знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/zname/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 14:30:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/zname/ 32 32 Посетата не беше ниту државна, ниту работна, вели Радев за средбата со македонската претседателка Сиљановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/posetata-ne-beshe-nitu-drzhavna-nitu-rabotna-veli-radev-za-sredbata-so-makedonskata-pretsedatelka-silanovska-davkova/ Mon, 16 Sep 2024 14:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=816840

Како што пренесува бугарската информативна агенција „Фокус“, Радев порачал дека со претседателот на Република Македонија имале многу искрен и конструктивен разговор во пријателска атмосфера.

Очекувам оваа искажана желба за отвореност да ја преземе Владата на РСМ, но нека биде јасно дека ова не беше ниту државна, ниту работна посета. Се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Македонија ќе оствари државна посета, која со сите официјални средби согласно протоколот ќе придонесе и за натамошен развој на нашите односи. Ако го следиме протоколот, на ред е јас да одам таму, изјавил претседателот Радев.

Средбата, дополнил Радев, беше многу конструктивна и во пријателски дух. – Ова е навистина добар почеток за целосно да и помогнеме на Република Македонија, навел Радев.

Димитар Стојанов, советник на претседателот Радев и поранешен министер, пак за БНТ изјавил дека „посетата на претседателот на Република Македонија била по повод културен настан и не била ниту државна ниту работна.

Поради тоа македонското знаме не беше ставено во салата бидејќи за вакви посети не е потребно строго почитување на државниот протокол, изјавил Стојанов.

DNES.BG. пренесува дека Стојанов посочил оти средбата меѓу Радев и Сиљановска – Давкова била исклучително конструктивна и со добар тон. Договорени се идни државни посети на РСМ и Бугарија, што според Стојанов, е чекор напред во дијалогот меѓу двете земји.

Тој рекол дека не би сакал да зборува за провокација во случајов, во ситуација кога се бара чекор напред во развојот на односи. – Не е коректно да се мешаме со знамиња во оваа ситуација. Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, дали треба да ставиме знамиња. Непотребно влошување на ситуацијата, рекол Стојанов.

Заради фотографирањето пред бугарското знаме на Радев и Сиљановска Давкова на средбата во Софија, на бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков, денеска ќе му биде врачена протестна нота, според извори од МНР, од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

За овој настан, според извори од МНР, не било реагирано директно на средбата во Софија, бидејќи, велат, постојат протоколи за да се реагира за овој тип на ситуација. Велат дека пред самата средба на шефовите на државите бил јасно утврден протоколот и прашањето на коешто МНР ќе побара одговор е зошто бугарската страна отстапила од претходно утврдениот протокол. Изворите додаваат дека македонското знаме било истакнато на работниот ручек кој претходел на средбата меѓу претседателка Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Радев во Софија.

Извори од МНР велат дека сепак е конструктивно што е остварена средба меѓу претседателите на Македонија и на Бугарија. Дополнуваат и дека на работниот ручек не било отворено прашањето за предлогот на државава за уставни измени со одложено дејство. Велат дека за тоа ќе се разговара откако во Бугарија ќе се избере политичка влада.

Претходно, денеска и премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава, повторувајќи дека како држава сме секогаш подготвени на добрососедските односи да возвратиме со добрина, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме.

Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.

Мицкоски посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова во саботата најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласија оттаму, ваков потег и чин не бил предвиден, ниту договорен.

Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, наведоа од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

The post Посетата не беше ниту државна, ниту работна, вели Радев за средбата со македонската претседателка Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Како што пренесува бугарската информативна агенција „Фокус“, Радев порачал дека со претседателот на Република Македонија имале многу искрен и конструктивен разговор во пријателска атмосфера.
Очекувам оваа искажана желба за отвореност да ја преземе Владата на РСМ, но нека биде јасно дека ова не беше ниту државна, ниту работна посета. Се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Македонија ќе оствари државна посета, која со сите официјални средби согласно протоколот ќе придонесе и за натамошен развој на нашите односи. Ако го следиме протоколот, на ред е јас да одам таму, изјавил претседателот Радев.
Средбата, дополнил Радев, беше многу конструктивна и во пријателски дух. – Ова е навистина добар почеток за целосно да и помогнеме на Република Македонија, навел Радев. Димитар Стојанов, советник на претседателот Радев и поранешен министер, пак за БНТ изјавил дека „посетата на претседателот на Република Македонија била по повод културен настан и не била ниту државна ниту работна.
Поради тоа македонското знаме не беше ставено во салата бидејќи за вакви посети не е потребно строго почитување на државниот протокол, изјавил Стојанов.
DNES.BG. пренесува дека Стојанов посочил оти средбата меѓу Радев и Сиљановска – Давкова била исклучително конструктивна и со добар тон. Договорени се идни државни посети на РСМ и Бугарија, што според Стојанов, е чекор напред во дијалогот меѓу двете земји. Тој рекол дека не би сакал да зборува за провокација во случајов, во ситуација кога се бара чекор напред во развојот на односи. – Не е коректно да се мешаме со знамиња во оваа ситуација. Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, дали треба да ставиме знамиња. Непотребно влошување на ситуацијата, рекол Стојанов. Заради фотографирањето пред бугарското знаме на Радев и Сиљановска Давкова на средбата во Софија, на бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков, денеска ќе му биде врачена протестна нота, според извори од МНР, од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. За овој настан, според извори од МНР, не било реагирано директно на средбата во Софија, бидејќи, велат, постојат протоколи за да се реагира за овој тип на ситуација. Велат дека пред самата средба на шефовите на државите бил јасно утврден протоколот и прашањето на коешто МНР ќе побара одговор е зошто бугарската страна отстапила од претходно утврдениот протокол. Изворите додаваат дека македонското знаме било истакнато на работниот ручек кој претходел на средбата меѓу претседателка Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Радев во Софија. Извори од МНР велат дека сепак е конструктивно што е остварена средба меѓу претседателите на Македонија и на Бугарија. Дополнуваат и дека на работниот ручек не било отворено прашањето за предлогот на државава за уставни измени со одложено дејство. Велат дека за тоа ќе се разговара откако во Бугарија ќе се избере политичка влада. Претходно, денеска и премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава, повторувајќи дека како држава сме секогаш подготвени на добрососедските односи да возвратиме со добрина, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме.
Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.
Мицкоски посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа. Од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова во саботата најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласија оттаму, ваков потег и чин не бил предвиден, ниту договорен.
Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, наведоа од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.
Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.  

