животна средина Archives - Република https://republika.mk/tema/zivotna-sredina/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 11:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png животна средина Archives - Република https://republika.mk/tema/zivotna-sredina/ 32 32 Извештај на еколошката организација WWF: ЕУ увезува повеќе храна отколку што извезува на сметка на животната средина https://republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-na-ekoloshkata-organizacija-wwf-eu-uvezuva-povekje-hrana-otkolku-shto-izvezuva-na-smetka-na-zivotnata-sredina/ Tue, 24 May 2022 13:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=505897

Европската унија увезува повеќе храна отколку што извезува на сметка на животната средина, се наведува во новиот извештај на еколошката организација WWF.

ЕУ троши повеќе од својот удел, а сегашното високо ниво на производство на храна е можно само благодарение на големиот увоз на ресурси“, се вели во новиот извештај на WWF.

ЕУ собира милијарди од светската трговија со земјоделска храна, но вишокот криеше многу „непријатни вистини“, рече водечкиот автор Џабиер Руиз.

The post Извештај на еколошката организација WWF: ЕУ увезува повеќе храна отколку што извезува на сметка на животната средина appeared first on Република.

]]>

Македонија и Бугарија потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година во областа на животната средина https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-bugarija-potpishaa-programa-za-zaednichki-aktivnosti-za-2022-2023-godina-vo-oblasta-na-zivotnata-sredina/ Fri, 11 Mar 2022 11:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=471281

Бугарија е подготвена да го сподели со македонската страна искуството во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина, било потврдено на вториот состанок на меѓувладината работна група со Бугарија „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото" што се одржа вчера во бугарското Министерство за животна средина и води, јави дописникот на МИА од Софија.

Од бугарска страна на состанокот учествуваа Борислав Сандов – вицепремиер за климатски политики и министер за животна средина и води, Калина Константинова – вицепремиер за ефективно владеење, како и Божидар Бојанов – министер за е-влада и Борислав Ганчев – заменик министер за Правда. Во име на Македонија, на состанок беа Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања, Славица Грковска – вицепремиер за политики за добро владеење, Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање и Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација.

Бугарскиот вицепремиер Сандов поздравувајќи ја македонската делегација порача дека двете страни го продолжуваат дијалогот заснован на принципот на добрососедски односи, што е гаранција за развој на соработката меѓу нашите земји. За прашањата за животната средина, тој рече дека современото општество е особено чувствително на квалитетот на животот, што бара ефективна примена на високи еколошки стандарди и здрава животна средина.

-На овој начин ќе гарантираме просперитет и консолидација на европската перспектива во нашиот регион. Затоа, ја потврдувам подготвеноста на Бугарија да сподели искуство во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина. Подготвени сме да ја дадеме нашата експертиза во претпристапниот процес на Република Македонија во ЕУ, а особено во поглавјето „Животна средина", рече бугарскиот вицепремиер Сандов.

Вицепремиерот Маричиќ, пак, се заблагодари за добрата соработка и рече дека оваа средба е доказ дека во услови на криза можеме да работиме заедно. -Темите на работната средба ни се многу важни и јас сум оптимист за успехот на нашата заедничка работа, истакна Маричиќ.

Вицепремиерката Калина Константинова и вицепремиерката на Македонија Славица Грковска разговараа за теми од соработката меѓу двете земји во насока на подобро владеење. Министерот Бојанов и неговиот македонски колега, министерот Адмирим Алити разговараа за можностите за соработка во областа на кибер безбедноста и дигиталната трансформација.

Со заменик министерот за правда Борислав Ганчев се разговараше за начините на синхронизирање на законската регулатива за подобрување на инвестициската клима, како и за борбата против корупцијата и е-правдата.

На работната средба, министерите Сандов и Нуредини потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година. Станува збор за двегодишна програма за имплементација на договорот меѓу министерствата на Македонија и Бугарија за соработка во областа на животната средина и вода (потпишан во 2019 година).

Министерот Нуредини изјави дека Македонија смета на помошта на Бугарија во преговарачкиот процес во областа на заштитата на животната средина.

The post Македонија и Бугарија потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година во областа на животната средина appeared first on Република.

