железница Archives - Република https://republika.mk/tema/zeleznica/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 11:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png железница Archives - Република https://republika.mk/tema/zeleznica/ 32 32 Тунелот за железничко поврзување со Бугарија ќе го гради еден изведувач и ќе се ревидира цената и проектот https://republika.mk/vesti/ekonomija/tunelot-za-zheleznichko-povrzuvane-so-bugarija-ke-go-gradi-eden-izveduvach-i-ke-se-revidira-tsenata-i-proektot/ Fri, 01 Nov 2024 11:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=833062

Еден изведувач да го гради тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, да се ревидира цената и проектот за третата делница, а Бугарија да го заврши својот дел од пругата, се договориле на вчерашниот состанок во Софија македонската и бугарската делегација во разговорите со посредство на Европската Унија.

Трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект. По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач, соопшти денеска Министерството за трансппорт и врски.

На состанокот, од македонската страна предводена од државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, било истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

Од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка - Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали. Двете делагции, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура. Беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот, информира Министерството за транспорт.

За време на состанокот, како што соопштуваат, страните размениле информации, временски рамка за изградба, а споделиле и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на Коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.

Постигнатите договори ќе бидат презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ.

The post Тунелот за железничко поврзување со Бугарија ќе го гради еден изведувач и ќе се ревидира цената и проектот appeared first on Република.

]]>

Еден изведувач да го гради тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, да се ревидира цената и проектот за третата делница, а Бугарија да го заврши својот дел од пругата, се договориле на вчерашниот состанок во Софија македонската и бугарската делегација во разговорите со посредство на Европската Унија. Трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект. По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач, соопшти денеска Министерството за трансппорт и врски. На состанокот, од македонската страна предводена од државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, било истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи. Од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка - Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали. Двете делагции, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура. Беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот, информира Министерството за транспорт. За време на состанокот, како што соопштуваат, страните размениле информации, временски рамка за изградба, а споделиле и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на Коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“. Постигнатите договори ќе бидат презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ.

The post Тунелот за железничко поврзување со Бугарија ќе го гради еден изведувач и ќе се ревидира цената и проектот appeared first on Република.

]]>
Почнува 24-часовен штрајк на италијанските железничари https://republika.mk/vesti/svet/pochnuva-24-chasoven-shtrajk-na-italijanskite-zheleznichari/ Sat, 12 Oct 2024 12:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=825883

Во Италија денеска почнува 24-часовен штрајк на вработените во железницата, а патниците поради тоа ги чека тежок викенд, јавија италијанските медиуми.

Штрајкот ќе почне вечерва во 21:00 часот по локално време и ќе трае до утре, 13 октомври, до 20:59 часот, јавува порталот Today.it.

Како што соопштија Државните железници на Италија (ФС), штрајкот би можел значително да влијае на нормалното функционирање на железничкиот сообраќај.

Прекинот на работата ќе ја опфати целата држава, а штрајкот го организираше синдикатот Цуб траспорти кој бара рамковен договор за обновување на договорите на вработените во компаниите што превезуваат патници и стока.

Штрајкот може да доведе до значително нарушување на железничкиот сообраќај, како и целосно и делумно откажување на возовите на регионалните линии Фрече, Интерсити и Трениталија, соопшти Националната железница.

Како што се додава, откажувања и одложувања може да се случат и пред почетокот на штрајкот, како и по неговото завршување.

The post Почнува 24-часовен штрајк на италијанските железничари appeared first on Република.

]]>

Во Италија денеска почнува 24-часовен штрајк на вработените во железницата, а патниците поради тоа ги чека тежок викенд, јавија италијанските медиуми. Штрајкот ќе почне вечерва во 21:00 часот по локално време и ќе трае до утре, 13 октомври, до 20:59 часот, јавува порталот Today.it. Како што соопштија Државните железници на Италија (ФС), штрајкот би можел значително да влијае на нормалното функционирање на железничкиот сообраќај. Прекинот на работата ќе ја опфати целата држава, а штрајкот го организираше синдикатот Цуб траспорти кој бара рамковен договор за обновување на договорите на вработените во компаниите што превезуваат патници и стока. Штрајкот може да доведе до значително нарушување на железничкиот сообраќај, како и целосно и делумно откажување на возовите на регионалните линии Фрече, Интерсити и Трениталија, соопшти Националната железница. Како што се додава, откажувања и одложувања може да се случат и пред почетокот на штрајкот, како и по неговото завршување.

The post Почнува 24-часовен штрајк на италијанските железничари appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-kreditite-za-zheleznitsata-ne-mozhe-da-se-prenamenat/ Thu, 01 Aug 2024 11:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=802307

Еве, замислете дека сте земале наменски кредит од банка. Вие за друго не може да го користите. Исто е во овој случај, кредитите се наменски. Може само да ги замолите да ги резервираат тие пари и повторно да аплицираме за заем – објасни министерката

Од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и разбој се одобрени вкупно 350 милиони евра како кредит за пругата кон Бугарија и тие пари не може да се пренаменат, децидна е министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Дополнително, има уште 150 милиони грантови, кои исто така, се за оваа намена. Деновиве пак, можевме да слушнеме и од премиерот Христијан Мицкоски и од министерот за транспорт и врски Алексанадар Николоски дека ќе седнат да разговараат со кредиторите и со финансиерите за пренамена на овие пари, пред сè за пругата север-југ.

– Ги слушам изјавите, но не е баш така. Еве, замислете дека сте земале наменски кредит од банка. Вие за друго не може да го користите. Исто е во овој случај, кредитите се наменски. Може само да ги замолите да ги резервираат тие пари и повторно да аплицираме за заем – објасни на брифингот со новинарите министерката за финансии.

Добрата вест е, како што објаснија стручните служби од Министерството за финансии, дека овој кредит не е ефектуиран, па нема трошоци и затоа нема да плаќаме пари за неповлечени средства.

Димитриеска-Кочоска веќе имала средба со Европската инвестициска банка каде што зборувала за аргументите на Владата зошто не треба да се гради пругата кон Бугарија.

– Тоа е траса што води од Драч до Бургас. Хипотетички ќе ја направиме. Што ќе ни донесе таа, каква додадена вредност? Што ќе ни донесе економски? Европската инвестициона банка ми кажува „ама знаете, има НАТО аспект“. Супер! Јас многу отворени ги прашав: „Дали ќе нè сакаат НАТО и Европската унија ако ние банкротираме?“ Имаме проблеми со пругата кон Солун која е многу поважна за нашето стопанство – вели Димитриеска-Кочоска.

Таа објасни дека од средствата за Западен Балкан, на први јули се одобрени само 1 милион евра за изработка на документација за точките за реконструкција на пругата од Коридорот 10 кон Грција, а после државата треба да ја прави финансиската конструкција и евентуално да бара грантови.

The post Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат appeared first on Република.

