закон за минимална плата Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-minimalna-plata/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Mar 2023 13:31:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за минимална плата Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-minimalna-plata/ 32 32 Битиќи најавува дека со зголемувањето на минималната плата ќе се зголемат и платите во сите сектори https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-najavuva-deka-so-zgolemuvaneto-na-minimalnata-plata-ke-se-zgolema-i-platite-vo-site-sektori/ Sun, 19 Mar 2023 13:31:32 +0000 https://republika.mk/?p=621239

Природно е трендот на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, а нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Битиќи во интервју за 24 Инфо за тоа дали ќе следува покачување на останатите плати во јавниот и приватниот сектор, вели дека вработените во јавниот сектор веќе добија покачување на платите според колективните договори за секоја гранка одделно.

-Со ова покачување на минималната плата ќе се зголемат платите на административците кои имаат засновано работен однос според Законот за административни службеници (ЗАС), додека сите останати кои се под државна капа имаат свои гранкови синдикати кои имаат склучено колективни договори и нивните плати и надоместоци се дефинирани во овие колективни договори, рече Битиќи..

Во врска со приватниот сектор негови очекувања се дека и природно е овој тренд на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, кое секако дека треба да биде проследено со соодветно зголемување на продуктивноста, ефективноста и ефикасноста во работењето на секој наш работник, како во јавниот така и во приватниот сектор.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, во интервјуто потенцира дека нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала.

- Водејќи се според основните економски законитости, ние живеевме и се уште живееме во период на повисоки цени на енергенси и основни прехранбени продукти исклучиво заради нивното намалено производство, а не заради зголемената куповна моќ на домаќинствата. Дополнително енергенсите како и основните прехранбени продукти ги користиме ограничено, односно многу тешко е во пракса да се случи зголемување на нивните цени заради енормно зголемената побарувачка.
Краткорочните предвидувања за до крајот на оваа година, како од страна на меѓународата организација за храна и земјоделие (FAO) поврзано со цените на храната, така и на интернационалната агенција за енергија (IEA) поврзани со цените на енергенсите се дека ќе има нивно понатамошно намалување, но секако со послаба динамика. Овие предвидувања охрабруваат и ни даваат надеж дека нивниот ефект ќе се прелие и врз нашата економија која знаеме дека е скоро 100% увозно зависна од енергенси, и која произведува околу ½ од вкупните потреби за храна, вели Битиќи.

Вицепремиерот потенцира дека 2022 година, според официјалните бројки на Народна Банка сме ја завршиле со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра. Според него, нашата економија нема потреба само од ИТ инженери и работници кои се потребни на ИКТ индустријата, туку има една подолга низа на високо квалификувани профили за кои понудата на работна сила кај нас е многу ограничена или воопшто ја нема

The post Битиќи најавува дека со зголемувањето на минималната плата ќе се зголемат и платите во сите сектори appeared first on Република.

]]>

Природно е трендот на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, а нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Битиќи во интервју за 24 Инфо за тоа дали ќе следува покачување на останатите плати во јавниот и приватниот сектор, вели дека вработените во јавниот сектор веќе добија покачување на платите според колективните договори за секоја гранка одделно. -Со ова покачување на минималната плата ќе се зголемат платите на административците кои имаат засновано работен однос според Законот за административни службеници (ЗАС), додека сите останати кои се под државна капа имаат свои гранкови синдикати кои имаат склучено колективни договори и нивните плати и надоместоци се дефинирани во овие колективни договори, рече Битиќи.. Во врска со приватниот сектор негови очекувања се дека и природно е овој тренд на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, кое секако дека треба да биде проследено со соодветно зголемување на продуктивноста, ефективноста и ефикасноста во работењето на секој наш работник, како во јавниот така и во приватниот сектор. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, во интервјуто потенцира дека нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала.
- Водејќи се според основните економски законитости, ние живеевме и се уште живееме во период на повисоки цени на енергенси и основни прехранбени продукти исклучиво заради нивното намалено производство, а не заради зголемената куповна моќ на домаќинствата. Дополнително енергенсите како и основните прехранбени продукти ги користиме ограничено, односно многу тешко е во пракса да се случи зголемување на нивните цени заради енормно зголемената побарувачка. Краткорочните предвидувања за до крајот на оваа година, како од страна на меѓународата организација за храна и земјоделие (FAO) поврзано со цените на храната, така и на интернационалната агенција за енергија (IEA) поврзани со цените на енергенсите се дека ќе има нивно понатамошно намалување, но секако со послаба динамика. Овие предвидувања охрабруваат и ни даваат надеж дека нивниот ефект ќе се прелие и врз нашата економија која знаеме дека е скоро 100% увозно зависна од енергенси, и која произведува околу ½ од вкупните потреби за храна, вели Битиќи.
Вицепремиерот потенцира дека 2022 година, според официјалните бројки на Народна Банка сме ја завршиле со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра. Според него, нашата економија нема потреба само од ИТ инженери и работници кои се потребни на ИКТ индустријата, туку има една подолга низа на високо квалификувани профили за кои понудата на работна сила кај нас е многу ограничена или воопшто ја нема

