Здравко Трајанов Archives - Република https://republika.mk/tema/zdravko-trajanov/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:21:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Здравко Трајанов Archives - Република https://republika.mk/tema/zdravko-trajanov/ 32 32 Како се уништувани Македонски шуми: На последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, а всушност 98% се административци https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-se-unishtuvani-makedonski-shumi-na-posledniot-konkurs-320-bile-primeni-kako-sekachi-i-nosachi-a-vsushnost-98-se-administrativtsi/ Fri, 27 Sep 2024 19:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=820424

ЈП „Национални шуми“ е длабоко во долгови и тоа не од 10 милиони, туку повеќе од 20 милиони евра, вели новиот директор Здравко Трајанов во гостување на „Дејли клик“. Вели дека кога станал директор, наследил претпријатие е во лоша состојба во сите можни аспекти, без плати и осигурување на вработените и без нафта да се излезе на терен.

Но, што се случи во последната година во ова претпријатие кое е толку длабоко во долгови?

Трајанов вели дека во последно време се ангажирани 450 лица на неопределено време, каде на последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, од нив само 2% се шумски работници, додека сите останати се административци, поради што претпријатието заглавило дополнително долгови.

Директорот Трајанов рече дека очекува овие вработени да ги почитуваат нивните наредби и работата за која се примени или во спротивно има закон за оние кои не го почитуваат работното место и не ги почитуваат правилата. Што се однесува до другите злоупотреби во Јавното претпријатие, рече дека тие се последица на доделувањето на многу тендери на приватни фирми, чии магацини се полни со дрва, а има подружници на Претпријатието кои немаат дрва.

https://youtu.be/2ua1fPF79yU?si=m0_PKRcbCAxJ4eOv

The post Како се уништувани Македонски шуми: На последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, а всушност 98% се административци appeared first on Република.

]]>

ЈП „Национални шуми“ е длабоко во долгови и тоа не од 10 милиони, туку повеќе од 20 милиони евра, вели новиот директор Здравко Трајанов во гостување на „Дејли клик“. Вели дека кога станал директор, наследил претпријатие е во лоша состојба во сите можни аспекти, без плати и осигурување на вработените и без нафта да се излезе на терен. Но, што се случи во последната година во ова претпријатие кое е толку длабоко во долгови? Трајанов вели дека во последно време се ангажирани 450 лица на неопределено време, каде на последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, од нив само 2% се шумски работници, додека сите останати се административци, поради што претпријатието заглавило дополнително долгови. Директорот Трајанов рече дека очекува овие вработени да ги почитуваат нивните наредби и работата за која се примени или во спротивно има закон за оние кои не го почитуваат работното место и не ги почитуваат правилата. Што се однесува до другите злоупотреби во Јавното претпријатие, рече дека тие се последица на доделувањето на многу тендери на приватни фирми, чии магацини се полни со дрва, а има подружници на Претпријатието кои немаат дрва. https://youtu.be/2ua1fPF79yU?si=m0_PKRcbCAxJ4eOv

The post Како се уништувани Македонски шуми: На последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, а всушност 98% се административци appeared first on Република.

]]>
Трајанов: Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми https://republika.mk/vesti/ekonomija/trajanov-zakon-za-nefer-trgovski-praktiki-predlozhen-od-vladata-namesto-da-go-reshi-problemot-so-diveene-na-tsenite-otvora-mnogu-dilemi-i-problemi/ Tue, 27 Feb 2024 18:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=749024

За мене прашање е зошто од 2019 година чекавме до сега да го решиме до сега овој проблем, односно законот за нефер трговски практики. Дотолку повеќе кога министерот за економија излезе и рече дека ова е решение за проблемот со дивеење на цените. Оттука граѓаните ја доживуваат оваа голгота со нестабилни цени, голема инфлација посебно со храната, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата „Аргумент плус“ што се емитува на телевизија 24.

Трајанов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на законот бидејќи во истиот има недоречености и тоа треба да се продискутира.

