запад Archives - Република https://republika.mk/tema/zapad/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 15:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запад Archives - Република https://republika.mk/tema/zapad/ 32 32 Сунак: Западот треба да биде похрабар во конфискацијата на руските средства https://republika.mk/vesti/svet/sunak-zapadot-treba-da-bide-pohrabar-vo-konfiskatsijata-na-ruskite-sredstva/ Sun, 25 Feb 2024 15:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=748166

Западот треба да биде похрабар во конфискацијата на руските средства замрзнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак.

За весникот Сандеј Тајмс по повод две години од почетокот на конфликтот, Сунак вели дека на Украина сè уште и треба повеќе оружје со долг дострел, беспилотни летала и муниција и друга помош.

Мораме похрабро да пристапиме кон нападот врз руската воена економија. Мора да бидеме похрабри во запленувањето на стотици милијарди замрзнати руски средства, рече тој.

Минатиот месец, британскиот министер за инвестиции Доминик Џонсон се состана со заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејем, на разговори за запленувањето на замрзнатите руски средства, нагласувајќи дека тоа треба да се изврши во согласност со меѓународното право.

Европската унија, САД, Јапонија и Канада замрзнаа околу 300 милијарди долари од средствата на руската централна банка во 2022 година кога Русија ја започна својата инвазија на Украина.

Сунак, исто така, ги повика САД да продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка за Украина.

Никогаш не треба да го потценуваме она што Америка досега го направи за Украина и за евроатлантската безбедност. Ги повикувам да продолжат со оваа поддршка и убеден сум дека ќе го направат тоа“, вели Сунак.

The post Сунак: Западот треба да биде похрабар во конфискацијата на руските средства appeared first on Република.

]]>

Западот треба да биде похрабар во конфискацијата на руските средства замрзнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак. За весникот Сандеј Тајмс по повод две години од почетокот на конфликтот, Сунак вели дека на Украина сè уште и треба повеќе оружје со долг дострел, беспилотни летала и муниција и друга помош.
Мораме похрабро да пристапиме кон нападот врз руската воена економија. Мора да бидеме похрабри во запленувањето на стотици милијарди замрзнати руски средства, рече тој.
Минатиот месец, британскиот министер за инвестиции Доминик Џонсон се состана со заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејем, на разговори за запленувањето на замрзнатите руски средства, нагласувајќи дека тоа треба да се изврши во согласност со меѓународното право. Европската унија, САД, Јапонија и Канада замрзнаа околу 300 милијарди долари од средствата на руската централна банка во 2022 година кога Русија ја започна својата инвазија на Украина. Сунак, исто така, ги повика САД да продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка за Украина.
Никогаш не треба да го потценуваме она што Америка досега го направи за Украина и за евроатлантската безбедност. Ги повикувам да продолжат со оваа поддршка и убеден сум дека ќе го направат тоа“, вели Сунак.

The post Сунак: Западот треба да биде похрабар во конфискацијата на руските средства appeared first on Република.

]]>
Бисерко: Западот ќе го спречи секој обид за дестабилизација на Балканот https://republika.mk/vesti/svet/biserko-zapadot-ke-go-sprechi-sekoj-obid-za-destabilizatsija-na-balkanot/ Sun, 17 Dec 2023 17:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=724029

Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, Соња Бисерко вели дека Западот ќе спречи секој обид за дестабилизација на Косово и на регионот и дека нема да се толерира никаков обид на Србија да ја премине „црвената линија“.

Во интервју за црногорскиот портал „Актуелно“, Бисерко вели дека Западот не ѝ простил на Србија за нападот на 24 септември во Бањска кај Звечане, во северно Косово, кога загина припадник на косовската полиција и тројца од групата Срби кои го извршија нападот.

Фактот што веднаш беше испратено засилување на КФОР во Косово покажува дека Западот е подготвен да го заштити Косово и да спречи било каква „екскурзија“ од Србија. Сепак, Косоварите стравуваат дека може да има уште изненадувања од Белград. Во сегашните геостратешки околности безбедноста стана приоритет на Западот и во таа смисла ќе биде спречен секој обид за дестабилизација на Косово. Ова е црвена линија и нема да се толерира ниеден обид на Белград да се впушти во нови авантури. Бањска не ѝ се прости, но на Србија не ѝ се воведоа санкции, вели Бисерко.

Според српската активистка за човекови права, Западот, особено САД, очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ по денешните парламентарни избори да го исполни она што го ветил, „а тоа главно е спроведување на германско-францускиот план за нормализација“ на односите со Косово.

