збогување Archives - Република https://republika.mk/tema/zboguvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 06 May 2023 15:04:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png збогување Archives - Република https://republika.mk/tema/zboguvanje/ 32 32 Србија се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-se-zboguvaa-so-deset-od-zhrtvite-na-dvete-masovni-ubistva/ Sat, 06 May 2023 15:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=637706

Семејствата, другарите и голем број граѓани на Србија денеска се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства што се случија во основно училиште во Белград и во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац.

Во Белград денеска беа погребани четворица ученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“.

Дел од учениците беа погребани на градските гробишта. Едно девојче, пак, беше погребано на централните гробишта, додека убиениот чувар – на гробиштата „Лешче“.

Стотина лица, меѓу кои и поранешни и сегашни ученици, но и бројни граѓани, се збогуваа со членот на обезбедувањето на училиштето „Владислав Рибникар“, пренесува РТС.

Масакрот во ова училиште го изврши 13-годишен ученик, Коста К., а уби вкупно деветмина (чуварот и осум деца) и рани седуммина (наставничка и шест деца).

21-годишниот Урош Б., пак, за неполни 48-часа изврши уште едно масовно убиство што ја потресе Србија. Во селата Дубона и Мало Орашје тој уби вкупно осум лица. Три жртви убиени во Дубона ќе бидат погребани утре, а денеска пет другари од Мало Орашје беа испратени во вечните почивалишта.

На погребот, јавува РТС, присуствуваа стотина мештани, а опелото го служеле 10 свештеници.

 

The post Србија се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства appeared first on Република.

]]>

Семејствата, другарите и голем број граѓани на Србија денеска се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства што се случија во основно училиште во Белград и во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац. Во Белград денеска беа погребани четворица ученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“. Дел од учениците беа погребани на градските гробишта. Едно девојче, пак, беше погребано на централните гробишта, додека убиениот чувар – на гробиштата „Лешче“. Стотина лица, меѓу кои и поранешни и сегашни ученици, но и бројни граѓани, се збогуваа со членот на обезбедувањето на училиштето „Владислав Рибникар“, пренесува РТС. Масакрот во ова училиште го изврши 13-годишен ученик, Коста К., а уби вкупно деветмина (чуварот и осум деца) и рани седуммина (наставничка и шест деца). 21-годишниот Урош Б., пак, за неполни 48-часа изврши уште едно масовно убиство што ја потресе Србија. Во селата Дубона и Мало Орашје тој уби вкупно осум лица. Три жртви убиени во Дубона ќе бидат погребани утре, а денеска пет другари од Мало Орашје беа испратени во вечните почивалишта. На погребот, јавува РТС, присуствуваа стотина мештани, а опелото го служеле 10 свештеници.  

The post Србија се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства appeared first on Република.

]]>
Белград и Рим се простија од Синиша Михајловиќ https://republika.mk/sport/fudbal/belgrad-i-rim-se-prostija-od-sinisha-mihajlovikj/ Sun, 18 Dec 2022 15:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=587235

Со комеморации во Рим и во Белград, стотина фанови и познати фудбалски личности се простија со Синиша Михајловиќ, поранешниот српски фудбалер и тренер, кој почина оваа недела по борбата со леукемијата.

53-годишниот Михајловиќ почина во петокот по тригодишната битка со болеста, по што светот на фудбалот се прости со човекот кој стана легенда во Серија А и во српскиот фудбал.

Во Рим, стотина навивачи ја посетија комеморацијата, вклучувајќи го тренерот на Наполи, Лучано Спалети, претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Руса и повеќе фанови кои присуствуваа од самото утро. Погребот на поранешниот српски селектор и тренер на Милан и Болоња ќе се одржи в понеделник во 9 часот во базиликата Санта Марија дељи Ањели е деи Мартири во Рим.

Во Белград, пак, на стадионот на Црвена звезда, „Рајко Митиќ“ се оддржа комеморација за членот на шампионскиот тим од 1991 година, на која присуствуваа поранешниот ракометар Ненад Перуничиќ, поранешниот соиграч од Звезда, Драгиша Биниќ и тренерот на златната генерација, Љупко Петровиќ, тренерот на Партизан, Гордан Петриќ, а говореа претседателот на Звезда, Светозар Мијаиловиќ и легендата на „црвено-белите“, Драган Џаиќ.

 

The post Белград и Рим се простија од Синиша Михајловиќ appeared first on Република.

]]>

Со комеморации во Рим и во Белград, стотина фанови и познати фудбалски личности се простија со Синиша Михајловиќ, поранешниот српски фудбалер и тренер, кој почина оваа недела по борбата со леукемијата. 53-годишниот Михајловиќ почина во петокот по тригодишната битка со болеста, по што светот на фудбалот се прости со човекот кој стана легенда во Серија А и во српскиот фудбал. Во Рим, стотина навивачи ја посетија комеморацијата, вклучувајќи го тренерот на Наполи, Лучано Спалети, претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Руса и повеќе фанови кои присуствуваа од самото утро. Погребот на поранешниот српски селектор и тренер на Милан и Болоња ќе се одржи в понеделник во 9 часот во базиликата Санта Марија дељи Ањели е деи Мартири во Рим. Во Белград, пак, на стадионот на Црвена звезда, „Рајко Митиќ“ се оддржа комеморација за членот на шампионскиот тим од 1991 година, на која присуствуваа поранешниот ракометар Ненад Перуничиќ, поранешниот соиграч од Звезда, Драгиша Биниќ и тренерот на златната генерација, Љупко Петровиќ, тренерот на Партизан, Гордан Петриќ, а говореа претседателот на Звезда, Светозар Мијаиловиќ и легендата на „црвено-белите“, Драган Џаиќ.  

The post Белград и Рим се простија од Синиша Михајловиќ appeared first on Република.

]]>