The post Посетата не беше ниту државна, ниту работна, вели Радев за средбата со македонската претседателка Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Олимпиското знаме предадено на градоначалникот на Лос Анџелес https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskoto-zname-predadeno-na-gradonachalnikot-na-los-andheles/ Mon, 12 Aug 2024 06:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=805632

За време на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз, олимпиското знаме синоќа беше предадено на следниот град кој ќе биде домаќин на Игрите во 2028 година.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, му се придружија на претседателот на МОК, Томас Бах на сцената за да направат примопредавање знамето.

Летните олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес од 14 до 30 јули.

The post Олимпиското знаме предадено на градоначалникот на Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>

За време на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз, олимпиското знаме синоќа беше предадено на следниот град кој ќе биде домаќин на Игрите во 2028 година. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, му се придружија на претседателот на МОК, Томас Бах на сцената за да направат примопредавање знамето. Летните олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес од 14 до 30 јули.

The post Олимпиското знаме предадено на градоначалникот на Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>
Вратено македонското знаме на Кораб кое беше симнато https://republika.mk/vesti/makedonija/vrateno-makedonskoto-zname-na-korab-koe-beshe-simnato/ Tue, 02 Jul 2024 09:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=792654

Албанскиот планинар од Пешкопеја, Изет Шулку, со неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.

Албанското знаме е тргнато и повторно е ставено македонското знаме.

The post Вратено македонското знаме на Кораб кое беше симнато appeared first on Република.

]]>

Албанскиот планинар од Пешкопеја, Изет Шулку, со неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското. Албанското знаме е тргнато и повторно е ставено македонското знаме.

The post Вратено македонското знаме на Кораб кое беше симнато appeared first on Република.

]]>
МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-se-prezemaat-dopolnitelni-merki-za-raschistuvane-na-sluchajot-so-otstranuvaneto-na-makedonskoto-zname-od-korab/ Mon, 01 Jul 2024 17:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=792498

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија.

Оттаму додаваат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.

Претходно, на Фејсбук профилот на албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, беше објавено дека го отстранил македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско знаме.

Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, туку само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија.

The post МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб appeared first on Република.

]]>

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Оттаму додаваат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена. Претходно, на Фејсбук профилот на албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, беше објавено дека го отстранил македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско знаме. Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, туку само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија.

The post МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб appeared first on Република.

]]>
Најголемото хрватско знаме во светот ќе се вее во Хамбург на мечот против Албанија https://republika.mk/sport/fudbal/najgolemoto-hrvatsko-zname-vo-svetot-ke-se-vee-vo-hamburg-na-mechot-protiv-albanija/ Wed, 19 Jun 2024 12:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=789051

Најголемото хрватско знаме во светот пристигна и во Хамбург!

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави серија фотографии од атмосферата меѓу хрваскте навивачи во Хамбург, каде што „коцкестите“ од 15 лчасот играат против Албанија.

The post Најголемото хрватско знаме во светот ќе се вее во Хамбург на мечот против Албанија appeared first on Република.

]]>

Најголемото хрватско знаме во светот пристигна и во Хамбург! Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави серија фотографии од атмосферата меѓу хрваскте навивачи во Хамбург, каде што „коцкестите“ од 15 лчасот играат против Албанија.

The post Најголемото хрватско знаме во светот ќе се вее во Хамбург на мечот против Албанија appeared first on Република.

]]>
Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот https://republika.mk/vesti/makedonija/tseremonija-na-svecheno-menuvane-na-drzhavnoto-zname-vo-kabinetot-na-pretsedatelot/ Fri, 14 Jun 2024 15:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=787626

Денеска во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје.

Церемонијата на менување на државното знаме на платото пред Кабинетот на Претседателот беше извршена од припадниците на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава.

По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Сиљановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес.

За време на престојот во Кабинетот на Претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

The post Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот appeared first on Република.

]]>

Денеска во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје. Церемонијата на менување на државното знаме на платото пред Кабинетот на Претседателот беше извршена од припадниците на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава. По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Сиљановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес. За време на престојот во Кабинетот на Претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

The post Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот appeared first on Република.

]]>
Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого https://republika.mk/vesti/svet/novata-konzervativna-vlada-na-portugalija-gi-vrati-drzhavnite-simboli-na-svoeto-logo/ Thu, 04 Apr 2024 07:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=761958

Новата португалска конзервативна влада, во својот прв указ, ги врати хералдичките симболи на официјалното лого, откако нејзините претходници воведоа „поинклузивно и секуларно лого“.

Меѓу симболите се армиларната сфера, рана астрономска направа што ја користеле навигаторите, пет штитови што ги симболизираат муслиманските кралеви поразени од кралот Алфонсо I од Португалија во 12 век и седум замоци што биле повторно заземени од Маврите за време на повторното освојување на Пиринејскиот Полуостров.

Сите симболи се наоѓаат на португалското знаме, а министерот Антонио Леитао Амаро на прес-конференција кажа дека овие симболи се „клучни за нашиот идентитет, нашата историја и култура“.

Минатата година социјалистичката влада воведе поедноставено лого со жолт круг помеѓу зелен и црвен правоаголник. Притоа, владата се осврна на инклузивноста и „визуелната компактност“, што не е практично.

Додека некои Португалци преку социјалните мрежи го поздравија враќањето на старите симболи, други пишуваа дека владата треба да има други приоритети поради зголемените животни трошоци.

The post Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого appeared first on Република.

]]>

Новата португалска конзервативна влада, во својот прв указ, ги врати хералдичките симболи на официјалното лого, откако нејзините претходници воведоа „поинклузивно и секуларно лого“. Меѓу симболите се армиларната сфера, рана астрономска направа што ја користеле навигаторите, пет штитови што ги симболизираат муслиманските кралеви поразени од кралот Алфонсо I од Португалија во 12 век и седум замоци што биле повторно заземени од Маврите за време на повторното освојување на Пиринејскиот Полуостров. Сите симболи се наоѓаат на португалското знаме, а министерот Антонио Леитао Амаро на прес-конференција кажа дека овие симболи се „клучни за нашиот идентитет, нашата историја и култура“. Минатата година социјалистичката влада воведе поедноставено лого со жолт круг помеѓу зелен и црвен правоаголник. Притоа, владата се осврна на инклузивноста и „визуелната компактност“, што не е практично. Додека некои Португалци преку социјалните мрежи го поздравија враќањето на старите симболи, други пишуваа дека владата треба да има други приоритети поради зголемените животни трошоци.

The post Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого appeared first on Република.

]]>
Судот од Охрид пресуди: Тони Менкиноски не е виновен https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-od-ohrid-presudi-toni-menkinoski-ne-e-vinoven/ Tue, 26 Mar 2024 20:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=759088

Основниот Суд Охрид ја донесе пресудата дека адвокатот Тони Менкиноски се ослободува од одговорност за истакнување на големо знаме со сонцето од Вергина на Самоиловата тврдина во Охрид, лани за време на празнувањето на Водици.

