зима Archives - Република https://republika.mk/tema/zima/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 14:52:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зима Archives - Република https://republika.mk/tema/zima/ 32 32 Топли напитоци за зајакнување на имунитетот во зима https://republika.mk/zivot/zdravje/topli-napitotsi-za-zajaknuvane-na-imunitetot-vo-zima/ Sat, 06 Jan 2024 19:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=729996

Ладната, зимска атмосфера предизвикува потреба за топлина и удобност. Како што опаѓа температурата, топлите напитоци стануваат пријатно решение за зимскиот студ. Затоа здравствените експерти составија листа на примамливи топли пијалаци кои не само што штитат од зимскиот студ, туку нудат и бројни здравствени придобивки.

Кафе со цимет

Кафето со цимет служи како закрепнувачки пијалак кој го комбинира кофеинот во кафето со антиоксидантните придобивки од циметот. Овој моќен напиток помага во борбата против оксидативниот стрес и воспалението и го подобрува нашето здравје во студената сезона.

Билни чаеви

За оние кои бараат алтернативи без кофеин, билните чаеви како чај од нане или ѓумбир се одличен избор. Тие го подобруваат варењето и го регулираат крвниот притисок. Чајот од мед и ѓумбир, особено кога се подготвува со листови од босилек, го зајакнува имунолошкиот систем.

Златно млеко

Златното млеко или млекото од куркума со своите антивоспалителни својства е идеално за ублажување на воспалението на грлото и настинките. Веганска алтернатива може да се подготви од јаткасти плодови и семиња.

Топла вода со лимон

Топлата вода со лимон има голем број здравствени придобивки: ефикасно хидрира, богата е со витамин Ц, го поддржува варењето, поттикнува детоксикација и може благо да го забрза метаболизмот. За многу луѓе топлата вода со лимон е важен дел од нивната утринска рутина.

Иако овие пијалаци нудат мноштво здравствени придобивки, важно е да ги консумирате умерено. Препорачливо е да се консултирате со лекар пред да ги вклучите овие напитоци во вашата рутина.

 

The post Топли напитоци за зајакнување на имунитетот во зима appeared first on Република.

]]>

Ладната, зимска атмосфера предизвикува потреба за топлина и удобност. Како што опаѓа температурата, топлите напитоци стануваат пријатно решение за зимскиот студ. Затоа здравствените експерти составија листа на примамливи топли пијалаци кои не само што штитат од зимскиот студ, туку нудат и бројни здравствени придобивки. Кафе со цимет Кафето со цимет служи како закрепнувачки пијалак кој го комбинира кофеинот во кафето со антиоксидантните придобивки од циметот. Овој моќен напиток помага во борбата против оксидативниот стрес и воспалението и го подобрува нашето здравје во студената сезона. Билни чаеви За оние кои бараат алтернативи без кофеин, билните чаеви како чај од нане или ѓумбир се одличен избор. Тие го подобруваат варењето и го регулираат крвниот притисок. Чајот од мед и ѓумбир, особено кога се подготвува со листови од босилек, го зајакнува имунолошкиот систем. Златно млеко Златното млеко или млекото од куркума со своите антивоспалителни својства е идеално за ублажување на воспалението на грлото и настинките. Веганска алтернатива може да се подготви од јаткасти плодови и семиња. Топла вода со лимон Топлата вода со лимон има голем број здравствени придобивки: ефикасно хидрира, богата е со витамин Ц, го поддржува варењето, поттикнува детоксикација и може благо да го забрза метаболизмот. За многу луѓе топлата вода со лимон е важен дел од нивната утринска рутина. Иако овие пијалаци нудат мноштво здравствени придобивки, важно е да ги консумирате умерено. Препорачливо е да се консултирате со лекар пред да ги вклучите овие напитоци во вашата рутина.  

The post Топли напитоци за зајакнување на имунитетот во зима appeared first on Република.

]]>
Денеска е најкраткиот ден во годината, почна зимата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-najkratkiot-den-vo-godinata-pochna-zimata/ Fri, 22 Dec 2023 08:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=725539

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократки, а деновите подолги.

Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Петок, 22 декември, е 358-иот ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

 

The post Денеска е најкраткиот ден во годината, почна зимата appeared first on Република.

]]>

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократки, а деновите подолги. Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Петок, 22 декември, е 358-иот ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена. Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне до 6 степени.  

The post Денеска е најкраткиот ден во годината, почна зимата appeared first on Република.

]]>
Неколку совети за гумите за во зимските утра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nekolku-soveti-za-gumite-za-vo-zimskite-utra/ Mon, 27 Nov 2023 18:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=716865

Возачите зиме честопати се соочуваат со пречки во покренувањето на возилото наутро, поради „заглавени гуми“ коишто „шлајфуваат“. А, многупати, дури ни зимските гуми не го решаваат проблемот.

Ова се неколку совети како да ги надминете таквите проблеми.

Пред сѐ, ако тркалата се заглавени, со сила не бидува ништо.

Советот гласи: Се почнува прво со втора брзина, наместо со прва. Потоа, може да помогне и нишање на автомобилот напред - назад користејќи ги и квачилото и педалата за гасот наизменично, пишува „Сити магазин“ (City Magazine).

Ако и тоа не успее, тогаш возачот треба да излезе од возилото и да го исчисти снегот околу тркалата и евентуално од издувната цевка. Доколку има мраз под тркалата, тоа се крши полека, со тврд или остар предмет, внимавајќи на гумите.

Натаму, ако возилото има режими на возење, се избира оној „за снег / лизгаво“.

Последниот совет гласи: Поставете патосница веднаш пред погонските тркала - каква било подлога што не се лизга - нешто што ќе обезбеди подобра влечна сила под тркалата.

The post Неколку совети за гумите за во зимските утра appeared first on Република.

]]>

Возачите зиме честопати се соочуваат со пречки во покренувањето на возилото наутро, поради „заглавени гуми“ коишто „шлајфуваат“. А, многупати, дури ни зимските гуми не го решаваат проблемот. Ова се неколку совети како да ги надминете таквите проблеми. Пред сѐ, ако тркалата се заглавени, со сила не бидува ништо. Советот гласи: Се почнува прво со втора брзина, наместо со прва. Потоа, може да помогне и нишање на автомобилот напред - назад користејќи ги и квачилото и педалата за гасот наизменично, пишува „Сити магазин“ (City Magazine). Ако и тоа не успее, тогаш возачот треба да излезе од возилото и да го исчисти снегот околу тркалата и евентуално од издувната цевка. Доколку има мраз под тркалата, тоа се крши полека, со тврд или остар предмет, внимавајќи на гумите. Натаму, ако возилото има режими на возење, се избира оној „за снег / лизгаво“. Последниот совет гласи: Поставете патосница веднаш пред погонските тркала - каква било подлога што не се лизга - нешто што ќе обезбеди подобра влечна сила под тркалата.

The post Неколку совети за гумите за во зимските утра appeared first on Република.

