За наша Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/za-nasha-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Apr 2023 07:56:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png За наша Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/za-nasha-makedonija/ 32 32 Денеска во Гостивар, во септемри Димитриевски планира здружение и во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-vo-gostivar-vo-septemri-dimitrievski-planira-zdruzhenie-i-vo-skopje/ Tue, 25 Apr 2023 07:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=633777

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во Дневникот на телевизија Сител истакна дека се реализирани голем број на проекти, а Куманово е првиот град во Македонија што има бесплатен превоз.

Спроведовме многу социјални пакети, паралелно имплементираме голем број на инфраструктурни проекти. Тоа што го применивме во Куманово сакаме да го примениме и на ниво на држава, бидејќи се покажа практично и ефикасно. Имаме тим, располагаме со доволно човечки капацитет да излеземе пред јавноста, да понудиме одредени решенија како од Македонија да направиме држава, бидејќи во овој момент ние всушност сме држава којашто ја контролираат поединци по принцип на должничко-доверителски односи. Имате власт којашто е целосно контролирана од една политичка партија, тоа е ДУИ веќе 20 години владее со државата. Во овој момент мислам дека дури господинот Ахмети е и премиер, Ковачевски е само една фигура којашто ги извршува наредбите од центарот на ДУИ, тоа мора да се спречи и да се стави крај на ваквите погубни политики и државата да тргне напред. Дали имаме капацитет? Да, секако. Сметам дека Македонија поседува капацитет, поседува доволен број на луѓе коишто можат да излезат, луѓе кои покажале и докажале дека знаат. Тоа се луѓе коишто всушност доаѓаат и од бизнис заедницата, науката, студентските редови, работничката класа, од сите општествени делувања, а ќе ги оставам имињата сами да ги соопштуваат, бидејќи не е коректно во нивно име да зборувам. Утре ќе формираме ново здружение во Гостивар и јас за првпат некои од нив ќе сретнам, но како и да е тоа се шири од град во град, од село во село, рече Димитриевски.

Тој посочи дека целта е да се вратиме на асномските и крушевските корени на државата, бидејќи во Македонија се изгуби идеологијата, премногу се сè материјализира.

Формиравме свои движења, Куманово, Прилеп, Крушево, отидовме и во источна Македонија во Кочани, дополнително работиме на нови места и утре продолжуваме во Гостивар, претходно завршивме и во Тетово. Некаде 20тина здруженија, во септември планираме да го организираме за првпат здружението и во Скопје. Дали ќе прерасне во политичко движење искрено не знам, јас посакувам тоа да биде формирано од граѓаните и да работи директно за граѓаните, но самите членови на овие здруженија во нивната заедничка иницијатива треба да ги дадат предлозите, и за името на тоа движење, и како ќе функционира и работи. Дополнително, голем број на поединци, експерти работат на програмите и верувам дека ќе излеземе подготвени на изборите. Не само да понудиме нешто, бидејќи граѓаните тоа го имаат слушнато, ние нудиме решенија и ги реализираме. Каде е доказот? Доказот е Куманово. Куманово беше една од најзадолжените општини во Македонија, денеска е една од финансиски најстабилните општини којашто реализира сериозни инфраструктурни проекти. Дали е тоа доволно? Секако не. Секогаш има потреба повеќе, но доколку се направи реална децентрализација фискална во државата можеме да дојдеме до ниво да реализираме сериозни капитални проекти, додаде Димитриевски.

Димитриевски информираше дека името на здружението е во втор план, затоа што во прв план е самата идеологија и предлозите да бидат реални, а луѓето коишто ќе се изберат да бидат посветени на работата којашто сакаат да ја вршат.

The post Денеска во Гостивар, во септемри Димитриевски планира здружение и во Скопје appeared first on Република.

]]>

Димитриевски: Заеднички да направиме движење за наша Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-zaednichki-da-napravime-dvizenje-za-nasha-makedonija/ Fri, 16 Dec 2022 20:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=586700

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, вечерва се обрати на граѓанската трибина организирана по повод шест месеци од формирањето на здружението и една година од реалниот граѓански концепт од граѓаните и за граѓаните во НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово.

