ЗЏМ Филхармонија Archives - Република https://republika.mk/tema/zdhm-filharmonija/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 08:53:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЗЏМ Филхармонија Archives - Република https://republika.mk/tema/zdhm-filharmonija/ 32 32 Не протестираме против џез-оркестарот, туку за да го зачуваме работниот простор што го добивме по 77 години потстанарски живот https://republika.mk/vesti/kultura/ne-proitestirame-protiv-dhez-orkestarot-tuku-za-da-go-zachuvame-rabotniot-prostor-shto-go-dobivme-po-77-godini/ Fri, 16 Jun 2023 06:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=651931

Вработените во Македонската филхамонија денеска во 12.30 часот ќе одржат протест пред Владата , бидејќи се уште нема решение, а како што велат, ниту интерес од државата за решавање на проблемот кој настана со носењето на одлуката просторно да се смести уште една институција во концертната сала која е изградена за Филхармонија.

Вработените во Македонска филхамонија не протестираат против џез-оркестарот, како што одредени новинари и поединци сакаат да ја извртат вистината во последниве три месеци. Вработените во Филхармонија протестираат бидејќи не дозволуваат во нивниот простор, зграда, објект наменски изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата да биде сместена уште една институција.

Нашата борба да си го зачуваме работниот простор кој го добивме по 77 години потстанарски живот во објекти кои не го биравме ние, туку одевме каде што ќе ни сугерира државата и никогаш не се побунивме поради тоа – продожува и нема да запре! Со ист жар и посветеност ќе се бориме и против лажните вести кои редовно и оркестрирано се пласираат во јавноста со една единствена цел - да се извртат вистината, аргументите и фактите кои се на наша страна, стои во соопштението од Филхармонија испратено до медиумите.

Вработените во Филхармонија потсетуваат дека објектот е изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата. Тоа е првичната и единствена намена на концертната сала на Филхармонија.

Тоа што некој сега сака насилно да ја изврти намената на овој објект е симптоматично и само по себе зборува дека некој заткулисно сака да истера свои лични интереси.

Свесни дека културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните вработените во Филхармонија потенцираат дека тоа не значи дека традицијата создавана со децении треба да се избрише за час. Нивниот револт е кон државата, која не покажува интерес за решавање на проблемот.

Нашата држава досега не покажа интерес за решавање на проблемот, и со тоа потврди дека нема интерес ниту за култура, ниту за традиција, ниту за трајни историски вредности. Личните интереси, непрофесионалноста, неукоста и бесрамноста се принципи по кои се водат нашите политичари кои немаат интерес да ги решат клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните, но, тоа не значи дека со неподнослива леснотија треба да се избрише традицијата создавана со децении. Затоа, нашата борба нема да запре, се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Владата, велат од Филхармонија.

The post Не протестираме против џез-оркестарот, туку за да го зачуваме работниот простор што го добивме по 77 години потстанарски живот appeared first on Република.

]]>

Вработените во Македонската филхамонија денеска во 12.30 часот ќе одржат протест пред Владата , бидејќи се уште нема решение, а како што велат, ниту интерес од државата за решавање на проблемот кој настана со носењето на одлуката просторно да се смести уште една институција во концертната сала која е изградена за Филхармонија.
Вработените во Македонска филхамонија не протестираат против џез-оркестарот, како што одредени новинари и поединци сакаат да ја извртат вистината во последниве три месеци. Вработените во Филхармонија протестираат бидејќи не дозволуваат во нивниот простор, зграда, објект наменски изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата да биде сместена уште една институција. Нашата борба да си го зачуваме работниот простор кој го добивме по 77 години потстанарски живот во објекти кои не го биравме ние, туку одевме каде што ќе ни сугерира државата и никогаш не се побунивме поради тоа – продожува и нема да запре! Со ист жар и посветеност ќе се бориме и против лажните вести кои редовно и оркестрирано се пласираат во јавноста со една единствена цел - да се извртат вистината, аргументите и фактите кои се на наша страна, стои во соопштението од Филхармонија испратено до медиумите.
Вработените во Филхармонија потсетуваат дека објектот е изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата. Тоа е првичната и единствена намена на концертната сала на Филхармонија.
Тоа што некој сега сака насилно да ја изврти намената на овој објект е симптоматично и само по себе зборува дека некој заткулисно сака да истера свои лични интереси.
Свесни дека културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните вработените во Филхармонија потенцираат дека тоа не значи дека традицијата создавана со децении треба да се избрише за час. Нивниот револт е кон државата, која не покажува интерес за решавање на проблемот.
Нашата држава досега не покажа интерес за решавање на проблемот, и со тоа потврди дека нема интерес ниту за култура, ниту за традиција, ниту за трајни историски вредности. Личните интереси, непрофесионалноста, неукоста и бесрамноста се принципи по кои се водат нашите политичари кои немаат интерес да ги решат клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните, но, тоа не значи дека со неподнослива леснотија треба да се избрише традицијата создавана со децении. Затоа, нашата борба нема да запре, се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Владата, велат од Филхармонија.