The post Битиќи најавува дека со зголемувањето на минималната плата ќе се зголемат и платите во сите сектори appeared first on Република.

]]>
Расправата за Законот за минимална плата продолжува утре https://republika.mk/vesti/makedonija/raspravata-za-zakonot-za-minimalna-plata-prodolzuva-utre/ Mon, 21 Feb 2022 19:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=461642

Собранието попладнево расправаше за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Расправата по овој Предлог на закон продолжува утре во 12 часот.

Пратениците од опозициските партии на собраниската говорница истакнаа дека жалат што мнозинството не ги прифатила нивните амандмани за подобрување на текстот на законот и за скалесто покачување на платите во јавниот и во приватниот сектор. За пратениците од владејачкото мнозинство, овој закон е од големо значење, како што посочија, со кој се излегува во пресрет на работничките права и на нивното унапредување.

Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска од собраниската говорница истакна дека овој предложен закон ја уредува и финансиската помош за исплата и контрола во остварување на финансиска помош за работодавачите, критериумите како фирмите да користат субвенции, од 1.197 денари и ги обврзуваат фирмите да не ги испуштаат работниците за кои зеле субвенција најмалку 1 година.

Не гледам пречка на колегите од опозиција, зошто не сме прифатиле нивни амандмани, бидејќи со нив сакаат директно да извршат упад во матичните закони по сектори и во колективните договори, а претставуваа и суспензија на социјалниот дијалог, истакна Лазаревска.

Таа истакна дека овој закон е „одличен текст“ со кој ќе им се помогне на најранливите категории, кои земаат минимална плата, но тоа ќе влијае и на другите работници и ќе предизвика спирален раст на платите.

Според Благица Ласовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, ова законско решение не е целосно и како што рече ќе предизвика поголем јаз во многу области.

– Многу други работници – вработени во јавниот сектор, со оваа законско решение ќе бидат дискриминирани. Имате шанса да го корегирате оваа законско решение. Стоиме на располагање. Сметаме дека доколку нашето амандманско решение го земате како пример за измена и дополнување на законот за минимална плата, тогаш можеме да зборуваме за фер пристап на државата кон сите вработени во приватен и јавен сектор, рече Ласовска.

Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците истакна дека зголемувањето на минималната плата наметнува и повлекува можност за зголемување и на другите плати.

Наш предлог беше еквивалентно зголемување, како што се зголемува минималната плата да се зголемат и другите плати кај јавните службеници врз основа на коефициентот на сложеност. Зголемувањето по закон без притоа да се засноваме на економскиот раст, не се ефикасни, бидејќи сето тоа може да доведе до други проблеми. Зголемување што само со закон се воведува а не подразбира и усогласување со економскиот раст подразбира сива економија, отпуштање на вработени. Не треба само да ги зголемиме платите, туку и да создаваме и услови за економски раст, рече Незири.

Според пратеникот на ДУИ, Бедри Фазли, зголемувањето на минималната плата е систематско и издржано решение, кое, како што рече, ќе влијае во производството и конкуренцијата.

Стојан Миланов, пратеник на Социјалистичка партија на Македонија посочи дека системот мора да се прилагоди на уставните одредби и да се овозможи усогласување со социјалната сфера. Тој рече дека СПМ предлага донесување на „нов општествен договор“, со кој, како што вели, „ќе се обезбеди реална и праведна распределба на општествениот производ“.

Претходно, на почетокот на расправата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, рече дека тој е подготвен во дијалог со работодавците и работниците, и е донесено решение кои го поддржуваат сите, а тоа е минималната плата да биде 18.000 денари.

Законот ја утврдува минималната плата, која за месец март, заклучно со исплатите за март, треба да биде во висина од 18.000 денари. Државата мисли и на работодавците. Во самиот Предлог закон е предвидено државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите за минималната плата, која во моментов е 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа од март а која ќе изнесува 18.000 денари. Предвидено е работодавците да се поддржат во периодот од март до декември 2022 година, информира Тренчевска, кој потенцира дека минималната плата е зголемена двојно во однос на онаа од 2016 година, која изнесуваше 10.080 денари.

