замрзнати Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznati/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 09:29:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замрзнати Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznati/ 32 32 Тешко на потрошувачите: Замрзнатите цени ќе се одмрзнат, мерката нема да биде продолжена https://republika.mk/vesti/ekonomija/teshko-na-potroshuvachite-zamrznatite-tseni-ke-se-odmrznat-merkata-nema-da-bide-prodolzhena/ Tue, 27 Feb 2024 09:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=748824

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок.

Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА.

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, како што кажа, уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието.

Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието - посочи Бектеши.

Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава.

Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

Покрај тоа, донесе и одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што, исто така, важи до 29 февруари годинава и се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

Министерството за економија донесе и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук што важи до 28 февруари годинава според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки што исто така важи до 28 февруари годинава и за кои применливата царина е 10 отсто.

Со земјите од ЦЕФТА, пак, царината е 0 отсто.

The post Тешко на потрошувачите: Замрзнатите цени ќе се одмрзнат, мерката нема да биде продолжена appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА. Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, како што кажа, уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието.
Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието - посочи Бектеши.
Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава. Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка. Покрај тоа, донесе и одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што, исто така, важи до 29 февруари годинава и се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Министерството за економија донесе и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук што важи до 28 февруари годинава според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки што исто така важи до 28 февруари годинава и за кои применливата царина е 10 отсто. Со земјите од ЦЕФТА, пак, царината е 0 отсто.

The post Тешко на потрошувачите: Замрзнатите цени ќе се одмрзнат, мерката нема да биде продолжена appeared first on Република.

]]>
Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените – најави Бектеши https://republika.mk/vesti/ekonomija/dokolku-ima-potreba-ke-se-prodolzhi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-najavi-bekteshi/ Thu, 07 Dec 2023 15:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=720802

Мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард. Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи и по 1 јануари. Тоа, како што кажа, ќе зависи од анализите што ќе ги направи Министерството за економија до крајот на годинава.

Генерално прехранбената индустрија посебно трговијата на мало со храна и пијалаци веќе ја знаат лекцијата дека од страна на Министерството за економија нема да бидат дозволени злоупотреби, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната заедничка прес-конференција со министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Прашан зошто беше потребен голем пакет на помош за граѓаните на само неколку месеци пред избори, Бектеши рече дека мерките се најавени од почетокот на годинава и не се мерки кои граѓаните не ги очекувале.

Ветивме дека ни еден граѓанин нема да го почувствува товарот на енергетската и економската криза и дека како држава ќе ја покриеме разликата со цел да им излеземе во пресрет за тоа што е изгубено во минатото во делот на зголемување на инфлацијата и од влијанието на енергетската криза во делот на семејствата. Мерките се ветени на семејствата кои навистина имаа потешкотии во делот на справување со инфлацијата и со енергетската криза. Над 7.000 домаќинства во наредните денови добиваат директна субвенција како ранливи категории од страна на Министерството за економија за исплата на нивните фактури за потрошена електрична енергија - рече Бектеши и додаде дека оваа мерка се реализира од почетокот на годинава.

Истакна дека почнувајќи од септември годинава просечната плата повеќе се зголемува отколку инфлацијата.

За инфлацијата има податоци од октомври и ноември кои се помали од 5 отсто иако и моето и ветувањето на премиерот Ковачевски беше дека инфлацијата во декември ќе биде под 5 отсто - посочи Бектеши.

Прецизира дека првично се носеа одлуки за справување со ценовните шокови, а потоа за антикризните пакети.

Ако се вбризгаа средства во периодот кога имаше зголемување на инфлацијата можеше да влијаат негативно во делот на инфлацијата заради тоа што можеа да ја поттикнат потрошувачката, а со тоа чинителите во трговијата можеа да ги зголемат цените. Токму затоа прво донесовме одлука за замрзнување на цените, а потоа ги промовиравме мерките кои ќе бидат реализирани согласно деветтиот пакет - рече Бектеши.

За барањето на опозицијата за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 поднесено на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледува државниот буџет за наредната година рече дека не е во тек и додаде дека нема да им помогне на изборите.