]]>
Нè очекува долга и студена зима: Еве кога ќе падне и првиот снег https://republika.mk/zivot/servisi/ne-ochekuva-dolga-i-studena-zima-eve-koga-ke-padne-i-prviot-sneg/ Mon, 09 Oct 2023 08:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=689422

По врнежливо лето и топла есен, ќе дојде студена зима со многу врнежи, па првиот снег може да се очекува во декември, велат метеоролозите. Во следните денови, сепак ќе уживаме во вистинско лето, но октомври наскоро ни подготвува изненадување.

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ даде сезонска прогноза и откри какво време не очекува до крајот на годината.

– На почетокот на октомври поголемиот дел од Европа ќе биде под влијание на исландскиот циклон и африканскиот антициклон наречен „Аполо“ кој носи реални летни температури во западна и југозападна Европа, па така во Шпанија максималната ќе биде околу 35 степени – вели Ристиќ и додава:
– Кон крајот на првата недела од октомври, поларниот вител пристигнува во Северна Европа и носи студен арктички воздух, но и првите снегулки. Ладниот арктички воздух ќе се движи кон исток и југоисток и до крајот на првата декада на октомври ќе го зафати поголемиот дел од Источна Европа. Првиот снег се очекува во Скандинавија, балтичките земји и европскиот дел на Русија.
Балканскиот регион ќе биде на границата на сите овие системи, но не би било изненадување доколку до тука дојде дел од студениот воздух и условите за првото есенско заладување се засилат. Во секој случај, по 12 октомври, студениот воздух од источна Европа полека ќе го отстапи местото на потоплиот воздух од запад, а температурите повторно ќе се покачуваат кај нас и во источна Европа.

Што се однесува до температурите во првите дваесетина дена од октомври, највисоките дневни температури ќе бидат претежно од 20 до 28 степени.

– Утрата ќе бидат свежи со температури од 10 до 15 степени по котлините каде ќе биде магливо. Доколку околу 10 октомври има продор на постуден воздух од север и североисток, што не е невозможно, највисоката дневна температура во тој период ќе биде од 15 до 19 степени, а утринската ќе се спушти од 5 до 10 степени – најавува Ристиќ.
По ова краткотрајно заладување, највисоките температури повторно ќе се искачат и ќе се движат над 20 степени.

– Врнежите во првите 20 дена од октомври ќе бидат мали, а претежно ослабените бранови на малку посвеж воздух ќе предизвикаат проодна облачност и краткотрајно зголемен ветер – посочува метеорологот.
Топло во ноември

Според најавата на Ристиќ, третата декада на октомври и почетокот на ноември го носат крајот на „есенското лето“ и промена на синоптичката состојба, па така сè повеќе облаци ќе се движат кон нашиот регион и ќе ги донесат првите вистински есенски дождови.

– Трендот на врнежлива есен ќе продолжи и во ноември, така што поради големото количество дожд во одредени денови се очекуваат поројни поплави. Тие се јавуваат кога количината на врнежи за кратко време надминува 20 mm во населените места и 40 mm во планинските предели – објаснува Ристиќ и додава:
– Температурата ќе биде календарска и постепено ќе се намалува во текот на ноември од 2 до 8 утрински, а највисоката дневна од 7 до 15 степени. Поларниот вртлог годинава ќе биде слаб и поделен на три дела. Едниот ќе биде над Северна Америка, вториот над Сибир, а третиот, најважен за нас, над северна Европа. Ова ќе отвори можност зимата 2023/2024 да биде како што ја имавме досега, дека температурите ќе бидат во нормални граници и многу снег ќе донесат циклони со центри во јужниот дел на Јадранот и Егејското Море – објаснуваат од метеоролог. Според сегашните прогнози, првата снежна покривка во Србија се очекува во средината на декември, иако нема да бидеме изненадени ако падне порано.
Времето во декември

Во декември се очекува малку сонце и многу облачност и ниска облачност на места, како и магла, а продолжува трендот на повеќе врнежи, но сега и од снег.

– Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, а максималните дневни температури од 2 до 7 степени. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи се очекува слаб и умерен мраз од -10 до -5 и максимална температура околу 0 степени – најави Ристиќ.
Прогноза за јануари

Најстудениот, но и најснежниот период оваа зима ќе биде крајот на декември и првата половина на јануари.

– Во јануари 2024 година очекуваме сосема поинакво сценарио од лани кога седевме во кафулињата за Нова година – вели метеорологот Ристиќ.

The post Нè очекува долга и студена зима: Еве кога ќе падне и првиот снег appeared first on Република.

]]>

По врнежливо лето и топла есен, ќе дојде студена зима со многу врнежи, па првиот снег може да се очекува во декември, велат метеоролозите. Во следните денови, сепак ќе уживаме во вистинско лето, но октомври наскоро ни подготвува изненадување. Српскиот метеоролог Иван Ристиќ даде сезонска прогноза и откри какво време не очекува до крајот на годината. – На почетокот на октомври поголемиот дел од Европа ќе биде под влијание на исландскиот циклон и африканскиот антициклон наречен „Аполо“ кој носи реални летни температури во западна и југозападна Европа, па така во Шпанија максималната ќе биде околу 35 степени – вели Ристиќ и додава: – Кон крајот на првата недела од октомври, поларниот вител пристигнува во Северна Европа и носи студен арктички воздух, но и првите снегулки. Ладниот арктички воздух ќе се движи кон исток и југоисток и до крајот на првата декада на октомври ќе го зафати поголемиот дел од Источна Европа. Првиот снег се очекува во Скандинавија, балтичките земји и европскиот дел на Русија. Балканскиот регион ќе биде на границата на сите овие системи, но не би било изненадување доколку до тука дојде дел од студениот воздух и условите за првото есенско заладување се засилат. Во секој случај, по 12 октомври, студениот воздух од источна Европа полека ќе го отстапи местото на потоплиот воздух од запад, а температурите повторно ќе се покачуваат кај нас и во источна Европа. Што се однесува до температурите во првите дваесетина дена од октомври, највисоките дневни температури ќе бидат претежно од 20 до 28 степени. – Утрата ќе бидат свежи со температури од 10 до 15 степени по котлините каде ќе биде магливо. Доколку околу 10 октомври има продор на постуден воздух од север и североисток, што не е невозможно, највисоката дневна температура во тој период ќе биде од 15 до 19 степени, а утринската ќе се спушти од 5 до 10 степени – најавува Ристиќ. По ова краткотрајно заладување, највисоките температури повторно ќе се искачат и ќе се движат над 20 степени. – Врнежите во првите 20 дена од октомври ќе бидат мали, а претежно ослабените бранови на малку посвеж воздух ќе предизвикаат проодна облачност и краткотрајно зголемен ветер – посочува метеорологот. Топло во ноември Според најавата на Ристиќ, третата декада на октомври и почетокот на ноември го носат крајот на „есенското лето“ и промена на синоптичката состојба, па така сè повеќе облаци ќе се движат кон нашиот регион и ќе ги донесат првите вистински есенски дождови. – Трендот на врнежлива есен ќе продолжи и во ноември, така што поради големото количество дожд во одредени денови се очекуваат поројни поплави. Тие се јавуваат кога количината на врнежи за кратко време надминува 20 mm во населените места и 40 mm во планинските предели – објаснува Ристиќ и додава: – Температурата ќе биде календарска и постепено ќе се намалува во текот на ноември од 2 до 8 утрински, а највисоката дневна од 7 до 15 степени. Поларниот вртлог годинава ќе биде слаб и поделен на три дела. Едниот ќе биде над Северна Америка, вториот над Сибир, а третиот, најважен за нас, над северна Европа. Ова ќе отвори можност зимата 2023/2024 да биде како што ја имавме досега, дека температурите ќе бидат во нормални граници и многу снег ќе донесат циклони со центри во јужниот дел на Јадранот и Егејското Море – објаснуваат од метеоролог. Според сегашните прогнози, првата снежна покривка во Србија се очекува во средината на декември, иако нема да бидеме изненадени ако падне порано. Времето во декември Во декември се очекува малку сонце и многу облачност и ниска облачност на места, како и магла, а продолжува трендот на повеќе врнежи, но сега и од снег. – Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, а максималните дневни температури од 2 до 7 степени. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи се очекува слаб и умерен мраз од -10 до -5 и максимална температура околу 0 степени – најави Ристиќ. Прогноза за јануари Најстудениот, но и најснежниот период оваа зима ќе биде крајот на декември и првата половина на јануари. – Во јануари 2024 година очекуваме сосема поинакво сценарио од лани кога седевме во кафулињата за Нова година – вели метеорологот Ристиќ.