Упадот на српските пара-единици на косовскиот север беше еден вид аларм за западната меѓународна заедница, бидејќи стана јасно дека Белград не се откажал од плановите за поделба на Косово. Бидејќи досега нема официјален извештај за тој настан, освен демантот на Белград дека учествувал во него, брзата реакција на НАТО, САД и ЕУ покажува дека нема да се дозволи ескалација и дестабилизација на Балканот. Тоа ја наруши довербата во претседателот Вучиќ, но очигледно се уште се смета на него, меѓутоа во значително изменети околности, изјави Бисерко за „Актуелно“.

Сепак, нагласува таа, „мора да се има предвид дека Белград одолговлекува со сите ветувања во очекување на промена во Белата куќа, со нагласено навивање за (Доналд) Трамп“.

Белград очекува дека покрај Русија, тогаш и со новата американска администрација, изгледите за реализација на „српски свет“ би биле сосема реални, вели Бисерко.

За можните резултати од изборите што се одржуваат денеска, Бисерко рече дека има многу анализи кои покажуваат дека партијата на Вучиќ, Српска напредна странка (СНС), „нема да го добие мнозинството, но сепак е доминантна партија“.

Вучиќ вешто го насочи вниманието од егзистенцијалните прашања на прашањето за Косово, кое сé уште има многу висок емотивен потенцијал. За жал, опозицијата падна во таа замка, иако ќе ја чека ова прашање доколку победат на изборите. Речиси сите се изјаснија против француско-германскиот план за Косово, рече Бисерко.

Според неа, Србија, „за жал, се уште не се оддалечила од национализмот, кој Вучиќ и во овој случај го користеше како главен адут со тезата за заканата од Србите во регионот“.

Мора да се каже дека општеството е толку многу уништено што го загуби демократскиот потенцијал за промени и реформи, заклучи Бисерко во интервјуто за црногорскиот медиум.

The post Бисерко: Западот ќе го спречи секој обид за дестабилизација на Балканот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, Соња Бисерко вели дека Западот ќе спречи секој обид за дестабилизација на Косово и на регионот и дека нема да се толерира никаков обид на Србија да ја премине „црвената линија“. Во интервју за црногорскиот портал „Актуелно“, Бисерко вели дека Западот не ѝ простил на Србија за нападот на 24 септември во Бањска кај Звечане, во северно Косово, кога загина припадник на косовската полиција и тројца од групата Срби кои го извршија нападот.
Фактот што веднаш беше испратено засилување на КФОР во Косово покажува дека Западот е подготвен да го заштити Косово и да спречи било каква „екскурзија“ од Србија. Сепак, Косоварите стравуваат дека може да има уште изненадувања од Белград. Во сегашните геостратешки околности безбедноста стана приоритет на Западот и во таа смисла ќе биде спречен секој обид за дестабилизација на Косово. Ова е црвена линија и нема да се толерира ниеден обид на Белград да се впушти во нови авантури. Бањска не ѝ се прости, но на Србија не ѝ се воведоа санкции, вели Бисерко.
Според српската активистка за човекови права, Западот, особено САД, очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ по денешните парламентарни избори да го исполни она што го ветил, „а тоа главно е спроведување на германско-францускиот план за нормализација“ на односите со Косово.
Упадот на српските пара-единици на косовскиот север беше еден вид аларм за западната меѓународна заедница, бидејќи стана јасно дека Белград не се откажал од плановите за поделба на Косово. Бидејќи досега нема официјален извештај за тој настан, освен демантот на Белград дека учествувал во него, брзата реакција на НАТО, САД и ЕУ покажува дека нема да се дозволи ескалација и дестабилизација на Балканот. Тоа ја наруши довербата во претседателот Вучиќ, но очигледно се уште се смета на него, меѓутоа во значително изменети околности, изјави Бисерко за „Актуелно“.
Сепак, нагласува таа, „мора да се има предвид дека Белград одолговлекува со сите ветувања во очекување на промена во Белата куќа, со нагласено навивање за (Доналд) Трамп“.
Белград очекува дека покрај Русија, тогаш и со новата американска администрација, изгледите за реализација на „српски свет“ би биле сосема реални, вели Бисерко.
За можните резултати од изборите што се одржуваат денеска, Бисерко рече дека има многу анализи кои покажуваат дека партијата на Вучиќ, Српска напредна странка (СНС), „нема да го добие мнозинството, но сепак е доминантна партија“.
Вучиќ вешто го насочи вниманието од егзистенцијалните прашања на прашањето за Косово, кое сé уште има многу висок емотивен потенцијал. За жал, опозицијата падна во таа замка, иако ќе ја чека ова прашање доколку победат на изборите. Речиси сите се изјаснија против француско-германскиот план за Косово, рече Бисерко.
Според неа, Србија, „за жал, се уште не се оддалечила од национализмот, кој Вучиќ и во овој случај го користеше како главен адут со тезата за заканата од Србите во регионот“.
Мора да се каже дека општеството е толку многу уништено што го загуби демократскиот потенцијал за промени и реформи, заклучи Бисерко во интервјуто за црногорскиот медиум.
 
