Земја Archives - Република https://republika.mk/tema/zemja/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Feb 2023 08:34:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Земја Archives - Република https://republika.mk/tema/zemja/ 32 32 Откриен нов слој на Земјата, можни нови сознанија за движењата на тектонските плочи што предизвикуваат земјотреси https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrien-nov-sloj-na-zemjata-mozhni-novi-soznanija-za-dvizhenata-na-tektonskite-plochi-shto-predizvikuvaat-zemjotresi/ Wed, 08 Feb 2023 08:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=606296

Научниците открија нов слој на Земјата што се наоѓа под површина, под тектонските плочи и зафаќа речиси половина од нашата планета.

Станува збор за делумно стопени карпи кои покриваат 44 отсто од Земјата. Откритието би можело да доведе до нови сознанија за движењата на тектонските плочи, што предизвикуваат земјотреси, создавале планини, но и придонеле за обликување на хемиските и физичките услови за животот на планетава, објави Џунлин Хуа, соработник на Факултетот за геонауки „Џексон“ при американскиот Универзитет на Тексас во Остин.

Откриениот слој е составен дел на астеносферата, која се наоѓа во делот наречен „горна обвивка“ на планетата, 160 километри под површината. Астеносферата постои како мек слој од цврст, но делумно нестабилен карпест состав што може да предизвика движење на тектонските плочи.

Науката и претходно забележале делови од овој карпест слој, но се мислеше дека станува збор за аномалија. Сега, се наведува, има докази за прилично пошироко негово присуство.

Но, засега не се знае со сигурност дали стопениот дел го олеснува движењето на тектонските плочи.

The post Откриен нов слој на Земјата, можни нови сознанија за движењата на тектонските плочи што предизвикуваат земјотреси appeared first on Република.

]]>

Научниците открија нов слој на Земјата што се наоѓа под површина, под тектонските плочи и зафаќа речиси половина од нашата планета. Станува збор за делумно стопени карпи кои покриваат 44 отсто од Земјата. Откритието би можело да доведе до нови сознанија за движењата на тектонските плочи, што предизвикуваат земјотреси, создавале планини, но и придонеле за обликување на хемиските и физичките услови за животот на планетава, објави Џунлин Хуа, соработник на Факултетот за геонауки „Џексон“ при американскиот Универзитет на Тексас во Остин. Откриениот слој е составен дел на астеносферата, која се наоѓа во делот наречен „горна обвивка“ на планетата, 160 километри под површината. Астеносферата постои како мек слој од цврст, но делумно нестабилен карпест состав што може да предизвика движење на тектонските плочи. Науката и претходно забележале делови од овој карпест слој, но се мислеше дека станува збор за аномалија. Сега, се наведува, има докази за прилично пошироко негово присуство. Но, засега не се знае со сигурност дали стопениот дел го олеснува движењето на тектонските плочи.

The post Откриен нов слој на Земјата, можни нови сознанија за движењата на тектонските плочи што предизвикуваат земјотреси appeared first on Република.

]]>
Полска му забрани на Лавров да влезе во земјата https://republika.mk/vesti/svet/polska-mu-zabrani-na-lavrov-da-vleze-vo-zemjata/ Sat, 19 Nov 2022 15:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=575886

Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава која одби да му дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да влезе на нејзина територија каде што требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.

Одлуката на Полска е провокативна и без преседан, се вели во соопштението на руската дипломатија.

Варшава не само што се дискредитираше на овој начин, туку и нанесе непоправлива штета на авторитетот на целата организација за европска безбедност и соработка, се вели во соопштението.

Полска, која го организира министерскиот состанок на ОБСЕ на почетокот на декември, вчера соопшти дека на Сергеј Лавров му бил одбиен влез на полска територија.

Очекуваме Руската Федерација да ги избере членовите на својата делегација во согласност со сегашните прописи – изјави извор од ротирачкото полско претседателство со ОБСЕ. Истиот извор рече дека руската делегација не треба да испраќа „лица кои се санкционирани од Европската унија” на состаноците по руската офанзива врз Украина која започна на 24 февруари, а меѓу нив е и Сергеј Лавров.

