земјиште Archives - Република https://republika.mk/tema/zemjishte/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 08:35:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјиште Archives - Република https://republika.mk/tema/zemjishte/ 32 32 Трипуновски: Земјоделското земјиште од прва до четврта категорија ќе го заштитиме, нема да има градби кои што ќе значат девастација https://republika.mk/vesti/makedonija/tripunovski-zemjodelskoto-zemjishte-od-prva-do-chetvrta-kategorija-ke-go-zashtitime-nema-da-ima-gradbi-koi-shto-ke-znachat-devastatsija/ Thu, 03 Oct 2024 08:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=822089

Некако изминативе години повеќе се делеше земјиштето на луѓе кои што се блиски до министер, премиер итн. А, вистинските земјоделци кои што ги среќавав ширум државата молеа за парче земја за да работат и егзистираат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при вчерашното гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.

Трипуновски додаде дека со формирање на новата Влада се распределија договорите за околу 2.700 ха земјоделска површина.

Паралелно на процесот за да нема злоупотреби, за да нема манипулации во секторот, предложив брза законска измена во Собранието на Република Македонија, тоа е Законот за земјоделско земјиште - појасни тој.

Со Законот кој што е во процедура, веќе на комисиската расправа помина и се очекува наредниве денови да помине и на Пленарната седница, што ќе значи влегување во сила, со него го заштитуваме земјоделското земјиште. Тоа е нешто што во минатото не беше случај. Знаете дека имаше многу пренамени, се злоупотребуваше, се градеа сериозни површини со фотоволтаици, се градеа хотели итн. Ние со оваа измена земјоделското земјиште од прва до четврта категорија го заштитуваме и нема да дозволиме градби на вакви објекти кои што ќе значат девастација на земјоделското земјиште - нагласи министерот Трипуновски.

Трипуновски посочи дека проектите кои што се од јавен интерес никогаш нема да бидат стопирани, но во најголем дел ќе се стопира злоупотребата на ресурсот почва.

Вториот сегмент кој што е на барање на земјоделците е дека со оваа измена го продолжуваме рокот на владеењето на земјиштето. Знаете дека досега согласно Законот договорите за едногодишни култури беше на 15 години со можност за Анекс. Сега новите договори кои што ќе ги склучуваме ќе бидат со времетраење од 30 години. И ова го бараа земјоделците затоа што едноставно сакаа да имаат превидливост во производството - истакна тој.

Министерот додаде дека во делот на измената која што се подготвува е и Анексите да можат да се прават во пократок рок.

Тој истакна дека со тие неколку измени во Законот за земјоделско земјиште се дефинираат неколку пропусти кои што во минатото се случувале, а тоа е злоупотребата на овој ресурс.

Министерот најави и дека за 10-тина дена ќе има и нови огласи за земјоделско земјиште и ги повика земјоделците да следат.

Во минатото дадов ветување дека ќе има и посебни огласи за сточарите, тоа е многу важно. Нашето сточарско производство е многу паднато во изминатиот период, производството на месо и на млеко е многу намалено. Затоа ваквите наменски огласи ќе бидат наменети исклучиво за сточарското производство затоа што не можеме да замислиме сточарско производство без сопствена земја - укажа тој.

The post Трипуновски: Земјоделското земјиште од прва до четврта категорија ќе го заштитиме, нема да има градби кои што ќе значат девастација appeared first on Република.

