зелка Archives - Република https://republika.mk/tema/zelka/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 13:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелка Archives - Република https://republika.mk/tema/zelka/ 32 32 Oва е суперхрана за 2024 година, а чини 20 денари по килограм https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/ova-e-superhrana-za-2024-godina-a-chini-20-denari-po-kilogram/ Sat, 01 Jun 2024 13:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=783882

Гастрономски и нутритивен хит кој го замени прокељот како нова суперхрана е зелката. Зелката е многу богата со хранливи материи. Содржи растителни влакна, половина од дневната потреба за витамин К, третина од потребата за витамин Ц и десет отсто од дневната потреба за фолати. Овој лиснат зеленчук содржи и траги од манган, витамин Б6, калциум, калиум, витамин А, железо и рибофлавин.

Зелката припаѓа на семејството зелки заедно со брокулата, карфиолот и кељот. Сите тие содржат соединенија кои се борат против ракот и имаат моќ да го контролираат воспалението, а го намалуваат и ризикот од проблеми со срцето.

Притоа, за разлика од некои други намирници кои имаат репутација на суперхрана, како што се авокадото или боровинките, зелката е исклучително поволна. Килограм млада зелка во маркетите е 20 до 30 денари, а нејзината цена на пазарите е и поевтина од тоа.

Според „ChefIQ“, „зелката понекогаш може да има лоша репутација“, главно затоа што кога ќе се превари може да испушта непријатен мирис на сулфур.

„Сепак, кога правилно се подготвува, овој зеленчук може да додаде богатство во вашите јадења“, забележуваат тие.

Освен што го намалува воспалението, зелката содржи и антоцијани кои се здрави за срцето, а припаѓаат на семејството на флавоноиди. Студија од 2013 година објавена во списанието „Circulation“ која опфатила 93.600 жени покажа дека оние со поголем внес на храна богата со антоцијани имаат помал ризик од срцев удар. Исто така, влакната помагаат во намалување на лошиот холестерол.

Сепак, исто така треба да се напомене дека консумирањето големи количини на зеленчук од семејството зелки може да предизвика надуеност поради високата содржина на влакна.

 

The post Oва е суперхрана за 2024 година, а чини 20 денари по килограм appeared first on Република.

]]>

Гастрономски и нутритивен хит кој го замени прокељот како нова суперхрана е зелката. Зелката е многу богата со хранливи материи. Содржи растителни влакна, половина од дневната потреба за витамин К, третина од потребата за витамин Ц и десет отсто од дневната потреба за фолати. Овој лиснат зеленчук содржи и траги од манган, витамин Б6, калциум, калиум, витамин А, железо и рибофлавин. Зелката припаѓа на семејството зелки заедно со брокулата, карфиолот и кељот. Сите тие содржат соединенија кои се борат против ракот и имаат моќ да го контролираат воспалението, а го намалуваат и ризикот од проблеми со срцето. Притоа, за разлика од некои други намирници кои имаат репутација на суперхрана, како што се авокадото или боровинките, зелката е исклучително поволна. Килограм млада зелка во маркетите е 20 до 30 денари, а нејзината цена на пазарите е и поевтина од тоа. Според „ChefIQ“, „зелката понекогаш може да има лоша репутација“, главно затоа што кога ќе се превари може да испушта непријатен мирис на сулфур. „Сепак, кога правилно се подготвува, овој зеленчук може да додаде богатство во вашите јадења“, забележуваат тие. Освен што го намалува воспалението, зелката содржи и антоцијани кои се здрави за срцето, а припаѓаат на семејството на флавоноиди. Студија од 2013 година објавена во списанието „Circulation“ која опфатила 93.600 жени покажа дека оние со поголем внес на храна богата со антоцијани имаат помал ризик од срцев удар. Исто така, влакната помагаат во намалување на лошиот холестерол. Сепак, исто така треба да се напомене дека консумирањето големи количини на зеленчук од семејството зелки може да предизвика надуеност поради високата содржина на влакна.  

The post Oва е суперхрана за 2024 година, а чини 20 денари по килограм appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДСМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-zelkata-ke-ostane-neotkupena-zaradi-loshite-politiki-na-sdsm/ Mon, 15 Apr 2024 17:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=766397

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на два откупни центри за зелка во Струмичкиот регион каде што во моментов актуелен е откупот на зелката.

Откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следи процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците. Ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи, изјави Трипуновски.

Градинарите од Република Македонија пред извесен период се пожалија за ниската откупна цена на зелката која во моментов се движи околу 15тина денари за килограм.

