцен дел се забелешките кон двете изданија.

Има писма на Чехов, преписки до брат му, до театарџиите и може да го видиме целиот процес на реобмислување на сижето, рече Бузалковска.

Според Драгица Најчевска, која има огромно искуство преведувајќи раскази и романи од руски на македонскии јазик, преведувањето драма бара специфичен приод.

Преведувањето на „Иванов“ комедијата и „Иванов“ драмата не беше едноставна работа. Од големо значење беше соработкката со Зоја, која како режисерка и професорка постојано се среќава со преводи во својата работа. Важно беше преводот да биде подостапен за изговарање на сцената од страна на актерите, а да не се изгуби ни најмалку суштината што тие ја содржат, значењето на тоа што го соопштуваат. Во преводот мораше да се изнајде најсоодветната, да се биде сигурен дека тој збор најлесно ќе го прифатат и актерите. Реткост е преводите на драмски текстови за претстава од страна на самите тетари да се објават подоцна во книга, кажа Најчевска.

[caption id="attachment_761574" align="alignnone" width="2000"] Сцена од „Иванов„ фото: Кире Галевски[/caption]

Писателот Гоце Смилевски беше еден од промоторите на изданието.

Со овие две верзии на „Иванов“ ние сме во голема предност пред светот, барем кога станува збор за ова дело. Ако ги погледнете сите автори од Западот кои се осврнуваат на „Иванов“ од Чехов, ќе видите дека голем дел од нив немаат познавање на рускиот јазик, тие имаат пристап исклучиво до драмата, а не до комедијата, кажа Смилевски.

На промоцијата говорше и актрот Ѓорѓи Јолевски кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во „Иванов“.

„Иванов“ на Бузалковска е исклучително возбудлива претстава, многу современа и имагинативна. Нејзината заложба Чехов да биде поставен во МНТ е токму издавањето на оваа книга, кажа Јолевски.

„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

The post Ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа режисерката Зоја Бузалковска на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ appeared first on Република.

]]>

Ние со нашата претстава се обидовме да направиме комбинација од комедијата „Иванов“ и драмата „Иванов“, но она што е драгоцено, според мене, е тоа дека ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа синоќа режисерката Зоја Бузалковска, на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“. Режисерката и професорка на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Бузалковска е главна уредничка на книгата, а преводот е на Драгица Најчевска. Уредник на книгата е Ивана Јарчевска, дизајнот на корицата е на Зоран Кардула, фотографиите се на Кире Галевски, графичкото уредување е на Давор Драмиќанин, а издавач е Македонскиот народен театар (МНТ). Драмата „Иванов“ е првото поставено дело на Антон Павлович Чехов (1860-1904) во театар и ја доставил како драма во четири чина, која ја напишал за десет дена. Премиерно е изведена на 19 ноември 1887 година, во театарот на Фјодор Корш во Москва. Заради реакциите на публиката, Чехов направил и втора верзија на текстот различна од онаа првата. Изменетата верзија на драмата е прифатена во Санкт Петербург, каде што се изведува во 1889 година. [caption id="attachment_761570" align="alignnone" width="958"] Григор Јовановски и Благој Веселинов во „Иванов“ фото: Кире Галевски[/caption] Лани, во мај, во МНТ Бузалковска ја постави драмата „Иванов“. Тоа беше втора поставка на истоимената драма во националниот театар. Првата беше во 1984 година, во режија на Бранко Ставрев, со Ристо Шишков во улогата на Николај Алексеевич Иванов. Во втората поставка  на Бузалковска главниот лик го толкува Благој Веселинов.
Имам посебно голема трема вечерва бидејќи десно од мене седи мојата мајка и првпат досега заедно учествуваме на ваков настан. Оваа книга ја планираме заедно, речиси 15 години, но јас си ветив дека тоа ќе го направам тогаш кога ќе има претстава, кога ќе има причина зошто „Иванов“ повторно да биде преведен и дека тогаш ќе може да ја приклучиме кон тоа издание првата верзија. Јас многу сакам да чепкам по библиотеки кога одам на гости. Така, во 2008 години, на една од пробите во Москва, во една домашна библитека го најдов Чехов и „Иванов“. Се изненадив кога во содржината видов „Иванов комедија“ и „Иванов драма“. Се разбира, знам дека постои првоизведена верзија на драмата од 1887, меѓутоа на нашите простори практично јас не знам дека се појавила печатена верзија на комедијата „Иванов“. За мене тоа беше огромна радост. Ние ја знаеме драмата „Иванов“ од 1889 и одеднаш гледаме еден монолог во четвртиот чин во којшто Иванов раскажува по онаа драматична кавга со својата сопруга Ана Петровна. Посебно возбудливо за мене беше што во првата верзија Иванов не се самоубива, туку практично умира од срцев удар, кажа синоќа на промоцијата на книгата Бузалковска.
Според неа, во книгата особено драгоцен дел се забелешките кон двете изданија.
Има писма на Чехов, преписки до брат му, до театарџиите и може да го видиме целиот процес на реобмислување на сижето, рече Бузалковска.
Според Драгица Најчевска, која има огромно искуство преведувајќи раскази и романи од руски на македонскии јазик, преведувањето драма бара специфичен приод.
Преведувањето на „Иванов“ комедијата и „Иванов“ драмата не беше едноставна работа. Од големо значење беше соработкката со Зоја, која како режисерка и професорка постојано се среќава со преводи во својата работа. Важно беше преводот да биде подостапен за изговарање на сцената од страна на актерите, а да не се изгуби ни најмалку суштината што тие ја содржат, значењето на тоа што го соопштуваат. Во преводот мораше да се изнајде најсоодветната, да се биде сигурен дека тој збор најлесно ќе го прифатат и актерите. Реткост е преводите на драмски текстови за претстава од страна на самите тетари да се објават подоцна во книга, кажа Најчевска.
[caption id="attachment_761574" align="alignnone" width="2000"] Сцена од „Иванов„ фото: Кире Галевски[/caption] Писателот Гоце Смилевски беше еден од промоторите на изданието.
Со овие две верзии на „Иванов“ ние сме во голема предност пред светот, барем кога станува збор за ова дело. Ако ги погледнете сите автори од Западот кои се осврнуваат на „Иванов“ од Чехов, ќе видите дека голем дел од нив немаат познавање на рускиот јазик, тие имаат пристап исклучиво до драмата, а не до комедијата, кажа Смилевски.
На промоцијата говорше и актрот Ѓорѓи Јолевски кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во „Иванов“.
„Иванов“ на Бузалковска е исклучително возбудлива претстава, многу современа и имагинативна. Нејзината заложба Чехов да биде поставен во МНТ е токму издавањето на оваа книга, кажа Јолевски.
„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

The post Ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа режисерката Зоја Бузалковска на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ appeared first on Република.

]]>
Отворено писмо на Зоја Бузалковска до министерката за култура: Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси https://republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-pismo-na-zoja-buzalkovska-do-ministerkata-za-kultura-bi-vi-se-iznasmeale-sekade-po-svetov-za-vakvi-konkursi/ Thu, 12 Oct 2023 07:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=690353

Зоја Бузалковска, театарски режисер и редовен професор по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје на социјалните мрежи упати отворено писмо до министерката за култура кое го објавуваме во продолжение.

