замрзнати цени Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznati-ceni/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 12:31:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замрзнати цени Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznati-ceni/ 32 32 Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места https://republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-namesto-zamrznuvane-na-tsenite-da-se-obezbedat-podobro-plateni-rabotni-mesta/ Thu, 11 Apr 2024 12:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=764967

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка.

Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна дома, отколку што се увезува.

И покрај тоа замрзнувањето на цените помогна да се одржи животниот стандард на населението во Македонија, особено при поинтензивните поскапувања, тоа не е мерка која може да се користи на долг рок. Во тој случај би требало да преминете на некои структурни мерки кои би можеле да го подобрат стандардот. Една од тие е обезбедување поквалитетни и повисоко платени работни места, рече економистот Јоана Маџоска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на редовниот Економски извештај за Западен Балкан.

Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, истакна дека сите земји во регионот, но и државите на европско ниво, воведуваа одредени ценовни контроли во 2022-ра и на почетокот на 2023 година, даваа субвенции за електрична енергија и тоа кракторочно помогна.

Но, тоа чини пари, особено кога обезбедувате универзални субвенции. Вашата земја намени многу средства за да ја задржи цената на електричната енергија на најниско ниво во регионот и ова има влијание врз буџетот. Гледаме дека дефицитот е многу поголем од други земји во Западен Балкан. Има трошок што треба да се плати за спроведување на овие мерки, но дали се тие одржливи на долг период? Најверојатно не, бидејќи чинат пари, а не го менуваат однесувањето, ниту структурата на економијата. Затоа, треба да се поддржи преминувањето кон обновливи извори на енергија, помалку потпирање на увозот и на поскапите извори на енергија. Имаше доста остро придвижување минатата година, можете да го видите однесувањето на фирмите, тие кои немаа придобивки од цените на електричната енергија, почнаа да инвестираат во соларни панели. Можеби сега е времето, кога се намалени цените на нафтата и храната, да бараме поструктурни мерки за да се подобри продуктивноста на земјоделството каде имаме компаративна предност во смисла на достапност на земјиште, доста луѓе кои се вклучени во земјоделството и на тоа како да се забрза енергетската транзиција во насока на обновливите извори, но и како да се зајакне конкуренцијата меѓу трговците, бидејќи овие ценовни трошоци доаѓаат и од зголемувањето на профитните маржи над она што би можело да се оправда, подвлече Маџаревиќ-Шујстер.

Сега, дополни, кога е во тек растот на деловниот циклус, треба да се направат соодветните реформи.

Во тек е растот на деловниот циклус. Тука се прават соодветните реформи и се оддалечуваме од краткорочните мерки кои чинат пари, а не придонесуваат за промена во однесувањето, односно на структурата на економијата, потенцира Маџаревиќ-Шујстер.

Во однос на електричната енергија, таа укажа дека цените во европските земји се зголемени, но поради тоа е сменето и однесувањето на потрошувачите. Тие водат сметка како и колку трошат струја. Таква промена, напомена, кај луѓето во Македонија нема.

Во европските земји има многу големи покачувања. Земјата каде што јас живеам имаше зголемување од преку 25 отсто само лани, мојата лична сметка за струја сега е 50 отсто поглема од онаа во 2021 година. Ние многу внимаваме како ја користиме струјата, но таква промена во однесувањето не сум видела тука. Имавме многу големо намалување на искористеноста на електричната енргија во Европа, кога било ладно не се користела енергија за греење, луѓето живееле на пониски температури, но ваква промена на однесување не сме виделе тука. Затоа не се гледаат толку многу влијанијата на глобалното намалување на цените. Ова најмногу ќе се забележи во економиите во земјите во Западна Европа кои виделе навистина големо зголемување на цените на електричната енергија во овој период. Но, она што се случува тука, е дека многу се потпираме на земјоделството како извор на раст и вработување, сепак сте доста голем увозник, посебно на зеленчук, а претходно сте биле извозници. Ако се навратиме на структурните причини, треба да се прашаме, зошто се потпираме на увоз на храна кога имаме компаративна предност храната да се произведува тука. Значи, треба да се види што може да се направи за земјоделството да биде поголем придонесувач, попродуктивен, извезувач и да се намалат на тој начин цените, наместо храната да се увезува, рече Маџаревиќ-Шујстер.

Таа се осврна и на конкуренцијата во малопродажниот сектор.

Тука имаме простор за подобрување и како резултат на тоа да се намалат цените, нагласи Маџаревиќ-Шујстер.

The post Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места appeared first on Република.

]]>

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка. Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна дома, отколку што се увезува.
И покрај тоа замрзнувањето на цените помогна да се одржи животниот стандард на населението во Македонија, особено при поинтензивните поскапувања, тоа не е мерка која може да се користи на долг рок. Во тој случај би требало да преминете на некои структурни мерки кои би можеле да го подобрат стандардот. Една од тие е обезбедување поквалитетни и повисоко платени работни места, рече економистот Јоана Маџоска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на редовниот Економски извештај за Западен Балкан.
Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, истакна дека сите земји во регионот, но и државите на европско ниво, воведуваа одредени ценовни контроли во 2022-ра и на почетокот на 2023 година, даваа субвенции за електрична енергија и тоа кракторочно помогна.
Но, тоа чини пари, особено кога обезбедувате универзални субвенции. Вашата земја намени многу средства за да ја задржи цената на електричната енергија на најниско ниво во регионот и ова има влијание врз буџетот. Гледаме дека дефицитот е многу поголем од други земји во Западен Балкан. Има трошок што треба да се плати за спроведување на овие мерки, но дали се тие одржливи на долг период? Најверојатно не, бидејќи чинат пари, а не го менуваат однесувањето, ниту структурата на економијата. Затоа, треба да се поддржи преминувањето кон обновливи извори на енергија, помалку потпирање на увозот и на поскапите извори на енергија. Имаше доста остро придвижување минатата година, можете да го видите однесувањето на фирмите, тие кои немаа придобивки од цените на електричната енергија, почнаа да инвестираат во соларни панели. Можеби сега е времето, кога се намалени цените на нафтата и храната, да бараме поструктурни мерки за да се подобри продуктивноста на земјоделството каде имаме компаративна предност во смисла на достапност на земјиште, доста луѓе кои се вклучени во земјоделството и на тоа како да се забрза енергетската транзиција во насока на обновливите извори, но и како да се зајакне конкуренцијата меѓу трговците, бидејќи овие ценовни трошоци доаѓаат и од зголемувањето на профитните маржи над она што би можело да се оправда, подвлече Маџаревиќ-Шујстер.
Сега, дополни, кога е во тек растот на деловниот циклус, треба да се направат соодветните реформи.
Во тек е растот на деловниот циклус. Тука се прават соодветните реформи и се оддалечуваме од краткорочните мерки кои чинат пари, а не придонесуваат за промена во однесувањето, односно на структурата на економијата, потенцира Маџаревиќ-Шујстер.
Во однос на електричната енергија, таа укажа дека цените во европските земји се зголемени, но поради тоа е сменето и однесувањето на потрошувачите. Тие водат сметка како и колку трошат струја. Таква промена, напомена, кај луѓето во Македонија нема.
Во европските земји има многу големи покачувања. Земјата каде што јас живеам имаше зголемување од преку 25 отсто само лани, мојата лична сметка за струја сега е 50 отсто поглема од онаа во 2021 година. Ние многу внимаваме како ја користиме струјата, но таква промена во однесувањето не сум видела тука. Имавме многу големо намалување на искористеноста на електричната енргија во Европа, кога било ладно не се користела енергија за греење, луѓето живееле на пониски температури, но ваква промена на однесување не сме виделе тука. Затоа не се гледаат толку многу влијанијата на глобалното намалување на цените. Ова најмногу ќе се забележи во економиите во земјите во Западна Европа кои виделе навистина големо зголемување на цените на електричната енергија во овој период. Но, она што се случува тука, е дека многу се потпираме на земјоделството како извор на раст и вработување, сепак сте доста голем увозник, посебно на зеленчук, а претходно сте биле извозници. Ако се навратиме на структурните причини, треба да се прашаме, зошто се потпираме на увоз на храна кога имаме компаративна предност храната да се произведува тука. Значи, треба да се види што може да се направи за земјоделството да биде поголем придонесувач, попродуктивен, извезувач и да се намалат на тој начин цените, наместо храната да се увезува, рече Маџаревиќ-Шујстер.
Таа се осврна и на конкуренцијата во малопродажниот сектор.
Тука имаме простор за подобрување и како резултат на тоа да се намалат цените, нагласи Маџаревиќ-Шујстер.

