злоупотреба Archives - Република https://republika.mk/tema/zloupotreba/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 12:20:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png злоупотреба Archives - Република https://republika.mk/tema/zloupotreba/ 32 32 Вработени издавале државјанства на лица што не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboteni-izdavale-drzhavjanstva-na-litsa-shto-ne-se-vo-makedonija-i-od-niv-dobivale-pari-mvr-podnese-krivichni-prijavi/ Thu, 07 Nov 2024 12:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=835148

Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.

А. Б., вработен во Управата за водење на матичните книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица што не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матичните книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица што сакале да стекнат македонско државјанство и од секое лице стекнувал противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет, објави МВР.

А. С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица што бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанството. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post Вработени издавале државјанства на лица што не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави appeared first on Република.

]]>

Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето. А. Б., вработен во Управата за водење на матичните книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица што не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матичните книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица што сакале да стекнат македонско државјанство и од секое лице стекнувал противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет, објави МВР. А. С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица што бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанството. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post Вработени издавале државјанства на лица што не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави appeared first on Република.

]]>
ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра https://republika.mk/vesti/balkan/eu-otkri-izmama-so-ipard-fondovite-vo-albanija-ke-blokira-112-milioni-evra/ Sat, 22 Jun 2024 08:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=789679

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.

Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.

Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка.

- Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила, се вели во извештајот на ОЛАФ.

Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти.

Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата.

Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра.

The post ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.
Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.
Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка. - Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила, се вели во извештајот на ОЛАФ. Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти. Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата. Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра.

The post ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер- бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-bitiki-ja-zloupotrebil-svojata-pozitsija-kako-vitsepremier-bara-od-kompaniite-da-glasaat-za-nego-naveduvajki-go-brojot-na-glasachkoto-livche/ Thu, 02 May 2024 15:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=773519

Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот. Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра, вели Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра.

Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче.

Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел.

Битиќи извршил злоупотреба на службената положба, затоа што како вицепремиер, кој одлучувал за доделување на помошта за компаниите им се обраќа истите да го дадат гласот за него, поради помошта која им е исплатена од негова страна, како вицепремиер на владата и дека истата ќе се зголеми доколку се добие поддршката.

Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова.

Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува!

Време е Македонија да ја вратиме на народот. Време е Македонија да биде повторно твоја, додава Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=qN3dukLPG_0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер- бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче appeared first on Република.

]]>

Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот. Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра, вели Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра. Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче. Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел. Битиќи извршил злоупотреба на службената положба, затоа што како вицепремиер, кој одлучувал за доделување на помошта за компаниите им се обраќа истите да го дадат гласот за него, поради помошта која им е исплатена од негова страна, како вицепремиер на владата и дека истата ќе се зголеми доколку се добие поддршката. Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова. Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува! Време е Македонија да ја вратиме на народот. Време е Македонија да биде повторно твоја, додава Митева. https://www.youtube.com/watch?v=qN3dukLPG_0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер- бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче appeared first on Република.

]]>
Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/dimova-zaev-vo-prisustvo-na-ismajloska-od-mene-pobara-da-ja-povlecham-prijavata-za-zloupotreba-na-2-2-milioni-evra/ Fri, 29 Mar 2024 14:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=760171

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.

Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава.

Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата.

Во следните неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова за „Фокус“.

The post Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.
Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава. Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата. Во следните неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова за „Фокус“.

The post Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Нема да се намалат финансиите за Еразмус+ во Македонија и покрај злоупотребените 2,2 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-namalat-finansiite-za-erazmus-vo-makedonija-i-pokraj-zloupotrebenite-2-2-milioni-evra/ Fri, 29 Mar 2024 12:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=760123

Амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи понатаму да се имплементира.

Во одговор на новинарско прашање откако Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) побара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир денеска рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ.

Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.

Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир, на новинарско прашање по учеството на панел-дискусијата „Разобличување на антиродовите дезинформации“.

Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски вчера на прес-конференција соопшти дека биле информирани дека постојат неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Ѓорѓиевски рече дека не може да соопшти повеќе детали, бидејќи предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражната постапка. Агенцијата,, како што рече, е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ek-od-makedonija-bara-nazad-novi-2-3-milioni-evra-zloupotrebeni-preku-programata-erazmus/

Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година.

The post Нема да се намалат финансиите за Еразмус+ во Македонија и покрај злоупотребените 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи понатаму да се имплементира. Во одговор на новинарско прашање откако Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) побара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир денеска рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ. Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.
Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир, на новинарско прашање по учеството на панел-дискусијата „Разобличување на антиродовите дезинформации“.
Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски вчера на прес-конференција соопшти дека биле информирани дека постојат неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Ѓорѓиевски рече дека не може да соопшти повеќе детали, бидејќи предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражната постапка. Агенцијата,, како што рече, е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција. https://republika.mk/vesti/makedonija/ek-od-makedonija-bara-nazad-novi-2-3-milioni-evra-zloupotrebeni-preku-programata-erazmus/ Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година.

