зимско сметање на времето Archives - Република https://republika.mk/tema/zimsko-smetanje-na-vremeto/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 18:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зимско сметање на времето Archives - Република https://republika.mk/tema/zimsko-smetanje-na-vremeto/ 32 32 Депресија, изместен биоритам, дури и повеќе сообраќајки – што ни носи следните денови промената на часовникот https://republika.mk/zivot/zdravje/depresija-izmesten-bioritam-duri-i-poveke-soobrakajki-shto-ni-nosi-slednite-denovi-promenata-na-chasovnikot/ Sat, 26 Oct 2024 18:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=831317

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути повеќе за спиење, но и порано ќе се стемнува во вечерните часови поради приближувањето на зимската краткоденица.

Според мнозина лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека човековиот мозок има „биолошки часовник“, познат и како „деноноќен ритам“, којшто работи во 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за час помалку или час повеќе за спиење, тоа го изместува циклусот на ноќен одмор и на некои може луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Следствено, нарушениот сон води до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците.

Се верува дека тоа е причина за своевидно нарушување на спиењето и предизвикува тн. социјална нерамнотежа во спиењето. Оваа појава се јавува како последица на десинхронизација на внатрешниот и надворешниот ритам на будност и сон. Притоа луѓето обично имаат несоница, прекумерна поспаност или и двете, што обично завршува откако „внатрешниот часовник“ ќе се прилагоди, т.е. „ќе се ресетира".

Според некои податоци, во деновите по промената на времето има општо зголемен стрес кај луѓето и повеќе повици за итна помош. Истражувањата покажале и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето.

Исто така, треба да се истакне и дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто доаѓа од Сончевата светлина. Многумина доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на оваа состојба вклучуваат постојано лошо расположение, губење задоволство или интерес за нормалните секојдневни навики, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното.

Истражувањата покажаа дека „социјалната нерамнотежа во спиењето“ предизвикува дијабетес, ја зголемува и опасноста од срцеви заболувања и мозочен удар, го влошува расположението, вклучително и на можна депресија и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Според стручњаците, тоа може дури и да го намали животниот век.

„Доказите го поддржуваат усвојувањето стандарден систем за времето во целата година што се усогласува со деноноќниот ритам на луѓето и обезбедува здравствени придобивки“, се вели во извештајот на Американската академија за медицина на спиењето.

Поради овие последици, оваа институција ја повика Владата на САД да го откаже менувањето на времето. Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година, но Претставничкиот дом ја поништи таа одлука.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2025 година. Ноќта од 29. кон 30 март го поместуваме часовникот за еден час нанапред и се враќаме на летното сметање на времето.

The post Депресија, изместен биоритам, дури и повеќе сообраќајки – што ни носи следните денови промената на часовникот appeared first on Република.

]]>

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути повеќе за спиење, но и порано ќе се стемнува во вечерните часови поради приближувањето на зимската краткоденица. Според мнозина лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека човековиот мозок има „биолошки часовник“, познат и како „деноноќен ритам“, којшто работи во 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за час помалку или час повеќе за спиење, тоа го изместува циклусот на ноќен одмор и на некои може луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Следствено, нарушениот сон води до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците. Се верува дека тоа е причина за своевидно нарушување на спиењето и предизвикува тн. социјална нерамнотежа во спиењето. Оваа појава се јавува како последица на десинхронизација на внатрешниот и надворешниот ритам на будност и сон. Притоа луѓето обично имаат несоница, прекумерна поспаност или и двете, што обично завршува откако „внатрешниот часовник“ ќе се прилагоди, т.е. „ќе се ресетира". Според некои податоци, во деновите по промената на времето има општо зголемен стрес кај луѓето и повеќе повици за итна помош. Истражувањата покажале и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето. Исто така, треба да се истакне и дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто доаѓа од Сончевата светлина. Многумина доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на оваа состојба вклучуваат постојано лошо расположение, губење задоволство или интерес за нормалните секојдневни навики, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното. Истражувањата покажаа дека „социјалната нерамнотежа во спиењето“ предизвикува дијабетес, ја зголемува и опасноста од срцеви заболувања и мозочен удар, го влошува расположението, вклучително и на можна депресија и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Според стручњаците, тоа може дури и да го намали животниот век. „Доказите го поддржуваат усвојувањето стандарден систем за времето во целата година што се усогласува со деноноќниот ритам на луѓето и обезбедува здравствени придобивки“, се вели во извештајот на Американската академија за медицина на спиењето. Поради овие последици, оваа институција ја повика Владата на САД да го откаже менувањето на времето. Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година, но Претставничкиот дом ја поништи таа одлука. Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2025 година. Ноќта од 29. кон 30 март го поместуваме часовникот за еден час нанапред и се враќаме на летното сметање на времето.