Опозицијата најверојатно се подготвува за избори. Никаков предлог нема да им помогне во делот на изборите заради тоа што граѓаните се определени за иднината на државата, а тоа е европската иднина - потенцира Бектеши.

The post Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените – најави Бектеши appeared first on Република.

]]>

Мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард. Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи и по 1 јануари. Тоа, како што кажа, ќе зависи од анализите што ќе ги направи Министерството за економија до крајот на годинава. Генерално прехранбената индустрија посебно трговијата на мало со храна и пијалаци веќе ја знаат лекцијата дека од страна на Министерството за економија нема да бидат дозволени злоупотреби, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната заедничка прес-конференција со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Прашан зошто беше потребен голем пакет на помош за граѓаните на само неколку месеци пред избори, Бектеши рече дека мерките се најавени од почетокот на годинава и не се мерки кои граѓаните не ги очекувале.
Ветивме дека ни еден граѓанин нема да го почувствува товарот на енергетската и економската криза и дека како држава ќе ја покриеме разликата со цел да им излеземе во пресрет за тоа што е изгубено во минатото во делот на зголемување на инфлацијата и од влијанието на енергетската криза во делот на семејствата. Мерките се ветени на семејствата кои навистина имаа потешкотии во делот на справување со инфлацијата и со енергетската криза. Над 7.000 домаќинства во наредните денови добиваат директна субвенција како ранливи категории од страна на Министерството за економија за исплата на нивните фактури за потрошена електрична енергија - рече Бектеши и додаде дека оваа мерка се реализира од почетокот на годинава.
Истакна дека почнувајќи од септември годинава просечната плата повеќе се зголемува отколку инфлацијата.
За инфлацијата има податоци од октомври и ноември кои се помали од 5 отсто иако и моето и ветувањето на премиерот Ковачевски беше дека инфлацијата во декември ќе биде под 5 отсто - посочи Бектеши.
Прецизира дека првично се носеа одлуки за справување со ценовните шокови, а потоа за антикризните пакети.
Ако се вбризгаа средства во периодот кога имаше зголемување на инфлацијата можеше да влијаат негативно во делот на инфлацијата заради тоа што можеа да ја поттикнат потрошувачката, а со тоа чинителите во трговијата можеа да ги зголемат цените. Токму затоа прво донесовме одлука за замрзнување на цените, а потоа ги промовиравме мерките кои ќе бидат реализирани согласно деветтиот пакет - рече Бектеши.
За барањето на опозицијата за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 поднесено на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледува државниот буџет за наредната година рече дека не е во тек и додаде дека нема да им помогне на изборите.
Опозицијата најверојатно се подготвува за избори. Никаков предлог нема да им помогне во делот на изборите заради тоа што граѓаните се определени за иднината на државата, а тоа е европската иднина - потенцира Бектеши.

The post Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените – најави Бектеши appeared first on Република.

]]>
Ќе се одмрзнат, па пак замрзнат цените на зеленчукот и овошјето https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-odmrznat-pa-pak-zamrznat-tsenite-na-zelenchukot-i-ovoshjeto/ Tue, 11 Apr 2023 06:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=629654

Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зелечнукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм.

Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела.

Договорено е да се направи мала корекција на цените, имајќи предвид дека трговците веќе почнале да пријавуваат увозни цени кои кореспондираат со тоа што се дава како фактури во другите држави. Генерално, увезуваме од Турција, Грција, Албанија и Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, во вторник Владата ќе ги коригира замрзнатите цени и ќе има кај одредени производи многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но, никако нема да има цени како сега или пред 10 дена, од 130 до 150 денари. Ниту еден од производите кои беа наведени во одлуката за замрзнување на цените нема да има повисока цена од 100 денари за килограм. Ќе има мала корекција само во делот на доматите и краставиците зашто нема веќе увоз од Турција и од Грција каде што има поголемо производство на овие производи. Генерално, до крајот на месецов увоз се врши од Албанија и еден мал дел од Србија, заради тоа што во Албанија еден месец однапред излегуваат овие производи, рече тогаш Бектеши.

