закани Archives - Република https://republika.mk/tema/zakani/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:29:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закани Archives - Република https://republika.mk/tema/zakani/ 32 32 „Куршум во глава за тебе шипо“, пристигнало на мејлот на вицепремиерот Фетаи https://republika.mk/vesti/makedonija/kurshum-vo-glava-za-tebe-shipo-pristignalo-na-mejlot-na-vitsepremierot-fetai/ Fri, 08 Nov 2024 10:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=835454

Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење и транспарентност,вчера објави дека  на службениот мејл добил смртна закана и случајот го пријавил во МВР.

„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да реагирам на закана по живот што ја добив во мојата официјална е-пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за издвојување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик“, објави вицепремиерот за добро владеење.

Фетаи рече дека во пораката имало и закани од типот „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „Смрт за Шиптари“.

„Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи постапување и зголемување на мерките на моето лично обезбедување. Тужбата е во тек, бидејќи заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затвор според постоечките закони.

Воедно, ги известуваме сите оние кои имаат племенски менталитет дека нема сила која не спречува од одговорноста што ја добивме како функционери на коалицијата ВЛЕН. Ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не загрозува ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација што служи за разбирање и соработка, затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за вакви луѓе да ни ја попречуваат работата“, додаде тој.

The post „Куршум во глава за тебе шипо“, пристигнало на мејлот на вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>

Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење и транспарентност,вчера објави дека  на службениот мејл добил смртна закана и случајот го пријавил во МВР.
„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да реагирам на закана по живот што ја добив во мојата официјална е-пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за издвојување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик“, објави вицепремиерот за добро владеење.
Фетаи рече дека во пораката имало и закани од типот „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „Смрт за Шиптари“.     „Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи постапување и зголемување на мерките на моето лично обезбедување. Тужбата е во тек, бидејќи заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затвор според постоечките закони. Воедно, ги известуваме сите оние кои имаат племенски менталитет дека нема сила која не спречува од одговорноста што ја добивме како функционери на коалицијата ВЛЕН. Ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не загрозува ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација што служи за разбирање и соработка, затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за вакви луѓе да ни ја попречуваат работата“, додаде тој.

The post „Куршум во глава за тебе шипо“, пристигнало на мејлот на вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>
Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата https://republika.mk/vesti/balkan/trojtsa-maloletnitsi-uapseni-vo-bih-poradi-zakani-za-bombi-vo-uchilishtata/ Wed, 16 Oct 2024 08:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=827471

Сараевската полиција денеска потврди апсење на двајца малолетници кои упатиле закани со бомби во училиштата, а за ова претходно е приведен уште еден малолетник, но заканите со бомби продолжуваат да пристигнуваат, што ја отежнува наставата, а родителите на учениците бараат поодлучни мерки на заштита.

Како што соопштија денеска од МУП на Сараевската жупанија, малолетниците се осомничени дека вчера и претходно лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти во кантонот Сараево.

-Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, експерти за кибер безбедност од Федералната полициска управа и кои дејствуваат под надзор на окружното обвинителство продолжува интензивно да работи на овие случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека им помага и Разузнавачката служба во идентификувањето на лицата кои испраќаат закани - Агенција за безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).

На почетокот на неделата беше идентификуван и уапсен уште еден малолетник за кој со истрагата беше утврдено дека е автор на десетици закани упатени до училиштата. Утврдено е дека тој упатувал закани дури 40 пати.

Детали за идентитетот не се објавени поради законските одредби кои ги штитат малолетниците во вакви случаи, а од обвинителството најавија дека по 24-часовен притвор ќе одлучуваат за натамошниот тек на постапката.

Училишниот систем во Сараево веќе две недели пропаѓа поради секојдневните закани со бомби, па наставата мора да се прекинува секој ден во некои од училиштата, а противдиверзантските полициски екипи потоа поминуваат часови во увид во училишните објекти.

Досега во ниту еден случај не се пронајдени експлозивни направи, но училиштата се обврзани да ги почитуваат пропишаните протоколи кои ги обврзуваат да ги евакуираат училишните простории по добиените закани.

