затвори Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvori/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 15:27:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затвори Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvori/ 32 32 Пандов: Нема чувари по затворите, се плашат за својата безбедност https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pandov-nema-chuvari-po-zatvorite-se-plashat-za-svojata-bezbednost/ Sat, 07 Sep 2024 15:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=814154

Директорот на Управата за извршувае на санкции, Александар Пандов, сака да вработи неколку стотини лица во македонските затвори во текот на наредната 2025 година. Во интервју за МИА, вели дека во моментов недостасуваат околу 300 до 400 вработени во затворскиот систем.

Кога го говорам ова, тоа значи дека пред сѐ и над сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година, вели Пандов.

Но освен намерата да вработи 300 до 400 луѓе во затворите, Пандов во интервјуто вели дека несостасуваат чувари бидејќи се плашеле за својата безбедност.

Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци. Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани во рамки на позитивните закони што ги имаме, а ги имаме доволно за да може да се справиме сега со нив, посочува Пандов.

The post Пандов: Нема чувари по затворите, се плашат за својата безбедност appeared first on Република.

]]>

Пандов: Состојбата во затворите е загрижувачка, недостигаат над 300 луѓе во целиот затворски систем https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-sostojbata-vo-zatvorite-e-zagrizhuvachka-nedostigaat-nad-300-luge-vo-tseliot-zatvorski-sistem/ Sat, 07 Sep 2024 07:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=814007

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, ја оценува состојбата во затворите низ државата како загрижувачка. Во интервју на МИА, тој открива дека недостигаат околу 300 до 400 луѓе во целиот затворски систем. Се надева на одобрување на нови вработувања и најавува повеќе реформи, како инфраструктурни, така и системски. Најавува подобрување на можностите за пробација и на образованието во казнено-поправниот систем.

Кога го говорам ова, тоа значи дека пред сѐ и над сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година, вели Пандов.

Според Пандов, една од причините за дефицитот на затворската полиција е тоа што полицајците ги напуштале своите работни места од безбедносни причини, нешто, кое што, како што вели, нема да биде случај во иднина.

Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци.Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани во рамки на позитивните закони што ги имаме, а ги имаме доволно за да може да се справиме сега со нив, посочува Пандов.

Кон крајот на месецов очекува да профункционира и интервентната единица во затворите.

Состојбата во македонските затвори Пандов ја подели на два дела - инфраструктурна, односно како изгледаат затворите и второ - какви се условите, односно како се работело во нив. Како затвори со добра инфраструктура ги издвојува кумановскиот затвор, Воспитно-поправниот дом – Тетово и отвореното и затвореното одделение во Идризово за кои потенцира дека се изградени во времето на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов вели дека има затвори во кои е неопходна инфракстурктурна инвестиција.

За жал, има одреден број на затвори во кои инфраструктурно мора да се инвестира и тоа сигурно дека ќе биде направено во идно време. Инфраструктурно кога говорам, исто така е голем проблем што за жал во „Идризово“ е завршена само првата фаза од неговата изградба. Уште од 2010 година, Република Македонија добива заем од Банката за развој при Советот на Европа за изградба на супер нов затвор во Идризово и завршена е само првата фаза. Во минатите седум години не е направено ништо, а притоа, кога би била завршена и втората фаза би било направено супер ново и современо затворено одделение. Она што за мене е многу важно е притворското одделение. Би имало и нова кујна, нова амбуланта за затворениците, кога би се направило тоа, вели Пандов.

Тој појаснува дека дел од позајмените пари се потрошени за отвореното и полуотвореното одделение, а остатокот се под мораториум затоа што, како што информира, при контролите на Комитетот за превенција од тортура имало големи забелешки за македонските затвори.

Од Комитетот треба да дојдат од 7 до 10 октомври во Македонија, ќе имаме состанок, меѓутоа ќе имаат состанок и со министерот за правда Игор Филков и со премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Јас и повиканите ќе направиме сѐ да ги увериме дека правиме и ќе правиме сѐ за подобрување на забелешките што ги имаме од нив за да можеме да започнеме. Се надевам дека в година ќе започнеме, ќе го распишеме тендерот и ќе ја почнеме втората фаза, дополнува Пандов.

Како главни цели, Пандов ги издвојува изградбата на втората фаза и пуштањето во употреба на судницата во затворот „Идризово“.

Како што вели, она што го загрижува е начинот како биле чувани затворените лица. Според првичните информации, осудените лица во одредени затвори излегувале и влегувале кога сакале.

Не велам дека во сите затвори тоа се случувало, но имаме докази и веќе е информирано и Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека одредени раководители, односно директори на затвори, буквално се однесувале во стилот на Луј 16 - „државата, тоа сум јас“, вели Пандов.

Тој информира дека наследената состојба на затвореници евидентирани во бегство е околу 200, додека, во однос на прашањето дали постои гаранција дека ќе се вратат затворениците на кои тој им одобри прекин на издржување на казната, меѓу кои има и осуденици од „27 април“, вели дека нема гаранција исто како и за затворениците кои ги пуштаат на викенд.

На најголем дел од нив веќе им се завршени прекините и се вратени во затворите. Не мал дел од нив, во меѓувреме имаат побарано од судовите да им се издадат подолги прекини. Како најзвучно име за кое имаше прекин е поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.  Во меѓувреме, колку што сум информиран од затворот, господинот Чавков, има добиено тримесечен прекин кој му завршува во ноември. Не мал дел од другите лица осудени за 27 април имаат добиено од судовите повторно прекини, некој на месец, некој на два. Гаранција не постои, како за секој кој со закон ќе биде пратен на 30-45 или 60 дена, кога ќе го пуштиме на викенд, ако не е вратен, тоа значи дека е во бегство, ние веднаш го информираме Министерството за внатрешни работи и тој осуденик се води како во бегство, појаснува Пандов.

Според Пандов, проблемот со пренатрупаноста во затворите може во голема мера да се реши со Законот за пробација.

Има два начини да се реши тоа. Едниот е побавен, меѓутоа во голема мера ќе ги реши работите. Тоа е она што го говорев - сите да засукаме ракави и час поскоро да почне со изградба втората фаза на затворот „Идризово“, затоа што над илјада легла ќе се добијат со завршување на втората фаза. Меѓутоа, има уште една работа што би сакал да ја потенцирам, а тоа е Законот за пробација со кој осудениците имаат право на условен отпуст, посочува Пандов.

Тој информира дека покрај 11-те пробациски канцеларии во државава, се очекува да се отворат уште три.

Тие функционираат веќе четири-пет години. Меѓутоа, она што паѓа во очи е дека од 650 луѓе кои се со условен отпуст, 450 луѓе се во Скопје. Скопје е најголем град, има најголем број на осудени лица кои се од Скопје, меѓутоа не е така соодносот. Останатите 200 се од останатите општини во Македонија. Имаме намера, мислам дека веќе и месецов се закажани некои состаноци со одредени судии, а подоцна и цел судски систем да ги поттикнеме, да ги охрабриме да ги употребуваат овие мерки, вели Пандов.

Една од темите што МИА подолго време ја следи е образованието во Воспитно поправниот дом–Тетово, кое што го нема веќе три години. Токму за ова разговаравме и со директорот Пандов кој потврди дека децата во ВПД-Тетово не седнаа во училишните клупи и вети дека ќе разговара со министерката за образование Весна Јаневска за решавање на проблемот.

Да не се оправдувам, меѓутоа тоа ми е мене наследена ситуација. Ќе направам сѐ за тоа да се смени. Она што бев информиран е дека тој процес е започнат, меѓутоа, сега повторно е застанат. Јас ќе направам обид со новата министерка за образование да им овозможиме на децата во Волковија и каде било во сите казнено поправни установи да имаат образование, истакнува Пандов.

Во врска со проблемот со просториите за девојчињата упатени во воспитно-поправен дом, за кој последната најава беше дека ВПД-Тетово ќе биде адаптиран за таму да можат да се сместуваат штитенички, Пандов вели дека адаптацијата не е почната.

Најбрзо решение е една од трите згради во Волковија да биде преправена и да се огради од останатите две згради каде што се сместени машки деца. Тоа ќе биде направено во наредниот период, а ќе размислиме дали е тоа трајно решение, можеби и не е, не тврдам дека е, меѓутоа, тоа е единствениот начин како тоа да се реши. Адаптацијата сѐ уште не е започната, а доколку во меѓувреме некое девојче биде упатено во ВПД ќе го размислиме кога ќе дојде до тоа, нагласува Пандов.