The post Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ќе нема големо зголемување на цените на производите кои до крајот на февруари беа со гарантирани цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ke-nema-golemo-zgolemuvane-na-tsenite-na-proizvodite-koi-do-krajot-na-fevruari-bea-so-garantirani-tseni/ Tue, 05 Mar 2024 19:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=751664

Министерството за економија ќе носи одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се променат договорите на снабдувачите со трговците.

Ова вечерва во гостување на тв Сител го изјави министерот за еконмија, Крешник Бектеши кој рече дека од над 2.500 производи, кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 oтсто се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава.

– Над 2.500 производи се прилагодени на новото законско решение, кое денеска е усвоено на Комисија и најверојатно на наредната пленарна седница на Собранието согласно моите информации на 11. или 13. месецов ќе биде усвоено. Утредента откако ќе биде објавено во Службен весник веднаш ќе отвориме јавна расправа со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачи, а преку медиумите ќе ја објавиме целосната листа на производи, кои предлагаме да бидат во склоп на ова законско решение каде е предвидено да нема повеќе од 10 проценти маржа во ланецот на снабдување на земјоделските и прехранбените производи – рече Бектеши.

Според Бектеши, и покрај шестмесечниот период за примена ќе нема големо зголемување на цените особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.

– Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби – порача Бектеши.

Злоупотребите, појасни министерот, ќе ги утврдува Државниот пазарен инспекторат кој професионално ја врши работата и на дневно ниво ги следи состојбите.

The post Бектеши: Ќе нема големо зголемување на цените на производите кои до крајот на февруари беа со гарантирани цени appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија ќе носи одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се променат договорите на снабдувачите со трговците. Ова вечерва во гостување на тв Сител го изјави министерот за еконмија, Крешник Бектеши кој рече дека од над 2.500 производи, кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 oтсто се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава.
– Над 2.500 производи се прилагодени на новото законско решение, кое денеска е усвоено на Комисија и најверојатно на наредната пленарна седница на Собранието согласно моите информации на 11. или 13. месецов ќе биде усвоено. Утредента откако ќе биде објавено во Службен весник веднаш ќе отвориме јавна расправа со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачи, а преку медиумите ќе ја објавиме целосната листа на производи, кои предлагаме да бидат во склоп на ова законско решение каде е предвидено да нема повеќе од 10 проценти маржа во ланецот на снабдување на земјоделските и прехранбените производи – рече Бектеши.
Според Бектеши, и покрај шестмесечниот период за примена ќе нема големо зголемување на цените особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.
– Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби – порача Бектеши.
Злоупотребите, појасни министерот, ќе ги утврдува Државниот пазарен инспекторат кој професионално ја врши работата и на дневно ниво ги следи состојбите.

The post Бектеши: Ќе нема големо зголемување на цените на производите кои до крајот на февруари беа со гарантирани цени appeared first on Република.

]]>
Oсновните прехранбени производи и пијалаците со замрзнати цени до 31 јануари https://republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnite-prehranbeni-proizvodi-i-pijalatsite-so-zamrznati-tseni-do-31-januari/ Wed, 27 Dec 2023 08:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=726993

Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалаци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи Владата.

Одлуката е донесена на вчерашната владина седница на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во соопштението, е во интерес на граѓаните поради претстојните новогодишни и божиќни празници.

-Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, коешто беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка, се наведува во соопштението.

До 31 јануари остануваат замрзнати и цените на негазираната и газираната вода, одредени видови негазирани и газирани пијалаци и пивото.

The post Oсновните прехранбени производи и пијалаците со замрзнати цени до 31 јануари appeared first on Република.

]]>

Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалаци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи Владата. Одлуката е донесена на вчерашната владина седница на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во соопштението, е во интерес на граѓаните поради претстојните новогодишни и божиќни празници.
-Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, коешто беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка, се наведува во соопштението.
До 31 јануари остануваат замрзнати и цените на негазираната и газираната вода, одредени видови негазирани и газирани пијалаци и пивото.  

The post Oсновните прехранбени производи и пијалаците со замрзнати цени до 31 јануари appeared first on Република.

]]>
Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 31 јануари https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-ostanuvaat-zamrznati-do-31-januari/ Tue, 26 Dec 2023 18:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=726916

Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, кое што беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари.

Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка.

Денешната владина одлука е во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници. Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Со оваа владина одлука, до 31 јануари, наместо до 31 декември, остануваат замрзнати и претходно утврдените цени на минералната негазирана и газирана вода, одредени видови негазирани и газирани пијалоци и пиво – исто така, во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници, соопштуваат од Владата.

The post Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 31 јануари appeared first on Република.

]]>

Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, кое што беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка.
Денешната владина одлука е во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници. Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Со оваа владина одлука, до 31 јануари, наместо до 31 декември, остануваат замрзнати и претходно утврдените цени на минералната негазирана и газирана вода, одредени видови негазирани и газирани пијалоци и пиво – исто така, во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници, соопштуваат од Владата.
 
The post Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 31 јануари appeared first on Република.

]]>
Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември https://republika.mk/vesti/ekonomija/zamrznatite-tseni-na-ovoshje-i-zelenchuk-ke-vazhat-i-vo-dekemvri/ Tue, 14 Nov 2023 20:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=701578

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Согласно денешната владина одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година.

The post Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември appeared first on Република.

]]>

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало. Согласно денешната владина одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година.

The post Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември appeared first on Република.

]]>
Не се планираат нови мерки за цените, Бектеши ветува дека инспекциите се доволни https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-se-planiraat-novi-merki-za-tsenite-bekteshi-vetuva-deka-inspektsiite-se-dovolni/ Thu, 01 Jun 2023 10:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=646778

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека „замрзнатите“ цени на основните производи веќе нема да важат, но ако се забележи дека има нивно вештачко зголемување, инспекциите, рече, веднаш ќе реагираат.