Претходно беше потврдено дека сите досегашни закани пристигнале по електронска пошта.

Родителите се вознемирени и бараат ефикасна заштита за своите деца, особено оние во основните училишта кои не можат само да ја напуштат наставата и да излезат на улица.

Владата на Сараевската жупанија нареди МУП да биде максимално вклучен во вакви случаи.

За лажна дојава за поставена бомба, казната е до три години затвор.

The post Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>

Сараевската полиција денеска потврди апсење на двајца малолетници кои упатиле закани со бомби во училиштата, а за ова претходно е приведен уште еден малолетник, но заканите со бомби продолжуваат да пристигнуваат, што ја отежнува наставата, а родителите на учениците бараат поодлучни мерки на заштита. Како што соопштија денеска од МУП на Сараевската жупанија, малолетниците се осомничени дека вчера и претходно лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти во кантонот Сараево. -Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, експерти за кибер безбедност од Федералната полициска управа и кои дејствуваат под надзор на окружното обвинителство продолжува интензивно да работи на овие случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека им помага и Разузнавачката служба во идентификувањето на лицата кои испраќаат закани - Агенција за безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА). На почетокот на неделата беше идентификуван и уапсен уште еден малолетник за кој со истрагата беше утврдено дека е автор на десетици закани упатени до училиштата. Утврдено е дека тој упатувал закани дури 40 пати. Детали за идентитетот не се објавени поради законските одредби кои ги штитат малолетниците во вакви случаи, а од обвинителството најавија дека по 24-часовен притвор ќе одлучуваат за натамошниот тек на постапката. Училишниот систем во Сараево веќе две недели пропаѓа поради секојдневните закани со бомби, па наставата мора да се прекинува секој ден во некои од училиштата, а противдиверзантските полициски екипи потоа поминуваат часови во увид во училишните објекти. Досега во ниту еден случај не се пронајдени експлозивни направи, но училиштата се обврзани да ги почитуваат пропишаните протоколи кои ги обврзуваат да ги евакуираат училишните простории по добиените закани. Претходно беше потврдено дека сите досегашни закани пристигнале по електронска пошта. Родителите се вознемирени и бараат ефикасна заштита за своите деца, особено оние во основните училишта кои не можат само да ја напуштат наставата и да излезат на улица. Владата на Сараевската жупанија нареди МУП да биде максимално вклучен во вакви случаи. За лажна дојава за поставена бомба, казната е до три години затвор.

The post Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>
Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици https://republika.mk/vesti/svet/zakani-za-bombi-vo-avstrija-zatvoreni-zheleznichki-stanitsi/ Thu, 03 Oct 2024 12:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=822202

Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.

Ние го сфаќаме ова многу сериозно, додаде портпаролот.

Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа.

Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.

Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.

The post Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици appeared first on Република.

]]>

Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА. Ние го сфаќаме ова многу сериозно, додаде портпаролот. Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа. Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети. Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.

The post Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици appeared first on Република.

]]>
„Куршум во тилот“ ако новинар на „Танјуг“ стапне во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kurshum-vo-tilot-ako-novinar-na-tanjug-stapne-vo-kosovo/ Tue, 01 Oct 2024 09:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=821275

Српската новинска агенција Танјуг објави на својот сајт дека денеска добиле заканувачко писмо испратено од лице потпишано како „Трим Барди“, во кое се вели дека секој новинар на таа агенција „ќе го добие куршум во тилот“ ако стапне на Косово.

Гледаме дека во последно време вашата пропагандистичка, шовинистичка и воено-хушкачка машина наречена „Танјуг“ станува се поагресивна, користејќи го шовинистичкото име „АП КиМ“ за Република Косово, во служба на диктаторот ... Александар Вучиќ. Ги следиме лагите што секојдневно се шират низ државата Косово и Албанците, како што ги следиме движењата на секој новинар на вашата псевдомедиумска агенција во Косово, бидете сигурни дека некој од нив ќе добие куршум во тилот следниот пат кога ќе стапне на тлото на Република Косово.Следиме се“, се наведува во заканата.