The post Нè очекува долга и студена зима: Еве кога ќе падне и првиот снег appeared first on Република.

]]>
Попоски прогнозира: Октомври ќе е жешко, но затоа зимата… https://republika.mk/zivot/servisi/poposki-prognozira-oktomvri-ke-e-zheshko-no-zatoa-zimata/ Sun, 01 Oct 2023 15:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=686849

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека температурите ќе бидат натпросечно високи, а врнежите ќе бидат под просекот, прогнозира Славчо Попоски.

Вели дека сепак повремено може да се очекува прилив на поголем влажен воздушен бран кој би условил и поинтензивни врнежи од дожд.

Се на се, така нареченото “Мини лето” ќе продолжи и во текот на овој месец, а вие ваквото прекрасно време максимално искористете го за правење на зимница. Температурите во следните денови наутро ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 13 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени. Првичните анализи пак за зимата 2023/2024 укажуваат на тоа дека ќе имаме повеќе врнежи од снег, но ќе биде и постудена за разлика од изминатите години, нагласува Попоски

The post Попоски прогнозира: Октомври ќе е жешко, но затоа зимата… appeared first on Република.

]]>

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека температурите ќе бидат натпросечно високи, а врнежите ќе бидат под просекот, прогнозира Славчо Попоски. Вели дека сепак повремено може да се очекува прилив на поголем влажен воздушен бран кој би условил и поинтензивни врнежи од дожд.
Се на се, така нареченото “Мини лето” ќе продолжи и во текот на овој месец, а вие ваквото прекрасно време максимално искористете го за правење на зимница. Температурите во следните денови наутро ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 13 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени. Првичните анализи пак за зимата 2023/2024 укажуваат на тоа дека ќе имаме повеќе врнежи од снег, но ќе биде и постудена за разлика од изминатите години, нагласува Попоски

The post Попоски прогнозира: Октомври ќе е жешко, но затоа зимата… appeared first on Република.

]]>
Какво време не очекува оваа зима? Објавени првите долгорочни прогнози https://republika.mk/zivot/servisi/kakvo-vreme-ne-ochekuva-ovaa-zima-objaveni-prvite-dolgorochni-prognozi/ Thu, 07 Sep 2023 13:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=679712

Веб-страницата Severe Weather ги објави метеоролошките прогнози за зимата 2023/2024 година. Како што откриваат, Ел Нино ќе има големо влијание на времето, но ги носи и првите прогнози за врнежи оваа зима.

Студената фаза се нарекува Ла Нина, додека топлата фаза се нарекува Ел Нино. Моментално сме во фаза на засилување на Ел Нино, кој ќе биде во својот врв во текот на зимската сезона, но слабеење на Ел Нино се очекува во текот на пролетната сезона.

Што точно значи ова за зимски услови и снежни врнежи? Иако Ел Нино има многу поголемо влијание врз Северна Америка, неговите ефекти барем индиректно стигнуваат до Европа.

Снег во Европа
За Европа се предвидуваат слаби врнежи од снег. Поголемиот дел од континентот, според сегашните слики, би требало да има помалку снежни врнежи од вообичаено, освен за Алпите и делови од Скандинавија.

Зимската прогноза покажува и претежно потпросечен снег низ Европа. Посилно влијание на фронтот може да се очекува на Алпите и на северот на Балканот, па дури и на повисоките височини во северна Европа.

Прогнозата за снег за декември покажува значително зголемување на врнежите во делови од централна Европа и накратко во јужна Англија.

Сликата за јануари е сосема поинаква. Се очекуваат многу повеќе врнежи, вклучително и во поголем дел од континентална Европа, но подетално, повеќе се очекуваат на истокот од континентот, но помалку на запад.

Поголемиот дел од континентот се очекува да има помалку снежни врнежи од вообичаено, освен во некои централни и северни делови, пишува Severe Weather.

The post Какво време не очекува оваа зима? Објавени првите долгорочни прогнози appeared first on Република.

]]>

Веб-страницата Severe Weather ги објави метеоролошките прогнози за зимата 2023/2024 година. Како што откриваат, Ел Нино ќе има големо влијание на времето, но ги носи и првите прогнози за врнежи оваа зима. Студената фаза се нарекува Ла Нина, додека топлата фаза се нарекува Ел Нино. Моментално сме во фаза на засилување на Ел Нино, кој ќе биде во својот врв во текот на зимската сезона, но слабеење на Ел Нино се очекува во текот на пролетната сезона. Што точно значи ова за зимски услови и снежни врнежи? Иако Ел Нино има многу поголемо влијание врз Северна Америка, неговите ефекти барем индиректно стигнуваат до Европа. Снег во Европа За Европа се предвидуваат слаби врнежи од снег. Поголемиот дел од континентот, според сегашните слики, би требало да има помалку снежни врнежи од вообичаено, освен за Алпите и делови од Скандинавија. Зимската прогноза покажува и претежно потпросечен снег низ Европа. Посилно влијание на фронтот може да се очекува на Алпите и на северот на Балканот, па дури и на повисоките височини во северна Европа. Прогнозата за снег за декември покажува значително зголемување на врнежите во делови од централна Европа и накратко во јужна Англија. Сликата за јануари е сосема поинаква. Се очекуваат многу повеќе врнежи, вклучително и во поголем дел од континентална Европа, но подетално, повеќе се очекуваат на истокот од континентот, но помалку на запад. Поголемиот дел од континентот се очекува да има помалку снежни врнежи од вообичаено, освен во некои централни и северни делови, пишува Severe Weather.

