збирка раскази Archives - Република https://republika.mk/tema/zbirka-raskazi/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 12:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png збирка раскази Archives - Република https://republika.mk/tema/zbirka-raskazi/ 32 32 Промоција на збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zbirkata-raskazi-petkamen-od-nina-naseska/ Thu, 14 Mar 2024 12:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=754759

Збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска, издание на „ПНВ Публикации“, ќе биде промовирана вечер во 19:00 часот во галерија „Империјал 2“ во Културно информативниот центар ‒ Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска.

Таа појаснува дека во своето првенче, збирката раскази „Петкамен“, Нина Насеска ги штити од заборав сите ликови од соседството на кои свикнуваме и ги доживуваме за некако свои и блиски особено тогаш кога нивното отсуство станува повидливо од нивното присуство.

Нивните животни приказни и нивните тајни остануваат недообзнанети, закопани заедно со нив. Многу од овие раскази се налик филмовите без конечен крај на приказната, токму како што е и во реалноста. Нина ни прикажува само куси извадоци од животот на нејзините јунаци,некои од нив се и антихерои што се чини дека не се главни ликови ниту во сопствената приказна, маргинализирани, осамени, напуштени, ретко среќни, па прават да се замислиме за сопствениот живот и за нашите односи со луѓето околу нас, појаснува Величковска.

Додава дека во збирка раскази доминираат меланхолијата и носталгијата по напуштениот дом, по загубеното детство и детските игри, по починатите блиски, по сето она што можело да биде ако не сме донеле извесни погрешни животни одлуки... но и приказни во кои се чувствува љубовта и семејната топлина, и надеж каква што само децата можат да ветат

Нина Насеска (2002, Прилеп) студира на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Авторка е на збирката поезија и проза „Мозаик од доживувања“ (2014), романот за деца „Авантурите на Ела Вилсон“ (2018) и најновото дело „Петкамен“, збирка раскази (2023).

Има учествувано на неколку литературни читања, добитник е наповеќе книжевни награди и признанија, а нејзини раскази се објавени восписанијата „Современост“, „Стремеж“ и „Репер“.

The post Промоција на збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска appeared first on Република.

]]>

Збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска, издание на „ПНВ Публикации“, ќе биде промовирана вечер во 19:00 часот во галерија „Империјал 2“ во Културно информативниот центар ‒ Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска. Таа појаснува дека во своето првенче, збирката раскази „Петкамен“, Нина Насеска ги штити од заборав сите ликови од соседството на кои свикнуваме и ги доживуваме за некако свои и блиски особено тогаш кога нивното отсуство станува повидливо од нивното присуство.
Нивните животни приказни и нивните тајни остануваат недообзнанети, закопани заедно со нив. Многу од овие раскази се налик филмовите без конечен крај на приказната, токму како што е и во реалноста. Нина ни прикажува само куси извадоци од животот на нејзините јунаци,некои од нив се и антихерои што се чини дека не се главни ликови ниту во сопствената приказна, маргинализирани, осамени, напуштени, ретко среќни, па прават да се замислиме за сопствениот живот и за нашите односи со луѓето околу нас, појаснува Величковска.
Додава дека во збирка раскази доминираат меланхолијата и носталгијата по напуштениот дом, по загубеното детство и детските игри, по починатите блиски, по сето она што можело да биде ако не сме донеле извесни погрешни животни одлуки... но и приказни во кои се чувствува љубовта и семејната топлина, и надеж каква што само децата можат да ветат Нина Насеска (2002, Прилеп) студира на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Авторка е на збирката поезија и проза „Мозаик од доживувања“ (2014), романот за деца „Авантурите на Ела Вилсон“ (2018) и најновото дело „Петкамен“, збирка раскази (2023). Има учествувано на неколку литературни читања, добитник е наповеќе книжевни награди и признанија, а нејзини раскази се објавени восписанијата „Современост“, „Стремеж“ и „Репер“.

The post Промоција на збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска appeared first on Република.

]]>
Објавена првата збирка раскази на младиот македонски писател Стефан Алијевиќ https://republika.mk/vesti/kultura/objavena-prvata-zbirka-raskazi-na-mladiot-makedonski-pisatel-stefan-alijevikj/ Mon, 05 Sep 2022 21:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=547728

„Или-Или“ во едицијата ПРОаЗА ја објави првата збирка раскази од младиот македонски писател Стефан Алијевиќ.

Расказите од збирката „Вечерен автобус“ лебдат во еден свет помеѓу автофикцијата и фикцијата, претендирајќи да создадат игра, комуникација и неизвесност кај читателот што од напишаното е лична вистина на авторот, а што измислица. Освен тоа, расказите градат повеќе дихотомии или бинарни опозити, како на пример: реалност – сон, вистина – лага, живот – смрт, луцидност - халуцинација, минато – сегашност, периферија – главен град, итн. Збирката прави пресек на нашето време и општество, со цел да расветли одредени зафрлени слоеви, и во тој контекст, главните ликови често доаѓаат од самите маргини на општеството.

Севкупно, расказите третираат теми како различностите помеѓу луѓето, нееднаквоста, срамот од личниот идентитет, деградацијата, стеротипите и сегрегацијата на одредени поединци во општеството (како на пример лицата со посебни потреби или сексуалните малцинства). Наративот е во директен костец со предрасудите и ограничените погледи на светот.

Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија), завршил додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност.

Бил дел од уредничкиот тим на меѓународното списание за книжевност и уметност, „Разноликост“, а раскази пишува веќе подолго време. Досега бил објавен на порталите Разноликост и Окно.

Збирката раскази „Вечерен автобус“ е негова прва книга.

 

The post Објавена првата збирка раскази на младиот македонски писател Стефан Алијевиќ appeared first on Република.

]]>

„Или-Или“ во едицијата ПРОаЗА ја објави првата збирка раскази од младиот македонски писател Стефан Алијевиќ. Расказите од збирката „Вечерен автобус“ лебдат во еден свет помеѓу автофикцијата и фикцијата, претендирајќи да создадат игра, комуникација и неизвесност кај читателот што од напишаното е лична вистина на авторот, а што измислица. Освен тоа, расказите градат повеќе дихотомии или бинарни опозити, како на пример: реалност – сон, вистина – лага, живот – смрт, луцидност - халуцинација, минато – сегашност, периферија – главен град, итн. Збирката прави пресек на нашето време и општество, со цел да расветли одредени зафрлени слоеви, и во тој контекст, главните ликови често доаѓаат од самите маргини на општеството. Севкупно, расказите третираат теми како различностите помеѓу луѓето, нееднаквоста, срамот од личниот идентитет, деградацијата, стеротипите и сегрегацијата на одредени поединци во општеството (како на пример лицата со посебни потреби или сексуалните малцинства). Наративот е во директен костец со предрасудите и ограничените погледи на светот. Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија), завршил додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност. Бил дел од уредничкиот тим на меѓународното списание за книжевност и уметност, „Разноликост“, а раскази пишува веќе подолго време. Досега бил објавен на порталите Разноликост и Окно. Збирката раскази „Вечерен автобус“ е негова прва книга.  

The post Објавена првата збирка раскази на младиот македонски писател Стефан Алијевиќ appeared first on Република.

]]>