Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи 14. издание на манифестацијата „Здраво млади“. Публиката ќе види 17 музички артисти од 6 земји од Европа. Фестивалот ќе го отвори амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел. Како дел од фестивалската програма ќе има настап на неколку холандски музички групи, проекции на филмови од архивата на Eye Museum Amsterdam, мини-саем на холандска литература преведена на македонски јазик, изложба на графити изработени под менторство на неколку македонски уметници како и штанд со холандски деликатеси. Пред отворањето на фестивалот ќе биде презентиран и муралот насликан од холандскиот уметник Јорен Џошуа. Влезот на сите настани е слободен.
Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив „Гола планина/Мртов коњ“, публиката ќе ja чуе младата дарквејв артистка „Ata“, дрон/фолк артистот „Стој, после!“, панк-рок изведувачот „Dimish“, инди составот „Zanadu“, психоделичните „Vagina corporation“ и диџеите Пепи и Шабан Од Македонија и енергичните „Klotljudi“ од Србија/
Со порршка од холанската амбасада и од партнерите од европската мрежа „Liveurope“, ќе се реализира музчката програма насловена како „Liveurope & NL“ селекција. Во неа, публиката ќе ги проследи настапите на иновативните „Velocity made good“ и експлозивното трио „Housepainters“ од Холандија, соло проектот и хрватскиот хит „Idem“ и панк изведувачот „Tandara“ од Хрватска и полските џез експериментатори „Kosmonauci“.
Во соработка пак со холандската издавачка куќа „Yugofuturism“, „Здраво млади“ ќе ги угости интензивното нојз трио „Texoprint“ и андерграунд нојз-поп сензацијата „Søwt“ од Холандија и кантавторката Eerie Wanda (NL/HR), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа„Yugofuturism“, Кун Хегде или диџеј Vikendica.
Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на „Здраво млади“ уште од своето прво издание, Диџеј Фиц од Ирска.
The post На отворањето на 14. издание на „Здраво млади“ ќе настапат 17 музичари appeared first on Република.
]]>The post На отворањето на 14. издание на „Здраво млади“ ќе настапат 17 музичари appeared first on Република.
]]>Во рамките на овогодишното, 14. издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади” што ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи сеопфатна и богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар Скопје и Холандската амбасада.
Програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности.
Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада на млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ, ќе настапат иновативните “VELOCITY MADE GOOD”, експлозивното трио “HOUSEPAINTERS”, интензивното нојз трио “TEXOPRINT”, андерграунд дарк- поп сензацијата “SØWT”, кантавторката “EERIE WANDA”, како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “YUGOFUTURISM”, Кун Хегде или диџеј “VIKENDICA”.
Во соработка со Кинотеката и „Eye Filmmuseum” од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година.
На еден од надворешните ѕидови од институцијата, ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, потоа мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна.
Фестивалот е закажан за 11 октомври. Музичката програма на фестивалот започнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен.
The post Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ appeared first on Република.
]]>The post Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ appeared first on Република.
]]>Четиринаесеттото издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ ќе се одржи на 11 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ). Програмата ќе започне во 19 часот и влезот ќе биде бесплатен.
На фестивалот ќе настапуваат 17 артисти од шест различни земји од Европа.
Од македонската сцена ќе свират селекција на бендови артисти од музичкиот колектив „Гола планина“ и издавачката куќа „Мртов коњ“, и тоа дарквејв артистката Aта, дрон/фолк артистот „Стој после“, панк-рок изведувачот Димиш, инди составот „Занаду“, психоделичните „Корпорација Вагина“, како и енергичните „Клотљуди“ од Белград. Од диџејскиот свет ќе настапуваат Пепи и Шабан.
„Оваа година, МКЦ оствари тесна соработка со Холандската амбасада во Скопје, каде со нивна организациска и финансиска поддршка, како и поддршката од партнерите од европската мрежа ‘Liveurope’, ќе се реализира музичката програма насловена како ‘Liveurope & NL’ селекција“, велат од МКЦ.