]]>

Некако изминативе години повеќе се делеше земјиштето на луѓе кои што се блиски до министер, премиер итн. А, вистинските земјоделци кои што ги среќавав ширум државата молеа за парче земја за да работат и егзистираат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при вчерашното гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар. Трипуновски додаде дека со формирање на новата Влада се распределија договорите за околу 2.700 ха земјоделска површина. Паралелно на процесот за да нема злоупотреби, за да нема манипулации во секторот, предложив брза законска измена во Собранието на Република Македонија, тоа е Законот за земјоделско земјиште - појасни тој.
Со Законот кој што е во процедура, веќе на комисиската расправа помина и се очекува наредниве денови да помине и на Пленарната седница, што ќе значи влегување во сила, со него го заштитуваме земјоделското земјиште. Тоа е нешто што во минатото не беше случај. Знаете дека имаше многу пренамени, се злоупотребуваше, се градеа сериозни површини со фотоволтаици, се градеа хотели итн. Ние со оваа измена земјоделското земјиште од прва до четврта категорија го заштитуваме и нема да дозволиме градби на вакви објекти кои што ќе значат девастација на земјоделското земјиште - нагласи министерот Трипуновски.
Трипуновски посочи дека проектите кои што се од јавен интерес никогаш нема да бидат стопирани, но во најголем дел ќе се стопира злоупотребата на ресурсот почва.
Вториот сегмент кој што е на барање на земјоделците е дека со оваа измена го продолжуваме рокот на владеењето на земјиштето. Знаете дека досега согласно Законот договорите за едногодишни култури беше на 15 години со можност за Анекс. Сега новите договори кои што ќе ги склучуваме ќе бидат со времетраење од 30 години. И ова го бараа земјоделците затоа што едноставно сакаа да имаат превидливост во производството - истакна тој.
Министерот додаде дека во делот на измената која што се подготвува е и Анексите да можат да се прават во пократок рок. Тој истакна дека со тие неколку измени во Законот за земјоделско земјиште се дефинираат неколку пропусти кои што во минатото се случувале, а тоа е злоупотребата на овој ресурс. Министерот најави и дека за 10-тина дена ќе има и нови огласи за земјоделско земјиште и ги повика земјоделците да следат.
Во минатото дадов ветување дека ќе има и посебни огласи за сточарите, тоа е многу важно. Нашето сточарско производство е многу паднато во изминатиот период, производството на месо и на млеко е многу намалено. Затоа ваквите наменски огласи ќе бидат наменети исклучиво за сточарското производство затоа што не можеме да замислиме сточарско производство без сопствена земја - укажа тој.
 
The post Трипуновски: Земјоделското земјиште од прва до четврта категорија ќе го заштитиме, нема да има градби кои што ќе значат девастација appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Лицемерно е пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-litsemerno-e-pred-izbori-da-se-stavaat-vo-funktsija-sistemi-koi-ne-se-pipnati-sedum-godini/ Tue, 12 Mar 2024 21:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=754177

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вечерва, коментирајќи ги актуелните случувања во агро секторот, оцени дека е лицемерно пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години.

Трипуновски во гостување на ТВ Сител обвини дека се доцни со исплатата на 3.349 милијарди денари земјоделски субвенции или близу 55 милиони евра, дека ресорниот министер Љупчо Николовски правел злоупотреби при распределбата на средствата за малите винарии, како и дека речиси 200 земјоделци имаат проблем со продолжување на договорите за закуп на земјиштето.

Трипуновски нагласи дека во Светиниколско засега има 88 раскинати договори, во државата до овој момент се околу 196, а до крајот на мај ќе станат 400.

Во врска, пак, со поддршката на малите винарии, изнесувајќи статистички податоци, Трипуновски ги отфрли како неточни тврдењата на Николовски, дека тие креираат додадена вредност од аспект на извозот.

-Долг е списокот на луѓе кои земале пари, а се блиски до актуелната власт. Мерките се исплаќаат преку Платежната агенција, а министерот прави паралелни програми, надвор од оваа институција, со тричлена комисија дели средства. Начинот на кој се делат средствата е сериозна злоупотреба, а до денес не е направена контрола дали тие се навистина инвестирани, рече дополнителниот заменик министер за земјоделство.

The post Трипуновски: Лицемерно е пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вечерва, коментирајќи ги актуелните случувања во агро секторот, оцени дека е лицемерно пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години. Трипуновски во гостување на ТВ Сител обвини дека се доцни со исплатата на 3.349 милијарди денари земјоделски субвенции или близу 55 милиони евра, дека ресорниот министер Љупчо Николовски правел злоупотреби при распределбата на средствата за малите винарии, како и дека речиси 200 земјоделци имаат проблем со продолжување на договорите за закуп на земјиштето. Трипуновски нагласи дека во Светиниколско засега има 88 раскинати договори, во државата до овој момент се околу 196, а до крајот на мај ќе станат 400. Во врска, пак, со поддршката на малите винарии, изнесувајќи статистички податоци, Трипуновски ги отфрли како неточни тврдењата на Николовски, дека тие креираат додадена вредност од аспект на извозот.
-Долг е списокот на луѓе кои земале пари, а се блиски до актуелната власт. Мерките се исплаќаат преку Платежната агенција, а министерот прави паралелни програми, надвор од оваа институција, со тричлена комисија дели средства. Начинот на кој се делат средствата е сериозна злоупотреба, а до денес не е направена контрола дали тие се навистина инвестирани, рече дополнителниот заменик министер за земјоделство.

The post Трипуновски: Лицемерно е пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години appeared first on Република.