„Несериозно е да речете дека овој закон ќе го реши проблемот, а од друга страна да давате период од 6 месеци за адаптација. Или ако законот е добар требаше да помине, но не е така како што кажуваат“, кажа Трајанов.

Со законот ќе се направи прилагодување со европските регулативи, и тоа е добро, но од друга страна кај нас се настојува да се вметне регулација на цени, тука имаме сериозни забелешки, односно отворени прашања.

„Или зошто некои од понудените решенија не се докажани,  спорно е што во законот нема никаде да сретнете маржа. Министерството оди со поимот рабат и го дефинира на 10 проценти вклучувајќи ги сите трошоци во однос на се она што ќе се направи како трошок од страна на купувачот и ќе се признае како крајна цена. Прашањето е дали сите производи односно за сите може да ставиме урамниловка и да ги ставиме во тој рабат од 10 проценти плус трошоци затоа што има многу различни производи во пракса. Едни имаат многу повеќе директни трошоци за синџирот на снабдување, а од друга страна имате производи кои имаат многу помалку трошоци. И таа урамниловка не е добра  и треба да се размисли за решение на законот“, рече Трајанов.

Пратеникот објасни дека се дозволува на купувачот да даде крајна цена и во рамки на истата да ги објасни трошоците кои ќе настанат за да се најде во понатамошна фаза.

„И тука сега во законот како купувачи не се појавуваат граѓаните, туку фирми кои понатаму го препродаваат производот, и ќе може да манипулираат со крајните цени и тоа мора да се среди со амандманско решение“, вели Трајанов.

Министерството за економија, информира Трајанов дека ја нема листата за кои производи се однесуваат овој закон.

„Во синџирот на снабдување треба да бидат задоволни сите, но со овој закон тоа не е можно затоа не е точно тоа што го велат дека проблемот е решен, проблемот со цените не е решен“, заклучи Трајанов.

The post Трајанов: Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми appeared first on Република.

]]>

За мене прашање е зошто од 2019 година чекавме до сега да го решиме до сега овој проблем, односно законот за нефер трговски практики. Дотолку повеќе кога министерот за економија излезе и рече дека ова е решение за проблемот со дивеење на цените. Оттука граѓаните ја доживуваат оваа голгота со нестабилни цени, голема инфлација посебно со храната, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата „Аргумент плус“ што се емитува на телевизија 24. Трајанов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на законот бидејќи во истиот има недоречености и тоа треба да се продискутира.
„Несериозно е да речете дека овој закон ќе го реши проблемот, а од друга страна да давате период од 6 месеци за адаптација. Или ако законот е добар требаше да помине, но не е така како што кажуваат“, кажа Трајанов.
Со законот ќе се направи прилагодување со европските регулативи, и тоа е добро, но од друга страна кај нас се настојува да се вметне регулација на цени, тука имаме сериозни забелешки, односно отворени прашања.
„Или зошто некои од понудените решенија не се докажани,  спорно е што во законот нема никаде да сретнете маржа. Министерството оди со поимот рабат и го дефинира на 10 проценти вклучувајќи ги сите трошоци во однос на се она што ќе се направи како трошок од страна на купувачот и ќе се признае како крајна цена. Прашањето е дали сите производи односно за сите може да ставиме урамниловка и да ги ставиме во тој рабат од 10 проценти плус трошоци затоа што има многу различни производи во пракса. Едни имаат многу повеќе директни трошоци за синџирот на снабдување, а од друга страна имате производи кои имаат многу помалку трошоци. И таа урамниловка не е добра  и треба да се размисли за решение на законот“, рече Трајанов.
Пратеникот објасни дека се дозволува на купувачот да даде крајна цена и во рамки на истата да ги објасни трошоците кои ќе настанат за да се најде во понатамошна фаза.
„И тука сега во законот како купувачи не се појавуваат граѓаните, туку фирми кои понатаму го препродаваат производот, и ќе може да манипулираат со крајните цени и тоа мора да се среди со амандманско решение“, вели Трајанов.
Министерството за економија, информира Трајанов дека ја нема листата за кои производи се однесуваат овој закон.
„Во синџирот на снабдување треба да бидат задоволни сите, но со овој закон тоа не е можно затоа не е точно тоа што го велат дека проблемот е решен, проблемот со цените не е решен“, заклучи Трајанов.