Во рамките на оваа селекција ќе настапуваат иновативните „Velocity Made Good“ (NL), експлозивното трио „Housepainters“ (NL), соло проектот и хрватскиот хит „Идем“ (HR), панк изведувачот „Тandara“ (HR) како и полските џез експериментатори „Kosmonauci“ (PL).
Во соработка пак со холандската издавачка куќа „Yugofuturism“, на фестивалот ќе може да се слушнат интензивното нојз трио „Texoprint“ (NL), андерграунд нојз- поп сензацијата „Søwt“ (NL), кантавторката „Eerie Wnada“ (NL/HR), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа „Yugofuturism“, Кун Хегде или диџеј Vikendica.
Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на Здраво Млади уште од своето прво издание, Диџеј Фиц од Ирска.
The post Музичкиот фестивал „Здраво млади 14“ ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ appeared first on Република.
]]>The post Музичкиот фестивал „Здраво млади 14“ ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ appeared first on Република.
]]>Заврши уште едно издание на фестивалот „Здраво млади“ за паметење. Фестивалот кој пркоси со својата упорност да биде уникатен мал „голем“ фестивал за вистински музички сладокусци, успеа да собере повеќе од илјада посетители во топлата септемвриска вечер во МКЦ.
На пет бини во преполниот МКЦ настапија повеќе од 20 артисти од 11 земји од светот.
Вечерта започна со настапот на спектакуларниот нов електронски артист YMNK кој буквално ја збуни публиката со својот ритмичко математички интензивен настап. Потем следеше настапот на легендарниот Иан Свенониус, чиј настап бележи повеќе импровизација и комуникација со жедната публика. Клубот МКЦ беше претесен да ја собере присутната публика за ѕвездите на вечерта, Маускович денс бенд кои ја вжештија атмосферата до плафон.
Денсинг салата беше резервирана за пожестоките настапи. Вечерта ја отвори Џутко и Плодови земље, чии хитови во заразни фолк ритми веднаш ги плени срцата на публиката која допрва се загреваше. Следеа домашните херои Мај Тиар, кои по долга пауза, успеја да ја нарушат статиката во набиената сала. Хрватот со далматинско потекло, Војко В покажа зошто толку се очекуваше неговиот настап и зошто во салата буквално снемс воздух. За крај, бината ја докрајчи локалната супергрупа Допе Куќата со специјално изненадување за публиката и концерт до 2 часот по полноќ.
Во киното Фросина се проследија настапите на етно џез колективот Калата, младата поп ѕвезда Жива, новата рап ѕвезда Јоланде Башинг и впечатливата музичарка на укулеле Рита Брага.
Најголемото збиднување на фестивалот сепак беше резервирано за платото пред МКЦ, на кое повеќе од 7 часа со брутален сет настапија диџеј Фиц, Ертунч Сали и Ајнур Касо.
И ова издание на „Здраво млади“ покажа дека скопската публика осцилира во ист бит, битот на модерната, различна и колоритна музика, изјавија од МКЦ.
Организаторите најавуваат уште пожестоко издание за следната 2024 година, чиј датум наскоро ќе биде објавен.
The post Повеќе од илјади посетители на 13. издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ appeared first on Република.
]]>И ова издание на „Здраво млади“ покажа дека скопската публика осцилира во ист бит, битот на модерната, различна и колоритна музика, изјавија од МКЦ.Организаторите најавуваат уште пожестоко издание за следната 2024 година, чиј датум наскоро ќе биде објавен.
The post Повеќе од илјади посетители на 13. издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ appeared first on Република.
]]>Вечерва со почеток од 20 часот, започнува еднодневната фестивалска програма на музичкиот фестивал ЗДРАВО МЛАДИ во организација на ЈУ Младински културен центар веќе тринаесетта година по ред.