Агенцијата објави дека ги ангажирале сите надлежни служби да реагираат по смртните закани кон новинарите на Танјуг.

The post „Куршум во тилот“ ако новинар на „Танјуг“ стапне во Косово appeared first on Република.

Гостиварец ѝ се заканувал на жената со која се разведува, друг си ја натепал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-se-zakanuval-na-zhenata-so-koja-se-razveduva/ Sun, 01 Sep 2024 14:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=812017

Гостиварец кој се разведувал од сопругата им се заканувал нејзе и на нејзината мајка преку телефон, пријавила оштетената жена. Во 20.30 во саботата во ОВР Гостивар, 25–годишната гостиварка пријавила дека нејзиниот сопруг А.К., со кој се во бракоразводна постапка, телефонски ги вознемирувал и им упатувал закани нејзе и на нејзината мајка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2024 во 17.00 часот во ОВР Гостивар, 35–годишна гостиварка пријавила дека во Гостивар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С.С.(35) од гостиварско Дебреше. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Гостиварец ѝ се заканувал на жената со која се разведува, друг си ја натепал appeared first on Република.

]]>

Гостиварец кој се разведувал од сопругата им се заканувал нејзе и на нејзината мајка преку телефон, пријавила оштетената жена. Во 20.30 во саботата во ОВР Гостивар, 25–годишната гостиварка пријавила дека нејзиниот сопруг А.К., со кој се во бракоразводна постапка, телефонски ги вознемирувал и им упатувал закани нејзе и на нејзината мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 31.08.2024 во 17.00 часот во ОВР Гостивар, 35–годишна гостиварка пријавила дека во Гостивар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С.С.(35) од гостиварско Дебреше. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Гостиварец ѝ се заканувал на жената со која се разведува, друг си ја натепал appeared first on Република.

]]>
Советничка од Карпош која се бореше против зградата кај Воена болница добила закани дека ќе ѝ биде силувана ќерката https://republika.mk/vesti/skopje/sovetnichka-od-karposh-koja-se-boreshe-protiv-zgradata-kaj-voena-bolnitsa-dobila-zakani-deka-ke-bide-siluvana-kerkata/ Sat, 31 Aug 2024 15:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=811827

Советничка од Карпош која се бореше против зградата кај Воена болница добивала закани дека ќе ѝ биде силувана ќерката, објави ТВ21.

The post Советничка од Карпош која се бореше против зградата кај Воена болница добила закани дека ќе ѝ биде силувана ќерката appeared first on Република.

Дачиќ: Швајцарец со потекло од Косово се заканувал со терористички напад врз неколку српски амбасади и аеродромот во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/dachik-shvajtsarets-so-poteklo-od-kosovo-se-zakanuval-so-teroristichki-napad-vrz-nekolku-srpski-ambasadi-i-aerodromot-vo-belgrad/ Tue, 20 Aug 2024 16:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=808382

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во врска со заканувачките пораки добиени преку е-пошта до аеродромот во Белград, српските амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот центар за безбедносна политика, изјави дека МВР на Србија добила официјална информација дека станува збор за Денис Красниќи од Швајцарија, чии родители се од Косово.

Во врска со заканувачките пораки добиени преку електронска пошта на белградскиот аеродром, нашите амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот Центар за безбедносна политика, Министерството за внатрешни работи доби официјална информација од Германија и Швајцарија дека се работи за Денис Красниќи (26 ), од Швајцарија, чии родители се од Косово и Метохија. Лицето моментално се наоѓа на Косово и Метохија и издадена е наредба по враќањето во Швајцарија веднаш да се пријави во полиција“, изјави министерот Дачиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, претходно соопшти дека амбасади на Србија во две големи европски престолнини во изминатите 24 часа добиле закани дека ќе бидат цел на терористички напади.

Како што јави Н1, тој додаде дека според првичните информации, тие закани доаѓаат од „екстремни сепаратистички кругови на дел од дијаспората од Косово односно од лица од албанска националност“.