The post Трајанов: Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми appeared first on Република.

]]>
Здравко Трајанов: Политиката на оваа Влада за земјоделието не соодветствува со политиката во државите во Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/zdravko-trajanov-politikata-na-ovaa-vlada-za-zemjodelieto-ne-soodvetstvuva-so-politikata-vo-drzhavite-vo-evropa/ Tue, 06 Jun 2023 18:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=648577

Здравко Трајанов, професор на Факултетот за шумарски науки и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена како „Современи политики за развој на земјоделството“ што се одржува во Прилеп во рамки на активностите под мото Ова е Македонија за сите рече дека оваа влада воопшто не е заинтересирана за земјоделието, шумарството и водостопанството.

„Политиката на оваа Влада за земјоделието не соодветствува со политиката во државите во Европа. Сите тие го штитат своето производство и се трудат да произведат здрава храна. Тоа не е случај кај нас. Нивната политика за овие области мора да се променат час поскоро. Нивните политики водат кон пропаст на земјоделието“, рече Трајанов.

Трајанов информираше дека од реалните 110 милиони евра субвенции едвај 50 проценти се субвенции од годината, се се заостанати субвенции, што значи немаат пари за субвенции“, информираше Трајанов.

 

„Има празни езера, уништени водни системи. Се соочуваме со катастрофа. Тоа што го гледаме од Владата се фрлени пари за некаква трансформација која се надевам нема да се случи бидејќи ќе значи крах на шумарството“, рече Трајанов.

Трајанов на крајот укажа дека во Собранието стигна закон според кој секој може да биде инспектор во овие области.

The post Здравко Трајанов: Политиката на оваа Влада за земјоделието не соодветствува со политиката во државите во Европа appeared first on Република.

]]>

Здравко Трајанов, професор на Факултетот за шумарски науки и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена како „Современи политики за развој на земјоделството“ што се одржува во Прилеп во рамки на активностите под мото Ова е Македонија за сите рече дека оваа влада воопшто не е заинтересирана за земјоделието, шумарството и водостопанството.
„Политиката на оваа Влада за земјоделието не соодветствува со политиката во државите во Европа. Сите тие го штитат своето производство и се трудат да произведат здрава храна. Тоа не е случај кај нас. Нивната политика за овие области мора да се променат час поскоро. Нивните политики водат кон пропаст на земјоделието“, рече Трајанов.
Трајанов информираше дека од реалните 110 милиони евра субвенции едвај 50 проценти се субвенции од годината, се се заостанати субвенции, што значи немаат пари за субвенции“, информираше Трајанов.
  „Има празни езера, уништени водни системи. Се соочуваме со катастрофа. Тоа што го гледаме од Владата се фрлени пари за некаква трансформација која се надевам нема да се случи бидејќи ќе значи крах на шумарството“, рече Трајанов. Трајанов на крајот укажа дека во Собранието стигна закон според кој секој може да биде инспектор во овие области.

The post Здравко Трајанов: Политиката на оваа Влада за земјоделието не соодветствува со политиката во државите во Европа appeared first on Република.

]]>
Трајанов: Ковачевски има несериозни политики, ама несериозен е и со замениците министри кои ги предлага https://republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-kovachevski-ima-neseriozni-politiki-ama-neseriozen-e-i-so-zamenitsite-ministri-koi-gi-predlaga/ Wed, 01 Mar 2023 16:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=614797

Во Македонија секој ден се покажува дека не можеме да одиме напред. Премиерот вели уште појако одиме кон Европа, мнозинството е стабилно, прашувам како кога гласаа прво 64 пратеници, а сега само 62 пратеници. Во секој случај несериозноста се покажува на дело, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за именување на заменици министри.