ВМРО-ДПМНЕ одговорно и посветено ќе работи во интерес на земјоделците, бидејќи ние навистина се грижиме за нив, тие ќе имаат сигурен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заврши Трипуновски.

 

The post Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на два откупни центри за зелка во Струмичкиот регион каде што во моментов актуелен е откупот на зелката.
Откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следи процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците. Ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи, изјави Трипуновски.
Градинарите од Република Македонија пред извесен период се пожалија за ниската откупна цена на зелката која во моментов се движи околу 15тина денари за килограм.
ВМРО-ДПМНЕ одговорно и посветено ќе работи во интерес на земјоделците, бидејќи ние навистина се грижиме за нив, тие ќе имаат сигурен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заврши Трипуновски.
 

The post Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Заради неспособноста на власта, зелката во струмичкиот регион се откупува за само 15 денари по килограм https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-zaradi-nesposobnosta-na-vlasta-zelkata-vo-strumichkiot-region-se-otkupuva-za-samo-15-denari-po-kilogram/ Wed, 10 Apr 2024 18:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=764681

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Василево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од струмичкиот регион.

Во моментов зелката се откупува за 15 денари што е далеку под производната цена.

-Целта на мојата посета е падот на откупната цена на зелката, иако на почетокот стартуваше со 30тина денари за килограм, денеска откупната цена се движи околу 15 денари, што е далеку под производната цена. Според информациите до коишто дојдовме откупот е некаде на половина, односно останат е неоткупен голем дел од произведената зелка, изјави Трипуновски.

-Барем во овие последни денови министерот Николовски и Владата во заминување не треба да ги остават македонските земјоделци, да најдат начин, да седнат со откупувачите, да договорат цена којашто е прифатлива за земјоделците. Тоа земјоделците го заслужуваат, дополни Трипуновски.

Рече дека сведоци сме на постојани вакви ситуации изминативе години кога земјоделците своите производи ги продаваат далеку под производната цена.

-Апелирам уште веднаш во текот на утрешниот ден МЗШВ и откупувачите да седнат и да направат стратегија како понатаму ќе се движи откупот на зелка. Доколку не се способни, доколку не сакаат, доколку се незаинтересирани барем нека не остават нас да покажеме како навистина се води земјоделска политика. ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и стратегија како во иднина да нема вакви проблеми за македонските земјоделци, заврши Трипуновски.

The post Трипуновски: Заради неспособноста на власта, зелката во струмичкиот регион се откупува за само 15 денари по килограм appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Василево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од струмичкиот регион. Во моментов зелката се откупува за 15 денари што е далеку под производната цена.
-Целта на мојата посета е падот на откупната цена на зелката, иако на почетокот стартуваше со 30тина денари за килограм, денеска откупната цена се движи околу 15 денари, што е далеку под производната цена. Според информациите до коишто дојдовме откупот е некаде на половина, односно останат е неоткупен голем дел од произведената зелка, изјави Трипуновски.
-Барем во овие последни денови министерот Николовски и Владата во заминување не треба да ги остават македонските земјоделци, да најдат начин, да седнат со откупувачите, да договорат цена којашто е прифатлива за земјоделците. Тоа земјоделците го заслужуваат, дополни Трипуновски. Рече дека сведоци сме на постојани вакви ситуации изминативе години кога земјоделците своите производи ги продаваат далеку под производната цена.
-Апелирам уште веднаш во текот на утрешниот ден МЗШВ и откупувачите да седнат и да направат стратегија како понатаму ќе се движи откупот на зелка. Доколку не се способни, доколку не сакаат, доколку се незаинтересирани барем нека не остават нас да покажеме како навистина се води земјоделска политика. ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и стратегија како во иднина да нема вакви проблеми за македонските земјоделци, заврши Трипуновски.

The post Трипуновски: Заради неспособноста на власта, зелката во струмичкиот регион се откупува за само 15 денари по килограм appeared first on Република.

]]>
Се пласира во сите земји на ЕУ и Украина: Со 40 денари за килограм, струмичката зелка држи цена https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-plasira-vo-site-zemji-na-eu-i-ukraina-so-40-denari-za-kilogram-strumichkata-zelka-drzhi-tsena/ Tue, 26 Mar 2024 14:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=758919

Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина.

Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците.

До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам дека ќе продолжиме по празникот. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне, смета Благој Витанов, трговец од Струмица.

И производителите се задоволни од откупната цена на пролетната зелка, која освен на откупувачите ја продаваат и на Пазарот на големо во Струмица.

Откупната цена  засега е добра и доколку остане таква тоа ќе значи многу. Но, искуството од минатите години ни кажува дека како што расте понудата така цената паѓа. Се надевам дека нема да се случи да падне под прагот што е исплатлив за нас, односно на неколку денари за килограм, велат повеќе градинари од селото Банско.

