жештини Archives - Република https://republika.mk/tema/zeshtini/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 13:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жештини Archives - Република https://republika.mk/tema/zeshtini/ 32 32 Шест туристи починаа од жештините во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/shest-turisti-pochinaa-od-zheshtinite-vo-grtsija/ Tue, 25 Jun 2024 13:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=790655

Поради високите температури, кои достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, од почетокот на месецов во Грција починаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.

Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит. Како што соопшти вчера грчката полиција, туристот во неделата сам излегол на прошетка, а по неколку часа ѝ се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.

Операцијата за пребарување и спасување започна веднаш и специјалната единица за спасување со дронови забележа тело на маж во кањонот Трипити, изјави полициски претставник за Ројтерс.

Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на островот Сикинос, на возраст од 73 и 64 години и 59-годишен американски полицаец кој одмарал на островот Аморгос.

Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонско Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.

Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими во Егејско Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци.

The post Шест туристи починаа од жештините во Грција appeared first on Република.

]]>

Поради високите температури, кои достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, од почетокот на месецов во Грција починаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати. Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит. Како што соопшти вчера грчката полиција, туристот во неделата сам излегол на прошетка, а по неколку часа ѝ се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.
Операцијата за пребарување и спасување започна веднаш и специјалната единица за спасување со дронови забележа тело на маж во кањонот Трипити, изјави полициски претставник за Ројтерс.
Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на островот Сикинос, на возраст од 73 и 64 години и 59-годишен американски полицаец кој одмарал на островот Аморгос. Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонско Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец. Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими во Егејско Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци.

The post Шест туристи починаа од жештините во Грција appeared first on Република.

]]>
Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-josipovik-od-brza-pomosh-sovetuva-shto-prvo-da-se-napiete-ako-na-zheshtinite-vi-padne-pritisokot/ Sat, 08 Jun 2024 09:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=785681

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот.

Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок.

Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.

Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.

 

The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот. Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок. Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.
Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.
 

The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>
Зошто ова лето изгоревме од жештини? https://republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-ova-leto-izgorevme-od-zheshtini/ Wed, 19 Jul 2023 08:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=662985

Топло е. Навистина е топло. А летото почна само пред неколку недели.

Речиси една третина од Американците, или околу 113 милиони луѓе, побарале совети за топлотниот бран, според Националната служба за клима на САД.

Низ целата земја температурите уриваат рекорди кои стојат со децении.

Во градот Ел Пасо, Тексас, температурите надминаа 37 степени Целзиусови 27 дена по ред, што е нов рекорд кој го надмина претходниот од 1994 година.

Јунските горештини во Велика Британија не само што беа рекордни за тој месец, туку далеку ги надминаа највисоките резултати за тој месец досега забележани.

Овој јуни беше за 0,9 степени Целзиусови потопол од истиот месец во 1940 година, што е голема разлика.

Податоците укажуваат на слични сценарија за топлотен бран во Северна Африка, Блискиот Исток и Азија.

Затоа, не е чудно што Европскиот центар за среднорочни временски прогнози процени дека овој јуни бил најтопол на глобално ниво откако се бележат податоци.

А горештините не се намалуваат.

Трите најтопли денови во историјата на планетата се регистрирани во првата недела од јули, покажуваат податоците на Коперникус, агенцијата за клима и временски услови на Европската унија.

Во понеделник, на 3 јули, просечната температура на Земјата беше 16,89 степени Целзиусови, а еден ден подоцна за прв пат надмина 17 Целзиусови степени – просекот беше 17,04.

Прелиминарните податоци покажуваат дека рекордот повторно паднал на 5 јули бидејќи температурите достигнале просечни 17,05 степени Целзиусови.

Овие бројки се во согласност со предвидувањата на климатските модели, вели професорот Ричард Бетс, климатолог од Метеоролошкиот завод на Велика Британија, кој исто така работи на Универзитетот во Егзетер.

Високите глобални температури воопшто не треба да не изненадуваат. Сето ова е вистински потсетник на она што го знаеме долго време, а ќе можеме да видиме уште повеќе поекстреми ако не престанеме да испуштаме уште повеќе стакленички гасови во атмосферата, предупредува професорот.

Кога зборуваме за горештина, имаме тенденција да мислиме на температурата на воздухот, бидејќи тоа е она што најмногу го чувствуваме во секојдневниот живот.

Но, најголемата количина на топлина не оди во атмосферата, туку во океаните.

И во текот на пролетта и летото оваа година беа срушени рекорди кога станува збор за температурата на океаните.

Површината на водата во Северниот Атлантик, на пример, моментално е најголема во историјата.