Состанокот на 57-те министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѕ, град во централна Полска. Официјална Москва соопшти дека руската делегација ќе ја предводи рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич.

The post Полска му забрани на Лавров да влезе во земјата appeared first on Република.

]]>

Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава која одби да му дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да влезе на нејзина територија каде што требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.
Одлуката на Полска е провокативна и без преседан, се вели во соопштението на руската дипломатија.
Варшава не само што се дискредитираше на овој начин, туку и нанесе непоправлива штета на авторитетот на целата организација за европска безбедност и соработка, се вели во соопштението. Полска, која го организира министерскиот состанок на ОБСЕ на почетокот на декември, вчера соопшти дека на Сергеј Лавров му бил одбиен влез на полска територија.
Очекуваме Руската Федерација да ги избере членовите на својата делегација во согласност со сегашните прописи – изјави извор од ротирачкото полско претседателство со ОБСЕ. Истиот извор рече дека руската делегација не треба да испраќа „лица кои се санкционирани од Европската унија” на состаноците по руската офанзива врз Украина која започна на 24 февруари, а меѓу нив е и Сергеј Лавров.
Состанокот на 57-те министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѕ, град во централна Полска. Официјална Москва соопшти дека руската делегација ќе ја предводи рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич.

The post Полска му забрани на Лавров да влезе во земјата appeared first on Република.

]]>
46,7 отсто од вкупното население во Македонија е вакцинирано со две дози против ковид-19, многу е опаднат процентот на вакцнирани деца со втора доза против сипаници, МЗ организира караван за имунизација во 24 места https://republika.mk/zivot/zdravje/46-7-otsto-od-vkupnoto-naselenie-vo-makedonija-e-vakcinirano-so-dve-dozi-protiv-kovid-19-mnogu-e-opadnat-procentot-na-vakcnirani-deca-so-vtora-doza-protiv-sipanici-mz-organizira-karavan-za-imunizacija/ Tue, 18 Oct 2022 11:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=562507

46,7 отсто од вкупното население во Македонија е вакцинирано со две дози против ковид-19, а само 8,9% се вакцинирани со трета доза. Многу е опаднат процентот на вакцнирани деца со втора доза против сипаници, па поради тоа Министертвото за здравство организира караван за информирање и вакцинација каде што ќе бидат посетени 24 населени места во Македонија.

Караванот почнува утре, на 19 октовмри, со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО).

Под слоганот „Заедно заштитени - вакцините делуваат“, караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против КОВИД-19 и ќе овозможи вакцинација против КОВИД-19 на лице место.

Повеќе од два века вакцините им помагаат на луѓето да останат здрави - почнувајќи од првата вакцина за заштита од големи сипаници, па сѐ до најновите вакцини што се користат за спречување тешки случаи на КОВИД-19. Оттогаш, семејствата и заедниците веруваат дека вакцините овозможуваат заштита за сите - од новороденчиња до повозрасни лица, велат од МЗ.

Пандемијата КОВИД-19 предизвика огромен притисок кај здравствените системи и услуги, а нарушувањата го загрозија долгогодишниот тешко стекнат напредок во редовната вакцинација кај деца. На пример, процентот на деца кои ја примиле втората доза против сипаници опаднал од 93,4 отсто во 2019 година на 68,5 отсто во 2020 година, со покачување на 80,4 отсто во 2021 година.

Бидејќи караванот почнува во пресрет на сезоната на грип, тој ќе споделува информации за вакцинација против сезонскиот грип во контекст на ковид-19. Повторно ќе се истакне потребата од вакцинирање против ковид-19, бидејќи 46,7% од вкупното население во Македонија се вакцинирани со две дози, а само 8,9% се вакцинирани со трета доза. Тимовите за имунизација кои патуваат со караванот ќе обезбедат вакцинација против ковид-19 на лице место.

