закани за бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/zakani-za-bomba/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Dec 2022 09:21:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закани за бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/zakani-za-bomba/ 32 32 Дојава за бомба и во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/dojava-za-bomba-i-vo-kumanovo/ Thu, 15 Dec 2022 09:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=585834

Дојава за поставена бомба утрово има и во кумановското Основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители.

Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани, изјави за МИА директорката на училиштето Јасмина Спасовска.

The post Дојава за бомба и во Куманово appeared first on Република.

]]>

Спасовски пред еден месец убедуваше: Истрагата само што не покажала кој стои зад дојавите за бомби https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-pred-eden-mesec-ubeduvashe-istragata-samo-shto-ne-pokazala-koj-stoi-zad-dojavite-za-bombi/ Tue, 13 Dec 2022 07:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=585006

Повеќе од еден месец средните и основни училишта, трговските центри, Народната банка, станбени згради, министерства и други државни институции се на мета на дојава на бомби, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не може да открие кој стои зад овие лажни дојави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека на 16 ноември Спасовски тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, како и дека се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на МВР, како и партнерските служби, но, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, денес наместо одговор, имаме се поголем хаос, преплашеност и паника кај граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-smiruva-zakani-za-bombi-nema-samo-vo-ceverna-makedonija-tuku-i-vo-sad-vo-eu-i-nato/

Пораки кои се испраќаат се застршувачки со предупредување дека ќе се разнесат сите, а МВР се уште нема конкретни информации кој се заканува.
Исто така, апсурдни се изјавите и фалбите на Спасовски дека безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индиции за нарушување, дека реформите во безбедносните служби се успешни, а од друга страна се уште нема разрешница на целиот случај.

Наместо неспособниот Спасовски да одговори пред јавноста и да ја прекине агонијата сега пак вели дека лажните дојави за бомби се резултат по руската инвазија врз Украина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вистинските прашања за кои Спасовски треба да даде одговор, наместо да води политиканство, според ВМРО-ДПМНЕ се:

  • До каде е истрагата и зошто се уште нема одговорност, и
  • Што уште треба да се случи за Спасовски и институциите да почнат да работата?

Дојавите за бомби го девастираат целиот безбедносен систем и се доказ дека институциите во државата под раководство на СДС, Спасовски и Ковачевски, не функционираат.

Македонија е во хаос. Граѓаните се трауматизирани. Повеќе од очигледно е дека ситуацијата е сериозна, а Спасовски наместо да ги открие сторителите, се уште не убедува дека се е под контрола.

Криминалци хараат по полициски станици, синови на високи челници во МВР користат државни ресурси за лични потреби, криминалците раководат со МВР, секој ден има дојави за бомби, граѓаните се во паника, а Спасовски бега.

Воедно, најмалку што може да направи во овој момент Спасовски е да покаже барем малку морал и доблест и да си поднесе неотповиклива оставка. Неговата неспособност ја плаќаат граѓаните.

Безбедноста на граѓаните мора да биде пред и над се.

Ова мора да има крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Спасовски пред еден месец убедуваше: Истрагата само што не покажала кој стои зад дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>