Топлотниот бран во океаните е особено нагласен во Велика Британија, бидејќи во некои крајбрежни области температурата на водата била за пет степени Целзиусови повисока од вообичаеното за овој период од годината.

Американската Национална администрација за океани и атмосферска (НОАА) го класифицира тековниот топлотен бран како четврта категорија.

Овој степен ретко се користи надвор од тропските предели и значи дека горештините се „екстремни“.

„Досега не сме виделе толку многу абнормални температури во овој дел на Северен Атлантик“, вели Даниела Шмит, професорка по студии за Земјата на Универзитетот во Бристол.

Во исто време, Ел Нињо се развива во тропскиот појас на Пацификот.

Тоа е временски модел кој се повторува, а го предизвикува кревањето на топла вода на површината во близина на брегот на Јужна Америка и нејзино ширење понатаму во океаните.

Со оглед на тоа што и Атлантикот и Пацификот доживуваат топлотни бранови, веројатно не е изненадување што температурата на површинската вода на планетата во текот на април и мај беше потопла од која било претходно забележана од 1850 година.

Ако температурата на морето се зголеми, можеме да очекуваме и повисоки температури на воздухот, вели Тим Лентор, професор по климатски промени на Универзитетот во Егзетер.

Поголем дел од вишокот топлина создадена од емисиите на стакленички гасови оди за загревање на површината на океанот, вели тој.

Тој вишок најчесто се меша со водата од подлабоките делови на океанот, но струите како Ел Нињо можат да го вратат на површината.

Кога тоа ќе се случи, многу од таа топлина се ослободува во атмосферата, предизвикувајќи зголемување на температурите на воздухот“, додава Лентон.

Лесно е да се помисли дека ова екстремно топло време е невообичаено, но тажната вистина е дека климатските промени значат дека е нормално да се доживуваат рекордни температури.

Емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат од година во година.

Стапката на раст незначително забави, но емисиите на јаглерод диоксид сигурно се зголемија за речиси еден процент минатата година, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергија.

А колку е повисока глобалната температура, толку е поголем ризикот од топлотни бранови, вели Фридерике Ото, климатолог од Институтот за климатски промени Грантам, на Империал колеџ во Лондон.

Овие топлотни бранови не само што се почести, туку се и потопли и подолги отколку што би биле без глобалното затоплување, вели таа.

Експертите предвидуваат дека Ел Нињо најверојатно ќе ја направи 2023 година најтоплата година на светот.

Тие, исто така, стравуваат дека тоа веројатно привремено ќе го турне светот преку клучниот праг на затоплување од 1,5 степени Целзиусови.

И тоа е само почеток – доколку не дојде до драматично намалување на емисиите на стакленички гасови, температурите ќе продолжат да растат.

Британската метеоролошка служба соопшти дека рекордните јунски температури оваа година се двојно повисоки поради климатските промени предизвикани од човекот.

Овие зголемени температури веќе предизвикуваат фундаментални и речиси сигурно неповратни промени во екосистемите ширум светот.

Рекордните јунски температури во Велика Британија, на пример, доведоа до невиден помор на риби во реките и каналите.

Не можеме да знаеме какво влијание ќе има сегашниот топлотен бран врз Британија, предупредува професорот Шмит од Универзитетот во Бристол, бидејќи никогаш порано не бил волку интензивен.

Во другите региони, околу Австралија, во Медитеранот, се сменија цели екосистеми, морските алгите исчезнаа, а морските птици и китовите гладуваа, вели таа.

Трката сè уште трае.

Јасно е дека се движиме кон сè пожешка и хаотична климатска иднина, но имаме технологии и алатки да ги намалиме емисиите.

Сега се поставува прашање дали тоа можеме да го направиме доволно брзо за да го забавиме климатскиот хаос и влијанијата од глобалното затоплување да ги задржиме во граници кои можат да се контролираат.

The post Зошто ова лето изгоревме од жештини? appeared first on Република.