The post Дачиќ: Швајцарец со потекло од Косово се заканувал со терористички напад врз неколку српски амбасади и аеродромот во Белград appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во врска со заканувачките пораки добиени преку е-пошта до аеродромот во Белград, српските амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот центар за безбедносна политика, изјави дека МВР на Србија добила официјална информација дека станува збор за Денис Красниќи од Швајцарија, чии родители се од Косово.
Во врска со заканувачките пораки добиени преку електронска пошта на белградскиот аеродром, нашите амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот Центар за безбедносна политика, Министерството за внатрешни работи доби официјална информација од Германија и Швајцарија дека се работи за Денис Красниќи (26 ), од Швајцарија, чии родители се од Косово и Метохија. Лицето моментално се наоѓа на Косово и Метохија и издадена е наредба по враќањето во Швајцарија веднаш да се пријави во полиција“, изјави министерот Дачиќ.
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, претходно соопшти дека амбасади на Србија во две големи европски престолнини во изминатите 24 часа добиле закани дека ќе бидат цел на терористички напади. Како што јави Н1, тој додаде дека според првичните информации, тие закани доаѓаат од „екстремни сепаратистички кругови на дел од дијаспората од Косово односно од лица од албанска националност“.

The post Дачиќ: Швајцарец со потекло од Косово се заканувал со терористички напад врз неколку српски амбасади и аеродромот во Белград appeared first on Република.

]]>
Штипјанец и се заканувал на поранешната сопруга на Фејсбук https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shtipjanets-i-se-zakanuval-na-porasheshnata-sopruga-na-fejsbuk/ Wed, 14 Aug 2024 14:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=806542

Триесет и седумгодишен жител на Штип заработи кривична пријава поради основано сомневање дека на поранешната сопруга и упатувал закани преку социјалните мрежи.

-СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 19.07. до 22.07.2024, пријавениот преку социјалната мрежа испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга, наведуваат од МВР.

The post Штипјанец и се заканувал на поранешната сопруга на Фејсбук appeared first on Република.

]]>

Триесет и седумгодишен жител на Штип заработи кривична пријава поради основано сомневање дека на поранешната сопруга и упатувал закани преку социјалните мрежи. -СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 19.07. до 22.07.2024, пријавениот преку социјалната мрежа испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга, наведуваат од МВР.

The post Штипјанец и се заканувал на поранешната сопруга на Фејсбук appeared first on Република.

]]>
Меџити: ДУИ сама си пишува закани и сама ги пријавува во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-dui-sama-si-pishuva-zakani-i-sama-gi-prijavuva-vo-mvr/ Sun, 28 Jul 2024 13:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=801068

ДУИ сама си ги пишува заканите и сама ги пријавува во МВР, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Според него, не е точно дека Елјеса Незири, предложен за директор на Државниот завод за индустриска сопственост, има кривична пријава за насилство.

-На ДУИ никој не им се закануваше додека беа власт, така што нема никаква логика некој да им се заканува сега, кога се опозиција. Имаат проблем со сами себе. Според мои потврдени информации, сами ги пишуваат заканите и сами ги пријавуваат во МВР. Во делот на заканите, ни ние, ни тие не треба да се плашат за своите челници, а во делот на прекршувањето на законите и одговорноста, тоа е друго прашање, истакна Меџити.

Негова оценка е дека треба да се внимава многу какви информации се пласираат во јавноста.

-Не е точно дека Незири има кривична пријава. Се занимава со спорт, со фудбал и при организирање турнир имало натегање во публиката, влегол да ги раздели и бил сведок. Ако одиме така, тогаш никој од нас не исполнува услови да биде дел од власта. Треба да бидеме конкретни и јавноста да биде детално информирана. Има и многу други „фејк њуз“ што се пуштаат од ДУИ, на пример, за патролирање на српската полиција во Охрид и тоа го претставуваат пред грашаните дека прв пат се случува, а тоа е протокол што го потпиша ДУИ со Србија за патролирање на српски полицајци во Охрид и имаат јавна изјава, тогаш кога беа на власт, ја поздравуваат таквата иницијатива, рече Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“.

