Живата соба Archives - Република https://republika.mk/tema/zhivata-soba/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Nov 2023 16:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Живата соба Archives - Република https://republika.mk/tema/zhivata-soba/ 32 32 Промоција на книгата „Живата соба“ од авторките Биљана Копрова и Благица Ваниќ https://republika.mk/zivot/psihologija/promotsija-na-knigata-zhivata-soba-od-avtorkite-bilana-koprova-i-blagitsa-vanik/ Sat, 04 Nov 2023 16:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=698205

Гешталт тренинг институтот - Советувалиштето за хумана соработка, денеска во Скопје на конференцијата „Живата соба“ прослави 25 години од своето постоење. Според организаторките, идејата за оваа конференција настанува благодарение на живите соби во кои многумина ги поделиле своите животни приказни и трансформации. Во воведното обраќање Биљана Копрова специјалист по медицинска психологија, прв гешталт тренер во државата и основачка на Советувалиштето за хумана соработка и Македонската асоцијација за гешталт терапија – Контакт даде осврт на историјата на психотерапијата во Македонија.

Во времето на Југославија не постоеше приватна пракса и ни недостигаше вистинска едукација, а подоцна кога почнавме да работиме приватно наидовме на голем отпор од населението. Денес после 25 години работа можам да кажам дека оваа професија нема работно време. Ние ја живееме нашата професија со нашите клиенти, а живиот контакт е нешто незаменливо. Кога седиме очи во очи со нашиот клиент ниедна теорија не е важна, колку што е важен човечкиот контакт и процесот кој се случува во сигурна и безбедна средина.“

Извршната директорка на Советувалиште за хумана соработка д-р Благица Ваниќ гешталт тренер, терапевтка и супервизорка и Претседателка на Македонската асоцијација за Гешталт терапија-Контакт зборуваше за факторите кои помогнале овој институт да постои и денеска.

Советувалиштето денеска си изгради своја успешна приказна и имаме можеби најголем број на едуканти досега. Никогаш не сме имале системска поддршка, но ја подигаме свеста, зборуваме за професијата а во сето тоа опстојавме со грижа и поддршка“, истакна д-р Ваниќ.

Конференцијата ќе трае два дена (04.11 и 05.11) а на истата излагање ќе имаат повеќе гешталт терапевтки кои едукацијата ја завршиле токму во овој институт.

Дополнително, во недела на 05.11 со почеток од 16:00 часот во просториите на Seavus Accelerator club ќе се одржи промоција на книгата „Живата соба“ од авторките Биљана Копрова и Благица Ваниќ. Книгата претставува длабоко истражување на терапевтското патување во кое секоја од двете коавторки носи уникатна перспектива на дијалогот. Промоцијата на книгата е од отворен карактер.

The post Промоција на книгата „Живата соба“ од авторките Биљана Копрова и Благица Ваниќ appeared first on Република.