]]>
Купиле земјиште на местото на коридорите за да го продаваат поскапо https://republika.mk/vesti/makedonija/kupile-zemjishte-na-mestoto-na-koridorite-za-da-go-prodavaat-poskapo/ Sat, 22 Apr 2023 12:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=632979

ВМРО-ДПМНЕ има информации дека луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјише за подоцна да го продаваат поскапо, тврди пратеникот Антонијо Милошоски.

Тој рече дека доколку евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д се одвива според законите на Англија и Велс, тоа ќе е во корист на конзорциумот, но не и на Република Македонија.

Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на двата автопата, според Милошоски, ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на договорот со „Бехтел и Енка“ до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување.

The post Купиле земјиште на местото на коридорите за да го продаваат поскапо appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ има информации дека луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјише за подоцна да го продаваат поскапо, тврди пратеникот Антонијо Милошоски. Тој рече дека доколку евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д се одвива според законите на Англија и Велс, тоа ќе е во корист на конзорциумот, но не и на Република Македонија. Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на двата автопата, според Милошоски, ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на договорот со „Бехтел и Енка“ до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување.

The post Купиле земјиште на местото на коридорите за да го продаваат поскапо appeared first on Република.

]]>
Само за сопругата на Ковачевски државно земјиште се продава за 70 денари метар квадратен https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-za-soprugata-na-kovachevski-drzhavno-zemjishte-se-prodava-za-70-denari-metar-kvadraten/ Thu, 06 Apr 2023 07:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=627754

Ковачевски бараше да не му се спомнува семејството, ама тој упорно го вмешува во своите скандали и бизниси. Последниот случај е дури чисто безобразие. Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, владата на Ковачевски на сопруга на Ковачевски и овозможува милионски повластици, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Со одлука на владата, во која Ковачевски е премиер, г-ѓата Ковачевска добила државно земјиште по џабе цена од 70 денари за метар квадратен. На 14 март Владата и доделила на компанијата на сопругата на Ковачевски 1.119 м2 во Радовиш по багателна цена за нивниот соларен бизнис.

За 70 денари граѓаните не можат килограм кромид да купат, а г-ѓата Ковачевска добила земјиште со потпис на Артан Груби. Демек ако потпишал Груби, наместо Ковачевски, нема да има никаков проблем

Очигледно Ковачевски и Груби решиле да си чуваат грб во криминалите еден на друг. Прво Ковачевски го поддржа Груби за скандалот со тендерот за надзорот и имотите на луѓето блиски до Груби, а сега овој му се заблагодарува со можност сопругата на Ковачевски да добие 1119м2 за само 1.273 евра. Во време кога владее невидена сиромаштија, кога компании ставаат клуч на врата, за само илјада и кусур евра жена му на Ковачевски добива можност за милионски бизнис.

Ако мислат дека си ги кријат криминалите на овој начин многу се лажат. И Груби и Ковачевски еден ден ќе одговараат за сите криминали и скандали.

The post Само за сопругата на Ковачевски државно земјиште се продава за 70 денари метар квадратен appeared first on Република.

]]>

Ковачевски бараше да не му се спомнува семејството, ама тој упорно го вмешува во своите скандали и бизниси. Последниот случај е дури чисто безобразие. Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, владата на Ковачевски на сопруга на Ковачевски и овозможува милионски повластици, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Со одлука на владата, во која Ковачевски е премиер, г-ѓата Ковачевска добила државно земјиште по џабе цена од 70 денари за метар квадратен. На 14 март Владата и доделила на компанијата на сопругата на Ковачевски 1.119 м2 во Радовиш по багателна цена за нивниот соларен бизнис.
За 70 денари граѓаните не можат килограм кромид да купат, а г-ѓата Ковачевска добила земјиште со потпис на Артан Груби. Демек ако потпишал Груби, наместо Ковачевски, нема да има никаков проблем Очигледно Ковачевски и Груби решиле да си чуваат грб во криминалите еден на друг. Прво Ковачевски го поддржа Груби за скандалот со тендерот за надзорот и имотите на луѓето блиски до Груби, а сега овој му се заблагодарува со можност сопругата на Ковачевски да добие 1119м2 за само 1.273 евра. Во време кога владее невидена сиромаштија, кога компании ставаат клуч на врата, за само илјада и кусур евра жена му на Ковачевски добива можност за милионски бизнис.
Ако мислат дека си ги кријат криминалите на овој начин многу се лажат. И Груби и Ковачевски еден ден ќе одговараат за сите криминали и скандали.