The post Депресија, изместен биоритам, дури и повеќе сообраќајки – што ни носи следните денови промената на часовникот appeared first on Република.

]]>
Почнува зимското сметање на времето, часовникот се поместува еден час назад https://republika.mk/zivot/servisi/pochnuva-zimskoto-smetane-na-vremeto-chasovnikot-se-pomestuva-eden-chas-nazad/ Sat, 26 Oct 2024 06:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=831151

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

The post Почнува зимското сметање на времето, часовникот се поместува еден час назад appeared first on Република.

]]>

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

The post Почнува зимското сметање на времето, часовникот се поместува еден час назад appeared first on Република.

]]>
Наредната недела подгответе ги часовниците за зимското сметање на времето https://republika.mk/zivot/servisi/narednata-nedela-podgotvete-gi-chasovnitsite-za-zimskoto-smetane-na-vremeto/ Sun, 20 Oct 2024 06:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=828939

Веќе следната недела, на 27 октомври 2024 година, часовниците ќе се постават 1 час назад (од 3 часот по полноќ во 2) во поголемиот дел од Европа со завршувањето на летното сметање на времето. Со оглед на тоа што Европа опфаќа неколку временски зони, преминувањето од летно во стандардно време (исто така познато како зимско или нормално време) се случува во различни локални времиња.

Промените на времето во Европа се синхронизирани. Според сегашните правила на ЕУ, DST започнува во последната недела од март и завршува во последната недела од октомври.

The post Наредната недела подгответе ги часовниците за зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>

Веќе следната недела, на 27 октомври 2024 година, часовниците ќе се постават 1 час назад (од 3 часот по полноќ во 2) во поголемиот дел од Европа со завршувањето на летното сметање на времето. Со оглед на тоа што Европа опфаќа неколку временски зони, преминувањето од летно во стандардно време (исто така познато како зимско или нормално време) се случува во различни локални времиња. Промените на времето во Европа се синхронизирани. Според сегашните правила на ЕУ, DST започнува во последната недела од март и завршува во последната недела од октомври.

The post Наредната недела подгответе ги часовниците за зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>
Вечерва почнува зимското сметање на времето https://republika.mk/zivot/servisi/vecherva-pochnuva-zimskoto-smetane-na-vremeto/ Sat, 28 Oct 2023 06:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=695708

Летното сметање на времето завршува утре изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почнува зимското сметање на времето.

Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето, се наведува во соопштението од Министерството за економија.

Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето.

Оваа Одлука, како што е наведено во соопштението, е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, какои водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, велат од Министерството за економија.

Посочуваат дека со ова се води сметка за непречено функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар, олеснување на транспортот и комуникациите и географската положба, намалување на стопанските и нестопанските влијанија а посебно врз: користењето на електричната енергија, здравјето на човекот, работната способност, начинот на живеењето, земјоделството, заштитата на животната средина, безбедност во сообраќајот, туризмот и индустријата.

Во Република Македонија важи средноевропското зонско време.