Според судот, адвокатот Менкиноски не ги изложил на подбив државните симболи на Македонија или симболите на припадниците на заедниците, уште повеќе што на тоа место немало поставени други симболи на државата или на друга држава.

Лани на 20 јануари, за време на празнувањето на Водици во Охрид, за малку бил избегнат инцидент кога 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне.

Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, изјави тогаш адвокатот Тони Менкиноски.

Тогаш против него полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето. Луѓето кои го поставија знамето бурно реагораа. Полицијата мене ме запиша како подносител. Јас им побарав да донесат наредба дека треба да го тргнеме знамето, побарав писмен документ, изјави тогаш Менкиноски.

The post Судот од Охрид пресуди: Тони Менкиноски не е виновен appeared first on Република.

]]>

Основниот Суд Охрид ја донесе пресудата дека адвокатот Тони Менкиноски се ослободува од одговорност за истакнување на големо знаме со сонцето од Вергина на Самоиловата тврдина во Охрид, лани за време на празнувањето на Водици. Според судот, адвокатот Менкиноски не ги изложил на подбив државните симболи на Македонија или симболите на припадниците на заедниците, уште повеќе што на тоа место немало поставени други симболи на државата или на друга држава. Лани на 20 јануари, за време на празнувањето на Водици во Охрид, за малку бил избегнат инцидент кога 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, изјави тогаш адвокатот Тони Менкиноски. Тогаш против него полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето. Луѓето кои го поставија знамето бурно реагораа. Полицијата мене ме запиша како подносител. Јас им побарав да донесат наредба дека треба да го тргнеме знамето, побарав писмен документ, изјави тогаш Менкиноски.

The post Судот од Охрид пресуди: Тони Менкиноски не е виновен appeared first on Република.

]]>
ЛДП за вандалскиот чин на симнувањето на знамето на Шапка: Доста е со намерни провокации и варварски чинови! https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-za-vandalskiot-chin-na-simnuvaneto-na-znameto-na-shapka-dosta-e-so-namerni-provokatsii-i-varvarski-chinovi/ Wed, 29 Nov 2023 13:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=717594

Либерално демократската партија најостро го осудува вандалскиот чин на симнување на знамето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од јарболот пред храмот Свети Наум Охридски, по што веднаш е поставено знаме на Албанија.

Ова е директен напад кон верниците, но и кон свештенството на МПЦ – ОА и претставува сериозен аларм во државата, особено кога некој се дрзнува да си игра со верските и националните чувства на граѓаните.

Намерните провокации не придонесуваат кон соживот, толеранција и разбирање на различностите. Како наближуваат изборите, најголем број од партиите ќе играат на нивната најсигурна карта, картата на национализмот и презирот кон сите и сѐ што е поразлично од нив. Ваквите немили настани се само еден дел од валкана игра, која одредени политички субјекти се подготвени да ја играат само за да се задржат или да дојдат на власт.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ Кавадарци, Струмица, Кичево и Битола вечерва дишат најзагаден воздух!
Веруваме дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме и бараме од албанските политички субјекти да го осудат овој варварски чин и со тоа, да ги обесхрабрат идните потенцијални провокатори.

ЛДП, како политичка партија каде членуваат и се застапени припадници на сите етнички заедници и религии, смета дека во едно мултиетничко општество треба да се дискутира како да се подобри состојбата во сите сектори на државата и таа да се издигне на рамниште на западноевропските земји.

Како либерали, силно веруваме дека во нашата држава треба да царуваат либералните идеали на слобода, еднаквост и взаемна почит, како и тоа дека сите заеднички треба да работиме во насока на реализирање на европската либерална замисла – “Обединети во различностите”.

The post ЛДП за вандалскиот чин на симнувањето на знамето на Шапка: Доста е со намерни провокации и варварски чинови! appeared first on Република.

]]>

Либерално демократската партија најостро го осудува вандалскиот чин на симнување на знамето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од јарболот пред храмот Свети Наум Охридски, по што веднаш е поставено знаме на Албанија. Ова е директен напад кон верниците, но и кон свештенството на МПЦ – ОА и претставува сериозен аларм во државата, особено кога некој се дрзнува да си игра со верските и националните чувства на граѓаните. Намерните провокации не придонесуваат кон соживот, толеранција и разбирање на различностите. Како наближуваат изборите, најголем број од партиите ќе играат на нивната најсигурна карта, картата на национализмот и презирот кон сите и сѐ што е поразлично од нив. Ваквите немили настани се само еден дел од валкана игра, која одредени политички субјекти се подготвени да ја играат само за да се задржат или да дојдат на власт. ПРЕПОРАЧУВАМЕ Кавадарци, Струмица, Кичево и Битола вечерва дишат најзагаден воздух! Веруваме дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме и бараме од албанските политички субјекти да го осудат овој варварски чин и со тоа, да ги обесхрабрат идните потенцијални провокатори. ЛДП, како политичка партија каде членуваат и се застапени припадници на сите етнички заедници и религии, смета дека во едно мултиетничко општество треба да се дискутира како да се подобри состојбата во сите сектори на државата и таа да се издигне на рамниште на западноевропските земји. Како либерали, силно веруваме дека во нашата држава треба да царуваат либералните идеали на слобода, еднаквост и взаемна почит, како и тоа дека сите заеднички треба да работиме во насока на реализирање на европската либерална замисла – “Обединети во различностите”.  

The post ЛДП за вандалскиот чин на симнувањето на знамето на Шапка: Доста е со намерни провокации и варварски чинови! appeared first on Република.

]]>
Ангелов: Црковното знаме ќе биде вратено на јарболот на Попова Шапка, а Ахмети да го осуди вандалскиот чин https://republika.mk/vesti/makedonija/angelov-tsrkovnoto-zname-ke-bide-vrateno-na-jarbolot-na-popova-shapka-a-ahmeti-da-go-osudi-vandalskiot-chin/ Wed, 29 Nov 2023 09:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=717439

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук објави слика од крстот на Попова Шапка на која се гледа дека е симнато албанското знаме кое вчера маскирани лица го поставија наместо црковното знаме на МПЦ. Тој напиша дека црковното знаме ќе биде вратено секој миг, а ги повика албанските партии и лидерот на ДУИ Али Ахмети да го осудат вандалскиот чин.

„Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг“, напиша Ангелов и потврди дека лицето кое го симнало знамето е приведено.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-zhitel-od-mala-rechitsa-osomnichen-deka-postavil-zname-na-albanija-na-manastirot-na-popova-shapka/

Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.

Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба. Затоа го повикувам лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин“, се вели во објавата на Ангелов на Фејсбук.

The post Ангелов: Црковното знаме ќе биде вратено на јарболот на Попова Шапка, а Ахмети да го осуди вандалскиот чин appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук објави слика од крстот на Попова Шапка на која се гледа дека е симнато албанското знаме кое вчера маскирани лица го поставија наместо црковното знаме на МПЦ. Тој напиша дека црковното знаме ќе биде вратено секој миг, а ги повика албанските партии и лидерот на ДУИ Али Ахмети да го осудат вандалскиот чин.
„Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг“, напиша Ангелов и потврди дека лицето кое го симнало знамето е приведено.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-zhitel-od-mala-rechitsa-osomnichen-deka-postavil-zname-na-albanija-na-manastirot-na-popova-shapka/
Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба. Затоа го повикувам лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин“, се вели во објавата на Ангелов на Фејсбук.
 
The post Ангелов: Црковното знаме ќе биде вратено на јарболот на Попова Шапка, а Ахмети да го осуди вандалскиот чин appeared first on Република.

]]>
Kaсами бара промена на химната и знамето, во нив да ги имало и Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-bara-promena-na-himnata-i-znameto-vo-niv-da-gi-imalo-i-albantsite/ Fri, 10 Nov 2023 21:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=700420

Движењето БЕСА е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече вечерва нејзиниот лидер и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Според него, во коалицијата „Европски сојуз за промени“ каде покрај БЕСА се и Алтернатива и Демократско движење, се разговара за претседателски кандидат на државата, но се уште не се спомнува конкретен предлог, ниту нечие име.

Како што истакна Касами во вечерашното гостување на ТВ Сител, гласачите и членството на Алијанса за Албанците (АА) се определени како опозиција и сакаат да бидат дел од промените на претстојните избори. Останува уште, нагласи Кaсами, раководството на оваа партија конечно да ги слушне своите структури. На АА е, додаде, да одлучи дали ќе оди на изборите како опозиција или ќе ја поддржи ДУИ. Во првиот случај може да даде сериозен придонес, а во вториот, рече, ќе остане сама. Во секој случај, оцени лидерот на БЕСА, тоа што АА „им служи на ДУИ и на Владата, е на нејзина штета“.

Касами се осврна и на химната. Потенцира дека е многу важно таа да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.

-Бараме што побрзи избори. И последниот извштај на Европската комисија е дополнителен доказ дека се потребни што побрзи избори. Оваа Влада навлезе длабоко во коруптивни процеси и не ја интерсира ЕУ. Цениме дека што побрзи избори би биле спас за државата и за евроинтеграцискиот процес. За претседателски кандидат уште не сме одлучиле. За име разговараме, имаме неколку опции, но тоа е и во духот на нашето соединување како три опозициски партии на Албанците. Изборот на потенцијалните кандидати ќе биде во правец на тоа што го имаме зацртано како определба и програмска понуда за следните избори. Внимателни сме во тој дел и покажуваме дека како три партии и лидери немаме индивидуални барања или претензии за некој од нас да биде претседателски кандидат. Тоа ќе биде уште една отворена врата за да придобиеме некоја политичка партија која би сакала да се приклучи на идејата за промени, конечно по 20 години кај Албанците, која е поголема од индивидуалните барања и претензии на кој било од нас. Целта е да се добијат изборите и да дојдат промени за подобро и кај Албанците и во опшптеството генерално, објасни Касами.

Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.

-Но, верувам и тоа е реалноста. Се додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на нив, Албанците не може да се чувствуваат комотно и тоа не го кажувам прв пат. За Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од неа. Не сме против тоа што химната се однесува на Македонците, туку би требало да се однесува и на Албанците. Ние бараме не само химната, туку сите симболи на државата да ја рефлектираат реалноста. Знамето е класичен пример, иако според мене е неутрално во однос на етникумите, но поради процесот како беше донесено, наметнато во преговорите со Грција, има отпор кај другите етникуми за негово користење како државно. Ако сите треба да ги почитуваме симболите, тогаш државата треба да ги почитува своите граѓани и да го рефлетира мултиетничкиот карактер. Ова сум го кажал јавно како опозиција, но утре кога би бил дел од некоја комбинација, би сакал да седнеме и сериозно да разговараме за овие ситуации полека, јавно и искрено, без позадина, за сите етнички заденици државата да ја чувствуваат како своја и да придонесат за неа.

Како што напомена Касами, „се додека химната се однесува на Македонците како етничка заедница, а не на граѓаните, Албанците, Турците, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна“.

-Сакам тоа да е решено со закон. Има две можности: или државната химна и другите симболи да ја рефлетираат реалноста или, ако се интонира химната која Македонците ја чувствуваат како своја, тогаш во општините каде мнозинство се Албанците, да се инторнира химна која Албанците ја чувствуават како своја, објасни лидерот на БЕСА

The post Kaсами бара промена на химната и знамето, во нив да ги имало и Албанците appeared first on Република.