За време на настаните ќе има на располагање и услуги за мерење крвен притисок, организирани во соработка со Црвен Крст на Македонија.

Во продолжение е списокот на времето и локациите кога караванот ќе ги посети заедниците низ целата земја:

• 19-ти октомври Плоштад Куманово [10:00-12:00 ч.]; Черкези, училишниот двор [12:30-14:30 ч.]; и Старо Нагоричане, пред Општината [15:00-17:00 ч.]
• 20-ти октомври Плоштад Струмица [10:00-12:00 ч.]; Ново Село, пред болницата [12:30-14:30 ч.] и Василево, пред Домот на културата [15:00-17:00 ч.]
• 21-ти октомври Велес, пред театарот [10:00-12:00 ч.]; Чашка, на Плоштадот кај Општината [12:30-14:30 ч.]; и Бузалково, до општината [15:00-17:00 ч.]
• 22-ти октомври Прилеп, пред Старата Чаршија [10:00-12:00 ч.]; Долнени, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Кривогаштани, пред Општината [15:00-17:00 ч.]
• 23-ти октомври Битола, Саат-кула [10:00-12:00 ч.]; Новаци, до пазарот Шик [12:30-14:30 ч.]; и Могила [15:00-17:00 ч.]
• 24-ти октомври Охрид, Плоштад Крушевска Република [10:00-12:00 ч.]; Мешеишта, до полигонот [12:30-14:30 ч.]; и Косел, [15:00-17:00 ч.]
• 25-ти октомври на Плоштад Тетово [10:00-12:00 ч.]; Боговиње, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Теарце, Училишниот двор на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ [15:00-17:00 ч.]
• 26-ти октомври Плоштад Скопје [10:00-12:00 ч.]; Сарај, пред основното училиште „Дитуриа“ [12:30-14:30 ч.]; и Ракотинци, пред Општината [15:00-17:00 ч.]

The post 46,7 отсто од вкупното население во Македонија е вакцинирано со две дози против ковид-19, многу е опаднат процентот на вакцнирани деца со втора доза против сипаници, МЗ организира караван за имунизација во 24 места appeared first on Република.

]]>

46,7 отсто од вкупното население во Македонија е вакцинирано со две дози против ковид-19, а само 8,9% се вакцинирани со трета доза. Многу е опаднат процентот на вакцнирани деца со втора доза против сипаници, па поради тоа Министертвото за здравство организира караван за информирање и вакцинација каде што ќе бидат посетени 24 населени места во Македонија. Караванот почнува утре, на 19 октовмри, со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО). Под слоганот „Заедно заштитени - вакцините делуваат“, караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против КОВИД-19 и ќе овозможи вакцинација против КОВИД-19 на лице место.
Повеќе од два века вакцините им помагаат на луѓето да останат здрави - почнувајќи од првата вакцина за заштита од големи сипаници, па сѐ до најновите вакцини што се користат за спречување тешки случаи на КОВИД-19. Оттогаш, семејствата и заедниците веруваат дека вакцините овозможуваат заштита за сите - од новороденчиња до повозрасни лица, велат од МЗ.
Пандемијата КОВИД-19 предизвика огромен притисок кај здравствените системи и услуги, а нарушувањата го загрозија долгогодишниот тешко стекнат напредок во редовната вакцинација кај деца. На пример, процентот на деца кои ја примиле втората доза против сипаници опаднал од 93,4 отсто во 2019 година на 68,5 отсто во 2020 година, со покачување на 80,4 отсто во 2021 година. Бидејќи караванот почнува во пресрет на сезоната на грип, тој ќе споделува информации за вакцинација против сезонскиот грип во контекст на ковид-19. Повторно ќе се истакне потребата од вакцинирање против ковид-19, бидејќи 46,7% од вкупното население во Македонија се вакцинирани со две дози, а само 8,9% се вакцинирани со трета доза. Тимовите за имунизација кои патуваат со караванот ќе обезбедат вакцинација против ковид-19 на лице место. За време на настаните ќе има на располагање и услуги за мерење крвен притисок, организирани во соработка со Црвен Крст на Македонија. Во продолжение е списокот на времето и локациите кога караванот ќе ги посети заедниците низ целата земја: • 19-ти октомври Плоштад Куманово [10:00-12:00 ч.]; Черкези, училишниот двор [12:30-14:30 ч.]; и Старо Нагоричане, пред Општината [15:00-17:00 ч.] • 20-ти октомври Плоштад Струмица [10:00-12:00 ч.]; Ново Село, пред болницата [12:30-14:30 ч.] и Василево, пред Домот на културата [15:00-17:00 ч.] • 21-ти октомври Велес, пред театарот [10:00-12:00 ч.]; Чашка, на Плоштадот кај Општината [12:30-14:30 ч.]; и Бузалково, до општината [15:00-17:00 ч.] • 22-ти октомври Прилеп, пред Старата Чаршија [10:00-12:00 ч.]; Долнени, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Кривогаштани, пред Општината [15:00-17:00 ч.] • 23-ти октомври Битола, Саат-кула [10:00-12:00 ч.]; Новаци, до пазарот Шик [12:30-14:30 ч.]; и Могила [15:00-17:00 ч.] • 24-ти октомври Охрид, Плоштад Крушевска Република [10:00-12:00 ч.]; Мешеишта, до полигонот [12:30-14:30 ч.]; и Косел, [15:00-17:00 ч.] • 25-ти октомври на Плоштад Тетово [10:00-12:00 ч.]; Боговиње, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Теарце, Училишниот двор на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ [15:00-17:00 ч.] • 26-ти октомври Плоштад Скопје [10:00-12:00 ч.]; Сарај, пред основното училиште „Дитуриа“ [12:30-14:30 ч.]; и Ракотинци, пред Општината [15:00-17:00 ч.]

