здружение Archives - Република https://republika.mk/tema/zdruzenie/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Apr 2023 07:56:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здружение Archives - Република https://republika.mk/tema/zdruzenie/ 32 32 Денеска во Гостивар, во септемри Димитриевски планира здружение и во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-vo-gostivar-vo-septemri-dimitrievski-planira-zdruzhenie-i-vo-skopje/ Tue, 25 Apr 2023 07:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=633777

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во Дневникот на телевизија Сител истакна дека се реализирани голем број на проекти, а Куманово е првиот град во Македонија што има бесплатен превоз.

Спроведовме многу социјални пакети, паралелно имплементираме голем број на инфраструктурни проекти. Тоа што го применивме во Куманово сакаме да го примениме и на ниво на држава, бидејќи се покажа практично и ефикасно. Имаме тим, располагаме со доволно човечки капацитет да излеземе пред јавноста, да понудиме одредени решенија како од Македонија да направиме држава, бидејќи во овој момент ние всушност сме држава којашто ја контролираат поединци по принцип на должничко-доверителски односи. Имате власт којашто е целосно контролирана од една политичка партија, тоа е ДУИ веќе 20 години владее со државата. Во овој момент мислам дека дури господинот Ахмети е и премиер, Ковачевски е само една фигура којашто ги извршува наредбите од центарот на ДУИ, тоа мора да се спречи и да се стави крај на ваквите погубни политики и државата да тргне напред. Дали имаме капацитет? Да, секако. Сметам дека Македонија поседува капацитет, поседува доволен број на луѓе коишто можат да излезат, луѓе кои покажале и докажале дека знаат. Тоа се луѓе коишто всушност доаѓаат и од бизнис заедницата, науката, студентските редови, работничката класа, од сите општествени делувања, а ќе ги оставам имињата сами да ги соопштуваат, бидејќи не е коректно во нивно име да зборувам. Утре ќе формираме ново здружение во Гостивар и јас за првпат некои од нив ќе сретнам, но како и да е тоа се шири од град во град, од село во село, рече Димитриевски.

Тој посочи дека целта е да се вратиме на асномските и крушевските корени на државата, бидејќи во Македонија се изгуби идеологијата, премногу се сè материјализира.

Формиравме свои движења, Куманово, Прилеп, Крушево, отидовме и во источна Македонија во Кочани, дополнително работиме на нови места и утре продолжуваме во Гостивар, претходно завршивме и во Тетово. Некаде 20тина здруженија, во септември планираме да го организираме за првпат здружението и во Скопје. Дали ќе прерасне во политичко движење искрено не знам, јас посакувам тоа да биде формирано од граѓаните и да работи директно за граѓаните, но самите членови на овие здруженија во нивната заедничка иницијатива треба да ги дадат предлозите, и за името на тоа движење, и како ќе функционира и работи. Дополнително, голем број на поединци, експерти работат на програмите и верувам дека ќе излеземе подготвени на изборите. Не само да понудиме нешто, бидејќи граѓаните тоа го имаат слушнато, ние нудиме решенија и ги реализираме. Каде е доказот? Доказот е Куманово. Куманово беше една од најзадолжените општини во Македонија, денеска е една од финансиски најстабилните општини којашто реализира сериозни инфраструктурни проекти. Дали е тоа доволно? Секако не. Секогаш има потреба повеќе, но доколку се направи реална децентрализација фискална во државата можеме да дојдеме до ниво да реализираме сериозни капитални проекти, додаде Димитриевски.

Димитриевски информираше дека името на здружението е во втор план, затоа што во прв план е самата идеологија и предлозите да бидат реални, а луѓето коишто ќе се изберат да бидат посветени на работата којашто сакаат да ја вршат.

The post Денеска во Гостивар, во септемри Димитриевски планира здружение и во Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-sud-go-zatvora-zdruzenieto-shto-go-otvori-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov/ Mon, 31 Oct 2022 21:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=568020

Во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“, објави „360 степени“.

Дури сега, три години откако бугарското обвинителство покренало процес против организацијата регистрирана во 2019 година, случајот добива правна разврска која може да значи затворање и на клубот „Никола Вапцаров“, кој свечено беше отворен вчера.

Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато“, вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарскиот Устав и законите.

Претходно, градоначалникот на Благоевград изјави дека клубот е нелегитимен и дека тој претставува „обична канцеларија“.

Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидвидува културен центар. Повеќе би рекол дека тоа е канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа, изјави денеска за бугарските медиуми градоначалникот Илко Стојанов.

The post Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>

Во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“, објави „360 степени“. Дури сега, три години откако бугарското обвинителство покренало процес против организацијата регистрирана во 2019 година, случајот добива правна разврска која може да значи затворање и на клубот „Никола Вапцаров“, кој свечено беше отворен вчера.
Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато“, вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарскиот Устав и законите. Претходно, градоначалникот на Благоевград изјави дека клубот е нелегитимен и дека тој претставува „обична канцеларија“.
Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидвидува културен центар. Повеќе би рекол дека тоа е канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа, изјави денеска за бугарските медиуми градоначалникот Илко Стојанов.

The post Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>
Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности со негативна оценка за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд https://republika.mk/vesti/makedonija/vladinoto-sovetodavno-telo-za-upotreba-na-iminja-na-istoriski-lichnosti-so-negativna-ocenka-za-registriranje-na-klub-so-imeto-na-car-ferdinand/ Mon, 31 Oct 2022 17:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=567982

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

Тој владее со Бугарија во 19 и 20 век, ја спроведува Бугарија во три војни кои за Македонија се со девастирачки карактер, поради тоа сè уште има спомени во населението на Македонија дека ова не може да се смета за позитивно и да се даде позитивно мислење, рече Петровски.

Петровски посочи дека нивното советодавно мислење ќе биде доставено до Министерството правда, кое, потоа ќе одлучува по него.

The post Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности со негативна оценка за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд appeared first on Република.

]]>

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.