Според директорот на Управата за извршување на санкции, работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците. Вели дека ќе се обиде законски да интервенира во делот на работно ангажирање на затворениците со цел тоа да се користи почесто.

Имам забелешки на последниот закон, направен сега во април. Планирам во наредниот период да побарам измени на одредени точки, или вметнување на нови. Забелешка е тоа што кај нас, доколку говориме дека имаме 2 400 затвореници, мислам дека околу 100 се само работно ангажирани. Моите насоки кон директорите на затворите се да се обидат да постигнат договори со градоначалниците, со други фирми, што поголем број на затвореници да бидат работно ангажирани, вели Пандов.

Тој информира дека само во мал број на затворите има фарми каде одреден број на затвореници се ангажирани, а најголем дел од земјиштата стојат неискористени.

Пандов вели де е важно затворениците да се оспособат за време на издржувањето на казната со цел да можат да се адаптираат откако ќе излезат од затвор.

Не гледам зошто не ги научиме на некои занаети за кога ќе излезат да бидат оспособени да преживеат. Таков ни е системот што човек кога ќе излезе од затвор, едноставно не сме го осудиле, меѓутоа, не сме го оспособиле да може да функционира надвор од заворот и тоа е веројатно главната причина зошто не мал дел од нив повторно се враќаат во затворите, вели Пандов.

The post Пандов: Состојбата во затворите е загрижувачка, недостигаат над 300 луѓе во целиот затворски систем appeared first on Република.

]]>

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, ја оценува состојбата во затворите низ државата како загрижувачка. Во интервју на МИА, тој открива дека недостигаат околу 300 до 400 луѓе во целиот затворски систем. Се надева на одобрување на нови вработувања и најавува повеќе реформи, како инфраструктурни, така и системски. Најавува подобрување на можностите за пробација и на образованието во казнено-поправниот систем.
Кога го говорам ова, тоа значи дека пред сѐ и над сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година, вели Пандов.
Според Пандов, една од причините за дефицитот на затворската полиција е тоа што полицајците ги напуштале своите работни места од безбедносни причини, нешто, кое што, како што вели, нема да биде случај во иднина.
Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци.Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани во рамки на позитивните закони што ги имаме, а ги имаме доволно за да може да се справиме сега со нив, посочува Пандов.
Кон крајот на месецов очекува да профункционира и интервентната единица во затворите. Состојбата во македонските затвори Пандов ја подели на два дела - инфраструктурна, односно како изгледаат затворите и второ - какви се условите, односно како се работело во нив. Како затвори со добра инфраструктура ги издвојува кумановскиот затвор, Воспитно-поправниот дом – Тетово и отвореното и затвореното одделение во Идризово за кои потенцира дека се изградени во времето на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Пандов вели дека има затвори во кои е неопходна инфракстурктурна инвестиција.
За жал, има одреден број на затвори во кои инфраструктурно мора да се инвестира и тоа сигурно дека ќе биде направено во идно време. Инфраструктурно кога говорам, исто така е голем проблем што за жал во „Идризово“ е завршена само првата фаза од неговата изградба. Уште од 2010 година, Република Македонија добива заем од Банката за развој при Советот на Европа за изградба на супер нов затвор во Идризово и завршена е само првата фаза. Во минатите седум години не е направено ништо, а притоа, кога би била завршена и втората фаза би било направено супер ново и современо затворено одделение. Она што за мене е многу важно е притворското одделение. Би имало и нова кујна, нова амбуланта за затворениците, кога би се направило тоа, вели Пандов.
Тој појаснува дека дел од позајмените пари се потрошени за отвореното и полуотвореното одделение, а остатокот се под мораториум затоа што, како што информира, при контролите на Комитетот за превенција од тортура имало големи забелешки за македонските затвори.
Од Комитетот треба да дојдат од 7 до 10 октомври во Македонија, ќе имаме состанок, меѓутоа ќе имаат состанок и со министерот за правда Игор Филков и со премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Јас и повиканите ќе направиме сѐ да ги увериме дека правиме и ќе правиме сѐ за подобрување на забелешките што ги имаме од нив за да можеме да започнеме. Се надевам дека в година ќе започнеме, ќе го распишеме тендерот и ќе ја почнеме втората фаза, дополнува Пандов.
Како главни цели, Пандов ги издвојува изградбата на втората фаза и пуштањето во употреба на судницата во затворот „Идризово“. Како што вели, она што го загрижува е начинот како биле чувани затворените лица. Според првичните информации, осудените лица во одредени затвори излегувале и влегувале кога сакале.
Не велам дека во сите затвори тоа се случувало, но имаме докази и веќе е информирано и Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека одредени раководители, односно директори на затвори, буквално се однесувале во стилот на Луј 16 - „државата, тоа сум јас“, вели Пандов.
Тој информира дека наследената состојба на затвореници евидентирани во бегство е околу 200, додека, во однос на прашањето дали постои гаранција дека ќе се вратат затворениците на кои тој им одобри прекин на издржување на казната, меѓу кои има и осуденици од „27 април“, вели дека нема гаранција исто како и за затворениците кои ги пуштаат на викенд.
На најголем дел од нив веќе им се завршени прекините и се вратени во затворите. Не мал дел од нив, во меѓувреме имаат побарано од судовите да им се издадат подолги прекини. Како најзвучно име за кое имаше прекин е поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.  Во меѓувреме, колку што сум информиран од затворот, господинот Чавков, има добиено тримесечен прекин кој му завршува во ноември. Не мал дел од другите лица осудени за 27 април имаат добиено од судовите повторно прекини, некој на месец, некој на два. Гаранција не постои, како за секој кој со закон ќе биде пратен на 30-45 или 60 дена, кога ќе го пуштиме на викенд, ако не е вратен, тоа значи дека е во бегство, ние веднаш го информираме Министерството за внатрешни работи и тој осуденик се води како во бегство, појаснува Пандов.
Според Пандов, проблемот со пренатрупаноста во затворите може во голема мера да се реши со Законот за пробација.
Има два начини да се реши тоа. Едниот е побавен, меѓутоа во голема мера ќе ги реши работите. Тоа е она што го говорев - сите да засукаме ракави и час поскоро да почне со изградба втората фаза на затворот „Идризово“, затоа што над илјада легла ќе се добијат со завршување на втората фаза. Меѓутоа, има уште една работа што би сакал да ја потенцирам, а тоа е Законот за пробација со кој осудениците имаат право на условен отпуст, посочува Пандов.
Тој информира дека покрај 11-те пробациски канцеларии во државава, се очекува да се отворат уште три.
Тие функционираат веќе четири-пет години. Меѓутоа, она што паѓа во очи е дека од 650 луѓе кои се со условен отпуст, 450 луѓе се во Скопје. Скопје е најголем град, има најголем број на осудени лица кои се од Скопје, меѓутоа не е така соодносот. Останатите 200 се од останатите општини во Македонија. Имаме намера, мислам дека веќе и месецов се закажани некои состаноци со одредени судии, а подоцна и цел судски систем да ги поттикнеме, да ги охрабриме да ги употребуваат овие мерки, вели Пандов.
Една од темите што МИА подолго време ја следи е образованието во Воспитно поправниот дом–Тетово, кое што го нема веќе три години. Токму за ова разговаравме и со директорот Пандов кој потврди дека децата во ВПД-Тетово не седнаа во училишните клупи и вети дека ќе разговара со министерката за образование Весна Јаневска за решавање на проблемот.
Да не се оправдувам, меѓутоа тоа ми е мене наследена ситуација. Ќе направам сѐ за тоа да се смени. Она што бев информиран е дека тој процес е започнат, меѓутоа, сега повторно е застанат. Јас ќе направам обид со новата министерка за образование да им овозможиме на децата во Волковија и каде било во сите казнено поправни установи да имаат образование, истакнува Пандов.
Во врска со проблемот со просториите за девојчињата упатени во воспитно-поправен дом, за кој последната најава беше дека ВПД-Тетово ќе биде адаптиран за таму да можат да се сместуваат штитенички, Пандов вели дека адаптацијата не е почната.
Најбрзо решение е една од трите згради во Волковија да биде преправена и да се огради од останатите две згради каде што се сместени машки деца. Тоа ќе биде направено во наредниот период, а ќе размислиме дали е тоа трајно решение, можеби и не е, не тврдам дека е, меѓутоа, тоа е единствениот начин како тоа да се реши. Адаптацијата сѐ уште не е започната, а доколку во меѓувреме некое девојче биде упатено во ВПД ќе го размислиме кога ќе дојде до тоа, нагласува Пандов.
Според директорот на Управата за извршување на санкции, работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците. Вели дека ќе се обиде законски да интервенира во делот на работно ангажирање на затворениците со цел тоа да се користи почесто.
Имам забелешки на последниот закон, направен сега во април. Планирам во наредниот период да побарам измени на одредени точки, или вметнување на нови. Забелешка е тоа што кај нас, доколку говориме дека имаме 2 400 затвореници, мислам дека околу 100 се само работно ангажирани. Моите насоки кон директорите на затворите се да се обидат да постигнат договори со градоначалниците, со други фирми, што поголем број на затвореници да бидат работно ангажирани, вели Пандов.
Тој информира дека само во мал број на затворите има фарми каде одреден број на затвореници се ангажирани, а најголем дел од земјиштата стојат неискористени. Пандов вели де е важно затворениците да се оспособат за време на издржувањето на казната со цел да можат да се адаптираат откако ќе излезат од затвор.
Не гледам зошто не ги научиме на некои занаети за кога ќе излезат да бидат оспособени да преживеат. Таков ни е системот што човек кога ќе излезе од затвор, едноставно не сме го осудиле, меѓутоа, не сме го оспособиле да може да функционира надвор од заворот и тоа е веројатно главната причина зошто не мал дел од нив повторно се враќаат во затворите, вели Пандов.