Спомнавте реформи, рече Трајанов, но очигледно нема да можете да донесете ниту закон.

„Се пофали премиерот со плати и пензии повисоки, но никако да каже за инфлацијата. Инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Колку и да го зголемувате ако не надмине зголемувањето 30 проценти се друго не значи ништо“, рече Трајанов.

Пратеникот укажа дека освен несериозност во политиките, има несериозност и во ова што ни се нуди како кандидати за заменици министри. Трајанов се осврна на состојбите во земјоделието.

„Предлагате инспектор за земјоделие може да биде било кој како тој ќе ја извршува работата. Предлагате заменик министер со завршено школо за книжевност. Министерот е правник. Вие значи предлагате луѓе кои нема да знаат што да прават и во вакви услови ни велите реформи какви реформи“, рече Трајанов.

The post Трајанов: Ковачевски има несериозни политики, ама несериозен е и со замениците министри кои ги предлага appeared first on Република.

]]>

Во Македонија секој ден се покажува дека не можеме да одиме напред. Премиерот вели уште појако одиме кон Европа, мнозинството е стабилно, прашувам како кога гласаа прво 64 пратеници, а сега само 62 пратеници. Во секој случај несериозноста се покажува на дело, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за именување на заменици министри. Спомнавте реформи, рече Трајанов, но очигледно нема да можете да донесете ниту закон.
„Се пофали премиерот со плати и пензии повисоки, но никако да каже за инфлацијата. Инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Колку и да го зголемувате ако не надмине зголемувањето 30 проценти се друго не значи ништо“, рече Трајанов.
Пратеникот укажа дека освен несериозност во политиките, има несериозност и во ова што ни се нуди како кандидати за заменици министри. Трајанов се осврна на состојбите во земјоделието.
„Предлагате инспектор за земјоделие може да биде било кој како тој ќе ја извршува работата. Предлагате заменик министер со завршено школо за книжевност. Министерот е правник. Вие значи предлагате луѓе кои нема да знаат што да прават и во вакви услови ни велите реформи какви реформи“, рече Трајанов.

The post Трајанов: Ковачевски има несериозни политики, ама несериозен е и со замениците министри кои ги предлага appeared first on Република.

]]>
„Ќе ве пуштат и вас низ вода, верувајте“ им порача Трајанов на пратениците и функционерите од СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-ve-pushtat-i-vas-niz-voda-veruvajte-im-poracha-trajanov-na-pratenitsite-i-funktsionerite-od-sdsm/ Wed, 15 Feb 2023 18:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=609444

Собранието на Република Македонија и Владата почнаа да личат на „сточен пазар“. Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДСМ и Алтернатива за тоа дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на „Пазар 3“ или како некој „сточен пазар“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа што бродот многу забрзано тоне. Но, загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати.

Пред влезот на Алијанса на Албанците во Влада се изнаслушавме за инспекции во Гостивар и за кривични пријави против господинот Арбен Таравари. Ова е начинот на кој владее СДС со уцени и закани и кривични пријави и прогони. Ова не е ниту европска ниту било каква цивилизациска вредност, ова е се само не демократија, рече Трајанов.

Трајанов упати порака до СДСМ и нивните пратеници и функционери.

Уште една порака до СДСМ поточно до пратениците и функционерите на оваа партија. Верувајте ќе ве пуштат и вас низ вода, како што сите се пуштени кои гравитираат кон оваа Влада. Никој не сака да го штитите криминалот на СДС и немојте да бидете соучесници со луѓе кои не се заинтересирани ниту да присуствуваат на оваа седница ниту да бранат било што во политиката, нив ги интересира само криминал, вели Трајанов.

Трајанов потенцираше дека секој еден чесен време е да го напушти тој брод, затоа што нема спас. СДСМ на наредните избори покрај тоа што ќе доживее дебакл ќе се и распадне затоа што ова не е човечки и демократски. Ова е само интерес на криминалци кои се собрани и секојдневно продаваат различни приказни.