The post Нема да се намалат финансиите за Еразмус+ во Македонија и покрај злоупотребените 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Германија обвинета за груба злоупотреба на разузнавачките податоци https://republika.mk/vesti/svet/germanija-obvineta-za-gruba-zloupotreba-na-razuznavachkite-podatotsi/ Thu, 29 Feb 2024 17:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=749757

Германија е обвинета за груба злоупотреба на разузнавачки податоци откако откри дека британски војници ги поддржуват украинските сили во лансирањето на ракетите со долг дострел „Storm Shadow“, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на почетокот на седмицата изјави дека Берлин нема да и испорачува на Украина ракети со долг дострел „Таурус“ затоа што е неопходно да има војници кои помагаат на теренот и укажа на британскиот и францускиот пристап кон нивните системи. Шолц истакна дека, доколку го следи примерот на Велика Британија, Германија „ќе стане учесник во војната“.

Неговите коментари предизвикаа гнев кај британскиот воен и дипломатски персонал.

– Ова е груба злоупотреба на разузнавачките податоци дизајнирани да го оттргнат вниманието од одбивањето на Германија да го испрати својот ракетен систем со долг дострел во Украина – изјави Тобијас Елвуд, поранешен претседател на одборот за одбрана во британскиот парламент.

Шолц доби слични критики од членовите на германската опозиција. Пратеникот од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Норберт Ротген, смета дека коментарите на Шолц за наводната вмешаност на Франција и Британија во управувањето со ракетните системи со долг дострел се целосно неодговорни.

Шолц изјави дека германските војници не можат да ги следат своите колеги од Британија и Франција „на начин на контрола на целта и последователна контрола“. Тој нагласи дека германските војници нема да се поврзуваат со целите што би ги таргетирал системот „Таурус“, дури ни во Германија.

„Телеграф“ пишува дека е познато дека Велика Британија помага со разузнавачки податоци за руските цели, но не е познато колкава поддршка им даваат на украинските војници при истрелување проектили. Британската влада вчера соопшти дека мал број војници се распоредени во Украина и дека некои од нив се на медицинска обука.

The post Германија обвинета за груба злоупотреба на разузнавачките податоци appeared first on Република.

]]>

Германија е обвинета за груба злоупотреба на разузнавачки податоци откако откри дека британски војници ги поддржуват украинските сили во лансирањето на ракетите со долг дострел „Storm Shadow“, пишува британскиот весник „Телеграф“. Германскиот канцелар Олаф Шолц на почетокот на седмицата изјави дека Берлин нема да и испорачува на Украина ракети со долг дострел „Таурус“ затоа што е неопходно да има војници кои помагаат на теренот и укажа на британскиот и францускиот пристап кон нивните системи. Шолц истакна дека, доколку го следи примерот на Велика Британија, Германија „ќе стане учесник во војната“. Неговите коментари предизвикаа гнев кај британскиот воен и дипломатски персонал. – Ова е груба злоупотреба на разузнавачките податоци дизајнирани да го оттргнат вниманието од одбивањето на Германија да го испрати својот ракетен систем со долг дострел во Украина – изјави Тобијас Елвуд, поранешен претседател на одборот за одбрана во британскиот парламент. Шолц доби слични критики од членовите на германската опозиција. Пратеникот од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Норберт Ротген, смета дека коментарите на Шолц за наводната вмешаност на Франција и Британија во управувањето со ракетните системи со долг дострел се целосно неодговорни. Шолц изјави дека германските војници не можат да ги следат своите колеги од Британија и Франција „на начин на контрола на целта и последователна контрола“. Тој нагласи дека германските војници нема да се поврзуваат со целите што би ги таргетирал системот „Таурус“, дури ни во Германија. „Телеграф“ пишува дека е познато дека Велика Британија помага со разузнавачки податоци за руските цели, но не е познато колкава поддршка им даваат на украинските војници при истрелување проектили. Британската влада вчера соопшти дека мал број војници се распоредени во Украина и дека некои од нив се на медицинска обука.

The post Германија обвинета за груба злоупотреба на разузнавачките податоци appeared first on Република.

]]>
Вработен во државна агенција си точел гориво за себе, со државни пари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-drzhavna-agentsija-si-tochel-gorivo-za-sebe-so-drzhavni-pari/ Mon, 08 Jan 2024 15:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=730886

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во служба“.

„Тој, вработен како службено лице во државна агенција, неовластено се послужил со парични средства доверени од страна на агенцијата со кои, покрај горивото што го ставил во службеното возило, дополнително платил и за гориво што го искористил за лични цели“, велат од МВР.

По предметот ќе треба да постапува обвинител.

The post Вработен во државна агенција си точел гориво за себе, со државни пари appeared first on Република.

]]>

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во служба“.
„Тој, вработен како службено лице во државна агенција, неовластено се послужил со парични средства доверени од страна на агенцијата со кои, покрај горивото што го ставил во службеното возило, дополнително платил и за гориво што го искористил за лични цели“, велат од МВР.
По предметот ќе треба да постапува обвинител.

The post Вработен во државна агенција си точел гориво за себе, со државни пари appeared first on Република.

]]>
ЕК откри злоупотреби во Албанија од 33,5 милиони евра од ИПАРД програмите https://republika.mk/vesti/balkan/ek-otkri-zloupotrebi-vo-albanija-od-33-5-milioni-evra-od-ipard-programite/ Sun, 26 Nov 2023 17:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=716428

Експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан.

