заштитни маски Archives - Република https://republika.mk/tema/zashtitni-maski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 16:55:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заштитни маски Archives - Република https://republika.mk/tema/zashtitni-maski/ 32 32 Во САД нововедени наредби за носење маски поради зачестени случаи на Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/vo-sad-novovedeni-naredbi-za-nosene-maski-poradi-zachesteni-sluchai-na-kovid-19/ Fri, 08 Sep 2023 16:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=680026

Во САД, со почетокот на школската година започна и сезоната на грип и други респираторни вируси, но и зачестени случаи на варјантата на коронавирус BA.2.86.

И додека бројот на тешките Ковид заболувања е мал, во земјата се регистрира бран на коронавирусни инфекции од оваа варијанта. Вирусот започна да се шири при крајот на август, што коинцидира со крајот на летниот распуст.

Поради ова, во повеќе училишта во САД се воведе здолжително носење маски. Иако наредбата е привремена, тоа предизвика дискусии и контраверзи кај родителите и конзервативно настроените гласачи.

Така на пример, режим на маски за следните неколку денови е воведен од директор на основно училиште во Мериленд, каде неколку ученици имале позитивен тест за коронавирус.

Дел од американските медиуми одлуката ја окарактеризраа како „контраверзна“. Слична наредба имало и во уште едно училиште во Алабама - од крајот на август маски мора да носат сите, учениците, вработените и посетителите. Гувернерот на Њујорк пак најави план за дистрибуција на N95 иKN95 маски оваа есен, иако државата не бара нивно обврзно носење.

Ова предизвика реакција кај републиканците. Група републикански сенатори објавија нацрт закон за забрана на федерални мандати за носење маски за време на авионски патувања, во јавниот превоз и во државните училишта, до крајот на 2024 година.

-Ако сакаш по твоја волја да носиш маска, одлично, но остави ги нашите деца на мира, изјави сенаторот Тед Круз во одговор на одлуката на училиштето во Силвер Спрингс, Мерлинед.

За ова, родителите започнаа кавги и на социјалните мрежи со по некоја закана, па школото мораше да воведе поостри мерки за безбедност.

Поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, која е кандидат за претседател од републиканците, во интервју за Фокс њуз неделава изјави дека наредбите за носење маски се напад на правата на родителите. Поранешниот претседател, Доналд Трамп, претходно порача дека ако биде реизбран, „ќе го употребам целиот мој авторитет да се запре федералното финансирање за секое школо“ кое ќе воведе правила за маски.

На 12 септември состанок има клучен федерален панел од специјалисти за да дискутира за засилувачка коронавирус вакцина што ќе цели на XBB варијантите. Се очекува таа биде пуштена во промет до крајот на овој месец.

The post Во САД нововедени наредби за носење маски поради зачестени случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Во САД, со почетокот на школската година започна и сезоната на грип и други респираторни вируси, но и зачестени случаи на варјантата на коронавирус BA.2.86. И додека бројот на тешките Ковид заболувања е мал, во земјата се регистрира бран на коронавирусни инфекции од оваа варијанта. Вирусот започна да се шири при крајот на август, што коинцидира со крајот на летниот распуст. Поради ова, во повеќе училишта во САД се воведе здолжително носење маски. Иако наредбата е привремена, тоа предизвика дискусии и контраверзи кај родителите и конзервативно настроените гласачи. Така на пример, режим на маски за следните неколку денови е воведен од директор на основно училиште во Мериленд, каде неколку ученици имале позитивен тест за коронавирус. Дел од американските медиуми одлуката ја окарактеризраа како „контраверзна“. Слична наредба имало и во уште едно училиште во Алабама - од крајот на август маски мора да носат сите, учениците, вработените и посетителите. Гувернерот на Њујорк пак најави план за дистрибуција на N95 иKN95 маски оваа есен, иако државата не бара нивно обврзно носење. Ова предизвика реакција кај републиканците. Група републикански сенатори објавија нацрт закон за забрана на федерални мандати за носење маски за време на авионски патувања, во јавниот превоз и во државните училишта, до крајот на 2024 година.
-Ако сакаш по твоја волја да носиш маска, одлично, но остави ги нашите деца на мира, изјави сенаторот Тед Круз во одговор на одлуката на училиштето во Силвер Спрингс, Мерлинед.
За ова, родителите започнаа кавги и на социјалните мрежи со по некоја закана, па школото мораше да воведе поостри мерки за безбедност. Поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, која е кандидат за претседател од републиканците, во интервју за Фокс њуз неделава изјави дека наредбите за носење маски се напад на правата на родителите. Поранешниот претседател, Доналд Трамп, претходно порача дека ако биде реизбран, „ќе го употребам целиот мој авторитет да се запре федералното финансирање за секое школо“ кое ќе воведе правила за маски. На 12 септември состанок има клучен федерален панел од специјалисти за да дискутира за засилувачка коронавирус вакцина што ќе цели на XBB варијантите. Се очекува таа биде пуштена во промет до крајот на овој месец.

The post Во САД нововедени наредби за носење маски поради зачестени случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на заразени со ковид-19, па затоа се враќаат заштитните маски на Џиро д’Италија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/raste-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19-pa-zatoa-se-vrakaat-zashtitnite-maski-na-dhiro-d-italija/ Tue, 16 May 2023 15:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=641462

Поради раст на бројот заразени со коронавирусот организаторите на велосипедската трка Џиро д’Италија одлучија да ги заострат правилата за време на тестирањата, вклучувајќи и задолжително носење заштитни маски.

