закана за бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/zakana-za-bomba/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 15:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закана за бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/zakana-za-bomba/ 32 32 Нова закана за бомба во Москва во трговскиот центар „Мозаик“ https://republika.mk/vesti/svet/nova-zakana-za-bomba-vo-moskva-vo-trgovskiot-tsentar-mozaik/ Mon, 25 Mar 2024 15:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=758615

Посетителите и персоналот на трговскиот и забавниот центар Мозаик, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа, изјави за РИА Новости претставник на итната служба на главниот град.

 

„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар Мозаик на улица Кожуховскаја 7. зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција.

Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.

Лажните закани за бомби во различни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро станици, воздухопловна и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.

The post Нова закана за бомба во Москва во трговскиот центар „Мозаик“ appeared first on Република.

]]>

Посетителите и персоналот на трговскиот и забавниот центар Мозаик, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа, изјави за РИА Новости претставник на итната служба на главниот град.  
„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар Мозаик на улица Кожуховскаја 7. зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција. Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата. Лажните закани за бомби во различни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро станици, воздухопловна и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.

The post Нова закана за бомба во Москва во трговскиот центар „Мозаик“ appeared first on Република.

]]>
Закана за бомба во Ајфеловата кула https://republika.mk/vesti/svet/zakana-za-bomba-vo-ajfelovata-kula/ Sat, 12 Aug 2023 13:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=671411

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор.

На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“.

 

The post Закана за бомба во Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор. На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“.  

The post Закана за бомба во Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>
МВР што уште не го нашле „бомбашот“ нека проба да ги извади и подготви децата од ОУРЦ „Златан Сремец“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-shto-ushte-ne-go-nashle-bombashot-neka-proba-da-gi-izvadi-i-podgotvi-detsata-od-ourts-zlatan-sremets/ Wed, 08 Feb 2023 11:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=606433

Колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“?, прашува револтираната Билјана Младеновска, мајка на три деца од кои две го посетуваат посебното основно училиште за деца попречени во психичкиот развој, мултихендикеп и аутизам.

Секојдневно нѐ вадат од памет со бомбиве по училишта, трчаме да ги зимаме децата.Ама колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“??!! МВР што уште не го нашле „бомбашот" нека проба да ги извади и спреми децата од ова училиште и да се справи со нивната состојба!, реагира таа.


Младеновска со нејзиниот сопруг, познатиот скопски кафеанџија Томче Корнер, во 2015 година ги добија Никола, Зои и Милан.

https://arhiva.republika.mk/400191

Вчера закана за поставена експлозивна нaправа пристигна на електронските адреси на 33 основни училишта во Скопје.

The post МВР што уште не го нашле „бомбашот“ нека проба да ги извади и подготви децата од ОУРЦ „Златан Сремец“ appeared first on Република.

]]>

Колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“?, прашува револтираната Билјана Младеновска, мајка на три деца од кои две го посетуваат посебното основно училиште за деца попречени во психичкиот развој, мултихендикеп и аутизам.
Секојдневно нѐ вадат од памет со бомбиве по училишта, трчаме да ги зимаме децата.Ама колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“??!! МВР што уште не го нашле „бомбашот" нека проба да ги извади и спреми децата од ова училиште и да се справи со нивната состојба!, реагира таа.
Младеновска со нејзиниот сопруг, познатиот скопски кафеанџија Томче Корнер, во 2015 година ги добија Никола, Зои и Милан. https://arhiva.republika.mk/400191 Вчера закана за поставена експлозивна нaправа пристигна на електронските адреси на 33 основни училишта во Скопје.

The post МВР што уште не го нашле „бомбашот“ нека проба да ги извади и подготви децата од ОУРЦ „Златан Сремец“ appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во МНР https://republika.mk/vesti/makedonija/dojava-za-bomba-vo-mnr/ Mon, 12 Dec 2022 09:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=584593

Дојава за поставена бомба пристиганала изутринава во Министерството за надворешни работи во Скопје. Во тек е евакуација на зградата.

Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, соопштија од МНР.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на зградата.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

The post Дојава за бомба во МНР appeared first on Република.

]]>

Дојава за поставена бомба пристиганала изутринава во Министерството за надворешни работи во Скопје. Во тек е евакуација на зградата.
Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, соопштија од МНР.
Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на зградата. Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

The post Дојава за бомба во МНР appeared first on Република.

]]>
„Пак да не е Никола“? Нова закана за бомба во „Карев“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pak-da-ne-e-nikola-nova-zakana-za-bomba-vo-karev/ Fri, 04 Nov 2022 13:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=569592

Во тек е евакуација на учениците и професорите од скопската гимназија „Никола Карев“, дознава МКД.мк.

Учениците и професорите во моментов се евакуираат, а присутни се припадници на специјална полиција за претраги поврзани со експлозивни направи.

Од МВР се очекува официјална информација

The post „Пак да не е Никола“? Нова закана за бомба во „Карев“ appeared first on Република.

