зголемени Archives - Република https://republika.mk/tema/zgolemeni/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 14:01:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зголемени Archives - Република https://republika.mk/tema/zgolemeni/ 32 32 Дел од маркетите ги зголемиле цените https://republika.mk/vesti/ekonomija/del-od-marketite-gi-zgolemile-tsenite/ Fri, 01 Mar 2024 14:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=750089

Првичните информации од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат, откако од денеска повеќе не важи одлуката на Владата за „гарантирани цени“ на дел од прехранбените производи.

Од Пазарниот инспекторат велат дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираат на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало.

Она што исто така го имам како информација е дека снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало со тоа што се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на мало и на трговците на големо со цел доколку има простор и можност цените да ги остават на истото ниво, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Вели дека не можат да влијаат на цените, но верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.

- Од тоа што го видов во изминатиот период дека неколку големи трговци на маркети како општествено одговорни дадоа дополнителни намалувања на дополнителни прехранбени производи коишто не беа опфатени со одлуката на Владата, верувам дека тоа ќе се случи и сега, а граѓаните ќе одлучат во кој од нив ќе пазарат, бидејќи не можеме да спречиме доколку цената на лебот од 29 денари порасне на 35 денари, рече Трајковски.

Она што во следниот период ќе го контролила Пазарниот инспекторат, како што појасни Трајковски, е дали се почитуваат Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачи, односно дали соодветно се води трговска евиденција, дали потрошувачите евентуално се доведени во заблуда, една цена на рафт, една цена на каса, реалност на попустите и слично.

Во текот на вчерашниот ден, инспекторите на Пазарниот инспекторат направиле контрола во сите големи ланци на маркети низ државата по однос на одлуките на Владата, но за резултатите, како што рече Трајковски, мора да се причека додека надзорите не завршат во целост.

- Надзорите се пообемни и ќе траат три до четири дена, а од првичните информации утврдено е дека има одредени прекршоци но ќе почекаме да завршат надзорите во целост и да ги соопштиме конечните податоци, рече Трајковски.

 

The post Дел од маркетите ги зголемиле цените appeared first on Република.

]]>

Првичните информации од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат, откако од денеска повеќе не важи одлуката на Владата за „гарантирани цени“ на дел од прехранбените производи. Од Пазарниот инспекторат велат дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираат на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало.
Она што исто така го имам како информација е дека снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало со тоа што се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на мало и на трговците на големо со цел доколку има простор и можност цените да ги остават на истото ниво, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Вели дека не можат да влијаат на цените, но верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи. - Од тоа што го видов во изминатиот период дека неколку големи трговци на маркети како општествено одговорни дадоа дополнителни намалувања на дополнителни прехранбени производи коишто не беа опфатени со одлуката на Владата, верувам дека тоа ќе се случи и сега, а граѓаните ќе одлучат во кој од нив ќе пазарат, бидејќи не можеме да спречиме доколку цената на лебот од 29 денари порасне на 35 денари, рече Трајковски. Она што во следниот период ќе го контролила Пазарниот инспекторат, како што појасни Трајковски, е дали се почитуваат Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачи, односно дали соодветно се води трговска евиденција, дали потрошувачите евентуално се доведени во заблуда, една цена на рафт, една цена на каса, реалност на попустите и слично. Во текот на вчерашниот ден, инспекторите на Пазарниот инспекторат направиле контрола во сите големи ланци на маркети низ државата по однос на одлуките на Владата, но за резултатите, како што рече Трајковски, мора да се причека додека надзорите не завршат во целост.
- Надзорите се пообемни и ќе траат три до четири дена, а од првичните информации утврдено е дека има одредени прекршоци но ќе почекаме да завршат надзорите во целост и да ги соопштиме конечните податоци, рече Трајковски.
 

The post Дел од маркетите ги зголемиле цените appeared first on Република.

]]>
„Го зголемивме бројот на автобуси“ – „Не лажи“: Тензична и напната атмосфера во Советот на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/go-zgolemivme-brojot-na-avtobusi-ne-lazi-tenzichna-i-napnata-atmosfera-vo-sovetot-na-grad-skopje/ Mon, 28 Nov 2022 19:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=579348

Во бурна и напната атмосфера, со довикувања и надвикувања, на денешната седница за советнички прашања советниците од сите политички партии во Советот на Град Скопје бараа одговори од градоначалничката Данела Арсовска и од директорот на ЈСП „Скопје“ Александар Стојковски. Советниците прашуваа зошто не се плаќа долгот на приватните превозници, поради што тие престанаа да возат и нема доволно автобуси на улиците, па со саати се чекаат возила на постојките. Превозниците денеска направија вистински хаос во градот со својата блокада на крстосницата кај Судска Палата, каде паркираа повеќе од 30 автобуси.

Градоначалничката и директорот на ЈСП повторно истакнаа дека за време на нејзиниот мандат возниот парк на ЈСП бил зголемен за двојно повеќе автобуси, а како што посочи директор на ЈСП, можеби некому му пречи тоа што што ЈСП станува вистински сервис на граѓаните и станува подобар превозник од приватните превозници.

