запленета дрога Archives - Република https://republika.mk/tema/zapleneta-droga/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Aug 2023 07:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запленета дрога Archives - Република https://republika.mk/tema/zapleneta-droga/ 32 32 Од дилер од Сопиште запленета марихуана вредна 20.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-diler-od-sopishte-zapleneta-marihuana-vredna-20-000-evra/ Thu, 31 Aug 2023 07:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=677474

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.

При претресот, како што известува денеска МВР, пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра.

Лицето е лишено од слобода и задржан во полициска станица каде по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

The post Од дилер од Сопиште запленета марихуана вредна 20.000 евра appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот, како што известува денеска МВР, пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Лицето е лишено од слобода и задржан во полициска станица каде по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

The post Од дилер од Сопиште запленета марихуана вредна 20.000 евра appeared first on Република.

]]>
Запленета дрога со вкупна вредност од 200.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneta-droga-so-vkupna-vrednost-od-200-000-evra/ Fri, 11 Aug 2023 10:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=671085

Министерството за внатрешни работи информира за заедничка акција со грчката полиција синоќа, во која бил спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница, со вкупна вредност од 200.000 евра. Најдени се околу 40 килограми марихуана во две торби и приведени двајца државјани на Албанија.

МВР денеска соопшти дека граничната полиција од Регионалниот центар Југ вчера во 23.30 часот во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција,  забележала две лица кои од територија на Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија.

[caption id="" align="alignnone" width="1600"] (фото: МВР)[/caption]

Поради сомнеж дека во торбите се пренесува марихуана, Регионалниот центар Југ во координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, ја известиле Службата за дрога со седиште во Килкиз и грчката гранична полиција и со заеднички и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кратко време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана.

Малку подоцна, соопшти МВР, од слобода биле лишени В.Х.(36) и Е.Џ.(52), двајцата државјани на Република Албанија. Грчката полиција ги задржала за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ова е втора ваква заедничка акција од почетокот на август помеѓу двете полиции, при што и во првата беше спречен транспорт на 40 килограми марихуана, како резултат на разменети информации помеѓу Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар Југ и Службата за борба против дрога од градот Килкиз, информира МВР.

[caption id="" align="alignnone" width="1600"] (фото: МВР)[/caption]

Во првата акција, на територија на Грција, лишен од слобода е грчкиот државјанин Ј.С., кај кого била пронајдена марихуаната.

МВР нагласува дека брзите и успешно реализирани акции за спречување меѓународен транспорт на дрога се резултат на добрата соработка меѓу службите за борба против дрога и граничната полиција од двете земји и дека таа ќе продолжи и во иднина за да се спречи секаков вид прекуграничен криминал.

The post Запленета дрога со вкупна вредност од 200.000 евра appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира за заедничка акција со грчката полиција синоќа, во која бил спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница, со вкупна вредност од 200.000 евра. Најдени се околу 40 килограми марихуана во две торби и приведени двајца државјани на Албанија. МВР денеска соопшти дека граничната полиција од Регионалниот центар Југ вчера во 23.30 часот во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција,  забележала две лица кои од територија на Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија. [caption id="" align="alignnone" width="1600"] (фото: МВР)[/caption] Поради сомнеж дека во торбите се пренесува марихуана, Регионалниот центар Југ во координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, ја известиле Службата за дрога со седиште во Килкиз и грчката гранична полиција и со заеднички и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кратко време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана. Малку подоцна, соопшти МВР, од слобода биле лишени В.Х.(36) и Е.Џ.(52), двајцата државјани на Република Албанија. Грчката полиција ги задржала за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ова е втора ваква заедничка акција од почетокот на август помеѓу двете полиции, при што и во првата беше спречен транспорт на 40 килограми марихуана, како резултат на разменети информации помеѓу Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар Југ и Службата за борба против дрога од градот Килкиз, информира МВР.
[caption id="" align="alignnone" width="1600"] (фото: МВР)[/caption] Во првата акција, на територија на Грција, лишен од слобода е грчкиот државјанин Ј.С., кај кого била пронајдена марихуаната. МВР нагласува дека брзите и успешно реализирани акции за спречување меѓународен транспорт на дрога се резултат на добрата соработка меѓу службите за борба против дрога и граничната полиција од двете земји и дека таа ќе продолжи и во иднина за да се спречи секаков вид прекуграничен криминал.