-Констатираните неправилности со средствата на Европската унија (ЕУ) за земјоделството во Албанија, доделени преку ИПАРД програмите, изнесуваат 33,5 милиони евра, што е за 2,5 пати поголема од сумата од 13 милиони евра во 6 други земји во Балканот како Турција, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија, јави Телеграфи.

Според истиот извор податоците се наведени во работен документ на Европската комисија (ЕК), во кој се дава статистичка процена на пријавени неправилности за 2022 година, кои не претставуваат измама.

Вкупниот износ на неправилности констатирани во 7 балкански земји е околу 47 милиони евра, од кои 71 отсто и припаѓаат на Албанија и 13 милиони евра или 29 отсто во 6 други земји.

Во Албанија, се откриени 54 нерегуларни случаи во вредност од 33,5 милиони евра, од кои 98 отсто само во 2022 година.

-Поради неправилности и измамнички шеми, ЕУ ги блокираше средствата од ИПАРД за Албанија, со што му зададе тежок удар на секторот, кој, меѓу другото, трпи и од недостиг од домашно финансирање, констатира Телеграфи.

The post ЕК откри злоупотреби во Албанија од 33,5 милиони евра од ИПАРД програмите appeared first on Република.

]]>

Експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан.
-Констатираните неправилности со средствата на Европската унија (ЕУ) за земјоделството во Албанија, доделени преку ИПАРД програмите, изнесуваат 33,5 милиони евра, што е за 2,5 пати поголема од сумата од 13 милиони евра во 6 други земји во Балканот како Турција, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија, јави Телеграфи.
Според истиот извор податоците се наведени во работен документ на Европската комисија (ЕК), во кој се дава статистичка процена на пријавени неправилности за 2022 година, кои не претставуваат измама. Вкупниот износ на неправилности констатирани во 7 балкански земји е околу 47 милиони евра, од кои 71 отсто и припаѓаат на Албанија и 13 милиони евра или 29 отсто во 6 други земји. Во Албанија, се откриени 54 нерегуларни случаи во вредност од 33,5 милиони евра, од кои 98 отсто само во 2022 година.
-Поради неправилности и измамнички шеми, ЕУ ги блокираше средствата од ИПАРД за Албанија, со што му зададе тежок удар на секторот, кој, меѓу другото, трпи и од недостиг од домашно финансирање, констатира Телеграфи.

The post ЕК откри злоупотреби во Албанија од 33,5 милиони евра од ИПАРД програмите appeared first on Република.

]]>
Oформен предмет во ОЈО за деветтоодделенците кои злоупотребија фотографии од малолетни девојчиња https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oformen-predmet-vo-ojo-za-devettooddelentsite-koi-zloupotrebija-fotografii-od-maloletni-devojchina/ Wed, 25 Oct 2023 15:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=694986

 ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци. Од Обвинителството информираат за МИА дека ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска доставило известување против непознати лица.

ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители, се вели во писмениот одговор од Обвинителството, даден во врска со поставено новинарско прашање од МИА.

Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на месецов од Државниот просветен инспекторат за МИА.

Според информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, се вели во писмениот одговор од ДПИ.

МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, дека злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од  портпаролката на СВР Велес,  Биљана Ѓаковска.

Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска.

Родител на едно од девојчињата, за  МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од „Фејсбук“ на повеќе  девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни чатови.

The post Oформен предмет во ОЈО за деветтоодделенците кои злоупотребија фотографии од малолетни девојчиња appeared first on Република.

]]>

 ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци. Од Обвинителството информираат за МИА дека ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска доставило известување против непознати лица.
ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители, се вели во писмениот одговор од Обвинителството, даден во врска со поставено новинарско прашање од МИА.
Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на месецов од Државниот просветен инспекторат за МИА.
Според информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, се вели во писмениот одговор од ДПИ.
МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, дека злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од  портпаролката на СВР Велес,  Биљана Ѓаковска.
Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска.
Родител на едно од девојчињата, за  МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од „Фејсбук“ на повеќе  девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни чатови.

The post Oформен предмет во ОЈО за деветтоодделенците кои злоупотребија фотографии од малолетни девојчиња appeared first on Република.

]]>
Физичко и правно лице ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на лекари за да рекламираат чај https://republika.mk/vesti/crna-hronika/fizichko-i-pravno-litse-ke-odgovaraat-za-zloupotreba-na-lichni-podatotsi-na-lekari-za-da-reklamiraat-chaj/ Wed, 04 Oct 2023 11:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=687854

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, спротивно на условите утврдени во член 10 и член 96 од Законот за заштита на лични податоци, без согласност на тројца оштетени лекари, ги користел нивните лични податоци – слика, име и презиме за он-лајн продажба на два производа.

Личните податоци на секој од оштетените лекари биле злоупотребени како тие со својот професионален авторитет да ги рекламираат и препорачуваат чаевите Паразол (Parazol) и Хипертеа (Hypertea), кои на територијата на државава ги увезувало и дистрибуирало обвинетото правно лице.