The post Пандов: Состојбата во затворите е загрижувачка, недостигаат над 300 луѓе во целиот затворски систем appeared first on Република.

]]>
Пандов: Некои затвори функционирале нормално, а некои како „приватни затвори“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-nekoi-zatvori-funktsionirale-normalno-a-nekoi-kako-privatni-zatvori/ Sat, 31 Aug 2024 12:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=811777

Има голема разлика од еден до друг затвор. Има затвори кои се од латино-американски тип, во кои само исклучително ментална силна личност би можела да издржи, изјави денеска директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов во Штип, по откривањето на споменикот на Тодор Александров.

Одговарајќи на новинарско прашање каква е состојбата во македонските затвори по извршениот увид во нив, Пандов изјави дека некои затвори функционирале нормално, а некои како „приватни затвори“.

-А за жал браќава од 27 април, некои од нив и по две години ги држеа во притворот во Шутка. Има затвори кои, да не бидам погрешно разбран, буквално се европски затвори, коишто изгледаат супер, нормално и коишто функционираат супер, нормално. Она што јас како забелешка сум го нашол не во сите, но, во дел од раководствата во затворите се однесувале во духот на Луј 14. Тие како директори се заживувале дека се сопственици, дека се тоа приватни нивни затвори и така ги третирале затворениците, вели Пандов.

Забележува дека имало осуденици, кои затворите ги воделе дека се во нив, а не престојувале, но, како што вели Пандов, има и осуденици коишто го виделе најлошото низ затворите. Тој истакна дека ова почнува да се менува и бара не мал дел на инвестиции во затворите.

-Она најважно што е затоа што во затворскиот систем во Македонија постои затвор „Идризово“, каде што има 1.200 затвореници, а сите останати 11 затвори имаат 1.200 затвореници. За жал, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во минатото до 2016, 2017 година половина е направено, односно отвореното и полуотвореното одделение, таму се изградени и тие се налик, супер европски затвори. Но, она што е затворениот дел, амбуланта и притвор, а тоа се немал дел од тој затвор правиме се сега, за да ги направиме и веќе догодина да почне да се гради. Јас се надевам дека до крајот на мандатот, овој четиригодишен мандат на ВМРО-ДПМНЕ дека ние „Идризово“ ќе го имаме како супер модерен затвор, рече Пандов.

Прашан за оценка на условите во штипскиот Затвор, Пандов со одговор дека е некаде на средина.

-Тоа значи дека треба да се инвестира во штипскиот затвор. Јас сум супер задоволен од новото раководство, коешто сега е поставено таму и од директорот и од заменик-директорот. Тоа се двајца луѓе коешто се супер амбициозни и сакаат да ги променат работите во затворот. Јас како директор на Управата за извршување на санкции им давам максимална поддршка и ќе ја имаат и во идно време, изјави Пандов.

Тој најави инвестиции во штипскиот затвор за подобрување на условите на осудените лица. Прашан дали имаат преброено, колку осуденици имаат избегано од затворите во земјава, Пандов вели дека мал број имаат на осуденици, кои имаат сторено класично бегство. Но, околу 120 до 130 осуденици се водат како бегалци, бидејќи по закон им е дадено викенд отсуство, но не се вратиле во затворите, за да ја продолжат затворската казна.

-Во годините наназад зборувам, четири-пет години, кои биле пуштени на одмор или на викенд и не се вратени во затворите, вели Пандов.

Што се однесува за новиот продолжен прекин во издржување на казната на дел од осудените лица за 27 април, Пандов одговори дека тој како директор на Управата за извршување на санкции што може да го направи е ако осуденето лице донесе медицинска документација во којашто е прикажано дека има некое акутно заболување и треба веднаш да се лекува, тој  дава прекин од 30 дена.

-Меѓутоа не мал дел од нив, еве конкретниот пример, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, јас какошто сум информиран има добиено сега прекин од три месеца. Меѓутоа, тоа е од судот, кога имаат документација, ако им следуваат прекини веројатно судовите ќе доделуваат и доделуваат во моментов, изјави Пандов.

The post Пандов: Некои затвори функционирале нормално, а некои како „приватни затвори“ appeared first on Република.

]]>

Има голема разлика од еден до друг затвор. Има затвори кои се од латино-американски тип, во кои само исклучително ментална силна личност би можела да издржи, изјави денеска директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов во Штип, по откривањето на споменикот на Тодор Александров. Одговарајќи на новинарско прашање каква е состојбата во македонските затвори по извршениот увид во нив, Пандов изјави дека некои затвори функционирале нормално, а некои како „приватни затвори“.
-А за жал браќава од 27 април, некои од нив и по две години ги држеа во притворот во Шутка. Има затвори кои, да не бидам погрешно разбран, буквално се европски затвори, коишто изгледаат супер, нормално и коишто функционираат супер, нормално. Она што јас како забелешка сум го нашол не во сите, но, во дел од раководствата во затворите се однесувале во духот на Луј 14. Тие како директори се заживувале дека се сопственици, дека се тоа приватни нивни затвори и така ги третирале затворениците, вели Пандов.
Забележува дека имало осуденици, кои затворите ги воделе дека се во нив, а не престојувале, но, како што вели Пандов, има и осуденици коишто го виделе најлошото низ затворите. Тој истакна дека ова почнува да се менува и бара не мал дел на инвестиции во затворите.
-Она најважно што е затоа што во затворскиот систем во Македонија постои затвор „Идризово“, каде што има 1.200 затвореници, а сите останати 11 затвори имаат 1.200 затвореници. За жал, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во минатото до 2016, 2017 година половина е направено, односно отвореното и полуотвореното одделение, таму се изградени и тие се налик, супер европски затвори. Но, она што е затворениот дел, амбуланта и притвор, а тоа се немал дел од тој затвор правиме се сега, за да ги направиме и веќе догодина да почне да се гради. Јас се надевам дека до крајот на мандатот, овој четиригодишен мандат на ВМРО-ДПМНЕ дека ние „Идризово“ ќе го имаме како супер модерен затвор, рече Пандов.
Прашан за оценка на условите во штипскиот Затвор, Пандов со одговор дека е некаде на средина.
-Тоа значи дека треба да се инвестира во штипскиот затвор. Јас сум супер задоволен од новото раководство, коешто сега е поставено таму и од директорот и од заменик-директорот. Тоа се двајца луѓе коешто се супер амбициозни и сакаат да ги променат работите во затворот. Јас како директор на Управата за извршување на санкции им давам максимална поддршка и ќе ја имаат и во идно време, изјави Пандов.
Тој најави инвестиции во штипскиот затвор за подобрување на условите на осудените лица. Прашан дали имаат преброено, колку осуденици имаат избегано од затворите во земјава, Пандов вели дека мал број имаат на осуденици, кои имаат сторено класично бегство. Но, околу 120 до 130 осуденици се водат како бегалци, бидејќи по закон им е дадено викенд отсуство, но не се вратиле во затворите, за да ја продолжат затворската казна.
-Во годините наназад зборувам, четири-пет години, кои биле пуштени на одмор или на викенд и не се вратени во затворите, вели Пандов.
Што се однесува за новиот продолжен прекин во издржување на казната на дел од осудените лица за 27 април, Пандов одговори дека тој како директор на Управата за извршување на санкции што може да го направи е ако осуденето лице донесе медицинска документација во којашто е прикажано дека има некое акутно заболување и треба веднаш да се лекува, тој  дава прекин од 30 дена.
-Меѓутоа не мал дел од нив, еве конкретниот пример, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, јас какошто сум информиран има добиено сега прекин од три месеца. Меѓутоа, тоа е од судот, кога имаат документација, ако им следуваат прекини веројатно судовите ќе доделуваат и доделуваат во моментов, изјави Пандов.