Во однос на цените на прехранбените производи, утврдено е дека речиси сите се намалени согласно владините мерки кои се носат една година. Да, мерките веќе нема да важат, но јас наведов и во моментот кога објавивме дека нема да ги продолжиме мерките, ако одредена компанија, и ова јавно го кажувам, одреден сектор вештачки се обиде да ги зголеми цените се знае дека институциите ќе влезат во функција и тоа нема да биде дозволено. Јас сум имал разговори, повеќето од разговорите ги направиле моите служби или мојот тим каде што тие кажале дека во спротивно за одредени производи би можело да има и намалување. Во тоа дека резултат даваат мерките на Владата не се повикувајте на податоците на институциите на Владата, на тие тоа што го кажуваме, еве, повикајте се на Германскиот завод за статистика кој ги објави податоците за тоа како Македонија се справува со делот на цените со прехранбените производи, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста".

Според него, засега во однос на цените не се предвидуваат никакви мерки.

Никакви мерки не предвидуваме, само што ќе важат сите одредби од Законот за пазарна инспекција, УЈП, финансиска полиција и Законот за заштита на потрошувачите кој е целосно усогласен со директивите на ЕУ, а инспекциите мора да ги вршат контролите согласно тоа што е донесено како одлука од страна на Владата, потенцира Бектеши.

Министерот за финансии Фатмир Бесими потсети дека за оваа година само резерви за антикризни мерки има 225 милиони евра во Буџетот, што е 1,6 отсто од БДП. Ако дефицитот е предвиден 4,6 отсто, 1,5 проценти или 225 милиони евра се за кризни мерки, а од 700 милиони евра дефицит 225 се за антикризни мерки.

Ние досега сме постапиле во различни фази со различен тип мерки. Тоа што во овој период, зборуваме сега од 2020 па наваму, сме постојано во кризни години каде што има антикризни мерки. Досега скоро две милијарди евра се потрошени за антикризни мерки од 2020 година, само КОВИД мерки 1,2 милијарди евра и дополнителна енергетска криза 800 милиони евра, тоа се некаде над 13 отсто од БДП, значи, огромен износ на средства за да се амортизира тој ефект во стопанството. Инаку, и во економијата воопшто, поддршка на граѓани, ранливи категории. Мерките сега се насочуваат во однос на адресирање само на ранливите категории на граѓани и стопанство, привремени мерки, а од друга страна фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит за да може да се издржи ова да не биде дополнително на товар на граѓаните и на буџетот со други зборови. Конкретно, во однос на ова имало и периоди кога се користеле административни мерки, кога се обидуваше да се менаџира евентуално за одредени стратешки производи за на пазарот да не се создаваат дополнителни притисоци на цените и тие се многу ретки ситуации и се користат за ограничен временски период, така што тоа што сега се прави од Владата е сет на мерки, објасни Бесими.

Досега имаше, додаде, откажувања и од даноци и од акцизи.

Сме имале субвенции директно на граѓани, субвенции директно на фирми, намалување на цена на електрична енергија, субвенционирање на цена на електрична енергија на граѓани, на воведување на блок-тарифи, така што сет на мерки кои гледано сумарно давале ефект за да се амортизира ефектот од кризата. Само во 2020 година ако 8,1 отсто беше падот на БДП, без мерките дополнителни 4,7 отсто, значи падот ќе беше некаде 12,8 отсто без мерки. Во 2021 веќе растеше, беше 3,9 без мерките, без мерките ќе беше за еден процент помалку. Значи, мерките постојано даваат ефекти врз стопанството да се ублажи ефектот од кризата и тоа продолжува така да биде, истакна Бесими.

Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки. Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28 февруари кога се замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а потоа на 16 март Владата донесе одлука да се замрзнат и цените на дел од тестенините и млечните производи. На 21 март стапи во сила и одлуката за замрзнување на цените на оризот и јајцата, додека на 5 април беа замрзнати цените и на 11-те видови овошје и зеленчук.

The post Не се планираат нови мерки за цените, Бектеши ветува дека инспекциите се доволни appeared first on Република.

Митева: Заврши употребната вредност на скапиот маркетинг на Ковачевски за слики по маркети, граѓаните повторно ќе имаат повисоки цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/miteva-zavrshi-upotrebnata-vrednost-na-skapiot-marketing-na-kovachevski-za-sliki-po-marketi-graganite-povtorno-ke-imaat-povisoki-tseni/ Wed, 31 May 2023 10:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=646423

Додека Ковачевски и Груби трошат милијарди народни пари без тендери, народот веќе од четврток ќе треба да плаќа поскапи цени на прехранбените производи. Од четврток народот повторно ќе треба да мисли дали ќе плаќа поскапи намирници, и во колку саат или кој ден ќе поскапи некој производ. Очигледно е дека цените се замрзнуваа за да може Ковачевски да оди по продавници со камери, промовирајќи се пред народот бидејќи никој не го знае зошто не излегол на избори, а кога заврши потребата од сликање се одмрзнaa цените, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Таа посочи дека Ковачевски не ги презел суштинските мерки кога ги предлагале, а сега ги укинува и оние половични мерки кои ги преземале по силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста.

Ковачевски веќе од утре ги одмрзнува цените на голем број производи, и со тоа удира по џебот на народот.Народот е осиромашен, затоа што втора година го јаде најсилната инфлација со која се соочиле сегашните генерации на Македонци. Имено стапката на инфлација во април оваа година во споредба со април минатата година е 13%, кај храната и пијалоците 16.5%, додека пак лани во текот на целата година имамвме инфлација од скоро 19%, и кога кумулативно ќе се соберат процентите, доаѓаме до бројка од 32%. Преведено во бројки, тоа значи дека 21.400 денари пред две години, вредат како 30.000 денари денес.

Реалната плата која ја примаат граѓаните е падната, а не покачена како што тврди Ковачевски. Власта си игра со бројки, додека народот има празни новчаници. Според Државниот завод за статистика реалните плати во Македонија во изминатата година се намалија за скоро 5 отсто.

На такви примања и на паднат животен стандард на народот, власта ги одмрзнува цените, за дупката во буџетот која тие ја прават со криминал да ја полни токму тој народ, кого истата таа власт го краде - посочи Митева на денешната прес-конфренција

Апелираме власта да го продолжи рокот на важење на замрзнатите цени. Народот не е должен да ги плаќа криминалите на власта.

https://www.youtube.com/watch?v=quklH2AW8eo

The post Митева: Заврши употребната вредност на скапиот маркетинг на Ковачевски за слики по маркети, граѓаните повторно ќе имаат повисоки цени appeared first on Република.