]]>

Бугарија е подготвена да го сподели со македонската страна искуството во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина, било потврдено на вториот состанок на меѓувладината работна група со Бугарија „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото" што се одржа вчера во бугарското Министерство за животна средина и води, јави дописникот на МИА од Софија. Од бугарска страна на состанокот учествуваа Борислав Сандов – вицепремиер за климатски политики и министер за животна средина и води, Калина Константинова – вицепремиер за ефективно владеење, како и Божидар Бојанов – министер за е-влада и Борислав Ганчев – заменик министер за Правда. Во име на Македонија, на состанок беа Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања, Славица Грковска – вицепремиер за политики за добро владеење, Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање и Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација. Бугарскиот вицепремиер Сандов поздравувајќи ја македонската делегација порача дека двете страни го продолжуваат дијалогот заснован на принципот на добрососедски односи, што е гаранција за развој на соработката меѓу нашите земји. За прашањата за животната средина, тој рече дека современото општество е особено чувствително на квалитетот на животот, што бара ефективна примена на високи еколошки стандарди и здрава животна средина. -На овој начин ќе гарантираме просперитет и консолидација на европската перспектива во нашиот регион. Затоа, ја потврдувам подготвеноста на Бугарија да сподели искуство во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина. Подготвени сме да ја дадеме нашата експертиза во претпристапниот процес на Република Македонија во ЕУ, а особено во поглавјето „Животна средина", рече бугарскиот вицепремиер Сандов. Вицепремиерот Маричиќ, пак, се заблагодари за добрата соработка и рече дека оваа средба е доказ дека во услови на криза можеме да работиме заедно. -Темите на работната средба ни се многу важни и јас сум оптимист за успехот на нашата заедничка работа, истакна Маричиќ. Вицепремиерката Калина Константинова и вицепремиерката на Македонија Славица Грковска разговараа за теми од соработката меѓу двете земји во насока на подобро владеење. Министерот Бојанов и неговиот македонски колега, министерот Адмирим Алити разговараа за можностите за соработка во областа на кибер безбедноста и дигиталната трансформација. Со заменик министерот за правда Борислав Ганчев се разговараше за начините на синхронизирање на законската регулатива за подобрување на инвестициската клима, како и за борбата против корупцијата и е-правдата. На работната средба, министерите Сандов и Нуредини потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година. Станува збор за двегодишна програма за имплементација на договорот меѓу министерствата на Македонија и Бугарија за соработка во областа на животната средина и вода (потпишан во 2019 година). Министерот Нуредини изјави дека Македонија смета на помошта на Бугарија во преговарачкиот процес во областа на заштитата на животната средина.

The post Македонија и Бугарија потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година во областа на животната средина appeared first on Република.

]]>
Кацарска: Правото на заштита на животна средина е ограничено пред Уставен, да се размислува за воведување на уставна тужба https://republika.mk/vesti/makedonija/kacarska-pravoto-na-zashtita-na-zivotna-sredina-e-ogranicheno-pred-ustaven-da-se-razmisluva-za-voveduvanje-na-ustavna-tuzba/ Tue, 22 Feb 2022 11:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=461890

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска ја отвори темата за проширување на надлежностите на Судот преку воведување на уставна тужба, со која ќе се овозможи граѓаните да бараат заштита на слободите и правата и за правото на заштита на животната средина и да се надминат ограничувањата со кои може да се поднесе барање единствено за правата и слободите предвидени со членот 110 алинеја 3 од Уставот.

Сметам дека токму правото на здрава животна средина е едно од правата на човекот и граѓанинот кое може да биде појдовна точка за размислување, дискусија и аргументирање за потребата од воведување на уставна тужба, за која јас силно се залагам и која ќе значи проширување на надлежностите на Судот, вели судијата Кацарска.

Односот на Уставот кон правото на здрава животна средина може да се увиди и преку фактот што истиот му дава предност заедно со одбраната, зачувувањето на природата и здравјето на луѓето, а поради кои слободата на пазарот и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон и покрај тоа што последните се едни од темелните вредности на уставниот поредок (член 55 став 3 од Уставот), вели Кацарска.

Кога сме веќе кај ова прашање, една од темелните вредности на уставниот поредок е уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата (член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот). Вака формулираниот текст го потенцира значењето на уредувањето и хуманизацијата на просторот што го има врз унапредувањето и заштитата на животната средина и дека е тесно поврзан со неа. Статусот на темелна вредност, пак значи дека ова е алатка при толкувањето на другите уставни норми (вклучувајќи ја и уставната одредба за правото на здрава животна средина) и која треба да биде почитувана при донесувањето на пониските правни акти, вели Кацарска.

Она што е најчесто случај, кога Судот утврдува дека има повреда е во предметите во кои се оценува уставноста и законитоста на одлуките за донесување на урбанистичките планови.

Последен пример е укинувањето на Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош од 2015-та година, каде е констатирана повреда на уставните и законските норми од страна на Општината која не ги објавувала на веб-страницата одлуките за неспроведување, односно за спроведување на стратегиска оцена за влијанието на планскиот документ врз животната средина, иако има законска обврска, рече Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествуваше во дебата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина", организирана од Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот „Проект за добро управување со животна средина."

The post Кацарска: Правото на заштита на животна средина е ограничено пред Уставен, да се размислува за воведување на уставна тужба appeared first on Република.