The post „Ќе ве пуштат и вас низ вода, верувајте“ им порача Трајанов на пратениците и функционерите од СДСМ appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија и Владата почнаа да личат на „сточен пазар“. Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДСМ и Алтернатива за тоа дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на „Пазар 3“ или како некој „сточен пазар“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов на денешната собраниска седница. Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа што бродот многу забрзано тоне. Но, загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати.
Пред влезот на Алијанса на Албанците во Влада се изнаслушавме за инспекции во Гостивар и за кривични пријави против господинот Арбен Таравари. Ова е начинот на кој владее СДС со уцени и закани и кривични пријави и прогони. Ова не е ниту европска ниту било каква цивилизациска вредност, ова е се само не демократија, рече Трајанов.
Трајанов упати порака до СДСМ и нивните пратеници и функционери.
Уште една порака до СДСМ поточно до пратениците и функционерите на оваа партија. Верувајте ќе ве пуштат и вас низ вода, како што сите се пуштени кои гравитираат кон оваа Влада. Никој не сака да го штитите криминалот на СДС и немојте да бидете соучесници со луѓе кои не се заинтересирани ниту да присуствуваат на оваа седница ниту да бранат било што во политиката, нив ги интересира само криминал, вели Трајанов.
Трајанов потенцираше дека секој еден чесен време е да го напушти тој брод, затоа што нема спас. СДСМ на наредните избори покрај тоа што ќе доживее дебакл ќе се и распадне затоа што ова не е човечки и демократски. Ова е само интерес на криминалци кои се собрани и секојдневно продаваат различни приказни.

The post „Ќе ве пуштат и вас низ вода, верувајте“ им порача Трајанов на пратениците и функционерите од СДСМ appeared first on Република.

]]>
Трајанов: Владата не им ги исплаќа субвенциите на земјоделците бидејќи нема пари во буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/trajanov-vladata-ne-im-gi-isplakja-subvenciite-na-zemjodelcite-bidejkji-nema-pari-vo-budzetot/ Tue, 31 May 2022 10:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=509191

За жал состојбата не е добро. Можам да кажам дека во дадени сегменти можеме да ја окарактеризираме како проблематична од проста причина што капацитетите на државата се многу мали. Ние го напуштивме тоа државно производство на храна, така што капацитетите мораме да ги бараме кај земјоделците и проблемот не е кај земјоделците да произведат храна, туку треба да им се овозможи услови за истата да биде произведена, откупена по реални цени и соодветно пласирани, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов во гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Трајанов истакна дека земјоделците ги немаат добиено субвенциите уште од 2018, 2019 и 2020 година, укажувајќи дека субвенциите за тутунот се исплаќаат календарски уште во март месец, но не се исплатени бидејќи како што рече тој смета дека нема доволно пари во буџетот.

Во кризна година 2022 година знаеме дека кризата започна уште во 2021 година и знаевме што ќе се случува и во светот и во државата, ние имаме ситуација на неисплатени субвенции, дури тоа што земјоделците го имаат сработено, државата донела закон дека ќе им исплати, не им го исплатила, тука се тутунарите и многу други останати гранки. Тука се и заостанати субвенции од претходна година од 2018, 2019, 2020 година каде што имаме неисплатени субвенции во некои сектори. Тоа се проблеми што реално можеше државата да го направи да ги исплати субвенциите, да дојдат парите кај земјоделците, затоа што на земјоделците им требаат пари, рече тој.

Субвенциите за тутун требаше да бидат исплатени согласно календарот за исплата на субвенции уште во март. Зошто тоа не е направено треба да одговори власта, наша перцепција е дека нема пари во буџетот и едноставно со законски регулативи тоа се пролонгира или се бара алиби, смета Трајанов.

Во однос на авансното плаќање на субвенциите мораме да бидеме до крај чесни, законот не се однесува на сите земјоделски производи, туку само на земјоделските површини каде што субвенциите се исплаќаат по површина, затоа што таму имате предвидливост, кажа Трајанов.