На 5 бини во Младинскиот културен центар ќе настапат повеќе од 20 артисти од 11 земји од Европа. Како и секоја година, програмата на фестивалот цели кон жанровска разновидност, нови и надежни артисти како и веќе етаблирани музичари во својата музичка кариера. Надоаѓачките артисти се срцевината на фестивалот, кој се труди да понуди богата и ексклузивна програма која е ретко застапена во домашната музичка понуда.
Во салата 25 Мај во МКЦ, популарно познта како Денсинг сала како централниот настан ќе го отвори настапот на рускиот џез панк состав Оми, по кој следи фолк сензацијата Џутко и Плодови Земље од Хрватска, потоа домашниот состав Мај Тиар со нов состав и најава за новиот албум, хрватската психоделична банда Немања за на крај вечерта на оваа бина се затвори со долгоочекуваниот настап на хрватскиот анти рапер Војко В и Доуп Куќата.
Киното Фросина е наменето за млади надоаѓачки артисти кои имаат на кои дел од нив настапот на ЗДРАВО МЛАДИ им е посебен предизвик во нивните свежи кариери. На оваа бина, ќе се проследат настапите на новата звезда на српската поп музика Жива, португалката маѓионичарка на уку лелето Рита Брага, домашниот џез фолк состав Калата и францускиот рапер Јоланде Башинг.
Клубот МКЦ е резервиран за електронските артисти на фестивалот. Овде, публиката ќе има прилика да го чуе легендарниот рокенрол изведувач Иан Свенониус и неговиот последен проект Ескапизам, францускиот електронски артист чиј настап долго се очекува YMNK, кралевите на кумбијата Маускович Денс Бенд, италијанците Планет Опал и звездите на вечерта, британците PVA, кои за многу кратко време ќе се искачат многу високо на светските топ листи.
Џебното кино во МКЦ е резервирано за промоција на литературно музичкиот колектив Слово Култ со настап на 3 електронски артисти, ЏејДи Зази, Елизабета Костадиновска и Маргарет Аноун.
На платото пред МКЦ пак, со свој диџеј сет ќе не загреваат во текот на целата фестивалска вечер – резидент диџејот на Здраво Млади, диџеј Фиц заедно со поддршка од локалните диџеј уметници Ајнур Касо и Ертунч Сали.
Младински културен центар ветува уште едно спектакуларно издание на фестивалот, кој оваа година е финансиран од страна на Министерството за култура и Град Скопје, како и настапите на артистите кои се дел од програмата Лајвјуроп.
Билетите се по цена од 800 денари се до денот на фестивалот. Билетите може да се набават на билетарницата на МКЦ или на олајн линкот за продажба на билети на МКЦ. Вратите на МКЦ ќе бидат отворени за публика од 19 часот.
The post ЗДРАВО МЛАДИ вечерва во МКЦ appeared first on Република.
]]>The post ЗДРАВО МЛАДИ вечерва во МКЦ appeared first on Република.
]]>Фестивалот „Здраво Млади“ ќе се одржи вечер по 12-ти пат во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Како што соопшти МКЦ, овогодишниот фестивал има три главни бини и неколку поп-ап локации низ МКЦ, каде ќе бидат гости 15 артисти од целиот свет.
Дел од артистите на Фестивалот се Bufiman, Deerhoof, ШТАДТ, 21 век, Палиндром, Not Wawing, Tamada, Sitzpinker, Martina Peneva, Emi Ermilova, Xajka, Porto Morto, Herzel, Dj Fitz.
– Оваа листа на артисти е курирана така да одговара на сечиј вкус. Со гордост ги прикажуваме нашите локални артисти, млади бендови и искусни музичари, драги диџејки како Мартина Пенева и Еми Ермилова, наведуваат од МКЦ.
Оваа година, како што додаваат, дизајнот на постерот достигна извондредна популарност.