The post Пандов: Некои затвори функционирале нормално, а некои како „приватни затвори“ appeared first on Република.

]]>
Во Македонија лесно се оди во затвор, на второ место сме во Европа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-makedonija-lesno-se-odi-vo-zatvor-na-vtoro-mesto-sme-vo-evropa/ Thu, 06 Jun 2024 08:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=785146

Во земјава на 31 јануари минатата година т.н. стапка на затворање изнесувала 142 затвореници на 100.000 жители, што претставува нејзино зголемување за 25,5 проценти на годишно ниво, покажуваа податоците од Годишна казнена статистика на Советот на Европа за 2023 година.

Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Македонија се наоѓа на второ место меѓу членките на Советот на Европа според растот на стапката на затворање зад Молдавија, каде таа е зголемена за 52,1 отсто. Зад земјава се Кипар со раст на стапката на затворање од 24,8 проценти, Турција  со 15, Азербејџан со 12,5, Ирска со 11,7, Црна Гора со 11,3, Ерменија со 10,6, Хрватска со 10,4 и Унгарија со 8,7 проценти.

Најголемо намалување на стапката лани на 31 јануари 2023 споредено со истиот датум во 2022 година бележи Литванија од 8,9 отсто, пред Естонија од 8,8 и Грција од 5,2 проценти.

Од останатите земји од регионот, во Бугарија стапка на затворање за една година е зголемена за 8,1 отсто, во Србија за 4,2, во Словенија за 2,1 и во Албанија за 1,6 проценти, додека во Романија таа е непроменета. Инаку, просечната стапка на затворање во Европа бележи раст од 2,4 отсто.

Гледано, пак, номинално, со 142 затвореници на 100.000 жители Македонија е на 15-то место меѓу 48 затворски управи на земјите членки на Советот на Европа опфатени со анализата.

Околу 850 лица денеска беа евакуирани поради пожар во женски затвор лоциран југоисточно од Москва, објави руската затворска управа, без да даде повеќе информации.

Највисока стапка на затворање има Турција од 408 затвореници на 100.000 жители, пред Грузија со 256, Азербејџан со 244, Молдавија со 242, Унгарија со 211, Полска со 194, Словачка со 183, Албанија со 179, Чешка со 176, Литванија со 174, Летонија со 172, Црна Гора со 168, Србија со 162, Естонија со 151 и Македонија со 142 затвореници на 100.000 жители.

Најниски стапки на затворање се регистрирани во Финска од 52 затвореници на 100.000 жители, Холандија од 52, Норвешка од 55, Германија од 67, Словенија од 68, Данска од 71, Швајцарија од 73, Ерменија од 79, Шведска од 80 и Ирска од 85 затвореници на 100.000 жители.

Вкупниот број затвореници во земјите опфатени со Годишната казнена статистика на 31 јануари 2023 година изнесувал 1.034.876 лица. Најмногу затвореници или 348.265 имало во Турција, пред Велика Британија со 90.964, Франција со 72.294, Полска со 71.228, Германија со 56.294, Италија со 56.127, Шпанија со 55.909 и Украина со 42.708 затворени лица. 

Просечната густина во затворите во 37 затворски управи на членките на Советот на Европа на годишно ниво е намалена за 2 проценти од 93,5 на 91,6 затвореници на 100 достапни места, при што во земјава таа изнесувала 101, што ја рангира на делба на 10-то место со Хрватска според пренатрупаност на казнено-поправните установи.

Во седум земји густината во затворите била над 105 затвореници на 100 места, што се смета за „голема пренатрупаност“, и тоа Кипар со 166, Романија со 120, Франција со 119, Белгија со 115, Унгарија со 112, Италија со 109 и Словенија со 107 затвореници на 100 места. Првата десетка што ја заокружуваат Македонија и Хрватска, ја надополнуваат уште Грција со 103 и Шведска со 102 затвореници на 100 слободни места.

Во два затвора надвор од провинцијата Хубеи со коронавирус биле заразени 234 лица, а надлежните за кои се смета дека се одговорни за појавата на епидемијата меѓу затворските ѕидини се сменети

Најмала густина во затворите бележи Украина со 48 затвореници на 100 достапни места, пред Ерменија со 53, Шпанија (без Каталонија) со 60, Естонија со 68 и Бугарија и Литванија со по 69 затвореници на 100 слободни места.

Од останатите земји во регионот, густината во затворите во Турција изнесува 100, Црна Гора со 78 и Албанија со 87 затвореници на 100 слободни места.

Просечната возраст на македонските затвореници е 35 години, што е под просекот утврден во 40-те затворски управи опфатени со анализата, кој изнесува 38 години.

Најмлади затвореници во просек има Бугарија со просечна возраст од 33 година, пред Шведска со 34 и Данска, Молдавија и Франција, каде просечната старост на затворската популација, како и во земјава изнесува 35 години.

Највозрасни затвореници со просечна старост од 50 години има Србија, пред Грузија со 44, Италија со 43, Португалија и Шпанија со по 41 и Естонија, Албанија, Чешка и Норвешка со затвореници со 40-годишна просечна возраст.

Апелацискиот суд во Иран и потврди петгодишна затворска казна на иранско-француската научничка Фариби Аделкан.

Од вкупниот број затвореници, приближно 15 проценти биле на возраст од 50 до 64 години, а оваа стапка во земјава изнесува 21 отсто. Најголем процент на затвореници во оваа возрасна категорија или 24 имаат Италија и Словачка, по што следуваат Македонија и Португалија со 21 и Шпанија со 19 отсто.

Од сите затвореници, само речиси три проценти биле на возраст од над 65 години, при што таа стапка е највисока во Хрватска со 10,3 отсто, по што следуваат Литванија и Италија со по пет, Словенија со 4,8 и Летонија и Албанија со по 4,7 проценти.

На 31 јануари 2023 година само 5 од 100 затвореници во Европа биле жени. Најголем процент на затворенички е регистриран на Кипар од 9,2 отсто, пред Чешка од 8,5, Летонија и Финска од 7,7, Унгарија од 7,4 и Шпанија (без Каталонија), Словачка и Португалија со 7,2 проценти жени затвореници. Најмалку затворенички имало во Албанија од 1,3 отсто, пред Хрватска со 1,9, Ерменија со 2,6, Азербејџан со 2,9, Франција со 3,2 и Грузија со 3,4 проценти.

Од вкупниот број затвореници во европските затвори дури 27 отсто биле странци. Највисока стапка на странски затвореници или 78 отсто имало во Луксембург, пред Швајцарија со 71, Грција со 57, Кипар со 55, Австрија со 51, Шпанија и Малта со по 49, Белгија со 42, Германија со 40, Словенија со 34, Естонија со 33, Италија со 32 и Данска со 29 проценти. Најмал процент на странски затвореници имало во затворите во Романија и тоа само 1,1 отсто, пред Молдавија со 1,5, Азербејџан со 1,9, Украина со 2,1, Летонија со 2,4, Полска со 2,6 и Албанија со 2,8 проценти.

Албанскиот Хелсиншки комитет обвини дека затворениците кои биле заразени со Ковид-19 или сомнителни на вирусот, биле дискриминирани во нивниот здравствен третман.

Речиси една третина од лицата што се наоѓале во европските затвори на 31 јануари минатата година бил во притвор. Во Македонија на овој датум 12,3 отсто од лицата сместени во КПУ биле во притвор, со што земјава се наоѓа на петтото место според најмала стапка на притвореници. Помалку лица во притвор имале само Чешка со 7,5, Полска со 11,4, Литванија со 11,2 и Романија со 12,1 отсто од вкупниот број лица лишени од слобода. Најголема стапка на притвореници имало во Албанија од 55 отсто, пред Ерменија со 53, Луксембург со 49, Швајцарија со 46, Холандија со 45 и Црна Гора со 42 проценти.