До Министер за култура
Бисера Костадиновска Стојчевска
Скопје,
10. 10. 2023 г.
ОТВОРЕНО ПИСМО
Почитувана Министерке за култура Бисера Костадиновска Стојчевска,
Како универзитетски професор и режисер со долгогодишно искуство, чувствувам потреба јавно да Ви се обратам, за да ми разјасните некои работи, кои, ете, се обидувам да си ги разјаснам самата себеси веќе некое време, но не ми оди од рака. Имено, се работи за Вашата драматична одлука, на само два дена до истекување на Конкурсот за проекти од годишната програма на националните институции од културата, да ја замените в.д. директорката на Драмски театар Маја Вељковиќ-Пановска (без соодветно образложение и осмислена процедура во која ќе бидат вклучени најзаинтересираните), со друга в.д. директорка, Викторија Рангелова-Петровска, (а која веќе еднаш, пред не многу време, беше директорка на истиот театар).
Веројатно се прашувате како и зошто ова Ваше решение мене ме засега? Освен што имам чувство дека постапката е скандалозна (поради отсуството на било каква аргументација, а со многубројни и очигледни негативни последици) што никако не оди во прилог на репутацијата ниту на Драмски театар ниту пак на Министерството за култура, може да се каже дека сум и лично, а против своја волја, замешана во ова, па чувствувам потреба да укажам на некои работи, преку кои не можам да поминам, ниту пак можам да ги премолчам.
Имено, во договор со претходната в.д. директорка, Маја Вељковиќ-Пановска, доставив два предлога за проект за 2024 година до Уметничкиот совет на Драмски театар. Едниот од нив ми беше прифатен, но бидејќи не бев во државата до два дена пред крајот на конкурсот, побарав можност, потребните документи за докомплетирање на апликацијата да ги доставам во двата дена кои преостануваа откако ќе се вратам.
Кога се вратив, до мене стаса веста за промена на директорката, по што, природно, очекував информација дали треба да ја завршам постапката. За жал, морав да се потпрам на гласините, кои водеа кон тоа дека новата директорка ќе добие повеќе време за средување на документацијата, со оглед дека застанува на раководното место во текот на конкурсот, па трпеливо чекав нови инструкции во врска со мојата апликација.
До денес, од в.д. директорката ниту пак од било кој вработен во администрацијата на Драмски театар немам добиено информација во врска со мојата апликација. Наместо тоа, во медиумите, токму од Рангелова-Петровска читам дека програмата за 2024 година (па дури и за 2025 година) е веќе оформена. Претпоставката, со оглед на тоа дека не бев консултирана за понатамошни постапки, е дека мојот предлог-проект не е на листата на новата в.д. директорка.
Она што можев да го разберам е дека меѓу апликантите со кои била договорена соработка, а кои не добиле никаква информација за понатамошно постапување се и режисерот Иван Поповски и драмскиот писател Дејан Дуковски со заеднички проект, како и режисерот Љупчо Ѓорѓиевски. Притоа, апликацијата на последниот е потполна, но тој исто така до ден-денес не добил никаква информација од Драмски театар, дали таа е поднесена до Министерството за култура или не.
Во историјата на театарот, но и во историјата на Министерството за култура не е запаметена ваква постапка: да се изврши промена на в.д. директор во текот на аплицирање за проекти, и тоа само два дена пред крај на рокот, па така, претходно назначената в.д. директорка да преговара и договара проекти залудно со познати театарски креативци. Незапаметена е и ситуација да не се информираат апликантите за промената на плановите, од назначената со нов мандат в.д. директорка.
Ваквите постапки не само што претставуваат недвосмислено омаловажување на апликантите и фактичко пренебрегнување на законски пропишаните процедури, туку претставуваат недвосмислен удар на угледот на Театарот и на самото Министерство.
Сакам да нагласам дека мојата соработка со Драмски театар, која започна уште во 1997 година, со мојата прва професионална претстава, „Ојдипус Тиранос Софоклеус“ и продолжи во 1998 година со мојата дипломска претстава „Тхе Ловер“, кои ги направив токму таму, на огромна взаемна радост, за до денес да имам реализирано најголем број проекти токму во овој театар, е поголема од било кој директор и било која политичка гарнитура. Тоа е театарот со кој развив најсуштинска соработка, во кој создадов свој тим, со кој „победуваме“ веќе со години, а оваа година со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ и буквално, освоивме пет награди на МТФ „Војдан Чернодрински“ со меѓународно жири, што е прв олку голем успех за Драмски театар по долго време, на нашиот најпрестижен театарски фестивал. Дотолку повеќе сум фрапирана од одговорот на овој успех, кој е крајно навредлив за мене и за нашата заедничка историја.
Дали треба нешто да кажам за еден од нашите најуспешни режисери со меѓународна блескава кариера, кој живее и твори во Москва и низ цела Русија, но и во САД, Франција, Хрватска, Словенија и во други земји, Иван Поповски? Или треба да кажам нешто за нашиот најдобар и најпоставуван во светски рамки драмски писател Дејан Дуковски? Театрите во регионот и пошироко „се тепаат“ за неговите текстови, а Драмски не препознава огромна прилика за себе со договорена праизведба на неговиот најнов текст „Последниот балкански вампир“ во Македонија, и тоа токму во режија на Иван Поповски, со кого Драмски театар би соработувал за првпат? И, дали треба нешто да кажам за еден од најнаградуваните на нашиот најрелевантен театарски фестивал МТФ „Војдан Чернодрински“, режисери, Љупчо Ѓорѓиевски, чии претстави се прогласени за најдобри во целина шест пати, а тој самиот за режија е награден четирипати? Да не ги набројувам сите други режии и успеси на меѓународен план.
Со оглед на сето ова, Ви се обраќам Вам Министерке како единствена одговорна за оваа ситуација, со прашање:
1. Зошто е направена замена на еден в.д. директор со друг без никаква видлива причина или сериозно образложение, пласирано во јавност? Само скандал, огромен прекршок или драматично неодговорна постапка може да биде причина за промена на раководно лице по само четири месеци од назначувањето, во финалните денови од постапката на конкурирање со проекти во годишната програма, која ја дефинира работата на театарот во целата наредна година. Прашањето е, која е таа толку драматична причина за Вие како министерка да донесете одлука за разрешување на в.д. директорката Вељковиќ–Пановска со решение кое во Драмски театар е доставено на 28 јуни, при што новата в.д. директорка ја презема фотелјата на 29-ти јуни, а конкурсот трае до 30 јуни? Доколку навистина постојат причини и аргументи за една ваква промена, редно е јавноста да биде известена за нив.
Наспроти ова, се чини дека Вие целата оваа процедура сте ја воделе спротивно на законот, според кој веднаш по назначувањето на в.д. директор треба да се распише конкурс за директор, а не да се заменува еден в.д. директор со друг и тоа во најнепогоден момент од работењето на институцијата. Ако не сум во право, тогаш зошто во моментот кога ја назначивте Вељковиќ-Пановска за в.д. директор на Драмски театар, не распишавте јавен оглас за директор? Наместо тоа, Вие и Рангелова-Петровска ја назначивте за вршител на должност. Распишавте ли можеби сега, веднаш по нејзиното поставување, јавен оглас за директор?
2. Дали е според Вас соодветно да ја избришете со еден потег целокупната активност поврзана со објавениот конкурс, остварена од страна на в.д. директорката на Драмски театар Вељковиќ-Пановска, која во својот краток мандат, успеа да воспостави контакти, да преговара, да им го узурпира времето, да бара од театарски режисери, драмски писатели, сценографи, костимографи, кореографи, композитори, меѓу кои сум и јас, да посветат време и внимание на избор на текст што ќе го работат, на разработка на концепти, на разговори и договори, на експликации? Активности кои подразбираат потрошено време и креативна снага? Посебно што со овој акт ни е одземена приликата да аплицираме на конкурсот преку друг театар? Резултатот за нас е цела година изгубено време за работа, а причината воопшто не е во недоволно квалитетен предлог-проект, туку во лошо менаџирање и постапување токму од страна на Министерството за култура! Без никаква и ничија одговорност.
3. Следно прашање за кое очекувам одговор од Вас како министер за култура е зошто нецелосните апликации за проекти (кои не се довршени затоа што постапката е нагло прекината со сите неочекувани промени), се поднесени во Министерството и на тој начин е создадена ситуација и можност за злоупотреба? Сакам да напоменам дека досега не сум дозволила моја апликација да се достави до Министерството од некој театар како нецелосна и збеснувам при помислата или претпоставката или гласината дека би можела во овој случај да биде поднесена како таква, за да биде прогласена за нецелосна и да даде легитимитет на нови одлуки!
* Само како забелешка: дали е природно да се бара од Иван Поповски и Дејан Дуковски експликација со сите детали? Или, од Љупчо Ѓорѓиевски? Или од мене? Сериозно? Барајте го ова од некој почетник, од кого Ви треба голема гаранција дека нема да направи нешто неквалитетно. Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси. На прво место, крајно несоодветно е да се бара развивање концепти и конкретни дизајнерски решенија на неодобрена претстава. Тоа е дел кој мора да се заштити од преземање (крадење), а и – неговата изработка чини време, креативна посветеност, а со тоа и пари и не може да биде побарана условно. Што станува кога некој треба да прави скици или пресметки за 300 костими, а притоа никој не му гарантира дека претставата ќе се реализира? Она што е најверојатно делумно и наша вина, е тоа што упорно, со години, го прифаќаме овој апсурден услов за конкурирање, како да е логичен.
4. Ве молам да ми одговорите зошто до денес (а поминаа веќе три и пол месеци), ниту еден од апликантите не добил никаква информација, дали неговиот предлог-проект воопшто е земен предвид? Дури и кога би се работело за почетници, на кои ова би им бил прв проект, ваквиот однос кон нив би бил скандалозен и неразбирлив и дури би граничел со немање елементарно домашно воспитување. Да се остават Дејан Дуковски и Иван Поповски, како и Љупчо Ѓорѓиевски (истово се однесува и на мене) цело лето во неизвесност е во најмала рака невкусно. Сосем логично би било, каква и да е одлуката, в.д. директорката или некој од Министерството за култура да се јави или да ни се обрати по писмен пат и да ни соопшти дека ги прифаќа нашите предлози и бара докомплетирање на апликациите или не ги прифаќа и ќе креира нова програма.
5. Посебно би сакала да прашам: со кого комуницираме ние? Со институциите или со поединци кои во моментот се наоѓаат на соодветна функција? Како да се обезбеди континуитет на соработка, ако резултатот на промените на директорите (како и на министрите) кои се толку чести, значи коренита промена и негирање на сите претходни комуникации и воспоставени практики? Вистината е дека со секоја промена почнуваме одново. Според редот на нештата, режисерот и другите соработници од креативниот тим се договараат за работа на нова претстава со институцијата (во случајов, Драмски театар), а не со директор. Директорот е менаџер кој ја претставува институцијата. Немањето континуитет во развојот на институцијата и во програмските стратегии е погубно за Драмски театар и за било која институција од културата. Тоа што Драмски театар во последниве шест години има петта промена на директор е катастрофално за институцијата. Ниту директорите можат да креираат политики на водење на куќата во толку кус мандат, ниту соработниците можат да истераат продукција во континуитет, со претпродукција, продукција и постпродукција, направени во мандат на исто раководство.
Во секој случај, нашите претстави или предлог-претстави не смее да се претворат во жртвени јагниња, кои новите директори ќе ги злоупотребат за докажување некоја своја правдина или за омаловажување на програмите и работата на претходниот директор. Во овој дисконтинуитет и препукувања страда институцијата, нејзината репутација, но и целиот актерски и технички тим, кој вложува време и креативна енергија во креирање нешто, кое потоа завршува во ќорсокак или има краток домет. Режисерите (и не само тие, туку и драмските писатели, сценографите, костимографите, композиторите на музика, актерите-гости, младите театарџии) развиваат недоверба кон институцијата Драмски театар и ја бришат од мапата на театри со кои сакаат да соработуваат во иднина.
Ве уверувам дека сакам да ги разберам причините за ваквите одлуки и постапки, Министерке, но не можам. Во отсуство на објаснувања, информации и конзистентност во постапувањето, останува само да претпоставувам и со секоја моја претпоставка доаѓам до заклучок дека нешто не е во ред! Министерке, во сето ова нешто крупно не е во ред! А најмногу не е во ред доколку го прочитате ова писмо и си помислите дека не сте одговорна за проблемите што ги отвора.
Одговорноста на министерот за случувањата во областа која ја покрива се посебно поврзани со резултатите кои произлегуваат од неговите директни активности и дејствија. Компромитацијата на една од најголемите и најважни институции од културата во државава и на некои од најголемите имиња во македонскиот современ театар е нешто кое подразбира потреба од преземање на таа одговорност и соодветна реакција сè до ниво на неотповиклива оставка со цел барем делумно санирање на проблемот.
Со почит,
Зоја Бузалковска
театарски режисер и редовен професор
по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје

The post Отворено писмо на Зоја Бузалковска до министерката за култура: Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси appeared first on Република.

]]>

Зоја Бузалковска, театарски режисер и редовен професор по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје на социјалните мрежи упати отворено писмо до министерката за култура кое го објавуваме во продолжение.
До Министер за култура Бисера Костадиновска Стојчевска Скопје, 10. 10. 2023 г. ОТВОРЕНО ПИСМО Почитувана Министерке за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Како универзитетски професор и режисер со долгогодишно искуство, чувствувам потреба јавно да Ви се обратам, за да ми разјасните некои работи, кои, ете, се обидувам да си ги разјаснам самата себеси веќе некое време, но не ми оди од рака. Имено, се работи за Вашата драматична одлука, на само два дена до истекување на Конкурсот за проекти од годишната програма на националните институции од културата, да ја замените в.д. директорката на Драмски театар Маја Вељковиќ-Пановска (без соодветно образложение и осмислена процедура во која ќе бидат вклучени најзаинтересираните), со друга в.д. директорка, Викторија Рангелова-Петровска, (а која веќе еднаш, пред не многу време, беше директорка на истиот театар). Веројатно се прашувате како и зошто ова Ваше решение мене ме засега? Освен што имам чувство дека постапката е скандалозна (поради отсуството на било каква аргументација, а со многубројни и очигледни негативни последици) што никако не оди во прилог на репутацијата ниту на Драмски театар ниту пак на Министерството за култура, може да се каже дека сум и лично, а против своја волја, замешана во ова, па чувствувам потреба да укажам на некои работи, преку кои не можам да поминам, ниту пак можам да ги премолчам. Имено, во договор со претходната в.д. директорка, Маја Вељковиќ-Пановска, доставив два предлога за проект за 2024 година до Уметничкиот совет на Драмски театар. Едниот од нив ми беше прифатен, но бидејќи не бев во државата до два дена пред крајот на конкурсот, побарав можност, потребните документи за докомплетирање на апликацијата да ги доставам во двата дена кои преостануваа откако ќе се вратам. Кога се вратив, до мене стаса веста за промена на директорката, по што, природно, очекував информација дали треба да ја завршам постапката. За жал, морав да се потпрам на гласините, кои водеа кон тоа дека новата директорка ќе добие повеќе време за средување на документацијата, со оглед дека застанува на раководното место во текот на конкурсот, па трпеливо чекав нови инструкции во врска со мојата апликација. До денес, од в.д. директорката ниту пак од било кој вработен во администрацијата на Драмски театар немам добиено информација во врска со мојата апликација. Наместо тоа, во медиумите, токму од Рангелова-Петровска читам дека програмата за 2024 година (па дури и за 2025 година) е веќе оформена. Претпоставката, со оглед на тоа дека не бев консултирана за понатамошни постапки, е дека мојот предлог-проект не е на листата на новата в.д. директорка. Она што можев да го разберам е дека меѓу апликантите со кои била договорена соработка, а кои не добиле никаква информација за понатамошно постапување се и режисерот Иван Поповски и драмскиот писател Дејан Дуковски со заеднички проект, како и режисерот Љупчо Ѓорѓиевски. Притоа, апликацијата на последниот е потполна, но тој исто така до ден-денес не добил никаква информација од Драмски театар, дали таа е поднесена до Министерството за култура или не. Во историјата на театарот, но и во историјата на Министерството за култура не е запаметена ваква постапка: да се изврши промена на в.д. директор во текот на аплицирање за проекти, и тоа само два дена пред крај на рокот, па така, претходно назначената в.д. директорка да преговара и договара проекти залудно со познати театарски креативци. Незапаметена е и ситуација да не се информираат апликантите за промената на плановите, од назначената со нов мандат в.д. директорка. Ваквите постапки не само што претставуваат недвосмислено омаловажување на апликантите и фактичко пренебрегнување на законски пропишаните процедури, туку претставуваат недвосмислен удар на угледот на Театарот и на самото Министерство. Сакам да нагласам дека мојата соработка со Драмски театар, која започна уште во 1997 година, со мојата прва професионална претстава, „Ојдипус Тиранос Софоклеус“ и продолжи во 1998 година со мојата дипломска претстава „Тхе Ловер“, кои ги направив токму таму, на огромна взаемна радост, за до денес да имам реализирано најголем број проекти токму во овој театар, е поголема од било кој директор и било која политичка гарнитура. Тоа е театарот со кој развив најсуштинска соработка, во кој создадов свој тим, со кој „победуваме“ веќе со години, а оваа година со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ и буквално, освоивме пет награди на МТФ „Војдан Чернодрински“ со меѓународно жири, што е прв олку голем успех за Драмски театар по долго време, на нашиот најпрестижен театарски фестивал. Дотолку повеќе сум фрапирана од одговорот на овој успех, кој е крајно навредлив за мене и за нашата заедничка историја. Дали треба нешто да кажам за еден од нашите најуспешни режисери со меѓународна блескава кариера, кој живее и твори во Москва и низ цела Русија, но и во САД, Франција, Хрватска, Словенија и во други земји, Иван Поповски? Или треба да кажам нешто за нашиот најдобар и најпоставуван во светски рамки драмски писател Дејан Дуковски? Театрите во регионот и пошироко „се тепаат“ за неговите текстови, а Драмски не препознава огромна прилика за себе со договорена праизведба на неговиот најнов текст „Последниот балкански вампир“ во Македонија, и тоа токму во режија на Иван Поповски, со кого Драмски театар би соработувал за првпат? И, дали треба нешто да кажам за еден од најнаградуваните на нашиот најрелевантен театарски фестивал МТФ „Војдан Чернодрински“, режисери, Љупчо Ѓорѓиевски, чии претстави се прогласени за најдобри во целина шест пати, а тој самиот за режија е награден четирипати? Да не ги набројувам сите други режии и успеси на меѓународен план. Со оглед на сето ова, Ви се обраќам Вам Министерке како единствена одговорна за оваа ситуација, со прашање: 1. Зошто е направена замена на еден в.д. директор со друг без никаква видлива причина или сериозно образложение, пласирано во јавност? Само скандал, огромен прекршок или драматично неодговорна постапка може да биде причина за промена на раководно лице по само четири месеци од назначувањето, во финалните денови од постапката на конкурирање со проекти во годишната програма, која ја дефинира работата на театарот во целата наредна година. Прашањето е, која е таа толку драматична причина за Вие како министерка да донесете одлука за разрешување на в.д. директорката Вељковиќ–Пановска со решение кое во Драмски театар е доставено на 28 јуни, при што новата в.