]]>

Додека Ковачевски и Груби трошат милијарди народни пари без тендери, народот веќе од четврток ќе треба да плаќа поскапи цени на прехранбените производи. Од четврток народот повторно ќе треба да мисли дали ќе плаќа поскапи намирници, и во колку саат или кој ден ќе поскапи некој производ. Очигледно е дека цените се замрзнуваа за да може Ковачевски да оди по продавници со камери, промовирајќи се пред народот бидејќи никој не го знае зошто не излегол на избори, а кога заврши потребата од сликање се одмрзнaa цените, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Таа посочи дека Ковачевски не ги презел суштинските мерки кога ги предлагале, а сега ги укинува и оние половични мерки кои ги преземале по силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста.
Ковачевски веќе од утре ги одмрзнува цените на голем број производи, и со тоа удира по џебот на народот.Народот е осиромашен, затоа што втора година го јаде најсилната инфлација со која се соочиле сегашните генерации на Македонци. Имено стапката на инфлација во април оваа година во споредба со април минатата година е 13%, кај храната и пијалоците 16.5%, додека пак лани во текот на целата година имамвме инфлација од скоро 19%, и кога кумулативно ќе се соберат процентите, доаѓаме до бројка од 32%. Преведено во бројки, тоа значи дека 21.400 денари пред две години, вредат како 30.000 денари денес. Реалната плата која ја примаат граѓаните е падната, а не покачена како што тврди Ковачевски. Власта си игра со бројки, додека народот има празни новчаници. Според Државниот завод за статистика реалните плати во Македонија во изминатата година се намалија за скоро 5 отсто. На такви примања и на паднат животен стандард на народот, власта ги одмрзнува цените, за дупката во буџетот која тие ја прават со криминал да ја полни токму тој народ, кого истата таа власт го краде - посочи Митева на денешната прес-конфренција
Апелираме власта да го продолжи рокот на важење на замрзнатите цени. Народот не е должен да ги плаќа криминалите на власта.   https://www.youtube.com/watch?v=quklH2AW8eo

The post Митева: Заврши употребната вредност на скапиот маркетинг на Ковачевски за слики по маркети, граѓаните повторно ќе имаат повисоки цени appeared first on Република.

]]>
Нема зошто да се зголемат цените по одмрзнувањето, смета Битиќи https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-zoshto-da-se-zgolemat-tsenite-po-odmrznuvaneto-smeta-bitiki/ Tue, 30 May 2023 09:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=646067

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре, но најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа.

Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени, како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат, изјави денеска Битиќи.

Минатата недела, како што информираше, имале состонок во Стопанската комора, а убедувањето, како што рече, е дека ќе нема големи осцилации, односно наплив на зголемување на цени.

- Но, подготвени сме будно да следиме, ако евентуално се случи тоа да реагираме, но мислам дека нема услови за тоа, рече Битиќи, на новинарско прашање по отворањето на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Тој пред учесниците на конференцијата порача дека во фокус на работата на Владата е изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија.

Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 до 15 проценти од БДП на нашата економија, тогаш јасен е изборот што го правиме во енергетскиот сектор денес, дека ова ќе има големо влијание врз иднинатата на нашата економија и благосостојба на граѓаните. Нашата држава е енергетски лидер во регионот, со усвоени и имплементирани закони и подзаконски акти, целосно усогласени со Европската енергетска заедница и на овој начин ја овозможуваме либерализацијата на енергетскиот пазар, рече Битиќи.

The post Нема зошто да се зголемат цените по одмрзнувањето, смета Битиќи appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре, но најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа.
Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени, како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат, изјави денеска Битиќи.
Минатата недела, како што информираше, имале состонок во Стопанската комора, а убедувањето, како што рече, е дека ќе нема големи осцилации, односно наплив на зголемување на цени. - Но, подготвени сме будно да следиме, ако евентуално се случи тоа да реагираме, но мислам дека нема услови за тоа, рече Битиќи, на новинарско прашање по отворањето на МЕФ Енергетскиот Форум 2023. Тој пред учесниците на конференцијата порача дека во фокус на работата на Владата е изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија.
Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 до 15 проценти од БДП на нашата економија, тогаш јасен е изборот што го правиме во енергетскиот сектор денес, дека ова ќе има големо влијание врз иднинатата на нашата економија и благосостојба на граѓаните. Нашата држава е енергетски лидер во регионот, со усвоени и имплементирани закони и подзаконски акти, целосно усогласени со Европската енергетска заедница и на овој начин ја овозможуваме либерализацијата на енергетскиот пазар, рече Битиќи.

The post Нема зошто да се зголемат цените по одмрзнувањето, смета Битиќи appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ние сме земја со најевтина храна во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-nie-sme-zemja-so-najevtina-hrana-vo-regionot/ Mon, 08 May 2023 14:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=638452

Мерките дадоа резултат, смета министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска рече дека Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што владата може да има влијание согласно различни мерки.

Тој вели дека „во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено со октомври кога почна ценовниот шок намалувањето на инфлацијата е речиси седум отсто“. Бектеши смета дека овој тренд на намалување на инфлацијата ќе продолжи, а ако не се случи нешто непредвидливо, очекува во јуни таа да биде под пет отсто.

Иако од октомври до март, разликата меѓу месеците во делот на трошоците за живот на цени на мало, посебно на храната и безалкохолните пијалоци се одвиваше од околу два отсто, само споредбено од март и април оваа година, имаме речиси повеќе од двојно намалување споредбено со другите месеци. Имаме намалување само за еден месец од 5,2 отсто во делот на трошоците на живот на мало за храна и безалкохолни пијалоци, посочи Бектеши.

Министерството за економија, рече Бектеши, секојдневно ги следи случувањата во делот на утврдување на цените и во трговијата на големо и во трговијата на мало, а паралелно на тоа, не се укинати ниедна од мерките во делот на поддршката на стопанството со цел да се зголеми нивната продуктивност, да се зголеми производството, но и конкурентноста.

Во однос на цените на прехранбени производи, Бектеши најави дека Министерството за економија ќе продолжи да оддржува консултации со сите стопански комори, Организацијата на потрошувачи и со сите засегнати страни во делот на дизајнирање на нови мерки на поддршка, посебно на најранливите категории на граѓани.

Само од октомври 2022 до крајот на април годинава, имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава, рече Бектеши.

Според него, цените на суровините и цените на енергенсите се на ниво на кое можат дополнително да се намалуваат, а Владата, како што рече, почнува процес на консултации за дизајнирање на нови мерки со цел да им излезе во пресрет на најранливите категории на граѓани

The post Бектеши: Ние сме земја со најевтина храна во регионот appeared first on Република.

]]>

Мерките дадоа резултат, смета министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска рече дека Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што владата може да има влијание согласно различни мерки. Тој вели дека „во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено со октомври кога почна ценовниот шок намалувањето на инфлацијата е речиси седум отсто“. Бектеши смета дека овој тренд на намалување на инфлацијата ќе продолжи, а ако не се случи нешто непредвидливо, очекува во јуни таа да биде под пет отсто.
Иако од октомври до март, разликата меѓу месеците во делот на трошоците за живот на цени на мало, посебно на храната и безалкохолните пијалоци се одвиваше од околу два отсто, само споредбено од март и април оваа година, имаме речиси повеќе од двојно намалување споредбено со другите месеци. Имаме намалување само за еден месец од 5,2 отсто во делот на трошоците на живот на мало за храна и безалкохолни пијалоци, посочи Бектеши.
Министерството за економија, рече Бектеши, секојдневно ги следи случувањата во делот на утврдување на цените и во трговијата на големо и во трговијата на мало, а паралелно на тоа, не се укинати ниедна од мерките во делот на поддршката на стопанството со цел да се зголеми нивната продуктивност, да се зголеми производството, но и конкурентноста. Во однос на цените на прехранбени производи, Бектеши најави дека Министерството за економија ќе продолжи да оддржува консултации со сите стопански комори, Организацијата на потрошувачи и со сите засегнати страни во делот на дизајнирање на нови мерки на поддршка, посебно на најранливите категории на граѓани.
Само од октомври 2022 до крајот на април годинава, имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава, рече Бектеши.
Според него, цените на суровините и цените на енергенсите се на ниво на кое можат дополнително да се намалуваат, а Владата, како што рече, почнува процес на консултации за дизајнирање на нови мерки со цел да им излезе во пресрет на најранливите категории на граѓани

The post Бектеши: Ние сме земја со најевтина храна во регионот appeared first on Република.