Лажните интервјуа и постови, преземани и споделувани на повеќе веб страници и социјални мрежи, со здравствени тврдења и лажни медицински препораки за овие производи кои оштетените никогаш не ги дале, обвинетиот ги искористил за незаконита обработка на личните податоци и директен маркетинг.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги огласи за виновни и одговорното лице да го казни со единствена парична казна од 70 дневни глоби со висина на дневната глоба од 30 евра во денарска противвредност, а правното лице да го казни со единствена казна од 300.000 денари. Согласно предлогот на обвинителството, обвинетите по пресудата ќе треба да ги надоместат трошоците на постапката, а секој од оштетените лекари ќе има можност во граѓанска постапка да си го оствари своето имотно-правно побарување за нанесената штета со злоупотребата на личните податоци.

 

The post Физичко и правно лице ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на лекари за да рекламираат чај appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, спротивно на условите утврдени во член 10 и член 96 од Законот за заштита на лични податоци, без согласност на тројца оштетени лекари, ги користел нивните лични податоци – слика, име и презиме за он-лајн продажба на два производа. Личните податоци на секој од оштетените лекари биле злоупотребени како тие со својот професионален авторитет да ги рекламираат и препорачуваат чаевите Паразол (Parazol) и Хипертеа (Hypertea), кои на територијата на државава ги увезувало и дистрибуирало обвинетото правно лице. Лажните интервјуа и постови, преземани и споделувани на повеќе веб страници и социјални мрежи, со здравствени тврдења и лажни медицински препораки за овие производи кои оштетените никогаш не ги дале, обвинетиот ги искористил за незаконита обработка на личните податоци и директен маркетинг. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги огласи за виновни и одговорното лице да го казни со единствена парична казна од 70 дневни глоби со висина на дневната глоба од 30 евра во денарска противвредност, а правното лице да го казни со единствена казна од 300.000 денари. Согласно предлогот на обвинителството, обвинетите по пресудата ќе треба да ги надоместат трошоците на постапката, а секој од оштетените лекари ќе има можност во граѓанска постапка да си го оствари своето имотно-правно побарување за нанесената штета со злоупотребата на личните податоци.  

The post Физичко и правно лице ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на лекари за да рекламираат чај appeared first on Република.

]]>
Злоупотребувале жени, правеле лажно ин витро и нелегални посвојувања: На Крит разбиена криминална организација https://republika.mk/vesti/balkan/zloupotrebuvale-zheni-pravele-lazhno-in-vitro-i-nelegalni-posvojuvana-na-krit-razbiena-kriminalna-organizatsija/ Thu, 10 Aug 2023 12:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=670799

Злоупотреба на жени во ранливи категории кои ги користеле како донори на јајце клетки или сурогат мајки, измами на пациенти преку лажни ин витро, посредување при нелегални посвојувања, се делата за кои се уапсени осум лица, членови на криминална организација на грчкиот остров Крит за вршење трговија со луѓе и нелегални посвојувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро.

Меѓу уапсените осум лица, две имале водечка улога од кои едниот е 73-годишен лекар и сопственик на приватна клиника, кој ја координирал и водел криминалната организација.

Функционирале преку регрутирање жени од Крит, Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги искористат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување.

Од досегашната истрага на полицијата од декември 2022 година биле регистрирани: 71 жена – донатори на јајце клетки, 98 жени – жртви на трговија со луѓе, кои биле експлоатирани како сурогат мајки, 13 случаи на незаконски процедури за добивање дете преку програма за сурогат мајчинство, четири случаи на незаконски посвојувања, 400 случаи на измама или предизвикување физичка повреда на пациентите преку лажните ин витро во 2021, 2022 и 2023 година.

Според полицијата, придобивката за криминалната организација за секоја програма за сурогат мајчинство вообичаено се движела од 70.000 до 100.000 евра, од кои 70 отсто е нето добивка.

Во рамките на полициската акција биле откриени 30 жени, странски државјанки, кои или биле донори на јајце клетки или се трудници во процес на сурогат мајчинство.

The post Злоупотребувале жени, правеле лажно ин витро и нелегални посвојувања: На Крит разбиена криминална организација appeared first on Република.

]]>

Злоупотреба на жени во ранливи категории кои ги користеле како донори на јајце клетки или сурогат мајки, измами на пациенти преку лажни ин витро, посредување при нелегални посвојувања, се делата за кои се уапсени осум лица, членови на криминална организација на грчкиот остров Крит за вршење трговија со луѓе и нелегални посвојувања, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро. Меѓу уапсените осум лица, две имале водечка улога од кои едниот е 73-годишен лекар и сопственик на приватна клиника, кој ја координирал и водел криминалната организација. Функционирале преку регрутирање жени од Крит, Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги искористат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување. Од досегашната истрага на полицијата од декември 2022 година биле регистрирани: 71 жена – донатори на јајце клетки, 98 жени – жртви на трговија со луѓе, кои биле експлоатирани како сурогат мајки, 13 случаи на незаконски процедури за добивање дете преку програма за сурогат мајчинство, четири случаи на незаконски посвојувања, 400 случаи на измама или предизвикување физичка повреда на пациентите преку лажните ин витро во 2021, 2022 и 2023 година. Според полицијата, придобивката за криминалната организација за секоја програма за сурогат мајчинство вообичаено се движела од 70.000 до 100.000 евра, од кои 70 отсто е нето добивка. Во рамките на полициската акција биле откриени 30 жени, странски државјанки, кои или биле донори на јајце клетки или се трудници во процес на сурогат мајчинство.