Тој повтори дека нема да се толерираат маржи од 100 или 200 отсто. Ќе продолжат, напомена, и контролите за тоа како е реализиран увозот на овошје и зеленчук последните месеци.

Деновиве почна откупот на лутите пиперки, кои најмногу се извезуваат на пазарот во Србија, а дел завршува и на домашниот.

Последните податоци што биле анализирани со увозниците покажале мало зголемување на увозните декларации на некои производи. Според тоа, истакна Бектеши, би требало да се коригираат и замрзнатите цени.

Корекцијата ќе биде процентуална во зависност од зголемените трошоци за увоз прикажани во Царината од 28 март до денеска. Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално ќе се намали цената на тој производ, а ако е истата, ќе остане иста цената, објасни Бектеши по средбата со увозниците во петокот.

Со Одлука на Владата од 5 април се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Според Одлуката, килограм свежи домати може да чини максимум 70 денари, килограм краставици 75 денари, килограм кромид 60 денари, килограм карфиол 70 денари, килограм свежи зелени пиперки 90 денари, килограм грав 75 денари, килограм леќа 110 денари, килограм банани 70 денари, килограм портокали 55 денари, килограм мандарини 60 денари и килограм лимони 55 денари.

Претходно беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот, додека цената на белиот и на полубелиот леб до 450 грама е замрзната на 33 денари.(МИА)

The post Ќе се одмрзнат, па пак замрзнат цените на зеленчукот и овошјето appeared first on Република.

]]>

Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зелечнукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм. Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела. Договорено е да се направи мала корекција на цените, имајќи предвид дека трговците веќе почнале да пријавуваат увозни цени кои кореспондираат со тоа што се дава како фактури во другите држави. Генерално, увезуваме од Турција, Грција, Албанија и Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, во вторник Владата ќе ги коригира замрзнатите цени и ќе има кај одредени производи многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но, никако нема да има цени како сега или пред 10 дена, од 130 до 150 денари. Ниту еден од производите кои беа наведени во одлуката за замрзнување на цените нема да има повисока цена од 100 денари за килограм. Ќе има мала корекција само во делот на доматите и краставиците зашто нема веќе увоз од Турција и од Грција каде што има поголемо производство на овие производи. Генерално, до крајот на месецов увоз се врши од Албанија и еден мал дел од Србија, заради тоа што во Албанија еден месец однапред излегуваат овие производи, рече тогаш Бектеши. Тој повтори дека нема да се толерираат маржи од 100 или 200 отсто. Ќе продолжат, напомена, и контролите за тоа како е реализиран увозот на овошје и зеленчук последните месеци. Деновиве почна откупот на лутите пиперки, кои најмногу се извезуваат на пазарот во Србија, а дел завршува и на домашниот. Последните податоци што биле анализирани со увозниците покажале мало зголемување на увозните декларации на некои производи. Според тоа, истакна Бектеши, би требало да се коригираат и замрзнатите цени. Корекцијата ќе биде процентуална во зависност од зголемените трошоци за увоз прикажани во Царината од 28 март до денеска. Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално ќе се намали цената на тој производ, а ако е истата, ќе остане иста цената, објасни Бектеши по средбата со увозниците во петокот. Со Одлука на Владата од 5 април се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Според Одлуката, килограм свежи домати може да чини максимум 70 денари, килограм краставици 75 денари, килограм кромид 60 денари, килограм карфиол 70 денари, килограм свежи зелени пиперки 90 денари, килограм грав 75 денари, килограм леќа 110 денари, килограм банани 70 денари, килограм портокали 55 денари, килограм мандарини 60 денари и килограм лимони 55 денари. Претходно беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот, додека цената на белиот и на полубелиот леб до 450 грама е замрзната на 33 денари.(МИА)

The post Ќе се одмрзнат, па пак замрзнат цените на зеленчукот и овошјето appeared first on Република.

]]>
Маржите за некои производи биле и до 250 отсто, цените може подолго да бидат замрзнати https://republika.mk/vesti/ekonomija/marzhite-za-nekoi-proizvodi-bile-i-do-250-otsto-tsenite-mozhe-podolgo-da-bidat-zamrznati/ Mon, 03 Apr 2023 12:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=626724

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто. Тој јавно ги повика на телевизиско соочување претставниците од бизнис секторот кои велат дека замрзнувањето на цените не е соодветна мерка.