д. директорка ја презема фотелјата на 29-ти јуни, а конкурсот трае до 30 јуни? Доколку навистина постојат причини и аргументи за една ваква промена, редно е јавноста да биде известена за нив. Наспроти ова, се чини дека Вие целата оваа процедура сте ја воделе спротивно на законот, според кој веднаш по назначувањето на в.д. директор треба да се распише конкурс за директор, а не да се заменува еден в.д. директор со друг и тоа во најнепогоден момент од работењето на институцијата. Ако не сум во право, тогаш зошто во моментот кога ја назначивте Вељковиќ-Пановска за в.д. директор на Драмски театар, не распишавте јавен оглас за директор? Наместо тоа, Вие и Рангелова-Петровска ја назначивте за вршител на должност. Распишавте ли можеби сега, веднаш по нејзиното поставување, јавен оглас за директор? 2. Дали е според Вас соодветно да ја избришете со еден потег целокупната активност поврзана со објавениот конкурс, остварена од страна на в.д. директорката на Драмски театар Вељковиќ-Пановска, која во својот краток мандат, успеа да воспостави контакти, да преговара, да им го узурпира времето, да бара од театарски режисери, драмски писатели, сценографи, костимографи, кореографи, композитори, меѓу кои сум и јас, да посветат време и внимание на избор на текст што ќе го работат, на разработка на концепти, на разговори и договори, на експликации? Активности кои подразбираат потрошено време и креативна снага? Посебно што со овој акт ни е одземена приликата да аплицираме на конкурсот преку друг театар? Резултатот за нас е цела година изгубено време за работа, а причината воопшто не е во недоволно квалитетен предлог-проект, туку во лошо менаџирање и постапување токму од страна на Министерството за култура! Без никаква и ничија одговорност. 3. Следно прашање за кое очекувам одговор од Вас како министер за култура е зошто нецелосните апликации за проекти (кои не се довршени затоа што постапката е нагло прекината со сите неочекувани промени), се поднесени во Министерството и на тој начин е создадена ситуација и можност за злоупотреба? Сакам да напоменам дека досега не сум дозволила моја апликација да се достави до Министерството од некој театар како нецелосна и збеснувам при помислата или претпоставката или гласината дека би можела во овој случај да биде поднесена како таква, за да биде прогласена за нецелосна и да даде легитимитет на нови одлуки! * Само како забелешка: дали е природно да се бара од Иван Поповски и Дејан Дуковски експликација со сите детали? Или, од Љупчо Ѓорѓиевски? Или од мене? Сериозно? Барајте го ова од некој почетник, од кого Ви треба голема гаранција дека нема да направи нешто неквалитетно. Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси. На прво место, крајно несоодветно е да се бара развивање концепти и конкретни дизајнерски решенија на неодобрена претстава. Тоа е дел кој мора да се заштити од преземање (крадење), а и – неговата изработка чини време, креативна посветеност, а со тоа и пари и не може да биде побарана условно. Што станува кога некој треба да прави скици или пресметки за 300 костими, а притоа никој не му гарантира дека претставата ќе се реализира? Она што е најверојатно делумно и наша вина, е тоа што упорно, со години, го прифаќаме овој апсурден услов за конкурирање, како да е логичен. 4. Ве молам да ми одговорите зошто до денес (а поминаа веќе три и пол месеци), ниту еден од апликантите не добил никаква информација, дали неговиот предлог-проект воопшто е земен предвид? Дури и кога би се работело за почетници, на кои ова би им бил прв проект, ваквиот однос кон нив би бил скандалозен и неразбирлив и дури би граничел со немање елементарно домашно воспитување. Да се остават Дејан Дуковски и Иван Поповски, како и Љупчо Ѓорѓиевски (истово се однесува и на мене) цело лето во неизвесност е во најмала рака невкусно. Сосем логично би било, каква и да е одлуката, в.д. директорката или некој од Министерството за култура да се јави или да ни се обрати по писмен пат и да ни соопшти дека ги прифаќа нашите предлози и бара докомплетирање на апликациите или не ги прифаќа и ќе креира нова програма. 5. Посебно би сакала да прашам: со кого комуницираме ние? Со институциите или со поединци кои во моментот се наоѓаат на соодветна функција? Како да се обезбеди континуитет на соработка, ако резултатот на промените на директорите (како и на министрите) кои се толку чести, значи коренита промена и негирање на сите претходни комуникации и воспоставени практики? Вистината е дека со секоја промена почнуваме одново. Според редот на нештата, режисерот и другите соработници од креативниот тим се договараат за работа на нова претстава со институцијата (во случајов, Драмски театар), а не со директор. Директорот е менаџер кој ја претставува институцијата. Немањето континуитет во развојот на институцијата и во програмските стратегии е погубно за Драмски театар и за било која институција од културата. Тоа што Драмски театар во последниве шест години има петта промена на директор е катастрофално за институцијата. Ниту директорите можат да креираат политики на водење на куќата во толку кус мандат, ниту соработниците можат да истераат продукција во континуитет, со претпродукција, продукција и постпродукција, направени во мандат на исто раководство. Во секој случај, нашите претстави или предлог-претстави не смее да се претворат во жртвени јагниња, кои новите директори ќе ги злоупотребат за докажување некоја своја правдина или за омаловажување на програмите и работата на претходниот директор. Во овој дисконтинуитет и препукувања страда институцијата, нејзината репутација, но и целиот актерски и технички тим, кој вложува време и креативна енергија во креирање нешто, кое потоа завршува во ќорсокак или има краток домет. Режисерите (и не само тие, туку и драмските писатели, сценографите, костимографите, композиторите на музика, актерите-гости, младите театарџии) развиваат недоверба кон институцијата Драмски театар и ја бришат од мапата на театри со кои сакаат да соработуваат во иднина. Ве уверувам дека сакам да ги разберам причините за ваквите одлуки и постапки, Министерке, но не можам. Во отсуство на објаснувања, информации и конзистентност во постапувањето, останува само да претпоставувам и со секоја моја претпоставка доаѓам до заклучок дека нешто не е во ред! Министерке, во сето ова нешто крупно не е во ред! А најмногу не е во ред доколку го прочитате ова писмо и си помислите дека не сте одговорна за проблемите што ги отвора. Одговорноста на министерот за случувањата во областа која ја покрива се посебно поврзани со резултатите кои произлегуваат од неговите директни активности и дејствија. Компромитацијата на една од најголемите и најважни институции од културата во државава и на некои од најголемите имиња во македонскиот современ театар е нешто кое подразбира потреба од преземање на таа одговорност и соодветна реакција сè до ниво на неотповиклива оставка со цел барем делумно санирање на проблемот. Со почит, Зоја Бузалковска театарски режисер и редовен професор по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје

The post Отворено писмо на Зоја Бузалковска до министерката за култура: Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси appeared first on Република.

]]>
Премиера на дуодрмата „Емигранти“ вечерва во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-duodrmata-emigranti-vecherva-vo-dramski-teatar/ Sat, 18 Mar 2023 13:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=620993

Вечерва, на 18 март, во 20 часот, на малата сцената на Драмски театар Скопје премиерно ќе биде изведена преставата „Емигранти“ на славниот полски драматург и сатиричар Славомир Мрожек, а во режија на Зоја Бузалковска. Во дуодрамата играат актерите Дамјан Цветановски и Григор Јовановски.

„Емигранти“ премиерно во Македонија била изведена на 20 март 1992 година, во подрумскиот дел на поранешниот Македонски народен театар (МНТ), сега Национална опера и балет (НОБ). Режисер на претставата бил Владо Цветановски, а играле тогаш младите и невработени актери Сенко Велинов и Ѓорѓи Јолевски. И тогаш, оваа претстава почнала на независна сцена, па била префрлена на сцената на Драмски театар каде што се играла три години.

„Емигранти“ на Бузалковска премиерно била прикажана на 29 декември 2022 година во круг на пријатели. Бузалковска е благодарна на КСП „Јадро“ иницијален носител на проектот и место каде што првпат била прикажана дуодрамата и до Младински културен центар (МКЦ) кој овозможил континуитет на развој и проби на патот до Драмски театар.

Според Бузалковска, големината на автор каков што е Мрожек е дека на многу тешки, сериозни теми, тој зборува на еден многу духовит, приемчив јазик.

Во суштина ова е претстава која отвора многу тешки теми, но на многу лесен, забавен начин. Можеби најблиску е до трагикомедија, во смисла ако се изнасмеете, во следниот момент ќе добиете по муцка. И ако се расплачете, во следниот момент некој ќе ве освести и ќе ви каже не е сè така лошо и ќе почнете да смеете. Вистинскиот клуч е да се зборува за овие теми, да не се заглавиме во некаков ламент, каде што плачеме над својата судбина, над судбината на ликовите, туку да се обидеме да раскажеме нешто што секој да може да се пронајде, а малку и да се и се насмееме на судбината на овие ликови, а можеби и на нашата сопствена, вели Бузалковска.

Бузалковска во проектот влегла многу случајно. На една проба на преставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Дамјан Цветановски ѝ понудил да работи со него и Григор Јовановски на „Емигранти“.

Многу се израдував, бидејќи се работи за Мрожек, за „Емигранти“, за мене беше чест. Ние ја гледавме на студии, во 1995 година, а јас првпат ја гледав во 1992 година, во дискотеката МНТ. На час по режија потоа ги имавме како гости Јолевски и Велинов, кои раскажуваа како ги правеле улогите, како работеле, како двајца актери со тотално различен сензибилитет. Кога Дамјан кажа дека сакаат со Григор да ја работат, за мене беше голема радост. Текстот е актуелен бидејќи живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека и тој треба да стане емигрант, да фати магла. Но, од некоја причина уште сме тука и зборуваме на прес-конференција, рече Бузалквоска.

Актерот Дамјан Цветановски е син на сега веќе починатиот режисер и професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Владо Цветановски и вели дека никогаш не бил толку возбуден за некоја престава како што е сега.

Отсекогаш ‘висела’ во мојата глава таа дуодрама, бидејќи сум слушал за нејзиниот успех, сум ја читал, некако во животот ми се појавувала постојано. Најважно од сè беше потребата јас и Григор да соработуваме во некоја драма, ама имавме потреба од режисер кој ни ги познава сензибилитетите, а Зоја Бузалковска беше единствениот режисер со кој и двајцата сакавме да работиме. Сигурно има значење дека тоа е престава која ја работел татко ми. Се надевам дека ќе сме блиску до таа суштина, бидејќи таа била успешна престава. Не се споредуваме, ова е наша престава и е посебна, рече Цветановски.

Григор Јовановски вели дека и тој бил емигрант во обид во еден момент и дека една случајна средба со Дамјан го натерала да се врати во Македонија.

Живеев надвор од Македонија и кога поради некои обврски се вратив на една недела, се сретнав со Дамјан. Ми рече: Што правиш? Дојди си, ќе си работиме престава! И Зоја ми кажа нешто слично. ‘Григор, штета би било луѓето што треба да се бават со оваа професија да не се занимаваат со неа’. Темата која ја работиме, за жал е многу блиску до нашето општество. Секојденвно сведочиме за млади луѓе кои си заминуваат од државата. Некои од финансиски, некои од политички причини, некои заминуваат за да добијат подобро образование. Сето тоа ни е премногу блиско. За жал, Македонија станува држава на старци и некомпетени луѓе, но нам ни останува да се бориме, да ја менуваме средината на подобро. Ова е нашиот начин, ова е она што ние знаеме да го работиме, рече Јовановски.

Сценскиот дизајн за претставата е на Мартин Манев. Продукцијата, како и дизајнот на плакатот и програмата се на Павле Игновски.