The post Бисерко: Западот ќе го спречи секој обид за дестабилизација на Балканот appeared first on Република.

]]>
Орбан: Западот сака да ја глобализира војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/orban-zapadot-saka-da-ja-globalizira-vojnata-vo-ukraina/ Fri, 29 Sep 2023 07:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=686241

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Западот сака да ја глобализира војната во Украина.

Конфликтот мора да биде изолиран, но западните земји сакаат да ја глобализираат војната, изјави Орбан за јавниот сервис, пренесува МТИ.

Премиерот Орбан додаде дека ќе се докаже дека Унгарија била во право за војната во Украина и дека Западот не успеал мирно да ја процени ситуацијата на теренот.

Можете да војувате само ако имате јасна цел и знаете кои алатки ќе ги користите. Во спротивно, политиката не може да ги објасни изгубените животи, рече унгарскиот премиер.

The post Орбан: Западот сака да ја глобализира војната во Украина appeared first on Република.

Медведев: Судирот со Западот ќе трае со децении, а со Украина трајно https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-sudirot-so-zapadot-ke-trae-so-detsenii-a-so-ukraina-trajno/ Mon, 03 Jul 2023 11:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=657681

Поранешниот руски претседатели актуелен заменик шеф на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека конфликтот на Москва со Западот ќе трае со децении, додека конфликтот со Украина може да стане постојан.

Медведев, кој некогаш на Запад се сметаше за либерален модернизатор, е еден од најистакнатите руски јастреби откако Москва лани во февруари ја почна својата инвазија на Украина и неговите ставови одразуваат дел од размислувањата на највисокото ниво на Кремљ, сметаат руските официјални лица.

Во напис за владиниот весник „Росијскаја газета“, Медведев напиша дека тензиите меѓу Русија и Западот се „многу полоши“ отколку за време на кубанската ракетна криза во 1962 година, кога светот беше на работ на нуклеарна војна.

Нуклеарна војна беше „сосема веројатна“, но тешко дека ќе има победник, напиша Медведев, кој постојано повторува дека поддршката на Западот за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.

Тој посочи дека меѓу Русија и Западот има остри разлики во однос на Украина, насоката по која оди човештвото и начинот на кој е структуриран светскиот поредок.

„Постои едно нешто што политичарите од сите бои не сакаат да го признаат: таква апокалипса не само што е можна, туку и многу веројатна“, напиша Медведев.

Западните аналитичари сметаат дека „штракањето на Медведев со нуклеарното оружје“ е тактика која има за цел да го заплаши Западот за да ја намали својата воена помош за Украина за официјален Киев да може да почне мировни преговори со Москва.

Медведев истакнува дека Москва останува посветена на спречувањето на членството на Украина во НАТО.

„Нашата цел е едноставна - да ја елиминираме заканата од членството на Украина во НАТО. Ќе го постигнеме тоа - на овој или оној начин“, рече тој.

Со оглед на правилото на НАТО да не се примаат земји вклучени во територијални конфликти, Медведев тврди дека конфликтот со Украина може да стане „траен“ со оглед на неговата егзистенцијална природа за Москва.

„Единствениот начин за деескалација на тензиите меѓу Русија и Западот е да се почнат тешки преговори“, напиша Медведев и додаде „конфликтот ќе биде многу долг, а предоцна е да се скротат непослушните“.

The post Медведев: Судирот со Западот ќе трае со децении, а со Украина трајно appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседатели актуелен заменик шеф на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека конфликтот на Москва со Западот ќе трае со децении, додека конфликтот со Украина може да стане постојан. Медведев, кој некогаш на Запад се сметаше за либерален модернизатор, е еден од најистакнатите руски јастреби откако Москва лани во февруари ја почна својата инвазија на Украина и неговите ставови одразуваат дел од размислувањата на највисокото ниво на Кремљ, сметаат руските официјални лица. Во напис за владиниот весник „Росијскаја газета“, Медведев напиша дека тензиите меѓу Русија и Западот се „многу полоши“ отколку за време на кубанската ракетна криза во 1962 година, кога светот беше на работ на нуклеарна војна. Нуклеарна војна беше „сосема веројатна“, но тешко дека ќе има победник, напиша Медведев, кој постојано повторува дека поддршката на Западот за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт. Тој посочи дека меѓу Русија и Западот има остри разлики во однос на Украина, насоката по која оди човештвото и начинот на кој е структуриран светскиот поредок.
„Постои едно нешто што политичарите од сите бои не сакаат да го признаат: таква апокалипса не само што е можна, туку и многу веројатна“, напиша Медведев.
Западните аналитичари сметаат дека „штракањето на Медведев со нуклеарното оружје“ е тактика која има за цел да го заплаши Западот за да ја намали својата воена помош за Украина за официјален Киев да може да почне мировни преговори со Москва. Медведев истакнува дека Москва останува посветена на спречувањето на членството на Украина во НАТО.
„Нашата цел е едноставна - да ја елиминираме заканата од членството на Украина во НАТО. Ќе го постигнеме тоа - на овој или оној начин“, рече тој.
Со оглед на правилото на НАТО да не се примаат земји вклучени во територијални конфликти, Медведев тврди дека конфликтот со Украина може да стане „траен“ со оглед на неговата егзистенцијална природа за Москва.
„Единствениот начин за деескалација на тензиите меѓу Русија и Западот е да се почнат тешки преговори“, напиша Медведев и додаде „конфликтот ќе биде многу долг, а предоцна е да се скротат непослушните“.

