закон за здруженија и фондации Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-zdruzenija-i-fondacii/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 12:33:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за здруженија и фондации Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-zdruzenija-i-fondacii/ 32 32 Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар https://republika.mk/vesti/makedonija/so-zdruzhenijata-koishto-nema-da-go-pochituvaat-zakonot-ke-postapuva-tsentralniot-registar/ Fri, 24 Feb 2023 12:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=612755

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови.

Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.

Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.

Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар appeared first on Република.

]]>

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови. Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.
Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.
Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар appeared first on Република.

]]>
Ковачевски контра Османи: Ни сегашниот ни новиот закон за здруженија кој допрва треба да се донесе нема да бидат пратени во Венецијанската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kontra-osmani-ni-segashniot-ni-noviot-zakon-za-zdruzenija-koj-doprva-treba-da-se-donese-nema-da-bidat-prateni-vo-venecijanskata-komisija/ Sun, 13 Nov 2022 13:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=573260

На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови  треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата, а како што вели, не би го испраќал на разгледување во Венецијанската комисија најавениот целосно нов закон за здруженија.

Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

-Во однос на  Венецијанската комисија ние сме држава којашто има изградени висок демократски капацитет во заштитата на човековите права, кај нас може секој граѓанин да се органзиира слободно  или во невладино здружение или во кој било друг вид  на здружување согласно со законите. За мене воопшто не е спорно нашите закони да  бидат проверени од страна на европски институции  особено имајќи го во пердвид фактот дека неделава веќе го започнавме билатералниот скрининг со Европската унја,  каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството во детали ќе биде разгледано од страна на Европската  комисија  како дел од преговарачкиот процес и нормално е дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ, изјави Ковачевски.

Уште стои на ставот дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство.

Прашан дали ќе го послуша министерот Османи и во најскоро време ќе одржат владина седница на која законот за здруженија и донесените измени ќе ги испратат во Венецијанската комисија, потенцираше дека никој никого не мора да слуша и оти за односи со Венецијанската комисија е задолжено Министерството за правда.

-На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани којшто беше донесен едногласно  од сите пратеници и откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи  разгледување на тој закон тогаш можеме и а донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно сите го донеле тој закон ќе се применува  во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Македонија, а бугарските за Бугарија, рече Ковачевски.

Во однос на тоа дали новиот закон кој е во најава, а во иднина и сите други закони посебно што се однесуваат на односите со Бугарија ќе одат на анализа и мислење во Венецијанската комисија рече дека не би го пратиле новиот закон, и оти тоа не било пракса досега.

– Не, па така не било ниту досега. Ние имаме закони кои се носат секојдневно во нашето Собрание, освен оние што ги блокира опозицијата и не може да се донесат а се значајни за граѓаните, меѓутоа нема закони коишто заради таква причина оделе на разгледување во Венецијанската комисија. Нашето зкаонодавство 45 проценти е веќе усогалсено  со законодавството на ЕУ и останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено  целото законодавство на државата, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски контра Османи: Ни сегашниот ни новиот закон за здруженија кој допрва треба да се донесе нема да бидат пратени во Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>