The post Само за сопругата на Ковачевски државно земјиште се продава за 70 денари метар квадратен appeared first on Република.

]]>
Сопствениците на парцелите кај Треска: Нашите приватни имоти се легално купени https://republika.mk/vesti/skopje/sopstvenicite-na-parcelite-kaj-treska-nashite-privatni-imoti-se-legalno-kupeni/ Wed, 23 Mar 2022 17:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=477279

Ние сопствениците на приватните имоти во напуштениот индустриски капацитет „Треска“ во општина Центар, остро реагираме на изнесените невистини и обвинувања од страна на „Шанса за Центар“ и претседателката на Советот Јана Белчева. Тие денеска се обидоа да претстават во јавноста дека нашите приватни имоти, кои сме ги купиле на најлегален начин, се дел од некакви законски малверзации и неправилности велат во демантот испратен до медиу.

Во целост демантираме дека како сопственици на приватните парцели, ни било „тајно“ продавано државно земјиште за дооформување на нашите приватни имоти и целосна лага е дека во „четири очи“ се продава државно земјиште. За ваквите обвинувања бараме итно извинување од Белчева и „Шанса за Центар“.

Понатаму, лага е дека 47% од земјиштето кое е државно ќе се распродава. Одговорно тврдиме дека државното земјиште останува државно, а за додоформување на имотите има уште 15% и тоа се прави согласно законот. Сè останато е во државна сопственост и спаѓа во делот на улиците, тротоарите и други јавни површини. Зошто Белчева се обидува да манипулира со вистинските бројки прикажувајќи дека се „разграбува“ државен имот? Ние имаме право и согласно закон сè што бараме е да со го оствариме тоа право. Дополнително, ние како сопственици на имотите во комплексот ќе направиме и парк со големина над 9.400 квадрати, како и дополнителни зелени површини од 20%, иако истите не се ни воопшто предвидени со актуелниот ДУП. Сите овие работи „Шанса за Центар“ се обидува да ги прикаже погрешно во јавноста.

Ние нема да се откажеме од нешто што ни е загарантирано со Устав. „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат да ни ги ускратат правата на нашето парче простор. Веќе три години поминуваме низ голгота и трпиме огромни штети заради политичките хирови на Белчева. Конкурсот на кој се повикува таа е целосно невалиден и спротивно на било кој закон бидејќи во него не е испочитувано правото на сопственост.

Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право. Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка.

Ја информираме јавноста дека како сопственици на тие имоти подготвуваме тужба за нанесена штета во износ од 50 милиони евра. Белчева и останатите ќе треба да одговорат пред граѓаните како општината ќе ни ги надомести средствата во случај овој притисок од нив да продолжи.

За крај, дали „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат напуштената фабрика, „Треска“,уште долги години да остане огромна депонија, еколошка бомба во срцето на Општината? Под превезот на „граѓански активизам“, претставувајќи се дека ги застапуваат интересите на жителите на Центар, сведоци сме како „Шанса за Центар“ наместо да нудат решенија на проблемите, тие се кочничари. До кога ќе градат политички кариери со блокади без решенија?

Апелираме до градоначалникот Герасимовски дека нема да толерираме повеќе блокади и дека ќе си ги бараме правата пред судовите доколку продолжат незаконските опструкции. Бараме во најскоро време да се завршат барањата за дооформување на парцелите кои ни следуваат законски и конечно да се реши проблемот кој никому не носи добро, освен на оние кои сакаат политички да профитираат од него.

https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Сопствениците на парцелите кај Треска: Нашите приватни имоти се легално купени appeared first on Република.