The post Медведев: Судирот со Западот ќе трае со децении, а со Украина трајно appeared first on Република.

]]>
Западот и домашните предавници сакаа братоубиство, рече Путин во обраќањето до нацијата https://republika.mk/vesti/svet/zapadot-i-domashnite-predavnitsi-sakaa-bratoubistvo-reche-putin-vo-obrakaneto-do-natsijata/ Mon, 26 Jun 2023 21:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=655501

Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата по вооружениот бунт на групата Вагнер на Евгениј Пригожин. Во својот петминутен говор тој не го спомена Пригожин.

Организаторите на бунтот, откако ја предадоа својата земја и својот народ, ги предадоа и оние кои беа вклучени во ова злосторство. Лажеа, ги турнаа во смрт, под оган, да пукаат во своите. Непријателите на Русија и неонацистите во Киев, како и нивните западни патрони и разни домашни предавници, сакаа токму таков исход – братоубиство. Сакаа руските војници да се убијат меѓусебно, рече Путин.

Тој додаде дека одлуките донесени по негова директна наредба се донесени за да се избегне крвопролевање.

Путин ја нарече смртта на пилотот на руската армија, кој беше соборен од членовите на Вагнер, жртва што ја спаси Русија од трагични деструктивни последици.

Тој посочи дека на самиот почеток биле иницирани сите неопходни мерки за неутрализирање на заканата, а организаторите на бунтот сфатиле дека тоа што го прават е криминално дело.

Сепак, изјави рускиот претседател, дека вооружениот бунт во секој случај ќе бил потиснат.

Според неговите зборови, покажана е „највисока консолидација на општеството, извршната и законодавната власт на сите нивоа“.

Тој рече дека борците на групата Вагнер може да ја продолжат службата во Министерството за одбрана на Русија или да заминат во Белорусија и дека ветувањето дадено на Вагнерците ќе биде исполнето.

Повторувам, изборот е на секој од вас, но убеден сум дека тоа ќе биде избор на руските војници, кои се свесни за својата трагична грешка, рече рускиот претседател.

Тој му се заблагодари и на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за неговите напори за мирно решавање на ситуацијата.

The post Западот и домашните предавници сакаа братоубиство, рече Путин во обраќањето до нацијата appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата по вооружениот бунт на групата Вагнер на Евгениј Пригожин. Во својот петминутен говор тој не го спомена Пригожин.
Организаторите на бунтот, откако ја предадоа својата земја и својот народ, ги предадоа и оние кои беа вклучени во ова злосторство. Лажеа, ги турнаа во смрт, под оган, да пукаат во своите. Непријателите на Русија и неонацистите во Киев, како и нивните западни патрони и разни домашни предавници, сакаа токму таков исход – братоубиство. Сакаа руските војници да се убијат меѓусебно, рече Путин.
Тој додаде дека одлуките донесени по негова директна наредба се донесени за да се избегне крвопролевање. Путин ја нарече смртта на пилотот на руската армија, кој беше соборен од членовите на Вагнер, жртва што ја спаси Русија од трагични деструктивни последици. Тој посочи дека на самиот почеток биле иницирани сите неопходни мерки за неутрализирање на заканата, а организаторите на бунтот сфатиле дека тоа што го прават е криминално дело. Сепак, изјави рускиот претседател, дека вооружениот бунт во секој случај ќе бил потиснат. Според неговите зборови, покажана е „највисока консолидација на општеството, извршната и законодавната власт на сите нивоа“. Тој рече дека борците на групата Вагнер може да ја продолжат службата во Министерството за одбрана на Русија или да заминат во Белорусија и дека ветувањето дадено на Вагнерците ќе биде исполнето.
Повторувам, изборот е на секој од вас, но убеден сум дека тоа ќе биде избор на руските војници, кои се свесни за својата трагична грешка, рече рускиот претседател.
Тој му се заблагодари и на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за неговите напори за мирно решавање на ситуацијата.  

The post Западот и домашните предавници сакаа братоубиство, рече Путин во обраќањето до нацијата appeared first on Република.