Повеќе од еден месец средните и основни училишта, трговските центри, Народната банка, станбени згради, министерства и други државни институции се на мета на дојава на бомби, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не може да открие кој стои зад овие лажни дојави, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие потсетуваат дека на 16 ноември Спасовски тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, како и дека се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на МВР, како и партнерските служби, но, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, денес наместо одговор, имаме се поголем хаос, преплашеност и паника кај граѓаните. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-smiruva-zakani-za-bombi-nema-samo-vo-ceverna-makedonija-tuku-i-vo-sad-vo-eu-i-nato/
Пораки кои се испраќаат се застршувачки со предупредување дека ќе се разнесат сите, а МВР се уште нема конкретни информации кој се заканува. Исто така, апсурдни се изјавите и фалбите на Спасовски дека безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индиции за нарушување, дека реформите во безбедносните служби се успешни, а од друга страна се уште нема разрешница на целиот случај. Наместо неспособниот Спасовски да одговори пред јавноста и да ја прекине агонијата сега пак вели дека лажните дојави за бомби се резултат по руската инвазија врз Украина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вистинските прашања за кои Спасовски треба да даде одговор, наместо да води политиканство, според ВМРО-ДПМНЕ се:
  • До каде е истрагата и зошто се уште нема одговорност, и
  • Што уште треба да се случи за Спасовски и институциите да почнат да работата?
Дојавите за бомби го девастираат целиот безбедносен систем и се доказ дека институциите во државата под раководство на СДС, Спасовски и Ковачевски, не функционираат.
Македонија е во хаос. Граѓаните се трауматизирани. Повеќе од очигледно е дека ситуацијата е сериозна, а Спасовски наместо да ги открие сторителите, се уште не убедува дека се е под контрола. Криминалци хараат по полициски станици, синови на високи челници во МВР користат државни ресурси за лични потреби, криминалците раководат со МВР, секој ден има дојави за бомби, граѓаните се во паника, а Спасовски бега. Воедно, најмалку што може да направи во овој момент Спасовски е да покаже барем малку морал и доблест и да си поднесе неотповиклива оставка. Неговата неспособност ја плаќаат граѓаните. Безбедноста на граѓаните мора да биде пред и над се. Ова мора да има крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Спасовски пред еден месец убедуваше: Истрагата само што не покажала кој стои зад дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во МНР, ГТЦ и неколку училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/dojavi-za-bombi-vo-mnr-gtc-i-nekolku-uchilishta/ Mon, 12 Dec 2022 09:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=584599

Дојави за поставени бомба пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје.

Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, соопштија од МНР.

Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз - Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.

Околу 08.20 часот, пак, во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

Дојава за поставена бомба утрово пристигнала во кулите на Џевахир, каде во тек е евакуација.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

The post Дојави за бомби во МНР, ГТЦ и неколку училишта appeared first on Република.

]]>

Дојави за поставени бомба пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје.
Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, соопштија од МНР.
Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз - Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“. Околу 08.20 часот, пак, во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите. Дојава за поставена бомба утрово пристигнала во кулите на Џевахир, каде во тек е евакуација. Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

The post Дојави за бомби во МНР, ГТЦ и неколку училишта appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во неколку училишта во Подгорица https://republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-nekolku-uchilishta-vo-podgorica/ Mon, 12 Dec 2022 08:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=584544

Наставата во неколку основни училишта во Подгорица денеска е во прекин поради дојава за поставени бомби, јави РТЦГ.

Според медиумот, наставата е прекината, а учениците се евакуирани.

Се очекува пристигнување на специјална единица на Полициската управа.

The post Дојави за бомби во неколку училишта во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Наставата во неколку основни училишта во Подгорица денеска е во прекин поради дојава за поставени бомби, јави РТЦГ. Според медиумот, наставата е прекината, а учениците се евакуирани. Се очекува пристигнување на специјална единица на Полициската управа.

The post Дојави за бомби во неколку училишта во Подгорица appeared first on Република.

]]>
„Ист Гејт Мол“: Завршија безбедностните проверки, заканата за поставена бомба е неверодостојна https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ist-gejt-mol-zavrshija-bezbednostnite-proverki-zakanata-za-postavena-bomba-e-neverodostojna/ Fri, 09 Dec 2022 12:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=583707

Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ преку своите социјални мрежи ги информираше закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции, при што, како што велат, утврдено било дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна.

Од Трговскиот центар информираат дека молот продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно време.

„Ист Гејт Мол“ се зблагодаруваат на надлежните институции за брзата и навремена реакција.

The post „Ист Гејт Мол“: Завршија безбедностните проверки, заканата за поставена бомба е неверодостојна appeared first on Република.

]]>

Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ преку своите социјални мрежи ги информираше закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции, при што, како што велат, утврдено било дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна. Од Трговскиот центар информираат дека молот продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно време. „Ист Гејт Мол“ се зблагодаруваат на надлежните институции за брзата и навремена реакција.

