Речиси 200 килограми канабис што конфискувани од дилери и „чувани“ во простории на полициска станица се уништени, а полицијата за тоа ги обвини – стаорците. Станувало збор за залихи кои требало да се искористат како доказ во судот во случаи на трговија со дрога.

Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив, констатирал судот во државата Утар Прадеш на северот на Индија.

Судот побарал од полицијата да ја покаже запленетата дрога како доказ, а судијата Санџај Чаудари навел дури три други случаи во кои глодари уништиле запленета марихуана.

Судијата Чаудари посочил и дека полицијата не е стручна за решавање на овој „специфичен проблем“ и советувал запленетата дрога во иднина да се заштити од „бестрашните глодари“, па наместо таа да се чува во полициските магацини, да се продава на истражувачки лаборатории или медицински компании, а приходите одат во државниот буџет.

Индиските медиуми потсетуваат дека во 2018 година осум аргентински полицајци беа отпуштени откако обвинија глувци за исчезнувањето на половина тон канабис од полицискиот магацин откако експертите го оспорија нивното тврдење, докажувајќи дека „животните не можат да ја згрешат дрогата со храна“ и дека во тој случај би имало „многу мртви глодари во магацинот“.

Студијата од 2019 година покажа дека по конзумирање на тесто со канабис, лабораториските глувци станале „помалку активни и нивната телесна температура се намалила“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.