]]>
Мерката за замрзнати цени се продолжува до 31 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/merkata-za-zamrznati-tseni-se-prodolzhuva-do-31-maj/ Fri, 28 Apr 2023 16:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=635089

За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница.

Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија.

Со оваа Одлука, се определени највисоките цени во трговијата на мало на одреден дел од овошјето и на зеленчукот. Килограм свежи домати и килограм свежи краставници ќе чинат до 95 денари. Исто толку ќе чини и килограм грав, а килограм кромид - 70 денари.

Килограм свежи зелени пиперки ќе чинат до 100 денари, 110 денари ќе чини килограм леќа, а 75 денари килограм банани.

Килограм портокали и килограм лимони ќе чинат до 60 денари, а 65 денари за килограм мандарини.

The post Мерката за замрзнати цени се продолжува до 31 мај appeared first on Република.

]]>

За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница.
Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија.
Со оваа Одлука, се определени највисоките цени во трговијата на мало на одреден дел од овошјето и на зеленчукот. Килограм свежи домати и килограм свежи краставници ќе чинат до 95 денари. Исто толку ќе чини и килограм грав, а килограм кромид - 70 денари. Килограм свежи зелени пиперки ќе чинат до 100 денари, 110 денари ќе чини килограм леќа, а 75 денари килограм банани. Килограм портокали и килограм лимони ќе чинат до 60 денари, а 65 денари за килограм мандарини.

The post Мерката за замрзнати цени се продолжува до 31 мај appeared first on Република.

]]>
Паднаа првите кривични пријави за трговци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/padnaa-prvite-krivichni-prijavi-za-trgovtsi/ Fri, 28 Apr 2023 14:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=635060

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство - Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување.

Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од набавената трговска стока - прехрамбени производи, евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 проценти во износ од 5.636.379 денари и данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари.

Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 18.161.097 денари, се посочува во соопштението.

Од Финансиска полиција изразуваат благодарност до сите надлежни институции кои биле дел од оваа акција и најпрофесионално си ја завршиле работата.

УФП додава дека дополнително, проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава, а по завршување на истите со соодветни поднесоци ќе бидат известени надлежните јавни обвинителства.

Инаку, во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти, а во врска со спроведување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 година и Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед бр. 41-3646/3 од 06.04.2023 година (Сл.Весник на РМ, бр.74/23) донесени од Владата, во текот на кои проверки беа констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција, се додава во соопштението.

The post Паднаа првите кривични пријави за трговци appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство - Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување. Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од набавената трговска стока - прехрамбени производи, евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 проценти во износ од 5.636.379 денари и данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари.
Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 18.161.097 денари, се посочува во соопштението.
Од Финансиска полиција изразуваат благодарност до сите надлежни институции кои биле дел од оваа акција и најпрофесионално си ја завршиле работата. УФП додава дека дополнително, проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава, а по завршување на истите со соодветни поднесоци ќе бидат известени надлежните јавни обвинителства.
Инаку, во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти, а во врска со спроведување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 година и Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед бр. 41-3646/3 од 06.04.2023 година (Сл.Весник на РМ, бр.74/23) донесени од Владата, во текот на кои проверки беа констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција, се додава во соопштението.

The post Паднаа првите кривични пријави за трговци appeared first on Република.

]]>
Објавени имињата на маркетите кои продавале по повисоки цени, најавени кривични пријави https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaveni-iminata-na-marketite-koi-prodavale-po-povisoki-tseni-najaveni-krivichni-prijavi/ Wed, 26 Apr 2023 13:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=634322

Во вчерашната акција на Кванташки пазар инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи одземале над 15 тони овошје и зеленчук, соопшти на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој потенцира дека прекршочни пријави ќе има за управителите на „Кванташки"- компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ. Како што посочи, ќе има казни за увозници на овошје и зеленчук како што се компаниите „Савари“, „Астра фреш“, „Атлантик“, „Нектар фреш“, „Ема стил“, „Фрута-Фрукта“, „Стрима“, но и за компании кои се занимаваат со малопродажба како што се „Веро", „Стокомак", „Кипер", „КАМ", „Тинекс", „Зендолино комерц“ и „Миса Мкб“. Тој рече дека во текот на оваа недела ќе бидат доставени и кривични пријави за непочитување на одлуките на Владата.

Бектеши најави дека Одлуката за замрзнати цени на основни прехранбени производи ќе се продолжи и во наредниот период.

Акциите и контролите нема да престанат тука, туку ќе продолжат да се направат секојдневно до завршување на одлуката, а одлуката имајќи во предвид дека не се почитуваше до крај ќе продолжи да важи и во наредниот период, рече Бектеши.

Министерот потенцираше дека избегнување на давачки од над 10.000 евра е кривично дело и веќе се утврдени прекршоци во овој дел за што ќе следат кривични пријави.

Утврдивме дека некоклку компании тоа го направиле, при крај се анализите на Финасиска полиција и за други компании и до петок ќе бидат покренати кривични постапки. Владата, институциите си ја вршат навремено својата работа, со цел да ги заштитат потрошувачите и да не дозволат во вакви времиња да се прават профити, рече Бектеши.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски изјави дека на „Кванташки“ биле констатирани многу прекршоци, каде се затекнати трговци кои не водат евиденција во трговија. Посочи дека одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.

Она што е затекнато е дека и физички лица кои немаат регистрирана дејност вршат продажба на производи. Во рамките на нашите надлежности ќе продолжиме да вршиме контроли низ целата држава и нема да дозволиме непочитување на мерките. Од она што вчера е констатирано е дека има трговци кои не водат евиденција спротивно на член 28, став 1 од Законот за трговија и сторени прекршоци по член 57 став 1 од Законот, член 51 став 1, точка 6 од Законот за трговија одземени се стоки во вредност од 15 тони, кои беа распределени заедно со Агенцијата за одземен имот и се предадени на одредени институции, рече Трајковски.

Тој најави дека од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса.

Апелирам до сите економски субјекти, практиката, едната опција е да си ги земат платните налози и да си платат, а другата опција е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка преку судска постапка. Од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските риочишта и ќе ги застапуваат и ќе ги бранат законските одредби според кои ги изрекле прекршоците. Законите мора да фонкцинираат и ќе функционираат. Нашата цел е доследно почитување на законите и функционирање на системот, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат неправилностите кои ги нарушуваат нивните потрошувачки права, рече Трајковски.

The post Објавени имињата на маркетите кои продавале по повисоки цени, најавени кривични пријави appeared first on Република.