The post Какво време не очекува оваа зима? Објавени првите долгорочни прогнози appeared first on Република.

]]>
Оваа зима во Европа била втора најтопла во историјата https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ovaa-zima-vo-evropa-bila-vtora-najtopla-vo-istorijata/ Wed, 08 Mar 2023 18:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=617460

Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на мерењата во 1979 година, објави Службата за мониторинг на климата на ЕУ, додека посуви од просечните услови се забележани во големи делови од Западна и Југоисточна Европа, како и во руските региони.

Многу повисоки температури од просекот се измерени во Источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Коперник.

Температурите биле под просекот на Пиринејскиот Полуостров.

Според извештајот, најтопла зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година.

На глобално ниво, овогодинешниот февруари беше петти најтопол откако се вршат мерењата, според Коперник.

Поголемиот дел од Европа имаше натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард, додава службата на ЕУ.

Свалбард е архипелаг помеѓу норвешкото копно и Северниот пол.

The post Оваа зима во Европа била втора најтопла во историјата appeared first on Република.

]]>

Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на мерењата во 1979 година, објави Службата за мониторинг на климата на ЕУ, додека посуви од просечните услови се забележани во големи делови од Западна и Југоисточна Европа, како и во руските региони. Многу повисоки температури од просекот се измерени во Источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Коперник. Температурите биле под просекот на Пиринејскиот Полуостров. Според извештајот, најтопла зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година. На глобално ниво, овогодинешниот февруари беше петти најтопол откако се вршат мерењата, според Коперник.
Поголемиот дел од Европа имаше натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард, додава службата на ЕУ.
Свалбард е архипелаг помеѓу норвешкото копно и Северниот пол.

The post Оваа зима во Европа била втора најтопла во историјата appeared first on Република.

]]>
Следува период на променливо облачно време https://republika.mk/zivot/servisi/sleduva-period-na-promenlivo-oblachno-vreme/ Thu, 12 Jan 2023 10:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=596109

УХМР информира дека следува период на променливо облачно време, повремено со услови за појава на утринска магла по котлините.

Во сабота ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег.

Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР.

The post Следува период на променливо облачно време appeared first on Република.

]]>

УХМР информира дека следува период на променливо облачно време, повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Во сабота ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег. Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР.

The post Следува период на променливо облачно време appeared first on Република.

]]>
Зимските бебиња се раѓаат поголеми од летните, а прославуваат и 100-ти роденден https://republika.mk/zivot/semejstvo/zimskite-bebina-se-ragaat-pogolemi-od-letnite-a-proslavuvaat-i-100-ti-rodenden/ Mon, 02 Jan 2023 12:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=592769

Според неодамнешното истражување кое го разгледувало раѓањето на бебињата во различни периоди од годината, откриено е дека бебињата родени во зимските месеци се поголеми.

Истражувачите од Харвард и Универзитетот во Квинсленд во Австралија проучувале популација од седумгодишни деца и откриле дека бебињата родени во текот на зимските месеци се потешки и имаат поголем обем на главата. Исто така, откриено е дека зимските бебиња се посмирени и се однесуваат поучтиво.

Тим на истражувачи од Оксфорд открил дека овие деца имаат поголеми шанси да заболат од мултиплекс склероза, бидејќи во текот на зимата добиваат помала количина на витамин Д, па нивните коски се послаби.

Овој недостаток може да се поврзе и со ниска апсорпција на витамин Д додека фетусот е сè уште во утробата.

Научниците од Универзитетот Принстон тврдат дека бебињата зачнати во мај имаат поголеми шанси да се родат предвреме.

Интересното е што бебињата кои се родени околу божиќните празници имаат шанса да живеат околу 100 години.

The post Зимските бебиња се раѓаат поголеми од летните, а прославуваат и 100-ти роденден appeared first on Република.

]]>

Според неодамнешното истражување кое го разгледувало раѓањето на бебињата во различни периоди од годината, откриено е дека бебињата родени во зимските месеци се поголеми. Истражувачите од Харвард и Универзитетот во Квинсленд во Австралија проучувале популација од седумгодишни деца и откриле дека бебињата родени во текот на зимските месеци се потешки и имаат поголем обем на главата. Исто така, откриено е дека зимските бебиња се посмирени и се однесуваат поучтиво. Тим на истражувачи од Оксфорд открил дека овие деца имаат поголеми шанси да заболат од мултиплекс склероза, бидејќи во текот на зимата добиваат помала количина на витамин Д, па нивните коски се послаби. Овој недостаток може да се поврзе и со ниска апсорпција на витамин Д додека фетусот е сè уште во утробата. Научниците од Универзитетот Принстон тврдат дека бебињата зачнати во мај имаат поголеми шанси да се родат предвреме. Интересното е што бебињата кои се родени околу божиќните празници имаат шанса да живеат околу 100 години.

The post Зимските бебиња се раѓаат поголеми од летните, а прославуваат и 100-ти роденден appeared first on Република.

]]>
Eсен во зима: Денеска 19 степени https://republika.mk/zivot/servisi/esen-vo-zima-deneska-19-stepeni/ Fri, 16 Dec 2022 06:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=586244

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

В сабота ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите

The post Eсен во зима: Денеска 19 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени. В сабота ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите

The post Eсен во зима: Денеска 19 степени appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на најголемата енергетска криза: Не очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина https://republika.mk/zivot/servisi/vo-presret-na-najgolemata-energetska-kriza-ne-ochekuva-relativno-poblaga-zima-so-povekje-izgledi-za-sneg-vo-vtorata-polovina/ Tue, 11 Oct 2022 08:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=559606

Во услови на енергетска криза во која државите се соочени со предизвикот да обезбедат доволни количини на енергенси и електрична енергија, се наметнува прашањето каква зима не очекува. Метеоролозите, според сезонските изгледи, предвидуваат генерално поблага зима од просечната.

Во првата половина од зимата очекувањата се дека ќе има малку поладно, стабилно и релативно суво време со услови за магла по котлините и зголемено аерозагадување посебно во котлините и во урбаните средини, но не се исклучува можноста и за повремени продори на ладен воздух и ладни фронтови. Во втората половина на зимата постои поголема веројатност за врнежи, кога се очекува и повеќе снег во југоисточна Европа на повисоките планини (југоисточна Србија, северните делови од Албанија, северозападните делови од Македонија).

Ова е генералниот заклучок од деталната анализа за сезонските изгледи на времето во претстојната зима што ја изработи д-р Владо Спиридонов, професор по метеорологија на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје во соработка со Рада Аврамовска и Александра Стевков од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во разговор за МИА, професорот Спиридонов посочува дека во првата половина од зимата има зголемена веројатност за појава на релативно стабилно, студено, мирно и суво време. По котлините, долините и Скопското градско подрачје можно е да се формира магла и зголемено аерозагадување, но не се исклучува и можноста за повремени продори на ладен воздух и фронтална активност со подинамички атмосферски услови, врнежи и ветрови.