The post Премиера на дуодрмата „Емигранти“ вечерва во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на 18 март, во 20 часот, на малата сцената на Драмски театар Скопје премиерно ќе биде изведена преставата „Емигранти“ на славниот полски драматург и сатиричар Славомир Мрожек, а во режија на Зоја Бузалковска. Во дуодрамата играат актерите Дамјан Цветановски и Григор Јовановски. „Емигранти“ премиерно во Македонија била изведена на 20 март 1992 година, во подрумскиот дел на поранешниот Македонски народен театар (МНТ), сега Национална опера и балет (НОБ). Режисер на претставата бил Владо Цветановски, а играле тогаш младите и невработени актери Сенко Велинов и Ѓорѓи Јолевски. И тогаш, оваа претстава почнала на независна сцена, па била префрлена на сцената на Драмски театар каде што се играла три години. „Емигранти“ на Бузалковска премиерно била прикажана на 29 декември 2022 година во круг на пријатели. Бузалковска е благодарна на КСП „Јадро“ иницијален носител на проектот и место каде што првпат била прикажана дуодрамата и до Младински културен центар (МКЦ) кој овозможил континуитет на развој и проби на патот до Драмски театар. Според Бузалковска, големината на автор каков што е Мрожек е дека на многу тешки, сериозни теми, тој зборува на еден многу духовит, приемчив јазик.
Во суштина ова е претстава која отвора многу тешки теми, но на многу лесен, забавен начин. Можеби најблиску е до трагикомедија, во смисла ако се изнасмеете, во следниот момент ќе добиете по муцка. И ако се расплачете, во следниот момент некој ќе ве освести и ќе ви каже не е сè така лошо и ќе почнете да смеете. Вистинскиот клуч е да се зборува за овие теми, да не се заглавиме во некаков ламент, каде што плачеме над својата судбина, над судбината на ликовите, туку да се обидеме да раскажеме нешто што секој да може да се пронајде, а малку и да се и се насмееме на судбината на овие ликови, а можеби и на нашата сопствена, вели Бузалковска.
Бузалковска во проектот влегла многу случајно. На една проба на преставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Дамјан Цветановски ѝ понудил да работи со него и Григор Јовановски на „Емигранти“.
Многу се израдував, бидејќи се работи за Мрожек, за „Емигранти“, за мене беше чест. Ние ја гледавме на студии, во 1995 година, а јас првпат ја гледав во 1992 година, во дискотеката МНТ. На час по режија потоа ги имавме како гости Јолевски и Велинов, кои раскажуваа како ги правеле улогите, како работеле, како двајца актери со тотално различен сензибилитет. Кога Дамјан кажа дека сакаат со Григор да ја работат, за мене беше голема радост. Текстот е актуелен бидејќи живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека и тој треба да стане емигрант, да фати магла. Но, од некоја причина уште сме тука и зборуваме на прес-конференција, рече Бузалквоска.
Актерот Дамјан Цветановски е син на сега веќе починатиот режисер и професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Владо Цветановски и вели дека никогаш не бил толку возбуден за некоја престава како што е сега.
Отсекогаш ‘висела’ во мојата глава таа дуодрама, бидејќи сум слушал за нејзиниот успех, сум ја читал, некако во животот ми се појавувала постојано. Најважно од сè беше потребата јас и Григор да соработуваме во некоја драма, ама имавме потреба од режисер кој ни ги познава сензибилитетите, а Зоја Бузалковска беше единствениот режисер со кој и двајцата сакавме да работиме. Сигурно има значење дека тоа е престава која ја работел татко ми. Се надевам дека ќе сме блиску до таа суштина, бидејќи таа била успешна престава. Не се споредуваме, ова е наша престава и е посебна, рече Цветановски.
Григор Јовановски вели дека и тој бил емигрант во обид во еден момент и дека една случајна средба со Дамјан го натерала да се врати во Македонија.
Живеев надвор од Македонија и кога поради некои обврски се вратив на една недела, се сретнав со Дамјан. Ми рече: Што правиш? Дојди си, ќе си работиме престава! И Зоја ми кажа нешто слично. ‘Григор, штета би било луѓето што треба да се бават со оваа професија да не се занимаваат со неа’. Темата која ја работиме, за жал е многу блиску до нашето општество. Секојденвно сведочиме за млади луѓе кои си заминуваат од државата. Некои од финансиски, некои од политички причини, некои заминуваат за да добијат подобро образование. Сето тоа ни е премногу блиско. За жал, Македонија станува држава на старци и некомпетени луѓе, но нам ни останува да се бориме, да ја менуваме средината на подобро. Ова е нашиот начин, ова е она што ние знаеме да го работиме, рече Јовановски.
Сценскиот дизајн за претставата е на Мартин Манев. Продукцијата, како и дизајнот на плакатот и програмата се на Павле Игновски.

The post Премиера на дуодрмата „Емигранти“ вечерва во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека треба да стане емигрант, да фати магла, вели режисерката на „Емигранти“ Зоја Бузалковска https://republika.mk/vesti/kultura/zhiveeme-vo-vreme-vo-koe-sekoj-od-nas-barem-tripati-pomislil-deka-treba-da-stane-emigrant-da-fati-magla-veli-rezhiserkata-na-emigranti-zoja-buzalkovska/ Wed, 15 Mar 2023 13:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=619849

В сабота, на 18 март, во 20 часот, на малата сцената на Драмски театар Скопје премиерно ќе биде изведена преставата „Емигранти“ на славниот полски драматург и сатиричар Славомир Мрожек, а во режија на Зоја Бузалковска. Во претставата играат актерите Дамјан Цветановски и Григор Јовановски.

Дуодрамата „Емигранти“ премиерно во Македонија била изведена на 20 март 1992 година, во подрумскиот дел на поранешниот Македонски народен театар (МНТ), сега Национална опера и балет (НОБ). Режисер на претставата бил Владо Цветановски, а играле тогаш младите и невработени актери Сенко Велинов и Ѓорѓи Јолевски. И тогаш, оваа претстава почнала на независна сцена, па била префрлена на сцената на Драмски театар каде што се играла три години.

„Емигранти“ на Бузалковска премиерно била прикажана на 29 декември 2022 година во круг на пријатели. Бузалковска искажа благодарност до КСП „Јадро“ иницијален носител на проектот и место каде што првпат била прикажана дуодрамата и до Младински културен центар (МКЦ) кој овозможил континуитет на развој и проби на патот до Драмски театар.

Драго ми е што ова мое претставување како в.д. директорка на Драмски театар е на прес-конфернцијата по повод претставата „Емиграни“. Бев дел од уметничкиот совет на Драмски и веќе ја гледав преставата и се радувам што ќе се најде на нашиот репертоар. Ова е независен проект за кој било аплицирано во 2022 година, во продукција на „Јадро“. Ние го преземаме бидејќи такви се околносите, нема простор за независната сцена кај нас. Сакаме да биде дел од нашиот репертоар, нам ни преставува голема чест и задоволство, рече на денешната прес-конференција новата в.д. директорка на Драмски театар Маја Вељковиќ - Пановска.

Режисерката Бузалковска, кажа дека во проектот влегла многу случајно. На една проба на преставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Дамјан Цветановски ѝ понудил да работи со него и Григор Јовановски на „Емигранти“.

Многу се израдував, бидејќи се работи за Мрожек, за „Емигранти“, за мене беше чест. Ние ја гледавме на студии, во 1995 година, а јас првпат ја гледав во 1992 година, во дискотеката МНТ. На час по режија потоа ги имавме како гости Јолевски и Велинов, кои раскажуваа како ги правеле улогите, како работеле, како двајца актери со тотално различен сензибилитет. Кога Дамјан кажа дека сакаат со Григор да ја работат, за мене беше голема радост. Текстот е актуелен бидејќи живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека и тој треба да стане емигрант, да фати магла. Но, од некоја причина уште сме тука и зборуваме на прес-конференција. Да работиш дуодрама е еден предизвик, бидејќи нема многу керефеки, нема егизбиции, бегање, рече Бузалквоска.

Режисерката објасни дека големината на автор каков што е Мрожек е дека на многу тешки, сериозни теми, тој зборува на еден многу духовит, приемчив јазик.

Во суштина ова е претстава која отвора многу тешки теми, но на многу лесен, забавен начин. Можеби најблиску е до трагикомедија, во смисла ако се изнасмеете, во следниот момент ќе добиете по муцка. И ако се расплачете, во следниот момент некој ќе ве освести и ќе ви каже не е сè така лошо и ќе почнете да смеете. Вистинскиот клуч е да се зборува за овие теми, да не се заглавиме во некаков ламент, каде што плачеме над својата судбина, над судбината на ликовите, туку да се обидеме да раскажеме нешто што секој да може да се пронајде, а малку и да се и се насмееме на судбината на овие ликови, а можеби и на нашата сопствена, кажа Бузалковска.

Режисерката кажа дека претставата добила буџет од скромни 147 илјади денари, а во реализацијата биле вклучени петмина. Од нив, само двајца се вработени.

Сакав тогашната комисија да ја викнам да дојде на час кај мене и да им предава на студентите по театарска режија како се работи претстава, макар и независна продукција за 2.200 ерва. Мене тоа баш и не ми е најјасно, рече Бузалковска.

Актерот Дамјан Цветановски е син на сега веќе починатиот режисер Владо Цветановски и рече дека никогаш не бил толку возбуден за некоја престава како што е сега.

Отсекогаш 'висела' во мојата глава таа дуодрама, бидејќи сум слушал за нејзиниот успех, сум ја читал, некако во животот ми се појавувала постојано. Најважно од сè беше потребата јас и Григор да соработуваме во некоја драма, ама имавме потреба од режисер кој ни ги познава сензибилитетите, а Зоја Бузалковска беше единствениот режисер со кој и двајцата сакавме да работиме. Сигурно има значење дека тоа е престава која ја работел татко ми. Се надевам дека ќе сме блиску до таа суштина, бидејќи таа била успешна престава. Не се споредуваме, ова е наша престава и е посебна, рече Цветановски.