На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови  треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија. Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата, а како што вели, не би го испраќал на разгледување во Венецијанската комисија најавениот целосно нов закон за здруженија.   Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.
-Во однос на  Венецијанската комисија ние сме држава којашто има изградени висок демократски капацитет во заштитата на човековите права, кај нас може секој граѓанин да се органзиира слободно  или во невладино здружение или во кој било друг вид  на здружување согласно со законите. За мене воопшто не е спорно нашите закони да  бидат проверени од страна на европски институции  особено имајќи го во пердвид фактот дека неделава веќе го започнавме билатералниот скрининг со Европската унја,  каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството во детали ќе биде разгледано од страна на Европската  комисија  како дел од преговарачкиот процес и нормално е дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ, изјави Ковачевски.
Уште стои на ставот дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство. Прашан дали ќе го послуша министерот Османи и во најскоро време ќе одржат владина седница на која законот за здруженија и донесените измени ќе ги испратат во Венецијанската комисија, потенцираше дека никој никого не мора да слуша и оти за односи со Венецијанската комисија е задолжено Министерството за правда. -На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани којшто беше донесен едногласно  од сите пратеници и откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи  разгледување на тој закон тогаш можеме и а донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно сите го донеле тој закон ќе се применува  во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Македонија, а бугарските за Бугарија, рече Ковачевски. Во однос на тоа дали новиот закон кој е во најава, а во иднина и сите други закони посебно што се однесуваат на односите со Бугарија ќе одат на анализа и мислење во Венецијанската комисија рече дека не би го пратиле новиот закон, и оти тоа не било пракса досега. – Не, па така не било ниту досега. Ние имаме закони кои се носат секојдневно во нашето Собрание, освен оние што ги блокира опозицијата и не може да се донесат а се значајни за граѓаните, меѓутоа нема закони коишто заради таква причина оделе на разгледување во Венецијанската комисија. Нашето зкаонодавство 45 проценти е веќе усогалсено  со законодавството на ЕУ и останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено  целото законодавство на државата, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски контра Османи: Ни сегашниот ни новиот закон за здруженија кој допрва треба да се донесе нема да бидат пратени во Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>
Иницијативата Законот за здруженија да се испрати до Венецијанската комисија е на министерот Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/inicijativata-zakonot-za-zdruzenija-da-se-isprati-do-venecijanskata-komisija-e-na-ministerot-osmani/ Sat, 12 Nov 2022 15:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=573053

Министерот за надворешни работи открива дека иницијативата – Венецијанската комисија да се произнесе за донесените измени во Закон за здруженија е негова, бидејќи, како што вели, не смееме да го нарушиме имиџот на земја која се гордее со почитување на човековите права. Бугарија почнува сериозна кампања во европските институции во врска со новиот Закон , па затоа, како што вели, ни требаат сите мислења за неговата оправданост.

На денешниот брифинг во МНР, Османи се осврна на дводневната посета на Софија.

Вели дека бил во мисија на превентивна дипломатија, бидејќи смета дека во последно време е нарушена атмосферата и комуникацијата со Софија.

Информираше за остварените средби во Софија, со премиерот Галаб Донев, со бугарскиот министер за надворешни работи Милков и средбите со речиси сите лидери на парламетарните политички партии во Република Бугарија.На средбите со речиси сите политички чинители шефот на македонската дипломатија добил позитивен впечаток за иднината на нашите односи, а биле договорени и конкретни заклучоци.

https://republika.mk/vesti/balkan/osmani-komunikacijata-so-bugarija-mora-da-bide-postojana-i-intenzivna/

The post Иницијативата Законот за здруженија да се испрати до Венецијанската комисија е на министерот Османи appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи открива дека иницијативата – Венецијанската комисија да се произнесе за донесените измени во Закон за здруженија е негова, бидејќи, како што вели, не смееме да го нарушиме имиџот на земја која се гордее со почитување на човековите права. Бугарија почнува сериозна кампања во европските институции во врска со новиот Закон , па затоа, како што вели, ни требаат сите мислења за неговата оправданост. На денешниот брифинг во МНР, Османи се осврна на дводневната посета на Софија. Вели дека бил во мисија на превентивна дипломатија, бидејќи смета дека во последно време е нарушена атмосферата и комуникацијата со Софија. Информираше за остварените средби во Софија, со премиерот Галаб Донев, со бугарскиот министер за надворешни работи Милков и средбите со речиси сите лидери на парламетарните политички партии во Република Бугарија.На средбите со речиси сите политички чинители шефот на македонската дипломатија добил позитивен впечаток за иднината на нашите односи, а биле договорени и конкретни заклучоци. https://republika.mk/vesti/balkan/osmani-komunikacijata-so-bugarija-mora-da-bide-postojana-i-intenzivna/

The post Иницијативата Законот за здруженија да се испрати до Венецијанската комисија е на министерот Османи appeared first on Република.

]]>
Законот е изгласан, власта да почне да го применува и да го затвори „Цар Борис“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-e-izglasan-vlasta-da-pochne-da-go-primenuva-i-da-go-zatvori-car-boris/ Thu, 10 Nov 2022 08:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=572143

Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот „Цар Борис“, кој носи име на нацистички соработник, велат од ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи дека законот е донесен и изгласан во Собранието, и затоа треба веднаш да се почне со примена.