The post Запленета дрога со вкупна вредност од 200.000 евра appeared first on Република.

]]>
Кај гевгелиски дилер фатени 15кг марихуана https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-gevgeliski-diler-fateni-15kg-marihuana/ Mon, 24 Apr 2023 19:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=633714

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија вчера го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско.

При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 килограми марихуана, соопштија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

The post Кај гевгелиски дилер фатени 15кг марихуана appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија вчера го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско. При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 килограми марихуана, соопштија од МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

The post Кај гевгелиски дилер фатени 15кг марихуана appeared first on Република.

]]>
Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneta-droga-vredna-polovina-milion-evra-otkriena-laboratorija-za-proizvodstvo-na-amfetamin-vo-skopje/ Fri, 17 Mar 2023 14:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=620760

Вчера (16.03.2023) во Скопје од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишeни се од слобода пет лица, и тоа Д.Т.(25), Е.М.(35), Ж.П(46), С.Ч.З. ( 38), Б.Ф (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и при тоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од околу половина милион евра, доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, автоматска пушка „калашников“, 667 куршуми различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина на течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила.

Претходно, во текот на месеците јануари, февруари и март 2023 година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скопје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица улични дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје при што веќе беа лишени од слобода три лица Д.Т ( 33) , Д.М ( 37) и Ј. С ( 41) сите од Скопје кои набавувале синтетички дроги и кои се веќе кривично процесуирани.

Приведените лица подолго време биле инволвирани во улична продажба на синтетичка дрога амфетамин на подрачјето на Скопје за што изнајмиле повеќе станови во центарот на Скопје, како и во населбата Ѓорче Петров, кои ги користеле како депо за чување, производство и пакување на синтетички дроги и во нив преземале мерки на заштита со инсталирање на видео надзори. Дрогата ја продавале по 2000 денари за грам амфетамин, 3000 денари за грам кокаин, 600 денари за таблета екстази, а пакување марихуана за 1000 денари.

Од страна на СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје денеска ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Вакви активности полицијата спроведува и во другите градови од државата. Од почетокот на оваа недела извршени се 36 претреси, приведени се 32 лица, при што запленет е амфетамин, екстази, марихуана и други видови дрога.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични и синтетички дроги со цел заштита на граѓаните. Овие дроги претставуваат голема опасност по здравјето на луѓето и сузбивањето на ваквата појава е еден од приоритетите на МВР.


Повеќе фотографии на МВР

The post Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вчера (16.03.2023) во Скопје од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишeни се од слобода пет лица, и тоа Д.Т.(25), Е.М.(35), Ж.П(46), С.Ч.З. ( 38), Б.Ф (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и при тоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од околу половина милион евра, доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, автоматска пушка „калашников“, 667 куршуми различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина на течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила. Претходно, во текот на месеците јануари, февруари и март 2023 година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скопје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица улични дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје при што веќе беа лишени од слобода три лица Д.Т ( 33) , Д.М ( 37) и Ј. С ( 41) сите од Скопје кои набавувале синтетички дроги и кои се веќе кривично процесуирани. Приведените лица подолго време биле инволвирани во улична продажба на синтетичка дрога амфетамин на подрачјето на Скопје за што изнајмиле повеќе станови во центарот на Скопје, како и во населбата Ѓорче Петров, кои ги користеле како депо за чување, производство и пакување на синтетички дроги и во нив преземале мерки на заштита со инсталирање на видео надзори. Дрогата ја продавале по 2000 денари за грам амфетамин, 3000 денари за грам кокаин, 600 денари за таблета екстази, а пакување марихуана за 1000 денари. Од страна на СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје денеска ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Вакви активности полицијата спроведува и во другите градови од државата. Од почетокот на оваа недела извршени се 36 претреси, приведени се 32 лица, при што запленет е амфетамин, екстази, марихуана и други видови дрога. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични и синтетички дроги со цел заштита на граѓаните. Овие дроги претставуваат голема опасност по здравјето на луѓето и сузбивањето на ваквата појава е еден од приоритетите на МВР.
Повеќе фотографии на МВР

The post Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје appeared first on Република.