]]>

Еве, замислете дека сте земале наменски кредит од банка. Вие за друго не може да го користите. Исто е во овој случај, кредитите се наменски. Може само да ги замолите да ги резервираат тие пари и повторно да аплицираме за заем – објасни министерката Од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и разбој се одобрени вкупно 350 милиони евра како кредит за пругата кон Бугарија и тие пари не може да се пренаменат, децидна е министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Дополнително, има уште 150 милиони грантови, кои исто така, се за оваа намена. Деновиве пак, можевме да слушнеме и од премиерот Христијан Мицкоски и од министерот за транспорт и врски Алексанадар Николоски дека ќе седнат да разговараат со кредиторите и со финансиерите за пренамена на овие пари, пред сè за пругата север-југ. – Ги слушам изјавите, но не е баш така. Еве, замислете дека сте земале наменски кредит од банка. Вие за друго не може да го користите. Исто е во овој случај, кредитите се наменски. Може само да ги замолите да ги резервираат тие пари и повторно да аплицираме за заем – објасни на брифингот со новинарите министерката за финансии. Добрата вест е, како што објаснија стручните служби од Министерството за финансии, дека овој кредит не е ефектуиран, па нема трошоци и затоа нема да плаќаме пари за неповлечени средства. Димитриеска-Кочоска веќе имала средба со Европската инвестициска банка каде што зборувала за аргументите на Владата зошто не треба да се гради пругата кон Бугарија. – Тоа е траса што води од Драч до Бургас. Хипотетички ќе ја направиме. Што ќе ни донесе таа, каква додадена вредност? Што ќе ни донесе економски? Европската инвестициона банка ми кажува „ама знаете, има НАТО аспект“. Супер! Јас многу отворени ги прашав: „Дали ќе нè сакаат НАТО и Европската унија ако ние банкротираме?“ Имаме проблеми со пругата кон Солун која е многу поважна за нашето стопанство – вели Димитриеска-Кочоска. Таа објасни дека од средствата за Западен Балкан, на први јули се одобрени само 1 милион евра за изработка на документација за точките за реконструкција на пругата од Коридорот 10 кон Грција, а после државата треба да ја прави финансиската конструкција и евентуално да бара грантови.

The post Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат appeared first on Република.

]]>
Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-neizvesno-e-dali-4-400-vraboteni-vo-poshta-makedonski-zheleznitsi-transport-i-infrastruktura-ke-zemat-plata-do-krajot-na-godinata/ Mon, 08 Jul 2024 20:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=794741

Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.

На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината.

Николоски посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за катастрофата во Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.

Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на капмањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.

За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа тој го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи, а исто било и со Железницата каде очекува исто така реакција од МВР.

Инаку, Николоски присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.

The post Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.
На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината. Николоски посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за катастрофата во Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.
Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на капмањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.
За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа тој го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи, а исто било и со Железницата каде очекува исто така реакција од МВР. Инаку, Николоски присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.

The post Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Повторно штрајк во Германија на железницата и на аеродромите https://republika.mk/vesti/svet/povtorno-shtrajk-vo-germanija-na-zheleznitsata-i-na-aerodromite/ Thu, 07 Mar 2024 10:05:17 +0000 https://republika.mk/?p=752161

Во Германија денеска во штрајк стапуваат машиновозачите, работниците на обезбедување на аеродромите и аеродромскиот персонал на авиокомпанијата Луфтханза.

Машиновозачите стапија во штрајк во два часот по полноќ и прекинот на работа ќе трае 35 часа, поради што германскиот железнички оператор „Дојче бан“ значително ќе ги ограничи своите услуги. Синдикатот на машиновозачите бара намалување на работното време од 38 на 35 часа неделно, а „Дојче бан“ го обвинува Синдикатот дека одбива компромисно решение.

Аеродромите во Франкфурт, најфреквентниот воздушен центар во Германија и Хамбург ги откажаа појдовните летови поради штрајк на работниците за безбедност на аеродромот. Покрај тоа, персоналот на Луфтханза денеска и утре ќе штрајкува за повисоки плати.

Синдикатот Верди, кој претставува околу 25.000 копнени вработени во Луфтханза, бара зголемување на платите за 12,5 отсто или најмалку 500 евра месечно, како и бонус во износ од 3.000 евра поради високата инфлација во земјата.

The post Повторно штрајк во Германија на железницата и на аеродромите appeared first on Република.

]]>

Во Германија денеска во штрајк стапуваат машиновозачите, работниците на обезбедување на аеродромите и аеродромскиот персонал на авиокомпанијата Луфтханза. Машиновозачите стапија во штрајк во два часот по полноќ и прекинот на работа ќе трае 35 часа, поради што германскиот железнички оператор „Дојче бан“ значително ќе ги ограничи своите услуги. Синдикатот на машиновозачите бара намалување на работното време од 38 на 35 часа неделно, а „Дојче бан“ го обвинува Синдикатот дека одбива компромисно решение. Аеродромите во Франкфурт, најфреквентниот воздушен центар во Германија и Хамбург ги откажаа појдовните летови поради штрајк на работниците за безбедност на аеродромот. Покрај тоа, персоналот на Луфтханза денеска и утре ќе штрајкува за повисоки плати. Синдикатот Верди, кој претставува околу 25.000 копнени вработени во Луфтханза, бара зголемување на платите за 12,5 отсто или најмалку 500 евра месечно, како и бонус во износ од 3.000 евра поради високата инфлација во земјата.

The post Повторно штрајк во Германија на железницата и на аеродромите appeared first on Република.

]]>
Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-mrtvata-trka-kon-eu-so-nashiot-zapaden-sosed-albanija-se-izednachivme-po-ushte-edna-rabota-ostanavme-bez-megunaroden-zheleznichki-soobrakaj/ Thu, 16 Nov 2023 13:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=702178

Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа - останавме без меѓународен железнички сообраќај. Во време кога светот инвестира во брзи пруги, ние спаѓаме во ретките европски држави без железничко поврзување со соседните држави и остатокот од светот.

Албанија немала што да загуби - никогаш немала меѓународен железнички транспорт. Ние го загубивме тоа што го наследивме од претходните генерации, напиша Трајко Славески на социјалната мрежа X.

The post Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај appeared first on Република.

]]>

Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа - останавме без меѓународен железнички сообраќај. Во време кога светот инвестира во брзи пруги, ние спаѓаме во ретките европски држави без железничко поврзување со соседните држави и остатокот од светот. Албанија немала што да загуби - никогаш немала меѓународен железнички транспорт. Ние го загубивме тоа што го наследивме од претходните генерации, напиша Трајко Славески на социјалната мрежа X.

The post Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај appeared first on Република.

]]>
Се нормализира железничкиот сообраќај, исполнети барањата на персоналот на Железници – Транспорт https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-normalizira-zheleznichkiot-soobrakaj-ispolneti-baranata-na-personalot-na-zheleznitsi-transport/ Mon, 13 Nov 2023 15:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=701156

Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски во изјава за МИА вели дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.

Исполнето е нашето барање за исплата на патните трошоци. Бојкотот во МЖ Транспорт ќе прекине со возот 643 кој од Скопје за Битола попладнево наместо во 14:30 часот, ќе тргне со задоцнување отприлика од 90 минути, вели Димовски.

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт од петокот попладне стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец.

The post Се нормализира железничкиот сообраќај, исполнети барањата на персоналот на Железници – Транспорт appeared first on Република.

]]>

Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски во изјава за МИА вели дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.
Исполнето е нашето барање за исплата на патните трошоци. Бојкотот во МЖ Транспорт ќе прекине со возот 643 кој од Скопје за Битола попладнево наместо во 14:30 часот, ќе тргне со задоцнување отприлика од 90 минути, вели Димовски.
Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт од петокот попладне стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец.