Во прилог на ова оди феноменот „Ла Ниња”, ладна фаза на климатскиот циклус ENSO и потпросечни температури на површината на морето (SST), во централниот и источниот тропски Тихи Океан. Овој мод на климатската варијабилност има влијание врз долгорочната временска прогноза во одделни региони на светот и Европа. Дополнително, неутралната, кон негативна фаза на североатлантскиот индекс NAO во однос на отстапување на полето на притисокот, статусот на поларниот вртлог и млазните струи, исто така даваат изгледи за умерена до постудена прва половина од зимскиот циклус, со постигнатни временски услови и постепена трансформација во поблага зима со поголема веројатност за снег во втората половина. Аналогната прогноза, како новина во сезонските прогнози во Велика Британија, оди во прилог кон овие сезонски изгледи. Имено, четири од петте најзначајни членови на аналогниот индекс упатуваат на поблаги зими од просечните - вели Спиридонов.

Според климатските податоци од УХМР повторно се фаворизираат просечни до поблаги услови. Оваа година досега немало постуден месец од просечниот.

Земајќи го горе наведеното, шансата за релативно блага сезона е поголема од просечната. Сигналот за врнежите е многу послаб, иако во втората половина на зимскиот циклус постои поголема веројатност за врнежи, кога се очекува и повеќе снег во југоисточна Европа на повисоките планини - оценува Спиридонов.

Во однос на температурите, очекувањата се дека тие ќе бидат за малку над просекот. Во анализата се посочува дека повеќето атмосферско-климатски (сезонски) модели за претстојната зима (декември-јануари-февруари) даваат изгледи за повисоки температури во однос на просекот, а и сезонските проценки на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето ЕCMWF, упатуваат на натпросечни вредности во северните и без отстапување во јужните делови.

Предвидувањата се дека до средината на зимата, поголем дел од Европа ќе има помала висина на снежната покривка, а веќе во втората половина на зимата во одредени области од централна и западна Европа ќе има повеќе врнежи од снег.

Анализирајќи по месеци, декемвриската прогноза за врнежи од снег покажува силни негативни аномалии. Ова најверојатно се должи на полето на висок воздушен притисок над Европскиот континент, стагнатно, суво и релативно студено време кое не дозволува многу сценарија за врнежи од снег и формирање подебела снежна покривка. Се предвидува дека поголемиот дел од Европа ќе има помала длабочина на снег до средината на зимата. Со попуштањето на Ла Ниња и NAO во втората половина на зимата постепено се менува состојбата така што во одредени области на централна и западна Европа во јануари, а уште повеќе во февруари, покажуваат повеќе снежни врнежи во делови од централна Европа, но не се исклучува и појавата на мразеви. Но, повеќето од другите делови се прогнозираат со помалку врнежи од снег последниот зимски месец, се посочува во анализата.

Освртот за сезонските изгледи на времето во претстојната зима е направен врз основа на моменталната состојба на климата, вклучувајќи ја распределбата на воздушните маси, основната атмосферска и океанска циркулација, температурата на површината на океаните и морињата….

The post Во пресрет на најголемата енергетска криза: Не очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина appeared first on Република.

]]>

Во услови на енергетска криза во која државите се соочени со предизвикот да обезбедат доволни количини на енергенси и електрична енергија, се наметнува прашањето каква зима не очекува. Метеоролозите, според сезонските изгледи, предвидуваат генерално поблага зима од просечната. Во првата половина од зимата очекувањата се дека ќе има малку поладно, стабилно и релативно суво време со услови за магла по котлините и зголемено аерозагадување посебно во котлините и во урбаните средини, но не се исклучува можноста и за повремени продори на ладен воздух и ладни фронтови. Во втората половина на зимата постои поголема веројатност за врнежи, кога се очекува и повеќе снег во југоисточна Европа на повисоките планини (југоисточна Србија, северните делови од Албанија, северозападните делови од Македонија). Ова е генералниот заклучок од деталната анализа за сезонските изгледи на времето во претстојната зима што ја изработи д-р Владо Спиридонов, професор по метеорологија на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје во соработка со Рада Аврамовска и Александра Стевков од Управата за хидрометеоролошки работи. Во разговор за МИА, професорот Спиридонов посочува дека во првата половина од зимата има зголемена веројатност за појава на релативно стабилно, студено, мирно и суво време. По котлините, долините и Скопското градско подрачје можно е да се формира магла и зголемено аерозагадување, но не се исклучува и можноста за повремени продори на ладен воздух и фронтална активност со подинамички атмосферски услови, врнежи и ветрови.
Во прилог на ова оди феноменот „Ла Ниња”, ладна фаза на климатскиот циклус ENSO и потпросечни температури на површината на морето (SST), во централниот и источниот тропски Тихи Океан. Овој мод на климатската варијабилност има влијание врз долгорочната временска прогноза во одделни региони на светот и Европа. Дополнително, неутралната, кон негативна фаза на североатлантскиот индекс NAO во однос на отстапување на полето на притисокот, статусот на поларниот вртлог и млазните струи, исто така даваат изгледи за умерена до постудена прва половина од зимскиот циклус, со постигнатни временски услови и постепена трансформација во поблага зима со поголема веројатност за снег во втората половина. Аналогната прогноза, како новина во сезонските прогнози во Велика Британија, оди во прилог кон овие сезонски изгледи. Имено, четири од петте најзначајни членови на аналогниот индекс упатуваат на поблаги зими од просечните - вели Спиридонов.
Според климатските податоци од УХМР повторно се фаворизираат просечни до поблаги услови. Оваа година досега немало постуден месец од просечниот.
Земајќи го горе наведеното, шансата за релативно блага сезона е поголема од просечната. Сигналот за врнежите е многу послаб, иако во втората половина на зимскиот циклус постои поголема веројатност за врнежи, кога се очекува и повеќе снег во југоисточна Европа на повисоките планини - оценува Спиридонов.
Во однос на температурите, очекувањата се дека тие ќе бидат за малку над просекот. Во анализата се посочува дека повеќето атмосферско-климатски (сезонски) модели за претстојната зима (декември-јануари-февруари) даваат изгледи за повисоки температури во однос на просекот, а и сезонските проценки на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето ЕCMWF, упатуваат на натпросечни вредности во северните и без отстапување во јужните делови. Предвидувањата се дека до средината на зимата, поголем дел од Европа ќе има помала висина на снежната покривка, а веќе во втората половина на зимата во одредени области од централна и западна Европа ќе има повеќе врнежи од снег. Анализирајќи по месеци, декемвриската прогноза за врнежи од снег покажува силни негативни аномалии. Ова најверојатно се должи на полето на висок воздушен притисок над Европскиот континент, стагнатно, суво и релативно студено време кое не дозволува многу сценарија за врнежи од снег и формирање подебела снежна покривка. Се предвидува дека поголемиот дел од Европа ќе има помала длабочина на снег до средината на зимата. Со попуштањето на Ла Ниња и NAO во втората половина на зимата постепено се менува состојбата така што во одредени области на централна и западна Европа во јануари, а уште повеќе во февруари, покажуваат повеќе снежни врнежи во делови од централна Европа, но не се исклучува и појавата на мразеви. Но, повеќето од другите делови се прогнозираат со помалку врнежи од снег последниот зимски месец, се посочува во анализата. Освртот за сезонските изгледи на времето во претстојната зима е направен врз основа на моменталната состојба на климата, вклучувајќи ја распределбата на воздушните маси, основната атмосферска и океанска циркулација, температурата на површината на океаните и морињата….