The post Вечерва почнува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>

Летното сметање на времето завршува утре изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почнува зимското сметање на времето.
Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето, се наведува во соопштението од Министерството за економија.
Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето. Оваа Одлука, како што е наведено во соопштението, е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.
Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, какои водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, велат од Министерството за економија.
Посочуваат дека со ова се води сметка за непречено функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар, олеснување на транспортот и комуникациите и географската положба, намалување на стопанските и нестопанските влијанија а посебно врз: користењето на електричната енергија, здравјето на човекот, работната способност, начинот на живеењето, земјоделството, заштитата на животната средина, безбедност во сообраќајот, туризмот и индустријата. Во Република Македонија важи средноевропското зонско време.

The post Вечерва почнува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>
Зимското сметање на времето почнува в недела – на што треба да се внимава? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zimskoto-smetane-na-vremeto-pochnuva-v-nedela-na-shto-treba-da-se-vnimava/ Wed, 25 Oct 2023 12:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=694944

Oвaa недела на 29 октомври почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Иако многумина сметаат дека ова „зимско - летно“ сметање е штетно по здравјето и веќе со години се залагаат тоа да се укине, во многу земји сѐ уште е актуелно.

Според лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека тоа ги нарушува природните циклуси на спиење на телото, што може да влијае на психо-физичкото здравје.

Според клиниката „Мајо“, на пр., човечкиот мозок има „биолошки часовник“, наречен и „деноноќен ритам“, којшто работи на 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за дополнителен час или губење еден час сон, тоа го изместува циклусот на спиење и може на некои луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Имено, нарушениот сон може да доведе до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците.

Губењето на еден час сон во пролетните временски промени е поврзано со зголемување на срцевите и мозочните удари. Испитување од Убиверзитетот Харвард го проучува влијанието на помалку сон врз срцевите заболувања кај глувците. Откриено е дека по 16 недели, кај глувците со нарушен циклус на спиење се развиле поголеми артериски плаки во споредба со глувците со нормално спиење.

Глувците лишени од сон, исто така, имале двојно повеќе циркулирачки нивоа бели крвни зрнца и помали количини хипокретин, хормон битен во регулирањето на спиењето и будноста.

Истражувањата покажаа и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето.

Исто така, важно е да се истакне дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто се добива од Сончевата светлина. Некои луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на ова нарушување вклучуваат постојано лошо расположение, губење на задоволство или интерес за нормални дневни активности, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното.

The post Зимското сметање на времето почнува в недела – на што треба да се внимава? appeared first on Република.

]]>

Oвaa недела на 29 октомври почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Иако многумина сметаат дека ова „зимско - летно“ сметање е штетно по здравјето и веќе со години се залагаат тоа да се укине, во многу земји сѐ уште е актуелно. Според лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека тоа ги нарушува природните циклуси на спиење на телото, што може да влијае на психо-физичкото здравје. Според клиниката „Мајо“, на пр., човечкиот мозок има „биолошки часовник“, наречен и „деноноќен ритам“, којшто работи на 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за дополнителен час или губење еден час сон, тоа го изместува циклусот на спиење и може на некои луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Имено, нарушениот сон може да доведе до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците. Губењето на еден час сон во пролетните временски промени е поврзано со зголемување на срцевите и мозочните удари. Испитување од Убиверзитетот Харвард го проучува влијанието на помалку сон врз срцевите заболувања кај глувците. Откриено е дека по 16 недели, кај глувците со нарушен циклус на спиење се развиле поголеми артериски плаки во споредба со глувците со нормално спиење. Глувците лишени од сон, исто така, имале двојно повеќе циркулирачки нивоа бели крвни зрнца и помали количини хипокретин, хормон битен во регулирањето на спиењето и будноста. Истражувањата покажаа и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето. Исто така, важно е да се истакне дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто се добива од Сончевата светлина. Некои луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на ова нарушување вклучуваат постојано лошо расположение, губење на задоволство или интерес за нормални дневни активности, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното.

The post Зимското сметање на времето почнува в недела – на што треба да се внимава? appeared first on Република.

