Златна Бубамара Archives - Република https://republika.mk/tema/zlatna-bubamara/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 07:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Златна Бубамара Archives - Република https://republika.mk/tema/zlatna-bubamara/ 32 32 „Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација“: ДНК собраа 690.000 денари на лицитацијата за Леонид https://republika.mk/scena/estrada/makedonija-ushte-ednash-pokazha-deka-e-humana-natsija-dnk-sobraa-690-000-denari-na-litsitatsijata-za-leonid/ Tue, 27 Feb 2024 07:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=748717

И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на Популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари, соопштија од ДНК.

https://republika.mk/scena/estrada/pancho-i-andrej-ja-prodavaat-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-ke-gi-doniraat-za-leonid/

Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе.
Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце, порачаа Панчо и Андреј.

The post „Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација“: ДНК собраа 690.000 денари на лицитацијата за Леонид appeared first on Република.

]]>

И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на Популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари, соопштија од ДНК. https://republika.mk/scena/estrada/pancho-i-andrej-ja-prodavaat-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-ke-gi-doniraat-za-leonid/
Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце, порачаа Панчо и Андреј.

The post „Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација“: ДНК собраа 690.000 денари на лицитацијата за Леонид appeared first on Република.

]]>
Панчо и Андреј ја продаваат статуетката од „Златна бубамара“, парите ќе ги донираат за Леонид https://republika.mk/scena/estrada/pancho-i-andrej-ja-prodavaat-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-ke-gi-doniraat-za-leonid/ Fri, 23 Feb 2024 14:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=747454

Панчо и Андреј од „ДНК“ и годинава ја ставаат на лицитација добиената статуетка на „Златна бубамара“, а овојпат собраните средства ќе бидат наменети за Леонид Индов.

За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности. Почетната цена на статуетката е 6.000денари но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело. Сопственик на „бубамарата” ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум „ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената „Борис Трајковски”, се вели во нивната објава

Од ДНК посочуваат дека лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22ч и тогаш ќе го соопштат новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

The post Панчо и Андреј ја продаваат статуетката од „Златна бубамара“, парите ќе ги донираат за Леонид appeared first on Република.

]]>

Панчо и Андреј од „ДНК“ и годинава ја ставаат на лицитација добиената статуетка на „Златна бубамара“, а овојпат собраните средства ќе бидат наменети за Леонид Индов.
За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности. Почетната цена на статуетката е 6.000денари но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело. Сопственик на „бубамарата” ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум „ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената „Борис Трајковски”, се вели во нивната објава
Од ДНК посочуваат дека лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22ч и тогаш ќе го соопштат новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

The post Панчо и Андреј ја продаваат статуетката од „Златна бубамара“, парите ќе ги донираат за Леонид appeared first on Република.

]]>
„Насмејте се – ќе се сликаме“: Колективно фотографирање за пасош и лична карта на Златна бубамара https://republika.mk/scena/nasmejte-se-ke-se-slikame-kolektivno-fotografirane-za-pasosh-i-lichna-karta-na-zlatna-bubamara/ Fri, 23 Feb 2024 09:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=747271

Синоќа се одржа 27. издание на Златната Бубамара на популарноста. Шоуто традиционално го отвори Ранко Петровиќ,  сопственик на радио „Бубамара“.

Иако имате валидни документи, ќе бидете заглавени во овој меѓупростор. Движењето е забрането, навикнати сме на тоа, рече Петровиќ и соопшти дека денеска радиото слави 32. роденден.

Дами и господа, другари и другарки, сострадалници, добредојдовте на летот на Бубамара еарлајнс кој ќе трае 4 часа. Ова ќе биде забавен ‘притвор’, не мора да се врзувате, но пушењето е забрането. Освен во владиниот кабинет, ја отвори манифестацијата Петровиќ.

По минатогодишната пауза, манифестацијата повторно ја водеше актерот Сашко Коцев,  кој во стилот на мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“ и „Насмејте се- ќе се сликаме“, ја забавуваше публиката со досетки на актуелната тема со личните документи во државата.

Јас извадив пасош. Не со врски, туку на фората „Само да прашам”, се пошегува актерот и предложи сите кои чекаа ред за сликање пред полициската станица „Пролет“ (која има име како да е градинка) да ги сликаат групно и после со „кроп“ на секој да му издадат документи.