Како штом информираат оттаму, поголемите производители на зелка и тие што порано ја засадиле веќе се при крај на бербата, а екот се очекува да се случи во првите десетина денови од наредниот месец.

Покрај пролетната зелка тече откупот и на лутите пиперки, кои се откупуваат по 7 денари за парче и од почетокот на бербата имаат континуирана откупна цена.

Инаку, во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под пролетна зелка и се очекува принос од над 50 илјади тони.

The post Се пласира во сите земји на ЕУ и Украина: Со 40 денари за килограм, струмичката зелка држи цена appeared first on Република.

]]>

Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина. Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците.
До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам дека ќе продолжиме по празникот. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне, смета Благој Витанов, трговец од Струмица.
И производителите се задоволни од откупната цена на пролетната зелка, која освен на откупувачите ја продаваат и на Пазарот на големо во Струмица.
Откупната цена  засега е добра и доколку остане таква тоа ќе значи многу. Но, искуството од минатите години ни кажува дека како што расте понудата така цената паѓа. Се надевам дека нема да се случи да падне под прагот што е исплатлив за нас, односно на неколку денари за килограм, велат повеќе градинари од селото Банско.
Како штом информираат оттаму, поголемите производители на зелка и тие што порано ја засадиле веќе се при крај на бербата, а екот се очекува да се случи во првите десетина денови од наредниот месец. Покрај пролетната зелка тече откупот и на лутите пиперки, кои се откупуваат по 7 денари за парче и од почетокот на бербата имаат континуирана откупна цена. Инаку, во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под пролетна зелка и се очекува принос од над 50 илјади тони.

The post Се пласира во сите земји на ЕУ и Украина: Со 40 денари за килограм, струмичката зелка држи цена appeared first on Република.

]]>
„Зелка диета“ по рецепт на југословенски нутриционист, најдобра за брзо чистење на организмот https://republika.mk/zivot/zdravje/zelka-dieta-po-retsept-na-jugoslovenski-nutritsionist-najdobra-za-brzo-chistene-na-organizmot/ Sat, 28 Oct 2023 08:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=695465

Нутриционистот Предраг Ненадиќ, кој важи за еден од најпознатите нутриционисти од поранешна Југославија, неодамна потсети познатата „диета со зелка“ со која можете да изгубите и до 5 килограми неделно.

Финтата е во тоа што резултатите не траат долго, т.е. килограмите се враќаат многу брзо ако престанете да внимавате на исхраната.

Диетата со зелка се препорачува само во еден случај - како увертира за промена на навиките во исхраната и стабилизирање на телесната тежина и не се препорачува да се држите до неа долго време.

Се препорачува после првичното држење до режимот со чорбата на база на зелка, да продолжите да водите здрав живот со редовна физичка активност и консумирање на разновидна здрава храна.

Како да се подготви супа од зелка за брзо губење на тежината:

Потребно е:

6 големи перки на млад кромид (во зима може да се користи главица стар кромид или праз)
2 пиперки
една голема свежа зелка
малку сол и бибер
по желба и зачини

Подготовка: 

Зелката исечкајте ја на парчиња и ставете ја во соодветно тенџере и налејте доволно вода за да ја покрие. Додадете ги останатите состојки, па варете на силен оган 10 минути. Потоа намалете ја температурата и оставете да крчка додека зелката не омекне.

Напомена:

Оваа манџа мора да ја јадете секој ден кога сте гладни. Јадете колку што сакате и колку што можете во секое време од денот. Чорбата нема калории и колку повеќе ја јадете, толку побрзо ќе ослабете. Но, ако го јадете само ова јадење долго време, ќе станете неухранети.

Распоред:

Ден 1: Може да јадете било какво овошје, освен банани, но изберете ги оние со помалку шеќер. Од останатите намирници, јадете ја само оваа супа од зелка и пијте вода или незасладени чаеви.

Ден 2: На ​​овој ден јадете секаков вид зеленчук. Јадете колку што сакате додека не се заситите. Изберете зелен зеленчук и избегнувајте зелка и пченка. Почестете се со голем печен компир со путер за ручек. Не јадете овошје и секако не заборавајте да каснете и од чорбата.

Ден 3: Јадете овошје и зеленчук, но и чорба колку што можете повеќе. Не јадете компири или банани.

Ден 4: На ​​овој ден јадете банани и пијте обезмастено млеко. Во текот на денот можете да изедете до 6 банани и да пиете млеко колку сакате, со задолжителната чорба од зелка.

