зимска депресија Archives - Република https://republika.mk/tema/zimska-depresija/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 15:24:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зимска депресија Archives - Република https://republika.mk/tema/zimska-depresija/ 32 32 Први знаци на зимска депресија https://republika.mk/zivot/zdravje/prvi-znatsi-na-zimska-depresija/ Sun, 07 Jan 2024 15:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=730144

Мрачните денови и намалената сончева светлина кај многу луѓе предизвикуваат т.н. зимски блуз, нарушување што не треба да го сфаќаме како лесно. Секоја година, неколку милиони луѓе доживуваат симптоми на летаргија, лошо расположение и безволност на почетокот на зимата, кои се вообичаени кај сезонското афективно растројство (САД). Познато и како зимска депресија, ова нарушување е многу почесто отколку што мислиме, а многу луѓе лесно ги занемаруваат неговите знаци, припишувајќи ги на зафатениот начин на живот и стресот на работа. Сепак, важно е сериозно да ги сфатиме неговите симптоми за да си помогнеме навреме со некои едноставни промени во животниот стил, кои ќе спречат влошување и влегување во тешка депресија.

Зимскиот блуз најверојатно е предизвикан од намалената дневна светлина, што го нарушува нашиот деноноќен ритам и предизвикува промени во расположението. Најчестите симптоми се промени во расположението и чести чувства на тага, вознемиреност и безволност, проследени со честа летаргија и губење интерес или задоволство во инаку омилените активности. Исто така, забележлив е постојан замор и недостиг од енергија и постојана желба за спиење, дури и по доволно сон.

Промените во тежината (намалување или зголемување) често се поврзуваат со промени во апетитот. Кога станува збор за други физички симптоми, може да се појават главоболки и други болки во телото, додека на психолошки план, лицето може да биде помалку самоуверено, да се чувствува безвредно и, соодветно, да биде повеќе склоно да се повлече во себе.

Исто така, иако овој период од годината нѐ повикува да останеме дома и да се завиткаме во топли ќебиња, важно е да останеме доследни на нашата вообичаена рутина, да одиме на спортски активности и да се собереме и да продолжиме да се занимаваме со нашето хоби. Она што може да ви помогне да останете доследни се навремените планови, како што се запишување на курс во кој уживате, набавка на соодветна зимска опрема за физички активности и поминување време со вашите најблиски.

 

The post Први знаци на зимска депресија appeared first on Република.

]]>

Мрачните денови и намалената сончева светлина кај многу луѓе предизвикуваат т.н. зимски блуз, нарушување што не треба да го сфаќаме како лесно. Секоја година, неколку милиони луѓе доживуваат симптоми на летаргија, лошо расположение и безволност на почетокот на зимата, кои се вообичаени кај сезонското афективно растројство (САД). Познато и како зимска депресија, ова нарушување е многу почесто отколку што мислиме, а многу луѓе лесно ги занемаруваат неговите знаци, припишувајќи ги на зафатениот начин на живот и стресот на работа. Сепак, важно е сериозно да ги сфатиме неговите симптоми за да си помогнеме навреме со некои едноставни промени во животниот стил, кои ќе спречат влошување и влегување во тешка депресија. Зимскиот блуз најверојатно е предизвикан од намалената дневна светлина, што го нарушува нашиот деноноќен ритам и предизвикува промени во расположението. Најчестите симптоми се промени во расположението и чести чувства на тага, вознемиреност и безволност, проследени со честа летаргија и губење интерес или задоволство во инаку омилените активности. Исто така, забележлив е постојан замор и недостиг од енергија и постојана желба за спиење, дури и по доволно сон. Промените во тежината (намалување или зголемување) често се поврзуваат со промени во апетитот. Кога станува збор за други физички симптоми, може да се појават главоболки и други болки во телото, додека на психолошки план, лицето може да биде помалку самоуверено, да се чувствува безвредно и, соодветно, да биде повеќе склоно да се повлече во себе. Исто така, иако овој период од годината нѐ повикува да останеме дома и да се завиткаме во топли ќебиња, важно е да останеме доследни на нашата вообичаена рутина, да одиме на спортски активности и да се собереме и да продолжиме да се занимаваме со нашето хоби. Она што може да ви помогне да останете доследни се навремените планови, како што се запишување на курс во кој уживате, набавка на соодветна зимска опрема за физички активности и поминување време со вашите најблиски.  