The post „Ист Гејт Мол“: Завршија безбедностните проверки, заканата за поставена бомба е неверодостојна appeared first on Република.

]]>
Евакуирани Железничка и Автобуска, врие од полиција по дојава за бомба https://republika.mk/vesti/skopje/evakuirani-zeleznichka-i-avtobuska-vrie-od-policija-po-dojava-za-bomba/ Fri, 09 Dec 2022 10:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=583627

Закана за бомба утрово ги испразни и Железничката станица и главниата автобуска станица во Скопје, при што веднаш на терен пристигнале екипи на МВР.

Според информациите до кои дојде „Плусинфо“ пријавата за поставена експлозивна направа не е преку електронската адреса, туку командирот на полицијата ги известил директорите во МЖ-Транспорт да ја евакуираат зградата.

Претходно закани пристигнаа на адресите на неколку училишта.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-utrovo-mejlovi-so-zakani-za-bombi/

The post Евакуирани Железничка и Автобуска, врие од полиција по дојава за бомба appeared first on Република.

]]>

Закана за бомба утрово ги испразни и Железничката станица и главниата автобуска станица во Скопје, при што веднаш на терен пристигнале екипи на МВР. Според информациите до кои дојде „Плусинфо“ пријавата за поставена експлозивна направа не е преку електронската адреса, туку командирот на полицијата ги известил директорите во МЖ-Транспорт да ја евакуираат зградата. Претходно закани пристигнаа на адресите на неколку училишта. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-utrovo-mejlovi-so-zakani-za-bombi/

The post Евакуирани Железничка и Автобуска, врие од полиција по дојава за бомба appeared first on Република.

]]>
И утрово мејлови со закани за бомби https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-utrovo-mejlovi-so-zakani-za-bombi/ Fri, 09 Dec 2022 09:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=583595

Утрово има дојави за поставени експлозивни нaправи во неколку средни училишта во Скопје, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочуваат дека утрово во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на неколку средни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Полицијата е на терен и ги проверува просториите во училиштата.

Ова е втора дојава за бомби во училишта и институции во Скопје оваа недела. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека серијата дојави до скопските училишта и институции во изминатиот период се класичен пример за хибридни закани и оти се води истрага.

The post И утрово мејлови со закани за бомби appeared first on Република.

]]>

Утрово има дојави за поставени експлозивни нaправи во неколку средни училишта во Скопје, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека утрово во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на неколку средни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Полицијата е на терен и ги проверува просториите во училиштата. Ова е втора дојава за бомби во училишта и институции во Скопје оваа недела. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека серијата дојави до скопските училишта и институции во изминатиот период се класичен пример за хибридни закани и оти се води истрага.

The post И утрово мејлови со закани за бомби appeared first on Република.

]]>
Лажни пријавите за бомби во кавадаречки училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/lazni-prijavite-za-bombi-vo-kavadarechki-uchilishta/ Mon, 05 Dec 2022 12:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=582218

Лажни биле пријавите за бомби во кавадаречки училишта, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци, дека на електронските адреси на училиштата, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави, нагласи Самарџиев.

The post Лажни пријавите за бомби во кавадаречки училишта appeared first on Република.

Закани за бомби во пет училишта во Кавадарци https://republika.mk/vesti/makedonija/zakani-za-bombi-vo-pet-uchilishta-vo-kavadarci/ Mon, 05 Dec 2022 08:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=581884

Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци, информацијата ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Самарџиев.

The post Закани за бомби во пет училишта во Кавадарци appeared first on Република.

Спасовски: Да се размисли за обезбедување во училиштата https://republika.mk/vesti/skopje/spasovski-da-se-razmisli-za-obezbeduvanje-vo-uchilishtata/ Fri, 02 Dec 2022 13:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=580939

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на дојавите за бомби во училиштата кои од вчера повторно се актуелни, вели дека приоритет треба и се даде на истрагата, но дека ќе треба да се размисли овие објекти да имаат обезбедување, бидејќи само во едно од средните училишта во Скопје кое има свое обезбедување, досега немало дојава за бомба.