Ден 5: Говедско месо и домати. Во текот на денот можете да јадете помеѓу 350 и 600 грама варено говедско месо и шест свежи домати. Добро би било да пиете до 6 чаши вода во текот на денот, што ќе помогне во детоксикацијата. Јадете и најмалку две порции од чорбата.

Ако ги следите овие правила, доктор Ненадиќ вели дека ќе изгубите помеѓу 2,5 и 3,5 килограми, а можеби и повеќе за една недела.

По петтиот ден се враќате на менито од првиот ден, додека не ја достигнете саканата тежина.

Последици од диетата со зелка:

Резултатите се краткорочни. Тежината се губи многу брзо, но по диетата може да се врати исто толку брзо.

Менито е монотоно и брзо станува досадно и предизвикува ситост, понекогаш дури и гадење. Ако супата од зелка ви пречи на стомакот, отстранете ги корените и ребрата и варете ја супата само од меките листови.

Некои луѓе може да се чувствуваат тромо поради недостаток на калории и недостаток на енергија, но ако јадете повеќе од таа супа од зелка, ќе го почувствувате тој недостаток помалку.

The post „Зелка диета“ по рецепт на југословенски нутриционист, најдобра за брзо чистење на организмот appeared first on Република.

]]>

Нутриционистот Предраг Ненадиќ, кој важи за еден од најпознатите нутриционисти од поранешна Југославија, неодамна потсети познатата „диета со зелка“ со која можете да изгубите и до 5 килограми неделно. Финтата е во тоа што резултатите не траат долго, т.е. килограмите се враќаат многу брзо ако престанете да внимавате на исхраната. Диетата со зелка се препорачува само во еден случај - како увертира за промена на навиките во исхраната и стабилизирање на телесната тежина и не се препорачува да се држите до неа долго време. Се препорачува после првичното држење до режимот со чорбата на база на зелка, да продолжите да водите здрав живот со редовна физичка активност и консумирање на разновидна здрава храна.

Како да се подготви супа од зелка за брзо губење на тежината:

Потребно е: 6 големи перки на млад кромид (во зима може да се користи главица стар кромид или праз) 2 пиперки една голема свежа зелка малку сол и бибер по желба и зачини Подготовка:  Зелката исечкајте ја на парчиња и ставете ја во соодветно тенџере и налејте доволно вода за да ја покрие. Додадете ги останатите состојки, па варете на силен оган 10 минути. Потоа намалете ја температурата и оставете да крчка додека зелката не омекне. Напомена: Оваа манџа мора да ја јадете секој ден кога сте гладни. Јадете колку што сакате и колку што можете во секое време од денот. Чорбата нема калории и колку повеќе ја јадете, толку побрзо ќе ослабете. Но, ако го јадете само ова јадење долго време, ќе станете неухранети.

Распоред:

Ден 1: Може да јадете било какво овошје, освен банани, но изберете ги оние со помалку шеќер. Од останатите намирници, јадете ја само оваа супа од зелка и пијте вода или незасладени чаеви. Ден 2: На ​​овој ден јадете секаков вид зеленчук. Јадете колку што сакате додека не се заситите. Изберете зелен зеленчук и избегнувајте зелка и пченка. Почестете се со голем печен компир со путер за ручек. Не јадете овошје и секако не заборавајте да каснете и од чорбата. Ден 3: Јадете овошје и зеленчук, но и чорба колку што можете повеќе. Не јадете компири или банани. Ден 4: На ​​овој ден јадете банани и пијте обезмастено млеко. Во текот на денот можете да изедете до 6 банани и да пиете млеко колку сакате, со задолжителната чорба од зелка. Ден 5: Говедско месо и домати. Во текот на денот можете да јадете помеѓу 350 и 600 грама варено говедско месо и шест свежи домати. Добро би било да пиете до 6 чаши вода во текот на денот, што ќе помогне во детоксикацијата. Јадете и најмалку две порции од чорбата. Ако ги следите овие правила, доктор Ненадиќ вели дека ќе изгубите помеѓу 2,5 и 3,5 килограми, а можеби и повеќе за една недела. По петтиот ден се враќате на менито од првиот ден, додека не ја достигнете саканата тежина.

Последици од диетата со зелка:

Резултатите се краткорочни. Тежината се губи многу брзо, но по диетата може да се врати исто толку брзо. Менито е монотоно и брзо станува досадно и предизвикува ситост, понекогаш дури и гадење. Ако супата од зелка ви пречи на стомакот, отстранете ги корените и ребрата и варете ја супата само од меките листови. Некои луѓе може да се чувствуваат тромо поради недостаток на калории и недостаток на енергија, но ако јадете повеќе од таа супа од зелка, ќе го почувствувате тој недостаток помалку.