The post Први знаци на зимска депресија appeared first on Република.

]]>
Меланхоличноста во зима е нормална, но има разлика меѓу „зимски блуз“ и зимска депресија https://republika.mk/zivot/psihologija/melanholichnosta-vo-zima-e-normalna-no-ima-razlika-megu-zimski-bluz-i-zimska-depresija/ Sun, 03 Dec 2023 08:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=718821

Пократки денови, студено, темно … во зима обично ни паѓа расположението. Но, некои од нас развиваат и вистинска сезонска депресија. „Дојче веле“ прави анализа како да се препознае и што да се направи?

Додека да трепнеш, поминал денот. Ова често ни се случува во студениот, мрачен зимски период. Се чувствуваме уморни, исцрпени и безволни.

А како што се ближи крајот на годината и доаѓа време за ретроспектива, тоа сме позамислени и помеланхолични - не фаќа „зимскиот блуз“.

„Речиси сите го знаат тоа“, вели заменик директорката на Германската организација за помош во депресија, Инес Кеита.

Значи, ако е само послабо расположение, нема причина за грижа.

Зимската депресија е сезонска депресија која, за разлика од „зимскиот блуз“, треба лекување“, објаснува психологот Кеита.

Иако симптомите може да бидат слични, кај зимската депресија тие се многу поизразени и не се појавуваат само неколку денови, туку траат.

Кога го имаме „зимски блуз“, сè уште уживаме во многу работи, како посета на божиќниот пазар“, вели таа.

Од друга страна, оние кои страдаат од зимска депресија речиси повеќе не чувствуваат радост, немаат надеж и се повлекуваат од социјалните активности.

Според Кеита, единствената разлика помеѓу зимската депресија и „класичната“ депресија, освен сезонскиот карактер, е зголемената потреба за калории и повеќе сон.

Ова е нетипично за депресија, која обично е придружена со губење на апетит и нарушувања на спиењето“, вели таа.

„Светло за хибернација“

Според проценките на Германската организација за помош во депресија, околу еден до два отсто од луѓето во Германија страдаат од зимска депресија, што може со сигурност да се утврди само ако се повторува во студените и темни месеци.

Причините за таквата депресија се сложени и сè уште не се целосно истражени. Недостатокот на светлина веројатно игра значајна улога бидејќи го исфрла од рамнотежа нашиот биолошки часовник.

Дитер Кунц, берлински лекар специјализиран за нарушувања на сонот, смета дека со почетокот на студената сезона луѓето преминуваат во режим, кој вклучува заштеда на енергија, односно запаѓаат во еден вид „зимски сон“.

Отсекогаш било така, дури и кај нашите предци, кои се повлекувале во своите пештери за да заштедат енергија штом надвор било студено и темно“, вели тој.

Оттогаш, вели тој, живееме од нашите резерви на енергија – и ништо не се променило до денес. Ние исто така се приспособуваме на недостигот на светлина и падот на температурата забавувајќи ја својата физиологија.

Во зима еден час повеќе сон

Мерливо функционираме различно во лето и зима, без оглед дали тоа го забележуваме или не“, објаснува Кунц.

Најновите откритија покажуваат дека ни треба повеќе сон во студената сезона.

Возрасните во Берлин во просек спијат еден час повеќе во зима отколку во лето“, вели Кунц, кој го истражувал ова со неговиот тим.

Како што вели Кунц, длабокиот сон, кој е важен за регенерација, во зима трае половина час подолго.

Сепак, не сите луѓе кои наесен преминуваат на „штедлив“ начин на работа имаат доволно резерви во текот на зимата.