The post 46,7 отсто од вкупното население во Македонија е вакцинирано со две дози против ковид-19, многу е опаднат процентот на вакцнирани деца со втора доза против сипаници, МЗ организира караван за имунизација во 24 места appeared first on Република.

]]>
Шекил О’Нил верува дека Земјата е рамна: Еве го неговото објаснување за таа теорија https://republika.mk/sport/kosarka/shekil-o-nil-veruva-deka-zemjata-e-ramna-eve-go-negovoto-objasnuvanje-za-negovata-teorija/ Fri, 26 Aug 2022 12:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=544375

Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил, смета дека земјата е рамна.

При гостување во една емисија, тој даде објаснување зошто размислува така. Притоа, тој истакна дека тоа е само теорија, која не е докажана.

Ова се неговите причини:

Денес летав со авион дваесетина часа, не се свртев, ниту паднав, ништо. Како знаеме дека Земјата навистина ротира? Јас живеам на езеро триесет години и никогаш не сум видел езерото да се движи лево или десно - изјави Шекил.

Кога водителите Кајл Сандиленд и Џеки Хендерсон му посочија дека од САД до Австралија може да стигне и од брегот, Шекил одговори:

И тоа е рамна насока исто.

The post Шекил О’Нил верува дека Земјата е рамна: Еве го неговото објаснување за таа теорија appeared first on Република.

]]>

Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил, смета дека земјата е рамна. При гостување во една емисија, тој даде објаснување зошто размислува така. Притоа, тој истакна дека тоа е само теорија, која не е докажана. Ова се неговите причини:
Денес летав со авион дваесетина часа, не се свртев, ниту паднав, ништо. Како знаеме дека Земјата навистина ротира? Јас живеам на езеро триесет години и никогаш не сум видел езерото да се движи лево или десно - изјави Шекил.
Кога водителите Кајл Сандиленд и Џеки Хендерсон му посочија дека од САД до Австралија може да стигне и од брегот, Шекил одговори:
И тоа е рамна насока исто.

The post Шекил О’Нил верува дека Земјата е рамна: Еве го неговото објаснување за таа теорија appeared first on Република.