The post Не протестираме против џез-оркестарот, туку за да го зачуваме работниот простор што го добивме по 77 години потстанарски живот appeared first on Република.

]]>
Поради „нероден Петко“ Министерството за култура ѝ направи „бесилка“ на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/poradi-neroden-petko-ministerstvoto-za-kultura-napravi-besilka-na-filharmonija/ Sat, 06 May 2023 07:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=637544

Министерството за култура повторно излегува со соопштенија со кои продолжува да шири лаги и дезинформации во јавноста.

Министерството за култура не работи на решение од минатата недела, туку се заложи дека ќе го реши проблемот уште на првата средба со министерката Бисера Стојчевска Костадиновска, пред месец и половина, откако беше донесена одлуката за новоформираната институција.

Во првичната одлука за формирање на новата институција, испратена до медиумите, Министерството за култура информираше дека новата институција времено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија, но дека воедно ќе ја користи и сцената на Националната опера и балет.

Го прашуваме Министерството за култура, зошто во елаборатот, покрај објектот на Филхармонија не е наведена и Националната Опера и Балет како одличен простор за работа?

Токму тој аспект од елаборатот во кој како единствена опција за работа на Џез оркестарот е ставен објектот на Филхармонија сам по себе кажува каква била намерата на Министерството за култура.

Ги потсетуваме, уште еднаш, иако кажавме безброј пати пати досега –  бараме да се смени делот во образложението од одлуката во кој објектот на Филхармонија е наведен како „времено“ просторно сместување на Џез оркестарот и да и се најде друго просторно сместување на новата институција.

Привремено сместување на втора институција под кровот на објектот на Филхармонија, како што веќе укажавме и ние, но и голем дел од стручната и пошироката јавност ќе направи повеќе штета, отколку корист.

Очигледно на Министерството за култура не му значат ништо мислењата на еден Симон Трпчески, или пак на диригенти како Јерухам Шаровски (кој соработувал со славниот Лорин Мазел)... Ниту на многу други истакнати личности од стручната фела од Македонија и од странство кои им дадоа безрезервна подршка на филхармоничарите во нивната битка да си го зачуваат својот работен простор и втор дом.

https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvo-za-kultura-soopshtenieto-na-rakovodstvoto-na-sindikatot-na-filharmonija-e-apsolutna-nevistina-i-manipulatsija-i-na-vrabotenite-vo-filharmonija-i-na-javnosta/

Истите тие експерти од различни сегменти во областа на музиката, Министерството за култура требаше да ги исконтактира кога го правеше елаборатот и донесе одлука за формирање на нова институција без никаква јавна расправа и дебата, туку зад затворени врати.

Ова не е првпат Министерството за култура да ги обвинува вработените во најстарата културна институција во земјата дека лажат и од таму продолжуваат на ист начин како и досега да го рушат интегритетот и реномето на институцијата која треба да ја заштитат. Наместо да решаваат проблеми и да креираат здрава културна политика, тие на сметка на новородената институција, ја уништуваат традицијата макотрпно градена од генерации македонски музичари и творци.

Поради "нероден Петко" како што ја нарекоа новата институција во последното соопштение до јавноста, Министерството за култура сака да и направи "бесилка" на Македонската филхармонија која следната година слави 80 години од формирањето и е една од најстарите институции во земјата.

Со чување и унапредување на македонскиот јазик го чуваме нашиот дом и идентитет, а со грижа и заштитнички однос кон најзначајните институции од културата покажуваме висока свест и почит кон традицијата создавана со децении. Министерството за култура, за жал, со својот несериозен однос кон нашата институција го потврди токму спротивното.

И на крај, оркестарот на Филхармонија многу често изведува дела од македонски композитори, тоа го знае јавноста, и нашата верна публика. Тој податок ќе и беше познат и на министерката за култура, доколку присуствуваше барем на некој од нашите концерти.