]]>

Топло е. Навистина е топло. А летото почна само пред неколку недели. Речиси една третина од Американците, или околу 113 милиони луѓе, побарале совети за топлотниот бран, според Националната служба за клима на САД. Низ целата земја температурите уриваат рекорди кои стојат со децении. Во градот Ел Пасо, Тексас, температурите надминаа 37 степени Целзиусови 27 дена по ред, што е нов рекорд кој го надмина претходниот од 1994 година. Јунските горештини во Велика Британија не само што беа рекордни за тој месец, туку далеку ги надминаа највисоките резултати за тој месец досега забележани. Овој јуни беше за 0,9 степени Целзиусови потопол од истиот месец во 1940 година, што е голема разлика. Податоците укажуваат на слични сценарија за топлотен бран во Северна Африка, Блискиот Исток и Азија. Затоа, не е чудно што Европскиот центар за среднорочни временски прогнози процени дека овој јуни бил најтопол на глобално ниво откако се бележат податоци. А горештините не се намалуваат. Трите најтопли денови во историјата на планетата се регистрирани во првата недела од јули, покажуваат податоците на Коперникус, агенцијата за клима и временски услови на Европската унија. Во понеделник, на 3 јули, просечната температура на Земјата беше 16,89 степени Целзиусови, а еден ден подоцна за прв пат надмина 17 Целзиусови степени – просекот беше 17,04. Прелиминарните податоци покажуваат дека рекордот повторно паднал на 5 јули бидејќи температурите достигнале просечни 17,05 степени Целзиусови. Овие бројки се во согласност со предвидувањата на климатските модели, вели професорот Ричард Бетс, климатолог од Метеоролошкиот завод на Велика Британија, кој исто така работи на Универзитетот во Егзетер.
Високите глобални температури воопшто не треба да не изненадуваат. Сето ова е вистински потсетник на она што го знаеме долго време, а ќе можеме да видиме уште повеќе поекстреми ако не престанеме да испуштаме уште повеќе стакленички гасови во атмосферата, предупредува професорот.
Кога зборуваме за горештина, имаме тенденција да мислиме на температурата на воздухот, бидејќи тоа е она што најмногу го чувствуваме во секојдневниот живот. Но, најголемата количина на топлина не оди во атмосферата, туку во океаните. И во текот на пролетта и летото оваа година беа срушени рекорди кога станува збор за температурата на океаните. Површината на водата во Северниот Атлантик, на пример, моментално е најголема во историјата. Топлотниот бран во океаните е особено нагласен во Велика Британија, бидејќи во некои крајбрежни области температурата на водата била за пет степени Целзиусови повисока од вообичаеното за овој период од годината. Американската Национална администрација за океани и атмосферска (НОАА) го класифицира тековниот топлотен бран како четврта категорија. Овој степен ретко се користи надвор од тропските предели и значи дека горештините се „екстремни“. „Досега не сме виделе толку многу абнормални температури во овој дел на Северен Атлантик“, вели Даниела Шмит, професорка по студии за Земјата на Универзитетот во Бристол. Во исто време, Ел Нињо се развива во тропскиот појас на Пацификот. Тоа е временски модел кој се повторува, а го предизвикува кревањето на топла вода на површината во близина на брегот на Јужна Америка и нејзино ширење понатаму во океаните. Со оглед на тоа што и Атлантикот и Пацификот доживуваат топлотни бранови, веројатно не е изненадување што температурата на површинската вода на планетата во текот на април и мај беше потопла од која било претходно забележана од 1850 година. Ако температурата на морето се зголеми, можеме да очекуваме и повисоки температури на воздухот, вели Тим Лентор, професор по климатски промени на Универзитетот во Егзетер. Поголем дел од вишокот топлина создадена од емисиите на стакленички гасови оди за загревање на површината на океанот, вели тој. Тој вишок најчесто се меша со водата од подлабоките делови на океанот, но струите како Ел Нињо можат да го вратат на површината.
Кога тоа ќе се случи, многу од таа топлина се ослободува во атмосферата, предизвикувајќи зголемување на температурите на воздухот“, додава Лентон.
Лесно е да се помисли дека ова екстремно топло време е невообичаено, но тажната вистина е дека климатските промени значат дека е нормално да се доживуваат рекордни температури. Емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат од година во година. Стапката на раст незначително забави, но емисиите на јаглерод диоксид сигурно се зголемија за речиси еден процент минатата година, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергија. А колку е повисока глобалната температура, толку е поголем ризикот од топлотни бранови, вели Фридерике Ото, климатолог од Институтот за климатски промени Грантам, на Империал колеџ во Лондон.
Овие топлотни бранови не само што се почести, туку се и потопли и подолги отколку што би биле без глобалното затоплување, вели таа.
Експертите предвидуваат дека Ел Нињо најверојатно ќе ја направи 2023 година најтоплата година на светот. Тие, исто така, стравуваат дека тоа веројатно привремено ќе го турне светот преку клучниот праг на затоплување од 1,5 степени Целзиусови. И тоа е само почеток – доколку не дојде до драматично намалување на емисиите на стакленички гасови, температурите ќе продолжат да растат. Британската метеоролошка служба соопшти дека рекордните јунски температури оваа година се двојно повисоки поради климатските промени предизвикани од човекот. Овие зголемени температури веќе предизвикуваат фундаментални и речиси сигурно неповратни промени во екосистемите ширум светот. Рекордните јунски температури во Велика Британија, на пример, доведоа до невиден помор на риби во реките и каналите. Не можеме да знаеме какво влијание ќе има сегашниот топлотен бран врз Британија, предупредува професорот Шмит од Универзитетот во Бристол, бидејќи никогаш порано не бил волку интензивен.
Во другите региони, околу Австралија, во Медитеранот, се сменија цели екосистеми, морските алгите исчезнаа, а морските птици и китовите гладуваа, вели таа.
Трката сè уште трае. Јасно е дека се движиме кон сè пожешка и хаотична климатска иднина, но имаме технологии и алатки да ги намалиме емисиите. Сега се поставува прашање дали тоа можеме да го направиме доволно брзо за да го забавиме климатскиот хаос и влијанијата од глобалното затоплување да ги задржиме во граници кои можат да се контролираат.