Бектеши уште еднаш повтори дека владините одлуки со кои цените на повеќето прехранбени производи се ограничени, може да продолжат и по април, односно мај, ако за тоа се процени дека има потреба, за да им се излезе во пресрет на граѓаните и товарот од кризата да не падне само на нивен грб.

Имам многу добра соработка со коморите, се консултираме речиси за сите владини одлуки, вклучувајќи ги и законските одредби за бизнис секторот. Една од главните задачи на стопанските комори е да ги бранат интересите на своите членки, а институциите треба да ги одбранат и потрошувачите и компаниите. Затоа носиме вакви, краткорочни мерки. Ова се административни одлуки, а јас сум повеќе од убеден дека се исправни, и за бизнис секторот и особено за потрошувачите. За изјавите од претставници на бизнис секторот, ги повикувам на телевизија да ги дискутираме табелите кои и тие ги имаат. Ако мислат дека маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да го дозволат - порача Бектеши.

Според него, за над 95 отсто од производите кои беа опфатени со Одлуката за маржите, се донесени мерки за намалување на цените и тие целосно се почитуваат.

Вака ќе продолжиме. Ги повикувам сите трговци и производители да се покажат што поопштествено одговорни, рече министерот и најави дека овој месец ќе има најголемо намалување на цените генерално, посебно на храната и енергенсите.

The post Маржите за некои производи биле и до 250 отсто, цените може подолго да бидат замрзнати appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто. Тој јавно ги повика на телевизиско соочување претставниците од бизнис секторот кои велат дека замрзнувањето на цените не е соодветна мерка. Бектеши уште еднаш повтори дека владините одлуки со кои цените на повеќето прехранбени производи се ограничени, може да продолжат и по април, односно мај, ако за тоа се процени дека има потреба, за да им се излезе во пресрет на граѓаните и товарот од кризата да не падне само на нивен грб.
Имам многу добра соработка со коморите, се консултираме речиси за сите владини одлуки, вклучувајќи ги и законските одредби за бизнис секторот. Една од главните задачи на стопанските комори е да ги бранат интересите на своите членки, а институциите треба да ги одбранат и потрошувачите и компаниите. Затоа носиме вакви, краткорочни мерки. Ова се административни одлуки, а јас сум повеќе од убеден дека се исправни, и за бизнис секторот и особено за потрошувачите. За изјавите од претставници на бизнис секторот, ги повикувам на телевизија да ги дискутираме табелите кои и тие ги имаат. Ако мислат дека маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да го дозволат - порача Бектеши.
Според него, за над 95 отсто од производите кои беа опфатени со Одлуката за маржите, се донесени мерки за намалување на цените и тие целосно се почитуваат. Вака ќе продолжиме. Ги повикувам сите трговци и производители да се покажат што поопштествено одговорни, рече министерот и најави дека овој месец ќе има најголемо намалување на цените генерално, посебно на храната и енергенсите.

The post Маржите за некои производи биле и до 250 отсто, цените може подолго да бидат замрзнати appeared first on Република.

]]>
Следната недела ќе се носат одлуките за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/slednata-nedela-ke-se-nosat-odlukite-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-testeninite-i-mlechnite-proizvodi/ Fri, 03 Mar 2023 19:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=615708

Министерството за економија речиси ги заврши анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи. До крајот на неделата или наредната недела ќе се носат одлуките, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој, во Тема на денот на телевизија Сител, кажа дека откако ќе ги завршат анализите ќе ја информираат Владата и посочи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа.

Во однос на производителите на леб, Бектеши обвини дека токму тие компании кои излегоа на прес-конференција во понеделникот, продавале навечер леб по цена од 50 денари, работеле спротивно на законите, не давале ниту фискални сметки.

