затворени улици Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvoreni-ulici/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 07:22:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворени улици Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvoreni-ulici/ 32 32 Променет сообраќаен режим во Струга за отворањето на „Струшки вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/promenet-soobrakaen-rezhim-vo-struga-za-otvoraneto-na-strushki-vecheri-na-poezijata/ Tue, 20 Aug 2024 07:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=808115

Согласно законската обврска, ве известуваме дека поради подготвителни работи во врска со сценографијата и протоколот нa НУМ „Струшки вечери на поезијата“:

1.На 22.08. 2024 година во 15 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

2.На 24.8. 2024 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Свеченото затворање е предвидено за 25.8.2024 година со почеток во 20:30 часот.

За овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.

The post Променет сообраќаен режим во Струга за отворањето на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Согласно законската обврска, ве известуваме дека поради подготвителни работи во врска со сценографијата и протоколот нa НУМ „Струшки вечери на поезијата“: 1.На 22.08. 2024 година во 15 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. 2.На 24.8. 2024 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Свеченото затворање е предвидено за 25.8.2024 година со почеток во 20:30 часот. За овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.

The post Променет сообраќаен режим во Струга за отворањето на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Отежнато движење во Центар и Карпош за време на состанокот на ОБСЕ, еве кои улици ќе бидат затворени https://republika.mk/vesti/skopje/otezhnato-dvizhene-vo-tsentar-i-karposh-za-vreme-na-sostanokot-na-obse-eve-koi-ulitsi-ke-bidat-zatvoreni-2/ Mon, 27 Nov 2023 09:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=716590

На 29 ноември, согласно владината одлука државата администрација во Скопје, ќе работи со скратено работно време до 12 часот, а на 30 ноември ќе биде неработен ден поради одржувањето на Министерскиот состанок на ОБСЕ.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување на МРТ говореше за логистиката и безбедноста на делегациите која мора да биде на високо ниво, а воедно и гарантирањето на нормалното функционирање на државата во овој период.

Граѓаните секако ќе имаат можност да се движат. Секако дека ќе има отежнато движење, посебно во Центар и во Карпош, таму каде што ќе се одржува целиот настан. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се предвидува улиците по коишто ќе се движат делегациите, пред се улицата „Илинденска“ на потегот од Владата до Сити мол, како и „8ми Септември“ на потегот од Хубо маркет па се до „Партизански одреди“, но во зависност од потребите можат да се затворат и други улици во одредени интервали. Апелираме до граѓаните пред се на трпение и секако, да ги почитуваат наредбите коишто ќе ги издаваат службените лица, заради тоа што е добро за сите нас и е добро за безбедно одвивање на целиот овој настан. Нема да има целосно затворање за да не може да се движат граѓаните, туку во одредени интервали и покрај отежнатото движење ќе можат да си ги завршуваат и своите обврски, објаснува министерот Спасовски.

На прашање колку МВР е подготвено да гарантира дека овој настан ќе помине во беспрекорен ред од безбедносен аспект министерот Спасовски увери дека МВР е максимално подготвено и посветено да ја гарантира безбедноста на сите делегации, а воедно да го гарантира и нормалното функционирање на државата во овој период.

Ова е голем настан, бара многу посветеност, многу ангажман, многу работа, заради тоа што, безбедноста мора да биде на едно многу високо ниво. Настанот ќе се оджи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, се очекува да пристигнат околу 70 делегации на ОБСЕ коишто се предводени на највисоко ниво од министри за надворешни работи и луѓе коишто ќе бидат во тимовите. Некаде вкупно околу 1000 лица, претставници на делегации и партнери од ОБСЕ, од коишто 55 делегации ќе имаме од трет степен на безбедност и неколку делегации на пониско ниво, четврт и пониско ниво на безбедност. Сите активности заедно, нашиот Оддел за заштита на определени личности и објекти со сите други структури на министерството за внатрешни работи, како и со владините институции коишто се вклучени во организацијата, се подготвени да ги пречекаме овие гости и самитот да се одвива на задоволително ниво за сите нас, потенцираше Спасовски.