]]>

Ние сопствениците на приватните имоти во напуштениот индустриски капацитет „Треска“ во општина Центар, остро реагираме на изнесените невистини и обвинувања од страна на „Шанса за Центар“ и претседателката на Советот Јана Белчева. Тие денеска се обидоа да претстават во јавноста дека нашите приватни имоти, кои сме ги купиле на најлегален начин, се дел од некакви законски малверзации и неправилности велат во демантот испратен до медиу. Во целост демантираме дека како сопственици на приватните парцели, ни било „тајно“ продавано државно земјиште за дооформување на нашите приватни имоти и целосна лага е дека во „четири очи“ се продава државно земјиште. За ваквите обвинувања бараме итно извинување од Белчева и „Шанса за Центар“. Понатаму, лага е дека 47% од земјиштето кое е државно ќе се распродава. Одговорно тврдиме дека државното земјиште останува државно, а за додоформување на имотите има уште 15% и тоа се прави согласно законот. Сè останато е во државна сопственост и спаѓа во делот на улиците, тротоарите и други јавни површини. Зошто Белчева се обидува да манипулира со вистинските бројки прикажувајќи дека се „разграбува“ државен имот? Ние имаме право и согласно закон сè што бараме е да со го оствариме тоа право. Дополнително, ние како сопственици на имотите во комплексот ќе направиме и парк со големина над 9.400 квадрати, како и дополнителни зелени површини од 20%, иако истите не се ни воопшто предвидени со актуелниот ДУП. Сите овие работи „Шанса за Центар“ се обидува да ги прикаже погрешно во јавноста. Ние нема да се откажеме од нешто што ни е загарантирано со Устав. „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат да ни ги ускратат правата на нашето парче простор. Веќе три години поминуваме низ голгота и трпиме огромни штети заради политичките хирови на Белчева. Конкурсот на кој се повикува таа е целосно невалиден и спротивно на било кој закон бидејќи во него не е испочитувано правото на сопственост. Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право. Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка. Ја информираме јавноста дека како сопственици на тие имоти подготвуваме тужба за нанесена штета во износ од 50 милиони евра. Белчева и останатите ќе треба да одговорат пред граѓаните како општината ќе ни ги надомести средствата во случај овој притисок од нив да продолжи. За крај, дали „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат напуштената фабрика, „Треска“,уште долги години да остане огромна депонија, еколошка бомба во срцето на Општината? Под превезот на „граѓански активизам“, претставувајќи се дека ги застапуваат интересите на жителите на Центар, сведоци сме како „Шанса за Центар“ наместо да нудат решенија на проблемите, тие се кочничари. До кога ќе градат политички кариери со блокади без решенија? Апелираме до градоначалникот Герасимовски дека нема да толерираме повеќе блокади и дека ќе си ги бараме правата пред судовите доколку продолжат незаконските опструкции. Бараме во најскоро време да се завршат барањата за дооформување на парцелите кои ни следуваат законски и конечно да се реши проблемот кој никому не носи добро, освен на оние кои сакаат политички да профитираат од него. https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Сопствениците на парцелите кај Треска: Нашите приватни имоти се легално купени appeared first on Република.

]]>
Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-kontra-shansa-za-centar-ne-e-prodavano-zemjishte-kaj-treska-nadvor-od-zakonot/ Wed, 23 Mar 2022 17:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=477275

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.

Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа, велат од Општина Центар.

Понатаму тие додаваат:

Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.

Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување.

Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.

На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.

https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот appeared first on Република.

]]>

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.
Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа, велат од Општина Центар.
Понатаму тие додаваат:
Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.
Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување. Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.
На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.
https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот appeared first on Република.

]]>
Ивановски: Општина Центар продаде за 7 евра по м2 државно земјиште спроти зградата на Нова Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovski-opshtina-centar-prodade-za-7-evra-po-m2-drzavno-zemjishte-sproti-zgradata-na-nova-makedonija/ Thu, 10 Mar 2022 11:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=470608

Старите навики тешко се искоренуваат. Па така градоначалниците на СДСМ во општина Центар поддржани од власта на СДСМ поточно министерството за транспорт и врски плус министерство за финансии, зад очите на јавноста продолжуваат со старите навики, ова денеска преку прес-конференција го истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако пред будноста на цела јавност, со детски и пинг-понг игри околу тоа кој има надлежност да ја стопира градбата на облакодерите кај Холидеј Ин, додека играа игри општина Центар и министерството за транспорт и врски и се праќаа меѓусебни писма, се започна бетонизацијата на платото пред Холидеј Ин. Во истиот стил, се разбира истите актери од редовите на СДСМ продолжиле и понатаму. Повторно во општина Центар, овојпат спроти зградата на Нова Македонија, кон приватен инвеститор продаваат државно земјиште за сума од неверојатни 7 евра за м2, поточно смешни 438 денари за м2. За информација, на таа локација земјиште се продава и по многу повисока цена а станбен или деловен простор доаѓа и до 2000 евра. Е тука, продаваат градежно земјиште за 7 евра по квадрат. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката. Значи 15 ката висина, кога ќе помножиме со по 2000 еу за м2 доаѓаме до вредност од 30 000 евра за м2 а општина Центар и министерството за транспорт и врски дозволуваат продажба од само 7 евра за м2. Свесни дека оваа продажба на државно земјиште би изгледала матна во очите на јавноста и затоа буквално во очи на нова година, 29.Дек.2021 министерството за финансии склучува договор, односно носи решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. На ова му претходело договор склучен на 02 Окт 2020 помеѓу градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ со фирмата која како инвеститор бара отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост. Цената на оваа спогодба изнесува по 1еу/м2 - вели Ивановски.