Името на клубот „Цар Борис“, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер. Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар. Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Законот е изгласан, власта да почне да го применува и да го затвори „Цар Борис“ appeared first on Република.

Тупанчески: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-evropskata-praksa-pokaza-deka-zakon-moze-da-bide-proveren-od-venecijanskata-komisija-i-po-negovoto-donesuvanje/ Wed, 09 Nov 2022 12:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=571883

Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции кои во формална смисла би довеле до Европскиот суд за човекови права. Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесување.

Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека во иднина можеби добро би било оваа пракса да продолжи и во иднина, но тоа да биде пред донесувањето на законите затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права, изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-so-koj-se-zabranija-car-boris-i-vancho-mihajlov-moze-i-da-ne-profuncionira-ako-taka-kaze-eu/

The post Тупанчески: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување appeared first on Република.

Законот со кој се забранија „Цар Борис“ и Ванчо Михајлов“ може и да не профунционира, ако така каже ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-so-koj-se-zabranija-car-boris-i-vancho-mihajlov-moze-i-da-ne-profuncionira-ako-taka-kaze-eu/ Wed, 09 Nov 2022 10:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=571834

Измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали одат на Венецијанска комисија или не, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг што го имаме со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Ковачевски нагласи дека не очекува овој Закон да претрпи усогласувања, бидејќи алудира само на тоа дека треба да се внимава на чувствата на нашите граѓани што се однесуваат на користење на имиња од периодот на Втора светска војна при организирање какви било клубови или трговски друштва.

– Мојот став е дека нам ни треба нов закон за здруженија на граѓани и Министерството за правда работи на изготвување на комплетен закон, што ќе ги вклучи сите политички партии и експерти. Уште стојам на ставот дека како основа треба да биде земено германското законодавство, кое на многу висок степен ги има решено здружувањата на граѓаните, истакна премиерот.

Во однос на Културниот центар во Благоевград, тој посочи дека веќе разговарал со бугарскиот премиер Галаб Донев и штом ќе бидат испратени документите, а потоа и разгледани од властите на Бугарија, ќе може да се пристапи кон негово формирање и отворање на соодветен начин.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера во Софија на прес-конференција со бугарскиот колега, Николај Милков најави дека ќе и препорача на Владата по неодамна усвоените измени на Закон за здруженија и фондации, тој да биде испратен во Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија

The post Законот со кој се забранија „Цар Борис“ и Ванчо Михајлов“ може и да не профунционира, ако така каже ЕУ appeared first on Република.

]]>

Измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали одат на Венецијанска комисија или не, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг што го имаме со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања, вели премиерот Димитар Ковачевски. Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Ковачевски нагласи дека не очекува овој Закон да претрпи усогласувања, бидејќи алудира само на тоа дека треба да се внимава на чувствата на нашите граѓани што се однесуваат на користење на имиња од периодот на Втора светска војна при организирање какви било клубови или трговски друштва.
– Мојот став е дека нам ни треба нов закон за здруженија на граѓани и Министерството за правда работи на изготвување на комплетен закон, што ќе ги вклучи сите политички партии и експерти. Уште стојам на ставот дека како основа треба да биде земено германското законодавство, кое на многу висок степен ги има решено здружувањата на граѓаните, истакна премиерот.
Во однос на Културниот центар во Благоевград, тој посочи дека веќе разговарал со бугарскиот премиер Галаб Донев и штом ќе бидат испратени документите, а потоа и разгледани од властите на Бугарија, ќе може да се пристапи кон негово формирање и отворање на соодветен начин. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера во Софија на прес-конференција со бугарскиот колега, Николај Милков најави дека ќе и препорача на Владата по неодамна усвоените измени на Закон за здруженија и фондации, тој да биде испратен во Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија

The post Законот со кој се забранија „Цар Борис“ и Ванчо Михајлов“ може и да не профунционира, ако така каже ЕУ appeared first on Република.

]]>
Јотова за нашиот закон за здруженија: Македонското собрание е собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони https://republika.mk/vesti/makedonija/jotova-za-nashiot-zakon-za-zdruzenija-makedonskoto-sobranie-e-sobranie-na-edna-suverena-drzava-koja-ima-pravo-da-donesuva-sekakvi-zakoni/ Fri, 04 Nov 2022 19:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=569713

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во Битола порача дека е почнат процес за приклучување на Република Македонија во ЕУ, каде што, како што изјави, според неа, е местото на земјата.