ЈСП на почетокот на овој мандат работеше со 140 исправни возила. Во изминатите 12 месеци се ставија во функција 270 исправни возила. Мојот впечаток е дека сите ние тука сме да го штитиме јавниот интерес. Доколку треба да го штитиме приватен интерес и приватни џебови, тоа е друго – рече Арсовска. Во тој момент еден од советниците од место ѝ дофрла на градоначалничката: „Не лажи“.

Седницата продолжи со прашања од други советници, кои се интересираа за истиот проблем, но според одговорите и текот на дискусијата ништо не навестува дека во скоро време би можело да се изнајде решение што ќе ја одблокира раскрсницата кај „Мавровка“

Ние сме тука во интерес на граѓаните, доколку некој решил да го опструира јавниот интерес нека му е на чест – рече градоначалничката Арсовска, одговарајќи на прашање на советникот од СДСМ и коалицијата во Град Скопје, Гордан Шутаров.

Шутаров побара одговор од Арсовска колку картички им се издадени на приватните превозници и колку од нив се продадени, бидејќи, како што рече, обвинувањата на градоначалничката дека тие се продавале, а не се пријавувале фискални сметки се многу сериозни.

Ако велите дека имало такви злоупотреби, кажете колку билети се издадени од јавното претпријатие и за нив не се платени пари. Тие билети некој мора да ги издаде, не може приватниците да ги добијат од мене или некој советник. Покажете колку такви карти се издале ако е точно тоа ваше тврдење, бидејќи приватните превозници велат дека такви карти не земале од ЈСП – рече Шутаров, советник од СДСМ.

Возачите од приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово ја блокираа крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје и најавија дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови на повеќе крстосници, се` додека не се седне на маса и не се реши проблемот кој го предизвика Арсовска. Сопствениците на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ присуствуваат на седницата на градскот Совет.

Ниту Арсовска ниту Стојковски не одговорија како и кога ќе се надмине проблемот, туку им порачаа на приватниците да го тужат Градот и ЈСП и така да си го наплатат долгот. Не појаснија ниту како утврдиле дека се издавале билети кои приватниците ги продавале и парите си ги ставале во џеб, како што претходно обвини Арсовска.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски ги праша Арсовска и Стојковски зошто досега не е подмирен долгот и кога ќе се подмири, затоа што додека тоа не се случи јавниот превоз во Скопје ќе биде во колапс.

Сте виделе ли дека луѓе со саати чекаат на станиците, сте виделе ли дека автобусите се преполни. Граѓаните доцнат на работа и мрзнат по постојките. Не можете да велите „нека не` тужат“, па ако го тужат Градот после ќе треба да се плаќаат пенали и судски трошоци и пак ќе нема ЈСП пари, па ќе барате од нас да гласаме да им се дадат субвенции – рече Андоновски.

Советниците реагираа дека градоначалничката и директорот на ЈСП не одговараат на прашањата што им се поставуват, туку зборуваат на сосема други теми. Советникот од ЛДП Никола Пановски револтиран од ваквиот однос на Арсовска ја напушти седницата.

Десет месеци го трпам ова ваше однесување односно неодговарање на прашања. Немате култура на одговарања прашање. Ниту едно прашање не сте одговориле досега од почетокот на мандатот. Јас ќе ја напуштам седницата, а службите нека ми го земат слободно паушалот што ми следува од оваа седница – ѝ рече Пановски на Арсовска и излезе од салата.

 