Штом резервите се потрошат, ние колабираме – и развиваме зимска депресија. За повеќето луѓе, ова не се случува до февруари или март“, вели Кунц.

Решение?

Превенција, односно скратување на зимскиот сон со продолжување на летото“, вели Кунц.

Повеќе светлина?

Но, не мора да патувате на југ неколку недели за да го впиете сонцето и да ги наполните батериите. Ова може да се направи и дома.

Штом ќе почне денот, треба да ја искористите целата природна светлина што можете да ја добиете, дури и сивите денови помагаат“, советува Кунц.

Во исто време, важно е да гледате во небото одвреме-навреме.

Ако треба да го поминете цел ден во канцеларија, може да ви помогнат така наречените „дневни светла“, кои имаат најмалку 10.000 лукс и се силни како дневна светлина.

Користењето на таква светилка од половина до еден час наутро прави чуда, велат експертите.

Особено ако гледате директно во светлината.

Светлосната терапија често се препорачува за лекување на зимска депресија. Како што е случајот со депресијата воопшто, може да се препише психотерапија или дури и лекови.

Ако мислите дека сте болни, треба да побарате стручна помош и да не се надевате на подобрување на пролет. Првата допирна точка е вашиот матичен лекар“, вели психологот Кеита.

Ова е исто така важно за да се разјасни дали се работи за зимска депресија или за класична.

The post Меланхоличноста во зима е нормална, но има разлика меѓу „зимски блуз“ и зимска депресија appeared first on Република.

]]>

Пократки денови, студено, темно … во зима обично ни паѓа расположението. Но, некои од нас развиваат и вистинска сезонска депресија. „Дојче веле“ прави анализа како да се препознае и што да се направи? Додека да трепнеш, поминал денот. Ова често ни се случува во студениот, мрачен зимски период. Се чувствуваме уморни, исцрпени и безволни. А како што се ближи крајот на годината и доаѓа време за ретроспектива, тоа сме позамислени и помеланхолични - не фаќа „зимскиот блуз“. „Речиси сите го знаат тоа“, вели заменик директорката на Германската организација за помош во депресија, Инес Кеита. Значи, ако е само послабо расположение, нема причина за грижа.
Зимската депресија е сезонска депресија која, за разлика од „зимскиот блуз“, треба лекување“, објаснува психологот Кеита.
Иако симптомите може да бидат слични, кај зимската депресија тие се многу поизразени и не се појавуваат само неколку денови, туку траат.
Кога го имаме „зимски блуз“, сè уште уживаме во многу работи, како посета на божиќниот пазар“, вели таа.
Од друга страна, оние кои страдаат од зимска депресија речиси повеќе не чувствуваат радост, немаат надеж и се повлекуваат од социјалните активности. Според Кеита, единствената разлика помеѓу зимската депресија и „класичната“ депресија, освен сезонскиот карактер, е зголемената потреба за калории и повеќе сон.
Ова е нетипично за депресија, која обично е придружена со губење на апетит и нарушувања на спиењето“, вели таа.

„Светло за хибернација“

Според проценките на Германската организација за помош во депресија, околу еден до два отсто од луѓето во Германија страдаат од зимска депресија, што може со сигурност да се утврди само ако се повторува во студените и темни месеци. Причините за таквата депресија се сложени и сè уште не се целосно истражени. Недостатокот на светлина веројатно игра значајна улога бидејќи го исфрла од рамнотежа нашиот биолошки часовник. Дитер Кунц, берлински лекар специјализиран за нарушувања на сонот, смета дека со почетокот на студената сезона луѓето преминуваат во режим, кој вклучува заштеда на енергија, односно запаѓаат во еден вид „зимски сон“.
Отсекогаш било така, дури и кај нашите предци, кои се повлекувале во своите пештери за да заштедат енергија штом надвор било студено и темно“, вели тој.
Оттогаш, вели тој, живееме од нашите резерви на енергија – и ништо не се променило до денес. Ние исто така се приспособуваме на недостигот на светлина и падот на температурата забавувајќи ја својата физиологија.