Во 2022 година просечната должина на казната на затворениците во европските затвори изнесувала 10,1 месец, што е над трипати повеќе од просечната должина на затворските казни во Македонија, која изнесува три месеци и ја рангира земјата на второто место меѓу државите со најкуси казни, веднаш зад Швајцарија каде тие изнесувале 2,1 месеци. Веднаш зад земјава со просечна должина на затворските казни од 3,7 месеци е Луксембург, пред Холандија со 4,2 и Германија со 4,4 месеци.

Најголема просечна затворска казна во траење од 30,2 месеци имало во Португалија, пред Азербејџан од 27,2, Украина од 26,1, Молдавија од 25,3, Романија од 24, Чешка од 22, Литванија од 20,5, Шпанија (без Каталонија) од 19,7, Естонија од 19,2, Грција од 18,4 и Ерменија 18 месеци.

За првпат во Албанија ќе функцонира затвор наменетен само за повозрасни лица.

Просечната стапка на самоубиства во европските затвори во 2022 година изнесувала 5,3 самоубијци на 10.000 затвореници. Најголема стапка на самоубиства е регистрирана во Летонија со 21,7, пред Швајцарија со 20,2, Франција со 19,1, Шкотска со 18,9, Каталонија со 16,8, Италија со 15, Белгија со 14,3, Луксембург со 14,2 и Словенија со 13,9 самоубијци на 10.000 затвореници.

Главна причина за отслужување затворски казни во 45 затворски управи на членките на Советот на Европа биле кривични дела поврзани со наркотици. Така, на 31 јануари 2023 година за дела поврзани со наркотици биле осудени 18,5 проценти од затворениците, по што следуваат пресуди за убиство или обид за убиство со 12,8, за кражба со 11,5, за грабеж со 7,7, за физички напад со 6,7, за сексуални престапи без силување со 4,6, за силување 4,3 и за економски или финансиски криминал или сообраќајни прекршоци по три отсто.

Највисока стапка на затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога од 42 отсто има Летонија, пред Азербејџан со 42, Турција со 34, Италија со 31, Белгија и Србија со по 29, Данска со 27 и Шведска и Малта со по 25 проценти

The post Во Македонија лесно се оди во затвор, на второ место сме во Европа appeared first on Република.

]]>

Во земјава на 31 јануари минатата година т.н. стапка на затворање изнесувала 142 затвореници на 100.000 жители, што претставува нејзино зголемување за 25,5 проценти на годишно ниво, покажуваа податоците од Годишна казнена статистика на Советот на Европа за 2023 година. Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Македонија се наоѓа на второ место меѓу членките на Советот на Европа според растот на стапката на затворање зад Молдавија, каде таа е зголемена за 52,1 отсто. Зад земјава се Кипар со раст на стапката на затворање од 24,8 проценти, Турција  со 15, Азербејџан со 12,5, Ирска со 11,7, Црна Гора со 11,3, Ерменија со 10,6, Хрватска со 10,4 и Унгарија со 8,7 проценти. Најголемо намалување на стапката лани на 31 јануари 2023 споредено со истиот датум во 2022 година бележи Литванија од 8,9 отсто, пред Естонија од 8,8 и Грција од 5,2 проценти. Од останатите земји од регионот, во Бугарија стапка на затворање за една година е зголемена за 8,1 отсто, во Србија за 4,2, во Словенија за 2,1 и во Албанија за 1,6 проценти, додека во Романија таа е непроменета. Инаку, просечната стапка на затворање во Европа бележи раст од 2,4 отсто. Гледано, пак, номинално, со 142 затвореници на 100.000 жители Македонија е на 15-то место меѓу 48 затворски управи на земјите членки на Советот на Европа опфатени со анализата. Околу 850 лица денеска беа евакуирани поради пожар во женски затвор лоциран југоисточно од Москва, објави руската затворска управа, без да даде повеќе информации. Највисока стапка на затворање има Турција од 408 затвореници на 100.000 жители, пред Грузија со 256, Азербејџан со 244, Молдавија со 242, Унгарија со 211, Полска со 194, Словачка со 183, Албанија со 179, Чешка со 176, Литванија со 174, Летонија со 172, Црна Гора со 168, Србија со 162, Естонија со 151 и Македонија со 142 затвореници на 100.000 жители. Најниски стапки на затворање се регистрирани во Финска од 52 затвореници на 100.000 жители, Холандија од 52, Норвешка од 55, Германија од 67, Словенија од 68, Данска од 71, Швајцарија од 73, Ерменија од 79, Шведска од 80 и Ирска од 85 затвореници на 100.000 жители. Вкупниот број затвореници во земјите опфатени со Годишната казнена статистика на 31 јануари 2023 година изнесувал 1.034.876 лица. Најмногу затвореници или 348.265 имало во Турција, пред Велика Британија со 90.964, Франција со 72.294, Полска со 71.228, Германија со 56.294, Италија со 56.127, Шпанија со 55.909 и Украина со 42.708 затворени лица.  Просечната густина во затворите во 37 затворски управи на членките на Советот на Европа на годишно ниво е намалена за 2 проценти од 93,5 на 91,6 затвореници на 100 достапни места, при што во земјава таа изнесувала 101, што ја рангира на делба на 10-то место со Хрватска според пренатрупаност на казнено-поправните установи. Во седум земји густината во затворите била над 105 затвореници на 100 места, што се смета за „голема пренатрупаност“, и тоа Кипар со 166, Романија со 120, Франција со 119, Белгија со 115, Унгарија со 112, Италија со 109 и Словенија со 107 затвореници на 100 места. Првата десетка што ја заокружуваат Македонија и Хрватска, ја надополнуваат уште Грција со 103 и Шведска со 102 затвореници на 100 слободни места. Во два затвора надвор од провинцијата Хубеи со коронавирус биле заразени 234 лица, а надлежните за кои се смета дека се одговорни за појавата на епидемијата меѓу затворските ѕидини се сменети Најмала густина во затворите бележи Украина со 48 затвореници на 100 достапни места, пред Ерменија со 53, Шпанија (без Каталонија) со 60, Естонија со 68 и Бугарија и Литванија со по 69 затвореници на 100 слободни места. Од останатите земји во регионот, густината во затворите во Турција изнесува 100, Црна Гора со 78 и Албанија со 87 затвореници на 100 слободни места. Просечната возраст на македонските затвореници е 35 години, што е под просекот утврден во 40-те затворски управи опфатени со анализата, кој изнесува 38 години. Најмлади затвореници во просек има Бугарија со просечна возраст од 33 година, пред Шведска со 34 и Данска, Молдавија и Франција, каде просечната старост на затворската популација, како и во земјава изнесува 35 години. Највозрасни затвореници со просечна старост од 50 години има Србија, пред Грузија со 44, Италија со 43, Португалија и Шпанија со по 41 и Естонија, Албанија, Чешка и Норвешка со затвореници со 40-годишна просечна возраст. Апелацискиот суд во Иран и потврди петгодишна затворска казна на иранско-француската научничка Фариби Аделкан. Од вкупниот број затвореници, приближно 15 проценти биле на возраст од 50 до 64 години, а оваа стапка во земјава изнесува 21 отсто. Најголем процент на затвореници во оваа возрасна категорија или 24 имаат Италија и Словачка, по што следуваат Македонија и Португалија со 21 и Шпанија со 19 отсто. Од сите затвореници, само речиси три проценти биле на возраст од над 65 години, при што таа стапка е највисока во Хрватска со 10,3 отсто, по што следуваат Литванија и Италија со по пет, Словенија со 4,8 и Летонија и Албанија со по 4,7 проценти. На 31 јануари 2023 година само 5 од 100 затвореници во Европа биле жени. Најголем процент на затворенички е регистриран на Кипар од 9,2 отсто, пред Чешка од 8,5, Летонија и Финска од 7,7, Унгарија од 7,4 и Шпанија (без Каталонија), Словачка и Португалија со 7,2 проценти жени затвореници. Најмалку затворенички имало во Албанија од 1,3 отсто, пред Хрватска со 1,9, Ерменија со 2,6, Азербејџан со 2,9, Франција со 3,2 и Грузија со 3,4 проценти. Од вкупниот број затвореници во европските затвори дури 27 отсто биле странци. Највисока стапка на странски затвореници или 78 отсто имало во Луксембург, пред Швајцарија со 71, Грција со 57, Кипар со 55, Австрија со 51, Шпанија и Малта со по 49, Белгија со 42, Германија со 40, Словенија со 34, Естонија со 33, Италија со 32 и Данска со 29 проценти. Најмал процент на странски затвореници имало во затворите во Романија и тоа само 1,1 отсто, пред Молдавија со 1,5, Азербејџан со 1,9, Украина со 2,1, Летонија со 2,4, Полска со 2,6 и Албанија со 2,8 проценти. Албанскиот Хелсиншки комитет обвини дека затворениците кои биле заразени со Ковид-19 или сомнителни на вирусот, биле дискриминирани во нивниот здравствен третман. Речиси една третина од лицата што се наоѓале во европските затвори на 31 јануари минатата година бил во притвор. Во Македонија на овој датум 12,3 отсто од лицата сместени во КПУ биле во притвор, со што земјава се наоѓа на петтото место според најмала стапка на притвореници. Помалку лица во притвор имале само Чешка со 7,5, Полска со 11,4, Литванија со 11,2 и Романија со 12,1 отсто од вкупниот број лица лишени од слобода. Најголема стапка на притвореници имало во Албанија од 55 отсто, пред Ерменија со 53, Луксембург со 49, Швајцарија со 46, Холандија со 45 и Црна Гора со 42 проценти. Во 2022 година просечната должина на казната на затворениците во европските затвори изнесувала 10,1 месец, што е над трипати повеќе од просечната должина на затворските казни во Македонија, која изнесува три месеци и ја рангира земјата на второто место меѓу државите со најкуси казни, веднаш зад Швајцарија каде тие изнесувале 2,1 месеци. Веднаш зад земјава со просечна должина на затворските казни од 3,7 месеци е Луксембург, пред Холандија со 4,2 и Германија со 4,4 месеци. Најголема просечна затворска казна во траење од 30,2 месеци имало во Португалија, пред Азербејџан од 27,2, Украина од 26,1, Молдавија од 25,3, Романија од 24, Чешка од 22, Литванија од 20,5, Шпанија (без Каталонија) од 19,7, Естонија од 19,2, Грција од 18,4 и Ерменија 18 месеци. За првпат во Албанија ќе функцонира затвор наменетен само за повозрасни лица. Просечната стапка на самоубиства во европските затвори во 2022 година изнесувала 5,3 самоубијци на 10.000 затвореници. Најголема стапка на самоубиства е регистрирана во Летонија со 21,7, пред Швајцарија со 20,2, Франција со 19,1, Шкотска со 18,9, Каталонија со 16,8, Италија со 15, Белгија со 14,3, Луксембург со 14,2 и Словенија со 13,9 самоубијци на 10.000 затвореници. Главна причина за отслужување затворски казни во 45 затворски управи на членките на Советот на Европа биле кривични дела поврзани со наркотици. Така, на 31 јануари 2023 година за дела поврзани со наркотици биле осудени 18,5 проценти од затворениците, по што следуваат пресуди за убиство или обид за убиство со 12,8, за кражба со 11,5, за грабеж со 7,7, за физички напад со 6,7, за сексуални престапи без силување со 4,6, за силување 4,3 и за економски или финансиски криминал или сообраќајни прекршоци по три отсто. Највисока стапка на затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога од 42 отсто има Летонија, пред Азербејџан со 42, Турција со 34, Италија со 31, Белгија и Србија со по 29, Данска со 27 и Шведска и Малта со по 25 проценти