Тино и Атанас исто така маестрални во настапот. И тие на темата лични документи рекоа дека налепниците NМК се смислени за да не се иселува народот, оти кратенката значи „нема каде“.

Годинава на сцената се појави и Жарко Јовановиќ, актер од Куманово, кој исто така низ шега беше најавен дека додека се кумановци актуелни, како Ковачевски и Спасовски, да искористи додека не дошле струмичани. Јовановиќ на својот настап мошне успешно ги имитираше актуелните и поранешни политичари, спортисти и познати личности.

 

Темите секогаш актуелни, низ призма на хумор за поскажување на струјата, наплата за пренос на струја, настаните во Контрола на летање, патните исправи, корупцијата, неказнивоста, налепниците за табличките...

Игор Џамбазов со Гуру Харе со впечатлива изведба на „Денови“ од Кочо Рацин и преработка на „Californication“ од „Ред хот чили пеперс“ во насока на употребата на македонскиот јазик и грижа за него, како најава за наградата за Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови, која ја доби Ласко Џуровски.

Пишувајте кирилица, да не заборавите да мислите, рече Џуровски кога ја примаше наградата и додаде дека е автор на логото на Златна бубамара на популарноста.

„Т' га за југ“, пак, Џамбазов ја посвети на сите оние кои се отселија од Македонија во изминатиов период со надеж дека ќе се вратат, но и не потсети и на сите кои не напуштија изминатата година: Мето Јовановски, Димче Мешковски, Катина Иванова, Кире Костов, Трајче Ѓорѓиев...

На сцената пак, Нино Величковски, Драган Мијалковски, Жељко Самарџиќ, Националниот џез оркестар, Рамбо Амадеус, Александар и Дац, Андријана Јаневска, Ленче Дедејска, Владо Јаневски, Тамара Тодевска, Врчак, ДНК...но и Кире Лазаров, одбојкарската репрезентација, Иџе и актерите Нино Леви, ансамблот на Театар Комедија, претставници од „Танец“ и Македонска опера и балет... Многу музика и смеа.

 

Изведувачите се забавуваа додека беа на сцената, но и кога нивните колеги пееја на сцената, и оро се играше, многу смеење и убави впечатоци кои ќе се прераскажуваат.

Ова се добитниците на наградите:

Тинејџерска ТВ серија 2023 Тин-Камп

Балетска претстава за деца 2023 Петар Пан

Трајни вредности за афирмација на танцот Тодор Миладинов

Трајни вредности во народната музика Нино Величковски

Трајни вредности Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец

Посхумна награда за животно дело Кире Костов

Спортист на годината 2023 Игор Стефановски-Иџе

Спортски успех 2023 Одбојкарска Репрезентација

Најпопуларен спортист 2023 Никола Ѓоргиев

Концерт на годината 2023 Владо Јаневски

Животно дело Драган Мијалковски

Трајни музички вредности Жељко Самарџиќ

Актерка на годината 2023 Наталија Теoдосиева

Најпопуларен млад актер 2023 Сергеј Димовски

Театарска претстава 2023 Ало Ало – Театар комедија

Спортска легенда Кире Лазаров

Етно песна на годината Давид Темелков – Моја Македонија

Проект на годината 2023 СИМБИОЗА-Танец и НОБ

Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови  Ласко Џуровски

Дуо на годината 2023 Александар и Дац

Пејачка на годината 2023 Андријана Јаневска

Албум на годината 2023 Македонијо во срце те носиме

Најпопуларна нова институција Национален џез оркестар

Награда за уникатни музички вредности Рамбо Амадеус

Песна на годината 2023 ДНК & Врчак – Посреќна

 

фото: Златна бубамара на популарноста

https://republika.mk/scena/zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski/

The post „Насмејте се – ќе се сликаме“: Колективно фотографирање за пасош и лична карта на Златна бубамара appeared first on Република.