Во своето обраќање, Димитриевски потенцираше дека граѓаните се тие што ја даваат силата и мотивот да работат уште повеќе, посветено, мотивирано и за Куманово и за државата.

Различни од вера, од нација, од политичко убедување, но сите кумановци заедно за нашиот град, за наша Македонија. Сакам да ве поздравам сите мои кумановчанки и кумановчани, да ве поздравам сите горди и достоинствени луѓе што вечерва сте заедно овде во оваа сала заедно со нас, Ви е поклонувам на сите. Нека ве гледаат, нека Ве бројат и нека калкулираат, а на крајот и нека фотошопираат, бидејќи со притисок, уцена и закана се добива само повратен одговор „Не“ и црвен картон. А тоа го научија од оние што беа пред нив и за жал ништо не научија“, рече Димитриевски.

На самиот почеток, тој го поздрави неговиот противкандидат од последните локални избори во Куманово Беким Салиу и истакна дека тој бил еден од ретките кои многу чесно, достоинствено одговарал за секое прашање и упатувал конструктивна критика.

Пред една година реков, на првиот собир бевме триесетина луѓе и малку имаше разочараност, навикнале луѓето на масовни собири. Велам другари, колку сме толку сме, какви сме, такви сме, тие сме и ќе победиме! Вечерва велам колку сме толку сме, многу сме и повторно ќе победиме. Повторно! Велеа сами сте и точно е бевме сами. Но, со нас и зад нас ги имавме граѓаните. Рамо до рамо се боревме и ја добивме битката. Но, битката добиена не преставува привилегија, туку претставува уште поголема одговорност, бидејќи овој град е потребно да се менаџира и дополнително да се изгради и трансформира во едно модерно и урбано место за живеење. И ние заедно со тимот „За наше Куманово“, со претседателката на Советот, раководството, мнозинството во Советот, вработените во општината и со поддршка на граѓаните од ден на ден го правиме тоа“, потенцираше Димитриевски.

Димитриевски посочи дека во оваа сала пред некаде две недели рекле оставете го Максо, сам е тој.

„Ај, што не направи ништо, па велат потрошиле 200 милиони евра во Куманово, инвестирале. Па од овде бидејќи немам намера да ги споменувам многу само ќе им кажам, знаете ли луѓе што се 200 милиони евра? Знаете ли дека со 200 милиони евра еден нов град се гради. Па, кај е тој нов град во Куманово што го изградија? А не само што шајка не заковавте, камен на камен не оставивте во овој град. Колатерална штета сте во историја на овој град, повеќе министри и премиери не помислиле, а буквално ништо не направиле за оваа општина. Па ќе завршат функциите, како ќе се појавите тука да испиеме кафе и во Корзо, и во Бруклин, и на плоштад? Па со кого ќе пиете кафе бе луѓе?  Дали сте свесни дека тоа што вие го правите денеска всушност ќе го чувствуваат идните генерации? А тоа што ќе почувствуваат идните генерации ќе биде само за срам и ништо повеќе. Затоа сме ние вечерва тука, дополнително да ги охрабриме луѓето и да направиме едно ново движење кое ќе тргне од Куманово преку Прилеп, од Прилеп до Крушево, од Крушево во Тетово, од Тетово ќе се рашири низ цела Македонија, затоа што Македонија тоа го заслужува, затоа што Македонија тоа го бара и затоа што кумановчани и овие одважни луѓе секогаш во историјата знаеле кога е вистинскиот момент да застанат на прагот на револуцијата да се кренат и да го кренат Македонскиот народ заедно со Албанскиот, Српскиот, Турскиот, Ромскиот, Влашкиот, да направиме едно големо движење за наша Македонија“, изјави Димитриевски.

Димитриевски информираше дека Куманово, Прилеп, Крушево и Тетово се првите градови каде се формирани граѓански здруженија поради тоа што ова се местата кадешто живеат многу одважни граѓани, храбри луѓе, со револуционерен дух, коешто не се стекнува туку се раѓа од денот на секој поединец роден на тие места, на овие места всушност е испишана револуцијата на македонската држава и државност.