The post Злоупотребувале жени, правеле лажно ин витро и нелегални посвојувања: На Крит разбиена криминална организација appeared first on Република.

]]>
Жена од Кочани пријавила злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-od-kochani-prijavila-zloupotreba-na-lichna-karta-za-podigane-brzi-krediti/ Fri, 04 Aug 2023 15:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=668777

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити.

Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

The post Жена од Кочани пријавила злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити. Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва. Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.
Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

The post Жена од Кочани пријавила злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>
Нов скандал во тетовската болница: Лекар ги злоупотребил податоците на пациентите за финансиска корист https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-skandal-vo-tetovskata-bolnitsa-lekar-gi-zloupotrebil-podatotsite-na-patsientite-za-finansiska-korist/ Tue, 01 Aug 2023 17:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=667732

Ново скандалозно однесување на вработен во тетовската болница. По тик-токерот анестезиолог, сега хирург се сомничи за злоупотреба на податоците на пациенти за остварување финансиска корист.

Во Обвинителство сѐ уште не стигнала кривичната пријава од МВР против хирург од здравствената установа кој се сомничи дека без дозвола користел податоци од пациенти и креирал невистинити медициски извештаи, а во координација со уште двајца осомничени земале обесштетување од осигурителна компанија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“, против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина.

Ваквите извештаи, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари

Од болницата велат дека докторот оди на работа бидејќи не добиле засега никакви насоки од надлежни институции. Ова дело се случувало пред 2 години, а биле оштетени 6 лица кои имале медицински третман во болницата. Министерот за здравство е запознаен со случајот.

Во Тетово актуелен е сега случај со злоупотреба на податоци на пациенти. Случајот сега е во обвинителството. Ние ги охрабруваме сите во правниот систем да постапат онака како што налагаат законите, а ние 24/7 им стоиме на располагање како министерство за се што им треба – вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

The post Нов скандал во тетовската болница: Лекар ги злоупотребил податоците на пациентите за финансиска корист appeared first on Република.

]]>

Ново скандалозно однесување на вработен во тетовската болница. По тик-токерот анестезиолог, сега хирург се сомничи за злоупотреба на податоците на пациенти за остварување финансиска корист. Во Обвинителство сѐ уште не стигнала кривичната пријава од МВР против хирург од здравствената установа кој се сомничи дека без дозвола користел податоци од пациенти и креирал невистинити медициски извештаи, а во координација со уште двајца осомничени земале обесштетување од осигурителна компанија. СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“, против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина. Ваквите извештаи, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари Од болницата велат дека докторот оди на работа бидејќи не добиле засега никакви насоки од надлежни институции. Ова дело се случувало пред 2 години, а биле оштетени 6 лица кои имале медицински третман во болницата. Министерот за здравство е запознаен со случајот.
Во Тетово актуелен е сега случај со злоупотреба на податоци на пациенти. Случајот сега е во обвинителството. Ние ги охрабруваме сите во правниот систем да постапат онака како што налагаат законите, а ние 24/7 им стоиме на располагање како министерство за се што им треба – вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

The post Нов скандал во тетовската болница: Лекар ги злоупотребил податоците на пациентите за финансиска корист appeared first on Република.

]]>
Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izmama-vo-tetovo-lekar-zloupotrebuval-lichni-podatotsi-na-patsienti-a-advokatot-i-ushte-edno-litse-mu-pomagale-vo-finansiskata-izmama/ Fri, 28 Jul 2023 16:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=666374

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Кривична пријава е поднесена и против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина.

Ваквите извештаи, како што соопшти полицијата, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари.

Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.

The post Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Кривична пријава е поднесена и против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина. Ваквите извештаи, како што соопшти полицијата, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари. Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.

The post Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама appeared first on Република.

]]>
Откриена илегалната трговија со ВИ слики за сексуална злоупотреба на деца https://republika.mk/zivot/tehnologija/otkriena-ilegalnata-trgovija-so-vi-sliki-za-seksualna-zloupotreba-na-detsa/ Wed, 28 Jun 2023 08:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=655940

Педофилите користат технологија за вештачка интелигенција (ВИ) за да создадат и продаваат реалистични материјали за сексуална злоупотреба на деца, откри Би-Би-Си.

Некои луѓе пристапуваат до овие слики со плаќање претплата на популарни платформи за споделување содржини како Patreon. Patreon вели дека имаат нулта толеранција за таква содржина на нивната платформа.

Советот на началниците на националните полицајци во Британија изрази огорченост поради фактот што некои платформи остваруваат огромни профити, но не преземаат морална одговорност.

Креаторите и дистрибутерите на таква содржина користат софтвер со вештачка интелигенција наречен Stable Diffusion, кој првично беше наменет да генерира слики за уметност или графички дизајн.

Овој софтвер им овозможува на корисниците да ја опишат саканата слика со зборови или краток текст, а потоа програмата ја генерира врз основа на тој опис.

Но, Би-Би-Си откри дека софтверот се користи и за создавање реални слики за сексуална злоупотреба на деца, вклучително и силување на бебиња и малолетници.

Полициските тимови на Обединетото Кралство кои истражуваат онлајн злоупотреба на деца веќе се среќаваат со таква содржина.