Според него, ДУИ сака да обвини некој друг за тоа што го направила.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера информира дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач и апелира надлежните институции да го истражат инцидентот. МВР, пак, во петокот, информира дека на 25 јули во 13:58 часот во полициската станица „Центар“, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23 јули 2024 година во 18:15 часот, од непозната електронска адреса, на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието била испратена порака со заканувачка содржина.

The post Меџити: ДУИ сама си пишува закани и сама ги пријавува во МВР appeared first on Република.

]]>

ДУИ сама си ги пишува заканите и сама ги пријавува во МВР, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Според него, не е точно дека Елјеса Незири, предложен за директор на Државниот завод за индустриска сопственост, има кривична пријава за насилство. -На ДУИ никој не им се закануваше додека беа власт, така што нема никаква логика некој да им се заканува сега, кога се опозиција. Имаат проблем со сами себе. Според мои потврдени информации, сами ги пишуваат заканите и сами ги пријавуваат во МВР. Во делот на заканите, ни ние, ни тие не треба да се плашат за своите челници, а во делот на прекршувањето на законите и одговорноста, тоа е друго прашање, истакна Меџити.   Негова оценка е дека треба да се внимава многу какви информации се пласираат во јавноста. -Не е точно дека Незири има кривична пријава. Се занимава со спорт, со фудбал и при организирање турнир имало натегање во публиката, влегол да ги раздели и бил сведок. Ако одиме така, тогаш никој од нас не исполнува услови да биде дел од власта. Треба да бидеме конкретни и јавноста да биде детално информирана. Има и многу други „фејк њуз“ што се пуштаат од ДУИ, на пример, за патролирање на српската полиција во Охрид и тоа го претставуваат пред грашаните дека прв пат се случува, а тоа е протокол што го потпиша ДУИ со Србија за патролирање на српски полицајци во Охрид и имаат јавна изјава, тогаш кога беа на власт, ја поздравуваат таквата иницијатива, рече Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“. Според него, ДУИ сака да обвини некој друг за тоа што го направила. Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера информира дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач и апелира надлежните институции да го истражат инцидентот. МВР, пак, во петокот, информира дека на 25 јули во 13:58 часот во полициската станица „Центар“, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23 јули 2024 година во 18:15 часот, од непозната електронска адреса, на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието била испратена порака со заканувачка содржина.

The post Меџити: ДУИ сама си пишува закани и сама ги пријавува во МВР appeared first on Република.

]]>
ДУИ си се закануваат сами на себе, тврди Меџити https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-si-se-zakanuvaat-sami-na-sebe-tvrdi-medhiti/ Sun, 28 Jul 2024 08:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=800945

Вицепремиерот Иџет Меџити и лидер на Демократското движење кое е дел од коалицијата „Вреди“ тврди дека никој не им се заканува на ДУИ, туку сами си испраќаат заканувачки мејлови.

Нив не ги вознемирува и не ги задева никој, тие не се чинител! ДУИ со кибернетски електронски мејлови си се закануваат самите на себе, па го пријавуваат тоа во полиција! Тоа се нивни политички акробации! Самите ги пишуваат тие електронски мејлови, па ги пријавуваат во полиција. Ним не им се заканувал никој се додека не беа во опозиција, а сега не се некој чинител, што може да го натера некого за закани кон нив. Тие мора да си се посветат самите на себе, мора да се реформираат. Треба да се огласуваат со нови идеи, а не со ваквите политички акробации преку електронски мејлови да се закануваат самите на себе и да го пријавуваат тоа во полицијата, изјави Меџити за ТВ 21.

Али Ахмети, Арбана Пашоли, Блерим Беџети, Дијана Тоска, Исмаил Јахоски, Рина Ајдари и Садула Дураки се пратениците на ДУИ кои пред неколку дена на своите службени меил адреси добиле заканувачки пораки.

МВР на 26 јули објави соопштение во кое се вели дека неколкумина пратеници во Собранието на службените имејл адреси на 23 јули добиле пораки со заканувачка содржина.