]]>
Стаорци изедоа 200 кг запленета марихуана, тврди полицијата https://republika.mk/vesti/svet/staorci-izedoa-200kg-zapleneta-marihuana-tvrdi-policijata/ Fri, 25 Nov 2022 19:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=577903

Речиси 200 килограми канабис што конфискувани од дилери и „чувани“ во простории на полициска станица се уништени, а полицијата за тоа ги обвини - стаорците. Станувало збор за залихи кои требало да се искористат како доказ во судот во случаи на трговија со дрога.

Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив, констатирал судот во државата Утар Прадеш на северот на Индија.

Судот побарал од полицијата да ја покаже запленетата дрога како доказ, а судијата Санџај Чаудари навел дури три други случаи во кои глодари уништиле запленета марихуана.

Судијата Чаудари посочил и дека полицијата не е стручна за решавање на овој „специфичен проблем“ и советувал запленетата дрога во иднина да се заштити од „бестрашните глодари“, па наместо таа да се чува во полициските магацини, да се продава на истражувачки лаборатории или медицински компании, а приходите одат во државниот буџет.

Индиските медиуми потсетуваат дека во 2018 година осум аргентински полицајци беа отпуштени откако обвинија глувци за исчезнувањето на половина тон канабис од полицискиот магацин откако експертите го оспорија нивното тврдење, докажувајќи дека „животните не можат да ја згрешат дрогата со храна“ и дека во тој случај би имало „многу мртви глодари во магацинот“.

Студијата од 2019 година покажа дека по конзумирање на тесто со канабис, лабораториските глувци станале „помалку активни и нивната телесна температура се намалила“.

The post Стаорци изедоа 200 кг запленета марихуана, тврди полицијата appeared first on Република.

]]>

Речиси 200 килограми канабис што конфискувани од дилери и „чувани“ во простории на полициска станица се уништени, а полицијата за тоа ги обвини - стаорците. Станувало збор за залихи кои требало да се искористат како доказ во судот во случаи на трговија со дрога.
Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив, констатирал судот во државата Утар Прадеш на северот на Индија.
Судот побарал од полицијата да ја покаже запленетата дрога како доказ, а судијата Санџај Чаудари навел дури три други случаи во кои глодари уништиле запленета марихуана. Судијата Чаудари посочил и дека полицијата не е стручна за решавање на овој „специфичен проблем“ и советувал запленетата дрога во иднина да се заштити од „бестрашните глодари“, па наместо таа да се чува во полициските магацини, да се продава на истражувачки лаборатории или медицински компании, а приходите одат во државниот буџет. Индиските медиуми потсетуваат дека во 2018 година осум аргентински полицајци беа отпуштени откако обвинија глувци за исчезнувањето на половина тон канабис од полицискиот магацин откако експертите го оспорија нивното тврдење, докажувајќи дека „животните не можат да ја згрешат дрогата со храна“ и дека во тој случај би имало „многу мртви глодари во магацинот“. Студијата од 2019 година покажа дека по конзумирање на тесто со канабис, лабораториските глувци станале „помалку активни и нивната телесна температура се намалила“.

The post Стаорци изедоа 200 кг запленета марихуана, тврди полицијата appeared first on Република.

]]>
Пронајдена дрога во Битола и Прилеп, приведени три лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdena-droga-vo-bitola-i-prilep-privedeni-tri-lica/ Tue, 18 Oct 2022 07:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=562377

На 18.10.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода В.И.(47) и Г.Т.(46), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога.
На 18.10.2022 во 01.10 часот од ул.„Војводинска“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Пронајдена дрога во Битола и Прилеп, приведени три лица appeared first on Република.

]]>

На 18.10.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода В.И.(47) и Г.Т.(46), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога. На 18.10.2022 во 01.10 часот од ул.„Војводинска“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Пронајдена дрога во Битола и Прилеп, приведени три лица appeared first on Република.

]]>