]]>

Во вчерашната акција на Кванташки пазар инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи одземале над 15 тони овошје и зеленчук, соопшти на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Тој потенцира дека прекршочни пријави ќе има за управителите на „Кванташки"- компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ. Како што посочи, ќе има казни за увозници на овошје и зеленчук како што се компаниите „Савари“, „Астра фреш“, „Атлантик“, „Нектар фреш“, „Ема стил“, „Фрута-Фрукта“, „Стрима“, но и за компании кои се занимаваат со малопродажба како што се „Веро", „Стокомак", „Кипер", „КАМ", „Тинекс", „Зендолино комерц“ и „Миса Мкб“. Тој рече дека во текот на оваа недела ќе бидат доставени и кривични пријави за непочитување на одлуките на Владата. Бектеши најави дека Одлуката за замрзнати цени на основни прехранбени производи ќе се продолжи и во наредниот период.
Акциите и контролите нема да престанат тука, туку ќе продолжат да се направат секојдневно до завршување на одлуката, а одлуката имајќи во предвид дека не се почитуваше до крај ќе продолжи да важи и во наредниот период, рече Бектеши.
Министерот потенцираше дека избегнување на давачки од над 10.000 евра е кривично дело и веќе се утврдени прекршоци во овој дел за што ќе следат кривични пријави.
Утврдивме дека некоклку компании тоа го направиле, при крај се анализите на Финасиска полиција и за други компании и до петок ќе бидат покренати кривични постапки. Владата, институциите си ја вршат навремено својата работа, со цел да ги заштитат потрошувачите и да не дозволат во вакви времиња да се прават профити, рече Бектеши.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски изјави дека на „Кванташки“ биле констатирани многу прекршоци, каде се затекнати трговци кои не водат евиденција во трговија. Посочи дека одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.
Она што е затекнато е дека и физички лица кои немаат регистрирана дејност вршат продажба на производи. Во рамките на нашите надлежности ќе продолжиме да вршиме контроли низ целата држава и нема да дозволиме непочитување на мерките. Од она што вчера е констатирано е дека има трговци кои не водат евиденција спротивно на член 28, став 1 од Законот за трговија и сторени прекршоци по член 57 став 1 од Законот, член 51 став 1, точка 6 од Законот за трговија одземени се стоки во вредност од 15 тони, кои беа распределени заедно со Агенцијата за одземен имот и се предадени на одредени институции, рече Трајковски.
Тој најави дека од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса.
Апелирам до сите економски субјекти, практиката, едната опција е да си ги земат платните налози и да си платат, а другата опција е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка преку судска постапка. Од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските риочишта и ќе ги застапуваат и ќе ги бранат законските одредби според кои ги изрекле прекршоците. Законите мора да фонкцинираат и ќе функционираат. Нашата цел е доследно почитување на законите и функционирање на системот, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат неправилностите кои ги нарушуваат нивните потрошувачки права, рече Трајковски.

The post Објавени имињата на маркетите кои продавале по повисоки цени, најавени кривични пријави appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Замрзнати цени не е најдобра мерка, но е нужна кај нас со нарушени пазари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-zamrznati-tseni-ne-e-najdobra-merka-no-e-nuzhna-kaj-nas-so-narusheni-pazari/ Fri, 21 Apr 2023 08:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=632658

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека одлуката за замрзнати цени не е најдобра мерка.

Според него, истата е нужна кај нас со нарушени пазари.

„Се почитува во маркетите, за жал но не и на зелените пазари. И тоа се случува со поединци. Таму каде што ДПИ ќе стигнат и реално не се придржуваат, се казнуваат. Замрзнувањето на цени не е мерка која треба секоја Влада да ја носи. Не е најдобрата мерка, но е нужна кога имате нарушени пазарни релации. Кај нас сакаме сами да одредуваме правила.“, вели Битиќи.

The post Битиќи: Замрзнати цени не е најдобра мерка, но е нужна кај нас со нарушени пазари appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека одлуката за замрзнати цени не е најдобра мерка. Според него, истата е нужна кај нас со нарушени пазари.
„Се почитува во маркетите, за жал но не и на зелените пазари. И тоа се случува со поединци. Таму каде што ДПИ ќе стигнат и реално не се придржуваат, се казнуваат. Замрзнувањето на цени не е мерка која треба секоја Влада да ја носи. Не е најдобрата мерка, но е нужна кога имате нарушени пазарни релации. Кај нас сакаме сами да одредуваме правила.“, вели Битиќи.

The post Битиќи: Замрзнати цени не е најдобра мерка, но е нужна кај нас со нарушени пазари appeared first on Република.

]]>
Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта https://republika.mk/vesti/ekonomija/izvrsheni-650-inspektsiski-nadzori-po-revidiraneto-na-zamrznatite-tseni-konstatirani-prekrshotsi-kaj-22-ekonomski-subjekta/ Thu, 13 Apr 2023 12:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=630597

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен.

Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

The post Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта appeared first on Република.

]]>

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен. Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ. Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

The post Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта appeared first on Република.

]]>
Пиперките 100, доматите 95 денари – ова се новите поскапени цени, ќе се види колку ќе се почитуваат https://republika.mk/vesti/ekonomija/piperkite-100-domatite-95-denari-ova-se-novite-poskapeni-tseni-ke-se-vidi-kolku-ke-se-pochituvaat/ Tue, 11 Apr 2023 12:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=629861

Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пиперки до 100 денари, килограм грав 95.

Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм.

Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.

Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни, истакна министерот.

Бектеши очекува дека ќе се почитува Одлуката која е донесена зашто, како што напомена, последната недела се забележани зголемени увозни цени за над 30 отсто на одредени производи - домати, краставици, кромид и грав.

Овие фактури што веќе се доставуваат во Царинската управа, се пологични од претходните, но ова не значи дека тука завршуваат контролите и инспекциите, подвлече Бектеши.

The post Пиперките 100, доматите 95 денари – ова се новите поскапени цени, ќе се види колку ќе се почитуваат appeared first on Република.

]]>

Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пиперки до 100 денари, килограм грав 95. Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм. Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.
Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни, истакна министерот.
Бектеши очекува дека ќе се почитува Одлуката која е донесена зашто, како што напомена, последната недела се забележани зголемени увозни цени за над 30 отсто на одредени производи - домати, краставици, кромид и грав.
Овие фактури што веќе се доставуваат во Царинската управа, се пологични од претходните, но ова не значи дека тука завршуваат контролите и инспекциите, подвлече Бектеши.

The post Пиперките 100, доматите 95 денари – ова се новите поскапени цени, ќе се види колку ќе се почитуваат appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Замрзнувањето на цените е антиекономска мерка https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zamrznuvaneto-na-tsenite-e-antiekonomska-merka/ Tue, 11 Apr 2023 11:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=629815

Замрзнувањето на цените како мерка за борба против инфлацијата е антитеорија, антипракса и антиекономска мерка, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мислеа дека ако дневно прават прес-конференции со замрзнување на цените ќе се борат против инфлацијата, но тоа не оди така. Денеска ги замрзнуваат цените, а утре ги одмрзнуваат и се додека продолжуваат со ваква политичка гимнастика ќе им се удира од глава. Потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство е повеќе од 43.000 денари, а имајќи ја предвид и инфлацијата се доаѓа до бројка од над 50.000 денари што е многу повеќе од две просечни плати - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Зрновци и додаде дека повеќе половина милион луѓе во земјава живеат со 150 денари на ден.

Според него, еден ден замрзнуваат цени за два дена потоа под притисок на тие луѓе, кон кои, како што кажа, имаат концесија и како луѓе и како политичари повторно да имаат нова седница на Владата и да ги одмрзнат цените на истите производи.

