Деновите се пократки, минуваме повеќе време во затворен простор, а сончевите зраци се поретки.

Што е зимска, односно сезонска депресија?

Тоа придонесува голем дел од луѓето да ги чувствуваат ефектите од т.н. зимска депресија. Дополнително, во овој период ги имаме и празниците кои не се најсреќниот период од годината за секој од нас. Според податоците, дури 20% од светската популација страда од овој вид на сезонска депресија, која настапува со промената на годишните времиња, кога деновите се потемни и постудени. Таа се појавува и исчезнува со различните нивоа на серотонин и мелатонин во нашето тело, хормони кои се одговорни за расположението и спиењето. Моментот кога нашето тело добива доволно светло и продолжува да ги лачи овие хормони, работите стануваат подобри.

Како се манифестира зимската депресија?

Намалена енергија
Проблеми со спиењето и несоница, како и проблеми со будењето
Промени во апетитот
Намален фокус и концентрација
Лошо чувство на вознемиреност
Намалена сексуална желба
Лоши мисли

Како медитацијата може да помогне во ова?

Хипокампус е дел од нашиот мозок кој е одговорен за меморијата и фокусот. Со медитацијата, докажано е дека овој дел се развива, а тоа придонесува и кон создавање на сива маса. Луѓето кои страдаат од депресија имаат значително помалку сива маса од останатите, па затоа постојат многу активности кои придонесуваат кон нејзиното создавање, вклучително и медитацијата.

Редовното практикување медитација може да придонесува за зајакнување на овој дел, како и намалување на ефектите од депресијата.

Дополнително, вагусниот дел е одговорен за регулација на емоциите. Практикувањето медитација придонесува за јакнење на овој дел од нашето тело. Тој се движи низ мозокот, преку лицето и вратот, до стомакот.

Редовното практикување медитација придонесува и за зголемување на нивото на будност во текот на денот. Тоа може значително да го подобри нашето расположение и да ни помогне да завршиме повеќе работи во текот на денот, наместо да се соочуваме со лошо расположение, слаба волја и мрзеливост. Според податоците, кога редовно практикуваме медитација, со текот на времето и полесно носиме одлуки, полесно запомнуваме важни податоци, но и полесно градиме социјални односи со другите луѓе.

На крајот, редовното практикување на депресија нè прави и поотпорни на стрес. Тоа не значи дека ние ќе бидеме отпорни на сè и сешто, туку нашиот одговор на мозокот ќе биде подобар во оние ситуации кои претходно нèправеле раздразливи или потажни.

Ако не сте сигурни дали ова може да ви помогне, обидете се да медитирате барем еднаш и да го забележите чувството на опуштање кое го имате по една 10-минутна медитација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.