– Јас сум убеден и како Влада почнувајќи од премиерот, отпстапки никакви нема да има. Во делот на тужбата секој има право да тужи, демократска држава сме, но немало никаков притисок, а тие не знаат како да избегаат од тоа што го направија, рече Бектеши и ги повика институциите да направат контроли на „нечесните производители“

Бектеши истакна дека додека е ова раководство во Министерството за економија, овие компании нема да можат да имаат средба со нив, бидејќи, како што кажа, „дента кога ја најавија мерката истите ја прекршија додека работеа на црно“.

Министерот најави дека ќе се укинат и субвенциите за електрична енергија кај јавните комунални претпријатија доколку сакаат да ја зголемат цената на водата.

-Ако продолжат тоа да го прават јас најавувам дека и за нив ќе се укине субвенционираната електрична енергија, рече Бектеши.

The post Следната недела ќе се носат одлуките за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија речиси ги заврши анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи. До крајот на неделата или наредната недела ќе се носат одлуките, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Тој, во Тема на денот на телевизија Сител, кажа дека откако ќе ги завршат анализите ќе ја информираат Владата и посочи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа. Во однос на производителите на леб, Бектеши обвини дека токму тие компании кои излегоа на прес-конференција во понеделникот, продавале навечер леб по цена од 50 денари, работеле спротивно на законите, не давале ниту фискални сметки. – Јас сум убеден и како Влада почнувајќи од премиерот, отпстапки никакви нема да има. Во делот на тужбата секој има право да тужи, демократска држава сме, но немало никаков притисок, а тие не знаат како да избегаат од тоа што го направија, рече Бектеши и ги повика институциите да направат контроли на „нечесните производители“ Бектеши истакна дека додека е ова раководство во Министерството за економија, овие компании нема да можат да имаат средба со нив, бидејќи, како што кажа, „дента кога ја најавија мерката истите ја прекршија додека работеа на црно“. Министерот најави дека ќе се укинат и субвенциите за електрична енергија кај јавните комунални претпријатија доколку сакаат да ја зголемат цената на водата. -Ако продолжат тоа да го прават јас најавувам дека и за нив ќе се укине субвенционираната електрична енергија, рече Бектеши.

The post Следната недела ќе се носат одлуките за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи appeared first on Република.

]]>
Мигранти замрзнале во обид да ја преминат канадско-американската граница – меѓу нив и доенче https://republika.mk/vesti/svet/migranti-zamrznale-vo-obid-da-ja-preminat-kanadsko-amerikanskata-granica-megju-niv-i-doenche/ Fri, 21 Jan 2022 08:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=447434

Американските власти пронајдоа четири замрзнати лица во близина на американско-канадската граница за кои се мисли дека биле мигранти кои се обиделе да пристигнат во Северна Дакота. Станува збор за двајца возрасни, тинејџер и доенче.

Американските цариници запреле комбе со 15 патници,  во кое пронашле двајца индиски државјани без документи, објави Еј-Би-Си.

Ги нашле замрзнати

Подоцна, на некои 400 метри од границата, полицијата уапсила уште пет Индијци без документи кои се обиделе да ја преминат границата со САД. Еден од нив носел ранец во кој имало работи за децата; како облека, пелени и играчки. Тој им рекол на властите дека носел ранец за семејство кое патувало со нив, но се одвоило од нив во текот на ноќта.

Канадската и американската полиција потоа почнала да ја пребаруваа областа од двете страни на границата и набрзо ги пронашле телата на четирите лица замрзнати до смрт во Манитоба – маж, жена, тинејџер и доенче.

Температурите во Емерсон, Манитоба, на американско-канадската граница, во средата паднаа на минус 25 степени Целзиусови. Американска гранична патрола го уапсила Стив Шанд (47), американски државјанин од Флорида, кој го возел комбето со мигрантите. Шанд моментално е во притвор во округот Гранд Форкс, Северна Дакота. Се уште не е познат идентитетот на жртвите.

The post Мигранти замрзнале во обид да ја преминат канадско-американската граница – меѓу нив и доенче appeared first on Република.

]]>

Американските власти пронајдоа четири замрзнати лица во близина на американско-канадската граница за кои се мисли дека биле мигранти кои се обиделе да пристигнат во Северна Дакота. Станува збор за двајца возрасни, тинејџер и доенче. Американските цариници запреле комбе со 15 патници,  во кое пронашле двајца индиски државјани без документи, објави Еј-Би-Си.