The post Се нормализира железничкиот сообраќај, исполнети барањата на персоналот на Железници – Транспорт appeared first on Република.

]]>
Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prekin-zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-skopje-bitola/ Mon, 25 Sep 2023 08:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=684900

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.

Од Железници -Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.

Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници -Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>
МЖ Транспорт: Никој не врши притисок врз вработените, месечната плата на машиновозачите е поголема од 40.000 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/mzh-transport-nikoj-ne-vrshi-pritisok-vrz-vrabotenite-mesechnata-plata-na-mashinovozachite-e-pogolema-od-40-000-denari/ Thu, 31 Aug 2023 19:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=677725

Раководството на „МЖ-Транспорт“ ја демантира изјавата на претседателот на синдикалната организација Тони Димовски. Во соопштението испратено попладнево се наведува дека не е точно дека менаџментот на претпријатието врши притисок врз вработените.

– За извршување на работните задачи на машиновозачите на почетокот на месецот се прави месечен план за работа, според кој секој машиновозач точно знае кога треба да дојде на работа и да се јави кај надзорниот раководител. Од него добива патен лист во кој е наведено кој воз треба да го вози на соодветната релација. Сакаме да потенцираме дека суспендирани се само оние кои не сакале да го земат патниот лист според месечниот план за работа. Тоа претставува тешка повреда на работниот ред и дисциплина според Правилникот за работен ред и дисциплина. Во истиот стои дека за ваков прекршок следува отказ, се вели во соопштението.

Во однос на месечните примања на машиновозачите, од „Железници“ велат дека не е точна изјавата на Димовски дека месечната плата со вклучени надоместоци е максимум 40.000 денари.

– Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно, се вели во соопштението и се посочува дека за мај, јуни и јули просечните примања на машиновозачот во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640 денари.

Основната плата од 25.000 денари, како што се посочува во соопштението, ја зема машиновозачот, ако во соодветниот месец воопшто не вози, што значи дека и сега кога штрајкуваат и не работат, пак им следи плата по 25.000,00 денари.

Менаџерскиот тим на претпријатието посочува дека со ваквиот бојкот се врши економски удар врз претпријатието и приватните комитенти кои ги користат услугите.

– Ќе потенцираме дека нема да се толерираат никакви уцени, закани од Синдикатот и вработените и по секоја активност спротивна од Правилникот за работен ред и дисциплина ќе биде соодветно постапувано. И покрај тешките услови во кои функционира фирмата, поради лошата инфраструктура во регионот, каде сообраќаат товарните возови, менаџерскиот тим во соработка со Владата прави напори за редовно исплаќање на платите, кои во периодот од 2017 година до денес понекогаш задоцнувале најмногу неколку дена во наредниот месец и тоа само вториот дел од платата, се наведува во соопштението.

The post МЖ Транспорт: Никој не врши притисок врз вработените, месечната плата на машиновозачите е поголема од 40.000 денари appeared first on Република.

]]>

Раководството на „МЖ-Транспорт“ ја демантира изјавата на претседателот на синдикалната организација Тони Димовски. Во соопштението испратено попладнево се наведува дека не е точно дека менаџментот на претпријатието врши притисок врз вработените.
– За извршување на работните задачи на машиновозачите на почетокот на месецот се прави месечен план за работа, според кој секој машиновозач точно знае кога треба да дојде на работа и да се јави кај надзорниот раководител. Од него добива патен лист во кој е наведено кој воз треба да го вози на соодветната релација. Сакаме да потенцираме дека суспендирани се само оние кои не сакале да го земат патниот лист според месечниот план за работа. Тоа претставува тешка повреда на работниот ред и дисциплина според Правилникот за работен ред и дисциплина. Во истиот стои дека за ваков прекршок следува отказ, се вели во соопштението.
Во однос на месечните примања на машиновозачите, од „Железници“ велат дека не е точна изјавата на Димовски дека месечната плата со вклучени надоместоци е максимум 40.000 денари.
– Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно, се вели во соопштението и се посочува дека за мај, јуни и јули просечните примања на машиновозачот во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640 денари.
Основната плата од 25.000 денари, како што се посочува во соопштението, ја зема машиновозачот, ако во соодветниот месец воопшто не вози, што значи дека и сега кога штрајкуваат и не работат, пак им следи плата по 25.000,00 денари. Менаџерскиот тим на претпријатието посочува дека со ваквиот бојкот се врши економски удар врз претпријатието и приватните комитенти кои ги користат услугите.
– Ќе потенцираме дека нема да се толерираат никакви уцени, закани од Синдикатот и вработените и по секоја активност спротивна од Правилникот за работен ред и дисциплина ќе биде соодветно постапувано. И покрај тешките услови во кои функционира фирмата, поради лошата инфраструктура во регионот, каде сообраќаат товарните возови, менаџерскиот тим во соработка со Владата прави напори за редовно исплаќање на платите, кои во периодот од 2017 година до денес понекогаш задоцнувале најмногу неколку дена во наредниот месец и тоа само вториот дел од платата, се наведува во соопштението.

The post МЖ Транспорт: Никој не врши притисок врз вработените, месечната плата на машиновозачите е поголема од 40.000 денари appeared first on Република.

]]>
Возовите петти ден не сообраќаат, патниците од Велес револтирани https://republika.mk/vesti/ekonomija/vozovite-petti-den-ne-soobrakaat-patnitsite-od-veles-revoltirani/ Wed, 30 Aug 2023 08:24:02 +0000 https://republika.mk/?p=677216

Велешани кои патуваат со воз се револтирани поради тoa што возовите веќе петти ден не сообраќат поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт.

Патниците од Велес и велешко кои редовно патуваат со воз од кои некои немаат можност за друг превоз, се револтирани што мора да бараат други начини да стигнат до Скопје, Прилеп, Битола, Гевгелија, а како алтернатива мора да бараат поскап превоз со автобус, такси или сопствен превоз со што се изложуваат за дополнителни трошоци за бензин и патарини. Се обраќаат со молба до менаџерскиот тим на МЖ Транспорт во преговори со Владата да ги исполнат барањата на машиновозачите за возовите повторно да се пуштат во сообраќај.

Машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт од петокот во 16.00 часот почна бојкот со прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатен втор дел од платата за месец јули годинава. Прв воз што запре наместо да тргне беше возот од Скопје – Гевгелија кој по возен ред поаѓа во 16:55 часот.

 

The post Возовите петти ден не сообраќаат, патниците од Велес револтирани appeared first on Република.

]]>

Велешани кои патуваат со воз се револтирани поради тoa што возовите веќе петти ден не сообраќат поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт. Патниците од Велес и велешко кои редовно патуваат со воз од кои некои немаат можност за друг превоз, се револтирани што мора да бараат други начини да стигнат до Скопје, Прилеп, Битола, Гевгелија, а како алтернатива мора да бараат поскап превоз со автобус, такси или сопствен превоз со што се изложуваат за дополнителни трошоци за бензин и патарини. Се обраќаат со молба до менаџерскиот тим на МЖ Транспорт во преговори со Владата да ги исполнат барањата на машиновозачите за возовите повторно да се пуштат во сообраќај. Машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт од петокот во 16.00 часот почна бојкот со прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатен втор дел од платата за месец јули годинава. Прв воз што запре наместо да тргне беше возот од Скопје – Гевгелија кој по возен ред поаѓа во 16:55 часот.  