Овде во Скопје, според информациите коишто ги имаме, само едно од средните училишта има свое обезбедување и таму не се појави никогаш пријава дека има лажна дојава за бомба. Нормално е дека приоритет и се дава на истрагата и веднаш после завршување на вештачењето ќе има реализација во овој дел. Прашањето е дали овие хибридни закани одат од еден центар или од повеќе центри. Веќе многу е распространето не само кај нас, туку и во соседството. Сега имаше дојави и во други држави на ЕУ и сето тоа се зголеми после руската инвазија на Украина, изјави Спасовски, посочувајќи дека има осомничени.

Во однос на денешните дојави за бомби, рече дека во тек е проверката за Крива Паланка, а за дојавата за бомба во основно училиште во Петровец, појасни дека се работи за вчерашна дојава стигната на меил на директорката на училиштето.

Директорката вчера воопшто не го видела мејлот и не го пријавила, дури денеска го видела и пријавила. Бидејќи имаме повеќе училишта со име „Кочо Рацин“ моравме да извршиме проверка кај сите нив. Во тек е проверката и за Крива Паланка, рече Спасовски.

Тој повтори дека дојавите доаѓаат најчесто од заштитени адреси од странство од каде е тешко да се дојде до факти и информации, поради што и не може да се покрене постапка. Спасовски вели дека е извршена комуникација со партнерските организации и дека преку меѓународна правна помош ќе мора да се обезбедат потребните информации и податоци.

Покренавме и една постапка во Комитетот за борба против тероризмот затоа што такви дебати веќе се водат и во развиените земји. Мора да го измениме протоколот во којшто ќе се цени реалноста и објективноста во однос на постапувањето, меѓутоа сега таков е протоколот и мораме така да постапуваме, рече Спасовски.

The post Спасовски: Да се размисли за обезбедување во училиштата appeared first on Република.

Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanite-za-bombi-pristigaat-na-adresi-na-profesorite-del-od-isprakjachite-se-uchenici/ Thu, 17 Nov 2022 10:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=574822

Заканите за поставени бомби во средните училишта пристигнуваат на адреса на професори, тврдат извори на Република. Според нив дел од професорите добиваат пораки на нивна меил адреса дека има поставено експлозивна направа во зградата.

-Првата дојава кога беше, ние како професори не знаевме за што станува збор. Влегоа униформирани лица и ни рекоа дека има полициска вежба, да ја напуштиме зградата. Излеговме надвор и стоејќи пред врата запрашав еден од полицајците колку време ќе трае целата вежба, да знам дали имам време да седнам од спротива кафе да испијам. Тогаш полицаецот ми рече - ма каква вежба, дојава за бомба има, тргнете се настрана. Веќе за следната дојава се направи поголема паника меѓу професорите. Колешка, професорка, побара да се види со директорот на училиштето да разговара. Добила на меил порака за поставена бомба во зградата на училиштето. Директорот не сакал да посочи дали тоа се случува и кај други професори, или таа е единствената, по што колешката отиде во полициска станица. Оттаму ѝ кажале дека главно заканите стигаат на адреси на професори, но дека изборот очигледно е сосема случаен, дека не е намерно испратена таа закана кај неа - ни раскажа професорка од скопска гимназија која сакаше да остане анонимна.

Околу приведувањето на Никола Николовски како осомничено лице за дојавите за бомби, таа вели дека било траги-комично кога добиле порака од претпоставените дали имаат ученик со такво име и презиме, а воедно бил посочен и телефонскиот број кој бил оставен во пораката за наводно поставената бомба.

Добивме вибер порака дали имаме ученик со име и презиме Никола Николовски и притоа да го има телефонскиот број кој беше посочен во истата порака. Тоа е бројот кој бил оставен во самата порака, заедно со името и презимето. Таква комбинација на име и презиме не е ретка, но се испостави дека учениците со тоа име и презиме го немаат тој мобилен телефон. Многу набрзо слушнавме на телевизија дека е приведено лицето Никола Николовски. Имаше и порака од меил кој ги имаше податоците на еден ученик, но по направената проверка беше констатирано дека не се работи за тоа лице. Но, за него немаше фама, како што се направи за Никола Николовски - додава професорката.