Затоа кога предлагаме предвремени избори мислиме токму на оваа работа. Не е тоа борба за власт, туку борба за подобар живот, односно да сопре процесот на стагнација и на криминал и пљачка и конечно Македонија да почне да се развива онака како што и доликува - посочи Мицкоски.

The post Мицкоски: Замрзнувањето на цените е антиекономска мерка appeared first on Република.

Ќе се одмрзнат, па пак замрзнат цените на зеленчукот и овошјето https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-odmrznat-pa-pak-zamrznat-tsenite-na-zelenchukot-i-ovoshjeto/ Tue, 11 Apr 2023 06:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=629654

Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зелечнукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм.

Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела.

Договорено е да се направи мала корекција на цените, имајќи предвид дека трговците веќе почнале да пријавуваат увозни цени кои кореспондираат со тоа што се дава како фактури во другите држави. Генерално, увезуваме од Турција, Грција, Албанија и Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, во вторник Владата ќе ги коригира замрзнатите цени и ќе има кај одредени производи многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но, никако нема да има цени како сега или пред 10 дена, од 130 до 150 денари. Ниту еден од производите кои беа наведени во одлуката за замрзнување на цените нема да има повисока цена од 100 денари за килограм. Ќе има мала корекција само во делот на доматите и краставиците зашто нема веќе увоз од Турција и од Грција каде што има поголемо производство на овие производи. Генерално, до крајот на месецов увоз се врши од Албанија и еден мал дел од Србија, заради тоа што во Албанија еден месец однапред излегуваат овие производи, рече тогаш Бектеши.

Тој повтори дека нема да се толерираат маржи од 100 или 200 отсто. Ќе продолжат, напомена, и контролите за тоа како е реализиран увозот на овошје и зеленчук последните месеци.

Деновиве почна откупот на лутите пиперки, кои најмногу се извезуваат на пазарот во Србија, а дел завршува и на домашниот.

Последните податоци што биле анализирани со увозниците покажале мало зголемување на увозните декларации на некои производи. Според тоа, истакна Бектеши, би требало да се коригираат и замрзнатите цени.

Корекцијата ќе биде процентуална во зависност од зголемените трошоци за увоз прикажани во Царината од 28 март до денеска. Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално ќе се намали цената на тој производ, а ако е истата, ќе остане иста цената, објасни Бектеши по средбата со увозниците во петокот.

Со Одлука на Владата од 5 април се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Според Одлуката, килограм свежи домати може да чини максимум 70 денари, килограм краставици 75 денари, килограм кромид 60 денари, килограм карфиол 70 денари, килограм свежи зелени пиперки 90 денари, килограм грав 75 денари, килограм леќа 110 денари, килограм банани 70 денари, килограм портокали 55 денари, килограм мандарини 60 денари и килограм лимони 55 денари.

Претходно беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот, додека цената на белиот и на полубелиот леб до 450 грама е замрзната на 33 денари.(МИА)

The post Ќе се одмрзнат, па пак замрзнат цените на зеленчукот и овошјето appeared first on Република.

]]>

Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зелечнукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм. Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела. Договорено е да се направи мала корекција на цените, имајќи предвид дека трговците веќе почнале да пријавуваат увозни цени кои кореспондираат со тоа што се дава како фактури во другите држави. Генерално, увезуваме од Турција, Грција, Албанија и Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, во вторник Владата ќе ги коригира замрзнатите цени и ќе има кај одредени производи многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но, никако нема да има цени како сега или пред 10 дена, од 130 до 150 денари. Ниту еден од производите кои беа наведени во одлуката за замрзнување на цените нема да има повисока цена од 100 денари за килограм. Ќе има мала корекција само во делот на доматите и краставиците зашто нема веќе увоз од Турција и од Грција каде што има поголемо производство на овие производи. Генерално, до крајот на месецов увоз се врши од Албанија и еден мал дел од Србија, заради тоа што во Албанија еден месец однапред излегуваат овие производи, рече тогаш Бектеши. Тој повтори дека нема да се толерираат маржи од 100 или 200 отсто. Ќе продолжат, напомена, и контролите за тоа како е реализиран увозот на овошје и зеленчук последните месеци. Деновиве почна откупот на лутите пиперки, кои најмногу се извезуваат на пазарот во Србија, а дел завршува и на домашниот. Последните податоци што биле анализирани со увозниците покажале мало зголемување на увозните декларации на некои производи. Според тоа, истакна Бектеши, би требало да се коригираат и замрзнатите цени. Корекцијата ќе биде процентуална во зависност од зголемените трошоци за увоз прикажани во Царината од 28 март до денеска. Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално ќе се намали цената на тој производ, а ако е истата, ќе остане иста цената, објасни Бектеши по средбата со увозниците во петокот. Со Одлука на Владата од 5 април се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Според Одлуката, килограм свежи домати може да чини максимум 70 денари, килограм краставици 75 денари, килограм кромид 60 денари, килограм карфиол 70 денари, килограм свежи зелени пиперки 90 денари, килограм грав 75 денари, килограм леќа 110 денари, килограм банани 70 денари, килограм портокали 55 денари, килограм мандарини 60 денари и килограм лимони 55 денари. Претходно беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот, додека цената на белиот и на полубелиот леб до 450 грама е замрзната на 33 денари.(МИА)

The post Ќе се одмрзнат, па пак замрзнат цените на зеленчукот и овошјето appeared first on Република.

]]>
Замрзнатите цени од среда ќе пораснат до 20 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/zamrznatite-tseni-od-sreda-ke-porasnat-do-20-denari/ Mon, 10 Apr 2023 20:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=629610

Владата утре ќе ги корегира цени на 11-те видови овошје и зеленчук кои ги замрзна минатата недела, но по два дена се премисли и најави дека утре ќе ги корегира затоа што прикажаните цени на увозниците не биле точни.

Според изворите на „Сител“ дел од производите ќе поскапат за 5, а дел за 20 денари, но дека поскап производ од 100 денари нема да има.

Цената на 3,4 продукти ќе се зголеми за 20 денари, на 2,3 за 5, а на останатите за 10 денари. Кој производ за колку поскапо ќе се продава – ќе се знае утре, но ако најбарани во моментов се доматите и краставиците, чија цена е замрзната на 70, односно 75 денари, со евентуалното зголемување од 20 денари, би се продавале за 90 и 95 денари. За пиперките неизвесно е колку ќе биде повисоката цена, но нема да биде поголема од 100 денари. Цените ќе се корегираат затоа што увозниците, кои со години доставувале лажни фактури до царина за да платат помал данок, конечно почнале да пријавуваат регуларни цени. Воедно со одлуката ќе им се излезе во пресрет и на домашните оранжерии.

Ова следува откако Владата ги замрзна цените, а трговците се жалеа дека цените се прениски и не им е исплатливо да продаваат по истите. Затоа на пазарите мерката не се почитуваше, а во дел од маркетите производите ги снема од рафтовите.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/gladen-narod-patlidhan-sonuva-zamrznatite-tseni-gi-ispraznija-tezgite/

Надлежните институции до сега направиле контроли кај 30 увозници и трговци на големо и мало, меѓу кои и Кванташки, каде утврдиле лажни фактури и огромни количини овошје и зеленечук скриени во магацините. Во еден од нив најдени се 300 тони грав, кои намерно не се пуштени во продажба. Сите ќе заработат казни, а Царина, Финансиската полиција и УЈП ќе проверуваат за колку милиони евра е оштетен буџетот со лажните фактори.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/firmi-chuvale-zalihi-na-ovoshje-i-zelenchuk-ke-dobijat-kazni-do-10-000-evra/

The post Замрзнатите цени од среда ќе пораснат до 20 денари appeared first on Република.