The post Во Македонија лесно се оди во затвор, на второ место сме во Европа appeared first on Република.

]]>
Затворски туризам: Данска ќе му плати 200 милиони евра на Косово за да прими дански затвореници https://republika.mk/vesti/balkan/zatvorski-turizam-danska-ke-mu-plati-200-milioni-evra-na-kosovo-za-da-primi-danski-zatvorenitsi/ Thu, 30 May 2024 10:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=783110

Данска размислува да му плати на Косово 200 милиони евра за нивни затвореници да ги префрли да ја служат казната на косовска територија.Со парите косовските власти треба да ги модернизираат келиите и затворските капацитети.

Данските затвореници ќе бидат сместени во Гњилање во следните 10 години

The post Затворски туризам: Данска ќе му плати 200 милиони евра на Косово за да прими дански затвореници appeared first on Република.

]]>

Данска размислува да му плати на Косово 200 милиони евра за нивни затвореници да ги префрли да ја служат казната на косовска територија.Со парите косовските власти треба да ги модернизираат келиите и затворските капацитети. Данските затвореници ќе бидат сместени во Гњилање во следните 10 години  

The post Затворски туризам: Данска ќе му плати 200 милиони евра на Косово за да прими дански затвореници appeared first on Република.

]]>
Европската комисија за превенција на тортура нотира нечовечко однесување во затворите и притворските затвори од 2019 до 2023 https://republika.mk/vesti/crna-hronika/evropskata-komisija-za-preventsija-na-tortura-notira-nechovechko-odnesuvane-vo-zatvorite-i-pritvorskite-zatvori-od-2019-do-2023/ Tue, 21 May 2024 08:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=780344

Европската комисија за превенција на тортура и нечовечко однесување при Советот на Европа во најновиот Извештај за 2023 година нотира дека во Македонија со СДС и ДУИ од 2019 до 2023 годима нема никакво подобрување во односот на службите во затворите и полициските службеници на распитите.

Извештајот на Европската комисија потенцира дека прематрупаноста на затворите не смее да биде изговор за амнестија, затоа што за истото има друго решение.

Извештајот нотира лошо однос со притворениците во притворските затвори.

The post Европската комисија за превенција на тортура нотира нечовечко однесување во затворите и притворските затвори од 2019 до 2023 appeared first on Република.

]]>

Европската комисија за превенција на тортура и нечовечко однесување при Советот на Европа во најновиот Извештај за 2023 година нотира дека во Македонија со СДС и ДУИ од 2019 до 2023 годима нема никакво подобрување во односот на службите во затворите и полициските службеници на распитите. Извештајот на Европската комисија потенцира дека прематрупаноста на затворите не смее да биде изговор за амнестија, затоа што за истото има друго решение. Извештајот нотира лошо однос со притворениците во притворските затвори.

The post Европската комисија за превенција на тортура нотира нечовечко однесување во затворите и притворските затвори од 2019 до 2023 appeared first on Република.

]]>
Дали знаете дека сме во кризна состојба поради хаосот кој владее во затворите? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-znaete-deka-sme-vo-krizna-sostojba-poradi-haosot-koj-vladee-vo-zatvorite/ Wed, 28 Feb 2024 07:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=749088

На 145. пленарна седница на дневен ред е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

The post Дали знаете дека сме во кризна состојба поради хаосот кој владее во затворите? appeared first on Република.

Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени https://republika.mk/vesti/svet/finska-postavi-dvojna-ograda-na-granitsata-so-rusija-site-premini-se-zatvoreni/ Thu, 30 Nov 2023 16:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=718101

Финските власти поставија систем на двојни засилени огради на границата со Русија, покрај која сите гранични премини останаа затворени.

Во моментов граничните премини се затворени. Поставени се бариери и на државната граница и во внатрешноста. Доколку пристигнат луѓе, ќе ги насочиме до каде можат легално да влезат во Финска“, изјави потполковник Јуко Лукари, заменик командант на граничната стража на југоисточна Финска.

Лукари рече дека луѓето доколку се приближат до границата од руска страна, финските граничари „ќе им го покажат патот“, но доколку се „во особено ранлива позиција“, тие ќе бидат подготвени „да ја извршат својата должност и ќе се погрижат за нивно пренесување на финска страна“.

Тој додаде дека финските граничари и нивните колеги од Фронтекс, агенцијата за гранична контрола на ЕУ, веќе се „фокусирани на важни делови од границата“.

Лукари посочи дека во случај на обид за пробивање на границата, безбедносните сили ќе ги преземат сите неопходни мерки за „да ја задржат ситуацијата под контрола, да ги насочат луѓето и да спречат насилни дејствија“.

На 18 ноември, Финска затвори четири гранични премини на својата источна граница со Русија.

Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен изјави дека одлуката ќе остане на сила до 18 февруари следната година.

Портпаролот на финската гранична стража Мати Сарасма прецизираше дека железничкиот сообраќај меѓу Финска и Русија нема да биде во прекин.

The post Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени appeared first on Република.