Таа вели дека и меѓу професорите и меѓу учениците се создава паника.

Дел од учениците во тие денови кога имаше чести дојави за поставени бомби не доаѓаа во училиште. Некои родители не дозволуваа децата да одат на училиште, а некои пак, секако, ја користеа ситуацијата, под изговор дека им е страв за нивниот живот, не се појавуваа. Но има и професори кои се во паника. Дел имаат отворено боледувавања и не доаѓаат на работа. Реално, ова со заканите направи хаос со часовите - коментира професорката.

Помина речиси еден месец од првата дојава за поставени бомби во средни училишта во Скопје, а освен бламирањето со приведувањето на Никола Николовски, сѐ чини нема ништо конкретно. Нови дојави се случуваат секој втор ден. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека знаат од кои земји доаѓаат мејловите и дека „детално ги утврдуваат фактите“.

Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме. Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки. Заканата се појавува среда, четврток и петок и во една смена на училишта. Тоа се дел од работите кои се анализаираат. истагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите. Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам, вели Спасовски.

The post Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици appeared first on Република.

Спасовски смирува: Закани за бомби нема само во Cеверна Македонија, туку и во САД, во ЕУ и НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-smiruva-zakani-za-bombi-nema-samo-vo-ceverna-makedonija-tuku-i-vo-sad-vo-eu-i-nato/ Thu, 17 Nov 2022 07:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=574727

Целта на ваквите терористички закани да предизвикаат дестабилизација и несигурност во институциите, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во емисијата „24 анализа“ ги анализираше дојавите за лажни бомби кои со недели ја прекинуваат наставата во скопските средни училишта и кои внесуваат голем немир и страв меѓу професорите, учениците и родителите.

Спасовски открива дека знаат од кои земји доаѓаат мејловите и дека „детално ги утврдуваат фактите“. Се прашува и „Зошто во Скопје, зошто прво во ЈСП, па во средните училишта?“, и ветува дека „многу брзо“ ќе заврши истрагата.

Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме.Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки. Заканата се појавува среда, четврток и петок и во една смена на училишта. Тоа се дел од работите кои се анализаираат. истагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите. Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам, вели Спасовски.

Министерот нè смирува дека „ваквите напади не се изолиран случај само во Cеверна Македонија, туку вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ“.

Спасовски додаде дека штом се утврдат сите факти и сите податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе се излезе со информации во јавноста.

The post Спасовски смирува: Закани за бомби нема само во Cеверна Македонија, туку и во САД, во ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>

Целта на ваквите терористички закани да предизвикаат дестабилизација и несигурност во институциите, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во емисијата „24 анализа“ ги анализираше дојавите за лажни бомби кои со недели ја прекинуваат наставата во скопските средни училишта и кои внесуваат голем немир и страв меѓу професорите, учениците и родителите. Спасовски открива дека знаат од кои земји доаѓаат мејловите и дека „детално ги утврдуваат фактите“. Се прашува и „Зошто во Скопје, зошто прво во ЈСП, па во средните училишта?“, и ветува дека „многу брзо“ ќе заврши истрагата.
Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме.Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки. Заканата се појавува среда, четврток и петок и во една смена на училишта. Тоа се дел од работите кои се анализаираат. истагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите. Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам, вели Спасовски.
Министерот нè смирува дека „ваквите напади не се изолиран случај само во Cеверна Македонија, туку вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ“. Спасовски додаде дека штом се утврдат сите факти и сите податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе се излезе со информации во јавноста.