– Одлучивме локалниот уметник Гоце Илиевски кој со себе носи бројни признанија и награди да го направи дизајнот на „Здраво Млади“. Покрај музичката програма, „Здраво Млади“ ја збогати програмата со обука за инстаграм филтри кои преку агментирана реалност го менуваат изразот на лицето на социјалните медиуми како младите уметници би можеле да се изразат на еден уникатен начин. Како уникатна и екслузивна соработка го двоиме „носењето во живот“ на друидот од постерот, кој ќе е испринтан со помош на 3D принтер и овековечен во лимитирана бројка на терариуми од локални артисти и ентузијасти за ботаника, Etherial3D и Цветко, посочуваат од МКЦ.
The post „Здраво Млади“ по 12. пат во МКЦ appeared first on Република.
]]>The post „Здраво Млади“ по 12. пат во МКЦ appeared first on Република.
]]>Фестивалот „Здраво млади“ објави повик за работилница, која ќе се одржи на 22 август од 18 до 20 часот во Џепното кино на Младинскиот културен цента (МКЦ).
Бесплатна работилница каде младите (16-20) ќе научат како се креира и објавува АR филтер на Инстаграм Целта на работилницата е да се истражи потенцијалот на Аугментираната Реалност како медиум за креативно изразување, раскажување приказни и пренесување/амплифицирање на пораки.
Низ практични примери и работа во софтвер за реализација на #AR филтри, учесниците ќе научат како се скицира, тестира и објавува AR филтер. На крајот од работилницата, учесниците ќе се здобијат со основно познавање на софтверот SparkAR, како и ќе имаат создадено свој AR филтер.
Целта на работилницата е да ги оспособи младите креативци со основни алати за создавање на АR филтри, како потребен прв чекор кон понатамошна експериментација со овој нов медиум.
Работилницата е бесплатна и не е потребно претходно искуство со аугментирана реалност за да се учествува.
Постојат мини технички потреби за учество!
● Треба да понесете свој лаптоп и да го имате симнато софтверот SparkAR кој е бесплатен
● За да се најавите на SparkAR, ќе треба да имате Фејсбук профил. Доколку не сте Фејсбук корисник, ве молиме за учество на работилницата да направите привремен профил, бидејќи истиот е потребен за да може да се работи со софтверот.
● За тестирање на филтрите, ќе треба да имате Инстаграм профил Smile
*За време на работилницата ќе се фотографира за документација на настанот.
Детали за пријавување:
Испратете своја кратка биографија и контакт телефон на [email protected] . Рокот за пријавување е 18 август (четврток). Ако сте примени, ќе добиете известување најдоцна до 20 август.
#ЗдравоМлади #NewMusicFirst #Augmented #Reality
--
Работилницата за AR филтри ќе ја води Кристина Пулејкова. Кристина е македонска уметница, стационирана помеѓу Скопје и Лондон чија интердисциплинарна практика е
заснована на науката и технологијата. Делото на Кристина го истражува начинот како употребата на технологијата може да доведе до поголеми облици на одржливост во односите човек-природа. Кристина има магистерска диплома по сликарство и анимација, стекната на Универзитетот за применета уметност во Виена и магистерска диплома по уметност и наука од Сентрал Сеинт Мартинс во Лондон. Добитник е на инаугуративната награда Фламин Фелоушип на Филм Лондон (2017).
Делата на Кристина се изложени/емитувани, меѓу другите, и во Националната галерија Скопје, Музејот на современа уметност Скопје, Научен музеј Лондон, МАН Музеј, Сардинија, The V&A, Лондон, МАК Виена,Проект Спејс Кунсталле Виена, Хет Гласпавилјоен Ајнховен, Арт КОП21 Париз, Галерија Вајтчепл Лондон, Фестивал Арт Ликс Лондон, Луишам арт хаус Лондон, Кралски колеџ за уметност, Лондон.
The post „Здраво млади“ објави повик за работилница appeared first on Република.
]]>The post „Здраво млади“ објави повик за работилница appeared first on Република.
]]>Од денес во продажба се билетите за 12. издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“ кој ќе се одржи на 3 септември годинава во паркот на Младински култирен центар (МКЦ).