Таа нагласи дека очекува порастот на минималната плата да влијае позитивно за порастот и на останатите плати, со што, како што рече, ќе се подобри стандардот на граѓаните.

The post Расправата за Законот за минимална плата продолжува утре appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево расправаше за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Расправата по овој Предлог на закон продолжува утре во 12 часот. Пратениците од опозициските партии на собраниската говорница истакнаа дека жалат што мнозинството не ги прифатила нивните амандмани за подобрување на текстот на законот и за скалесто покачување на платите во јавниот и во приватниот сектор. За пратениците од владејачкото мнозинство, овој закон е од големо значење, како што посочија, со кој се излегува во пресрет на работничките права и на нивното унапредување. Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска од собраниската говорница истакна дека овој предложен закон ја уредува и финансиската помош за исплата и контрола во остварување на финансиска помош за работодавачите, критериумите како фирмите да користат субвенции, од 1.197 денари и ги обврзуваат фирмите да не ги испуштаат работниците за кои зеле субвенција најмалку 1 година.
Не гледам пречка на колегите од опозиција, зошто не сме прифатиле нивни амандмани, бидејќи со нив сакаат директно да извршат упад во матичните закони по сектори и во колективните договори, а претставуваа и суспензија на социјалниот дијалог, истакна Лазаревска.
Таа истакна дека овој закон е „одличен текст“ со кој ќе им се помогне на најранливите категории, кои земаат минимална плата, но тоа ќе влијае и на другите работници и ќе предизвика спирален раст на платите. Според Благица Ласовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, ова законско решение не е целосно и како што рече ќе предизвика поголем јаз во многу области.
– Многу други работници – вработени во јавниот сектор, со оваа законско решение ќе бидат дискриминирани. Имате шанса да го корегирате оваа законско решение. Стоиме на располагање. Сметаме дека доколку нашето амандманско решение го земате како пример за измена и дополнување на законот за минимална плата, тогаш можеме да зборуваме за фер пристап на државата кон сите вработени во приватен и јавен сектор, рече Ласовска.
Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците истакна дека зголемувањето на минималната плата наметнува и повлекува можност за зголемување и на другите плати.
Наш предлог беше еквивалентно зголемување, како што се зголемува минималната плата да се зголемат и другите плати кај јавните службеници врз основа на коефициентот на сложеност. Зголемувањето по закон без притоа да се засноваме на економскиот раст, не се ефикасни, бидејќи сето тоа може да доведе до други проблеми. Зголемување што само со закон се воведува а не подразбира и усогласување со економскиот раст подразбира сива економија, отпуштање на вработени. Не треба само да ги зголемиме платите, туку и да создаваме и услови за економски раст, рече Незири.
Според пратеникот на ДУИ, Бедри Фазли, зголемувањето на минималната плата е систематско и издржано решение, кое, како што рече, ќе влијае во производството и конкуренцијата. Стојан Миланов, пратеник на Социјалистичка партија на Македонија посочи дека системот мора да се прилагоди на уставните одредби и да се овозможи усогласување со социјалната сфера. Тој рече дека СПМ предлага донесување на „нов општествен договор“, со кој, како што вели, „ќе се обезбеди реална и праведна распределба на општествениот производ“. Претходно, на почетокот на расправата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, рече дека тој е подготвен во дијалог со работодавците и работниците, и е донесено решение кои го поддржуваат сите, а тоа е минималната плата да биде 18.000 денари.
Законот ја утврдува минималната плата, која за месец март, заклучно со исплатите за март, треба да биде во висина од 18.000 денари. Државата мисли и на работодавците. Во самиот Предлог закон е предвидено државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите за минималната плата, која во моментов е 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа од март а која ќе изнесува 18.000 денари. Предвидено е работодавците да се поддржат во периодот од март до декември 2022 година, информира Тренчевска, кој потенцира дека минималната плата е зголемена двојно во однос на онаа од 2016 година, која изнесуваше 10.080 денари.
Таа нагласи дека очекува порастот на минималната плата да влијае позитивно за порастот и на останатите плати, со што, како што рече, ќе се подобри стандардот на граѓаните.

The post Расправата за Законот за минимална плата продолжува утре appeared first on Република.