The post Спасовски смирува: Закани за бомби нема само во Cеверна Македонија, туку и во САД, во ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>
„Извините ни за тоа што ќе се случи денес“ – како изгледаат заканите кои ги добиваат скопските училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/izvinite-ni-za-toa-shto-kje-se-sluchi-denes-kako-izgledaat-zakanite-koi-gi-dobivaat-skopskite-uchilishta/ Fri, 11 Nov 2022 16:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=572855

Малку текст и фотографија со бомба за секое училиште. Ваква е содржината на пораката која утринава ја добија четири скопски гимназии, дознава „Сител“.

Извините ни за тоа што ќе се случи денес. Ќе го направиме ова полесно за сите. Бомбите се поставени во една од училниците. Две од четири бомби се активираат на било каков покрет, другите две можете сами да ги запалите, гласи пораката која утринава околу 9:30 пристигнала на електронските пошти на училиштата.

Заканата е поткрепена и со слика од бомби и запалки.

[caption id="attachment_572857" align="aligncenter" width="856"] (фото: принтскрин Сител)[/caption]

Испраќач на пораката е hatedone, или (омразен), кој својата меил адреса ја регистрирал на платформата gmail.

Ваквата порака ја добиле гимназиите Јосип Броз Тито, Орце Николов, Раде Јовчевски – Корчагин и Никола Карев кои веднаш ги евакуирале учениците, па ја алармирале и полицијата. Антитерористичките единици со кучиња трагачи неколку часови ги пребаруваа училишните згради, по што уште еднаш се утврдило дека заканите се лажни.

The post „Извините ни за тоа што ќе се случи денес“ – како изгледаат заканите кои ги добиваат скопските училишта appeared first on Република.

]]>

Малку текст и фотографија со бомба за секое училиште. Ваква е содржината на пораката која утринава ја добија четири скопски гимназии, дознава „Сител“.
Извините ни за тоа што ќе се случи денес. Ќе го направиме ова полесно за сите. Бомбите се поставени во една од училниците. Две од четири бомби се активираат на било каков покрет, другите две можете сами да ги запалите, гласи пораката која утринава околу 9:30 пристигнала на електронските пошти на училиштата.
Заканата е поткрепена и со слика од бомби и запалки. [caption id="attachment_572857" align="aligncenter" width="856"] (фото: принтскрин Сител)[/caption] Испраќач на пораката е hatedone, или (омразен), кој својата меил адреса ја регистрирал на платформата gmail. Ваквата порака ја добиле гимназиите Јосип Броз Тито, Орце Николов, Раде Јовчевски – Корчагин и Никола Карев кои веднаш ги евакуирале учениците, па ја алармирале и полицијата. Антитерористичките единици со кучиња трагачи неколку часови ги пребаруваа училишните згради, по што уште еднаш се утврдило дека заканите се лажни.

The post „Извините ни за тоа што ќе се случи денес“ – како изгледаат заканите кои ги добиваат скопските училишта appeared first on Република.

]]>
И денешните дојави се лажни: Спасовски вели дека знаат од каде доаѓаат мејловите, ама децата и денес останаа на улица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-deneshnite-dojavi-se-lazni-spasovski-veli-deka-znaat-od-kade-doagjaat-mejlovite-ama-decata-i-denes-ostanaa-na-ulica/ Wed, 09 Nov 2022 14:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=571994

Министерството за внатрешни работи информира дека по направените проверки во средните училишта утврдено е дека денешните дојави за бомби се лажни. Во текот на денешниот ден добиени се пријави за поставени бомби во девет училишта.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во информацијата од МВР објавена на Фејсбук.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во тек е обемна истрага која се одвива во неколку правци и во која се вклучени Агенцијата за национална безбедност, Одделението за антитероризам и странски партнери.

Спасовски посочи дека знаат од каде доаѓаат мејловите и дека се работи за хибридни напади не само во нашата земја, туку и пошироко.

Ова се класични хибридни напади не само кај нас, туку и во целиот регион. Знаеме од каде доаѓаат мејловите. Министерството функционира во полн капацитет и ќе го надминеме овој проблем, рече Спасовски за „Слободен печат ТВ“.

И премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање по новите дојави за бомби во средните училишта, оцени дека дојавите за поставени бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади и дека не случајно таргет се училиштата бидејќи луѓето се најосетливи кога станува збор за училиштата каде учат деца.