The post ДУИ си се закануваат сами на себе, тврди Меџити appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Иџет Меџити и лидер на Демократското движење кое е дел од коалицијата „Вреди“ тврди дека никој не им се заканува на ДУИ, туку сами си испраќаат заканувачки мејлови.
Нив не ги вознемирува и не ги задева никој, тие не се чинител! ДУИ со кибернетски електронски мејлови си се закануваат самите на себе, па го пријавуваат тоа во полиција! Тоа се нивни политички акробации! Самите ги пишуваат тие електронски мејлови, па ги пријавуваат во полиција. Ним не им се заканувал никој се додека не беа во опозиција, а сега не се некој чинител, што може да го натера некого за закани кон нив. Тие мора да си се посветат самите на себе, мора да се реформираат. Треба да се огласуваат со нови идеи, а не со ваквите политички акробации преку електронски мејлови да се закануваат самите на себе и да го пријавуваат тоа во полицијата, изјави Меџити за ТВ 21.
Али Ахмети, Арбана Пашоли, Блерим Беџети, Дијана Тоска, Исмаил Јахоски, Рина Ајдари и Садула Дураки се пратениците на ДУИ кои пред неколку дена на своите службени меил адреси добиле заканувачки пораки. МВР на 26 јули објави соопштение во кое се вели дека неколкумина пратеници во Собранието на службените имејл адреси на 23 јули добиле пораки со заканувачка содржина.

The post ДУИ си се закануваат сами на себе, тврди Меџити appeared first on Република.

]]>
Неколку пратеници добиле заканувачки СМС пораки https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nekolku-pratenitsi-dobile-zakanuvachki-sms-poraki/ Fri, 26 Jul 2024 18:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=800612

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина.

За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколку пратеници добиле заканувачки СМС пораки appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина. За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколку пратеници добиле заканувачки СМС пораки appeared first on Република.

]]>
Жител на Грчец ѝ се заканувал по живот на новинарка поради објавен текст https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-grchets-se-zakanuval-po-zhivot-na-novinarka-poradi-objaven-tekst/ Thu, 04 Jul 2024 11:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=793379

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно ѝ се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања. Со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв, соопштуваат од ОЈО.

По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е запретена затворска казна од една до пет години.

Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело, се вели во соопштението на обвинителството.

The post Жител на Грчец ѝ се заканувал по живот на новинарка поради објавен текст appeared first on Република.

Кавадарчанка му се заканувала на сопругот, маж во Кавадарци силувал сограѓанка: Против сторителите се поднесени пријави https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadarchanka-mu-se-zakanuvala-na-soprugot-mazh-vo-kavadartsi-siluval-sograganka-protiv-storitelite-se-podneseni-prijavi/ Wed, 03 Jul 2024 12:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=793099

Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.

Според пријавеното, на 9 јули во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

The post Кавадарчанка му се заканувала на сопругот, маж во Кавадарци силувал сограѓанка: Против сторителите се поднесени пријави appeared first on Република.

]]>

Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка, информираа денеска од СВР Велес. Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес. Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска. Според пријавеното, на 9 јули во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

The post Кавадарчанка му се заканувала на сопругот, маж во Кавадарци силувал сограѓанка: Против сторителите се поднесени пријави appeared first on Република.

]]>
Случај Мала Преспа: Пропаганда или факти, закани или информација https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchaj-mala-prespa-propaganda-ili-fakti-zakani-ili-informatsija/ Tue, 02 Jul 2024 12:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=792787

Продолжуваат заканите од Бугарија, и тоа од политички активисти кои имаат забранет влез во Македонија. Последната е против новинарот на Канал 5 Александар Видиновски по објава на неговата репортажа со соговорници, Македонци од Мала Преспа во Албанија, во врска со пописот во Албанија во кој за прв пат се појавуваат како Бугари, и тоа од редовите на граѓани кои на претходните пописи се изјасниле како Македонци.

Според изјавите на Македонците од репортажата на Видиновски тоа е резултат на силна бугарска пропаганда во Албанија како и негрижа на државата Македонија за одржување културен идентитет на Македонците во Албанија.