Хонорарната истражувачка и новинарка Октавија Шеипшанкс ја истражува оваа тема веќе неколку месеци. Таа контактираше со Би-Би-Си преку детската добротворна организација NSPCC за да ги сподели своите наоди.

„Откако стана возможно да се генерираат слики со вештачка интелигенција, создаден е огромен бран. Не се работи само за многу мали девојчиња, педофилите зборуваат и за мали деца“, рече таа.

Компјутерски генерирана „псевдо-слика“ која прикажува детска порнографија се третира како вистинска, автентична и е нелегално да се поседува, објавува или пренесува во ОК.

Иан Кричли, шеф на Националниот совет за заштита на децата на полицијата, изјави дека би било погрешно да се тврди дека никој не е повреден бидејќи нема вистински деца на таквите слики генерирани со вештачка интелигенција.

Тој предупреди дека педофилот може „да напредува на размери на злосторства, од мисли, преку слики генерирани од вештачка интелигенција, па сè до злоупотреба на вистинско дете“.

Сликите на злоупотреба се споделуваат во три чекори: педофилите ја генерираат сликата со софтвер за вештачка интелигенција, потоа ја промовираат на платформи како што е јапонската страница за споделување фотографии Pixiv, а таквите врски водат до платформи за споделување содржини што се плаќа како што е Patreon.

Некои од креаторите на оваа содржина објавуваат слики на популарната јапонска платформа за социјални медиуми Pixiv, која главно се користи од уметници кои споделуваат манга и аниме.

Меѓутоа, бидејќи страницата е со седиште во Јапонија, каде што споделувањето сексуализирани цртежи и илустрации на деца не е нелегално, креаторите ја користат платформата за да ја промовираат својата работа преку групи и хаштагови кои индексираат теми користејќи клучни зборови.

Портпаролот на Pixiv рече дека компанијата придава големо значење на решавањето на овој проблем. На 31 мај, тие објавија дека ги забраниле сите фотореалистични прикази на сексуални содржини во кои се вклучени малолетници.

Компанијата соопшти дека проактивно ги зајакнува своите системи за следење и доделува значителни ресурси за борба против прашањата поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Octavia Sheepshanks изјави за Би-Би-Си дека нејзиното истражување сугерира дека корисниците произведуваат слики од злоупотреба на деца на индустриски размери.

„Волуменот е едноставно огромен, па тогаш овие креатори велат дека имаат за цел да направат најмалку 1.000 слики месечно“, рече таа.

Коментарите на корисниците на поединечни слики на Pixiv јасно покажуваат дека имаат сексуален интерес за деца, а некои корисници дури нудат слики и видеа на злоупотреба генерирани без вештачка интелигенција.

Octavia Sheepshanks следеше некои групи на оваа платформа.

„Во овие групи, кои можат да имаат до 100 членови, луѓето ќе споделуваат линкови до вистинска содржина. Најстрашните работи, не ни знаев дека има зборови за да опишат такви работи“, вели таа.

„Ние силно ги поддржуваме напорите за спроведување на законот против оние кои ги злоупотребуваат нашите производи за нелегални или злонамерни цели.

Со оглед на брзиот развој на вештачката интелигенција, се поставуваат прашања за идните ризици што може да ги носи за приватноста, човековите права и безбедноста на луѓето, пишува Би-Би-Си.

The post Откриена илегалната трговија со ВИ слики за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>