The post Возовите петти ден не сообраќаат, патниците од Велес револтирани appeared first on Република.

]]>
Димовски: Бојкот на машинскиот и извршен персонал во железницата, бараат исплата на вториот дел од платата за јули https://republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-bojkot-na-mashinskiot-i-izvrshen-personal-vo-zheleznitsata-baraat-isplata-na-vtoriot-del-od-platata-za-juli/ Fri, 25 Aug 2023 16:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=675811

Машинскиот и извршен персонал во ЖРСМ Транспорт попладнево во 16 часот ќе стапи во бојкот со прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатен втор дел од платата за јули, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал.

Димовски најави дека нема да сообраќаат патничките и товарните возови.

-Бојкотот ќе трае до исполнување на поставеното барање, изјави Димовски.

Тој соопшти дека првиот воз што нема да сообраќа поради бојкотот ќе биде на релација Скопје-Гевгелија предвиден со возниот ред за 16:55 часот.

The post Димовски: Бојкот на машинскиот и извршен персонал во железницата, бараат исплата на вториот дел од платата за јули appeared first on Република.

]]>

Машинскиот и извршен персонал во ЖРСМ Транспорт попладнево во 16 часот ќе стапи во бојкот со прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатен втор дел од платата за јули, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал. Димовски најави дека нема да сообраќаат патничките и товарните возови. -Бојкотот ќе трае до исполнување на поставеното барање, изјави Димовски. Тој соопшти дека првиот воз што нема да сообраќа поради бојкотот ќе биде на релација Скопје-Гевгелија предвиден со возниот ред за 16:55 часот.

The post Димовски: Бојкот на машинскиот и извршен персонал во железницата, бараат исплата на вториот дел од платата за јули appeared first on Република.

]]>
Возовите во Европа се до 30 пати поскапи од авиолиниите: Што ја предизвикува разликата во цената и зошто е таа всушност опасна https://republika.mk/vesti/svet/vozovite-vo-evropa-se-do-30-pati-poskapi-od-avioliniite-shto-ja-predizvikuva-razlikata-vo-tsenata-i-zoshto-e-taa-vsushnost-opasna/ Sun, 30 Jul 2023 09:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=666838

Додека Европа страда од топлотен бран, а климатската криза се забрзува, многу патници поради загадувањето повеќе сакаат да патуваат со воз отколку со авион. Тие често се соочуваат со превисоки цени.

Патувањето со воз на долги релации во Европа може да чини речиси 30 пати повеќе од летање, покажуваат податоците од нов извештај. Извештајот, составен од групата за еколошка кампања Гринпис, ги споредува цените на летовите и билетите за воз на 112 европски линии на девет различни датуми.

Билетите за воз беа во просек двапати поскапи од летовите, додека патувањата со воз од Обединетото Кралство до Европа, кои вклучуваат одење со често скапиот Еуростар до континентот, во просек беа четири пати повисоки од цената на авионските карти. Истото важи и за Шпанија, која има брза железничка мрежа со четири конкурентни марки. Летовите биле поевтини од возовите на 71 отсто од анализираните линии.

Имаше и шокантни поскапувања. Станува збор за патување во последен момент од Лондон до Барселона во мај, резервирано два дена пред патувањето, каде цената на возот беше 384 евра во споредба со 12,99 евра за лет на „Рајанер“, што го прави возот 29,6 пати поскап од авионот.

Лондон до Барселона е третата најпопуларна воздушна линија во Европа, со 3,36 милиони луѓе кои патуваа во 2019 година, според Гринпис, кој додава дека префрлањето на тие летови на железница ќе заштеди 461.000 тони стакленички гасови, што е еднакво на годишните емисии на повеќе од 300.000 автомобили.

Зошто некој би одел со воз од Лондон до Барселона и би платил до 384 евра кога авионските билети се достапни за смешно ниската цена од 12,99 евра? Граѓаните заслужуваат да имаат пристап до чист, ефикасен и достапен транспортен систем кој не штети на климата, луѓето и нашата планета“, се вели во извештајот.

Каде е најскапото возење со воз?

Земјите со најскапи билети за воз во споредба со авионските билети се Велика Британија, Шпанија, Белгија, Франција и Италија. Во извештајот се вели дека возовите често се поевтини од летовите во централна и источна Европа, но времето на патување, врските, фреквенциите на возот и стандардите за услуги се „обично полоши отколку во западноевропските земји“. Некои железнички компании во Европа не продаваат билети повеќе од два или три месеци однапред, се вели во извештајот, давајќи им уште една предност на авиокомпаниите.

Стандардната цена на билет не е целосна слика. Буџетските авиокомпании наплаќаат за седење, чекиран багаж, па дури и патни торби во некои случаи, додека летањето вклучува трошоци за патување до аеродром надвор од градот.

Според Европската агенција за животна средина, авионите, кои се одговорни за околу 2,5 отсто од глобалното загадување на планетата, испуштаат во просек речиси пет пати повеќе стакленички гасови од возовите, а воздухопловството беше најбрзо растечки извор на емисии на стакленички гасови во Европа помеѓу 2009 и 2019 година, зголемувајќи се за 29 проценти во текот на деценијата.

Сепак, податоците на Гринпис покажуваат дека во 2019 година втора најпопуларна рута во Европа била Единбург до Лондон, патување што може да се реализира за околу четири и пол часа со воз, иако по двојно повисока цена.

Авиокомпаниите во ЕУ се ослободени од плаќање данок на керозин, додека железницата немаат слични ослободувања од извори на енергија. Лоби групата „Транспорт и животна средина“ за чист транспорт процени претходно овој месец дека владите на ЕУ губат 4 милиони евра на час од потенцијалните даноци за воздухопловство, вклучително и керозин, пишува „Си-Ен-Ен“.

Нискобуџетните авиокомпании оперираат на 79 отсто од 112 анализирани линии. Буџетските превозници често се фалат дека имаат понови флоти и авиони кои се помалку штетни за животната средина, но нивниот експоненцијален раст ги прави главен дел од проблематичната експанзија на авијацијата, изјави за Си-Ен-Ен минатата година Матео Мироло, службеник за воздухопловна политика во Transport & Environment.

Лорелеи Лимузен, активистка на на Гринпис за климатски промени во ЕУ, вели дека авиокомпаниите имаат „корист од неверојатните фискални предности“.

Авионите загадуваат многу повеќе од возовите, па зошто луѓето се охрабруваат да летаат? Авионските билети од десет евра се можни само затоа што другите, како работниците и даночните обврзници, ја плаќаат вистинската цена. За доброто на планетата и луѓето, политичарите треба да дејствуваат за да ја сменат оваа ситуација и да го направат патувањето со воз подостапна опција, инаку ќе видиме уште повеќе и повеќе жештини во Италија, како во Грција, вели таа.