]]>
Законското решение за минималната плата помина на Комисијата за труд, одбиени амандманите на опозицијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/zakonskoto-reshenie-za-minimalnata-plata-pomina-na-komisijata-za-trud-odbieni-amandmanite-na-opozicijata/ Thu, 17 Feb 2022 19:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=460096

Предлог-измените на Законот за минимална плата поминаа на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Не беа прифатени амандманите од опозицијата за усогласување на останатите плати со минималната.

Со предлог законското решение, според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, се реализира даденото ветување и се подобрува животниот стандард на работниците.

– Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство и подобрување на економскиот статус на работникот. Обезбедуваме соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и зголемување на истата, од март оваа година. Зголемувањето на минималната плата ја наметна потребата и за обезбедување на одредено ниво на финансиска поддршка за работодавачите за исплата на минималната плата, истакна Тренчевска.

Според опозицијата, нема никаква пречка да се прифатат амандманите. Од власта ги одбија амадманите со образложение дека другите плати ќе се уредуваат со други акти.

– Предмет на овој закон е уредувањето на минималната плата. Висината на платите не е предмет на уредување во овој закон. Дополнително со амадманот се нарушува социјалниот дијалог којшто за оваа влада е многу значаен, истакна министерката Тренчевска.

Со предлог измените на Законот за минимална плата направена е и промена на критериумите за годишното усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот. Исто така, висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година. Предлог измените предвидуваат и финансиска помош од Буџетот на Република Македонија за периодот март-декември 2022 година, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата. бак/нд/

The post Законското решение за минималната плата помина на Комисијата за труд, одбиени амандманите на опозицијата appeared first on Република.

]]>

Предлог-измените на Законот за минимална плата поминаа на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Не беа прифатени амандманите од опозицијата за усогласување на останатите плати со минималната. Со предлог законското решение, според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, се реализира даденото ветување и се подобрува животниот стандард на работниците.
– Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство и подобрување на економскиот статус на работникот. Обезбедуваме соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и зголемување на истата, од март оваа година. Зголемувањето на минималната плата ја наметна потребата и за обезбедување на одредено ниво на финансиска поддршка за работодавачите за исплата на минималната плата, истакна Тренчевска.
Според опозицијата, нема никаква пречка да се прифатат амандманите. Од власта ги одбија амадманите со образложение дека другите плати ќе се уредуваат со други акти.
– Предмет на овој закон е уредувањето на минималната плата. Висината на платите не е предмет на уредување во овој закон. Дополнително со амадманот се нарушува социјалниот дијалог којшто за оваа влада е многу значаен, истакна министерката Тренчевска.
Со предлог измените на Законот за минимална плата направена е и промена на критериумите за годишното усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот. Исто така, висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година. Предлог измените предвидуваат и финансиска помош од Буџетот на Република Македонија за периодот март-декември 2022 година, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата. бак/нд/

The post Законското решение за минималната плата помина на Комисијата за труд, одбиени амандманите на опозицијата appeared first on Република.

]]>
Законот за минимала плата пред собраниска комисија https://republika.mk/vesti/ekonomija/zakonot-za-minimala-plata-pred-sobraniska-komisija/ Thu, 17 Feb 2022 07:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=459574

Собраниската Комисија за европски прашања денеска на седница треба да расправа за Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2021 година.

Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија, пак, ќе го разгледуваат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка.

The post Законот за минимала плата пред собраниска комисија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за европски прашања денеска на седница треба да расправа за Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2021 година. Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија, пак, ќе го разгледуваат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка.

The post Законот за минимала плата пред собраниска комисија appeared first on Република.

]]>
ССМ најавува дека ќе ги објави сите пратеници кои нема да гласаат за Законот за минималната плата https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-najavuva-deka-kje-gi-objavi-site-pratenici-koi-nema-da-glasaat-za-zakonot-za-minimalnata-plata/ Fri, 04 Feb 2022 11:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=454070

ССМ најавува дека ќе ги објавува со име и презиме сите пратеници кои нема да гласаат за Законот за измени на Законот за минималната плата.

Секој еден пратеник ќе биде јавно објавен. Наредните избори се за две години и не знам како тие пратеници ќе се чувствуваат кога ќе го слушнат нивното име и презиме и ќе се каже дека тој пратеник не кренал рака за покачување на платите на сите работници во државата, изјави денеска претседателот на синдикатите, Дарко Димовски.

Димовски најави дека денес во 13.30 часот ССМ ќе излезе на протест пред седиштето на Организацијата на работодавачи и еден час ќе го блокира центарот на градот, а од 16 часот е најавената нова трипартитна средба со Владата и работодавачите.

The post ССМ најавува дека ќе ги објави сите пратеници кои нема да гласаат за Законот за минималната плата appeared first on Република.