The post „Зелка диета“ по рецепт на југословенски нутриционист, најдобра за брзо чистење на организмот appeared first on Република.

]]>
Лековита облога за бронхитис и упорна кашлица https://republika.mk/zivot/zdravje/lekovita-obloga-za-bronhitis-i-uporna-kashlitsa/ Tue, 17 Oct 2023 16:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=692221

Еден од најдобрите природни начини во бор-бата со бронхитис и упорна кашлица е лекот од лист зелка со мед, оваа комбинација е моќно средство против кашлицата. Лекот може да го прочитате во продолжение:

За употреба на овој лек не постои ограничувања во консумирањето. Може да го користат и деца и возрасни. Сè што ви е потребно се 2 состојки: 1 главица зелка и мед. Подготовка на лекот: Полека извлечете еден лист од главицата зелка.

Листот треба да го ставите во врела вода да отстои неколку минути (претходно зелката треба да биде добро измиена). По отстојувањето, листот ќе омекне и ќе стане топол. Едната страна од листот премачкајте ја со мед.

Премачканата страна се става директно на гра-дите, а преку зелката се зацврстува со најлонска кеса и одозгора се покривате со шал или пешкир. Доколку кашлицата е хронична, ќе ви бидат потребни 2 ливчиња зелка.

Едниот лист се става на белите дробови, а другиот на грбот во предел на белодробието, од двете страни. Се фиксира со најлонска кеса и со пешкир/шал и се остава лекот да делува преку ноќ. Наутро кожата се пребришува со влажна крпа или се испира местото каде што биле нанесени облогите.

Доколку имате почетен бронхитис, резултатот од лекот ќе биде видлив после првата употреба. Лечењето се спроведува 5 вечери по ред и наскоро од хроничната кашлица нема да имате ни трага.

Активните состојки на медот и зелката, а покрај тоа и топлината која што се постигнува со завиткувањето придонесуваат за лекување на кашлицата и ублажување на воспалителниот процес. Медот може да го замените и со топло рицинусово масло или да го користите наизменично во третманот.

The post Лековита облога за бронхитис и упорна кашлица appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите природни начини во бор-бата со бронхитис и упорна кашлица е лекот од лист зелка со мед, оваа комбинација е моќно средство против кашлицата. Лекот може да го прочитате во продолжение: За употреба на овој лек не постои ограничувања во консумирањето. Може да го користат и деца и возрасни. Сè што ви е потребно се 2 состојки: 1 главица зелка и мед. Подготовка на лекот: Полека извлечете еден лист од главицата зелка. Листот треба да го ставите во врела вода да отстои неколку минути (претходно зелката треба да биде добро измиена). По отстојувањето, листот ќе омекне и ќе стане топол. Едната страна од листот премачкајте ја со мед. Премачканата страна се става директно на гра-дите, а преку зелката се зацврстува со најлонска кеса и одозгора се покривате со шал или пешкир. Доколку кашлицата е хронична, ќе ви бидат потребни 2 ливчиња зелка. Едниот лист се става на белите дробови, а другиот на грбот во предел на белодробието, од двете страни. Се фиксира со најлонска кеса и со пешкир/шал и се остава лекот да делува преку ноќ. Наутро кожата се пребришува со влажна крпа или се испира местото каде што биле нанесени облогите. Доколку имате почетен бронхитис, резултатот од лекот ќе биде видлив после првата употреба. Лечењето се спроведува 5 вечери по ред и наскоро од хроничната кашлица нема да имате ни трага. Активните состојки на медот и зелката, а покрај тоа и топлината која што се постигнува со завиткувањето придонесуваат за лекување на кашлицата и ублажување на воспалителниот процес. Медот може да го замените и со топло рицинусово масло или да го користите наизменично во третманот.

The post Лековита облога за бронхитис и упорна кашлица appeared first on Република.

]]>
Две есенски диети кои ќе ви помогнат во една недела да се ослободите од неколку килограми https://republika.mk/zivot/zdravje/dve-esenski-dieti-koi-ke-vi-pomognat-vo-edna-nedela-da-se-oslobodite-od-nekolku-kilogrami/ Sat, 16 Sep 2023 08:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=682353

Главниот совет во овие диети е да се користат овошјето и зеленчукот чија сезона е есента. Во комбинација со намалување на внесот на шеќерот и белиот леб, испробајте ги и овие две диети и рецепти, за ослободување од несаканите штетни материи во организмот:

Диета со тиква

Есента е сезона за тиквата. Постојат толку разновидни начини за нејзино приготвување, како што постојат и голем број разни видови тикви. Тие може да се поделат во две групи, зимски и летни тикви. Летната тиква обично е мека, а зимската е потврда, како однадвор така и однатре. Зимските тикви, ако се чуваат на ладно место, може да траат и до неколку месеци, не губејќи ги своите својства.