]]>

Финските власти поставија систем на двојни засилени огради на границата со Русија, покрај која сите гранични премини останаа затворени.
Во моментов граничните премини се затворени. Поставени се бариери и на државната граница и во внатрешноста. Доколку пристигнат луѓе, ќе ги насочиме до каде можат легално да влезат во Финска“, изјави потполковник Јуко Лукари, заменик командант на граничната стража на југоисточна Финска.
Лукари рече дека луѓето доколку се приближат до границата од руска страна, финските граничари „ќе им го покажат патот“, но доколку се „во особено ранлива позиција“, тие ќе бидат подготвени „да ја извршат својата должност и ќе се погрижат за нивно пренесување на финска страна“. Тој додаде дека финските граничари и нивните колеги од Фронтекс, агенцијата за гранична контрола на ЕУ, веќе се „фокусирани на важни делови од границата“. Лукари посочи дека во случај на обид за пробивање на границата, безбедносните сили ќе ги преземат сите неопходни мерки за „да ја задржат ситуацијата под контрола, да ги насочат луѓето и да спречат насилни дејствија“. На 18 ноември, Финска затвори четири гранични премини на својата источна граница со Русија. Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен изјави дека одлуката ќе остане на сила до 18 февруари следната година. Портпаролот на финската гранична стража Мати Сарасма прецизираше дека железничкиот сообраќај меѓу Финска и Русија нема да биде во прекин.  

The post Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени appeared first on Република.

]]>
Генерално лоша е состојбата во сите затвори, во казнено и воспитно-поправните установи, а посебно во „Идризово“, вели Зибери https://republika.mk/vesti/makedonija/generalno-losha-e-sostojbata-vo-site-zatvori-vo-kazneno-i-vospitno-popravnite-ustanovi-a-posebno-vo-idrizovo-veli-ziberi/ Wed, 01 Nov 2023 21:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=697236

-Постојат правила во кои простори може да се движат затвореници. Иако дел од Идризово има третман на полуотворен затвор, сепак и во тој дел, според Законот за извршување на санкции и според правилникот за куќниот ред на затворот, строго се определни патеките по кои може да се движат затворениците. Во делот на видео надзорот, затвореникот не може да има пристап во никој случај, истакна Насер Зибери, народен правобранител, во вечерашното интервју во Топ тема на Телма ТВ.

Прво како местоположба и второ поради фактот што таму се наоѓа просторот во кој се чуваат уредите со кои се вршат видео записи, односно третирање на снимките од видео камерите. Второ, моментот кога затворениците ги фаќаат камерите, ги фаќаат други камери како се качуваат и го пренасочуваат, се случува на почеток на акцијата. Сите тие настани и фактот дека затвореник може да има пристап до просторија во која се чуваат тие уреди, ги компромитира видео записите и со доза на резерва можеме да ги сметаме како валидни докази за прикажување на реалната состојба, а соодветно на тоа и извлекување на соодветни заклучоци за акцијата и евентуалните пречекорувања во овластувањата на припадниците на МВР, изјави Зибери.

Тоа, како што нагласи, говори за генерално лошата состојба во која се наоѓа целиот затворски систем – сите затвори, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, со посебен акцент на состојбата, вели Зибери, во која се наоѓа затворот „Идризово“.

Кога такви немили сцени и настани може да ни се случуваат, каде што 80 затвореници побарале медицинска помош, а според МВР имало повредени и негови припадници, е секако аларм за тоа што ни се случува во затворите. Но, и претпазливост што се случува во другите делови, посебно во затворениот дел во кој се сместени лица на издржување на подолги затворски казни за потешки кривични дела. Да не збориме за деветтото крило во кое се сместени лицата кои се осудени на доживотен затвор“, посочи Зибери.

Последната случка, според него, не е случајна.

Нашите укажувања за состојбата во затворот „Идризово“ и во останатите установи во кои се задржуваат лица кои се огрешиле пред законот, ни се потврдуваат низ пракса. И не случајно, владата пред три месеци беше принудена да прогласи кризна состојба во „Идризово“ која треба да заврши за три-четири дена и по третпат ќе треба да се продолжи.

The post Генерално лоша е состојбата во сите затвори, во казнено и воспитно-поправните установи, а посебно во „Идризово“, вели Зибери appeared first on Република.

Британците порано ги ослободуваат странските осуденици поради пренатрупаност во затворите https://republika.mk/vesti/svet/britantsite-porano-gi-osloboduvaat-stranskite-osudenitsi-poradi-prenatrupanost-vo-zatvorite/ Tue, 17 Oct 2023 08:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=691942

Поголем број странци кои издржуваат казна во британските затвори ќе бидат ослободени и до една година пред истекот на казната поради решавање на проблемот со пренатрупаноста на затворите, пренесоа британските медиуми.

Британскиот министер за правда Алекс Чалк се очекува да ја потврди оваа мерка, која на британската влада може да и заштеди 70.000 фунти по затвореник, пренесува Sky News.

Тој изјави дека голем број странци, кои ја отслужуваат казната во британските затвори, ќе бидат депортирани во матичните земји.

Минатата недела, на судиите им беше наложено да одобрат кауција за осудените криминалци, што ја зголеми загриженоста дека некои од најлошите престапници можеби нема да бидат испратени во затвор, туку да останат на слобода со кауција.

Министерството за правда на Велика Британија објави дека до март оваа година, повеќе од 3.100 странски криминалци веќе биле ослободени на предвремено ослободување, но 10.500 се уште се во затворите во Англија и Велс.

Официјалните лица, исто така, размислуваат што друго може да се направи за да се овозможи побрзо ослободување на странските криминалци осудени за помали кривични дела, но со воведување на нови забрани за повторно влегување во ОК.

Последните официјални податоци покажуваат дека во затворите во Англија и Велс има 88.225 лица кои издржуваат казна, пишуваат тамошните медиуми.

The post Британците порано ги ослободуваат странските осуденици поради пренатрупаност во затворите appeared first on Република.

]]>

Поголем број странци кои издржуваат казна во британските затвори ќе бидат ослободени и до една година пред истекот на казната поради решавање на проблемот со пренатрупаноста на затворите, пренесоа британските медиуми. Британскиот министер за правда Алекс Чалк се очекува да ја потврди оваа мерка, која на британската влада може да и заштеди 70.000 фунти по затвореник, пренесува Sky News. Тој изјави дека голем број странци, кои ја отслужуваат казната во британските затвори, ќе бидат депортирани во матичните земји. Минатата недела, на судиите им беше наложено да одобрат кауција за осудените криминалци, што ја зголеми загриженоста дека некои од најлошите престапници можеби нема да бидат испратени во затвор, туку да останат на слобода со кауција. Министерството за правда на Велика Британија објави дека до март оваа година, повеќе од 3.100 странски криминалци веќе биле ослободени на предвремено ослободување, но 10.500 се уште се во затворите во Англија и Велс. Официјалните лица, исто така, размислуваат што друго може да се направи за да се овозможи побрзо ослободување на странските криминалци осудени за помали кривични дела, но со воведување на нови забрани за повторно влегување во ОК. Последните официјални податоци покажуваат дека во затворите во Англија и Велс има 88.225 лица кои издржуваат казна, пишуваат тамошните медиуми.

The post Британците порано ги ослободуваат странските осуденици поради пренатрупаност во затворите appeared first on Република.

]]>
Притворените Хрвати за убиството на навивачот ги распоредуваат низ грчките затвори каде што нема многу Срби https://republika.mk/vesti/balkan/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-gi-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-shto-nema-mnogu-srbi/ Tue, 15 Aug 2023 07:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=672186

Во Грција почнаа трансферите на притворените хрватските хулигани осомничени за крвавите инциденти во Нова Филаделфија, кога беше убиен 29-годишниот навивач на грчки АЕК, Михалис Кацурис.

Вчера утро беа префрлени околу 70 притвореници од вкупно 105, а трансферот на останатите продолжува. Станува збор за голем број лица кои треба да бидат внимателно распоредени во притворските одделенија низ Грција. Трансферите на останатите ќе продолжат во среда и четврток.

Поточно, 8 се веќе во затворите Коридалос, 12 требаше да бидат испратени во затворите во Авлона, а останатите ќе бидат распределени во Трикала, Лариса, Волос, Нигрита, Комотини, Маландрино, Амфиса, Домокос, Ханија, Хиос, Гревена, Нафплио, Кос и Солунските затвори, во зависност од капацитетот на секој затвор.

Загриженоста на грчките власти е во правец на тоа дали ќе има доволно обезбедување за затворениците, поради што Генералниот секретаријат за антикриминална политика стапи во контакт со управите на сите притвори кои презедоа мерки за безбедно задржување на притворените лица.