На куса средба со новинарите, Јотова нагласи дека повод за нејзиниот престој во преспанско-пелагонискиот регион е утрешниот верски празник Задушница.

На новинарско прашање во врска со неодамна донесиот Закон за здруженија на граѓани и фондации во Македонија, Јотова изјави дека македонското Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако, има одговорност за нивното донесување.

Вашето народно Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако одговорност за нивното донесување. Нас тоа што не интересира е да видиме како ќе дејствува тој закон во наредниот период. Ние започнавме процес за приклучување на Република Македонија во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја. Мислам дека многу од нашите проблеми кои се уште ги имаме, ќе имаат решение само тогаш кога еден ден ние сите заедно ќе бидеме дел од големото европско семејство. Тешко беше да се дојде до првата меѓувладина конференција, но од тука па понатаму, договорот меѓу двете држави од 2017 година и договорот за добрососедство, не се само договори меѓу двете држави туку договори од европското законодавство и освен Бугарија и европските институции членки на унијата ќе внимаваат на нивното исполнување, а со тоа и на нашите заеднички цели, истакна Јотова.

По денешниот престој во Преспа, Јотова најави дека утре ќе ги посети бугарските воени гробишта во битолското село Цапари.

Мојата посета е поврзана за утрешниот ден, големиот верски празник Задушница. Од 1924 година во Бугарија тоа е ден на кој се оддава почит за сите загинати бугарски војници во разни војни исо цел да нема војни во иднина. Утре јас ќе ги посетам бугарските воени гробишта во селото Цапари, изјави Јотова.

The post Јотова за нашиот закон за здруженија: Македонското собрание е собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во Битола порача дека е почнат процес за приклучување на Република Македонија во ЕУ, каде што, како што изјави, според неа, е местото на земјата. На куса средба со новинарите, Јотова нагласи дека повод за нејзиниот престој во преспанско-пелагонискиот регион е утрешниот верски празник Задушница. На новинарско прашање во врска со неодамна донесиот Закон за здруженија на граѓани и фондации во Македонија, Јотова изјави дека македонското Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако, има одговорност за нивното донесување.
Вашето народно Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако одговорност за нивното донесување. Нас тоа што не интересира е да видиме како ќе дејствува тој закон во наредниот период. Ние започнавме процес за приклучување на Република Македонија во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја. Мислам дека многу од нашите проблеми кои се уште ги имаме, ќе имаат решение само тогаш кога еден ден ние сите заедно ќе бидеме дел од големото европско семејство. Тешко беше да се дојде до првата меѓувладина конференција, но од тука па понатаму, договорот меѓу двете држави од 2017 година и договорот за добрососедство, не се само договори меѓу двете држави туку договори од европското законодавство и освен Бугарија и европските институции членки на унијата ќе внимаваат на нивното исполнување, а со тоа и на нашите заеднички цели, истакна Јотова.
По денешниот престој во Преспа, Јотова најави дека утре ќе ги посети бугарските воени гробишта во битолското село Цапари.
Мојата посета е поврзана за утрешниот ден, големиот верски празник Задушница. Од 1924 година во Бугарија тоа е ден на кој се оддава почит за сите загинати бугарски војници во разни војни исо цел да нема војни во иднина. Утре јас ќе ги посетам бугарските воени гробишта во селото Цапари, изјави Јотова.

The post Јотова за нашиот закон за здруженија: Македонското собрание е собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони appeared first on Република.

]]>
Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-predviduvat-izmenite-na-zakonot-vancho-mihajlov-i-car-boris-imaat-tri-meseci-da-go-smenat-imeto-i-statusot-vo-sprotivno-kje-bidat-izbrishani-od-registarot/ Thu, 03 Nov 2022 08:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=569050

Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

Со измените на двата закони се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени.

Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата.

-Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи.

Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја.

Таа потенцира дека речиси осум месеци по отворањето на таканаречениот културен клуб Иван Ванчо Михајлов во Битола, и иако премиерот на 28.04.2022 година од Собрание, како што рече, ветуваше функционалност на сите институции во насока на спречување на процесите на отворање „културни клубови“ со имиња на контраверзни личности и програми, денеска на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата законски се затвори ова прашање што воопшто и не требаше никогаш да се отвори.

