Во земјава има зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19, кое изнесува 79.9 отсто. Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19 и не се препорачани дополнителни рестриктивни мерки.

Ова е констатирано на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, која ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата.

Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19. Утврдено е дека Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто, стои во соопштението од Министерството за здравство.

На состанокот било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19. Притоа Комисијата, како што се наведува, препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно.

Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.