]]>

Синоќа се одржа 27. издание на Златната Бубамара на популарноста. Шоуто традиционално го отвори Ранко Петровиќ,  сопственик на радио „Бубамара“.
Иако имате валидни документи, ќе бидете заглавени во овој меѓупростор. Движењето е забрането, навикнати сме на тоа, рече Петровиќ и соопшти дека денеска радиото слави 32. роденден. Дами и господа, другари и другарки, сострадалници, добредојдовте на летот на Бубамара еарлајнс кој ќе трае 4 часа. Ова ќе биде забавен ‘притвор’, не мора да се врзувате, но пушењето е забрането. Освен во владиниот кабинет, ја отвори манифестацијата Петровиќ.
По минатогодишната пауза, манифестацијата повторно ја водеше актерот Сашко Коцев,  кој во стилот на мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“ и „Насмејте се- ќе се сликаме“, ја забавуваше публиката со досетки на актуелната тема со личните документи во државата.
Јас извадив пасош. Не со врски, туку на фората „Само да прашам”, се пошегува актерот и предложи сите кои чекаа ред за сликање пред полициската станица „Пролет“ (која има име како да е градинка) да ги сликаат групно и после со „кроп“ на секој да му издадат документи.
Тино и Атанас исто така маестрални во настапот. И тие на темата лични документи рекоа дека налепниците NМК се смислени за да не се иселува народот, оти кратенката значи „нема каде“. Годинава на сцената се појави и Жарко Јовановиќ, актер од Куманово, кој исто така низ шега беше најавен дека додека се кумановци актуелни, како Ковачевски и Спасовски, да искористи додека не дошле струмичани. Јовановиќ на својот настап мошне успешно ги имитираше актуелните и поранешни политичари, спортисти и познати личности.   Темите секогаш актуелни, низ призма на хумор за поскажување на струјата, наплата за пренос на струја, настаните во Контрола на летање, патните исправи, корупцијата, неказнивоста, налепниците за табличките... Игор Џамбазов со Гуру Харе со впечатлива изведба на „Денови“ од Кочо Рацин и преработка на „Californication“ од „Ред хот чили пеперс“ во насока на употребата на македонскиот јазик и грижа за него, како најава за наградата за Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови, која ја доби Ласко Џуровски.
Пишувајте кирилица, да не заборавите да мислите, рече Џуровски кога ја примаше наградата и додаде дека е автор на логото на Златна бубамара на популарноста.
„Т' га за југ“, пак, Џамбазов ја посвети на сите оние кои се отселија од Македонија во изминатиов период со надеж дека ќе се вратат, но и не потсети и на сите кои не напуштија изминатата година: Мето Јовановски, Димче Мешковски, Катина Иванова, Кире Костов, Трајче Ѓорѓиев... На сцената пак, Нино Величковски, Драган Мијалковски, Жељко Самарџиќ, Националниот џез оркестар, Рамбо Амадеус, Александар и Дац, Андријана Јаневска, Ленче Дедејска, Владо Јаневски, Тамара Тодевска, Врчак, ДНК...но и Кире Лазаров, одбојкарската репрезентација, Иџе и актерите Нино Леви, ансамблот на Театар Комедија, претставници од „Танец“ и Македонска опера и балет... Многу музика и смеа.   Изведувачите се забавуваа додека беа на сцената, но и кога нивните колеги пееја на сцената, и оро се играше, многу смеење и убави впечатоци кои ќе се прераскажуваат. Ова се добитниците на наградите: Тинејџерска ТВ серија 2023 Тин-Камп Балетска претстава за деца 2023 Петар Пан Трајни вредности за афирмација на танцот Тодор Миладинов Трајни вредности во народната музика Нино Величковски Трајни вредности Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец Посхумна награда за животно дело Кире Костов Спортист на годината 2023 Игор Стефановски-Иџе Спортски успех 2023 Одбојкарска Репрезентација Најпопуларен спортист 2023 Никола Ѓоргиев Концерт на годината 2023 Владо Јаневски Животно дело Драган Мијалковски Трајни музички вредности Жељко Самарџиќ Актерка на годината 2023 Наталија Теoдосиева Најпопуларен млад актер 2023 Сергеј Димовски Театарска претстава 2023 Ало Ало – Театар комедија Спортска легенда Кире Лазаров Етно песна на годината Давид Темелков – Моја Македонија Проект на годината 2023 СИМБИОЗА-Танец и НОБ Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови  Ласко Џуровски Дуо на годината 2023 Александар и Дац Пејачка на годината 2023 Андријана Јаневска Албум на годината 2023 Македонијо во срце те носиме Најпопуларна нова институција Национален џез оркестар Награда за уникатни музички вредности Рамбо Амадеус Песна на годината 2023 ДНК & Врчак – Посреќна   фото: Златна бубамара на популарноста https://republika.mk/scena/zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski/

The post „Насмејте се – ќе се сликаме“: Колективно фотографирање за пасош и лична карта на Златна бубамара appeared first on Република.