Мизрахи најави дека ќе разгледуваат и други закони каде што ќе треба да се интервернира, како што е Законот за трговски друштва.

Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон.

-Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска.

Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел.

– Таа цел произлегува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава.

Предложените законски измени на двете партии успедија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“.

– Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот.

Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер.

Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон.

Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст.

Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

– Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите.

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности, пак, пред неколку дена го оцени како негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

The post Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот appeared first on Република.

]]>

Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Со измените на двата закони се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени. Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата. -Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи. Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја. Таа потенцира дека речиси осум месеци по отворањето на таканаречениот културен клуб Иван Ванчо Михајлов во Битола, и иако премиерот на 28.04.2022 година од Собрание, како што рече, ветуваше функционалност на сите институции во насока на спречување на процесите на отворање „културни клубови“ со имиња на контраверзни личности и програми, денеска на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата законски се затвори ова прашање што воопшто и не требаше никогаш да се отвори. Мизрахи најави дека ќе разгледуваат и други закони каде што ќе треба да се интервернира, како што е Законот за трговски друштва. Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон.
-Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска.
Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел. – Таа цел произлегува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава. Предложените законски измени на двете партии успедија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“. – Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот. Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер. Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст. Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.
– Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите.
Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности, пак, пред неколку дена го оцени како негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

The post Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот appeared first on Република.

]]>
Здруженија и партии не ќе смеат да содржат имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица поврзани со фашизам https://republika.mk/vesti/makedonija/zdruzenija-i-partii-ne-kje-smeat-da-sodrzat-iminja-preziminja-prekari-psevdonimi-kratenki-i-inicijali-na-lica-povrzani-so-fashizam/ Tue, 01 Nov 2022 13:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=568324

Предлог измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, по скратена постапка, денеска го поминаа филтерот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Пред да се најдат на пленарна седница, овие измени на предлог-законите, треба да добијат поддршка и од Законодавно-правната комисија.

Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ тогаш го образложи предлогот напомнувајќи дека со него би требало да се стави крај на отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или активности спротивни на Уставот.

Со предложените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“.

Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во предложениот нов став во членот 8 од Законот.

Според Предлог законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер.

Во преодните и завршните одредби на Предлог измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон.

Додека, пак, целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, поднесен од координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска, е да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и националсоцијализмот.

Во вакви услови на провокации кои предизвикуваат крајно негативни чувства кај граѓаните, предлагаме законот да се донесе во скратена постапка. Апсолутно, да нема никакви дилеми, немаме против никакво здружување, но мора да застанеме во одбрана на нашите темели, а тоа се антифашистичките вредност. Предлагаме, политичките партии во своите програми да не можат да бидат насочени кон разгорување омраза, етничка или каква било друга нетрпеливост, ширење фашизам, нацизам, рече Митрески, образложувајќи го Предлогот.

Со предлог законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, се наведува во предложениот текст.

Во образложението на Законот, објавен на веб страната на Собранието, стои дека со Предлог законот се заштитуваат демократските вредности како и принципите на правната сигурност на граѓаните во едно демократско општество. Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии содржи четири члена.

Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, се предлага во еден од ставовите.

Политичките партии ќе треба да ги усогласат своите имиња со овој закон во рок од три месеци.

Предложените законски измени на двете партии следат по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

The post Здруженија и партии не ќе смеат да содржат имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица поврзани со фашизам appeared first on Република.