Во својот коментар на репортажата бугарскиот политички активист Виктор Стојанов му се заканува на новинарот Александар Видиновски со кривичен прогон и со притвор. Да потстетиме, спомнатиот активист Виктор Стојанов, политички и финансиски е поддржан од бугарските власти и подолг период е поддржувач на бугарската пропаганда и во Македонија, каде што веќе една година му е забранет влезот во државава.

Заканата со кривичен прогон и притвор за македонскиот новинар Александар Видиновски од Канал 5 воопшто не е само вербална писмена закана затоа што во минатото таквите закани навистина предизвикале и правни последици.

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, по вакви закани до бугарското обвинителство поднесе кривични пријави против тогашниот главен и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас за вербален деликт.

Македонската Асоцијација на новинари, МАН, повикува на поддршка од страна на јавноста но, и на новинарската струка во Македонија, за новинарот Александар Видиновски и телевизијата Канал 5 во одбрана на неговите професионални права и поддршка за крајно професионално однесување во изработка и објава на спомнатата репортажа од Мала Преспа во Албанија.

Воедно, Македонската асоцијација на новинари МАН, во оваа прилика, дава поддршка за ваквите новинарски трудови, најценетите во новинарството, како што се репортажите и аналитичките осврти.

Канал 5 и Телевизија Алфа како и весникот Нова Македонија, од редот на медиумите, се најистакнатите примери за другите во областа на репртажите и политичките анализи и, поради тоа, најчесто на удар на неистомислениците кои немаат одговоир на изнесените факти туку се закануваат со прогони или насилства.

Ја имаат нашата, и поддршката од јавноста, во својата професионалност.

МАН - Македонска асоцијација на новинари

The post Случај Мала Преспа: Пропаганда или факти, закани или информација appeared first on Република.

Тошковски: Расчистен случајот со заканите кон уставниот судија, МВР во иднина остро ќе реагира против било какви закани https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-raschisten-sluchajot-so-zakanite-kon-ustavniot-sudija-mvr-vo-idnina-ostro-ke-reagira-protiv-bilo-kakvi-zakani/ Wed, 26 Jun 2024 09:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=790927

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со закани кон судија на Уставниот суд, соопшти денеска министерот Панче Тошковски.

На 24.06.2024 Претседателот на Уставниот суд, Д.К., пријави закани по животот и безбедноста на судија од страна на С.И. преку социјална мрежа. По пријавата, МВР презеде мерки и изврши разговор со С.И. во СВР Тетово. На 26.06.2024, Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.И. за „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 5 од Кривичниот законик. Сакам да истакнам дека МВР во иднина остро ќе реагира против било какви закани, особено против членови на највисокиот суд во Македонија, рече Тошковски.

The post Тошковски: Расчистен случајот со заканите кон уставниот судија, МВР во иднина остро ќе реагира против било какви закани appeared first on Република.

МВР откри кој ги испраќал заканите до уставниот судија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-otkri-koj-gi-isprakal-zakanite-do-ustavniot-sudija/ Mon, 24 Jun 2024 14:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=790350

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот со заканите што ги добивал судија од Уставниот суд, а за кои пријава во полицијата поднесе претседателот на Судот, Дарко Костадиновски.

Од МВР ја потврдуваат добиената пријава од Костадиновски и информираат дека заканите до уставниот судија биле испратени преку социјална мрежа од лице со иницијали С.И.

Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, информираат од Министерството.

Додаваат дека случајот ќе биде расчистен во најкус рок.

The post МВР откри кој ги испраќал заканите до уставниот судија appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот со заканите што ги добивал судија од Уставниот суд, а за кои пријава во полицијата поднесе претседателот на Судот, Дарко Костадиновски. Од МВР ја потврдуваат добиената пријава од Костадиновски и информираат дека заканите до уставниот судија биле испратени преку социјална мрежа од лице со иницијали С.И.
Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, информираат од Министерството.
Додаваат дека случајот ќе биде расчистен во најкус рок.

The post МВР откри кој ги испраќал заканите до уставниот судија appeared first on Република.