]]>

Во тек е евакуација на учениците и професорите од скопската гимназија „Никола Карев“, дознава МКД.мк. Учениците и професорите во моментов се евакуираат, а присутни се припадници на специјална полиција за претраги поврзани со експлозивни направи. Од МВР се очекува официјална информација

The post „Пак да не е Никола“? Нова закана за бомба во „Карев“ appeared first on Република.

]]>
ОЈО потврди: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/ojo-potvrdi-nema-povrzanost-na-privedeniot-so-dojavite-za-bombi-vo-srednite-uchilishta/ Thu, 03 Nov 2022 13:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=569228

Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки, потврдуваат за МИА од Јавното обвинителство.

Како што посочуваат од ЈОРМ, откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките.

Во текот на измината вечер по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода, стои во изјавата за МИА на ЈОРМ.​

https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-se-lizna-na-kora-banana-nikola-nikolovski-zrtva-na-makedonskiot-proces/

The post ОЈО потврди: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта appeared first on Република.

]]>

Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки, потврдуваат за МИА од Јавното обвинителство. Како што посочуваат од ЈОРМ, откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките.
Во текот на измината вечер по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода, стои во изјавата за МИА на ЈОРМ.​
https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-se-lizna-na-kora-banana-nikola-nikolovski-zrtva-na-makedonskiot-proces/

The post ОЈО потврди: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта appeared first on Република.

]]>
МВР се лизна на кора од банана: Никола Николовски жртва на македонскиот „Процес“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-se-lizna-na-kora-od-banana-nikola-nikolovski-zrtva-na-makedonskiot-proces/ Thu, 03 Nov 2022 11:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=569103

Со помпезна прес-конференција МВР синоќа експресно објави дека приведено е лице поврзано со заканите за бомби во десетина скопски училишта. Денеска, откако утрово младото момче е ослободено, само сув одговор стигна оттаму на прашањата на „Република“ поврзани со неговото ослободување. Нема ни официјално соопштение, а камоли прес-конференција дека тој е пуштен дома.

Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/

Нема одговор дали тој е пуштен дома, што е утврдено по претресот во неговиот дом и распитот и дали ќе се поднесе кривична против приведениот, има ли сомнение за други лица кои се поврзани со бомбите и дали ќе има извинување за вчерашната помпа, како што денеска бара јавноста.

Како што објави идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк, приведеното момче е нивниот член Никола Николовски, 23-годишен студент. Единствената причина за неговото приведување е тоа што неговото цело име и презиме и телефонски број биле запишани во последните мејлови со закани.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, велат оттаму.

Тој е и првиот осомничен и приведен во врска со овие закани што веќе десетина дена се случуваа низ скопските училишта, по кои одново и одново беа евакуирани ученици и се вршеа целосни антитерористички проверки.

Сè укажува дека на тоа дека станува збор за подметнат случај против Николовски и избрзано приведување и фалење дека „постои осомничен“. МВР засега не објавила за било какви други траги за случаите, ниту други осомничени.

Јавноста, со право, остро реагира на спектакуларното апсење и држењето повеќе од 12 часа на младиот Николовски, без докази, за потоа неговата фотографија и профил да кружат по социјалните мрежи, а тој да биде подлежен на јавен линч.

Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, според кого апсењето на активистот уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.

Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ прашувајќи дали МВР и министерот Оливер Спасовски ќе се извинат што направија „јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објави и го прогласи за бомбаш“.

Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот? Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби, прашуваат од партијата.

Во меѓувреме се огласи и Никола Николовски, кој на социјалните мрежи се претставува под псевдонимот Боемот.

Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла, вели денеска Никола Николовски – Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-privedeniot-nikola-ova-e-cenata-na-javnoto-iskazuvanje-stav-vo-makedonija/

The post МВР се лизна на кора од банана: Никола Николовски жртва на македонскиот „Процес“ appeared first on Република.

]]>

Со помпезна прес-конференција МВР синоќа експресно објави дека приведено е лице поврзано со заканите за бомби во десетина скопски училишта. Денеска, откако утрово младото момче е ослободено, само сув одговор стигна оттаму на прашањата на „Република“ поврзани со неговото ослободување. Нема ни официјално соопштение, а камоли прес-конференција дека тој е пуштен дома.
Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/ Нема одговор дали тој е пуштен дома, што е утврдено по претресот во неговиот дом и распитот и дали ќе се поднесе кривична против приведениот, има ли сомнение за други лица кои се поврзани со бомбите и дали ќе има извинување за вчерашната помпа, како што денеска бара јавноста. Како што објави идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк, приведеното момче е нивниот член Никола Николовски, 23-годишен студент. Единствената причина за неговото приведување е тоа што неговото цело име и презиме и телефонски број биле запишани во последните мејлови со закани.
Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, велат оттаму.
Тој е и првиот осомничен и приведен во врска со овие закани што веќе десетина дена се случуваа низ скопските училишта, по кои одново и одново беа евакуирани ученици и се вршеа целосни антитерористички проверки. Сè укажува дека на тоа дека станува збор за подметнат случај против Николовски и избрзано приведување и фалење дека „постои осомничен“. МВР засега не објавила за било какви други траги за случаите, ниту други осомничени. Јавноста, со право, остро реагира на спектакуларното апсење и држењето повеќе од 12 часа на младиот Николовски, без докази, за потоа неговата фотографија и профил да кружат по социјалните мрежи, а тој да биде подлежен на јавен линч.
Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, според кого апсењето на активистот уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.
Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ прашувајќи дали МВР и министерот Оливер Спасовски ќе се извинат што направија „јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објави и го прогласи за бомбаш“.
Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот? Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби, прашуваат од партијата.
Во меѓувреме се огласи и Никола Николовски, кој на социјалните мрежи се претставува под псевдонимот Боемот.
Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла, вели денеска Никола Николовски – Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта.
https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-privedeniot-nikola-ova-e-cenata-na-javnoto-iskazuvanje-stav-vo-makedonija/