Во зима еден час повеќе сон

Мерливо функционираме различно во лето и зима, без оглед дали тоа го забележуваме или не“, објаснува Кунц.
Најновите откритија покажуваат дека ни треба повеќе сон во студената сезона.
Возрасните во Берлин во просек спијат еден час повеќе во зима отколку во лето“, вели Кунц, кој го истражувал ова со неговиот тим.
Како што вели Кунц, длабокиот сон, кој е важен за регенерација, во зима трае половина час подолго. Сепак, не сите луѓе кои наесен преминуваат на „штедлив“ начин на работа имаат доволно резерви во текот на зимата.
Штом резервите се потрошат, ние колабираме – и развиваме зимска депресија. За повеќето луѓе, ова не се случува до февруари или март“, вели Кунц.
Решение?
Превенција, односно скратување на зимскиот сон со продолжување на летото“, вели Кунц.

Повеќе светлина?

Но, не мора да патувате на југ неколку недели за да го впиете сонцето и да ги наполните батериите. Ова може да се направи и дома.
Штом ќе почне денот, треба да ја искористите целата природна светлина што можете да ја добиете, дури и сивите денови помагаат“, советува Кунц.
Во исто време, важно е да гледате во небото одвреме-навреме. Ако треба да го поминете цел ден во канцеларија, може да ви помогнат така наречените „дневни светла“, кои имаат најмалку 10.000 лукс и се силни како дневна светлина.
Користењето на таква светилка од половина до еден час наутро прави чуда, велат експертите.
Особено ако гледате директно во светлината. Светлосната терапија често се препорачува за лекување на зимска депресија. Како што е случајот со депресијата воопшто, може да се препише психотерапија или дури и лекови.
Ако мислите дека сте болни, треба да побарате стручна помош и да не се надевате на подобрување на пролет. Првата допирна точка е вашиот матичен лекар“, вели психологот Кеита.
Ова е исто така важно за да се разјасни дали се работи за зимска депресија или за класична.

The post Меланхоличноста во зима е нормална, но има разлика меѓу „зимски блуз“ и зимска депресија appeared first on Република.

]]>
Како со медитацијата да ја победиме зимската депресија? https://republika.mk/zivot/zdravje/kako-so-meditacijata-da-ja-pobedime-zimskata-depresija/ Sun, 04 Dec 2022 19:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=581787

Деновите се пократки, минуваме повеќе време во затворен простор, а сончевите зраци се поретки.

Што е зимска, односно сезонска депресија?

Тоа придонесува голем дел од луѓето да ги чувствуваат ефектите од т.н. зимска депресија. Дополнително, во овој период ги имаме и празниците кои не се најсреќниот период од годината за секој од нас. Според податоците, дури 20% од светската популација страда од овој вид на сезонска депресија, која настапува со промената на годишните времиња, кога деновите се потемни и постудени. Таа се појавува и исчезнува со различните нивоа на серотонин и мелатонин во нашето тело, хормони кои се одговорни за расположението и спиењето. Моментот кога нашето тело добива доволно светло и продолжува да ги лачи овие хормони, работите стануваат подобри.

Како се манифестира зимската депресија?

Намалена енергија
Проблеми со спиењето и несоница, како и проблеми со будењето
Промени во апетитот
Намален фокус и концентрација
Лошо чувство на вознемиреност
Намалена сексуална желба
Лоши мисли

Како медитацијата може да помогне во ова?

Хипокампус е дел од нашиот мозок кој е одговорен за меморијата и фокусот. Со медитацијата, докажано е дека овој дел се развива, а тоа придонесува и кон создавање на сива маса. Луѓето кои страдаат од депресија имаат значително помалку сива маса од останатите, па затоа постојат многу активности кои придонесуваат кон нејзиното создавање, вклучително и медитацијата.

Редовното практикување медитација може да придонесува за зајакнување на овој дел, како и намалување на ефектите од депресијата.