The post И денешните дојави се лажни: Спасовски вели дека знаат од каде доаѓаат мејловите, ама децата и денес останаа на улица appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека по направените проверки во средните училишта утврдено е дека денешните дојави за бомби се лажни. Во текот на денешниот ден добиени се пријави за поставени бомби во девет училишта.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во информацијата од МВР објавена на Фејсбук.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во тек е обемна истрага која се одвива во неколку правци и во која се вклучени Агенцијата за национална безбедност, Одделението за антитероризам и странски партнери. Спасовски посочи дека знаат од каде доаѓаат мејловите и дека се работи за хибридни напади не само во нашата земја, туку и пошироко.
Ова се класични хибридни напади не само кај нас, туку и во целиот регион. Знаеме од каде доаѓаат мејловите. Министерството функционира во полн капацитет и ќе го надминеме овој проблем, рече Спасовски за „Слободен печат ТВ“.
И премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање по новите дојави за бомби во средните училишта, оцени дека дојавите за поставени бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади и дека не случајно таргет се училиштата бидејќи луѓето се најосетливи кога станува збор за училиштата каде учат деца.

The post И денешните дојави се лажни: Спасовски вели дека знаат од каде доаѓаат мејловите, ама децата и денес останаа на улица appeared first on Република.

]]>
Утрово нови закани за бомби во две скопски училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-novi-zakani-za-bombi-vo-dve-skopski-uchilishta/ Wed, 09 Nov 2022 09:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=571769

Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Утрово нови закани за бомби во две скопски училишта appeared first on Република.

]]>

Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“. Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Утрово нови закани за бомби во две скопски училишта appeared first on Република.

]]>
И денеска закани за бомби, досега во 4 скопски училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/i-deneska-zakani-za-bombi-dosega-vo-4-skopski-uchilishta/ Fri, 04 Nov 2022 14:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=569609

Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на четири (до овој момент) училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија за МИА од МВР.

The post И денеска закани за бомби, досега во 4 скопски училишта appeared first on Република.

Ослободено момчето кое беше уапсено за заканите со бомбите во средните скопски училишта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/ Thu, 03 Nov 2022 07:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=568993

После 10-часовни испитување полицијата рано утрово го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје. Очигледно е дека се работело за класично подметнување, пренесува порталот МКД.мк.

Испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите, пишува порталот.

Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен.

Никола Николовски е член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк кој вчера реагираше на ваквото приведување.

Никола пред сѐ е општествено одговорен граѓанин, наш активист е активно вклучен во борбата против дезинформациите и кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент. Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, се вели во соопштението.

The post Ослободено момчето кое беше уапсено за заканите со бомбите во средните скопски училишта appeared first on Република.

]]>

После 10-часовни испитување полицијата рано утрово го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје. Очигледно е дека се работело за класично подметнување, пренесува порталот МКД.мк. Испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите, пишува порталот. Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен. Никола Николовски е член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк кој вчера реагираше на ваквото приведување.
Никола пред сѐ е општествено одговорен граѓанин, наш активист е активно вклучен во борбата против дезинформациите и кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент. Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, се вели во соопштението.

The post Ослободено момчето кое беше уапсено за заканите со бомбите во средните скопски училишта appeared first on Република.

]]>
Нови закани за бомби во шест училишта во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/novi-zakani-za-bombi-vo-shest-uchilishta-vo-skopje/ Wed, 02 Nov 2022 14:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=568867

Шест училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби.

Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

https://republika.mk/vesti/skopje/novi-dojavi-za-bombi-vo-nikola-karev-uchenicite-evakuirani/

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Минатата недела три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.

The post Нови закани за бомби во шест училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Шест училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби. Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. https://republika.mk/vesti/skopje/novi-dojavi-za-bombi-vo-nikola-karev-uchenicite-evakuirani/ Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Минатата недела три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.