Досега шест велосипедисти пред време ја напуштија трката поради позитивен тест на Ковид-19. Меѓу нив беше и Белгиецот Ремко Евенепол, кој беше во водството по првите девет етапи на Џиро д’Италија.

Прерано се опуштивме, рече директорот на трката Мауро Вењи во изјава за италијанските медиуми.

„Оваа недела враќаме некои од ограничувањата кои беа укинати, како обврската за носење маски на местата каде доаѓате во контакт со возачите. Дали ова требаше да го воведеме порано? Веројатно да“, додаде првиот човек на Џиро д’Италија.

The post Расте бројот на заразени со ковид-19, па затоа се враќаат заштитните маски на Џиро д’Италија appeared first on Република.

]]>

Поради раст на бројот заразени со коронавирусот организаторите на велосипедската трка Џиро д’Италија одлучија да ги заострат правилата за време на тестирањата, вклучувајќи и задолжително носење заштитни маски. Досега шест велосипедисти пред време ја напуштија трката поради позитивен тест на Ковид-19. Меѓу нив беше и Белгиецот Ремко Евенепол, кој беше во водството по првите девет етапи на Џиро д’Италија.
Прерано се опуштивме, рече директорот на трката Мауро Вењи во изјава за италијанските медиуми. „Оваа недела враќаме некои од ограничувањата кои беа укинати, како обврската за носење маски на местата каде доаѓате во контакт со возачите. Дали ова требаше да го воведеме порано? Веројатно да“, додаде првиот човек на Џиро д’Италија.

The post Расте бројот на заразени со ковид-19, па затоа се враќаат заштитните маски на Џиро д’Италија appeared first on Република.

]]>
Нема нови антиковид мерки, се препорачуваат повеќе тестови https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-novi-antikovid-merki-se-preporachuvaat-povekje-testovi/ Fri, 15 Jul 2022 18:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=529534

Во земјава има зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19, кое изнесува 79.9 отсто. Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19 и не се препорачани дополнителни рестриктивни мерки.

Ова е констатирано на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, која ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата.

Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19. Утврдено е дека Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто, стои во соопштението од Министерството за здравство.

На состанокот било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19. Притоа Комисијата, како што се наведува, препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно.

Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

The post Нема нови антиковид мерки, се препорачуваат повеќе тестови appeared first on Република.

]]>

Во земјава има зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19, кое изнесува 79.9 отсто. Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19 и не се препорачани дополнителни рестриктивни мерки. Ова е констатирано на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, која ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата.
Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19. Утврдено е дека Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто, стои во соопштението од Министерството за здравство.
На состанокот било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19. Притоа Комисијата, како што се наведува, препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно. Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

The post Нема нови антиковид мерки, се препорачуваат повеќе тестови appeared first on Република.

]]>
Франција ги повикува граѓаните повторно да носат заштитни маски во јавниот превоз https://republika.mk/vesti/svet/francija-gi-povikuva-gragjanite-povtorno-da-nosat-zashtitni-maski-vo-javniot-prevoz/ Tue, 28 Jun 2022 06:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=520554

Французите би требало повторно да почнат да носат маски на преполни места, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид-19, изјави синоќа министерката за здравство Брижит Боругињон.

Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз, рече таа за Ер-Те-Ел, додавајќи дека тоа е „граѓанска должност“.

Не дека само го препорачувам, ве молам да го направите тоа, додавајќи дека маските треба повторно да се носат на други затворени простори, како што се работни места и продавници.

Франција регистрира 17.601 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем број од 18 април.

Пред пет дена, лидерот на кампањата за вакцинација Ален Фишер потврди дека новиот бран на Ковид-19 ја пустоши земјата, поттикнат од појавата на нови варијанти на вирусот, како и насекаде во Европа, додавајќи дека тој лично се залага за повторно воведување на задолжително носење маски во јавниот превоз.

Новите случаи на инфекција во Франција растат бавно, но сигурно од крајот на мај и до седумдневен дневен просек се зголеми за повеќе од четирипати, од 17.705 случаи на 27 мај на 71.018 вчера.

The post Франција ги повикува граѓаните повторно да носат заштитни маски во јавниот превоз appeared first on Република.

]]>

Французите би требало повторно да почнат да носат маски на преполни места, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид-19, изјави синоќа министерката за здравство Брижит Боругињон. Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз, рече таа за Ер-Те-Ел, додавајќи дека тоа е „граѓанска должност“. Не дека само го препорачувам, ве молам да го направите тоа, додавајќи дека маските треба повторно да се носат на други затворени простори, како што се работни места и продавници. Франција регистрира 17.601 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем број од 18 април. Пред пет дена, лидерот на кампањата за вакцинација Ален Фишер потврди дека новиот бран на Ковид-19 ја пустоши земјата, поттикнат од појавата на нови варијанти на вирусот, како и насекаде во Европа, додавајќи дека тој лично се залага за повторно воведување на задолжително носење маски во јавниот превоз. Новите случаи на инфекција во Франција растат бавно, но сигурно од крајот на мај и до седумдневен дневен просек се зголеми за повеќе од четирипати, од 17.705 случаи на 27 мај на 71.018 вчера.

The post Франција ги повикува граѓаните повторно да носат заштитни маски во јавниот превоз appeared first on Република.

]]>