Дополнително, вагусниот дел е одговорен за регулација на емоциите. Практикувањето медитација придонесува за јакнење на овој дел од нашето тело. Тој се движи низ мозокот, преку лицето и вратот, до стомакот.

Редовното практикување медитација придонесува и за зголемување на нивото на будност во текот на денот. Тоа може значително да го подобри нашето расположение и да ни помогне да завршиме повеќе работи во текот на денот, наместо да се соочуваме со лошо расположение, слаба волја и мрзеливост. Според податоците, кога редовно практикуваме медитација, со текот на времето и полесно носиме одлуки, полесно запомнуваме важни податоци, но и полесно градиме социјални односи со другите луѓе.

На крајот, редовното практикување на депресија нè прави и поотпорни на стрес. Тоа не значи дека ние ќе бидеме отпорни на сè и сешто, туку нашиот одговор на мозокот ќе биде подобар во оние ситуации кои претходно нèправеле раздразливи или потажни.

Ако не сте сигурни дали ова може да ви помогне, обидете се да медитирате барем еднаш и да го забележите чувството на опуштање кое го имате по една 10-минутна медитација.

The post Како со медитацијата да ја победиме зимската депресија? appeared first on Република.

]]>

Деновите се пократки, минуваме повеќе време во затворен простор, а сончевите зраци се поретки. Што е зимска, односно сезонска депресија? Тоа придонесува голем дел од луѓето да ги чувствуваат ефектите од т.н. зимска депресија. Дополнително, во овој период ги имаме и празниците кои не се најсреќниот период од годината за секој од нас. Според податоците, дури 20% од светската популација страда од овој вид на сезонска депресија, која настапува со промената на годишните времиња, кога деновите се потемни и постудени. Таа се појавува и исчезнува со различните нивоа на серотонин и мелатонин во нашето тело, хормони кои се одговорни за расположението и спиењето. Моментот кога нашето тело добива доволно светло и продолжува да ги лачи овие хормони, работите стануваат подобри. Како се манифестира зимската депресија? Намалена енергија Проблеми со спиењето и несоница, како и проблеми со будењето Промени во апетитот Намален фокус и концентрација Лошо чувство на вознемиреност Намалена сексуална желба Лоши мисли Како медитацијата може да помогне во ова? Хипокампус е дел од нашиот мозок кој е одговорен за меморијата и фокусот. Со медитацијата, докажано е дека овој дел се развива, а тоа придонесува и кон создавање на сива маса. Луѓето кои страдаат од депресија имаат значително помалку сива маса од останатите, па затоа постојат многу активности кои придонесуваат кон нејзиното создавање, вклучително и медитацијата. Редовното практикување медитација може да придонесува за зајакнување на овој дел, како и намалување на ефектите од депресијата. Дополнително, вагусниот дел е одговорен за регулација на емоциите. Практикувањето медитација придонесува за јакнење на овој дел од нашето тело. Тој се движи низ мозокот, преку лицето и вратот, до стомакот. Редовното практикување медитација придонесува и за зголемување на нивото на будност во текот на денот. Тоа може значително да го подобри нашето расположение и да ни помогне да завршиме повеќе работи во текот на денот, наместо да се соочуваме со лошо расположение, слаба волја и мрзеливост. Според податоците, кога редовно практикуваме медитација, со текот на времето и полесно носиме одлуки, полесно запомнуваме важни податоци, но и полесно градиме социјални односи со другите луѓе. На крајот, редовното практикување на депресија нè прави и поотпорни на стрес. Тоа не значи дека ние ќе бидеме отпорни на сè и сешто, туку нашиот одговор на мозокот ќе биде подобар во оние ситуации кои претходно нèправеле раздразливи или потажни. Ако не сте сигурни дали ова може да ви помогне, обидете се да медитирате барем еднаш и да го забележите чувството на опуштање кое го имате по една 10-минутна медитација.

The post Како со медитацијата да ја победиме зимската депресија? appeared first on Република.

]]>