The post Отежнато движење во Центар и Карпош за време на состанокот на ОБСЕ, еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>

На 29 ноември, согласно владината одлука државата администрација во Скопје, ќе работи со скратено работно време до 12 часот, а на 30 ноември ќе биде неработен ден поради одржувањето на Министерскиот состанок на ОБСЕ. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување на МРТ говореше за логистиката и безбедноста на делегациите која мора да биде на високо ниво, а воедно и гарантирањето на нормалното функционирање на државата во овој период.
Граѓаните секако ќе имаат можност да се движат. Секако дека ќе има отежнато движење, посебно во Центар и во Карпош, таму каде што ќе се одржува целиот настан. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се предвидува улиците по коишто ќе се движат делегациите, пред се улицата „Илинденска“ на потегот од Владата до Сити мол, како и „8ми Септември“ на потегот од Хубо маркет па се до „Партизански одреди“, но во зависност од потребите можат да се затворат и други улици во одредени интервали. Апелираме до граѓаните пред се на трпение и секако, да ги почитуваат наредбите коишто ќе ги издаваат службените лица, заради тоа што е добро за сите нас и е добро за безбедно одвивање на целиот овој настан. Нема да има целосно затворање за да не може да се движат граѓаните, туку во одредени интервали и покрај отежнатото движење ќе можат да си ги завршуваат и своите обврски, објаснува министерот Спасовски.
На прашање колку МВР е подготвено да гарантира дека овој настан ќе помине во беспрекорен ред од безбедносен аспект министерот Спасовски увери дека МВР е максимално подготвено и посветено да ја гарантира безбедноста на сите делегации, а воедно да го гарантира и нормалното функционирање на државата во овој период.
Ова е голем настан, бара многу посветеност, многу ангажман, многу работа, заради тоа што, безбедноста мора да биде на едно многу високо ниво. Настанот ќе се оджи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, се очекува да пристигнат околу 70 делегации на ОБСЕ коишто се предводени на највисоко ниво од министри за надворешни работи и луѓе коишто ќе бидат во тимовите. Некаде вкупно околу 1000 лица, претставници на делегации и партнери од ОБСЕ, од коишто 55 делегации ќе имаме од трет степен на безбедност и неколку делегации на пониско ниво, четврт и пониско ниво на безбедност. Сите активности заедно, нашиот Оддел за заштита на определени личности и објекти со сите други структури на министерството за внатрешни работи, како и со владините институции коишто се вклучени во организацијата, се подготвени да ги пречекаме овие гости и самитот да се одвива на задоволително ниво за сите нас, потенцираше Спасовски.
 
The post Отежнато движење во Центар и Карпош за време на состанокот на ОБСЕ, еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Снимање на спот ќе затвори улици во центарот на Скопје ноќта меѓу недела и понеделник https://republika.mk/zivot/servisi/snimane-na-spot-ke-zatvori-ulitsi-vo-tsentarot-na-skopje-nokta-megu-nedela-i-ponedelnik/ Fri, 25 Aug 2023 15:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=675830

Поради снимање на музички спот полицијата ќе затвори дел од улици во центарот на Скопје ноќта помеѓу недела и понеделник до 6 часот изутрина.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје,  на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги Мелем продукција ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Имено, во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.Илинден, на потегот од крстосница со бул.Св. Климент Охридски до ул.Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“, се вели во соопштението на МВР.

The post Снимање на спот ќе затвори улици во центарот на Скопје ноќта меѓу недела и понеделник appeared first on Република.

]]>

Поради снимање на музички спот полицијата ќе затвори дел од улици во центарот на Скопје ноќта помеѓу недела и понеделник до 6 часот изутрина. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје,  на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги Мелем продукција ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Имено, во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.Илинден, на потегот од крстосница со бул.Св. Климент Охридски до ул.Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“, се вели во соопштението на МВР.  

The post Снимање на спот ќе затвори улици во центарот на Скопје ноќта меѓу недела и понеделник appeared first on Република.

]]>
Сообраќаен хаос утре во Скопје    https://republika.mk/vesti/skopje/soobrakaen-haos-utre-vo-skopje/ Mon, 29 May 2023 17:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=645865

Утре (30.05.2023) со почеток во 08.00 часот, Министерството за внатрешни работи во координација со Амбасадата на САД ќе  спроведе вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“ на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба за сообраќај ќе биде затворен и бул.„Никола Карев“ на потегот од ул.„Македонско- Косовска бригада“ до ул.„8-ми Септември“, како и ул.„Македонско- Косовска бригада“ на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди“ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје.

The post Сообраќаен хаос утре во Скопје    appeared first on Република.