„Како што Карпош и Бајрам Шабани се бореле во Втората светска војна за оваа држава денеска што сите ние ја имаме така се бореле сите наши предци и Македонија, а овие денеска тоа го распродаваат. Е тоа ние немаме намера да го дозволиме. Затоа имаме за цел ова наше граѓанско движење да тргне од врата на врата и да му ги објасни основните вредности на секој граѓанин во државата, дека Македонија почива на крушевските и асномските вредности, на крушевската револуционерна борба, на кумановските и прилепските партизани и нивните идеали за самобитност и државност, за тетовската борба против антифашизмот и секако за почитување на минатото и врз база на тоа искуство за креирање на подобра иднина, иднина во која сите ќе бидеме еднакви, сите ќе бараме да бидеме почитувани, но првенствено ќе почитуваме. Ќе почитуваме и ќе влеземе таму каде што сакаме сите, но таа Европа којашто ни ја сервираат на тацна, а им велат променете си ја историјата“, додаде Димитриевски.

The post Димитриевски: Заеднички да направиме движење за наша Македонија appeared first on Република.

]]>

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, вечерва се обрати на граѓанската трибина организирана по повод шест месеци од формирањето на здружението и една година од реалниот граѓански концепт од граѓаните и за граѓаните во НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово. Во своето обраќање, Димитриевски потенцираше дека граѓаните се тие што ја даваат силата и мотивот да работат уште повеќе, посветено, мотивирано и за Куманово и за државата.
Различни од вера, од нација, од политичко убедување, но сите кумановци заедно за нашиот град, за наша Македонија. Сакам да ве поздравам сите мои кумановчанки и кумановчани, да ве поздравам сите горди и достоинствени луѓе што вечерва сте заедно овде во оваа сала заедно со нас, Ви е поклонувам на сите. Нека ве гледаат, нека Ве бројат и нека калкулираат, а на крајот и нека фотошопираат, бидејќи со притисок, уцена и закана се добива само повратен одговор „Не“ и црвен картон. А тоа го научија од оние што беа пред нив и за жал ништо не научија“, рече Димитриевски. На самиот почеток, тој го поздрави неговиот противкандидат од последните локални избори во Куманово Беким Салиу и истакна дека тој бил еден од ретките кои многу чесно, достоинствено одговарал за секое прашање и упатувал конструктивна критика. „Пред една година реков, на првиот собир бевме триесетина луѓе и малку имаше разочараност, навикнале луѓето на масовни собири. Велам другари, колку сме толку сме, какви сме, такви сме, тие сме и ќе победиме! Вечерва велам колку сме толку сме, многу сме и повторно ќе победиме. Повторно! Велеа сами сте и точно е бевме сами. Но, со нас и зад нас ги имавме граѓаните. Рамо до рамо се боревме и ја добивме битката. Но, битката добиена не преставува привилегија, туку претставува уште поголема одговорност, бидејќи овој град е потребно да се менаџира и дополнително да се изгради и трансформира во едно модерно и урбано место за живеење. И ние заедно со тимот „За наше Куманово“, со претседателката на Советот, раководството, мнозинството во Советот, вработените во општината и со поддршка на граѓаните од ден на ден го правиме тоа“, потенцираше Димитриевски.
Димитриевски посочи дека во оваа сала пред некаде две недели рекле оставете го Максо, сам е тој.
„Ај, што не направи ништо, па велат потрошиле 200 милиони евра во Куманово, инвестирале. Па од овде бидејќи немам намера да ги споменувам многу само ќе им кажам, знаете ли луѓе што се 200 милиони евра? Знаете ли дека со 200 милиони евра еден нов град се гради. Па, кај е тој нов град во Куманово што го изградија? А не само што шајка не заковавте, камен на камен не оставивте во овој град. Колатерална штета сте во историја на овој град, повеќе министри и премиери не помислиле, а буквално ништо не направиле за оваа општина. Па ќе завршат функциите, како ќе се појавите тука да испиеме кафе и во Корзо, и во Бруклин, и на плоштад? Па со кого ќе пиете кафе бе луѓе?  Дали сте свесни дека тоа што вие го правите денеска всушност ќе го чувствуваат идните генерации? А тоа што ќе почувствуваат идните генерации ќе биде само за срам и ништо повеќе. Затоа сме ние вечерва тука, дополнително да ги охрабриме луѓето и да направиме едно ново движење кое ќе тргне од Куманово преку Прилеп, од Прилеп до Крушево, од Крушево во Тетово, од Тетово ќе се рашири низ цела Македонија, затоа што Македонија тоа го заслужува, затоа што Македонија тоа го бара и затоа што кумановчани и овие одважни луѓе секогаш во историјата знаеле кога е вистинскиот момент да застанат на прагот на револуцијата да се кренат и да го кренат Македонскиот народ заедно со Албанскиот, Српскиот, Турскиот, Ромскиот, Влашкиот, да направиме едно големо движење за наша Македонија“, изјави Димитриевски.
Димитриевски информираше дека Куманово, Прилеп, Крушево и Тетово се првите градови каде се формирани граѓански здруженија поради тоа што ова се местата кадешто живеат многу одважни граѓани, храбри луѓе, со револуционерен дух, коешто не се стекнува туку се раѓа од денот на секој поединец роден на тие места, на овие места всушност е испишана револуцијата на македонската држава и државност.
„Како што Карпош и Бајрам Шабани се бореле во Втората светска војна за оваа држава денеска што сите ние ја имаме така се бореле сите наши предци и Македонија, а овие денеска тоа го распродаваат. Е тоа ние немаме намера да го дозволиме. Затоа имаме за цел ова наше граѓанско движење да тргне од врата на врата и да му ги објасни основните вредности на секој граѓанин во државата, дека Македонија почива на крушевските и асномските вредности, на крушевската револуционерна борба, на кумановските и прилепските партизани и нивните идеали за самобитност и државност, за тетовската борба против антифашизмот и секако за почитување на минатото и врз база на тоа искуство за креирање на подобра иднина, иднина во која сите ќе бидеме еднакви, сите ќе бараме да бидеме почитувани, но првенствено ќе почитуваме. Ќе почитуваме и ќе влеземе таму каде што сакаме сите, но таа Европа којашто ни ја сервираат на тацна, а им велат променете си ја историјата“, додаде Димитриевски.