СО Македонска филхармонија при СКРМ

The post Поради „нероден Петко“ Министерството за култура ѝ направи „бесилка“ на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура повторно излегува со соопштенија со кои продолжува да шири лаги и дезинформации во јавноста. Министерството за култура не работи на решение од минатата недела, туку се заложи дека ќе го реши проблемот уште на првата средба со министерката Бисера Стојчевска Костадиновска, пред месец и половина, откако беше донесена одлуката за новоформираната институција. Во првичната одлука за формирање на новата институција, испратена до медиумите, Министерството за култура информираше дека новата институција времено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија, но дека воедно ќе ја користи и сцената на Националната опера и балет. Го прашуваме Министерството за култура, зошто во елаборатот, покрај објектот на Филхармонија не е наведена и Националната Опера и Балет како одличен простор за работа? Токму тој аспект од елаборатот во кој како единствена опција за работа на Џез оркестарот е ставен објектот на Филхармонија сам по себе кажува каква била намерата на Министерството за култура. Ги потсетуваме, уште еднаш, иако кажавме безброј пати пати досега –  бараме да се смени делот во образложението од одлуката во кој објектот на Филхармонија е наведен како „времено“ просторно сместување на Џез оркестарот и да и се најде друго просторно сместување на новата институција. Привремено сместување на втора институција под кровот на објектот на Филхармонија, како што веќе укажавме и ние, но и голем дел од стручната и пошироката јавност ќе направи повеќе штета, отколку корист. Очигледно на Министерството за култура не му значат ништо мислењата на еден Симон Трпчески, или пак на диригенти како Јерухам Шаровски (кој соработувал со славниот Лорин Мазел)... Ниту на многу други истакнати личности од стручната фела од Македонија и од странство кои им дадоа безрезервна подршка на филхармоничарите во нивната битка да си го зачуваат својот работен простор и втор дом. https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvo-za-kultura-soopshtenieto-na-rakovodstvoto-na-sindikatot-na-filharmonija-e-apsolutna-nevistina-i-manipulatsija-i-na-vrabotenite-vo-filharmonija-i-na-javnosta/ Истите тие експерти од различни сегменти во областа на музиката, Министерството за култура требаше да ги исконтактира кога го правеше елаборатот и донесе одлука за формирање на нова институција без никаква јавна расправа и дебата, туку зад затворени врати. Ова не е првпат Министерството за култура да ги обвинува вработените во најстарата културна институција во земјата дека лажат и од таму продолжуваат на ист начин како и досега да го рушат интегритетот и реномето на институцијата која треба да ја заштитат. Наместо да решаваат проблеми и да креираат здрава културна политика, тие на сметка на новородената институција, ја уништуваат традицијата макотрпно градена од генерации македонски музичари и творци. Поради "нероден Петко" како што ја нарекоа новата институција во последното соопштение до јавноста, Министерството за култура сака да и направи "бесилка" на Македонската филхармонија која следната година слави 80 години од формирањето и е една од најстарите институции во земјата. Со чување и унапредување на македонскиот јазик го чуваме нашиот дом и идентитет, а со грижа и заштитнички однос кон најзначајните институции од културата покажуваме висока свест и почит кон традицијата создавана со децении. Министерството за култура, за жал, со својот несериозен однос кон нашата институција го потврди токму спротивното. И на крај, оркестарот на Филхармонија многу често изведува дела од македонски композитори, тоа го знае јавноста, и нашата верна публика. Тој податок ќе и беше познат и на министерката за култура, доколку присуствуваше барем на некој од нашите концерти. СО Македонска филхармонија при СКРМ

The post Поради „нероден Петко“ Министерството за култура ѝ направи „бесилка“ на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Да најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестар за џез музика, не ни ги кратете крилјата уште на почеток, велат од ЗЏМ https://republika.mk/vesti/kultura/da-najdeme-reshenie-vo-koe-nikoj-nema-da-bide-zagrozen-nitu-filharmonija-nitu-orkestar-za-dhez-muzika-ne-ni-gi-kratete-kriljata-ushte-na-pochetok-velat-od-zdhm/ Thu, 13 Apr 2023 11:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=630513

Здржението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) апелира да се најде решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестарот за џез музика.

Ние како Оркестар за џез музика ја покажавме нашата флексибилност со која гарантираме дека работата на Филхармонија нема да биде загрозена од ниту еден аспект и во ниту еден случај. Ве молиме немојте да ни ги кратите крилјата уште на почеток, се вели во писмената реација на ЗЏМ испратена до медиумите за која тие велат дека е последна во низата.

Филхармонија вчера на прес-конференција рекоа дека остануваат на својот став дека две национални установи не можат да функционираат под еден покрив и најавија јавни протести ако Владата не ја промени одлуката за привремено сместување на новоформираниот Оркестар за џез музика во зградата на Филхармонијата. Од Филхармонија велат дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е директно одговорна за настанатиот хаос и не го испочитувала ветувањето дека на првата следна владина седница ќе се поништи одлуката за привремено сместување на ОЏМ во нивниот дом.

ЗЏМ реагира на вчерашната прес-конференција на вработените во Филхармонија.