]]>

Движењето БЕСА е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече вечерва нејзиниот лидер и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Според него, во коалицијата „Европски сојуз за промени“ каде покрај БЕСА се и Алтернатива и Демократско движење, се разговара за претседателски кандидат на државата, но се уште не се спомнува конкретен предлог, ниту нечие име. Како што истакна Касами во вечерашното гостување на ТВ Сител, гласачите и членството на Алијанса за Албанците (АА) се определени како опозиција и сакаат да бидат дел од промените на претстојните избори. Останува уште, нагласи Кaсами, раководството на оваа партија конечно да ги слушне своите структури. На АА е, додаде, да одлучи дали ќе оди на изборите како опозиција или ќе ја поддржи ДУИ. Во првиот случај може да даде сериозен придонес, а во вториот, рече, ќе остане сама. Во секој случај, оцени лидерот на БЕСА, тоа што АА „им служи на ДУИ и на Владата, е на нејзина штета“. Касами се осврна и на химната. Потенцира дека е многу важно таа да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.
-Бараме што побрзи избори. И последниот извштај на Европската комисија е дополнителен доказ дека се потребни што побрзи избори. Оваа Влада навлезе длабоко во коруптивни процеси и не ја интерсира ЕУ. Цениме дека што побрзи избори би биле спас за државата и за евроинтеграцискиот процес. За претседателски кандидат уште не сме одлучиле. За име разговараме, имаме неколку опции, но тоа е и во духот на нашето соединување како три опозициски партии на Албанците. Изборот на потенцијалните кандидати ќе биде во правец на тоа што го имаме зацртано како определба и програмска понуда за следните избори. Внимателни сме во тој дел и покажуваме дека како три партии и лидери немаме индивидуални барања или претензии за некој од нас да биде претседателски кандидат. Тоа ќе биде уште една отворена врата за да придобиеме некоја политичка партија која би сакала да се приклучи на идејата за промени, конечно по 20 години кај Албанците, која е поголема од индивидуалните барања и претензии на кој било од нас. Целта е да се добијат изборите и да дојдат промени за подобро и кај Албанците и во опшптеството генерално, објасни Касами.
Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.
-Но, верувам и тоа е реалноста. Се додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на нив, Албанците не може да се чувствуваат комотно и тоа не го кажувам прв пат. За Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од неа. Не сме против тоа што химната се однесува на Македонците, туку би требало да се однесува и на Албанците. Ние бараме не само химната, туку сите симболи на државата да ја рефлектираат реалноста. Знамето е класичен пример, иако според мене е неутрално во однос на етникумите, но поради процесот како беше донесено, наметнато во преговорите со Грција, има отпор кај другите етникуми за негово користење како државно. Ако сите треба да ги почитуваме симболите, тогаш државата треба да ги почитува своите граѓани и да го рефлетира мултиетничкиот карактер. Ова сум го кажал јавно како опозиција, но утре кога би бил дел од некоја комбинација, би сакал да седнеме и сериозно да разговараме за овие ситуации полека, јавно и искрено, без позадина, за сите етнички заденици државата да ја чувствуваат како своја и да придонесат за неа.
Како што напомена Касами, „се додека химната се однесува на Македонците како етничка заедница, а не на граѓаните, Албанците, Турците, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна“.
-Сакам тоа да е решено со закон. Има две можности: или државната химна и другите симболи да ја рефлетираат реалноста или, ако се интонира химната која Македонците ја чувствуваат како своја, тогаш во општините каде мнозинство се Албанците, да се инторнира химна која Албанците ја чувствуават како своја, објасни лидерот на БЕСА

The post Kaсами бара промена на химната и знамето, во нив да ги имало и Албанците appeared first on Република.

]]>
Менкиновски: Целта ми е да извојуваме победа за знамето со сонцето од Кутлеш да може слободно да го вее секој Македонец https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinovski-tselta-mi-e-da-izvojuvame-pobeda-za-znameto-so-sontseto-od-kutlesh-da-mozhe-slobodno-da-go-vee-sekoj-makedonets/ Tue, 26 Sep 2023 11:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=685316

Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски. Против него е покренато обвинение за нарушување на јавниот ред и мир со тоа што лично тој ја презеде одговорноста за поставување на знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид, за празникот Богојавление.

Денешното рочиште не се одржа, како што беше речено, поради здравствени проблеми на судијата Милчо Клишески кој го води предметот, а наредното ќе биде закажано дополнително.

И овојпат не се појавија претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против него е покрената прекршочната пријава за поставувањето на знамето, како дело со кое е истакнато „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

Несериозен однос од Судот, прво требаше да не известат дека судијата се разболел, дека нема да се одржи судењето. Второ, воопшто никој не се појавува на судењата од страната која го поднела обвинението… Сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај Македонците бидејќи не знаат како да се справат во овој предмет. Од една страна сакаат да ме осудат, а според правото треба да донесат ослободителна пресуда бидејќи тој го што иницирал треба да се појави и да образложи. Во спротивно кадијата те тужи, кадијата те суди, рече Менкиноски.

Менкиноски, кој инаку ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, за медиумите рече дека негова цел е да извојува победа, за знамето со македонското сонце од Кутлеш да може слободно да го вее секој оној кој себеси се идентификува за Македонец како знак што го смета за свое културно историско и национално наследство.

Не смееме да дозволиме пракса да ни биде забрането да го истакнуваме ова сонце. Ќе одиме и до Стразбур и до други меѓународни институции како Обединетите нации итн, рече тој.

Адвокатот Менкиноски ја презеде одговорноста за поставувањето на големо 40-метарско знаме со македонското сонце на првиот ред од Самоиловата тврдина во центарот на Охрид, за верскиот празник Водици и во уште една прилика кога беше организиран протестен собир на група граѓани за поддршка на осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Инаку, и денеска како и за време на претходните рочишта по предметот, група граѓани на Охрид се собраа пред Основниот суд во Охрид за да му искажат поддршка на обвинетиот.

The post Менкиновски: Целта ми е да извојуваме победа за знамето со сонцето од Кутлеш да може слободно да го вее секој Македонец appeared first on Република.

]]>

Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски. Против него е покренато обвинение за нарушување на јавниот ред и мир со тоа што лично тој ја презеде одговорноста за поставување на знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид, за празникот Богојавление. Денешното рочиште не се одржа, како што беше речено, поради здравствени проблеми на судијата Милчо Клишески кој го води предметот, а наредното ќе биде закажано дополнително. И овојпат не се појавија претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против него е покрената прекршочната пријава за поставувањето на знамето, како дело со кое е истакнато „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.
Несериозен однос од Судот, прво требаше да не известат дека судијата се разболел, дека нема да се одржи судењето. Второ, воопшто никој не се појавува на судењата од страната која го поднела обвинението… Сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај Македонците бидејќи не знаат како да се справат во овој предмет. Од една страна сакаат да ме осудат, а според правото треба да донесат ослободителна пресуда бидејќи тој го што иницирал треба да се појави и да образложи. Во спротивно кадијата те тужи, кадијата те суди, рече Менкиноски.
Менкиноски, кој инаку ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, за медиумите рече дека негова цел е да извојува победа, за знамето со македонското сонце од Кутлеш да може слободно да го вее секој оној кој себеси се идентификува за Македонец како знак што го смета за свое културно историско и национално наследство.
Не смееме да дозволиме пракса да ни биде забрането да го истакнуваме ова сонце. Ќе одиме и до Стразбур и до други меѓународни институции како Обединетите нации итн, рече тој.
Адвокатот Менкиноски ја презеде одговорноста за поставувањето на големо 40-метарско знаме со македонското сонце на првиот ред од Самоиловата тврдина во центарот на Охрид, за верскиот празник Водици и во уште една прилика кога беше организиран протестен собир на група граѓани за поддршка на осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Инаку, и денеска како и за време на претходните рочишта по предметот, група граѓани на Охрид се собраа пред Основниот суд во Охрид за да му искажат поддршка на обвинетиот.  

The post Менкиновски: Целта ми е да извојуваме победа за знамето со сонцето од Кутлеш да може слободно да го вее секој Македонец appeared first on Република.