]]>

Владата утре ќе ги корегира цени на 11-те видови овошје и зеленчук кои ги замрзна минатата недела, но по два дена се премисли и најави дека утре ќе ги корегира затоа што прикажаните цени на увозниците не биле точни. Според изворите на „Сител“ дел од производите ќе поскапат за 5, а дел за 20 денари, но дека поскап производ од 100 денари нема да има.
Цената на 3,4 продукти ќе се зголеми за 20 денари, на 2,3 за 5, а на останатите за 10 денари. Кој производ за колку поскапо ќе се продава – ќе се знае утре, но ако најбарани во моментов се доматите и краставиците, чија цена е замрзната на 70, односно 75 денари, со евентуалното зголемување од 20 денари, би се продавале за 90 и 95 денари. За пиперките неизвесно е колку ќе биде повисоката цена, но нема да биде поголема од 100 денари. Цените ќе се корегираат затоа што увозниците, кои со години доставувале лажни фактури до царина за да платат помал данок, конечно почнале да пријавуваат регуларни цени. Воедно со одлуката ќе им се излезе во пресрет и на домашните оранжерии.
Ова следува откако Владата ги замрзна цените, а трговците се жалеа дека цените се прениски и не им е исплатливо да продаваат по истите. Затоа на пазарите мерката не се почитуваше, а во дел од маркетите производите ги снема од рафтовите. https://republika.mk/vesti/ekonomija/gladen-narod-patlidhan-sonuva-zamrznatite-tseni-gi-ispraznija-tezgite/ Надлежните институции до сега направиле контроли кај 30 увозници и трговци на големо и мало, меѓу кои и Кванташки, каде утврдиле лажни фактури и огромни количини овошје и зеленечук скриени во магацините. Во еден од нив најдени се 300 тони грав, кои намерно не се пуштени во продажба. Сите ќе заработат казни, а Царина, Финансиската полиција и УЈП ќе проверуваат за колку милиони евра е оштетен буџетот со лажните фактори. https://republika.mk/vesti/ekonomija/firmi-chuvale-zalihi-na-ovoshje-i-zelenchuk-ke-dobijat-kazni-do-10-000-evra/

The post Замрзнатите цени од среда ќе пораснат до 20 денари appeared first on Република.

]]>
Пазарниот инспекторат на терен, се врши контрола на увозниците на зеленчук и овошје https://republika.mk/vesti/ekonomija/pazarniot-inspektorat-na-teren-se-vrshi-kontrola-na-uvoznitsite-na-zelenchuk-i-ovoshje/ Sat, 08 Apr 2023 08:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=628569

Од утринава Државниот пазарен инспекторат, заедно со финансова полиција и Управата за јавни приходи (УЈП) се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје.

Извори за „Локално“ велат дека претставници на овие институции го „окупирале“ и кванташки пазар, каде се вршат детални контроли.

Во првите четири месеци од годината кај нас генерално се увезува зеленчук и овошје од Турција, Грција, Албанија и од Србија. Со Србија и Албанија кои се во ЦЕФТА немаме царини, а со Грција и Турција има, а се плаќа и 5 отсто ДДВ за увезеното овошје или зеленчук.

Со одлука на Владата од 5 април се определени највисоките цени во трговијата на мало за свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони. Килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

The post Пазарниот инспекторат на терен, се врши контрола на увозниците на зеленчук и овошје appeared first on Република.

]]>

Од утринава Државниот пазарен инспекторат, заедно со финансова полиција и Управата за јавни приходи (УЈП) се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Извори за „Локално“ велат дека претставници на овие институции го „окупирале“ и кванташки пазар, каде се вршат детални контроли. Во првите четири месеци од годината кај нас генерално се увезува зеленчук и овошје од Турција, Грција, Албанија и од Србија. Со Србија и Албанија кои се во ЦЕФТА немаме царини, а со Грција и Турција има, а се плаќа и 5 отсто ДДВ за увезеното овошје или зеленчук. Со одлука на Владата од 5 април се определени највисоките цени во трговијата на мало за свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони. Килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

The post Пазарниот инспекторат на терен, се врши контрола на увозниците на зеленчук и овошје appeared first on Република.

]]>
Зеленчук веќе снемува https://republika.mk/vesti/ekonomija/zelenchuk-veke-snemuva/ Thu, 06 Apr 2023 13:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=628026

По замрзнувањето на цените на зеленчукот се трошат последните залихи на тезгите на Градскиот пазар во Штип, но и по супер маркетите. Ванчо Ѓеорѓиев трговец на Градскиот пазар во Штип, кој со години има тезга на која продава зеленчук и овошје вели дека ги троши последните залихи на домат, краставица, пиперки, но и на грав.

Немаме роба, не смееме да товараме роба од магацините по старата цена. Ова е робата што ни остана од пред неколку дена, таа ја продаваме, вели Ѓеорѓиев.

Слична состојба и во Скопје:

https://republika.mk/vesti/ekonomija/gladen-narod-patlidhan-sonuva-zamrznatite-tseni-gi-ispraznija-tezgite/

Прашан дали ќе имаат нови пратки од зеленчук, Ѓеорѓиев посочува дека магацините од кои набавуваат не им нудат зеленчук и овошје по замрзната цена.

Магацините си ја држат цената, а тука на нас ни е намалена и ние не можеме да ја работиме, продаваме таа роба. Нема домат, нема краставици, нема и грав. На гравот му бараат 130 денари, а ние овде на тезгата мора да го продаваме по 75 денари, затоа и не го земаме. Утре на пазар ќе нема грав и останати работи, вели Ѓеорѓиев.

Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев за МИА потврдува дека трговците кои имаат закупено тезги на пазарот во Штип ги трошат последните залихи од зеленчукот, кој е веќе со замрзната цена. Забележува дека математиката меѓу нив и увозниците не се совпаѓа и затоа не набавуваат нови колични на зеленчук за продажба. Посочува дека трговците ова и го очекувале да останат без зеленчук на тезгите по замрзнувањето на цените.

The post Зеленчук веќе снемува appeared first on Република.

]]>

По замрзнувањето на цените на зеленчукот се трошат последните залихи на тезгите на Градскиот пазар во Штип, но и по супер маркетите. Ванчо Ѓеорѓиев трговец на Градскиот пазар во Штип, кој со години има тезга на која продава зеленчук и овошје вели дека ги троши последните залихи на домат, краставица, пиперки, но и на грав.
Немаме роба, не смееме да товараме роба од магацините по старата цена. Ова е робата што ни остана од пред неколку дена, таа ја продаваме, вели Ѓеорѓиев.
Слична состојба и во Скопје:
https://republika.mk/vesti/ekonomija/gladen-narod-patlidhan-sonuva-zamrznatite-tseni-gi-ispraznija-tezgite/ Прашан дали ќе имаат нови пратки од зеленчук, Ѓеорѓиев посочува дека магацините од кои набавуваат не им нудат зеленчук и овошје по замрзната цена.