Во однос на најавите дека се очекуваат ценовни шокови и вртоглав раст на цените на прехранбените производи, Трајанов потенцираше дека тоа најмногу ќе удри врз сиромашните граѓани, како и дека државата до сега не реагирала соодветно за регулирање на цените на прехранбените производи.

Очекувам да се случи пазарен шок од проста причина затоа што досегашното искуство со регулирање на цените покажа дека владата не се снајде со проблематиката, ги замрзна цените на основните производи, сега тој рок поминува и најавите се дека ќе остави пазарот слободно да си го направи своето. Ако владата во оваа ситуација не најдеме механизми да интервенира на пазарот преку државни резерви, преку соодветни политики, преку понуда на производи ние може да очекуваме ценовни шокови и тоа ќе удри најмногу врз сиромашните затоа што цените на храната вртоглаво ќе растат, истакна тој.

The post Трајанов: Владата не им ги исплаќа субвенциите на земјоделците бидејќи нема пари во буџетот appeared first on Република.

]]>

За жал состојбата не е добро. Можам да кажам дека во дадени сегменти можеме да ја окарактеризираме како проблематична од проста причина што капацитетите на државата се многу мали. Ние го напуштивме тоа државно производство на храна, така што капацитетите мораме да ги бараме кај земјоделците и проблемот не е кај земјоделците да произведат храна, туку треба да им се овозможи услови за истата да биде произведена, откупена по реални цени и соодветно пласирани, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов во гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ. Трајанов истакна дека земјоделците ги немаат добиено субвенциите уште од 2018, 2019 и 2020 година, укажувајќи дека субвенциите за тутунот се исплаќаат календарски уште во март месец, но не се исплатени бидејќи како што рече тој смета дека нема доволно пари во буџетот. Во кризна година 2022 година знаеме дека кризата започна уште во 2021 година и знаевме што ќе се случува и во светот и во државата, ние имаме ситуација на неисплатени субвенции, дури тоа што земјоделците го имаат сработено, државата донела закон дека ќе им исплати, не им го исплатила, тука се тутунарите и многу други останати гранки. Тука се и заостанати субвенции од претходна година од 2018, 2019, 2020 година каде што имаме неисплатени субвенции во некои сектори. Тоа се проблеми што реално можеше државата да го направи да ги исплати субвенциите, да дојдат парите кај земјоделците, затоа што на земјоделците им требаат пари, рече тој. Субвенциите за тутун требаше да бидат исплатени согласно календарот за исплата на субвенции уште во март. Зошто тоа не е направено треба да одговори власта, наша перцепција е дека нема пари во буџетот и едноставно со законски регулативи тоа се пролонгира или се бара алиби, смета Трајанов. Во однос на авансното плаќање на субвенциите мораме да бидеме до крај чесни, законот не се однесува на сите земјоделски производи, туку само на земјоделските површини каде што субвенциите се исплаќаат по површина, затоа што таму имате предвидливост, кажа Трајанов. Во однос на најавите дека се очекуваат ценовни шокови и вртоглав раст на цените на прехранбените производи, Трајанов потенцираше дека тоа најмногу ќе удри врз сиромашните граѓани, како и дека државата до сега не реагирала соодветно за регулирање на цените на прехранбените производи. Очекувам да се случи пазарен шок од проста причина затоа што досегашното искуство со регулирање на цените покажа дека владата не се снајде со проблематиката, ги замрзна цените на основните производи, сега тој рок поминува и најавите се дека ќе остави пазарот слободно да си го направи своето. Ако владата во оваа ситуација не најдеме механизми да интервенира на пазарот преку државни резерви, преку соодветни политики, преку понуда на производи ние може да очекуваме ценовни шокови и тоа ќе удри најмногу врз сиромашните затоа што цените на храната вртоглаво ќе растат, истакна тој.

The post Трајанов: Владата не им ги исплаќа субвенциите на земјоделците бидејќи нема пари во буџетот appeared first on Република.

]]>