The post Во пресрет на најголемата енергетска криза: Не очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина appeared first on Република.

]]>
Првиот снег ни доаѓа за брзо? Метеоролозите откриваат каква зима е пред нас https://republika.mk/zivot/servisi/prviot-sneg-ni-doagja-za-brzo-meteorolozite-otkrivaat-kakva-zima-e-pred-nas/ Wed, 05 Oct 2022 08:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=557508

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата.

Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на денот мраз не се најавува.

Октомври

Октомври според предвидувањата ќе биде исполнет со температури кои наутро ќе се спуштаат околу нула но затоа во текот на денот редовно ќе достигнуваат 20 степени. Практично времето ќе биде речи си исто какво што е во моментов.

Врнежи барем според тоа како сега стои ситуацијата не се очекуваат. Втората половина од месецот ќе имаме пониски температури но падот ќе биде за два до три степени од тоа што го имаме во моментов.

Ноември

Ноември се очекува да донесе повеќе облаци и повеќе врнежи кои во втората половина од месецот можеби ќе се префрлат и во снежни врнежи во котлините.
На почетокот на месецот се најавува облачно и врнежливо време и спуштање на температурите. Првата половина од ноември ќе имаме утрински температури околу 0 степени и максимални дневни температури кои ќе се движат околу 10 степени.

По врнежите на стартот од месецот, се очекува постабилно време се до крајот на првата половина.

Некаде во третата недела од ноември се очекува наоблачување кои ќе донесе прво врнежи од дожд а потоа и услови за снег. Температурите наутро ќе бидат неколку степени под нулата а во текот на денот едноцифрени.

Декември

Декември ќе почне исто онака како што почна и ноември. Ќе имаме врнежливо време со температури кои наутро нема да бидат под нула поради облачноста но во текот на денот ретко ќе поминуваат 10 степени. Слична ќе биде и втората недела од декември со тоа што ќе имаме и спуштање на температурите кои во одредени денови нема да се искачат над 5 степени. Втората половина од декември ќе донесе повеќе врнежи и услови аз снежни врнежи во котлините кои можеби и ќе се задржат на земјата.

Десетина дена пред Нова Година се очекува цела недела да имаме врнежи кои ќе почнат како врнежи од дожд за потоа да продолжат во снежни врнежи. Во овој период ќе имаме утрински температури кои ќе се спуштаат и до минус 10 а дневни кои ќе се движат околу нулата.

The post Првиот снег ни доаѓа за брзо? Метеоролозите откриваат каква зима е пред нас appeared first on Република.

]]>

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на денот мраз не се најавува.

Октомври

Октомври според предвидувањата ќе биде исполнет со температури кои наутро ќе се спуштаат околу нула но затоа во текот на денот редовно ќе достигнуваат 20 степени. Практично времето ќе биде речи си исто какво што е во моментов. Врнежи барем според тоа како сега стои ситуацијата не се очекуваат. Втората половина од месецот ќе имаме пониски температури но падот ќе биде за два до три степени од тоа што го имаме во моментов.

Ноември

Ноември се очекува да донесе повеќе облаци и повеќе врнежи кои во втората половина од месецот можеби ќе се префрлат и во снежни врнежи во котлините. На почетокот на месецот се најавува облачно и врнежливо време и спуштање на температурите. Првата половина од ноември ќе имаме утрински температури околу 0 степени и максимални дневни температури кои ќе се движат околу 10 степени. По врнежите на стартот од месецот, се очекува постабилно време се до крајот на првата половина. Некаде во третата недела од ноември се очекува наоблачување кои ќе донесе прво врнежи од дожд а потоа и услови за снег. Температурите наутро ќе бидат неколку степени под нулата а во текот на денот едноцифрени.

Декември

Декември ќе почне исто онака како што почна и ноември. Ќе имаме врнежливо време со температури кои наутро нема да бидат под нула поради облачноста но во текот на денот ретко ќе поминуваат 10 степени. Слична ќе биде и втората недела од декември со тоа што ќе имаме и спуштање на температурите кои во одредени денови нема да се искачат над 5 степени. Втората половина од декември ќе донесе повеќе врнежи и услови аз снежни врнежи во котлините кои можеби и ќе се задржат на земјата. Десетина дена пред Нова Година се очекува цела недела да имаме врнежи кои ќе почнат како врнежи од дожд за потоа да продолжат во снежни врнежи. Во овој период ќе имаме утрински температури кои ќе се спуштаат и до минус 10 а дневни кои ќе се движат околу нулата.

The post Првиот снег ни доаѓа за брзо? Метеоролозите откриваат каква зима е пред нас appeared first on Република.

]]>
Нема зима за Германија, имаат гас https://republika.mk/vesti/svet/nema-zima-za-germanija-imaat-gas/ Tue, 20 Sep 2022 14:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=552635

Германските складишта за природен гас се полни повеќе од 90 отсто и покрај тоа што Русија го прекина снабдувањето преку главниот гасовод, соопштија тамошните власти.

Шефот на мрежниот регулатор Клаус Милер на Твитер напиша дека е постигната уште една цел во складиштата за гас, што отвора простор за управување во сите потенцијални итни ситуации. И покрај тоа, тој додаде дека е неопходно да се штеди гас.

Германија нареди магацинот да биде полн 75 отсто до 1 септември и ги зголеми целите за октомври и ноември на 85 и 95 отсто, соодветно, од претходните 80 и 90 отсто.

Ноемвриската цел е приближно еднаква на количеството гас што Германија го користеше во јануари и февруари оваа година, кога температурите беа релативно благи.

Германската влада ги заостри условите за складирање во јули, откако рускиот државен нафтен гигант Газпром почна да го намалува снабдувањето преку Северен тек 1, што придонесе за повисоки цени на гасот. Од крајот на август Русија целосно го запре протокот на гас.

Иако руската страна изјави дека причината е од техничка природа, германските власти ја отфрлаат и наведуваат дека тоа е политичка одлука во екот на тензиите поради воведувањето на западните санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

Русија претходно сочинуваше нешто повеќе од една третина од испораките на гас на Германија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека земјата е во добра позиција да ја помине зимата со доволно енергија.