Меѓу зеленчукот тиквата е шампион по содржината на железо, бакар и флуор, а содржи и калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините Ц, Е, витамини од групата Б, каротин. По содржината на каротин тиквата е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна, кои лесно се апсорбираат во организмот. И за крај, тиквата е нискокалорична.

Искористете ја предноста на сезоната на тикви и користете ја во облик на супа, како главен оброк за појадок, ручек или вечера. За време на диетата може да користите свеж зеленчук како грицки или како ужина и задолжително треба да пиете два литри вода дневно.

Чорба од тиква

За рецептот за супата, која е вашето единствено главно јадење, потребни ви се следниве состојки:

2 јаболка
450 г зеленчук по желба
1 кг тиква
1 главица кромид, средна големина
2 лажици билно масло
малку павлака за готвење со ниска масленост
зачини по желба

Приготвување:
Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Истото тоа направете го и со тиквата.
Во големо тенџере ставете ги двете лажици масло и на нив пропржете го кромидот. Врз него додајте ги зеленчукот и овошјето, зачинете и ставете 2 чаши вода.
Смесата треба да зовре, па потоа на умерена температура варете уште 20-25 минути со постојано мешање.
Меко сварениот зеленчук ставете го во блендер.
Добиеното пире вратете го во садот за варење, ставете малку павлака за готвење и проварете неколку минути со постојано мешање.
Супата може да ја консумирате кога сакате, во колкаво количество и да сакате.

Диета со зелка

Главната состојка на оваа диета е зелката, поточно супата од зелка која освен зелка вклучува и кромид, пиперка, целер и морков. Диетата се држи седум дена и гарантира брза згуба на килограми.  По неколку дена пауза, диетата може да се повтори уште еднаш.

Супата од зелка се јаде како главно јадење три пати на ден. Може да ја подготвите само еднаш, а потоа само да ја загревате. Но дозволени се и други комбинации од намирници, како додатоци на оброкот, спред диетниот календар на деновите во неделата. Еве како изгледа диетниот режим со супа од зелка:

 1 ден

Првиот ден, освен супата, дозволува и овошје. Овошјето сепак треба да биде нискокалорично и со голема содржина на вода. На пример, лубеница, диња, праска, додека бананите се исклучени. Овошни сокови од лимон и портокал се исто така дозволени во првиот ден, но да се пијат без шеќер.

2 ден

Вториот ден заедно со супата дозволен е и зеленчук за меѓуоброци. Зеленчукот треба да се подготвува варен или на скара, дозволени се домати, пиперки, краставица, целер, морков, црн домат, тиквички, но не и грашок, боранија и компир.

3 ден

Третиот ден дозволува овошје и зеленчук за меѓуоброци.

4 ден

Четвртиот ден дозволува исто како и третиот, само што може да се додаде и 1 компир за вечера (варен или печен) и 1 банана.

5 и 6 ден

Петтиот и шестиот ден освен супата се јаде и варено говедско месо или пилешко месо (кое може да се додаде во супата) или дури до 500 грама говедско/пилешко месо да биде за вечера.

7 ден

Седмиот ден е ден на награда, па со супата може да се додаде и шака варен интегрален ориз како и зеленчук.

Во текот на седумдневната диета дозволено е кафе и зелен чај, но без шеќер. Загубата на килограми се гледа по третиот ден.

The post Две есенски диети кои ќе ви помогнат во една недела да се ослободите од неколку килограми appeared first on Република.

]]>

Главниот совет во овие диети е да се користат овошјето и зеленчукот чија сезона е есента. Во комбинација со намалување на внесот на шеќерот и белиот леб, испробајте ги и овие две диети и рецепти, за ослободување од несаканите штетни материи во организмот:

Диета со тиква

Есента е сезона за тиквата. Постојат толку разновидни начини за нејзино приготвување, како што постојат и голем број разни видови тикви. Тие може да се поделат во две групи, зимски и летни тикви. Летната тиква обично е мека, а зимската е потврда, како однадвор така и однатре. Зимските тикви, ако се чуваат на ладно место, може да траат и до неколку месеци, не губејќи ги своите својства. Меѓу зеленчукот тиквата е шампион по содржината на железо, бакар и флуор, а содржи и калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините Ц, Е, витамини од групата Б, каротин. По содржината на каротин тиквата е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна, кои лесно се апсорбираат во организмот. И за крај, тиквата е нискокалорична. Искористете ја предноста на сезоната на тикви и користете ја во облик на супа, како главен оброк за појадок, ручек или вечера. За време на диетата може да користите свеж зеленчук како грицки или како ужина и задолжително треба да пиете два литри вода дневно.
Чорба од тиква За рецептот за супата, која е вашето единствено главно јадење, потребни ви се следниве состојки: 2 јаболка 450 г зеленчук по желба 1 кг тиква 1 главица кромид, средна големина 2 лажици билно масло малку павлака за готвење со ниска масленост зачини по желба Приготвување: Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Истото тоа направете го и со тиквата. Во големо тенџере ставете ги двете лажици масло и на нив пропржете го кромидот. Врз него додајте ги зеленчукот и овошјето, зачинете и ставете 2 чаши вода. Смесата треба да зовре, па потоа на умерена температура варете уште 20-25 минути со постојано мешање. Меко сварениот зеленчук ставете го во блендер. Добиеното пире вратете го во садот за варење, ставете малку павлака за готвење и проварете неколку минути со постојано мешање. Супата може да ја консумирате кога сакате, во колкаво количество и да сакате.

Диета со зелка

Главната состојка на оваа диета е зелката, поточно супата од зелка која освен зелка вклучува и кромид, пиперка, целер и морков. Диетата се држи седум дена и гарантира брза згуба на килограми.  По неколку дена пауза, диетата може да се повтори уште еднаш. Супата од зелка се јаде како главно јадење три пати на ден. Може да ја подготвите само еднаш, а потоа само да ја загревате. Но дозволени се и други комбинации од намирници, како додатоци на оброкот, спред диетниот календар на деновите во неделата. Еве како изгледа диетниот режим со супа од зелка:

 1 ден

Првиот ден, освен супата, дозволува и овошје. Овошјето сепак треба да биде нискокалорично и со голема содржина на вода. На пример, лубеница, диња, праска, додека бананите се исклучени. Овошни сокови од лимон и портокал се исто така дозволени во првиот ден, но да се пијат без шеќер.

2 ден

Вториот ден заедно со супата дозволен е и зеленчук за меѓуоброци. Зеленчукот треба да се подготвува варен или на скара, дозволени се домати, пиперки, краставица, целер, морков, црн домат, тиквички, но не и грашок, боранија и компир.

3 ден

Третиот ден дозволува овошје и зеленчук за меѓуоброци.

4 ден

Четвртиот ден дозволува исто како и третиот, само што може да се додаде и 1 компир за вечера (варен или печен) и 1 банана.

5 и 6 ден

Петтиот и шестиот ден освен супата се јаде и варено говедско месо или пилешко месо (кое може да се додаде во супата) или дури до 500 грама говедско/пилешко месо да биде за вечера.

7 ден

Седмиот ден е ден на награда, па со супата може да се додаде и шака варен интегрален ориз како и зеленчук. Во текот на седумдневната диета дозволено е кафе и зелен чај, но без шеќер. Загубата на килограми се гледа по третиот ден.

The post Две есенски диети кои ќе ви помогнат во една недела да се ослободите од неколку килограми appeared first on Република.

]]>
Лесен оброк за топлите летни денови: Еве како да направите освежителна салата од зелка https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/lesen-obrok-za-toplite-letni-denovi-eve-kako-da-napravite-osvezhitelna-salata-od-zelka/ Tue, 01 Aug 2023 12:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=667654

Оброкот со салата е одлична идеја кога надвор е пеколно топло, затоа пробајте го овој рецепт за салата од зелка.

Зелка салата најчесто се јаде со печено месо, но ако додадете чери домати, тврдо сирење по желба, како и грчки јогурт, ќе направите салата од зелка на која никој нема да може да и одолее. Лесна, освежувачка и ќе ве засити.

Состојки:

350 гр зелка
1 млад кромид
малку свеж власец
180 гр домати
40 гр тврдо сирење
3 супени лажици грчки јогурт

Подготовка:

Изрендајте ја зелката, па додајте сечкан млад кромид.
Потоа додајте ги сечканите чери домати, ренданото сирење и сечканиот власец.
Зачинете со сол и бибер, па добро измешајте, па додадете го грчкиот јогурт и повторно измешајте.

The post Лесен оброк за топлите летни денови: Еве како да направите освежителна салата од зелка appeared first on Република.

