затворен за сообраќај Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvoren-za-soobrakjaj/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 14:54:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворен за сообраќај Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvoren-za-soobrakjaj/ 32 32 Тешка сообраќајка на патот Берово-Струмица, целосен прекин во сообраќајот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-soobrakajka-na-patot-berovo-strumitsa-tselosen-prekin-vo-soobrakajot/ Thu, 20 Jun 2024 14:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=789390

Поради случена сообраќајна незгода, патниот правец Берово – Струмица е затворен за сообраќај во двата правци, информираат од АМСМ.

Како што посочуваат, патот е затворен од 16:20 часот.

The post Тешка сообраќајка на патот Берово-Струмица, целосен прекин во сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Поради случена сообраќајна незгода, патниот правец Берово – Струмица е затворен за сообраќај во двата правци, информираат од АМСМ. Како што посочуваат, патот е затворен од 16:20 часот.

The post Тешка сообраќајка на патот Берово-Струмица, целосен прекин во сообраќајот appeared first on Република.

]]>
Oва е превртениот автомобил кој го затвори патот Штип – Кочани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ova-e-prevrteniot-avtomobil-koj-go-zatvori-patot-shtip-kochani/ Mon, 27 May 2024 06:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=781917

Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Од локалната телевизија ТВ Стар утрово известуваат од местото на несреќата. Станува збор за превртен автомобил „сеат леон“ со кочански регистарски таблички. Во несреќата нема жртви, а возачот на автомобилот се здобил со повреди.

The post Oва е превртениот автомобил кој го затвори патот Штип – Кочани appeared first on Република.

]]>

Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Од локалната телевизија ТВ Стар утрово известуваат од местото на несреќата. Станува збор за превртен автомобил „сеат леон“ со кочански регистарски таблички. Во несреќата нема жртви, а возачот на автомобилот се здобил со повреди.

The post Oва е превртениот автомобил кој го затвори патот Штип – Кочани appeared first on Република.

]]>
Поради оштетувања на мост, затворена една лента на магистралата А3 https://republika.mk/zivot/servisi/poradi-oshtetuvana-na-most-zatvorena-edna-lenta-na-magistralata-a3/ Tue, 23 Jan 2024 07:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=735732

Поради оштетувања на мост, а заради зголемена безбедност во сообраќајот, едната лента од магистралата А3 од патот Делчево - Македонска Каменица кај селоОчипала повторно е затворена, информираат од подружницата на Македонија Пат во Делчево.

Одлуката за повторното затворање на едната лента, како што додаваат, е донесена со решение на Државен инспектор за патишта.

За таа цел упатија известуваање до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница од овој патен правец.

Мостот на магистралата А3 кај село Очипала беше оштетен од поплавите минатото лето. Дел од истиот беше саниран, но поради оштетувањата за целосна санација на истиот ќе биде спроведена сеопфатна анализа за причините за оштетувањето и можните решенија за трајно решавање на овој проблем.

The post Поради оштетувања на мост, затворена една лента на магистралата А3 appeared first on Република.

]]>

Поради оштетувања на мост, а заради зголемена безбедност во сообраќајот, едната лента од магистралата А3 од патот Делчево - Македонска Каменица кај селоОчипала повторно е затворена, информираат од подружницата на Македонија Пат во Делчево. Одлуката за повторното затворање на едната лента, како што додаваат, е донесена со решение на Државен инспектор за патишта. За таа цел упатија известуваање до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница од овој патен правец. Мостот на магистралата А3 кај село Очипала беше оштетен од поплавите минатото лето. Дел од истиот беше саниран, но поради оштетувањата за целосна санација на истиот ќе биде спроведена сеопфатна анализа за причините за оштетувањето и можните решенија за трајно решавање на овој проблем.

The post Поради оштетувања на мост, затворена една лента на магистралата А3 appeared first on Република.

]]>
Опожарениот мост на Вардар целосно затворен за сообраќај https://republika.mk/vesti/skopje/opozhareniot-most-na-vardar-tselosno-zatvoren-za-soobrakaj/ Fri, 12 May 2023 10:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=640087

Градот Скопје по синоќешниот пожар донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт молот, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот и за движење на пешаци се додека не се утврдат точните штети од пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Како што нагласи на денешната прес-конференција, тим формиран од Градот Скопје веќе работи на утврдување на штетите. На местото на настанот излегле и експерти и универзитетски професори од повеќе области кои при првичниот увид не биле сигурни колкава е штетата.