Ги нашле замрзнати

Подоцна, на некои 400 метри од границата, полицијата уапсила уште пет Индијци без документи кои се обиделе да ја преминат границата со САД. Еден од нив носел ранец во кој имало работи за децата; како облека, пелени и играчки. Тој им рекол на властите дека носел ранец за семејство кое патувало со нив, но се одвоило од нив во текот на ноќта. Канадската и американската полиција потоа почнала да ја пребаруваа областа од двете страни на границата и набрзо ги пронашле телата на четирите лица замрзнати до смрт во Манитоба – маж, жена, тинејџер и доенче. Температурите во Емерсон, Манитоба, на американско-канадската граница, во средата паднаа на минус 25 степени Целзиусови. Американска гранична патрола го уапсила Стив Шанд (47), американски државјанин од Флорида, кој го возел комбето со мигрантите. Шанд моментално е во притвор во округот Гранд Форкс, Северна Дакота. Се уште не е познат идентитетот на жртвите.

The post Мигранти замрзнале во обид да ја преминат канадско-американската граница – меѓу нив и доенче appeared first on Република.

]]>
Од хипотермија починало 21 лице во близина на зимско одмаралиште во Пакистан https://republika.mk/vesti/svet/od-hipotermija-pochinalo-21-lice-vo-blizina-na-zimsko-odmaralishte-vo-pakistan/ Sat, 08 Jan 2022 13:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=441940

Најмалку 21 лице починало од хипотермија во Пакистан, вклучително и девет деца, откако останале заглавени по обилните снежни врнежи во близина на планинско одморалиште. Властите соопштија дека голем број туристи останале заглавени во сообраќајниот метеж во текот на ноќта од 7 до 8 јануари поради снежните врнежи и студеното време во Мури, во источната провинција Пенџаб.

Министерот за внатрешни работи, шеикот Рашид Ахмед, во видео порака денеска рече дека околу 1.000 возила се блокирани и дека властите работат на нивно ослободување. Тој рече дека многу луѓе починале во нивните автомобили.

Ахмед обвини дека причината за инцидентот делумно е поради невообичаено големиот број туристи кои патувале во градот зимско одморалиште, до кој пристапот честопати е блокиран од снег во зима.

Ахмед посочи и дека жителите на Мури обезбедувале храна и ќебиња за заглавените туристи, додавајќи дека администрацијата ги затворила сите правци до ридот и сега дозволува само возила што доставуваат храна и ќебиња. Покраинската влада во провинцијата Пенџаб прогласи вонредна состојба и во меѓувреме се очекуваат повеќе врнежи на снег.

The post Од хипотермија починало 21 лице во близина на зимско одмаралиште во Пакистан appeared first on Република.

]]>

Најмалку 21 лице починало од хипотермија во Пакистан, вклучително и девет деца, откако останале заглавени по обилните снежни врнежи во близина на планинско одморалиште. Властите соопштија дека голем број туристи останале заглавени во сообраќајниот метеж во текот на ноќта од 7 до 8 јануари поради снежните врнежи и студеното време во Мури, во источната провинција Пенџаб. Министерот за внатрешни работи, шеикот Рашид Ахмед, во видео порака денеска рече дека околу 1.000 возила се блокирани и дека властите работат на нивно ослободување. Тој рече дека многу луѓе починале во нивните автомобили. Ахмед обвини дека причината за инцидентот делумно е поради невообичаено големиот број туристи кои патувале во градот зимско одморалиште, до кој пристапот честопати е блокиран од снег во зима. Ахмед посочи и дека жителите на Мури обезбедувале храна и ќебиња за заглавените туристи, додавајќи дека администрацијата ги затворила сите правци до ридот и сега дозволува само возила што доставуваат храна и ќебиња. Покраинската влада во провинцијата Пенџаб прогласи вонредна состојба и во меѓувреме се очекуваат повеќе врнежи на снег.

The post Од хипотермија починало 21 лице во близина на зимско одмаралиште во Пакистан appeared first on Република.

]]>