Ова е наше последно обраќање до јавноста поврзано со настаната ситуација, бидејќи сметаме дека сè е кажано. За жал, малку сме уморни од сево ова, бидејќи овој начин на комуникација не ни е својствен. Наместо да започнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или „рекла - казала“ муабети, вокабулар кој не наликува на академски граѓани или уметници од висок ранг, велат од ЗЏМ.

https://republika.mk/vesti/kultura/ivanova-nitu-jas-kako-direktor-na-filharmonija-nitu-bilo-koj-vraboten-ja-imashe-informatsijata-deka-novata-natsionalna-ustanova-ke-bide-smestena-vo-ovoj-objekt/

Во реакцијата до јавноста ЗЏМ пишува дека сакале да истакнат неколку поенти од кои онаа, можеби најбитната, е таа дека во Скопје, во моментов, постојат две концертни сали кои одговараат на изведувачкиот концертен карактер на нашиот оркестар. Тоа се МОБ и Филхармонија.

До оној момент додека не се појави нова концертна сала, ние ќе мора некаде да ги одржуваме нашите проби и концерти. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со нашата работа нема да се наруши комодитетот на било кој од вработените во Филхармонија. Најважно од сè е, тоа што ние сè уште не добивме ниту еден релевантен аргумент дека нашето евентуално работење во зградата ќе го попречи работењето на оркестарот на Филхармонија, се вели во ракцијата.

Според нив, дезинформацијата „7 години ЗЏМ во Филхармонија “ е извадена од контекст.

Ние во неколку наврати кажавме дека ние како биг бенд работиме 7 години. Можеби е направен лапсус во броењето на календарските години, но ако изброите календарски од 2017 до 2023 има 7 години, земајќи во предвид дека отварањето на зградата е во мај 2017 година. Ние се извинуваме доколку „украдовме“ некој месец во нашата неумесна пресметка, но првиот концерт на биг бендот во соработка со Филхармонија, во истата зграда, се случи на 12.12 2017 година, концертот насловен “Baby It’s Cold Outside“ . За сите други искази од пресот, сметаме дека нема потреба да се коментираат, бидејќи се потполно ирелевантни.  За крај, ги повикуваме сите засегнати од оваа т.н. „Национална културна мело-драма “, да се однесуваат достоинствено, колегијално, солидарно, да ги согледаме фактите и да се соочиме со реалната состојба, до изнаоѓање на конечно решение, како што впрочем и стои во одлуката на Министерството за култура. Животот е прекраток за да ни минува во чудесни расправии и исправање превртени разговори и неосновани размислувања, се вели во писмената реакција на ЗЏМ.

https://republika.mk/vesti/kultura/funktsionirane-na-dva-natsionalni-orkestri-so-sosema-razlichna-programska-i-estetska-kontseptsija-e-nespoiva-sostojba-na-shto-vsushnost-reagira-i-tselata-filharmonija/

The post Да најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестар за џез музика, не ни ги кратете крилјата уште на почеток, велат од ЗЏМ appeared first on Република.

]]>

Здржението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) апелира да се најде решение во кое никој нема да биде загрозен, ниту Филхармонија, ниту Оркестарот за џез музика.
Ние како Оркестар за џез музика ја покажавме нашата флексибилност со која гарантираме дека работата на Филхармонија нема да биде загрозена од ниту еден аспект и во ниту еден случај. Ве молиме немојте да ни ги кратите крилјата уште на почеток, се вели во писмената реација на ЗЏМ испратена до медиумите за која тие велат дека е последна во низата.
Филхармонија вчера на прес-конференција рекоа дека остануваат на својот став дека две национални установи не можат да функционираат под еден покрив и најавија јавни протести ако Владата не ја промени одлуката за привремено сместување на новоформираниот Оркестар за џез музика во зградата на Филхармонијата. Од Филхармонија велат дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е директно одговорна за настанатиот хаос и не го испочитувала ветувањето дека на првата следна владина седница ќе се поништи одлуката за привремено сместување на ОЏМ во нивниот дом. ЗЏМ реагира на вчерашната прес-конференција на вработените во Филхармонија.
Ова е наше последно обраќање до јавноста поврзано со настаната ситуација, бидејќи сметаме дека сè е кажано. За жал, малку сме уморни од сево ова, бидејќи овој начин на комуникација не ни е својствен. Наместо да започнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или „рекла - казала“ муабети, вокабулар кој не наликува на академски граѓани или уметници од висок ранг, велат од ЗЏМ.
https://republika.mk/vesti/kultura/ivanova-nitu-jas-kako-direktor-na-filharmonija-nitu-bilo-koj-vraboten-ja-imashe-informatsijata-deka-novata-natsionalna-ustanova-ke-bide-smestena-vo-ovoj-objekt/ Во реакцијата до јавноста ЗЏМ пишува дека сакале да истакнат неколку поенти од кои онаа, можеби најбитната, е таа дека во Скопје, во моментов, постојат две концертни сали кои одговараат на изведувачкиот концертен карактер на нашиот оркестар. Тоа се МОБ и Филхармонија.