]]>
Дали од четврток топланите Исток и Запад ќе имаат гас за корисниците на парно во Скопје? https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-od-chetvrtok-toplanite-istok-i-zapad-kje-imaat-gas-za-korisnicite-na-parno-vo-skopje/ Tue, 29 Nov 2022 15:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=579669

ЕСМ има гас за скопските топлани Исток и Запад уште само за утре. Државните електрани во вчерашниот кус допис потенцираа дека гас и средства има на располагање и нема да има никакви проблеми со греењето, од компанијата не информираат за нова склучена набавка, објави „Телма“.

Во меѓувреме ЕСМ не доби дозвола од министерството за животна средина да користи ниту дизел ниту мазут затоа што на пазарот гасот е достапен, а топланите немаат соодветни филтри.

Исток и Запад имаат а интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од животна средина и имаат дозвола да греат со гас. Ако зборуваме за здравје на граѓаните да, и има гас и тоа јас го слушам,  вели Насер Нуредини, министер за животна средина.

Откако почна грејната сезона, гас се купува за краток период, за околу две недели.

The post Дали од четврток топланите Исток и Запад ќе имаат гас за корисниците на парно во Скопје? appeared first on Република.

]]>

ЕСМ има гас за скопските топлани Исток и Запад уште само за утре. Државните електрани во вчерашниот кус допис потенцираа дека гас и средства има на располагање и нема да има никакви проблеми со греењето, од компанијата не информираат за нова склучена набавка, објави „Телма“. Во меѓувреме ЕСМ не доби дозвола од министерството за животна средина да користи ниту дизел ниту мазут затоа што на пазарот гасот е достапен, а топланите немаат соодветни филтри.
Исток и Запад имаат а интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од животна средина и имаат дозвола да греат со гас. Ако зборуваме за здравје на граѓаните да, и има гас и тоа јас го слушам,  вели Насер Нуредини, министер за животна средина.
Откако почна грејната сезона, гас се купува за краток период, за околу две недели.

The post Дали од четврток топланите Исток и Запад ќе имаат гас за корисниците на парно во Скопје? appeared first on Република.

]]>
Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација https://republika.mk/vesti/svet/toni-bler-se-priblizuvame-kon-krajot-na-zapadnata-politichka-i-ekonomska-dominacija/ Sat, 16 Jul 2022 14:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=530020

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот.

Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ.

Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми.

– Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален, рече тој.

– Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа, нагласи Блер.

Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија.

– Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, истакна Блер.

The post Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот. Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ. Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми. – Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален, рече тој. – Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа, нагласи Блер. Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија. – Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, истакна Блер.

The post Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација appeared first on Република.

]]>
Западот продолжува да купува руска нафта, криејќи го нејзиното потекло https://republika.mk/vesti/svet/zapadot-prodolzuva-da-kupuva-ruska-nafta-kriejkji-go-nejzinoto-poteklo/ Fri, 22 Apr 2022 16:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=492382

Како што пишува угледниот „Волстрит журнал“, извозот на руска нафта во ЕУ во април се зголемил на 1,6 милиони барели дневно од 1,3 милиони барели дневно во март.

Во исто време, еден од најпопуларните начини на испорака е употребата на бродови со ознака „непозната дестинација“, односно танкер што превезува нафта до поголеми бродови, каде што се меша со друг товар, објаснува изданието.

Во текстот се додава дека покрај тоа, на пазарот се нуди таканаречена летонска смеса и туркменска смеса, која содржи многу руско масло.

Британскиот „Шел“, американскиот „ЕксонМобил“ и италијанската „Ени“ за „Волстри журнал“ изјавиле дека превезуваат нафта од Казахстан преку руските пристаништа.

The post Западот продолжува да купува руска нафта, криејќи го нејзиното потекло appeared first on Република.

]]>

Како што пишува угледниот „Волстрит журнал“, извозот на руска нафта во ЕУ во април се зголемил на 1,6 милиони барели дневно од 1,3 милиони барели дневно во март. Во исто време, еден од најпопуларните начини на испорака е употребата на бродови со ознака „непозната дестинација“, односно танкер што превезува нафта до поголеми бродови, каде што се меша со друг товар, објаснува изданието. Во текстот се додава дека покрај тоа, на пазарот се нуди таканаречена летонска смеса и туркменска смеса, која содржи многу руско масло. Британскиот „Шел“, американскиот „ЕксонМобил“ и италијанската „Ени“ за „Волстри журнал“ изјавиле дека превезуваат нафта од Казахстан преку руските пристаништа.

The post Западот продолжува да купува руска нафта, криејќи го нејзиното потекло appeared first on Република.

]]>
Нови ограничувања: Кои се санкции се воведени против Русија поради војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/novi-ogranichuvanja-koi-se-sankcii-se-vovedeni-protiv-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/ Thu, 07 Apr 2022 07:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=484506

Владите на САД и Велика Британија најавија дополнителни санкции против Русија, по нејзината инвазија на Украина.