Тој се надева дека преставата ќе има долг живот, дека ќе ја играат барем три години колку што ја играле нивните колеги и дека ќе има публика.

Ова е првпат да соработуваме со Григор Јовановски заедно. Секогаш кога сме работеле на некои проекти, не сме имале заеднички сцени, па оттаму многу се радувам. Имам чувство дека се надополнувме многу, во креативна смисла и лесно ни оди работата. Се надевам дека не е последен ваков проект, рече Цветановски.

Григор Јовановски кажа дека и тој бил емигрант во обид во еден момент и дека една случајна средба со Дамјан го натерала да се врати во Македонија.

Живеев надвор од Македонија и кога поради некои обврски се вратив на една недела, се сретнав со Дамјан. Ми рече: Што правиш? Дојди си, ќе си работиме престава! И Зоја ми кажа нешто слично. 'Григор, штета би било луѓето што треба да се бават со оваа професија да не се занимаваат со неа'. Темата која ја работиме, за жал е многу блиску до нашето општество. Секојденвно сведочиме за млади луѓе кои си заминуваат од државата. Некои од финансиски, некои од политички причини, некои заминуваат за да добијат подобро образование. Сето тоа ни е премногу блиско. За жал, Македонија станува држава на старци и некомпетени луѓе, но нам ни останува да се бориме, да ја менуваме средината на подобро. Ова е нашиот начин, ова е она што ние знаеме да го работиме, рече Јовановски.

Сценографијата не им беше потребна ниту на режисерката, ниту на актерите. Затоа што и во првата проба која јас ја гледав, каде што тие имаа нешто ставено колку да одбележува простор, тие беа добри. Проектот одекнуваше со суштина уште од почеткот, вели Мартин Манев кој го работеше сценскиот дизајн и сценографија на „Емигранти“.

Сценографијата е само тука да кога ќе дојде публиката да не ѝ падне жал па да помислат: 'Леле види ги децава, нели им е ладно, леле ќе се исечат на тоа'. Публиката да може да ужива во преставата, во дејството на приказната без да има моменти што ќе ја изведат од магијата на театарот, вели Манев.

Пикнати во една импровизирана соба во сутеренот на една зграда во голем европски град, двајцата емигранти АА, интелектуалец со политичка предисторија, и ХХ, простодушен човек од село, физички работник, се сокриле од светот, заринкани во сопствените стравови, комплекси, наталожени сеќавања, проекции за самите себеси и претпоставки за себе како туѓи проекции, очекувања што не смеат да ги изневерат.

Во претставата се анализираат два аспекта од животот на ликовите: емигранти во туѓина и емигранти во својата сопствена земја.

Во целина претставата „Емигранти“ е пресек на едно општество во распад, општество на изгубени души. Сценскиот дизајн за претставата е на Мартин Манев. Продукцијата, како и дизајнот на плакатот и програмата се на Павле Игновски.

The post Живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека треба да стане емигрант, да фати магла, вели режисерката на „Емигранти“ Зоја Бузалковска appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 18 март, во 20 часот, на малата сцената на Драмски театар Скопје премиерно ќе биде изведена преставата „Емигранти“ на славниот полски драматург и сатиричар Славомир Мрожек, а во режија на Зоја Бузалковска. Во претставата играат актерите Дамјан Цветановски и Григор Јовановски. Дуодрамата „Емигранти“ премиерно во Македонија била изведена на 20 март 1992 година, во подрумскиот дел на поранешниот Македонски народен театар (МНТ), сега Национална опера и балет (НОБ). Режисер на претставата бил Владо Цветановски, а играле тогаш младите и невработени актери Сенко Велинов и Ѓорѓи Јолевски. И тогаш, оваа претстава почнала на независна сцена, па била префрлена на сцената на Драмски театар каде што се играла три години. „Емигранти“ на Бузалковска премиерно била прикажана на 29 декември 2022 година во круг на пријатели. Бузалковска искажа благодарност до КСП „Јадро“ иницијален носител на проектот и место каде што првпат била прикажана дуодрамата и до Младински културен центар (МКЦ) кој овозможил континуитет на развој и проби на патот до Драмски театар.
Драго ми е што ова мое претставување како в.д. директорка на Драмски театар е на прес-конфернцијата по повод претставата „Емиграни“. Бев дел од уметничкиот совет на Драмски и веќе ја гледав преставата и се радувам што ќе се најде на нашиот репертоар. Ова е независен проект за кој било аплицирано во 2022 година, во продукција на „Јадро“. Ние го преземаме бидејќи такви се околносите, нема простор за независната сцена кај нас. Сакаме да биде дел од нашиот репертоар, нам ни преставува голема чест и задоволство, рече на денешната прес-конференција новата в.д. директорка на Драмски театар Маја Вељковиќ - Пановска.
Режисерката Бузалковска, кажа дека во проектот влегла многу случајно. На една проба на преставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Дамјан Цветановски ѝ понудил да работи со него и Григор Јовановски на „Емигранти“.
Многу се израдував, бидејќи се работи за Мрожек, за „Емигранти“, за мене беше чест. Ние ја гледавме на студии, во 1995 година, а јас првпат ја гледав во 1992 година, во дискотеката МНТ. На час по режија потоа ги имавме како гости Јолевски и Велинов, кои раскажуваа како ги правеле улогите, како работеле, како двајца актери со тотално различен сензибилитет. Кога Дамјан кажа дека сакаат со Григор да ја работат, за мене беше голема радост. Текстот е актуелен бидејќи живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека и тој треба да стане емигрант, да фати магла. Но, од некоја причина уште сме тука и зборуваме на прес-конференција. Да работиш дуодрама е еден предизвик, бидејќи нема многу керефеки, нема егизбиции, бегање, рече Бузалквоска.
Режисерката објасни дека големината на автор каков што е Мрожек е дека на многу тешки, сериозни теми, тој зборува на еден многу духовит, приемчив јазик.
Во суштина ова е претстава која отвора многу тешки теми, но на многу лесен, забавен начин. Можеби најблиску е до трагикомедија, во смисла ако се изнасмеете, во следниот момент ќе добиете по муцка. И ако се расплачете, во следниот момент некој ќе ве освести и ќе ви каже не е сè така лошо и ќе почнете да смеете. Вистинскиот клуч е да се зборува за овие теми, да не се заглавиме во некаков ламент, каде што плачеме над својата судбина, над судбината на ликовите, туку да се обидеме да раскажеме нешто што секој да може да се пронајде, а малку и да се и се насмееме на судбината на овие ликови, а можеби и на нашата сопствена, кажа Бузалковска.
Режисерката кажа дека претставата добила буџет од скромни 147 илјади денари, а во реализацијата биле вклучени петмина. Од нив, само двајца се вработени.
Сакав тогашната комисија да ја викнам да дојде на час кај мене и да им предава на студентите по театарска режија како се работи претстава, макар и независна продукција за 2.200 ерва. Мене тоа баш и не ми е најјасно, рече Бузалковска.
Актерот Дамјан Цветановски е син на сега веќе починатиот режисер Владо Цветановски и рече дека никогаш не бил толку возбуден за некоја престава како што е сега.
Отсекогаш 'висела' во мојата глава таа дуодрама, бидејќи сум слушал за нејзиниот успех, сум ја читал, некако во животот ми се појавувала постојано. Најважно од сè беше потребата јас и Григор да соработуваме во некоја драма, ама имавме потреба од режисер кој ни ги познава сензибилитетите, а Зоја Бузалковска беше единствениот режисер со кој и двајцата сакавме да работиме. Сигурно има значење дека тоа е престава која ја работел татко ми. Се надевам дека ќе сме блиску до таа суштина, бидејќи таа била успешна престава. Не се споредуваме, ова е наша престава и е посебна, рече Цветановски.
Тој се надева дека преставата ќе има долг живот, дека ќе ја играат барем три години колку што ја играле нивните колеги и дека ќе има публика.
Ова е првпат да соработуваме со Григор Јовановски заедно. Секогаш кога сме работеле на некои проекти, не сме имале заеднички сцени, па оттаму многу се радувам. Имам чувство дека се надополнувме многу, во креативна смисла и лесно ни оди работата. Се надевам дека не е последен ваков проект, рече Цветановски.
Григор Јовановски кажа дека и тој бил емигрант во обид во еден момент и дека една случајна средба со Дамјан го натерала да се врати во Македонија.
Живеев надвор од Македонија и кога поради некои обврски се вратив на една недела, се сретнав со Дамјан. Ми рече: Што правиш? Дојди си, ќе си работиме престава! И Зоја ми кажа нешто слично. 'Григор, штета би било луѓето што треба да се бават со оваа професија да не се занимаваат со неа'. Темата која ја работиме, за жал е многу блиску до нашето општество. Секојденвно сведочиме за млади луѓе кои си заминуваат од државата. Некои од финансиски, некои од политички причини, некои заминуваат за да добијат подобро образование. Сето тоа ни е премногу блиско. За жал, Македонија станува држава на старци и некомпетени луѓе, но нам ни останува да се бориме, да ја менуваме средината на подобро. Ова е нашиот начин, ова е она што ние знаеме да го работиме, рече Јовановски.
Сценографијата не им беше потребна ниту на режисерката, ниту на актерите. Затоа што и во првата проба која јас ја гледав, каде што тие имаа нешто ставено колку да одбележува простор, тие беа добри. Проектот одекнуваше со суштина уште од почеткот, вели Мартин Манев кој го работеше сценскиот дизајн и сценографија на „Емигранти“.
Сценографијата е само тука да кога ќе дојде публиката да не ѝ падне жал па да помислат: 'Леле види ги децава, нели им е ладно, леле ќе се исечат на тоа'. Публиката да може да ужива во преставата, во дејството на приказната без да има моменти што ќе ја изведат од магијата на театарот, вели Манев.
Пикнати во една импровизирана соба во сутеренот на една зграда во голем европски град, двајцата емигранти АА, интелектуалец со политичка предисторија, и ХХ, простодушен човек од село, физички работник, се сокриле од светот, заринкани во сопствените стравови, комплекси, наталожени сеќавања, проекции за самите себеси и претпоставки за себе како туѓи проекции, очекувања што не смеат да ги изневерат. Во претставата се анализираат два аспекта од животот на ликовите: емигранти во туѓина и емигранти во својата сопствена земја. Во целина претставата „Емигранти“ е пресек на едно општество во распад, општество на изгубени души. Сценскиот дизајн за претставата е на Мартин Манев. Продукцијата, како и дизајнот на плакатот и програмата се на Павле Игновски.