Групата ги повика владите на континентот да воведат долгорочни, достапни „климатски картички“ за јавниот превоз, вклучително и прекуграничниот. Тие сугерираат дека ова треба да се финансира со „постапно укинување на субвенциите на авиокомпаниите и праведен систем на оданочување заснован на емисиите на CO2“.

Овој извештај уште еднаш нагласува како неоправданите даночни олеснувања им дозволуваат на авиокомпаниите да нудат апсурдно евтини авионски билети, додека железничките оператори треба да плаќаат висока цена за енергија и железнички патарини“.

 

Владите мора да ги отстранат даночните ослободувања за авиокомпаниите, како што се даноците за гориво и ДДВ, како и да ги намалат железничките патарини. Секој час, европските влади губат четири милиони евра од даноци за воздухопловство кои би можеле да се реинвестираат во промовирање на поодржлив транспорт“, вели Виктор Тевен, железнички координатор во организацијата „Transport & Environment“.

The post Возовите во Европа се до 30 пати поскапи од авиолиниите: Што ја предизвикува разликата во цената и зошто е таа всушност опасна appeared first on Република.

]]>

Додека Европа страда од топлотен бран, а климатската криза се забрзува, многу патници поради загадувањето повеќе сакаат да патуваат со воз отколку со авион. Тие често се соочуваат со превисоки цени. Патувањето со воз на долги релации во Европа може да чини речиси 30 пати повеќе од летање, покажуваат податоците од нов извештај. Извештајот, составен од групата за еколошка кампања Гринпис, ги споредува цените на летовите и билетите за воз на 112 европски линии на девет различни датуми. Билетите за воз беа во просек двапати поскапи од летовите, додека патувањата со воз од Обединетото Кралство до Европа, кои вклучуваат одење со често скапиот Еуростар до континентот, во просек беа четири пати повисоки од цената на авионските карти. Истото важи и за Шпанија, која има брза железничка мрежа со четири конкурентни марки. Летовите биле поевтини од возовите на 71 отсто од анализираните линии. Имаше и шокантни поскапувања. Станува збор за патување во последен момент од Лондон до Барселона во мај, резервирано два дена пред патувањето, каде цената на возот беше 384 евра во споредба со 12,99 евра за лет на „Рајанер“, што го прави возот 29,6 пати поскап од авионот. Лондон до Барселона е третата најпопуларна воздушна линија во Европа, со 3,36 милиони луѓе кои патуваа во 2019 година, според Гринпис, кој додава дека префрлањето на тие летови на железница ќе заштеди 461.000 тони стакленички гасови, што е еднакво на годишните емисии на повеќе од 300.000 автомобили.
Зошто некој би одел со воз од Лондон до Барселона и би платил до 384 евра кога авионските билети се достапни за смешно ниската цена од 12,99 евра? Граѓаните заслужуваат да имаат пристап до чист, ефикасен и достапен транспортен систем кој не штети на климата, луѓето и нашата планета“, се вели во извештајот.

Каде е најскапото возење со воз?

Земјите со најскапи билети за воз во споредба со авионските билети се Велика Британија, Шпанија, Белгија, Франција и Италија. Во извештајот се вели дека возовите често се поевтини од летовите во централна и источна Европа, но времето на патување, врските, фреквенциите на возот и стандардите за услуги се „обично полоши отколку во западноевропските земји“. Некои железнички компании во Европа не продаваат билети повеќе од два или три месеци однапред, се вели во извештајот, давајќи им уште една предност на авиокомпаниите. Стандардната цена на билет не е целосна слика. Буџетските авиокомпании наплаќаат за седење, чекиран багаж, па дури и патни торби во некои случаи, додека летањето вклучува трошоци за патување до аеродром надвор од градот. Според Европската агенција за животна средина, авионите, кои се одговорни за околу 2,5 отсто од глобалното загадување на планетата, испуштаат во просек речиси пет пати повеќе стакленички гасови од возовите, а воздухопловството беше најбрзо растечки извор на емисии на стакленички гасови во Европа помеѓу 2009 и 2019 година, зголемувајќи се за 29 проценти во текот на деценијата. Сепак, податоците на Гринпис покажуваат дека во 2019 година втора најпопуларна рута во Европа била Единбург до Лондон, патување што може да се реализира за околу четири и пол часа со воз, иако по двојно повисока цена.
Авиокомпаниите во ЕУ се ослободени од плаќање данок на керозин, додека железницата немаат слични ослободувања од извори на енергија. Лоби групата „Транспорт и животна средина“ за чист транспорт процени претходно овој месец дека владите на ЕУ губат 4 милиони евра на час од потенцијалните даноци за воздухопловство, вклучително и керозин, пишува „Си-Ен-Ен“.
Нискобуџетните авиокомпании оперираат на 79 отсто од 112 анализирани линии. Буџетските превозници често се фалат дека имаат понови флоти и авиони кои се помалку штетни за животната средина, но нивниот експоненцијален раст ги прави главен дел од проблематичната експанзија на авијацијата, изјави за Си-Ен-Ен минатата година Матео Мироло, службеник за воздухопловна политика во Transport & Environment. Лорелеи Лимузен, активистка на на Гринпис за климатски промени во ЕУ, вели дека авиокомпаниите имаат „корист од неверојатните фискални предности“.
Авионите загадуваат многу повеќе од возовите, па зошто луѓето се охрабруваат да летаат? Авионските билети од десет евра се можни само затоа што другите, како работниците и даночните обврзници, ја плаќаат вистинската цена. За доброто на планетата и луѓето, политичарите треба да дејствуваат за да ја сменат оваа ситуација и да го направат патувањето со воз подостапна опција, инаку ќе видиме уште повеќе и повеќе жештини во Италија, како во Грција, вели таа.
Групата ги повика владите на континентот да воведат долгорочни, достапни „климатски картички“ за јавниот превоз, вклучително и прекуграничниот. Тие сугерираат дека ова треба да се финансира со „постапно укинување на субвенциите на авиокомпаниите и праведен систем на оданочување заснован на емисиите на CO2“.
Овој извештај уште еднаш нагласува како неоправданите даночни олеснувања им дозволуваат на авиокомпаниите да нудат апсурдно евтини авионски билети, додека железничките оператори треба да плаќаат висока цена за енергија и железнички патарини“.   Владите мора да ги отстранат даночните ослободувања за авиокомпаниите, како што се даноците за гориво и ДДВ, како и да ги намалат железничките патарини. Секој час, европските влади губат четири милиони евра од даноци за воздухопловство кои би можеле да се реинвестираат во промовирање на поодржлив транспорт“, вели Виктор Тевен, железнички координатор во организацијата „Transport & Environment“.

The post Возовите во Европа се до 30 пати поскапи од авиолиниите: Што ја предизвикува разликата во цената и зошто е таа всушност опасна appeared first on Република.

]]>
Железницата во Македонија повеќе се користи за теретен отколку за патнички сообраќај https://republika.mk/vesti/makedonija/zheleznitsata-vo-makedonija-poveke-se-koristi-za-tereten-otkolku-za-patnichki-soobrakaj/ Fri, 07 Apr 2023 13:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=628378

Реформата на железницата е како лечење на тешка болест како ракот, нема универзален лек тоа што на еден ќе му помогне на друг нема.  Затоа ви велам дека секоја земја е за себе, но нашите системи се релативно слични, рече Слободан Росиќ од Србија кој ги пренесе тамошните искуства со железничкиот сообраќај на денешната трибина насловена како 150 години железници во Македонија 1873-2023 во организација на Комисијата за транспорт при ВМРО-ДПМНЕ.