Тој додава дека од сите претходни наведени факти се поставуваат логични сомнежи и прашања.

-Дали во целава постапка за дооформување на градежно земјиште постои и сомнеж за незаконски дејствија?

-Дали инвеститорот е свесен дека 7еу е прениска цена за купување на така ултра луксузна локација морал разликата од тие 7еу до пазарната цена некаде и некому да ја доплати ?

-Зашто градоначалниците на СДСМ од општина Центар и министерството за транспорт и врски криејќи се под превезот на нивните омилени термини “рамномерна урбанизација” “мораториум на градење” “урбано зеленило” дозволија да се случи огромна бетонизација на центарот на главниот град ? Покрај бетонизација платото пред на Холидеј Ин и ова за кое денес говорев, спроти зградата на Нова Македонија, ќе ја потсетам јавноста и улицата Козара во Центар каде во кус временски рок никнаа 10 тина огромни згради, истите скоро залепени една до друга или пак свртени една до друга и притоа немаат никаква етичка градежна логика да бидат изградени.

Дали е ова јавен интерес, интерес на граѓаните на општина Центар и Македонија или сепак се работи за личен и приватен интерес на некои поединци - прашува Ивановски.

The post Ивановски: Општина Центар продаде за 7 евра по м2 државно земјиште спроти зградата на Нова Македонија appeared first on Република.

]]>

Старите навики тешко се искоренуваат. Па така градоначалниците на СДСМ во општина Центар поддржани од власта на СДСМ поточно министерството за транспорт и врски плус министерство за финансии, зад очите на јавноста продолжуваат со старите навики, ова денеска преку прес-конференција го истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако пред будноста на цела јавност, со детски и пинг-понг игри околу тоа кој има надлежност да ја стопира градбата на облакодерите кај Холидеј Ин, додека играа игри општина Центар и министерството за транспорт и врски и се праќаа меѓусебни писма, се започна бетонизацијата на платото пред Холидеј Ин. Во истиот стил, се разбира истите актери од редовите на СДСМ продолжиле и понатаму. Повторно во општина Центар, овојпат спроти зградата на Нова Македонија, кон приватен инвеститор продаваат државно земјиште за сума од неверојатни 7 евра за м2, поточно смешни 438 денари за м2. За информација, на таа локација земјиште се продава и по многу повисока цена а станбен или деловен простор доаѓа и до 2000 евра. Е тука, продаваат градежно земјиште за 7 евра по квадрат. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката. Значи 15 ката висина, кога ќе помножиме со по 2000 еу за м2 доаѓаме до вредност од 30 000 евра за м2 а општина Центар и министерството за транспорт и врски дозволуваат продажба од само 7 евра за м2. Свесни дека оваа продажба на државно земјиште би изгледала матна во очите на јавноста и затоа буквално во очи на нова година, 29.Дек.2021 министерството за финансии склучува договор, односно носи решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. На ова му претходело договор склучен на 02 Окт 2020 помеѓу градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ со фирмата која како инвеститор бара отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост. Цената на оваа спогодба изнесува по 1еу/м2 - вели Ивановски.
Тој додава дека од сите претходни наведени факти се поставуваат логични сомнежи и прашања. -Дали во целава постапка за дооформување на градежно земјиште постои и сомнеж за незаконски дејствија? -Дали инвеститорот е свесен дека 7еу е прениска цена за купување на така ултра луксузна локација морал разликата од тие 7еу до пазарната цена некаде и некому да ја доплати ? -Зашто градоначалниците на СДСМ од општина Центар и министерството за транспорт и врски криејќи се под превезот на нивните омилени термини “рамномерна урбанизација” “мораториум на градење” “урбано зеленило” дозволија да се случи огромна бетонизација на центарот на главниот град ? Покрај бетонизација платото пред на Холидеј Ин и ова за кое денес говорев, спроти зградата на Нова Македонија, ќе ја потсетам јавноста и улицата Козара во Центар каде во кус временски рок никнаа 10 тина огромни згради, истите скоро залепени една до друга или пак свртени една до друга и притоа немаат никаква етичка градежна логика да бидат изградени.