The post „Го зголемивме бројот на автобуси“ – „Не лажи“: Тензична и напната атмосфера во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Во бурна и напната атмосфера, со довикувања и надвикувања, на денешната седница за советнички прашања советниците од сите политички партии во Советот на Град Скопје бараа одговори од градоначалничката Данела Арсовска и од директорот на ЈСП „Скопје“ Александар Стојковски. Советниците прашуваа зошто не се плаќа долгот на приватните превозници, поради што тие престанаа да возат и нема доволно автобуси на улиците, па со саати се чекаат возила на постојките. Превозниците денеска направија вистински хаос во градот со својата блокада на крстосницата кај Судска Палата, каде паркираа повеќе од 30 автобуси. Градоначалничката и директорот на ЈСП повторно истакнаа дека за време на нејзиниот мандат возниот парк на ЈСП бил зголемен за двојно повеќе автобуси, а како што посочи директор на ЈСП, можеби некому му пречи тоа што што ЈСП станува вистински сервис на граѓаните и станува подобар превозник од приватните превозници.
ЈСП на почетокот на овој мандат работеше со 140 исправни возила. Во изминатите 12 месеци се ставија во функција 270 исправни возила. Мојот впечаток е дека сите ние тука сме да го штитиме јавниот интерес. Доколку треба да го штитиме приватен интерес и приватни џебови, тоа е друго – рече Арсовска. Во тој момент еден од советниците од место ѝ дофрла на градоначалничката: „Не лажи“.
Седницата продолжи со прашања од други советници, кои се интересираа за истиот проблем, но според одговорите и текот на дискусијата ништо не навестува дека во скоро време би можело да се изнајде решение што ќе ја одблокира раскрсницата кај „Мавровка“
Ние сме тука во интерес на граѓаните, доколку некој решил да го опструира јавниот интерес нека му е на чест – рече градоначалничката Арсовска, одговарајќи на прашање на советникот од СДСМ и коалицијата во Град Скопје, Гордан Шутаров.
Шутаров побара одговор од Арсовска колку картички им се издадени на приватните превозници и колку од нив се продадени, бидејќи, како што рече, обвинувањата на градоначалничката дека тие се продавале, а не се пријавувале фискални сметки се многу сериозни.
Ако велите дека имало такви злоупотреби, кажете колку билети се издадени од јавното претпријатие и за нив не се платени пари. Тие билети некој мора да ги издаде, не може приватниците да ги добијат од мене или некој советник. Покажете колку такви карти се издале ако е точно тоа ваше тврдење, бидејќи приватните превозници велат дека такви карти не земале од ЈСП – рече Шутаров, советник од СДСМ.
Возачите од приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово ја блокираа крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје и најавија дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови на повеќе крстосници, се` додека не се седне на маса и не се реши проблемот кој го предизвика Арсовска. Сопствениците на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ присуствуваат на седницата на градскот Совет. Ниту Арсовска ниту Стојковски не одговорија како и кога ќе се надмине проблемот, туку им порачаа на приватниците да го тужат Градот и ЈСП и така да си го наплатат долгот. Не појаснија ниту како утврдиле дека се издавале билети кои приватниците ги продавале и парите си ги ставале во џеб, како што претходно обвини Арсовска. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски ги праша Арсовска и Стојковски зошто досега не е подмирен долгот и кога ќе се подмири, затоа што додека тоа не се случи јавниот превоз во Скопје ќе биде во колапс.
Сте виделе ли дека луѓе со саати чекаат на станиците, сте виделе ли дека автобусите се преполни. Граѓаните доцнат на работа и мрзнат по постојките. Не можете да велите „нека не` тужат“, па ако го тужат Градот после ќе треба да се плаќаат пенали и судски трошоци и пак ќе нема ЈСП пари, па ќе барате од нас да гласаме да им се дадат субвенции – рече Андоновски.
Советниците реагираа дека градоначалничката и директорот на ЈСП не одговараат на прашањата што им се поставуват, туку зборуваат на сосема други теми. Советникот од ЛДП Никола Пановски револтиран од ваквиот однос на Арсовска ја напушти седницата.
Десет месеци го трпам ова ваше однесување односно неодговарање на прашања. Немате култура на одговарања прашање. Ниту едно прашање не сте одговориле досега од почетокот на мандатот. Јас ќе ја напуштам седницата, а службите нека ми го земат слободно паушалот што ми следува од оваа седница – ѝ рече Пановски на Арсовска и излезе од салата.
 

The post „Го зголемивме бројот на автобуси“ – „Не лажи“: Тензична и напната атмосфера во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година https://republika.mk/vesti/svet/emisiite-na-co2-vo-eu-se-zgolemeni-za-pet-procenti-vo-sporedba-so-2020-godina/ Wed, 26 Oct 2022 07:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=565698

Економското закрепнување по пандемиската 2020 година регистрира повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија по долг период на постојан пад.

Според прелиминарните податоци, емисиите на стакленички гасови кои и штетат на климата во ЕУ се зголемиле за околу пет отсто во 2021 година во споредба со претходната година, се вели во денешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Сепак, емисиите биле околу шест отсто помали отколку во годината пред пандемијата на коронавирус во 2019 година. Помеѓу 1990 и 2020 година, емисиите од 27-те земји на ЕУ паднаа за 32 отсто, што значи дека климатската цел за намалување од 20 отсто за 2020 година беше јасно постигната. Сепак, годишниот напредок мора да биде повеќе од двојно зголемен на патот кон поамбициозните климатски и енергетски цели за 2030 година, напишаа експертите од агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген.

Емисиите би требало да се намалат во просек за 134 милиони тони CO2 годишно, или четири отсто, за да се постигне целта за намалување на емисиите за најмалку 55 отсто до 2030 година.

 

The post Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>

Економското закрепнување по пандемиската 2020 година регистрира повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија по долг период на постојан пад. Според прелиминарните податоци, емисиите на стакленички гасови кои и штетат на климата во ЕУ се зголемиле за околу пет отсто во 2021 година во споредба со претходната година, се вели во денешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Сепак, емисиите биле околу шест отсто помали отколку во годината пред пандемијата на коронавирус во 2019 година. Помеѓу 1990 и 2020 година, емисиите од 27-те земји на ЕУ паднаа за 32 отсто, што значи дека климатската цел за намалување од 20 отсто за 2020 година беше јасно постигната. Сепак, годишниот напредок мора да биде повеќе од двојно зголемен на патот кон поамбициозните климатски и енергетски цели за 2030 година, напишаа експертите од агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген. Емисиите би требало да се намалат во просек за 134 милиони тони CO2 годишно, или четири отсто, за да се постигне целта за намалување на емисиите за најмалку 55 отсто до 2030 година.  

The post Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>