The post Живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека треба да стане емигрант, да фати магла, вели режисерката на „Емигранти“ Зоја Бузалковска appeared first on Република.

]]>
Драмски театар синоќа на „Охридско лето“- „Чудна случка со кучето во ноќта“ е приказна раскажана на филмски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-sinokja-na-ohridsko-leto-chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokjta-e-prikazna-raskazana-na-filmski-jazik/ Thu, 21 Jul 2022 11:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=531788

Урбана драма по текстот на Сајмон Стивенс, базиран на романот на Марк Хадон,а во режија на извонредната Зоја Бузалковска приредија вчеравечер  на „Охридско лето“ актерите на Драмски театар Скопје.

Во рамки на драмскиот фестивалски репертоар, тие прикажаа врвна актерска игра, високо ниво на концентрација и кондиција  преку „Чудна случка со кучето во ноќта“ , претстава која ги извади на површина предрасудите кон лицата со аутизам.

Сместена во Свиндон и Лондон, приказната се однесува на 15-годишниот Кристофер Џон Френсис Бун, математички гениј, кој има неспецифично нарушување од аутистичен спектар. Кристофер треба да разреши една мистерија. Некој го убил соседското куче со вила и Кристофер е осомничен, па условно ослободен. Сакајќи да открие кој го убил Велингтон и одејќи спротивно на желбите и заповедите на татко му, Кристофер започнува истрага за убиството на кучето, поставувајќи му прашања и запишувајќи ги своите постапки и сознанија во книга.

Светот на главниот лик Кристофер кој го игра актерот  Дамјан Цветановски  е свет на „исмеаниот“, „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „потценетиот“.

Ова е претстава за различностите,  за нашата толеранција кон различностите, за еден посебен свет на Кристофер во кого важат посебни правила и справувањето на неуротипичниот свет со неговиот неуроатипичен свет. Имавме доста интензивен физички процес. Сите актери се обучувавме да изведуваме parkour  техника, урбано скокање. За мене лично,  улогата беше голем предизвик и нешто што досега не сум го работел, вели Цветановски.

Актерката Емилија  Мицевска Трајковиќ ја играше мајката на Кристофер во претставата.

Самата претстава има доста комплексни семејни односи. Ми беше предизвик да ја подготвувам и да ја разберам мајката на Кристофер бидејќи детето е посебно и чудесно,  а  таа во еден момент смета дека ќе биде подобро да замине  зашто  мисли дека не е доволно добра и не  може да се справи со сите животни ситуации. Прекрасно е да се работи со режисерката Бузалковска. Со неа пробите се секогаш  добри зашто одлично работи со актери, вели Мицевска Трајковиќ.

Приказната во „Чудна случка со кучето во ноќта“ е раскажана на филмски јазик, многу динамично, многу брзо се менуваат ситуациите, се обработувааат многу комплексни проблеми и прашања, на многу забавен, на места духовит начин.

Предизвик е секогаш, една таква структура како да може да стане театар, како може во театар да се раскаже особено со нашите не толку добри технички можности  како и насекаде во светот. Навистина ми беше предизвик да употребам од една страна еден мерхундовски јазик во театарот, а од друга страна parkour техника или free running техника, вели режисерката Зоја Бузалковска.

Како што додава таа, секогаш е предизвик да се работи со тимот на Драмски театар Скопје кој  го смета за своја екипа.

Кога има текст којшто е современ и актуелен, тогаш прво ми текнува дека сакам да работам со екипата на Драмски театар Скопје. Го сметам за свој театар затоа што првата претстава сум ја направила токму таму, сум дипломирала таму и навистина многу соработувам со нив. Од 2014 година, ова е трета претстава што ја работам со Драмски театар, појаснува Бузалковска.

Сценограф на претставата„Чудна случка со кучето во ноќта“ е Константин Трпеноски, костимографијата е на Елена Вангеловска и Раде Василев, кореографијата и free running техниката на Симон Симоновски, а музиката за претставата ја креира Давид Ангелевски.

The post Драмски театар синоќа на „Охридско лето“- „Чудна случка со кучето во ноќта“ е приказна раскажана на филмски јазик appeared first on Република.

]]>

Урбана драма по текстот на Сајмон Стивенс, базиран на романот на Марк Хадон,а во режија на извонредната Зоја Бузалковска приредија вчеравечер  на „Охридско лето“ актерите на Драмски театар Скопје. Во рамки на драмскиот фестивалски репертоар, тие прикажаа врвна актерска игра, високо ниво на концентрација и кондиција  преку „Чудна случка со кучето во ноќта“ , претстава која ги извади на површина предрасудите кон лицата со аутизам. Сместена во Свиндон и Лондон, приказната се однесува на 15-годишниот Кристофер Џон Френсис Бун, математички гениј, кој има неспецифично нарушување од аутистичен спектар. Кристофер треба да разреши една мистерија. Некој го убил соседското куче со вила и Кристофер е осомничен, па условно ослободен. Сакајќи да открие кој го убил Велингтон и одејќи спротивно на желбите и заповедите на татко му, Кристофер започнува истрага за убиството на кучето, поставувајќи му прашања и запишувајќи ги своите постапки и сознанија во книга. Светот на главниот лик Кристофер кој го игра актерот  Дамјан Цветановски  е свет на „исмеаниот“, „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „потценетиот“.