 

The post Нема зима за Германија, имаат гас appeared first on Република.

]]>

Германските складишта за природен гас се полни повеќе од 90 отсто и покрај тоа што Русија го прекина снабдувањето преку главниот гасовод, соопштија тамошните власти. Шефот на мрежниот регулатор Клаус Милер на Твитер напиша дека е постигната уште една цел во складиштата за гас, што отвора простор за управување во сите потенцијални итни ситуации. И покрај тоа, тој додаде дека е неопходно да се штеди гас. Германија нареди магацинот да биде полн 75 отсто до 1 септември и ги зголеми целите за октомври и ноември на 85 и 95 отсто, соодветно, од претходните 80 и 90 отсто. Ноемвриската цел е приближно еднаква на количеството гас што Германија го користеше во јануари и февруари оваа година, кога температурите беа релативно благи. Германската влада ги заостри условите за складирање во јули, откако рускиот државен нафтен гигант Газпром почна да го намалува снабдувањето преку Северен тек 1, што придонесе за повисоки цени на гасот. Од крајот на август Русија целосно го запре протокот на гас. Иако руската страна изјави дека причината е од техничка природа, германските власти ја отфрлаат и наведуваат дека тоа е политичка одлука во екот на тензиите поради воведувањето на западните санкции против Русија поради инвазијата на Украина. Русија претходно сочинуваше нешто повеќе од една третина од испораките на гас на Германија. Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека земјата е во добра позиција да ја помине зимата со доволно енергија.  

The post Нема зима за Германија, имаат гас appeared first on Република.

]]>
Зимата доаѓа, време е да се преселите во Русија https://republika.mk/zivot/patuvanja/zimata-doagja-vreme-e-da-se-preselite-vo-rusija/ Fri, 29 Jul 2022 12:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=534667

Русите објавија видео во кое ги повикуваат луѓето да ја поминат претстојната зима во нивната земја.

Ова е Русија, земја на вкусна кујна, убави жени, евтин бензин, богата историја, светски позната литература, уникатна архитектура, црнила, евтина енергија и вода, балет, евтини такси и достава, традиционални вредности, христијанство и разноврсна култура, гостопримство , вотка, економија која поддржува илјадници луѓе и покрај санкциите.

 

Време е да се преселите во Русија! Не одложувајте... зимата доаѓа - се порачува во видеото.

The post Зимата доаѓа, време е да се преселите во Русија appeared first on Република.

]]>

Русите објавија видео во кое ги повикуваат луѓето да ја поминат претстојната зима во нивната земја.
Ова е Русија, земја на вкусна кујна, убави жени, евтин бензин, богата историја, светски позната литература, уникатна архитектура, црнила, евтина енергија и вода, балет, евтини такси и достава, традиционални вредности, христијанство и разноврсна култура, гостопримство , вотка, економија која поддржува илјадници луѓе и покрај санкциите.   Време е да се преселите во Русија! Не одложувајте... зимата доаѓа - се порачува во видеото.

The post Зимата доаѓа, време е да се преселите во Русија appeared first on Република.

]]>
Власта најавува најтешка зима на енергетски план https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-najavuva-najteshka-zima-na-energetski-plan/ Thu, 28 Jul 2022 06:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=534048

Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а при крај е набавката на потребните количини на мазут и јаглен. Се апелира и до граѓаните и до институциите да штедат струја.

Од ЕСМ уверуваат дека целосно ќе ги задоволат потребите на ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕПСО. Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека сите неопходни набавки се направени навремено и по поволни цени. За набавка на досега испорачаниот мазут потрошени се околу 25 милиони евра, а за јагленот околу 30 милиони евра. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија, како што вчера изјави Ковачевски, ќе се увезе, но тоа според него, би биле многу мали количини.

– Имаме доволно количини и одговорно може да тврдам дека како држава во моментов набавуваме јаглен со најниска цена во регионот. За набавка на мазут имаме склучено договор уште во март за 140 илјади тони. Од нив, досега се испорачани околу 35 илјади тони, а во наредните три месеци треба да се испорачаат уште 105 илјади тони. АД ЕСМ досега стопроцентно ги задоволува потребите за електрична енергија на регулираниот пазар и немаше потреба од набавка на струја од увоз. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија тогаш ќе увеземе, но тоа ќе бидат многу мали количини. Согласно планот за производство се предвидува до април стопроцентно да ги испорачаме сите потреби за енергија за ЕВН Хоум, Електродистрибуција и за МЕПСО, рече Ковачевски по средбата со Македонската енергетска асоцијација.

Сега пристигнуваат количества јаглен од набавките кои се вршени во март, април и мај за кои се склучени договори, а според директорот на ЕСМ дополнително ќе се набават нови количества што ќе се испорачуваат од ноември до април. Просечната цена за набавениот јаглен, како што изјави, е од 55 до 62 евра по тон, а на берзата чини од 90 до 120 евра за тон.

Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети кои произведуваат електрична енергија. Покрај двата блока на РЕК Битола, се очекува во функција да биде ставен и третиот блок за кој е склучен договор за набавка на нов трансформатор и се поправа и стариот. Како што изјави Ковачевски, очекувањата се дека во октомври ќе биде ставен во функција.

– Со почетокот на грејната сезона РЕК „Битола“ ќе биде стопроцентно во функција и ќе произведува електрична енергија максимално со трите блокови. РЕК „Осломеј“ во моментов е во застој и се работи на ремонтните активности. Во рок од 60 дена ќе се подготви за функционирање во наредната грејна сезона и се очекува во текот на септември да биде ставен во функција. За двата капацитети работиме на зголемен ископ на сопствен јаглен и во Битола и во Осломеј, паралелно на тоа се извршени набавки и се склучени договори за испорака на јаглен од Грција и Албанија. Се прават напори за набавка на дополнителни количини на јаглен од Косово, рече Ковачевски.

Со прогласувањето на кризната состојба во август се очекува да почнат да се имплементираат и барањата на бизнис секторот – во текот на зимата да не се затворат границите за увоз на електрична енергија и тоа Владата да го искомуницира со Србија и Бугарија, да се зголеми производството на електрична енергија – ТЕЦ „Неготино“ и „Те-То“ да работат во зима, а мазутот да се пушти на слободниот пазар, како и да им се овозможи на капацитетите од лесната незагадувачка индустрија полесно и легално да поставуваат фотоволтаици.

Заменик-претседателот на Стопанската комора и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев вчера побара од институциите да овозможат 40-тината инсталирани мегавати во фотоволтаици и мали електрани што побрзо да се приклучат на електроенергетскиот систем, зашто секој мегават, како што рече, е „чисто злато“ и многу значаен за државата.

Се апелира и до граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да се насочи кон стопанството. Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика и опозицијата да биде конструктивна и да овозможи реализирање на мерките за поддршка на стопанството.