]]>
По месец дена откриен човекот кој вееше знаме со Голема Албанија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-mesets-dena-otkrien-chovekot-koj-veeshe-zname-so-golema-albanija/ Wed, 06 Sep 2023 11:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=679301

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово, го расчисти кривично - правниот настан кој се случи на 11 август на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи известува дека по преземените оперативно - тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело. Станува збор за А.М.(21), кој е германски државјанин.

Во координација со Основното јавно обвинителстви - Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

The post По месец дена откриен човекот кој вееше знаме со Голема Албанија appeared first on Република.

]]>

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово, го расчисти кривично - правниот настан кој се случи на 11 август на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи известува дека по преземените оперативно - тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело. Станува збор за А.М.(21), кој е германски државјанин. Во координација со Основното јавно обвинителстви - Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

The post По месец дена откриен човекот кој вееше знаме со Голема Албанија appeared first on Република.

]]>
Рита Ора на настап во Унгарија се завитка со српско знаме, на социјалните мрежи ја нападнаа Албанците https://republika.mk/scena/rita-ora-na-nastap-vo-ungarija-se-zavitka-so-srpsko-zname-na-sotsijalnite-mrezhi-ja-napadnaa-albantsite/ Sun, 27 Aug 2023 15:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=676339

Албанската пејачка со потекло од Косово, Рита Ора за време на својот настап во унгарскиот град Сегед го носеше српското знаме во раце и во еден момент се обви со него, што предизвика низа негативни коментари кај Албанците на социјалните мрежи.

Ора објасни дека на синоќешниот настап знамето и било фрлено од публиката и дека поради рефлекторите не можела да види од која земја е.

Додека настапував на фестивалот SZIN во Унгарија, добив знаме од млад фан. Од осветлувањето што беше директно во моите очи, не можев јасно да видам која земја претставува знамето. Дури кога се симнав од сцената сфатив дека тоа е српското, а не унгарското знаме“, се вели во изјавата на пејачката, пренесува „Клан Косова“.

The post Рита Ора на настап во Унгарија се завитка со српско знаме, на социјалните мрежи ја нападнаа Албанците appeared first on Република.

]]>

Албанската пејачка со потекло од Косово, Рита Ора за време на својот настап во унгарскиот град Сегед го носеше српското знаме во раце и во еден момент се обви со него, што предизвика низа негативни коментари кај Албанците на социјалните мрежи. Ора објасни дека на синоќешниот настап знамето и било фрлено од публиката и дека поради рефлекторите не можела да види од која земја е.
Додека настапував на фестивалот SZIN во Унгарија, добив знаме од млад фан. Од осветлувањето што беше директно во моите очи, не можев јасно да видам која земја претставува знамето. Дури кога се симнав од сцената сфатив дека тоа е српското, а не унгарското знаме“, се вели во изјавата на пејачката, пренесува „Клан Косова“.

The post Рита Ора на настап во Унгарија се завитка со српско знаме, на социјалните мрежи ја нападнаа Албанците appeared first on Република.

]]>
Знаме со картата на „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Тетово додека Касами промовираше новоасфалтирана улица https://republika.mk/vesti/makedonija/zname-so-kartata-na-golema-albanija-deneska-povtorno-se-veeshe-vo-tetovo-dodeka-kasami-promovirashe-novoasfaltirana-ulitsa/ Fri, 25 Aug 2023 16:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=675821

Знаме со картата на т.н. „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Општина Тетово. Овој пат знамето беше истакнато додека тетовскиот градоначалник Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица.

Касами потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме. Тој изјави оти знамињата кои се најдоа на денешниот настан ги поставиле граѓаните како „одговор на провокациите од власта“.

Не само јас ниту граѓаните не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат подобри услови во иднина“, изјави Касами оценувајќи дека прекршочните пријави кои беа поднесени против него и Општината поради непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РСМ се политичка порака до него.

The post Знаме со картата на „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Тетово додека Касами промовираше новоасфалтирана улица appeared first on Република.

]]>

Знаме со картата на т.н. „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Општина Тетово. Овој пат знамето беше истакнато додека тетовскиот градоначалник Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица. Касами потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме. Тој изјави оти знамињата кои се најдоа на денешниот настан ги поставиле граѓаните како „одговор на провокациите од власта“.

Не само јас ниту граѓаните не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат подобри услови во иднина“, изјави Касами оценувајќи дека прекршочните пријави кои беа поднесени против него и Општината поради непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РСМ се политичка порака до него.

The post Знаме со картата на „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Тетово додека Касами промовираше новоасфалтирана улица appeared first on Република.

]]>
Спасовски се правда: Знамето на т.н. голема Албанија не го веел вработен во МВР, на собирот имаше и странци https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-se-pravda-znameto-na-t-n-golema-albanija-ne-go-veel-vraboten-vo-mvr-na-sobirot-imashe-i-strantsi/ Mon, 21 Aug 2023 10:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=674141

Информации кое е лицето што вееше знаме на т.н. голема Албанија стигнуваат во Министерството за внатрешни работи, тврди министерот Оливер Спасовски. Тој посочува дека на собирот во Тетово имало и странски државјани. Дециден е дека не станува збор за вработен во МВР, како што се тврдеше на социјалните мрежи.

Едноставно, човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. Кого би знаеле ако не ги знаеме вработените? Јас се надевам дека и кај вас, раководството на телевизијата, ве знаат сите кои сте. Знаејќи дека инспекторот или лицето што се посочува не е тоа лице, објавивме фотографија, јавна објава, во однос на препознавањето на ова лице. Утврдуваме кој би бил идентитетот на тоа лице. Имаше и лица што не се од Македонија - рече Спасовски.

Прашан дали добиле информација кое е лицето, тој рече дека им јавиле.

Јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице - додаде Спасовски.

Спасовски смета дека ќе има правда за овој случај. И да е странски државјанин, ќе бидат искористени правните механизми. Тој рече дека ќе има потерница.

Лицето го вееше знамето на собирот организиран од Општина Тетово. Со ваквите кадри тетовскиот градоначалник, Билал Касами, направи спот.

The post Спасовски се правда: Знамето на т.н. голема Албанија не го веел вработен во МВР, на собирот имаше и странци appeared first on Република.