]]>
Да не заборавите да ги поместите стрелките на часовникот: Викендов почнува зимското сметање на времето https://republika.mk/zivot/servisi/da-ne-zaboravite-da-gi-pomestite-strelkite-na-chasovnikot-vikendov-pochnuva-zimskoto-smetane-na-vremeto/ Wed, 25 Oct 2023 08:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=694749

Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври почнувa зимското сметање на времето, што значи дека во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

 

The post Да не заборавите да ги поместите стрелките на часовникот: Викендов почнува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>

Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври почнувa зимското сметање на времето, што значи дека во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.  

The post Да не заборавите да ги поместите стрелките на часовникот: Викендов почнува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>
Наскоро ни доаѓа зимското сметање на времето, еве кога треба да го поместиме часовникот! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/naskoro-ni-doaga-zimskoto-smetane-na-vremeto-eve-koga-treba-da-go-pomestime-chasovnikot/ Sat, 30 Sep 2023 12:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=686597

В сабота кон недела на полноќ (28 кон 29 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

The post Наскоро ни доаѓа зимското сметање на времето, еве кога треба да го поместиме часовникот! appeared first on Република.

]]>

В сабота кон недела на полноќ (28 кон 29 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад. Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

The post Наскоро ни доаѓа зимското сметање на времето, еве кога треба да го поместиме часовникот! appeared first on Република.

]]>
Ноќва се менуваат сказалките https://republika.mk/zivot/servisi/nokjva-se-menuvaat-skazalkite/ Sat, 29 Oct 2022 06:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=567040

Стрелките на часовникот ноќва во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад со што ќе започне зимското сметање на времето.

Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето по направените анализи дали да продолжи летното сметање на времето. Министерството за економија беше задолжено да ги направи сите потребни анализи за да се види дали доколку остане летното сметање на времето би можело да се заштеди струја и топлинска енергија.

Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 до 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија, информираа од Владата во вторникот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

The post Ноќва се менуваат сказалките appeared first on Република.

]]>

Стрелките на часовникот ноќва во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад со што ќе започне зимското сметање на времето. Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето по направените анализи дали да продолжи летното сметање на времето. Министерството за економија беше задолжено да ги направи сите потребни анализи за да се види дали доколку остане летното сметање на времето би можело да се заштеди струја и топлинска енергија.
Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 до 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија, информираа од Владата во вторникот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

The post Ноќва се менуваат сказалките appeared first on Република.

]]>
Нè чекаат тешки денови: И умот и телото си бараат баланс по преминување на зимското сметање на времето https://republika.mk/zivot/psihologija/ne-chekaat-teshki-denovi-i-umot-i-teloto-si-baraat-balans-po-preminuvanje-na-zimskoto-smetanje-na-vremeto/ Thu, 27 Oct 2022 09:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=566203

Во ноќта меѓу сабота и недела ќе ги вратиме стрелките на часовниците еден час наназад со што се означува крај на летното сметање на времето. Ова враќање се изедначува тенички со потенцијално додавање еден час сон, меѓутоа ресетирањето не е така лесно за нашите внатрешни часоцници, односно за деноноќниот ритам.

Оваа пракса на поместување на стрелките на часовникот нанапред во пролет, а потоа наназад на станадрдното време, во есен е првобитно замислено да ја оптимизира природната дневна светлина и е задржано до денес.

Здравјето и поместувањето на времето

Создавањето десинхронизација на часовниците на нашето тело двапати годишно е поврзано со зголемени здравствени ризици како депресија, дебелина, срцев удар, па дури и појава на сообраќајни незгоди.

Може да се каже дека дополнителен час ќе значи дека ќе спиеме подолго, но сепак тоа има влијание врз менталното и физичкото здравје. Jet lag може да ги „исфрли“ часовниците на нашето тело несинхронизирани.

Поместувањето на часовникот наназад влијае на деноноќниот ритам на телото – физички, ментални и промени во однесувањето.