]]>

Оброкот со салата е одлична идеја кога надвор е пеколно топло, затоа пробајте го овој рецепт за салата од зелка. Зелка салата најчесто се јаде со печено месо, но ако додадете чери домати, тврдо сирење по желба, како и грчки јогурт, ќе направите салата од зелка на која никој нема да може да и одолее. Лесна, освежувачка и ќе ве засити. Состојки: 350 гр зелка 1 млад кромид малку свеж власец 180 гр домати 40 гр тврдо сирење 3 супени лажици грчки јогурт Подготовка: Изрендајте ја зелката, па додајте сечкан млад кромид. Потоа додајте ги сечканите чери домати, ренданото сирење и сечканиот власец. Зачинете со сол и бибер, па добро измешајте, па додадете го грчкиот јогурт и повторно измешајте.

The post Лесен оброк за топлите летни денови: Еве како да направите освежителна салата од зелка appeared first on Република.

]]>
Производителите на зелка од струмичко излегоа на протест, бараат повисоки откупни цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/proizvoditelite-na-zelka-od-strumichko-izlegoa-na-protest-baraat-povisoki-otkupni-ceni/ Fri, 15 Apr 2022 12:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=488998

Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за земјоделство.

Како што кажаа на протестот, договореното од последната средба со откупувачите и Инспекторатот за земјоделство, зелката да се откупува по 20 денари за килограм во текот на оваа седмица сопгласно законот не се почитува и денеска откупната цена е 15 денари.

За да опстанеме и да можеме идната година година повторно да ја засадиме оваа култура откупната цена треба да изнесува 30 денари за килограм.Бараме итна средба со министерот која ќе се одржи најдоцна до недела и доколку не се случи тоа тогаш ќе го радикализираме протестот со блокирање на патишта, рече Васе Панов, производител на пролетна зелка.

На протестот беше кажано дека дел од трговците прават манипулации при откупот, односно се пишува дека зелката се откупува по 20 денари, а се намалуваат килограмите на откупеното и зелката се исплаќа по 15 денари за килограм. Затоа, земјоделците бараат реакција од надлежните за да се спречат таквите манипулации.

Дел од земјоделците реагираа што на протестот не присутвувале поголем број земјоделци кои биле на нивите и според нив барем три денови не треба да се бере зелката и да не се носи на откупните пунктови.

Пласман за зелката има, протестот е насочен кон цената и трговците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него, инспекторите се на терен со цел максимална заштита на производителите.

Го следиме откупот, нема простор за загриженост зашто пласман има. Протест е насочен кон цената и трговците. Инспекторатот ги презема сите мерки и контроли, целосно е фокусиран во Струмичко, во градинарскиот регион за да ги заштитиме производителите. Цената не беше 10, туку 20 денари. Обидите на некои од трговците да биде дополнително спуштена веројатно предизвика загриженост кај земјоделците, но ние сме постојано на терен, ги следиме состојбите и ако треба ќе интервенираме, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток.

 

The post Производителите на зелка од струмичко излегоа на протест, бараат повисоки откупни цени appeared first on Република.

]]>

Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за земјоделство. Како што кажаа на протестот, договореното од последната средба со откупувачите и Инспекторатот за земјоделство, зелката да се откупува по 20 денари за килограм во текот на оваа седмица сопгласно законот не се почитува и денеска откупната цена е 15 денари.
За да опстанеме и да можеме идната година година повторно да ја засадиме оваа култура откупната цена треба да изнесува 30 денари за килограм.Бараме итна средба со министерот која ќе се одржи најдоцна до недела и доколку не се случи тоа тогаш ќе го радикализираме протестот со блокирање на патишта, рече Васе Панов, производител на пролетна зелка.
На протестот беше кажано дека дел од трговците прават манипулации при откупот, односно се пишува дека зелката се откупува по 20 денари, а се намалуваат килограмите на откупеното и зелката се исплаќа по 15 денари за килограм. Затоа, земјоделците бараат реакција од надлежните за да се спречат таквите манипулации. Дел од земјоделците реагираа што на протестот не присутвувале поголем број земјоделци кои биле на нивите и според нив барем три денови не треба да се бере зелката и да не се носи на откупните пунктови. Пласман за зелката има, протестот е насочен кон цената и трговците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Според него, инспекторите се на терен со цел максимална заштита на производителите.
Го следиме откупот, нема простор за загриженост зашто пласман има. Протест е насочен кон цената и трговците. Инспекторатот ги презема сите мерки и контроли, целосно е фокусиран во Струмичко, во градинарскиот регион за да ги заштитиме производителите. Цената не беше 10, туку 20 денари. Обидите на некои од трговците да биде дополнително спуштена веројатно предизвика загриженост кај земјоделците, но ние сме постојано на терен, ги следиме состојбите и ако треба ќе интервенираме, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток.
 

The post Производителите на зелка од струмичко излегоа на протест, бараат повисоки откупни цени appeared first on Република.

]]>