]]>

Предлог измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, по скратена постапка, денеска го поминаа филтерот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Пред да се најдат на пленарна седница, овие измени на предлог-законите, треба да добијат поддршка и од Законодавно-правната комисија. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ тогаш го образложи предлогот напомнувајќи дека со него би требало да се стави крај на отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или активности спротивни на Уставот. Со предложените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“.
Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во предложениот нов став во членот 8 од Законот.
Според Предлог законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер. Во преодните и завршните одредби на Предлог измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Додека, пак, целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, поднесен од координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска, е да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и националсоцијализмот.
Во вакви услови на провокации кои предизвикуваат крајно негативни чувства кај граѓаните, предлагаме законот да се донесе во скратена постапка. Апсолутно, да нема никакви дилеми, немаме против никакво здружување, но мора да застанеме во одбрана на нашите темели, а тоа се антифашистичките вредност. Предлагаме, политичките партии во своите програми да не можат да бидат насочени кон разгорување омраза, етничка или каква било друга нетрпеливост, ширење фашизам, нацизам, рече Митрески, образложувајќи го Предлогот.
Со предлог законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, се наведува во предложениот текст. Во образложението на Законот, објавен на веб страната на Собранието, стои дека со Предлог законот се заштитуваат демократските вредности како и принципите на правната сигурност на граѓаните во едно демократско општество. Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии содржи четири члена. Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.
Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, се предлага во еден од ставовите.
Политичките партии ќе треба да ги усогласат своите имиња со овој закон во рок од три месеци. Предложените законски измени на двете партии следат по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

The post Здруженија и партии не ќе смеат да содржат имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица поврзани со фашизам appeared first on Република.

]]>
Ако предложените измени на Законот за здруженија и фондации се добри и конструктивни ќе бидат прифатени, најави Тупанчески https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-predlozenite-izmeni-na-zakonot-za-zdruzenija-i-fondacii-se-dobri-i-konstruktivni-kje-bidat-prifateni-najavi-tupancheski/ Thu, 20 Oct 2022 09:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=563474

Секое добро решение ќе биде прифатено, што отсекогаш тоа било мое животно и професионално мото, без разлика дали доаѓа од власта или опозиција – ако предлогот е добар и конструктивен ќе биде прифатен, изјави министерот за правда Никола Тупанчески коментирајќи го Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации поднесен до Собранието од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со кој треба да се спречи имиња на контроверзни личност да бидат вклучени во називите на здруженија на граѓани.

Таа Комисија или ад хок тело, кое што веќе е формирано заседаваше во неколку наврати. Сериозно си ја сфати својата обврска да се произнесува во однос на тоа дали историските ликови кои што имаат контроверзно минато можат да бидат дел од името на здружението, односно на фондацијата. Во таа насока, тоа е советодавно тело – повторувам, меѓутоа еве треба да се каже уште едно нешто, да се потенцира дека во моментов во Собрание се измени и дополни на Законот за здруженија и фондации, што всушност истовремено се движат во насока колку што е можно попронтно итно да бидат решени состојбите коишто не дозволуваат чекање на носење на нов закон, истакна Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата”.

Тој нагласи дека до донесувањето на новиот закон, целта на овие измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, за чие усвојување практично има консензус и од опозицијата и од власта, е да може веднаш да се реагира и да се амортизираат, односно неутрализираат состојбите коишто настанаа во оваа сфера.

На новинарско прашање дали ќе побара преименување на постојните бугарски здруженија, во однос на чии цели веќе реагираа и граѓани и Комисијата за спречување на дискриминација, Тупанчевски изјави дека легалистички гледано одредбите не треба да се применуваат ретроактивно, меѓутоа доколку се констатира дека има одредена неправилност или активност што не е во согласност со законот, има и други институции кои имаат можност да постапуваат.

По сето она што е во рамките на Министерството за правда ќе биде постапено. Меѓутоа, дефинитивно, за жал, постојниот закон не дозволува големи можности за реакција од страна на Министерството за правда. По донесувањето на новите измени, зависи какви ќе бидат измените, бидејќи има одредени амандмани, ќе треба тие попрецизно да се уредат и она што се нарекува правна празнина да биде пополнета. Во таа насока сигурно и точно ќе се знае кое тело со какви надлежности ќе биде и во кое време треба да постапи, истакна министерот Тупанчески.

The post Ако предложените измени на Законот за здруженија и фондации се добри и конструктивни ќе бидат прифатени, најави Тупанчески appeared first on Република.