Нашите тела очекуваат одредени работи да се случат во одредени периоди од денот (како спиење, будење и јадење) врз основа на сончевите сигнали и фактот дека ги правите тие работи одново и одново во исто време секој ден.

Кога ќе ја промените таа рутина, дури и на еден час, вашиот деноноќен ритам е малку исфрлен од колосек. Поточно, деноноќниот ритам станува малку несинхронизиран со времето на часовникот, што може да го отфрли времето на неколку дневни процеси што се случуваат во телото (како што се спиењето, варењето и кардиоваскуларното функционирање).

Ниско расположение и депресија

Во текот на есента и зимата, многу луѓе обично го поминуваат целиот ден во затворени простории на работа, училиште или дома. Кога ќе ги завршиме сите активности веќе е темно. Тоа значи дека помалку сме изложени на сонце, што ја намалува количината на витамин Д што го произведува нашето тело. Ниското ниво на витамин Д е поврзано со лошо расположение и депресија, како и со замор, болки во мускулите и ослабени коски. Нарушувањата на сонот исто така може да предизвикаат зголемен ризик од ментална болест. Губењето на еден час вечерна светлина може значително да влијае на нашето расположение.

Недостатокот на сончева светлина го потиснува производството на два важни хормони: мелатонин, кој поттикнува сон и серотонин, кој игра клучна улога во рамнотежата на расположението. Со други зборови, поголема е веројатноста да бидеме мрзливи и уморни во деновите по летното сметање на времето, додека не се навикнеме.

The post Нè чекаат тешки денови: И умот и телото си бараат баланс по преминување на зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>

Во ноќта меѓу сабота и недела ќе ги вратиме стрелките на часовниците еден час наназад со што се означува крај на летното сметање на времето. Ова враќање се изедначува тенички со потенцијално додавање еден час сон, меѓутоа ресетирањето не е така лесно за нашите внатрешни часоцници, односно за деноноќниот ритам. Оваа пракса на поместување на стрелките на часовникот нанапред во пролет, а потоа наназад на станадрдното време, во есен е првобитно замислено да ја оптимизира природната дневна светлина и е задржано до денес.

Здравјето и поместувањето на времето

Создавањето десинхронизација на часовниците на нашето тело двапати годишно е поврзано со зголемени здравствени ризици како депресија, дебелина, срцев удар, па дури и појава на сообраќајни незгоди. Може да се каже дека дополнителен час ќе значи дека ќе спиеме подолго, но сепак тоа има влијание врз менталното и физичкото здравје. Jet lag може да ги „исфрли“ часовниците на нашето тело несинхронизирани. Поместувањето на часовникот наназад влијае на деноноќниот ритам на телото – физички, ментални и промени во однесувањето. Нашите тела очекуваат одредени работи да се случат во одредени периоди од денот (како спиење, будење и јадење) врз основа на сончевите сигнали и фактот дека ги правите тие работи одново и одново во исто време секој ден. Кога ќе ја промените таа рутина, дури и на еден час, вашиот деноноќен ритам е малку исфрлен од колосек. Поточно, деноноќниот ритам станува малку несинхронизиран со времето на часовникот, што може да го отфрли времето на неколку дневни процеси што се случуваат во телото (како што се спиењето, варењето и кардиоваскуларното функционирање).

Ниско расположение и депресија

Во текот на есента и зимата, многу луѓе обично го поминуваат целиот ден во затворени простории на работа, училиште или дома. Кога ќе ги завршиме сите активности веќе е темно. Тоа значи дека помалку сме изложени на сонце, што ја намалува количината на витамин Д што го произведува нашето тело. Ниското ниво на витамин Д е поврзано со лошо расположение и депресија, како и со замор, болки во мускулите и ослабени коски. Нарушувањата на сонот исто така може да предизвикаат зголемен ризик од ментална болест. Губењето на еден час вечерна светлина може значително да влијае на нашето расположение. Недостатокот на сончева светлина го потиснува производството на два важни хормони: мелатонин, кој поттикнува сон и серотонин, кој игра клучна улога во рамнотежата на расположението. Со други зборови, поголема е веројатноста да бидеме мрзливи и уморни во деновите по летното сметање на времето, додека не се навикнеме.