На земјата и се воведени финансиски мерки наменети да и наштетат на руската економија и да го казнат претседателот Путин, високите функционери и луѓето кои имаат корист од неговиот режим, пишува „Би-Би-Си“.

Кои се најновите санкции што ќе бидат воведени?

Меѓу најновите американски санкции се:

* Економски мерки за забрана на нови инвестиции во Русија

* Остри санкции за две руски финансиски институции - „Алфа банка“ и „Сбербанк“

* Санкции против критичните големи државни претпријатија

* Санкции против руски владини претставници и членови на нивните семејства, вклучително и возрасните деца на претседателот Путин и роднините на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во меѓувреме, Велика Британија воведе санкции за најголемата руска банка, „Сбербанк“, и вети дека ќе го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на 2022 година.

Што друго е санкционирано?

Воена стока и платеници

Забрана за извоз на стоки со двојна употреба - предмети и за цивилни и за воени цели, како што се делови за возила - беше воведена од Обединетото Кралство, ЕУ и САД. Обединетото Кралство воведува санкции и за руската групација Вагнер.

Летови

Сите руски летови се забранети од воздушниот простор на САД, Велика Британија, ЕУ и Канада. Обединетото Кралство ги забрани и приватните авиони изнајмени од Русите.

Луксузни стоки

Обединетото Кралство наведува дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија - вклучувајќи возила, висока мода и уметност. ЕУ веќе воведе забрана.

Обединетото Кралство, исто така, ќе воведе данок од 35 проценти за некои увози од Русија, вклучително и вотка.

Таргетирање на поединци

САД, ЕУ и Велика Британија заеднички санкционираа повеќе од 1.000 руски поединци и бизниси, вклучително и богати деловни лидери - таканаречените олигарси - кои се сметаат за блиски до Кремљ.

Еден од истакнатите олигарси кого Велика Британија го санкционираше е Роман Абрамович.

Имотот на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се замрзнати и во САД, ЕУ, Велика Британија и Канада.

Обединетото Кралство, исто така, ја ограничува продажбата на „златни визи“, што им овозможи на богатите Руси да добијат право на британски престој.

Нафта и гас

САД го забрануваат целиот увоз на руска нафта и гас, а Британија постепено ќе го укине увозот на руска нафта до крајот на 2022 година. ЕУ, која добива четвртина од нафтата и 40 отсто од гасот од Русија, вели дека ќе се префрли на алтернативни испораки за да ја направи Европа независна од руската енергија „доста пред 2030 година“.

Германија ја стави во мирување дозволата за отворање на гасоводот „Северен тек 2“ од Русија.

Финансиски мерки

Западните земји ги замрзнаа средствата на руската централна банка за да ја спречат да ги искористи своите девизни резерви од 630 милијарди долари (470 милијарди фунти). Ова доведе до пад на вредноста на рубљата за 22 отсто од почетокот на годината.

Ова, пак, ја зголеми цената на увезената стока и доведе до зголемување на стапката на инфлација во Русија од 14%.

САД ѝ забранија на Русија да ги плаќа своите долгови користејќи 600 милиони долари што ги чува во американските банки, што го отежнува Русија да ги отплати своите меѓународни заеми.

Некои руски банки се отстранети од меѓународниот систем за финансиски пораки „СВИФТ“, кој се користи за трансфер на пари преку границите.

Други санкции на Обединетото Кралство вклучуваат:

* Големи руски банки исклучени од финансискиот систем на Обединетото Кралство

* На сите руски банки им е замрзнат имотот

* Руската држава и големите компании не можат да собираат финансии или да позајмуваат пари во Велика Британија

* Поставен лимит на депозитите што Русите можат да ги направат во банките во Обединетото Кралство

* ЕУ, исто така, порача дека ќе таргетира 70% од рускиот банкарски пазар и клучните државни компании.

Како реагираше Русија на санкциите и протерувањата?

Рускиот претседател Путин изјави дека ќе ги принуди „непријателските“ нации да го платат увозот на руски гас во рубли, што ќе ја зголеми вредноста на валутата.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија планира да се одмазди за протерувањето на нејзините дипломати.

Таквите постапки на Западот се деструктивно за билатералните односи - изјави Медведев.

Русија забрани извоз на повеќе од 200 производи до крајот на 2022 година, вклучувајќи медицинска опрема, возила, земјоделски стоки, електрична опрема и дрво.

Дополнително, го блокира плаќањето камата на странските инвеститори кои поседуваат државни обврзници и им забранува на руските компании да им плаќаат на странските акционери.

Тоа ги спречи странските инвеститори кои поседуваат руски акции и обврзници вредни милијарди долари да ги продадат.