Тој информираше дека  реформата на железницата и воопшто железничкиот сообраќај стартувала во 2000-тата година и до 2015 е направено усогласување со легислативата на ЕУ.

„Направено е разделување на три претпријатија, и тоа поради сплет на околности. Поради  договорот кој требаше Србија да го потпише со ММФ. Предуслов за истиот беше реформа на транспортниот сектор и затоа е напуштен моделот на холдинг и отидовме на раздвојување на три претпријатија и реформата не се покажа лоша“, рече Росиќ.

Росиќ укажа дека најголем резултат има во товарниот транспорт или има 21 регистриран превозник во товарниот превоз од кои 16 активно учествуваат на превоз на стока.

„Фирмите инвестираа во истиот и оттука и расте економичноста на истиот. Во локомотивите оди голем терет, односно стока и така е исплатлив.  Во теретниот сообраќај се покажа добра ситуацијата со изградба на инфраструктурата“, рече Росиќ.
Росиќ укажа дека ефектот во патничкиот сообраќај е сосема поразличен.
„Тука се е на државата приватници нема“, заклучи Росиќ кој укажа дека сето ова за кое говори се податоци пред пуштање на брзата пруга.

The post Железницата во Македонија повеќе се користи за теретен отколку за патнички сообраќај appeared first on Република.

]]>

Реформата на железницата е како лечење на тешка болест како ракот, нема универзален лек тоа што на еден ќе му помогне на друг нема.  Затоа ви велам дека секоја земја е за себе, но нашите системи се релативно слични, рече Слободан Росиќ од Србија кој ги пренесе тамошните искуства со железничкиот сообраќај на денешната трибина насловена како 150 години железници во Македонија 1873-2023 во организација на Комисијата за транспорт при ВМРО-ДПМНЕ. Тој информираше дека  реформата на железницата и воопшто железничкиот сообраќај стартувала во 2000-тата година и до 2015 е направено усогласување со легислативата на ЕУ. „Направено е разделување на три претпријатија, и тоа поради сплет на околности. Поради  договорот кој требаше Србија да го потпише со ММФ. Предуслов за истиот беше реформа на транспортниот сектор и затоа е напуштен моделот на холдинг и отидовме на раздвојување на три претпријатија и реформата не се покажа лоша“, рече Росиќ. Росиќ укажа дека најголем резултат има во товарниот транспорт или има 21 регистриран превозник во товарниот превоз од кои 16 активно учествуваат на превоз на стока. „Фирмите инвестираа во истиот и оттука и расте економичноста на истиот. Во локомотивите оди голем терет, односно стока и така е исплатлив.  Во теретниот сообраќај се покажа добра ситуацијата со изградба на инфраструктурата“, рече Росиќ. Росиќ укажа дека ефектот во патничкиот сообраќај е сосема поразличен. „Тука се е на државата приватници нема“, заклучи Росиќ кој укажа дека сето ова за кое говори се податоци пред пуштање на брзата пруга.

The post Железницата во Македонија повеќе се користи за теретен отколку за патнички сообраќај appeared first on Република.

]]>
Коруноски: Имаме целосно нефункционални пруги и застарен железнички сообраќај, државата мора постојано да инвестира во железничкиот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/korunoski-imame-tselosno-nefunktsionalni-prugi-i-zastaren-zheleznichki-soobrakaj-drzhavata-mora-postojano-da-investira-vo-zheleznichkiot-sektor/ Fri, 07 Apr 2023 10:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=628272

Дали сме изградиле километар плус железничка делница, нова за разлика од она што претходно е изградено? Одговорот е не. Одговорот е поразителен за сите нас кои што живееме и создаваме во онаа држава. Ако нашите предци успевале во такви тешки времиња да градат пруги, да шират железничка мрежа, за жал ние во овој изминат период на независна и самостојна држава не можеме да се пофалиме со тоа, вели Игор Коруноски „150 години железници во Македонија 1873-2023″ во организација на Републичката комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Коруноски посочи дека наместо да се градат нови железнички пруги и да се инвестира, државата дозволила и постоечките да се запуштат и државата денеска да има целосно запуштени и нефункционални пруги, застарени возови, доцнење на возовите, како и лоши услови за корисниците на железничкиот сообраќај.

Напротив не само што не изградивме нови железнички делници, ние дозволивме и постоечките да ги запуштиме и да имаме нефункционални пруги. Имаме запуштени нефункционални пруги, неискористени пруги, имаме застарен возен железнички парк, имаме маратонски доцнења на возовите, имаме многу лоши железнички услуги за нашите корисници - рече тој.

Коруноски потенцираше дека за разлика од Македонија, во соседна Србија постојано се инвестира во железничкиот сообраќај, и ако претходно можело да се патува со воз до Солун, денеска граѓаните на Македонија го немаат тоа задоволство.

Да погледнеме во Република Србија како наша соседна држава од каде што добиваме постојано нови информации за нови проекти во железницата, за набавка на брзи возови, за скратување на времето на патување, за интегрирање на железничкиот систем во транспортната железница на ЕУ. За жал, ние во овој момент после 150 години можеме да констатираме едно, а тоа е дека Македонија е слепо црево на Балканот во делот на железничкиот сектор. Замислете ако пред 150 години можело да се патува со воз до Солун, денеска во 21 век ние граѓаните на Република Македонија го немам тоа задоволство - истакна тој.

Според Коруноски потребно е да се направи државна стратегија за развој на железниците, а како што рече таа стратегија треба да обезбеди стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока.

Денес ние имаме железничка пруга и возови кои што се движат на релација Скопје Велес со 20 километри на час. Ова е поразително за сите нас. Ние сите кои што овие 32 години работиме во овој сектор и создаваме нови македонски железници. Прашањето е како да ги подобриме овие ситуации и како до стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железничките услуги. Одговорот на ова прашање го темелам на консензус на создавање на државна стратегија за развој на железниците. Ние ако сакаме да останеме во оваа држава и да живееме тука, мораме да се надминеме себе си и да ги засукаме ракавите и да тргнеме од некаде - кажа тој.

Таа стратегија би требало да ги даде придобивките на стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока, истакна Коруноски.

Вели дека државата мора да сфати дека континуирано мора да помага на железничкиот сектор и да се фокусира во суштинските проекти во делот на изградба на пруги, ремонт на постоечките пруги, како и набавка на нови и современи возови, локомотиви но и ремонт на постоечките.

Мора државата да сфати дека континуирано треба да го помага железничкиот сектор, да не се користи железницата како место за непродуктивни вработувања. Напротив треба да се фокусираат кои се оние суштински проекти кои треба да се направат во делот на изградба на пруги, ремонти на постоечки пруги, набавка на нови и современи возови, локомотиви и ремонт на постоечките. Се разбира за тоа се потребни и во човечки и во финансиски ресурси кои што државата мора да ги оддели, ако сакаме современ и модерен железнички сообраќај - рече тој.

The post Коруноски: Имаме целосно нефункционални пруги и застарен железнички сообраќај, државата мора постојано да инвестира во железничкиот сектор appeared first on Република.