The post Димитриевски: Заеднички да направиме движење за наша Македонија appeared first on Република.

]]>
Димитревски: Движењето ќе учестува на наредните избори https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrevski-dvizenjeto-kje-uchestuva-na-narednite-izbori/ Tue, 11 Oct 2022 15:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=559782

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски побарал од премиерот Димитар Ковачевски да се заложи, да предвиди средства за идната година за уредување на Спомен-костурницата во Куманово, каде што денеска и со децении наназад се одбележува 11 Октомври, информираше во денешната изјава за медиумите. Плочките околу споменикот кој е под дирекна надлежност на државната власт се видно оштетени.

Првата работа денеска што му ја спомнав на премиерот Ковачевски беше токму тој проблем. Ние како општина во континуитет на оваа локација Спомен-костурница вложуваме, изградивме и спортски терени, во фаза сме на градба на дополнителен амфитеатар, но овој комплекс каде што стоиме во моментов е под директна надлежност на државата бидејќи е комплекс од прва категорија и првенствено значење за државата како споменик и како спомен обележје и потребна е интервенција од страна на Министерството за култура. Имаше голем број на ветувања, до ден денеска гледате дека една шајка тука не е заковано. Му напоменав на премиерот да има предвид во следниот буџет за 2023 година да се предвидат средства па времето ќе покаже дали тоа ќе го сторат. Како и да е, општина Куманово го одржува комплексот околу споменикот и мислам дека имаме вложено над 250.000 евра, изјави Димитриевски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Димитриевски рече дека во Прилеп е формирано здружение „За нашите граѓани“ бидејќи, истакна сè уште немаат добиено согласност од градскиот совет да го користат името Прилеп. Тој кажа дека по примерот на граѓанското здружение „За наше Куманово“ ќе поддржат иницијативи во градовите сè до, формирање на граѓанско движење кое ќе учествува на наредните избори.

Димитриевски не прецизираше дали ќе има членови од СДСМ и рече дека во движењето можат да се вклучат сите кои се залагаат за вистински вредности, членка на ЕУ, потенцирајќи - првенствено почитувани како народ и држава на сите нивоа.