Овогодишното издание ќе изобилува со познати имиња од европската и светска музичка сцена, со огромна поддршка од локални артисти чија матична сцена се гради токму во МКЦ.
Во таа чест, на наше огромно задоволство го најавуваме и првиот бенд за 12-то издание на ЗДРАВО МЛАДИ: DEERHOOF, калифорниската нојз панк супер група оформени далечната 1994 година. Со над 18 космички албуми кои се истовремено и експериментални и поп, Deerhoof отсекогаш трагале по смели приказни и радикални звуци, создавајќи во процесот свој револуционерен јазик за разбирање со публиката. Нивниот албум од 2020 насловен како Future Teenage Cave Artists, критичарите го оценија како омниприсутен, илустрација на лична бајковита визија од постапокалиптични мелодии кои одзвонуваат во глава, украсен со крајно невообичаени дигитални методи на снимање. Неговото продолжение Love-Lore пак, претставува мозаично љубовно писмо со обработки од песни во живо на артисти како Parliament, Sun Ra, Stockhausen, канализирани во анти-тоталитарни пораки кои го инспирирале бендот, велат од МКЦ.
Deerhoof во минатото беа и на заедничка турнеја со познатите Radiohead.
Дизајнот на 12. Здраво млади е дело на младиот македонски уметник Гоце Илиевски.
Билетите за овогодишното издание на фестивалот може да се набават онлајн преку bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ со почетна цена од 500 денари.
The post Калифорниската нојз панк група Deerhoof на Здраво Млади appeared first on Република.
]]>The post Калифорниската нојз панк група Deerhoof на Здраво Млади appeared first on Република.
]]>МКЦ го најавува 12 издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“.
Мистичниот друид Шримпфикс приготвува мевлем со екстремно горчливи и потентни корени, дегустацијата е закажана за 3 септември 2022 година во летниот парк МКЦ, послужена ладна, младоста вечна.
Иако буџетски поприлично поткусурени, наместо да се жалиме, решивме да ги ангажираме нашите супермоќи и да направиме разновидна, свежа и вкусна програма, зачинета со многу љубов.
Многу бргу тргнуваме со објава на артисти, а веќе од среда, 6 април од 12 часот напладне, започнува и продажбата на билети по почетна цена од 500 денари.
Според годините, детето ни е веќе во преттинејџерска возраст, а со тоа (така ни кажаа) следувал и сопствен Инстаграм-профил, така што клавајте лајкови, шерови, заследете го @zdravo.mladi и на инстаграм.
Ремек-делото од дизајн го спреми суперталентираниот уметник Гоце Илиевски, big shout out!
Се гледаме, не ги трошете тие ситните евра по џебови од одмор во фришоп, ќе ви се најдат
The post 12. издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“! appeared first on Република.
]]>МКЦ го најавува 12 издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“.
Мистичниот друид Шримпфикс приготвува мевлем со екстремно горчливи и потентни корени, дегустацијата е закажана за 3 септември 2022 година во летниот парк МКЦ, послужена ладна, младоста вечна.
Иако буџетски поприлично поткусурени, наместо да се жалиме, решивме да ги ангажираме нашите супермоќи и да направиме разновидна, свежа и вкусна програма, зачинета со многу љубов.
Многу бргу тргнуваме со објава на артисти, а веќе од среда, 6 април од 12 часот напладне, започнува и продажбата на билети по почетна цена од 500 денари.
Според годините, детето ни е веќе во преттинејџерска возраст, а со тоа (така ни кажаа) следувал и сопствен Инстаграм-профил, така што клавајте лајкови, шерови, заследете го @zdravo.mladi и на инстаграм.
Ремек-делото од дизајн го спреми суперталентираниот уметник Гоце Илиевски, big shout out!
Се гледаме, не ги трошете тие ситните евра по џебови од одмор во фришоп, ќе ви се најдат
The post 12. издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“! appeared first on Република.
]]>