]]>

Дали сме изградиле километар плус железничка делница, нова за разлика од она што претходно е изградено? Одговорот е не. Одговорот е поразителен за сите нас кои што живееме и создаваме во онаа држава. Ако нашите предци успевале во такви тешки времиња да градат пруги, да шират железничка мрежа, за жал ние во овој изминат период на независна и самостојна држава не можеме да се пофалиме со тоа, вели Игор Коруноски „150 години железници во Македонија 1873-2023″ во организација на Републичката комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. Коруноски посочи дека наместо да се градат нови железнички пруги и да се инвестира, државата дозволила и постоечките да се запуштат и државата денеска да има целосно запуштени и нефункционални пруги, застарени возови, доцнење на возовите, како и лоши услови за корисниците на железничкиот сообраќај.
Напротив не само што не изградивме нови железнички делници, ние дозволивме и постоечките да ги запуштиме и да имаме нефункционални пруги. Имаме запуштени нефункционални пруги, неискористени пруги, имаме застарен возен железнички парк, имаме маратонски доцнења на возовите, имаме многу лоши железнички услуги за нашите корисници - рече тој.
Коруноски потенцираше дека за разлика од Македонија, во соседна Србија постојано се инвестира во железничкиот сообраќај, и ако претходно можело да се патува со воз до Солун, денеска граѓаните на Македонија го немаат тоа задоволство.
Да погледнеме во Република Србија како наша соседна држава од каде што добиваме постојано нови информации за нови проекти во железницата, за набавка на брзи возови, за скратување на времето на патување, за интегрирање на железничкиот систем во транспортната железница на ЕУ. За жал, ние во овој момент после 150 години можеме да констатираме едно, а тоа е дека Македонија е слепо црево на Балканот во делот на железничкиот сектор. Замислете ако пред 150 години можело да се патува со воз до Солун, денеска во 21 век ние граѓаните на Република Македонија го немам тоа задоволство - истакна тој.
Според Коруноски потребно е да се направи државна стратегија за развој на железниците, а како што рече таа стратегија треба да обезбеди стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока.
Денес ние имаме железничка пруга и возови кои што се движат на релација Скопје Велес со 20 километри на час. Ова е поразително за сите нас. Ние сите кои што овие 32 години работиме во овој сектор и создаваме нови македонски железници. Прашањето е како да ги подобриме овие ситуации и како до стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железничките услуги. Одговорот на ова прашање го темелам на консензус на создавање на државна стратегија за развој на железниците. Ние ако сакаме да останеме во оваа држава и да живееме тука, мораме да се надминеме себе си и да ги засукаме ракавите и да тргнеме од некаде - кажа тој.
Таа стратегија би требало да ги даде придобивките на стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока, истакна Коруноски. Вели дека државата мора да сфати дека континуирано мора да помага на железничкиот сектор и да се фокусира во суштинските проекти во делот на изградба на пруги, ремонт на постоечките пруги, како и набавка на нови и современи возови, локомотиви но и ремонт на постоечките.
Мора државата да сфати дека континуирано треба да го помага железничкиот сектор, да не се користи железницата како место за непродуктивни вработувања. Напротив треба да се фокусираат кои се оние суштински проекти кои треба да се направат во делот на изградба на пруги, ремонти на постоечки пруги, набавка на нови и современи возови, локомотиви и ремонт на постоечките. Се разбира за тоа се потребни и во човечки и во финансиски ресурси кои што државата мора да ги оддели, ако сакаме современ и модерен железнички сообраќај - рече тој.

The post Коруноски: Имаме целосно нефункционални пруги и застарен железнички сообраќај, државата мора постојано да инвестира во железничкиот сектор appeared first on Република.

]]>
Нема да тргне ниту возот за Битола: Протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-da-trgne-nitu-vozot-za-bitola-protest-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal-na-mzh-transport/ Fri, 31 Mar 2023 12:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=625821

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола.

Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор. Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари имаат испратено барање до Министерството за транспрот и врски, Министерството за финансии и до Владата.

Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања, изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт.

Според Димовски, досега нема најави за средба со менаџментот на компанијата. бак/аа/

 

The post Нема да тргне ниту возот за Битола: Протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт appeared first on Република.

]]>

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор. Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари имаат испратено барање до Министерството за транспрот и врски, Министерството за финансии и до Владата.
Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања, изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт.
Според Димовски, досега нема најави за средба со менаџментот на компанијата. бак/аа/  

The post Нема да тргне ниту возот за Битола: Протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт appeared first on Република.

]]>
Во Велика Британија нови штрајкови на вработените во железницата https://republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-novi-shtrajkovi-na-vrabotenite-vo-zheleznitsata/ Tue, 03 Jan 2023 14:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=593240

Десетина илјади вработени во британската железница повторно стапија во штрајк барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Само еден од пет возови денеска сообраќаат поради штрајкот, што според најавите ќе трае цела недела.

Граѓаните, кои денеска се враќаат на работа по божиќните празници предупредени се да не патуваат поради штрајкот.

Членовите на Синдикатот на железницата, поморството и транспортот денеска, утре, петок и сабота штрајкуваат, а машиновозачите на синдикатот Аслеф (Здружение на машиновозачи и пожарникари) ќе штрајкуваат в четврток.

Многу места, вклучително и голем дел од Шкотска и Велс, воопшто немаат возови.

Министерот за транспорт Марк Харпер ги повика синдикалните лидери на преговарачка маса, истакнувајќи дека Владата понудила „многу фер понуда за платите”. Додека синдикалниот лидер Мик Линч истакна дека официјалните лица не дале никакви нови предлози и ја обвини Владата за блокирање на договорот.

Вработените во железницата, како и другите од јавниот сектор, тврдат дека платите не се во согласност со енормното зголемување на трошоците за живот. Инфлацијата во Велика Британија достигна највисоко ниво од 11,1 отсто во изминатите 41 година.

Во декември за повисоки плати штрајкуваа болничарите, возачите на брза помош и автобуси и поштенските работници.

 

The post Во Велика Британија нови штрајкови на вработените во железницата appeared first on Република.

]]>

Десетина илјади вработени во британската железница повторно стапија во штрајк барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Само еден од пет возови денеска сообраќаат поради штрајкот, што според најавите ќе трае цела недела. Граѓаните, кои денеска се враќаат на работа по божиќните празници предупредени се да не патуваат поради штрајкот. Членовите на Синдикатот на железницата, поморството и транспортот денеска, утре, петок и сабота штрајкуваат, а машиновозачите на синдикатот Аслеф (Здружение на машиновозачи и пожарникари) ќе штрајкуваат в четврток. Многу места, вклучително и голем дел од Шкотска и Велс, воопшто немаат возови. Министерот за транспорт Марк Харпер ги повика синдикалните лидери на преговарачка маса, истакнувајќи дека Владата понудила „многу фер понуда за платите”. Додека синдикалниот лидер Мик Линч истакна дека официјалните лица не дале никакви нови предлози и ја обвини Владата за блокирање на договорот. Вработените во железницата, како и другите од јавниот сектор, тврдат дека платите не се во согласност со енормното зголемување на трошоците за живот. Инфлацијата во Велика Британија достигна највисоко ниво од 11,1 отсто во изминатите 41 година. Во декември за повисоки плати штрајкуваа болничарите, возачите на брза помош и автобуси и поштенските работници.  