]]>

Информации кое е лицето што вееше знаме на т.н. голема Албанија стигнуваат во Министерството за внатрешни работи, тврди министерот Оливер Спасовски. Тој посочува дека на собирот во Тетово имало и странски државјани. Дециден е дека не станува збор за вработен во МВР, како што се тврдеше на социјалните мрежи.
Едноставно, човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. Кого би знаеле ако не ги знаеме вработените? Јас се надевам дека и кај вас, раководството на телевизијата, ве знаат сите кои сте. Знаејќи дека инспекторот или лицето што се посочува не е тоа лице, објавивме фотографија, јавна објава, во однос на препознавањето на ова лице. Утврдуваме кој би бил идентитетот на тоа лице. Имаше и лица што не се од Македонија - рече Спасовски.
Прашан дали добиле информација кое е лицето, тој рече дека им јавиле.
Јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице - додаде Спасовски.
Спасовски смета дека ќе има правда за овој случај. И да е странски државјанин, ќе бидат искористени правните механизми. Тој рече дека ќе има потерница. Лицето го вееше знамето на собирот организиран од Општина Тетово. Со ваквите кадри тетовскиот градоначалник, Билал Касами, направи спот.

The post Спасовски се правда: Знамето на т.н. голема Албанија не го веел вработен во МВР, на собирот имаше и странци appeared first on Република.

]]>
МВР: Aко го забележите или знаете ова лице, повикајте полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-ako-go-zabelezhite-ili-znaete-ova-litse-povikajte-politsija/ Fri, 18 Aug 2023 17:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=673525

Во врска со кривично - правниот настан од 11 август на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР, соопштија денеска од МВР.

МВР ги повикува граѓаните доколку го забележат ова лице или имаат било какви сознанија за него кои може да помогнат во истрагата што ја води СВР Тетово во координација со јавен обвинител, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

The post МВР: Aко го забележите или знаете ова лице, повикајте полиција appeared first on Република.

МВР го откри вејачот на знамето со „Голема Албанија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-go-otkri-vejachot-na-znameto-so-golema-albanija/ Fri, 18 Aug 2023 12:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=673435

Од МВР се огласија во врска со кривично - правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој, како што велат, во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации.

МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“. Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, се наведува во известувањето од Министерството за внатрешни работи.

The post МВР го откри вејачот на знамето со „Голема Албанија“ appeared first on Република.

Беса не презема одговорност за знамето со „Голема Албанија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/besa-ne-prezema-odgovornost-za-znameto-so-golema-albanija/ Tue, 15 Aug 2023 11:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=672317

Потпретседателот на Движење Беса, Блерим Сејдиу одржа прес-конференција со партиски став за реакциите на другите политичари по повод посетата на Албин Курти во Тетово, а одговори на новинарските прашања околу појавата на знамето со таканаречена Голема Албанија

На новинарско прашање дали за Движење Беса е прифатливо веење на знаме со карта на т.н. Голема Албанија, Сејдиу рече дека не преземаат одговорност за публиката. Од друга страна фотографија со ова знаме се најде на Фејсбук-профилот на партискиот претседател и тетовски градоначалник Биљал Касами.

Косовскиот премиер во Тетово беше пречекан со сите државни знамиња и законските постапки, има и слики и видео и можат сите да ги видат тие слики. Тоа што се случува во публиката тоа не преземеме ние одговорности. Сите реакции на државното раководство беа за публиката, а не за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Пречекан беше според сите законски постапки, рече Сејдиу.

Тој прецизираше дека Општина Тетово го поканила како премиер и поради присуство на таков висок државен функционер биле поставени знамиња пред зградата. За тоа зошто не се сретнал со претставниците на највисокото државно раководство Сејдиу рече дека Курти одлучил така.

Посетата на Албин Курти беше како премиер и беше пречекан според законските постапки. Премиерот кажа дека како премиер ги поздравува граѓаните во Тетово. Беше во Тетово официјално пречекан според законските постапки. За тоа одлучува премиерот, со кого ќе се сретнат, не сме одговорни со кого и кога еден премиер ќе се сретне со некој друг во Македонија, рече Сејдиу.

За тоа зошто не се интонирала државната химна на Македонија Сејдиу рече дека пречекот бил пред општината Тетово, а за понатаму не може да зборува.

Официјална во општина Тетово и пречекот беше многу видлив. Беше со сите државни знамиња. Јас зборувам за пречек во Тетово официјален дел, за понатаму не би зборувал тоа ќе значи нешто друго. Ние можеме да одговориме за пречекот во Тетово и може да кажеме дека беше пречекан според сите законски постапки. Не верувам дека еден премиер може да посети некого кој го нема во агенда, истакна Сејдиу.

По појавата на знамето на Голема Албанија на пречекот на Курти, СВР Тетово најави дека ќе се идентификуваат сторителите, но денес три дена по настанот нема нова информација.

СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Според него, пак, „македонските државни раководители со реакциите за посетата на косовскиот премиер откриле национализам кој се криел со демократски јазик“.

Која е вистинската причина што им пречи (на Ковачевски, Мицковски, Пендаровски и ДУИ) посетата на премиерот на Република Косово во Македонија? Единствената причина за хистеричната реакција на институциите на нашата држава, со доза на етнонационализам, особено кон посетата на еден премиер на соседна држава, е неприфатлива и против соработка за добрососедство. Повторуваме дека единствениот начин за Република Македонија и Република Косово е влез во Европската Унија и фокусирање на меѓудржавна соработка! Всушност, стравот се чини дека е на друго место! Владата на Македонија (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски+ВМРО) се плаши дека мобилизацијата на албинизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград, истакна Блерим Сејдиу.

Според Сејдиу, „идејата на Албин Курти за засилена меѓусоседска соработка меѓу Бугарија-Македонија, Албанија и Косово има единствена цел за неутрализацијата на многу големото српско (руско) влијание, кое во последните 20 години растело на Балканот, особено во Република Македонија“.