Педофилите користат технологија за вештачка интелигенција (ВИ) за да создадат и продаваат реалистични материјали за сексуална злоупотреба на деца, откри Би-Би-Си. Некои луѓе пристапуваат до овие слики со плаќање претплата на популарни платформи за споделување содржини како Patreon. Patreon вели дека имаат нулта толеранција за таква содржина на нивната платформа. Советот на началниците на националните полицајци во Британија изрази огорченост поради фактот што некои платформи остваруваат огромни профити, но не преземаат морална одговорност. Креаторите и дистрибутерите на таква содржина користат софтвер со вештачка интелигенција наречен Stable Diffusion, кој првично беше наменет да генерира слики за уметност или графички дизајн. Овој софтвер им овозможува на корисниците да ја опишат саканата слика со зборови или краток текст, а потоа програмата ја генерира врз основа на тој опис. Но, Би-Би-Си откри дека софтверот се користи и за создавање реални слики за сексуална злоупотреба на деца, вклучително и силување на бебиња и малолетници. Полициските тимови на Обединетото Кралство кои истражуваат онлајн злоупотреба на деца веќе се среќаваат со таква содржина. Хонорарната истражувачка и новинарка Октавија Шеипшанкс ја истражува оваа тема веќе неколку месеци. Таа контактираше со Би-Би-Си преку детската добротворна организација NSPCC за да ги сподели своите наоди.
„Откако стана возможно да се генерираат слики со вештачка интелигенција, создаден е огромен бран. Не се работи само за многу мали девојчиња, педофилите зборуваат и за мали деца“, рече таа.
Компјутерски генерирана „псевдо-слика“ која прикажува детска порнографија се третира како вистинска, автентична и е нелегално да се поседува, објавува или пренесува во ОК. Иан Кричли, шеф на Националниот совет за заштита на децата на полицијата, изјави дека би било погрешно да се тврди дека никој не е повреден бидејќи нема вистински деца на таквите слики генерирани со вештачка интелигенција.
Тој предупреди дека педофилот може „да напредува на размери на злосторства, од мисли, преку слики генерирани од вештачка интелигенција, па сè до злоупотреба на вистинско дете“.
Сликите на злоупотреба се споделуваат во три чекори: педофилите ја генерираат сликата со софтвер за вештачка интелигенција, потоа ја промовираат на платформи како што е јапонската страница за споделување фотографии Pixiv, а таквите врски водат до платформи за споделување содржини што се плаќа како што е Patreon. Некои од креаторите на оваа содржина објавуваат слики на популарната јапонска платформа за социјални медиуми Pixiv, која главно се користи од уметници кои споделуваат манга и аниме. Меѓутоа, бидејќи страницата е со седиште во Јапонија, каде што споделувањето сексуализирани цртежи и илустрации на деца не е нелегално, креаторите ја користат платформата за да ја промовираат својата работа преку групи и хаштагови кои индексираат теми користејќи клучни зборови. Портпаролот на Pixiv рече дека компанијата придава големо значење на решавањето на овој проблем. На 31 мај, тие објавија дека ги забраниле сите фотореалистични прикази на сексуални содржини во кои се вклучени малолетници. Компанијата соопшти дека проактивно ги зајакнува своите системи за следење и доделува значителни ресурси за борба против прашањата поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Octavia Sheepshanks изјави за Би-Би-Си дека нејзиното истражување сугерира дека корисниците произведуваат слики од злоупотреба на деца на индустриски размери.
„Волуменот е едноставно огромен, па тогаш овие креатори велат дека имаат за цел да направат најмалку 1.000 слики месечно“, рече таа.
Коментарите на корисниците на поединечни слики на Pixiv јасно покажуваат дека имаат сексуален интерес за деца, а некои корисници дури нудат слики и видеа на злоупотреба генерирани без вештачка интелигенција. Octavia Sheepshanks следеше некои групи на оваа платформа.
„Во овие групи, кои можат да имаат до 100 членови, луѓето ќе споделуваат линкови до вистинска содржина. Најстрашните работи, не ни знаев дека има зборови за да опишат такви работи“, вели таа. „Ние силно ги поддржуваме напорите за спроведување на законот против оние кои ги злоупотребуваат нашите производи за нелегални или злонамерни цели.
Со оглед на брзиот развој на вештачката интелигенција, се поставуваат прашања за идните ризици што може да ги носи за приватноста, човековите права и безбедноста на луѓето, пишува Би-Би-Си.

The post Откриена илегалната трговија со ВИ слики за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-falsifikuvane-sluzhbena-isprava-i-krazhba/ Fri, 09 Jun 2023 11:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=649613

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.

Во периодот од јули 2021 година до октомври 2022 година, прво и второпријавениот, вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ – Берово, му овозможиле на третопријавениот да изврши сеча, дотур и превоз на дрвна маса од парцели во приватна сопственост, со што се стекнал со вкупна материјална корист од 3.306 446 денари.

The post Кривична пријава за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“. Во периодот од јули 2021 година до октомври 2022 година, прво и второпријавениот, вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ – Берово, му овозможиле на третопријавениот да изврши сеча, дотур и превоз на дрвна маса од парцели во приватна сопственост, со што се стекнал со вкупна материјална корист од 3.306 446 денари.

The post Кривична пријава за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба appeared first on Република.

]]>
Посвоила, па „продавала“ 14-годишно девојче: Детали за трговијата со деца во Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/posvoila-pa-prodavala-14-godishno-devojche-detali-za-trgovijata-so-detsa-vo-makedonija/ Fri, 12 May 2023 15:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=640230

Четиринаесет годишно девојче е жртвата на трговијата со деца, кое било продавано за сексуални услуги на 11 лица. Обвинителството посочува дека истрагата траела повеќе месеци, а бара и притвор за сите десет осомничени. Девојчето и нејзините сестра и брат биле земени на чување од жена, која е првоосомничена за трговијата со деца. Се заканувала дека ако не изврши полови дејства со лицата, ќе бидат повредени брат ѝ и сестра ѝ.

Според наводите содржани во диспозитивот на наредбата за спроведување истражна постапка во летото 2020 година, првоосомничената го прифатила четиринаесетгодишното дете жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство. Набргу потоа, искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, почнала да го подведува детето на вршење полови дејства со дел од осомничените и друг лица за одреден паричен надомест.

 

Честопати заканите кон детето жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека доколку не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка. Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти услови, во повеќе наврати го подведувале детето на вршење полови дејства по пат на сексуална експлоатација со другите осомничени и други лица, меѓу кои имало и жена. Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, велат од Обвинителството.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени.

За кривичното дело што им се става на товар на осомничените и кое директно го крши протоколот кон Конвенцијата за правата на детето, што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95), запретена е казна затвор во траење од најмалку 8 години, а за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години, додаваат од Обвинителството.

The post Посвоила, па „продавала“ 14-годишно девојче: Детали за трговијата со деца во Македонија appeared first on Република.