The post Нови ограничувања: Кои се санкции се воведени против Русија поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Владите на САД и Велика Британија најавија дополнителни санкции против Русија, по нејзината инвазија на Украина. На земјата и се воведени финансиски мерки наменети да и наштетат на руската економија и да го казнат претседателот Путин, високите функционери и луѓето кои имаат корист од неговиот режим, пишува „Би-Би-Си“.

Кои се најновите санкции што ќе бидат воведени?

Меѓу најновите американски санкции се: * Економски мерки за забрана на нови инвестиции во Русија * Остри санкции за две руски финансиски институции - „Алфа банка“ и „Сбербанк“ * Санкции против критичните големи државни претпријатија * Санкции против руски владини претставници и членови на нивните семејства, вклучително и возрасните деца на претседателот Путин и роднините на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Во меѓувреме, Велика Британија воведе санкции за најголемата руска банка, „Сбербанк“, и вети дека ќе го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на 2022 година.

Што друго е санкционирано?

Воена стока и платеници Забрана за извоз на стоки со двојна употреба - предмети и за цивилни и за воени цели, како што се делови за возила - беше воведена од Обединетото Кралство, ЕУ и САД. Обединетото Кралство воведува санкции и за руската групација Вагнер. Летови Сите руски летови се забранети од воздушниот простор на САД, Велика Британија, ЕУ и Канада. Обединетото Кралство ги забрани и приватните авиони изнајмени од Русите. Луксузни стоки Обединетото Кралство наведува дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија - вклучувајќи возила, висока мода и уметност. ЕУ веќе воведе забрана. Обединетото Кралство, исто така, ќе воведе данок од 35 проценти за некои увози од Русија, вклучително и вотка. Таргетирање на поединци САД, ЕУ и Велика Британија заеднички санкционираа повеќе од 1.000 руски поединци и бизниси, вклучително и богати деловни лидери - таканаречените олигарси - кои се сметаат за блиски до Кремљ. Еден од истакнатите олигарси кого Велика Британија го санкционираше е Роман Абрамович. Имотот на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се замрзнати и во САД, ЕУ, Велика Британија и Канада. Обединетото Кралство, исто така, ја ограничува продажбата на „златни визи“, што им овозможи на богатите Руси да добијат право на британски престој. Нафта и гас САД го забрануваат целиот увоз на руска нафта и гас, а Британија постепено ќе го укине увозот на руска нафта до крајот на 2022 година. ЕУ, која добива четвртина од нафтата и 40 отсто од гасот од Русија, вели дека ќе се префрли на алтернативни испораки за да ја направи Европа независна од руската енергија „доста пред 2030 година“. Германија ја стави во мирување дозволата за отворање на гасоводот „Северен тек 2“ од Русија. Финансиски мерки Западните земји ги замрзнаа средствата на руската централна банка за да ја спречат да ги искористи своите девизни резерви од 630 милијарди долари (470 милијарди фунти). Ова доведе до пад на вредноста на рубљата за 22 отсто од почетокот на годината. Ова, пак, ја зголеми цената на увезената стока и доведе до зголемување на стапката на инфлација во Русија од 14%. САД ѝ забранија на Русија да ги плаќа своите долгови користејќи 600 милиони долари што ги чува во американските банки, што го отежнува Русија да ги отплати своите меѓународни заеми. Некои руски банки се отстранети од меѓународниот систем за финансиски пораки „СВИФТ“, кој се користи за трансфер на пари преку границите. Други санкции на Обединетото Кралство вклучуваат: * Големи руски банки исклучени од финансискиот систем на Обединетото Кралство * На сите руски банки им е замрзнат имотот * Руската држава и големите компании не можат да собираат финансии или да позајмуваат пари во Велика Британија * Поставен лимит на депозитите што Русите можат да ги направат во банките во Обединетото Кралство * ЕУ, исто така, порача дека ќе таргетира 70% од рускиот банкарски пазар и клучните државни компании.

Како реагираше Русија на санкциите и протерувањата?

Рускиот претседател Путин изјави дека ќе ги принуди „непријателските“ нации да го платат увозот на руски гас во рубли, што ќе ја зголеми вредноста на валутата. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија планира да се одмазди за протерувањето на нејзините дипломати.
Таквите постапки на Западот се деструктивно за билатералните односи - изјави Медведев.
Русија забрани извоз на повеќе од 200 производи до крајот на 2022 година, вклучувајќи медицинска опрема, возила, земјоделски стоки, електрична опрема и дрво. Дополнително, го блокира плаќањето камата на странските инвеститори кои поседуваат државни обврзници и им забранува на руските компании да им плаќаат на странските акционери. Тоа ги спречи странските инвеститори кои поседуваат руски акции и обврзници вредни милијарди долари да ги продадат.