-Мостот ќе остане затворен се додека Градот Скопје не добие информации дека може да биде отворен, но верувам дека ќе биде отворен дури по неговата санација доколку воопшто биде можна. Штетата дополнително ќе биде утврдена, рече Ангелов.

Нагласи дека ќе биде забрането движење на пешаци, велосипеди, скутери и на рекреативци под мостот, односно на деловите од патеките на кејот под мостот заради опасност од паѓање на бетонски парчиња од заштитната бетонска облога на мостот. Кејот ќе може да се користи со заобиколување на мостот и додаде дека има услови за тоа од двете страни на Вардар.

За причините за појава на пожарот на мостот, како што посочи, ќе се произнесе МВР кое во моментов врши увид.

-Верувам дека стручните лица од МВР ќе ги откријат причините кои го предизвикаа пожарот. Едната можност е електричен спој на високонапонските кабли што е многу малку веројатно, а втората е човечки фактор, бидејќи од она што можевме да го видиме е дека има некакви душеци и ќебиња што дека под мостот престојувале луѓе, истакна Ангелов.

Посочи дека синоќа околу полноќ до Центарот за управување со кризи стигнала информација за голем пожар под мостот на реката Вардар помеѓу Железничката станица и Ист гејт.

-Од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш е излезено на терен но пожарникарите не смееја да започнат со интервенција поради немање доволно информации какви инсталации минуваат под мостот. Од страна на ЦУК беше стапено во контакт со сите надлежни институции и откако беше утврдено дека нема опасност по животите на пожарникарите целосно беше исклучена електричната енергија од мостот и се почна со гаснење, рече Ангелов.

Тој посочи дека пожарот беше ставен под контрола околу два часот изутрина, а целосно беше изгаснат во четири часот.

-Температурата која се разви од обвивката на цевководите под мостот според почетните информации можеби надмина 1.000 степени Целзиусови. Од високата температура дојде до пукање на заштитниот бетон со кој е намачкан мостот од долната страна и постои опасност за штета на арматурата на мостот. Дури и утрово асфалтот на мостот беше топол, појасни Ангелов.

The post Опожарениот мост на Вардар целосно затворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје по синоќешниот пожар донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт молот, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот и за движење на пешаци се додека не се утврдат точните штети од пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Како што нагласи на денешната прес-конференција, тим формиран од Градот Скопје веќе работи на утврдување на штетите. На местото на настанот излегле и експерти и универзитетски професори од повеќе области кои при првичниот увид не биле сигурни колкава е штетата. -Мостот ќе остане затворен се додека Градот Скопје не добие информации дека може да биде отворен, но верувам дека ќе биде отворен дури по неговата санација доколку воопшто биде можна. Штетата дополнително ќе биде утврдена, рече Ангелов. Нагласи дека ќе биде забрането движење на пешаци, велосипеди, скутери и на рекреативци под мостот, односно на деловите од патеките на кејот под мостот заради опасност од паѓање на бетонски парчиња од заштитната бетонска облога на мостот. Кејот ќе може да се користи со заобиколување на мостот и додаде дека има услови за тоа од двете страни на Вардар. За причините за појава на пожарот на мостот, како што посочи, ќе се произнесе МВР кое во моментов врши увид. -Верувам дека стручните лица од МВР ќе ги откријат причините кои го предизвикаа пожарот. Едната можност е електричен спој на високонапонските кабли што е многу малку веројатно, а втората е човечки фактор, бидејќи од она што можевме да го видиме е дека има некакви душеци и ќебиња што дека под мостот престојувале луѓе, истакна Ангелов. Посочи дека синоќа околу полноќ до Центарот за управување со кризи стигнала информација за голем пожар под мостот на реката Вардар помеѓу Железничката станица и Ист гејт. -Од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш е излезено на терен но пожарникарите не смееја да започнат со интервенција поради немање доволно информации какви инсталации минуваат под мостот. Од страна на ЦУК беше стапено во контакт со сите надлежни институции и откако беше утврдено дека нема опасност по животите на пожарникарите целосно беше исклучена електричната енергија од мостот и се почна со гаснење, рече Ангелов. Тој посочи дека пожарот беше ставен под контрола околу два часот изутрина, а целосно беше изгаснат во четири часот. -Температурата која се разви од обвивката на цевководите под мостот според почетните информации можеби надмина 1.000 степени Целзиусови. Од високата температура дојде до пукање на заштитниот бетон со кој е намачкан мостот од долната страна и постои опасност за штета на арматурата на мостот. Дури и утрово асфалтот на мостот беше топол, појасни Ангелов.

The post Опожарениот мост на Вардар целосно затворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>