]]>
Русите употребиле фосфорни бомби: Пеколот дојде на Земјата, во Азовстал https://republika.mk/vesti/svet/rusite-upotrebile-fosforni-bombi-pekolot-dojde-na-zemjata-vo-azovstal/ Sun, 15 May 2022 12:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=502510

Петро Андриушченко, член на Градското собрание во Мариупол, објави видео од руски напад врз фабриката за челик, Азовстал.

Тој тврди дека Русите употребиле фосфорни бомби, а снимката не била потврдена од независни извори.

Пеколот дојде на Земјата. Во Азовстал, напиша Андриушченко.

The post Русите употребиле фосфорни бомби: Пеколот дојде на Земјата, во Азовстал appeared first on Република.

]]>

Петро Андриушченко, член на Градското собрание во Мариупол, објави видео од руски напад врз фабриката за челик, Азовстал. Тој тврди дека Русите употребиле фосфорни бомби, а снимката не била потврдена од независни извори.
Пеколот дојде на Земјата. Во Азовстал, напиша Андриушченко.

The post Русите употребиле фосфорни бомби: Пеколот дојде на Земјата, во Азовстал appeared first on Република.

]]>
Македонија е 89. најсреќна земја за живот од 146 рангирани во светот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonija-e-89-najsrekjna-zemja-za-zivot-od-146-rangirani-vo-svetot/ Fri, 18 Mar 2022 11:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=474905

Финска по петти пат го зазеде местото на најсреќна земја за живот, додека Македонија е на 89. место меѓу 146-те рангирани земји, според Светскиот извештај за среќа, публикација на Мрежата за одржлив развој на ОН.

Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други.

Од земјите во регионот, најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22 место, потоа Србија на 43, Хрватска на 47, БиХ на 67, Црна Гора на 75, а Македонија на 89 место.

Споредено со лани, од земјите во регионот само БиХ и Црна Гора паднале за неколку места. Според минатогодишниот извештај, Словенија беше на 29 место, Србија на 48, Хрватска на 60, БиХ на 64, Црна Гора на 70, а Македонија на 94 место.

Америка падна на 16-то место од ланското 14-то, Велика Британија на 17-то, во однос на ланското 18-то, а Франција без промени на 20-то место.

Од земјите на поранешниот Советски Сојуз, Литванија и Естонија имаат најдобри показатели, на 34 и 36 место, потоа Молдавија 62, Киргистан 64, Белорусија 65, Туркменистан 78, Русија 80 во споредба со минатогодишното 60 место, пренесува РИА Новости.

Најнесреќни земји според ОН се Авганистан кој е на последното место и Либан.

The post Македонија е 89. најсреќна земја за живот од 146 рангирани во светот appeared first on Република.

]]>

Финска по петти пат го зазеде местото на најсреќна земја за живот, додека Македонија е на 89. место меѓу 146-те рангирани земји, според Светскиот извештај за среќа, публикација на Мрежата за одржлив развој на ОН. Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд. Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други. Од земјите во регионот, најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22 место, потоа Србија на 43, Хрватска на 47, БиХ на 67, Црна Гора на 75, а Македонија на 89 место. Споредено со лани, од земјите во регионот само БиХ и Црна Гора паднале за неколку места. Според минатогодишниот извештај, Словенија беше на 29 место, Србија на 48, Хрватска на 60, БиХ на 64, Црна Гора на 70, а Македонија на 94 место. Америка падна на 16-то место од ланското 14-то, Велика Британија на 17-то, во однос на ланското 18-то, а Франција без промени на 20-то место. Од земјите на поранешниот Советски Сојуз, Литванија и Естонија имаат најдобри показатели, на 34 и 36 место, потоа Молдавија 62, Киргистан 64, Белорусија 65, Туркменистан 78, Русија 80 во споредба со минатогодишното 60 место, пренесува РИА Новости. Најнесреќни земји според ОН се Авганистан кој е на последното место и Либан.

The post Македонија е 89. најсреќна земја за живот од 146 рангирани во светот appeared first on Република.

]]>