The post МВР се лизна на кора од банана: Никола Николовски жртва на македонскиот „Процес“ appeared first on Република.

]]>
Се огласи приведениот Никола: Ова е цената на јавното искажување став во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-privedeniot-nikola-ova-e-cenata-na-javnoto-iskazuvanje-stav-vo-makedonija/ Thu, 03 Nov 2022 11:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=569152

Слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена - нема да ме замолчите, само ме направивте посилен!, вели денеска Никола Николовски - Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/

Ви го пренесуваме во целост:

Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден и во време на вршење на моите работни обврски бев лишен од слобода, по што до доцните часови бев држен во полициска станица, без можност за контакт со моите пријатели, роднини и најтесното семејство. Јавен распит, претрес на мојот дом од страна на 10 полицајци, меѓу кои имаше и вооружени, мое спроведување од полициска станица до дома во придружба на вооружени службеници како најголем криминалец, товарење за дело кое не сум го направил и е АПСОЛУТНА НЕВИСТИНА!

Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла.

„Тоа што не те убива, те прави посилен“. Затоа продолжувам со засилено темпо јавно да го искажувам моето мислење, но овој пат наместо под псевдоним ќе го додадам и моето име: Никола Николовски.

Ви благодарам на сите кои бевте моја поддршка и не се посомневавте ни за момент во мојата невиност и заеднички се боревте против дезинформациите чија цел беше да ме оцрнат, омаловажат и да ме деградираат мене и моето семејство. Јас ќе продолжам да го истакнувам својот став на сите општествени теми, бидејќи најважна ми е поддршката од младите кои бараат промени во општеството. А оние кои напишаа секакви невистини околу вчерашната случка ќе одговараат јавно пред лицето на правдата и ќе бидат преземени сите расположливи дејствија и мерки!

Утре ова може да биде секој од вас, секој што размислува различно од она што го наметнуваат властите и живеењето во ова „модерно“ време. Затоа, еднаш засекогаш мора да ставиме крај на дезинформациите и вршењето притисок врз неистомислениците.

Боемот 2.0 – Никола Николовски (или популарно кажано „Лицето Н.Н.“)

The post Се огласи приведениот Никола: Ова е цената на јавното искажување став во Македонија appeared first on Република.

]]>

Слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена - нема да ме замолчите, само ме направивте посилен!, вели денеска Никола Николовски - Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/ Ви го пренесуваме во целост: Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден и во време на вршење на моите работни обврски бев лишен од слобода, по што до доцните часови бев држен во полициска станица, без можност за контакт со моите пријатели, роднини и најтесното семејство. Јавен распит, претрес на мојот дом од страна на 10 полицајци, меѓу кои имаше и вооружени, мое спроведување од полициска станица до дома во придружба на вооружени службеници како најголем криминалец, товарење за дело кое не сум го направил и е АПСОЛУТНА НЕВИСТИНА! Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла. „Тоа што не те убива, те прави посилен“. Затоа продолжувам со засилено темпо јавно да го искажувам моето мислење, но овој пат наместо под псевдоним ќе го додадам и моето име: Никола Николовски. Ви благодарам на сите кои бевте моја поддршка и не се посомневавте ни за момент во мојата невиност и заеднички се боревте против дезинформациите чија цел беше да ме оцрнат, омаловажат и да ме деградираат мене и моето семејство. Јас ќе продолжам да го истакнувам својот став на сите општествени теми, бидејќи најважна ми е поддршката од младите кои бараат промени во општеството. А оние кои напишаа секакви невистини околу вчерашната случка ќе одговараат јавно пред лицето на правдата и ќе бидат преземени сите расположливи дејствија и мерки! Утре ова може да биде секој од вас, секој што размислува различно од она што го наметнуваат властите и живеењето во ова „модерно“ време. Затоа, еднаш засекогаш мора да ставиме крај на дезинформациите и вршењето притисок врз неистомислениците. Боемот 2.0 – Никола Николовски (или популарно кажано „Лицето Н.Н.“)

The post Се огласи приведениот Никола: Ова е цената на јавното искажување став во Македонија appeared first on Република.

]]>