]]>

Гешталт тренинг институтот - Советувалиштето за хумана соработка, денеска во Скопје на конференцијата „Живата соба“ прослави 25 години од своето постоење. Според организаторките, идејата за оваа конференција настанува благодарение на живите соби во кои многумина ги поделиле своите животни приказни и трансформации. Во воведното обраќање Биљана Копрова специјалист по медицинска психологија, прв гешталт тренер во државата и основачка на Советувалиштето за хумана соработка и Македонската асоцијација за гешталт терапија – Контакт даде осврт на историјата на психотерапијата во Македонија.
Во времето на Југославија не постоеше приватна пракса и ни недостигаше вистинска едукација, а подоцна кога почнавме да работиме приватно наидовме на голем отпор од населението. Денес после 25 години работа можам да кажам дека оваа професија нема работно време. Ние ја живееме нашата професија со нашите клиенти, а живиот контакт е нешто незаменливо. Кога седиме очи во очи со нашиот клиент ниедна теорија не е важна, колку што е важен човечкиот контакт и процесот кој се случува во сигурна и безбедна средина.“
Извршната директорка на Советувалиште за хумана соработка д-р Благица Ваниќ гешталт тренер, терапевтка и супервизорка и Претседателка на Македонската асоцијација за Гешталт терапија-Контакт зборуваше за факторите кои помогнале овој институт да постои и денеска.
Советувалиштето денеска си изгради своја успешна приказна и имаме можеби најголем број на едуканти досега. Никогаш не сме имале системска поддршка, но ја подигаме свеста, зборуваме за професијата а во сето тоа опстојавме со грижа и поддршка“, истакна д-р Ваниќ.
Конференцијата ќе трае два дена (04.11 и 05.11) а на истата излагање ќе имаат повеќе гешталт терапевтки кои едукацијата ја завршиле токму во овој институт. Дополнително, во недела на 05.11 со почеток од 16:00 часот во просториите на Seavus Accelerator club ќе се одржи промоција на книгата „Живата соба“ од авторките Биљана Копрова и Благица Ваниќ. Книгата претставува длабоко истражување на терапевтското патување во кое секоја од двете коавторки носи уникатна перспектива на дијалогот. Промоцијата на книгата е од отворен карактер.  

The post Промоција на книгата „Живата соба“ од авторките Биљана Копрова и Благица Ваниќ appeared first on Република.

]]>
Дводневна конференција „Живата соба“ за емоциналниот багаж кој сите го носиме https://republika.mk/zivot/psihologija/dvodnevna-konferentsija-zhivata-soba-za-emotsinalniot-bagazh-koj-site-go-nosime/ Fri, 03 Nov 2023 15:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=697862

На четврти и петти ноември годинава, со почеток во 10 часот, во Сеавус едукативен и развоен центар (Акцелератор), ќе се одржи дводневна Конференција „Живата соба“ во организација на Советувалиште за хумана соработка-Гешталт тренинг институт, по повод 25 години од своето постоење.

„Со што доаѓам на терапија?“ „Што носам во мојот куфер?“ „Колку труд, енергија и сила вложувам за да не го отворам?“. Овие прашања го опфаќаат емоционалниот багаж што сите го носиме, често затворен и отпорен на ранливоста на отварањето.

Настанот има за цел да даде сеопфатно разбирање за хипер-социјализираните општества на 21 век, каде што живеме во време во кое сè е роботизирано, а разликите едноставно не се толерираат.

Овој настан е уникатна можност да слушнете повеќе за позадината на Гешталт терапијата. Ќе се зборува за тоа како да ја задржиме автентичноста во хипер-социјализираните општества, но и како да се навлезе подлабоко во сржта на терапевтскиот однос, најавува организаторот.

На настанот ќе има повеќе излагања, три работилници и промоција на книгата Живата соба“ - коавторство на две психотерапевтки, Билјана Копрова клинички психолог и основач на Гешталт центарот и Благица Ваниќ, Гешталт терапевт и супервизор, управител на Гешталт центарот и професор по клиничка пракса на Универзитетот Американ колеџ.

The post Дводневна конференција „Живата соба“ за емоциналниот багаж кој сите го носиме appeared first on Република.

]]>

На четврти и петти ноември годинава, со почеток во 10 часот, во Сеавус едукативен и развоен центар (Акцелератор), ќе се одржи дводневна Конференција „Живата соба“ во организација на Советувалиште за хумана соработка-Гешталт тренинг институт, по повод 25 години од своето постоење. „Со што доаѓам на терапија?“ „Што носам во мојот куфер?“ „Колку труд, енергија и сила вложувам за да не го отворам?“. Овие прашања го опфаќаат емоционалниот багаж што сите го носиме, често затворен и отпорен на ранливоста на отварањето. Настанот има за цел да даде сеопфатно разбирање за хипер-социјализираните општества на 21 век, каде што живеме во време во кое сè е роботизирано, а разликите едноставно не се толерираат.