]]>
На скопјанец му го запалиле возилото откако претходно го принудувале да плати 80.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-skopjanets-mu-go-zapalile-voziloto-otkako-prethodno-go-prinuduvale-da-plati-80-000-evra/ Fri, 21 Jun 2024 14:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=789574

Триесет и тригодишен скопјанец утрово, во 1:15 часот, пријавил во СВР Скопје дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра.

Како што информира денеска МВР, утрово, во 00:40 часот неговиот сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post На скопјанец му го запалиле возилото откако претходно го принудувале да плати 80.000 евра appeared first on Република.

]]>

Триесет и тригодишен скопјанец утрово, во 1:15 часот, пријавил во СВР Скопје дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра. Како што информира денеска МВР, утрово, во 00:40 часот неговиот сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

The post На скопјанец му го запалиле возилото откако претходно го принудувале да плати 80.000 евра appeared first on Република.

]]>
Луда ноќ во Кривогаштани: Искршиле локал, запалиле „бмв“, па му се заканувале на командирот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/luda-nok-vo-krivogashtani-iskrshile-lokal-zapalile-bmv-pa-mu-se-zakanuvale-na-komandirot/ Wed, 22 May 2024 09:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=780669

Во понеделникот во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп.

Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.

Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

The post Луда ноќ во Кривогаштани: Искршиле локал, запалиле „бмв“, па му се заканувале на командирот appeared first on Република.

]]>

Во понеделникот во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.
Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
 
The post Луда ноќ во Кривогаштани: Искршиле локал, запалиле „бмв“, па му се заканувале на командирот appeared first on Република.

]]>
Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdanchanets-se-zakanuval-na-katsarska-vo-kafe-bar-vo-tsentarot-na-skopje/ Sat, 18 May 2024 17:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=779617

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје.

Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.

-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.

Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

The post Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје. Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.
-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци. Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

The post Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Уставен суд: Надлежните да утврдат дали се работи за закана или случајност ножот на гаражното место на претседателката Кацарска https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-nadlezhnite-da-utvrdat-dali-se-raboti-za-zakana-ili-sluchajnost-nozhot-na-garazhnoto-mesto-na-pretsedatelkata-katsarska/ Wed, 15 May 2024 13:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=778391

Од Уставен суд потврдија дека во текот на вчерашниот ден, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во полициска станица пријавила евентуално загрозување на сигурноста откако на нејзиното приватно паркинг место во близина на нејзиното живеалиште во непосредна близина на нејзиното возило е пронајден нож и други предмети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

Како што соопшти на денешната прес-конференција во Уставен, портпаролката Христина Беловска, оставаат на надлежните да утврдат дали се работи за закани или случајност.

Она што можам да го потврдам е нејзината пријава со оглед дека на нејзиниот имот, на нејзиното приватно паркинг место кое што се наоѓа во подземна гаража од затворен тип и во која што има околу 50-ина други автомобили наоколу е пронајден забоден нож на 20-ина сантиметри во прекинувачот за струја кој што се употребува токму за да се осветли делот над нејзиниот автомобил и други останати предмети за кои што повеќе информации ќе може да добиете веројатно од истрагата, рече Беловска.

Во однос на заканите, таа дополни дека имало повеќе непријатности во континуитет.

Некои ситни инциденти во јавноста, има закани на социјалните мрежи упатено лично кон неа кои што сѐ уште се достапни и верувам дека ќе бидат и тие проверени, меѓутоа, претседателката не сакаше да се реагира за ниту еден од тие инциденти сѐ до моментот вчера кога беше пронајден и нож на нејзиниот личен имот, дополни таа.

Од Министерството за внатрешни работи претходно денеска потврдија дека е известен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Уставен суд: Надлежните да утврдат дали се работи за закана или случајност ножот на гаражното место на претседателката Кацарска appeared first on Република.

]]>

Од Уставен суд потврдија дека во текот на вчерашниот ден, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во полициска станица пријавила евентуално загрозување на сигурноста откако на нејзиното приватно паркинг место во близина на нејзиното живеалиште во непосредна близина на нејзиното возило е пронајден нож и други предмети. https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/ Како што соопшти на денешната прес-конференција во Уставен, портпаролката Христина Беловска, оставаат на надлежните да утврдат дали се работи за закани или случајност.