The post Нови закани за бомби во шест училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Вулин: Против Србија се води хибридна војна, не казнуваат затоа што не воведовме санкции против Русија https://republika.mk/vesti/balkan/vulin-protiv-srbija-se-vodi-hibridna-vojna-ne-kaznuvaat-zatoa-shto-ne-vovedovme-sankcii-protiv-rusija/ Wed, 20 Apr 2022 06:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=490867

Министерот за внатрешни работи на Србија и лидер на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, гостувајќи на ТВ Хепи, истакна дека против Србија се води хибридна војна бидејќи земјата има независна политика.

Се води хибридна војна против Србија, затоа што Србија има независна политика и затоа што не воведовме санкции и нема да воведуваме санкции кон Руската Федерација. Вака не казнуваат. Имаме информации кој стои зад овие напади - изјави Вулин, прашан да ги коментира безбедносните закани и притисокот врз Србија преку извештаите за поставени бомби во авиони, а деновиве и во трговските центри.

Министерот нагласи дека станува збор за чист економски напад.

Кога ќе го затворите трговскиот, додека не проверите се, додека не ги вратите луѓето, целосно сте го изгубиле денот. Никој нема да пазарува во тој трговски центар, ќе избегнува да оди таму. Се прави сериозна економска штета. Тоа е економска војна што се води против нас. Мора да реагираме на секоја најава. Во иднина ќе се трудиме да делуваме попревентивно, да ги прегледаме трговските центри пред да се отворат. Ако видите повеќе полицајци во трговските центри, тоа не е затоа што има проблем, туку затоа што се грижиме за вашата безбедност - им порача министерот на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ukraina-i-zemja-na-eu-shirat-lazni-dojavi-za-bombi-vo-srpskite-avioni/

Вулин повтори дека ова е хибридна војна што се води против Србија и посочи дека се води и од територијата на ЕУ и од територијата на Украина.

Последниот напад дојде од сервер во Швајцарија. Станува збор за земји чија територија се користи за хибридни напади врз нашата земја. Имаме сознанија кој стои зад овие напади, можеме да докажеме нешто, не можеме да докажеме нешто. Се обративме до тие земји, се обративме до меѓународната заедница да ни помогне и да ни каже за работи кои доаѓаат од нивната територија. Повторувам уште еднаш неколку земји од ЕУ, а особено Украина и последен пат од Швајцарија - вели Вулин.

Министерот Вулин, сепак, истакна дека Србија е безбедна и сигурна земја.

Живејте нормално. Во ова море на нестабилност, Србија е остров на стабилноста - изјави српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.

The post Вулин: Против Србија се води хибридна војна, не казнуваат затоа што не воведовме санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Србија и лидер на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, гостувајќи на ТВ Хепи, истакна дека против Србија се води хибридна војна бидејќи земјата има независна политика.
Се води хибридна војна против Србија, затоа што Србија има независна политика и затоа што не воведовме санкции и нема да воведуваме санкции кон Руската Федерација. Вака не казнуваат. Имаме информации кој стои зад овие напади - изјави Вулин, прашан да ги коментира безбедносните закани и притисокот врз Србија преку извештаите за поставени бомби во авиони, а деновиве и во трговските центри.
Министерот нагласи дека станува збор за чист економски напад.
Кога ќе го затворите трговскиот, додека не проверите се, додека не ги вратите луѓето, целосно сте го изгубиле денот. Никој нема да пазарува во тој трговски центар, ќе избегнува да оди таму. Се прави сериозна економска штета. Тоа е економска војна што се води против нас. Мора да реагираме на секоја најава. Во иднина ќе се трудиме да делуваме попревентивно, да ги прегледаме трговските центри пред да се отворат. Ако видите повеќе полицајци во трговските центри, тоа не е затоа што има проблем, туку затоа што се грижиме за вашата безбедност - им порача министерот на граѓаните.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ukraina-i-zemja-na-eu-shirat-lazni-dojavi-za-bombi-vo-srpskite-avioni/ Вулин повтори дека ова е хибридна војна што се води против Србија и посочи дека се води и од територијата на ЕУ и од територијата на Украина.