The post Нови ограничувања: Кои се санкции се воведени против Русија поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Русија го обвини Западот за „тотална војна“ https://republika.mk/vesti/svet/rusija-go-obvini-zapadot-za-totalna-vojna/ Fri, 25 Mar 2022 13:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=478395

Западот објави „тотална војна“ против Русија со својот најнов бараж санкции, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Целите не се кријат, јавно се соопштуваат – да се уништи, опустоши, руинира, задуши руската економија и Русија како целина, рече тој за време на состанокот со претставници на фондација за дипломатија, пренесува ТАСС.

Тој истакна дека „тотална војна“ е фраза што ја користела нацистичка Германија додека се обидувала да освои голем дел од Европа. Не е јасно на кој западен политичар, ако има таков, Лавров му ја припиша фразата, посочува германската агенција ДПА.

The post Русија го обвини Западот за „тотална војна“ appeared first on Република.

]]>

Западот објави „тотална војна“ против Русија со својот најнов бараж санкции, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Целите не се кријат, јавно се соопштуваат – да се уништи, опустоши, руинира, задуши руската економија и Русија како целина, рече тој за време на состанокот со претставници на фондација за дипломатија, пренесува ТАСС. Тој истакна дека „тотална војна“ е фраза што ја користела нацистичка Германија додека се обидувала да освои голем дел од Европа. Не е јасно на кој западен политичар, ако има таков, Лавров му ја припиша фразата, посочува германската агенција ДПА.

The post Русија го обвини Западот за „тотална војна“ appeared first on Република.

]]>
Москва се закани дека рускитe санкции ќе бидат брзи и ќе се почувствуваат во најчувствителните области на Западот https://republika.mk/vesti/svet/moskva-se-zakani-deka-ruskite-sankcii-kje-bidat-brzi-i-kje-se-pochuvstvuvaat-vo-najchuvstvitelnite-oblasti-na-zapadot/ Wed, 09 Mar 2022 09:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=469948

Москва се закани дека рускиот одговор ќе биде брз и ќе се почувствува во најчувствителните области на Западот. Руската економија се соочува со најголемата криза од 1991 година и распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи Западот воведе санкции за речиси секој финансиски и корпоративен сектор поради инвазијата на Украина, пишува Ројтерс.

Од друга страна рускиот престедател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој ја обврза руската влада во наредниве два дена да го направи списокот на суровини кои ќе бидат забранети за испорака на потребите на западните држави.

Реакцијата на Русија ќе биде брза, внимателна и чувствителна за оние на кои ќе се однесува, изјави Дмитриј Бирчевски, директор за економска соработка во руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција РИА.

Американскиот претседател Бајден воведе забрана за увоз на руска нафта и други енергетски извори како одговор на руската инвазија, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“ чија цел е „деназификација“ и „демилитаризација“ на Украина.

Русија претходно оваа недела предупреди дека цената на нафтата може да надмине 300 долари за барел доколку САД и ЕУ забранат увоз на сурова нафта од Русија.

Москва соопшти дека Европа користи околу 500 милиони тони нафта годишно. Русија го снабдува со 30 отсто од таа количина или 150 милиони тони, како и со 80 милиони тони петрохемиски производи.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ е од суштинско значење за руската безбедност, бидејќи САД го зголемија военото присуство на НАТО во близина на границите на Русија и ја поддржуваат прозападната влада во Киев.

The post Москва се закани дека рускитe санкции ќе бидат брзи и ќе се почувствуваат во најчувствителните области на Западот appeared first on Република.

]]>

Москва се закани дека рускиот одговор ќе биде брз и ќе се почувствува во најчувствителните области на Западот. Руската економија се соочува со најголемата криза од 1991 година и распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи Западот воведе санкции за речиси секој финансиски и корпоративен сектор поради инвазијата на Украина, пишува Ројтерс.
Од друга страна рускиот престедател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој ја обврза руската влада во наредниве два дена да го направи списокот на суровини кои ќе бидат забранети за испорака на потребите на западните држави.
Реакцијата на Русија ќе биде брза, внимателна и чувствителна за оние на кои ќе се однесува, изјави Дмитриј Бирчевски, директор за економска соработка во руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција РИА.
Американскиот претседател Бајден воведе забрана за увоз на руска нафта и други енергетски извори како одговор на руската инвазија, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“ чија цел е „деназификација“ и „демилитаризација“ на Украина. Русија претходно оваа недела предупреди дека цената на нафтата може да надмине 300 долари за барел доколку САД и ЕУ забранат увоз на сурова нафта од Русија. Москва соопшти дека Европа користи околу 500 милиони тони нафта годишно. Русија го снабдува со 30 отсто од таа количина или 150 милиони тони, како и со 80 милиони тони петрохемиски производи. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ е од суштинско значење за руската безбедност, бидејќи САД го зголемија военото присуство на НАТО во близина на границите на Русија и ја поддржуваат прозападната влада во Киев.

The post Москва се закани дека рускитe санкции ќе бидат брзи и ќе се почувствуваат во најчувствителните области на Западот appeared first on Република.

]]>