– За да се усвои уредба, мора прво да се прогласи енергетска криза. Без тоа, уредби и мерки не може да усвои Владата. А ако поминат 30 дена од тоа прогласување, тогаш тоа треба да го направи Собранието каде како одговорни политичари кои сме ја добиле довербата од граѓаните, треба да им олесниме на институциите и индустријата и да го ублажиме негатиовниот ефект. И опозицијата да се вклучи, го повикав Мицкоски, ако треба и кај нив ќе одиме и во Собрание можеме да дискутираме за вакви работи. Овие одлуки не се носат за ништо друго, само за да и се излезе во пресрет на индустријата, изјави вчера Бектеши по состанокот во МЕА.

The post Власта најавува најтешка зима на енергетски план appeared first on Република.

]]>

Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а при крај е набавката на потребните количини на мазут и јаглен. Се апелира и до граѓаните и до институциите да штедат струја. Од ЕСМ уверуваат дека целосно ќе ги задоволат потребите на ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕПСО. Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека сите неопходни набавки се направени навремено и по поволни цени. За набавка на досега испорачаниот мазут потрошени се околу 25 милиони евра, а за јагленот околу 30 милиони евра. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија, како што вчера изјави Ковачевски, ќе се увезе, но тоа според него, би биле многу мали количини.
– Имаме доволно количини и одговорно може да тврдам дека како држава во моментов набавуваме јаглен со најниска цена во регионот. За набавка на мазут имаме склучено договор уште во март за 140 илјади тони. Од нив, досега се испорачани околу 35 илјади тони, а во наредните три месеци треба да се испорачаат уште 105 илјади тони. АД ЕСМ досега стопроцентно ги задоволува потребите за електрична енергија на регулираниот пазар и немаше потреба од набавка на струја од увоз. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија тогаш ќе увеземе, но тоа ќе бидат многу мали количини. Согласно планот за производство се предвидува до април стопроцентно да ги испорачаме сите потреби за енергија за ЕВН Хоум, Електродистрибуција и за МЕПСО, рече Ковачевски по средбата со Македонската енергетска асоцијација.
Сега пристигнуваат количества јаглен од набавките кои се вршени во март, април и мај за кои се склучени договори, а според директорот на ЕСМ дополнително ќе се набават нови количества што ќе се испорачуваат од ноември до април. Просечната цена за набавениот јаглен, како што изјави, е од 55 до 62 евра по тон, а на берзата чини од 90 до 120 евра за тон. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети кои произведуваат електрична енергија. Покрај двата блока на РЕК Битола, се очекува во функција да биде ставен и третиот блок за кој е склучен договор за набавка на нов трансформатор и се поправа и стариот. Како што изјави Ковачевски, очекувањата се дека во октомври ќе биде ставен во функција. – Со почетокот на грејната сезона РЕК „Битола“ ќе биде стопроцентно во функција и ќе произведува електрична енергија максимално со трите блокови. РЕК „Осломеј“ во моментов е во застој и се работи на ремонтните активности. Во рок од 60 дена ќе се подготви за функционирање во наредната грејна сезона и се очекува во текот на септември да биде ставен во функција. За двата капацитети работиме на зголемен ископ на сопствен јаглен и во Битола и во Осломеј, паралелно на тоа се извршени набавки и се склучени договори за испорака на јаглен од Грција и Албанија. Се прават напори за набавка на дополнителни количини на јаглен од Косово, рече Ковачевски. Со прогласувањето на кризната состојба во август се очекува да почнат да се имплементираат и барањата на бизнис секторот – во текот на зимата да не се затворат границите за увоз на електрична енергија и тоа Владата да го искомуницира со Србија и Бугарија, да се зголеми производството на електрична енергија – ТЕЦ „Неготино“ и „Те-То“ да работат во зима, а мазутот да се пушти на слободниот пазар, како и да им се овозможи на капацитетите од лесната незагадувачка индустрија полесно и легално да поставуваат фотоволтаици. Заменик-претседателот на Стопанската комора и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев вчера побара од институциите да овозможат 40-тината инсталирани мегавати во фотоволтаици и мали електрани што побрзо да се приклучат на електроенергетскиот систем, зашто секој мегават, како што рече, е „чисто злато“ и многу значаен за државата. Се апелира и до граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да се насочи кон стопанството. Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика и опозицијата да биде конструктивна и да овозможи реализирање на мерките за поддршка на стопанството.
– За да се усвои уредба, мора прво да се прогласи енергетска криза. Без тоа, уредби и мерки не може да усвои Владата. А ако поминат 30 дена од тоа прогласување, тогаш тоа треба да го направи Собранието каде како одговорни политичари кои сме ја добиле довербата од граѓаните, треба да им олесниме на институциите и индустријата и да го ублажиме негатиовниот ефект. И опозицијата да се вклучи, го повикав Мицкоски, ако треба и кај нив ќе одиме и во Собрание можеме да дискутираме за вакви работи. Овие одлуки не се носат за ништо друго, само за да и се излезе во пресрет на индустријата, изјави вчера Бектеши по состанокот во МЕА.

The post Власта најавува најтешка зима на енергетски план appeared first on Република.

]]>
Среде зима се гаснел пожар во шума во Сарај https://republika.mk/vesti/crna-hronika/srede-zima-se-gasnel-pozar-vo-shuma-vo-saraj/ Sun, 30 Jan 2022 18:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=451662

На 29.01.2022 во 18.00 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека помеѓу с. Ласкарци и с. Буковиќ настанал пожар при што горела нискостеблеста шума.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. На местото излегла екипа од Полициското одделение Сарај.

The post Среде зима се гаснел пожар во шума во Сарај appeared first on Република.

]]>

На 29.01.2022 во 18.00 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека помеѓу с. Ласкарци и с. Буковиќ настанал пожар при што горела нискостеблеста шума. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. На местото излегла екипа од Полициското одделение Сарај.

The post Среде зима се гаснел пожар во шума во Сарај appeared first on Република.

]]>
Зимата ги покажува забите: Во Маврово и Берово утрово -20 степени https://republika.mk/zivot/servisi/zimata-gi-pokazuva-zabite-vo-mavrovo-i-berovo-utrovo-20-stepeni/ Tue, 25 Jan 2022 07:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=448998

Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени.

Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

The post Зимата ги покажува забите: Во Маврово и Берово утрово -20 степени appeared first on Република.

]]>

Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени. Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15. Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

The post Зимата ги покажува забите: Во Маврово и Берово утрово -20 степени appeared first on Република.

]]>
Сончево време со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито https://republika.mk/zivot/servisi/sonchevo-vreme-so-mala-do-umerena-oblachnost-mnogu-studeno-i-vetrovito/ Sun, 23 Jan 2022 07:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=448257

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста и провејување на слаб снег, утре на северот, а во понеделник во западните планински делови.

The post Сончево време со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени. Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 2 степени. Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста и провејување на слаб снег, утре на северот, а во понеделник во западните планински делови.

The post Сончево време со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито appeared first on Република.

]]>