The post Беса не презема одговорност за знамето со „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Движење Беса, Блерим Сејдиу одржа прес-конференција со партиски став за реакциите на другите политичари по повод посетата на Албин Курти во Тетово, а одговори на новинарските прашања околу појавата на знамето со таканаречена Голема Албанија На новинарско прашање дали за Движење Беса е прифатливо веење на знаме со карта на т.н. Голема Албанија, Сејдиу рече дека не преземаат одговорност за публиката. Од друга страна фотографија со ова знаме се најде на Фејсбук-профилот на партискиот претседател и тетовски градоначалник Биљал Касами.
Косовскиот премиер во Тетово беше пречекан со сите државни знамиња и законските постапки, има и слики и видео и можат сите да ги видат тие слики. Тоа што се случува во публиката тоа не преземеме ние одговорности. Сите реакции на државното раководство беа за публиката, а не за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Пречекан беше според сите законски постапки, рече Сејдиу.
Тој прецизираше дека Општина Тетово го поканила како премиер и поради присуство на таков висок државен функционер биле поставени знамиња пред зградата. За тоа зошто не се сретнал со претставниците на највисокото државно раководство Сејдиу рече дека Курти одлучил така.
Посетата на Албин Курти беше како премиер и беше пречекан според законските постапки. Премиерот кажа дека како премиер ги поздравува граѓаните во Тетово. Беше во Тетово официјално пречекан според законските постапки. За тоа одлучува премиерот, со кого ќе се сретнат, не сме одговорни со кого и кога еден премиер ќе се сретне со некој друг во Македонија, рече Сејдиу.
За тоа зошто не се интонирала државната химна на Македонија Сејдиу рече дека пречекот бил пред општината Тетово, а за понатаму не може да зборува.
Официјална во општина Тетово и пречекот беше многу видлив. Беше со сите државни знамиња. Јас зборувам за пречек во Тетово официјален дел, за понатаму не би зборувал тоа ќе значи нешто друго. Ние можеме да одговориме за пречекот во Тетово и може да кажеме дека беше пречекан според сите законски постапки. Не верувам дека еден премиер може да посети некого кој го нема во агенда, истакна Сејдиу.
По појавата на знамето на Голема Албанија на пречекот на Курти, СВР Тетово најави дека ќе се идентификуваат сторителите, но денес три дена по настанот нема нова информација.
СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.
Според него, пак, „македонските државни раководители со реакциите за посетата на косовскиот премиер откриле национализам кој се криел со демократски јазик“.
Која е вистинската причина што им пречи (на Ковачевски, Мицковски, Пендаровски и ДУИ) посетата на премиерот на Република Косово во Македонија? Единствената причина за хистеричната реакција на институциите на нашата држава, со доза на етнонационализам, особено кон посетата на еден премиер на соседна држава, е неприфатлива и против соработка за добрососедство. Повторуваме дека единствениот начин за Република Македонија и Република Косово е влез во Европската Унија и фокусирање на меѓудржавна соработка! Всушност, стравот се чини дека е на друго место! Владата на Македонија (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски+ВМРО) се плаши дека мобилизацијата на албинизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград, истакна Блерим Сејдиу.
Според Сејдиу, „идејата на Албин Курти за засилена меѓусоседска соработка меѓу Бугарија-Македонија, Албанија и Косово има единствена цел за неутрализацијата на многу големото српско (руско) влијание, кое во последните 20 години растело на Балканот, особено во Република Македонија“.

The post Беса не презема одговорност за знамето со „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>
Полицијата четири дена не може да го најде човекот кој во Тетово го вееше знамето на т.н. „голема Албанија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/politsijata-chetiri-dena-ne-mozhe-da-go-najde-chovekot-koj-vo-tetovo-go-veeshe-znameto-na-t-n-golema-albanija/ Tue, 15 Aug 2023 10:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=672285

Тетовската полиција четири дена го бара лицето кое го вееше знамето на т.н. „голема Албанија“, а Владата два дена не се огради и не побара одговорност, додека Обвинителството чека да види што ќе сработи МВР. Неизвесно е засега дали ќе има одговорност и за организаторите односно за градоначалниците на Чаир, Висар Ганиу, и на Тетово, Билал Касами, бидејќи на настаните не беа испочитувани законите и протоколите за пречек на странскиот гостин, косовскиот премиер Албин Курти.

Знаме на „голема Албанија“ се вееше на концерт во Тетово на 11 август, кој во знак на добредојде на косовскиот премиер, Албин Курти, го организираше локалната самоуправа. На видеото кое се пренесуваше на официјалната фејсбук страница на Општината, се гледа развиорено знаме со карта која ја опфаќа Албанија и делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција, додека Курти пристигнува со градоначалникот Биљал Касами, заедно со Изет Меџити и Африм Гаши.

Партиите од албанскиот политички блок, вклучувајќи ги и ДУИ и Алијанса на Албанците, ниту се оградија, ниту се извинија од чинот кој се толкува и како територијална претензија кон други држави.

Како што објави „Макфакс“, полицијата сѐ уште го расчистува случајот, односно го утврдува лицето кое ја вееше иконографија на т.н. „голема Албанија“.

СВР Тетово е во координација со ОЈО-Тетово и се преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, изјавиле од МВР.

Обвинителството пак, ќе ги гони Касами и Ганиу за неистакнувањето на македонското знаме и неинтонирањето на македонската химна на настаните со Курти – но само ако добие кривична пријава.

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски реагираше и побара одговорност за случајот, но не и Владата, односно нема заеднички став на сите министрите, кои се дел од Владата.

На настанот не беше интонирана државната химна, ниту имаше македонско знаме. За ова, премиерот Димитар Ковачевски, како и претседателот Пендаровски, кажаа дека е кршење на законите и протоколите.

Извор: Макфакс

The post Полицијата четири дена не може да го најде човекот кој во Тетово го вееше знамето на т.н. „голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Тетовската полиција четири дена го бара лицето кое го вееше знамето на т.н. „голема Албанија“, а Владата два дена не се огради и не побара одговорност, додека Обвинителството чека да види што ќе сработи МВР. Неизвесно е засега дали ќе има одговорност и за организаторите односно за градоначалниците на Чаир, Висар Ганиу, и на Тетово, Билал Касами, бидејќи на настаните не беа испочитувани законите и протоколите за пречек на странскиот гостин, косовскиот премиер Албин Курти. Знаме на „голема Албанија“ се вееше на концерт во Тетово на 11 август, кој во знак на добредојде на косовскиот премиер, Албин Курти, го организираше локалната самоуправа. На видеото кое се пренесуваше на официјалната фејсбук страница на Општината, се гледа развиорено знаме со карта која ја опфаќа Албанија и делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција, додека Курти пристигнува со градоначалникот Биљал Касами, заедно со Изет Меџити и Африм Гаши. Партиите од албанскиот политички блок, вклучувајќи ги и ДУИ и Алијанса на Албанците, ниту се оградија, ниту се извинија од чинот кој се толкува и како територијална претензија кон други држави. Како што објави „Макфакс“, полицијата сѐ уште го расчистува случајот, односно го утврдува лицето кое ја вееше иконографија на т.н. „голема Албанија“. СВР Тетово е во координација со ОЈО-Тетово и се преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, изјавиле од МВР. Обвинителството пак, ќе ги гони Касами и Ганиу за неистакнувањето на македонското знаме и неинтонирањето на македонската химна на настаните со Курти – но само ако добие кривична пријава. Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски реагираше и побара одговорност за случајот, но не и Владата, односно нема заеднички став на сите министрите, кои се дел од Владата. На настанот не беше интонирана државната химна, ниту имаше македонско знаме. За ова, премиерот Димитар Ковачевски, како и претседателот Пендаровски, кажаа дека е кршење на законите и протоколите. Извор: Макфакс

The post Полицијата четири дена не може да го најде човекот кој во Тетово го вееше знамето на т.н. „голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>