„Главоболката“ на казнено-поправните установи е во затворите каде има многу Срби, кои имаат омраза кон хрватските хулигани, но и за физичкиот интегритет на Грците и другите затвореници, па се дадени наредби и се внимаваше таму тие да немаат контакти коишто би можеле да доведат до судири. Изготвени се и планови за зголемени мерки и надзор во сите затвори, како и подготвеност од локалните полициски власти за брза интервенција доколку е потребно, пишува Прототема.

Онаму каде што е можно притворениците да се чуваат во посебни одделенија, тоа ќе се направи. Па така 8-те кои беа префрлени во Коридалос се чуваат во специјалното одделение, за да немаат контакт со други затвореници.

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, излезе со нови провокативни изјави и се обидува да интервенира во грчкиот правосуден систем во врска со хрватските хулигани на кои им е одреден притвор за убиството на Михалис Кацурис, пишуваат грчките весници.

Хрватскиот претседател тврди дека грчките власти ги третираат навивачите на Динамо Загреб како да се воени заробеници и дека таквиот став нема никаква врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права.

Законот не се почитува. Тие ги третираат овие луѓе како воени затвореници. Да бев премиер, ќе размислев што можам да направам. Не е едноставно. Изгледа како воена зона. Тие се третирани како заробена воена единица. Можам да ги наведам причините, зошто тоа се случи и зошто конкретно во Грција и што Грција може да добие од УЕФА и зошто е важно да ја пренесат одговорноста на 100-те Хрвати. Колку Грци се уапсени?, прашува Милановиќ.

Имавте пет дена да ги пронајдете штетниците од група луѓе и сите ги уапсивте, ги расфрлате низ цела Грција, за да бидат удирани и малтретирани. Совршено, ова е Европската Унија, додаде хрватскиот претседател.

Не можете да држите 100 луѓе во затвор пет дена. Овие пет дена ви даваат можност да дознаете што се случило, а освен тоа тие се луѓе и нашите граѓани имаат човекови права. Но, хрватските навивачи во Грција ги третираат како штетници. Тоа нема никаква врска со демократијата и почитувањето на човековите права. Ако ова е Европската унија денес, подобро да ја нема, остро реагираше Милановиќ.

The post Притворените Хрвати за убиството на навивачот ги распоредуваат низ грчките затвори каде што нема многу Срби appeared first on Република.

]]>

Во Грција почнаа трансферите на притворените хрватските хулигани осомничени за крвавите инциденти во Нова Филаделфија, кога беше убиен 29-годишниот навивач на грчки АЕК, Михалис Кацурис. Вчера утро беа префрлени околу 70 притвореници од вкупно 105, а трансферот на останатите продолжува. Станува збор за голем број лица кои треба да бидат внимателно распоредени во притворските одделенија низ Грција. Трансферите на останатите ќе продолжат во среда и четврток. Поточно, 8 се веќе во затворите Коридалос, 12 требаше да бидат испратени во затворите во Авлона, а останатите ќе бидат распределени во Трикала, Лариса, Волос, Нигрита, Комотини, Маландрино, Амфиса, Домокос, Ханија, Хиос, Гревена, Нафплио, Кос и Солунските затвори, во зависност од капацитетот на секој затвор. Загриженоста на грчките власти е во правец на тоа дали ќе има доволно обезбедување за затворениците, поради што Генералниот секретаријат за антикриминална политика стапи во контакт со управите на сите притвори кои презедоа мерки за безбедно задржување на притворените лица. „Главоболката“ на казнено-поправните установи е во затворите каде има многу Срби, кои имаат омраза кон хрватските хулигани, но и за физичкиот интегритет на Грците и другите затвореници, па се дадени наредби и се внимаваше таму тие да немаат контакти коишто би можеле да доведат до судири. Изготвени се и планови за зголемени мерки и надзор во сите затвори, како и подготвеност од локалните полициски власти за брза интервенција доколку е потребно, пишува Прототема. Онаму каде што е можно притворениците да се чуваат во посебни одделенија, тоа ќе се направи. Па така 8-те кои беа префрлени во Коридалос се чуваат во специјалното одделение, за да немаат контакт со други затвореници. Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, излезе со нови провокативни изјави и се обидува да интервенира во грчкиот правосуден систем во врска со хрватските хулигани на кои им е одреден притвор за убиството на Михалис Кацурис, пишуваат грчките весници. Хрватскиот претседател тврди дека грчките власти ги третираат навивачите на Динамо Загреб како да се воени заробеници и дека таквиот став нема никаква врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права. Законот не се почитува. Тие ги третираат овие луѓе како воени затвореници. Да бев премиер, ќе размислев што можам да направам. Не е едноставно. Изгледа како воена зона. Тие се третирани како заробена воена единица. Можам да ги наведам причините, зошто тоа се случи и зошто конкретно во Грција и што Грција може да добие од УЕФА и зошто е важно да ја пренесат одговорноста на 100-те Хрвати. Колку Грци се уапсени?, прашува Милановиќ. Имавте пет дена да ги пронајдете штетниците од група луѓе и сите ги уапсивте, ги расфрлате низ цела Грција, за да бидат удирани и малтретирани. Совршено, ова е Европската Унија, додаде хрватскиот претседател. Не можете да држите 100 луѓе во затвор пет дена. Овие пет дена ви даваат можност да дознаете што се случило, а освен тоа тие се луѓе и нашите граѓани имаат човекови права. Но, хрватските навивачи во Грција ги третираат како штетници. Тоа нема никаква врска со демократијата и почитувањето на човековите права. Ако ова е Европската унија денес, подобро да ја нема, остро реагираше Милановиќ.

The post Притворените Хрвати за убиството на навивачот ги распоредуваат низ грчките затвори каде што нема многу Срби appeared first on Република.

]]>
Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/fakultetite-sudovite-i-zatvorite-poradi-dolgovi-mozat-da-ostanat-bez-struja/ Sun, 04 Dec 2022 19:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=581782

Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја, објави ТВ Телма.

ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија.

Како што пишува Телма министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак.

Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја.Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.За само три дена за нешто над 10.000 мегават часови ќе се потрошат над 4 милиони евра.

The post Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја appeared first on Република.

]]>

Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја, објави ТВ Телма. ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија. Како што пишува Телма министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак. Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја.Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.За само три дена за нешто над 10.000 мегават часови ќе се потрошат над 4 милиони евра.  

The post Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја appeared first on Република.

]]>
Камбовски: Затворите се претворени во училишта за криминал https://republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-zatvorite-se-pretvoreni-vo-uchilishta-za-kriminal/ Wed, 29 Jun 2022 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=521044

Затворите се претворени во училишта за криминал и места каде се прават недозволени дејствија, а не во институции каде осудените лица ќе се ресоцијализираат и ќе се спречува криминалот, истакна академик Владо Камбовски.

Во рамките на седмата сесија на Охридската школа на природното право што се одржува во Охрид на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ нагласи дека затворите се едни од клучните институции на правдата, кои се запоставени кај нас. Покрај институционални промени во однос на извршувањето на санкциите, смета дека треба да дојде и до промена на односот на судиите, односно судовите, на кој начин се извршуваат пресудите што тие ги донеле.

Не може судот да ја донесе пресудата и понатаму да не го интересира што се случува во затворот. Постојат посебни судии за извршување на санкциите, кои треба да бидат ставени во мониторинг на целиот процес на извршување на казната. Не може судијата или судот да биде незаинтересиран што ќе биде со осудениот во затвор, па и после излегувањето, рече Камбовски.

Министерот за правда Никола Тупанчевски го дели ставот дека треба да се направи нешто во однос на забелешките за состојбата во македонските затвори.

Треба нешто конкретно да се направи во однос на повеќе димензионалните забелешки кога се однесува на затворската популација и на затворите генереално во однос на здравствената заштита, подобрување на условите на осудените лица, итн. Дефинитивно ние покажавме и како држава пред извесен период дека сме решително подготвени состојбите да ги менуваме и тоа радикално, подвлече Тупанчевски.

The post Камбовски: Затворите се претворени во училишта за криминал appeared first on Република.

]]>

Затворите се претворени во училишта за криминал и места каде се прават недозволени дејствија, а не во институции каде осудените лица ќе се ресоцијализираат и ќе се спречува криминалот, истакна академик Владо Камбовски. Во рамките на седмата сесија на Охридската школа на природното право што се одржува во Охрид на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ нагласи дека затворите се едни од клучните институции на правдата, кои се запоставени кај нас. Покрај институционални промени во однос на извршувањето на санкциите, смета дека треба да дојде и до промена на односот на судиите, односно судовите, на кој начин се извршуваат пресудите што тие ги донеле.