]]>
Насмејте се – ќе се сликаме! – вечерва 27. Златна бубамара на популарноста https://republika.mk/scena/nasmejte-se-ke-se-slikame-vecherva-27-zlatna-bubamara-na-popularnosta/ Thu, 22 Feb 2024 08:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=746834

27. Златна бубамара на популарноста е закажана на 22.02. во арената „Борис Трајковски“.

Картите за овогодишниот спектакл се продадоа со рекордна брзина – зашто кај нас, ако имате карта, не ви треба нова лична карта ни пасош. Освен тоа, кај нас забавата секогаш е – безгранична.

Поради големиот број апликации, денес се пуштени уште дополнителни и последни 150 карти за овогодишната манифестација, на која закажуваме заедничко фотографирање за пасоши и лични карти, а може и за возачки дозволи, велат организаторите.

Ако во четврток, за време на манифестацијата добиете нова возачка, на пример, не мора да се плашите од сообраќајна контрола, зашто кај нас, согласно со духот на времето, ќе се пие – гола вода. Така, по овогодишната манифестација, ќе излезете од арената „Борис Трајковски“ апсолутно трезни – за се што се случува околу нас.

Затоа, барајте карти за Златна бубамара. За цена не се прашува. Важно е да си таму.

Последните карти се во продажба од денес – насмејте се, ќе се сликаме!

The post Насмејте се – ќе се сликаме! – вечерва 27. Златна бубамара на популарноста appeared first on Република.

]]>

27. Златна бубамара на популарноста е закажана на 22.02. во арената „Борис Трајковски“.
Картите за овогодишниот спектакл се продадоа со рекордна брзина – зашто кај нас, ако имате карта, не ви треба нова лична карта ни пасош. Освен тоа, кај нас забавата секогаш е – безгранична. Поради големиот број апликации, денес се пуштени уште дополнителни и последни 150 карти за овогодишната манифестација, на која закажуваме заедничко фотографирање за пасоши и лични карти, а може и за возачки дозволи, велат организаторите. Ако во четврток, за време на манифестацијата добиете нова возачка, на пример, не мора да се плашите од сообраќајна контрола, зашто кај нас, согласно со духот на времето, ќе се пие – гола вода. Така, по овогодишната манифестација, ќе излезете од арената „Борис Трајковски“ апсолутно трезни – за се што се случува околу нас. Затоа, барајте карти за Златна бубамара. За цена не се прашува. Важно е да си таму. Последните карти се во продажба од денес – насмејте се, ќе се сликаме!

The post Насмејте се – ќе се сликаме! – вечерва 27. Златна бубамара на популарноста appeared first on Република.

]]>
„Златна бубамара“ за животно дело за легендата Драган Мијалковски https://republika.mk/scena/zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski/ Tue, 13 Feb 2024 08:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=743461

Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски.

Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената.

Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје....

Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-ите и 80-ите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити култура“ со с

Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претставува како своевиден Синатра на домашната музика.

27-то издание на „Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 22.02. со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски“ ,

Бубамара најавува дека за сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта , што е причина повеќе  добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија.

Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

 

The post „Златна бубамара“ за животно дело за легендата Драган Мијалковски appeared first on Република.

]]>

Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски. Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената. Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје.... Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-ите и 80-ите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити култура“ со с Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претставува како своевиден Синатра на домашната музика. 27-то издание на „Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 22.02. со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски“ , Бубамара најавува дека за сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта , што е причина повеќе  добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија. Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.  

The post „Златна бубамара“ за животно дело за легендата Драган Мијалковски appeared first on Република.

]]>
Златна бубамара на популарноста на 16 март под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“ https://republika.mk/scena/zlatna-bubamara-na-popularnosta-na-16-mart-pod-mototo-da-napolnime-baterii-vo-skapa-tarifa/ Mon, 20 Feb 2023 13:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=611082

Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која се одбележа сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј.

Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе ja раскаже изминатата година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.

-Во ова време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение. Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика, се вели во објавата.

БИЛЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА НА 23 ФЕВРУАРИ ВО 12 ЧАСОТ преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk

Од Бубамара ни најавуваат незаборавна престава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.

The post Златна бубамара на популарноста на 16 март под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“ appeared first on Република.

]]>

Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која се одбележа сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј. Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе ja раскаже изминатата година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот. -Во ова време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение. Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика, се вели во објавата. БИЛЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА НА 23 ФЕВРУАРИ ВО 12 ЧАСОТ преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk Од Бубамара ни најавуваат незаборавна престава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.

The post Златна бубамара на популарноста на 16 март под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“ appeared first on Република.

]]>
25. „Златна Бубамара на популарноста“: По две години пауза, да го доживуваме овој ден како ослободување и конечно „Да живнеме“ https://republika.mk/scena/25-zlatna-bubamara-na-popularnosta-po-dve-godini-pauza-da-go-dozivuvame-ovoj-den-kako-osloboduvanje-i-konechno-da-zivneme/ Fri, 13 May 2022 09:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=501768

25. издание на „Златна бубамара на популарноста“ синоќа ќе одржа по пауза од две години поради пандемијата, а тимот кој работи на манифестацијата успеа повторно до солзи да ја насмее публиката, да ја расположи до добра музика и прекрасни гости.

После две години пауза, да го доживуваме овој ден како ослободување - од мерки, од маски, од затвореност и конечно „Да живнеме“, рече на почетокот Ранко Петровиќ, „главниот виновник“ за постоењето на оваа манифестација, која полни 25 години успева да опстане.

Покрај препознатливите настапи на Сашко Коцев и Атанас и Тино, синоќа на сцената во „Борис Трајковски“ застанаа Симон Трпески, Некс тајм, Ристо Самарџиев, македонската фудбалска репрезентација,  Жељко Бебек, Дејан Георгиевски... и многу други, но исто така за прв пат, како што рече Наум Петрески заедно настапија Влатко Стефановски, Љупчо Трајковски Фис и Наум Петрески, изведувајќи го безвременскиот хит „Има ли песна“.

Добитници на „Златна бубамара“се:

Најпопуларна анимирана серија - Биби и Боби

Најпопуларна детска емисија - Дајте музика

Најпопуларен тинејџерски хит - Дајте музика

Музички трајни вредности - Ристо Самарџиев

Трајни музички вредности - Васка Јанковска

Херои за 2021 - Македонска фудбалска репрезентација

Трајни музички вредности - Симон Трпчевски

Трајни музички вредности -Жељко Бебек

Еко емисија - Агенда 21

Најпопуларно новогодишно шоу - Преспав

Животно дело - Ферус Мустафов

Животно дело - Александар Трајковски Фис

Трајни музички вредности - Наум Петрески

Композитор на годината - Николче Мицевски

Спот на годината - Некст Тајм за „Кога падна на Пирина"

Спортист на годината - Дејан Георгиевски

Дует на годината - Дац и Александар Митевски

Трајни музички вредности - Благица Павловска

Џез соработка - Тавитјанови

The post 25. „Златна Бубамара на популарноста“: По две години пауза, да го доживуваме овој ден како ослободување и конечно „Да живнеме“ appeared first on Република.