Ова не е политичка партија, ова е граѓанско движење, значи ние сме отворени како што реков за сите, сè уште нема видни и истакнати членови, се работи за шпекулации, многупати има повторено и сега повторно ќе кажам, јас го почитувам Црвенковски максимално како поранешен претседател на држава, но до овој момент за оваа иницијатива со него немам разговарано, ниту пак тој ми се има обратено да разговараме на оваа тема. Сите се добредојдени со своите иницијативи со своите заложби, но првенствено значи во оваа иницијатива ќе дадеме можност на нови луѓе коишто сакаат да ја придвижат државата напред заедно со нас, кажа Димитриевски.

Тој кажа дека СДСМ не му понудил висока функција по локалните избори.

Не ми беше понудено да преземам висока функција, имаше еден службен разговор на слична таква тема, иако не милувам да дискутирам во јавноста што тоа го говорам на состаноци очи во очи, едноставно мојата обврска е кон граѓаните на општина Куманово, јас добив обврска од сите граѓани, првично неопределени, лево ориентирани и десноориентирани. СДСМ отпочна една постапка за мое исклучување, имаше неколку различни ставови, дали сум исклучен или не, тоа повеќе не е предмет на интерес на јавноста, она што е најбитно е дека здружението „За наше Куманово“, мојот тим и луѓето околу мене одиме понатаму да работиме во интерес на граѓаните и дефинитивно ќе се вклучиме во решавање на централните проблеми коишто ги има државата бидејќи гледаме дека оваа власт којашто во моментов менаџира е неспособна да не извади од тешката економска криза и навремено да ги превенира дополнителните кризи и да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник вели дека ќе излезе на референдум доколку помине иницијативата.

-Доколку помине иницијативата на референдум јас ќе бидам првиот што ќе излезе на референдумот и ќе гласа против францускиот предлог, рече Димитиревски.

The post Димитревски: Движењето ќе учестува на наредните избори appeared first on Република.

]]>

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски побарал од премиерот Димитар Ковачевски да се заложи, да предвиди средства за идната година за уредување на Спомен-костурницата во Куманово, каде што денеска и со децении наназад се одбележува 11 Октомври, информираше во денешната изјава за медиумите. Плочките околу споменикот кој е под дирекна надлежност на државната власт се видно оштетени.
Првата работа денеска што му ја спомнав на премиерот Ковачевски беше токму тој проблем. Ние како општина во континуитет на оваа локација Спомен-костурница вложуваме, изградивме и спортски терени, во фаза сме на градба на дополнителен амфитеатар, но овој комплекс каде што стоиме во моментов е под директна надлежност на државата бидејќи е комплекс од прва категорија и првенствено значење за државата како споменик и како спомен обележје и потребна е интервенција од страна на Министерството за култура. Имаше голем број на ветувања, до ден денеска гледате дека една шајка тука не е заковано. Му напоменав на премиерот да има предвид во следниот буџет за 2023 година да се предвидат средства па времето ќе покаже дали тоа ќе го сторат. Како и да е, општина Куманово го одржува комплексот околу споменикот и мислам дека имаме вложено над 250.000 евра, изјави Димитриевски.
Одговарајќи на новинарски прашања, Димитриевски рече дека во Прилеп е формирано здружение „За нашите граѓани“ бидејќи, истакна сè уште немаат добиено согласност од градскиот совет да го користат името Прилеп. Тој кажа дека по примерот на граѓанското здружение „За наше Куманово“ ќе поддржат иницијативи во градовите сè до, формирање на граѓанско движење кое ќе учествува на наредните избори. Димитриевски не прецизираше дали ќе има членови од СДСМ и рече дека во движењето можат да се вклучат сите кои се залагаат за вистински вредности, членка на ЕУ, потенцирајќи - првенствено почитувани како народ и држава на сите нивоа.
Ова не е политичка партија, ова е граѓанско движење, значи ние сме отворени како што реков за сите, сè уште нема видни и истакнати членови, се работи за шпекулации, многупати има повторено и сега повторно ќе кажам, јас го почитувам Црвенковски максимално како поранешен претседател на држава, но до овој момент за оваа иницијатива со него немам разговарано, ниту пак тој ми се има обратено да разговараме на оваа тема. Сите се добредојдени со своите иницијативи со своите заложби, но првенствено значи во оваа иницијатива ќе дадеме можност на нови луѓе коишто сакаат да ја придвижат државата напред заедно со нас, кажа Димитриевски.
Тој кажа дека СДСМ не му понудил висока функција по локалните избори.
Не ми беше понудено да преземам висока функција, имаше еден службен разговор на слична таква тема, иако не милувам да дискутирам во јавноста што тоа го говорам на состаноци очи во очи, едноставно мојата обврска е кон граѓаните на општина Куманово, јас добив обврска од сите граѓани, првично неопределени, лево ориентирани и десноориентирани. СДСМ отпочна една постапка за мое исклучување, имаше неколку различни ставови, дали сум исклучен или не, тоа повеќе не е предмет на интерес на јавноста, она што е најбитно е дека здружението „За наше Куманово“, мојот тим и луѓето околу мене одиме понатаму да работиме во интерес на граѓаните и дефинитивно ќе се вклучиме во решавање на централните проблеми коишто ги има државата бидејќи гледаме дека оваа власт којашто во моментов менаџира е неспособна да не извади од тешката економска криза и навремено да ги превенира дополнителните кризи и да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, рече Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник вели дека ќе излезе на референдум доколку помине иницијативата.
-Доколку помине иницијативата на референдум јас ќе бидам првиот што ќе излезе на референдумот и ќе гласа против францускиот предлог, рече Димитиревски.