The post Во Велика Британија нови штрајкови на вработените во железницата appeared first on Република.

]]>
Гори зградата на железницата во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/gori-zgradata-na-zeleznicata-vo-donjeck/ Mon, 07 Nov 2022 09:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=570728

Неколку експлозии се слушнале во текот на ноќта во Доњецк, град под контрола на проруските сили. Во пламен е зградата на железницата.

Во истовреме, портпаролка на украинската војска Наталија Хумениук, изјави дека Русите повторно го лажираат повлекувањето од Херсон за да ги намамат украинските сили во улични борби во клучниот град.

Руските трупи многу напорно се обидуваат да ги убедат сите дека се повлекуваат, но во исто време гледаме објективни докази дека тие остануваат, рече Хумениук во интервју за украинските медиуми.

 

The post Гори зградата на железницата во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Неколку експлозии се слушнале во текот на ноќта во Доњецк, град под контрола на проруските сили. Во пламен е зградата на железницата. Во истовреме, портпаролка на украинската војска Наталија Хумениук, изјави дека Русите повторно го лажираат повлекувањето од Херсон за да ги намамат украинските сили во улични борби во клучниот град.
Руските трупи многу напорно се обидуваат да ги убедат сите дека се повлекуваат, но во исто време гледаме објективни докази дека тие остануваат, рече Хумениук во интервју за украинските медиуми.
 

The post Гори зградата на железницата во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес https://republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-vrabotenite-od-kolska-blokada-na-prugata-skopje-gevgelija-kaj-veles/ Thu, 28 Jul 2022 07:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=534071

Вработените во фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ денеска од 07:30 часот ќе протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми.

Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај. На протестот најавено е присуство на претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, во чиј состав е и синдикалната организација на „Колска“.

Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук“.

The post Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес appeared first on Република.

]]>

Вработените во фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ денеска од 07:30 часот ќе протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми. Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај. На протестот најавено е присуство на претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, во чиј состав е и синдикалната организација на „Колска“.
Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук“.

The post Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес appeared first on Република.

]]>
Јапонската железница ќе користи хуманоиден робот за извршување опасни работи за луѓето https://republika.mk/zivot/tehnologija/japonskata-zeleznica-kje-koristi-humanoiden-robot-za-izvrshuvanje-opasni-raboti-za-lugjeto/ Mon, 02 May 2022 18:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=496404

Јапонската железничка команија „Вест Џапан“ (West Japan), позната како „ЏР Вест“ (JR West), претстави голем хуманоиден робот кој ќе извршува задачи ризични за луѓето.

Досега сме виделе различни роботи вклучувајќи и хуманоиди со многу реалистични изрази, но јапонскиот робот е нешто навистина посебно. Станува збор за робот кој има торзо и раце со кои врши различни задачи и наредби како чистење на далноводи и електрична мрежа со помош на специјална четка. Сепак, не станува збор само за чистење, бидејќи роботот е способен да ја одржува мрежата благодарение на неговите роботски раце кои се компатибилни со различните алатки.

На врвот на торзото се наоѓаат две дигитални камери кои служат како очи, односно му овозможуваат на човекот кој го контролира роботот да види што работи со помош на ВР сет. Тој ги контролира роботските раце со пар контролни рачки. Ако на рацете на роботот дејствува надворешна сила, таа се пренесува на контролите на човекот кој го контролира роботот, кој потоа може да ги изврши потребните дејства.

Благодарение на хидрауличниот кран што го крева торзото, роботот може да крева тешки товари.

https://twitter.com/news_jrwest/status/1514919764153434113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514919764153434113%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fkhumanoiden-robot-ke-gi-poprava-japonskite-zheleznici

Иако е целосно функционален, роботот, сепак, е само прототип развиен од „Нипон Сигнал и Хјуман Машинери компани“ (Nippon Signal и Human Machinery Company“. Првиот робот од ваков вид ќе стапи во употреба во 2024 година, а потоа и роботи кои наместо луѓе ќе извршуваат некои други ризични задачи. Овие работни места вклучуваат работа на далноводи, како и работа на опасни височини.

Иако роботите ќе си ја вршат работата побавно од луѓето, сепак, нивната употреба се исплатува бидејќи нема никаков ризик за луѓето.

The post Јапонската железница ќе користи хуманоиден робот за извршување опасни работи за луѓето appeared first on Република.

]]>

Јапонската железничка команија „Вест Џапан“ (West Japan), позната како „ЏР Вест“ (JR West), претстави голем хуманоиден робот кој ќе извршува задачи ризични за луѓето. Досега сме виделе различни роботи вклучувајќи и хуманоиди со многу реалистични изрази, но јапонскиот робот е нешто навистина посебно. Станува збор за робот кој има торзо и раце со кои врши различни задачи и наредби како чистење на далноводи и електрична мрежа со помош на специјална четка. Сепак, не станува збор само за чистење, бидејќи роботот е способен да ја одржува мрежата благодарение на неговите роботски раце кои се компатибилни со различните алатки. На врвот на торзото се наоѓаат две дигитални камери кои служат како очи, односно му овозможуваат на човекот кој го контролира роботот да види што работи со помош на ВР сет. Тој ги контролира роботските раце со пар контролни рачки. Ако на рацете на роботот дејствува надворешна сила, таа се пренесува на контролите на човекот кој го контролира роботот, кој потоа може да ги изврши потребните дејства. Благодарение на хидрауличниот кран што го крева торзото, роботот може да крева тешки товари. https://twitter.com/news_jrwest/status/1514919764153434113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514919764153434113%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fkhumanoiden-robot-ke-gi-poprava-japonskite-zheleznici Иако е целосно функционален, роботот, сепак, е само прототип развиен од „Нипон Сигнал и Хјуман Машинери компани“ (Nippon Signal и Human Machinery Company“. Првиот робот од ваков вид ќе стапи во употреба во 2024 година, а потоа и роботи кои наместо луѓе ќе извршуваат некои други ризични задачи. Овие работни места вклучуваат работа на далноводи, како и работа на опасни височини. Иако роботите ќе си ја вршат работата побавно од луѓето, сепак, нивната употреба се исплатува бидејќи нема никаков ризик за луѓето.

The post Јапонската железница ќе користи хуманоиден робот за извршување опасни работи за луѓето appeared first on Република.

]]>
Бесплатен железнички превоз за студенти, средношколци и пензионери од 1 мај https://republika.mk/vesti/ekonomija/besplaten-zeleznichki-prevoz-za-studenti-srednoshkolci-i-penzioneri-od-1-maj/ Tue, 26 Apr 2022 06:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=493587

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

 

  • Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

 

  • Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

 

  • Бесплатен превоз за студенти секој четврток

 

  • И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

 

Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.

The post Бесплатен железнички превоз за студенти, средношколци и пензионери од 1 мај appeared first on Република.

]]>

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:  
  • Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот
 
  • Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);
 
  • Бесплатен превоз за студенти секој четврток
 
  • И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.   Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.

The post Бесплатен железнички превоз за студенти, средношколци и пензионери од 1 мај appeared first on Република.

]]>