]]>

25. издание на „Златна бубамара на популарноста“ синоќа ќе одржа по пауза од две години поради пандемијата, а тимот кој работи на манифестацијата успеа повторно до солзи да ја насмее публиката, да ја расположи до добра музика и прекрасни гости.
После две години пауза, да го доживуваме овој ден како ослободување - од мерки, од маски, од затвореност и конечно „Да живнеме“, рече на почетокот Ранко Петровиќ, „главниот виновник“ за постоењето на оваа манифестација, која полни 25 години успева да опстане.
Покрај препознатливите настапи на Сашко Коцев и Атанас и Тино, синоќа на сцената во „Борис Трајковски“ застанаа Симон Трпески, Некс тајм, Ристо Самарџиев, македонската фудбалска репрезентација,  Жељко Бебек, Дејан Георгиевски... и многу други, но исто така за прв пат, како што рече Наум Петрески заедно настапија Влатко Стефановски, Љупчо Трајковски Фис и Наум Петрески, изведувајќи го безвременскиот хит „Има ли песна“. Добитници на „Златна бубамара“се: Најпопуларна анимирана серија - Биби и Боби Најпопуларна детска емисија - Дајте музика Најпопуларен тинејџерски хит - Дајте музика Музички трајни вредности - Ристо Самарџиев Трајни музички вредности - Васка Јанковска Херои за 2021 - Македонска фудбалска репрезентација Трајни музички вредности - Симон Трпчевски Трајни музички вредности -Жељко Бебек Еко емисија - Агенда 21 Најпопуларно новогодишно шоу - Преспав Животно дело - Ферус Мустафов Животно дело - Александар Трајковски Фис Трајни музички вредности - Наум Петрески Композитор на годината - Николче Мицевски Спот на годината - Некст Тајм за „Кога падна на Пирина" Спортист на годината - Дејан Георгиевски Дует на годината - Дац и Александар Митевски Трајни музички вредности - Благица Павловска Џез соработка - Тавитјанови

The post 25. „Златна Бубамара на популарноста“: По две години пауза, да го доживуваме овој ден како ослободување и конечно „Да живнеме“ appeared first on Република.

]]>
Златна Бубамара за животно дело за рок-легендата Жељко Бебек https://republika.mk/scena/muzika/zlatna-bubamara-za-zivotno-delo-za-rok-legendata-zeljko-bebek/ Tue, 10 May 2022 12:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=500438

Жељко Бебек е најпознат како пејач на групата „Бијело дугме“, иако започна респектибилна соло-кариера уште во време на постоењето на групата.

Роден е 1946 година во Сараево. Од мал се интересирал за музика и уште во училишните денови научил да свири на мандалонина, па потоа и на гитара. Во гимназија почнал да пее со групи, прво со „Ехо 61“, чиј член бил Корнелије Ковач. Во 1960-тите години преминал во групата „Кодекс“, една од позначајните сараевски групи во тоа време. 1969 година се сретнале со Горан Бреговиќ и почнале да настапуваат заедно – во Италија. Од ова релативно неуспешно искуство Бреговиќ и Бебек во 1972 ја создаваат групата „Јутро“, која во 1974 е преименувана во „Бијело дугме“. Се друго потоа е – историја.

Со „Бијело дугме“ Бебек сними 12 албуми кои се основа на антологијата на екс-ју рок-музиката. Уште во време на постоењето на „Бијело дугме“, тој сними и неколку соло албуми, чија популарност не беше ни приближна на онаа постигната со хитовите на „Дугме“. Според општата оценка на музичката критика, Бебек на секоја песна на „Бијело дугме“ и даде единствено доживување што никој друг пејач не успеа до го постигне. Откако ја напушти групата сними 14 албуми, од кои излегоа некои големи хитови, кои го потврдуваат и натаму неприкосновениот примат на Бебек како еден од најдобрите машки вокали во поширокиот регион.

Поради сето тоа, Златната бубамара за животно дело – годинава оди кај Жељко Бебек.

The post Златна Бубамара за животно дело за рок-легендата Жељко Бебек appeared first on Република.

]]>

Жељко Бебек е најпознат како пејач на групата „Бијело дугме“, иако започна респектибилна соло-кариера уште во време на постоењето на групата.

Роден е 1946 година во Сараево. Од мал се интересирал за музика и уште во училишните денови научил да свири на мандалонина, па потоа и на гитара. Во гимназија почнал да пее со групи, прво со „Ехо 61“, чиј член бил Корнелије Ковач. Во 1960-тите години преминал во групата „Кодекс“, една од позначајните сараевски групи во тоа време. 1969 година се сретнале со Горан Бреговиќ и почнале да настапуваат заедно – во Италија. Од ова релативно неуспешно искуство Бреговиќ и Бебек во 1972 ја создаваат групата „Јутро“, која во 1974 е преименувана во „Бијело дугме“. Се друго потоа е – историја. Со „Бијело дугме“ Бебек сними 12 албуми кои се основа на антологијата на екс-ју рок-музиката. Уште во време на постоењето на „Бијело дугме“, тој сними и неколку соло албуми, чија популарност не беше ни приближна на онаа постигната со хитовите на „Дугме“. Според општата оценка на музичката критика, Бебек на секоја песна на „Бијело дугме“ и даде единствено доживување што никој друг пејач не успеа до го постигне. Откако ја напушти групата сними 14 албуми, од кои излегоа некои големи хитови, кои го потврдуваат и натаму неприкосновениот примат на Бебек како еден од најдобрите машки вокали во поширокиот регион. Поради сето тоа, Златната бубамара за животно дело – годинава оди кај Жељко Бебек.