The post Нè чекаат тешки денови: И умот и телото си бараат баланс по преминување на зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>
Стрелките на часовникот ќе се вратат назад, останува зимското сметање на времето https://republika.mk/zivot/servisi/strelkite-na-chasovnikot-kje-se-vratat-nazad-ostanuva-zimskoto-smetanje-na-vremeto/ Tue, 25 Oct 2022 13:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=565462

Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето.

Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане дологодишниот системот за промена на времето.

Иницијативата да не се менува часовната зона потекна пред две недели на седница на Владата, а веќе утредента премиерот Димитар Ковачевски изјави дека тој преферира да остане летното сметање на времето. Неколку дена подоцна министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека на министерството му б биле потребни и консулстации со МАНУ и Бирото за метеорологија. Веројатно и по тие консултации е дојдено до сознанието дека е подобро да остане зимското сметање на времето.

Инаку, Македонија во зоната „Гринич +1“, а со менување на часовната зона во „Гринич +2“ би влегла во источно - европската временска зона во која се Бугарија, Грција, Романија и други држави.

The post Стрелките на часовникот ќе се вратат назад, останува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>

Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето. Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане дологодишниот системот за промена на времето. Иницијативата да не се менува часовната зона потекна пред две недели на седница на Владата, а веќе утредента премиерот Димитар Ковачевски изјави дека тој преферира да остане летното сметање на времето. Неколку дена подоцна министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека на министерството му б биле потребни и консулстации со МАНУ и Бирото за метеорологија. Веројатно и по тие консултации е дојдено до сознанието дека е подобро да остане зимското сметање на времето. Инаку, Македонија во зоната „Гринич +1“, а со менување на часовната зона во „Гринич +2“ би влегла во источно - европската временска зона во која се Бугарија, Грција, Романија и други држави.

The post Стрелките на часовникот ќе се вратат назад, останува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>
Останува зимското сметање на времето https://republika.mk/vesti/makedonija/ostanuva-zimskoto-smetanje-na-vremeto/ Tue, 25 Oct 2022 12:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=565440

Нема да има промени во сметањето на времето, односно ноќта меѓу 29 и 30 октомври граѓаните во земјава повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад, објави „360 степени“.

„Нема промена во системот на сметање на времето“, одговориле од Владата за „360 степени“, а деталите ќе бидат споделени во соопштение по владина седница

Можноста за задржување на летното сметање на времето од „Илинденска“ бр. 2 дојде на почетокот на месецов, а задача од Владата да ја разгледа ваквата можност и да ги подготви потребни анализи и документи доби Министерството за економија.

Анализите, како што беше најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, требаше да бидат готови пред две недели, но тоа не се случи.

Во меѓувреме од Економија по ова прашање беше побарано мислење од Бирото за метеорологија и Македонската академија на науките уметностите (МАНУ).

 

The post Останува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>

Нема да има промени во сметањето на времето, односно ноќта меѓу 29 и 30 октомври граѓаните во земјава повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад, објави „360 степени“. „Нема промена во системот на сметање на времето“, одговориле од Владата за „360 степени“, а деталите ќе бидат споделени во соопштение по владина седница Можноста за задржување на летното сметање на времето од „Илинденска“ бр. 2 дојде на почетокот на месецов, а задача од Владата да ја разгледа ваквата можност и да ги подготви потребни анализи и документи доби Министерството за економија. Анализите, како што беше најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, требаше да бидат готови пред две недели, но тоа не се случи. Во меѓувреме од Економија по ова прашање беше побарано мислење од Бирото за метеорологија и Македонската академија на науките уметностите (МАНУ).  

The post Останува зимското сметање на времето appeared first on Република.

]]>