]]>

Четиринаесет годишно девојче е жртвата на трговијата со деца, кое било продавано за сексуални услуги на 11 лица. Обвинителството посочува дека истрагата траела повеќе месеци, а бара и притвор за сите десет осомничени. Девојчето и нејзините сестра и брат биле земени на чување од жена, која е првоосомничена за трговијата со деца. Се заканувала дека ако не изврши полови дејства со лицата, ќе бидат повредени брат ѝ и сестра ѝ.
Според наводите содржани во диспозитивот на наредбата за спроведување истражна постапка во летото 2020 година, првоосомничената го прифатила четиринаесетгодишното дете жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство. Набргу потоа, искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, почнала да го подведува детето на вршење полови дејства со дел од осомничените и друг лица за одреден паричен надомест.   Честопати заканите кон детето жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека доколку не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка. Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти услови, во повеќе наврати го подведувале детето на вршење полови дејства по пат на сексуална експлоатација со другите осомничени и други лица, меѓу кои имало и жена. Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, велат од Обвинителството.
Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени.
За кривичното дело што им се става на товар на осомничените и кое директно го крши протоколот кон Конвенцијата за правата на детето, што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95), запретена е казна затвор во траење од најмалку 8 години, а за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години, додаваат од Обвинителството.

The post Посвоила, па „продавала“ 14-годишно девојче: Детали за трговијата со деца во Македонија appeared first on Република.

]]>
Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto-2/ Thu, 11 May 2023 11:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=639706

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир.

Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива.

Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.

The post Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето appeared first on Република.

]]>

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир. Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива.
Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.

The post Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето appeared first on Република.

]]>
За четири години пријавени над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба во детска болница https://republika.mk/vesti/svet/za-chetiri-godini-prijaveni-nad-1-600-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-detska-bolnitsa/ Tue, 11 Apr 2023 13:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=629864

Британската приватна детска болница за ментално здравје Хантеркомб во Мејденхед, која има само 59 кревети, во изминатите четири години пријави над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба. Тоа е повеќе од половина сексуални истраги пријавени во 209 одделенија за ментално здравје на децата ширум Велика Британија.

Од 2019 година британската Национална здравствена служба (НХС) испраќала повеќе од едно предупредување дневно, не е преземено ништо да се спречи ранливите пациенти да се испраќаат во одделението кое има 1.643 пријави за сексуални инциденти. Пријавените инциденти се од сексуално непримерно обраќање до сериозни сексуални напади и силувања.

Откако Индипендент минатата година објави за вербално и физичко малтретирање во приватната здравствена институција, пациентите беа прераспределени во други клиники. Но, групацијата Хантеркомб најави дека планира повторно да отвори како одделение за возрасни.

Минатиот месец беше пријавен сексуален напад во одделението во Стафорд на групацијата Хантеркомб. Веста уследи откако беше затворено одделението во Девон, каде медицинска сестра е осудена за сексуална злоупотреба на двајца пациенти.

The post За четири години пријавени над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба во детска болница appeared first on Република.

]]>

Британската приватна детска болница за ментално здравје Хантеркомб во Мејденхед, која има само 59 кревети, во изминатите четири години пријави над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба. Тоа е повеќе од половина сексуални истраги пријавени во 209 одделенија за ментално здравје на децата ширум Велика Британија. Од 2019 година британската Национална здравствена служба (НХС) испраќала повеќе од едно предупредување дневно, не е преземено ништо да се спречи ранливите пациенти да се испраќаат во одделението кое има 1.643 пријави за сексуални инциденти. Пријавените инциденти се од сексуално непримерно обраќање до сериозни сексуални напади и силувања. Откако Индипендент минатата година објави за вербално и физичко малтретирање во приватната здравствена институција, пациентите беа прераспределени во други клиники. Но, групацијата Хантеркомб најави дека планира повторно да отвори како одделение за возрасни. Минатиот месец беше пријавен сексуален напад во одделението во Стафорд на групацијата Хантеркомб. Веста уследи откако беше затворено одделението во Девон, каде медицинска сестра е осудена за сексуална злоупотреба на двајца пациенти.

The post За четири години пријавени над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба во детска болница appeared first on Република.

]]>
Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-noviot-zakon-za-igri-na-sreka-e-neustaven-alarmira-avstriskiot-ambasador/ Tue, 28 Feb 2023 09:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=614080

Пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради негова неуставност, реагира австрискиот амбасадор Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигнаа во законодавниот дом. Амбасадорот реагира дека Владата го злоупотребува и европското знаменце за да избегне јавна дебата за контроверзниот закон.

Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, пишува во писмото амбасадорот на Австрија во земјава.

Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кој е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:

На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивка. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.

Австрискиот амбасадор бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог-законот, да не го разгледуваат поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност.

Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом.

Пратениците и Владата го добиле писмото од австрискиот амбасадор и за дел од медиумите информирале дека забелешките сериозно ќе ги разгледаат.

 

The post Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради негова неуставност, реагира австрискиот амбасадор Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигнаа во законодавниот дом. Амбасадорот реагира дека Владата го злоупотребува и европското знаменце за да избегне јавна дебата за контроверзниот закон.
Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, пишува во писмото амбасадорот на Австрија во земјава.
Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кој е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:
На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивка. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
Австрискиот амбасадор бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог-законот, да не го разгледуваат поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност. Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом. Пратениците и Владата го добиле писмото од австрискиот амбасадор и за дел од медиумите информирале дека забелешките сериозно ќе ги разгледаат.  

The post Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>