The post Златна Бубамара за животно дело за рок-легендата Жељко Бебек appeared first on Република.

]]>
Златна Бубамара на популарноста за музичкиот амбасадор Симон Трпчески https://republika.mk/scena/muzika/zlatna-bubamara-na-popularnosta-za-muzichkiot-ambasador-simon-trpcheski/ Sun, 08 May 2022 16:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=499554

Златна Бубамара на популарноста во категоријата „музички амбасадор“ годинава добива пијанистот со светска репутација Симон Трпчески.

Со својата фасцинантна концертна активност ширум светот, Симон Трпчески веќе одамна дејствува како своевиден музички амбасадор и како амбасадор на севкупната култура на Македонија.

Неговиот проект „Македонисимо“, премиерно изведен пред пет години на фестивал во Лудвигсбург, Германија, е своевидна музичка посвета на Македонија, на македонската народна музика и на луѓето од Македонија. Овие сплетови од традиционални ора и народни песни во специјална пијанистичка обработка и во нов музички аранжман на сите светски концертни сцени, каде Трпчески редовно ги изведува, се примени со овации и долготрајни аплаузи.

Впрочем, на ваков врел прием од публиката Трпчески наидува во сиот период на неговите меѓународни настапи во светот, каде од првиот момент е пропознаена неговата посебна техника и врвната изведба. Ѕвездените мигови на Трпчески започнуваат по освојувањето на Светскиот милениумски натпревар по пијано во Лондон (,,Millenium World Piano Competition London"), во април 2000 година, додека се уште беше студент на ФМУ. Оттогаш наградите постојано се нижат.

Во неговата дводецениска фасцинантна кариера настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и со највлијателните оркестри – од Лондон до Сингапур, од Торонто до Хонг Конг. Снимил 13 албуми за престижни светски музички издавачи, а во неговото портфолио можат да се најдат исклучителни коментари од некои од највлијателните светски музички критичари.

The post Златна Бубамара на популарноста за музичкиот амбасадор Симон Трпчески appeared first on Република.

]]>

Златна Бубамара на популарноста во категоријата „музички амбасадор“ годинава добива пијанистот со светска репутација Симон Трпчески.

Со својата фасцинантна концертна активност ширум светот, Симон Трпчески веќе одамна дејствува како своевиден музички амбасадор и како амбасадор на севкупната култура на Македонија. Неговиот проект „Македонисимо“, премиерно изведен пред пет години на фестивал во Лудвигсбург, Германија, е своевидна музичка посвета на Македонија, на македонската народна музика и на луѓето од Македонија. Овие сплетови од традиционални ора и народни песни во специјална пијанистичка обработка и во нов музички аранжман на сите светски концертни сцени, каде Трпчески редовно ги изведува, се примени со овации и долготрајни аплаузи. Впрочем, на ваков врел прием од публиката Трпчески наидува во сиот период на неговите меѓународни настапи во светот, каде од првиот момент е пропознаена неговата посебна техника и врвната изведба. Ѕвездените мигови на Трпчески започнуваат по освојувањето на Светскиот милениумски натпревар по пијано во Лондон (,,Millenium World Piano Competition London"), во април 2000 година, додека се уште беше студент на ФМУ. Оттогаш наградите постојано се нижат. Во неговата дводецениска фасцинантна кариера настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и со највлијателните оркестри – од Лондон до Сингапур, од Торонто до Хонг Конг. Снимил 13 албуми за престижни светски музички издавачи, а во неговото портфолио можат да се најдат исклучителни коментари од некои од највлијателните светски музички критичари.

The post Златна Бубамара на популарноста за музичкиот амбасадор Симон Трпчески appeared first on Република.

]]>