The post Зошто ова лето изгоревме од жештини? appeared first on Република.

]]>
Лани од горештините во Европа починале 62 илјади луѓе https://republika.mk/zivot/zdravje/lani-od-goreshtinite-vo-evropa-pochinale-62-iljadi-luge/ Sun, 16 Jul 2023 07:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=661841

61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine.

Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000.

Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените.

Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите.

Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен.

Истражувачите ги анализираа податоците за температурата и смртноста помеѓу 2015 и 2022 година за 35 европски земји со вкупно население од 543 милиони луѓе и ги искористија за да создадат епидемиолошки модели за пресметување на смртните случаи поврзани со исклучително високи температури на воздухот.

Авторите на студијата предупредуваат дека светот само ќе стане потопол и дека без ефективни планови за адаптација, Европа би можела да се соочи со повеќе од 68.000 предвремени смртни случаи секое лето до 2030 година и над 94.000 до 2040 година.

 

The post Лани од горештините во Европа починале 62 илјади луѓе appeared first on Република.

]]>

61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine. Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000. Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените. Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите. Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен. Истражувачите ги анализираа податоците за температурата и смртноста помеѓу 2015 и 2022 година за 35 европски земји со вкупно население од 543 милиони луѓе и ги искористија за да создадат епидемиолошки модели за пресметување на смртните случаи поврзани со исклучително високи температури на воздухот. Авторите на студијата предупредуваат дека светот само ќе стане потопол и дека без ефективни планови за адаптација, Европа би можела да се соочи со повеќе од 68.000 предвремени смртни случаи секое лето до 2030 година и над 94.000 до 2040 година.  

The post Лани од горештините во Европа починале 62 илјади луѓе appeared first on Република.

]]>
Екстремни жештини во Пекинг: Кинеската влада воведе итни мерки https://republika.mk/vesti/svet/ekstremni-zheshtini-vo-peking-kineskata-vlada-vovede-itni-merki/ Thu, 06 Jul 2023 08:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=658564

Кинеската Влада денеска им наложи на работодавачите во Пекинг да ја прекинат работата на отворено, откако метеоролозите најавија дека температурата во главниот град ќе достигне 40 степени Целзиусови.

На владините одделенија им е наредено да се погрижат постарите и болните да можат да престојуваат во разладени простории.

Во градот во кој живеат 22 милиони луѓе објавен е „црвен аларм“, највисоко ниво на системот за предупредување за екстремни температури.

Владата на Кина во понеделникот објави дека во Пекинг 10 дена се регистрирани температури над 35 степени Целзиусови, што е најдолга таква низа од 1961 година.

Во исто време, поплавите принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во јужна Кина.

Кинеската Влада издаде предупредување за можни поплави во Внатрешна Монголија на север, Хеилонгџианг на североисток и Тибет и Сечуан на југозапад. рп/

 

The post Екстремни жештини во Пекинг: Кинеската влада воведе итни мерки appeared first on Република.

]]>

Кинеската Влада денеска им наложи на работодавачите во Пекинг да ја прекинат работата на отворено, откако метеоролозите најавија дека температурата во главниот град ќе достигне 40 степени Целзиусови. На владините одделенија им е наредено да се погрижат постарите и болните да можат да престојуваат во разладени простории. Во градот во кој живеат 22 милиони луѓе објавен е „црвен аларм“, највисоко ниво на системот за предупредување за екстремни температури. Владата на Кина во понеделникот објави дека во Пекинг 10 дена се регистрирани температури над 35 степени Целзиусови, што е најдолга таква низа од 1961 година. Во исто време, поплавите принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во јужна Кина. Кинеската Влада издаде предупредување за можни поплави во Внатрешна Монголија на север, Хеилонгџианг на североисток и Тибет и Сечуан на југозапад. рп/  

The post Екстремни жештини во Пекинг: Кинеската влада воведе итни мерки appeared first on Република.

]]>