]]>

Секое добро решение ќе биде прифатено, што отсекогаш тоа било мое животно и професионално мото, без разлика дали доаѓа од власта или опозиција – ако предлогот е добар и конструктивен ќе биде прифатен, изјави министерот за правда Никола Тупанчески коментирајќи го Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации поднесен до Собранието од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со кој треба да се спречи имиња на контроверзни личност да бидат вклучени во називите на здруженија на граѓани.
Таа Комисија или ад хок тело, кое што веќе е формирано заседаваше во неколку наврати. Сериозно си ја сфати својата обврска да се произнесува во однос на тоа дали историските ликови кои што имаат контроверзно минато можат да бидат дел од името на здружението, односно на фондацијата. Во таа насока, тоа е советодавно тело – повторувам, меѓутоа еве треба да се каже уште едно нешто, да се потенцира дека во моментов во Собрание се измени и дополни на Законот за здруженија и фондации, што всушност истовремено се движат во насока колку што е можно попронтно итно да бидат решени состојбите коишто не дозволуваат чекање на носење на нов закон, истакна Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата”.
Тој нагласи дека до донесувањето на новиот закон, целта на овие измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, за чие усвојување практично има консензус и од опозицијата и од власта, е да може веднаш да се реагира и да се амортизираат, односно неутрализираат состојбите коишто настанаа во оваа сфера. На новинарско прашање дали ќе побара преименување на постојните бугарски здруженија, во однос на чии цели веќе реагираа и граѓани и Комисијата за спречување на дискриминација, Тупанчевски изјави дека легалистички гледано одредбите не треба да се применуваат ретроактивно, меѓутоа доколку се констатира дека има одредена неправилност или активност што не е во согласност со законот, има и други институции кои имаат можност да постапуваат.
По сето она што е во рамките на Министерството за правда ќе биде постапено. Меѓутоа, дефинитивно, за жал, постојниот закон не дозволува големи можности за реакција од страна на Министерството за правда. По донесувањето на новите измени, зависи какви ќе бидат измените, бидејќи има одредени амандмани, ќе треба тие попрецизно да се уредат и она што се нарекува правна празнина да биде пополнета. Во таа насока сигурно и точно ќе се знае кое тело со какви надлежности ќе биде и во кое време треба да постапи, истакна министерот Тупанчески.

The post Ако предложените измени на Законот за здруженија и фондации се добри и конструктивни ќе бидат прифатени, најави Тупанчески appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе закон со кој ќе се забрани отворање на фашистички клубови https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-sdsm-dadoa-poddrshka-po-skratena-postapka-da-se-donese-zakon-so-koj-kje-se-zabrani-otvoranje-na-fashistichki-klubovi/ Tue, 18 Oct 2022 06:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=562326

Пратениците од власта и опозицијата во Собранието едногласно дадоа поддршка по скратена постапка да бидат донесени законските решенија со кои се забранува формирање здруженија и партии со спорни имиња и идеологии.

Со 84 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, пратениците од власта и опозицијата дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. PO

Предлогот кој се однесува на здруженијата го образложи пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, напоменувајќи дека со него би требало да се стави крај на отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или активности спротивни на Уставот.

-Последниве седум месеци сме сведоци на отворање т.н. културни клубови под називи на контроверзни личности, нацисти и фашисти. Со овој закон би требало да се стави крај на отворање вакви здруженија и фондации. Со измените се предлага како име, скратено име и/или назив на организација да не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали на лица кои по било кој основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх“, истакна Мизрахи.

Според предложениот текст, организации, здруженија, фондации, сојузи и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации се должни во рок од три месеци од стапување во сила на законските измени, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно наведените одредб

The post ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе закон со кој ќе се забрани отворање на фашистички клубови appeared first on Република.

]]>

Пратениците од власта и опозицијата во Собранието едногласно дадоа поддршка по скратена постапка да бидат донесени законските решенија со кои се забранува формирање здруженија и партии со спорни имиња и идеологии. Со 84 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, пратениците од власта и опозицијата дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. PO Предлогот кој се однесува на здруженијата го образложи пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, напоменувајќи дека со него би требало да се стави крај на отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или активности спротивни на Уставот. -Последниве седум месеци сме сведоци на отворање т.н. културни клубови под називи на контроверзни личности, нацисти и фашисти. Со овој закон би требало да се стави крај на отворање вакви здруженија и фондации. Со измените се предлага како име, скратено име и/или назив на организација да не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали на лица кои по било кој основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх“, истакна Мизрахи. Според предложениот текст, организации, здруженија, фондации, сојузи и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации се должни во рок од три месеци од стапување во сила на законските измени, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно наведените одредб

The post ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе закон со кој ќе се забрани отворање на фашистички клубови appeared first on Република.

]]>