The post Димитревски: Движењето ќе учестува на наредните избори appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во коруптивно-мафијашка влада https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ni-vo-son-ne-mislev-deka-malata-partiska-vrhushka-na-sdsm-kje-prerasne-vo-koruptivno-mafijashka-vlada/ Sat, 27 Aug 2022 17:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=544759

Градоначалникот Максим Димитриевски е уверен дека успехот на иницијативата „За наше Куманово“ на локалните избори, може да биде успех и за „За наша Македонија“ на централно ниво. Во интервју за Прес24, тврди дека засега иницијативата е само идеја, но нема дилеми дека на државата и се потребни промени.

Зошто оваа иницијатива. Мој впечаток е дека кај граѓаните постои презаситеност од 30 годишното владеење на два политички субјекти во македонскиот политички блок и 20 годишно владеење од еден политички субјект во албанскиот политички блок. Едноставно, граѓаните бараат промена и излез од црно-белиот свет, бараат луѓе кои во нивно име ќе ја водат и управуваат со државата, но при тоа главниот приоритет ќе биде граѓанинот и неговиот подобар живот, вели Максим Димитриевски во интервјуто за Прес24.

Иако јавноста во оваа иницијатива препознава поврзаност со поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, Димитриевски негира. Со
Црвенковски подолг период немал контакти, но е во коректни и професионални релации е, но за оваа иницијатива идејата дошла од негови сограѓани.

Јавноста ме препознава како искрен и директен политичар кој одговара на сите прашања. Веќе два пати ви одговорив на ова прашање. Иако инсистирате, одговорот останува ист. Господинот Црвенковски е еден од основачите на СДСМ, поранешен претседател и премиер на Република Македонија и човек со политичко искуство од којшто може многу да се слушне и научи. Во оваа иницијатива секој со искрени намери е добредојден. Но повторувам, господинот Црвенковски до овој момент не е дел од оваа иницијатива. Моите релации со Црвенковски можам да ги оценам како професионални и коректни, вели градоначалникот на Куманово во интервјуто.

Димитриевски во интервјуто зборува и за тоа како и кога почнале поделбите во СДСМ, кои се вистинските причини за неговото разидување со
Заев и со актуелното раководство на партијата.

Навистина сум неразделен од социјалдемократијата. Но, основните столбови, државотворните политики и вистинската социјалдемократска идеологија ја напушти раководството на СДСМ. На 27 април се борев за рушење на 11-годишниот режим и диктатура на Груевски. Верував во подобро утре и се надевав дека можеме да смениме многу работи во државата. Искрено верував во паролите „Живот за сите“ и „Нема правда, нема мир“. Ништо од тоа не се случи. Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во една коруптивно-мафијашка влада која исклучиво ќе работи за своите интереси и своите фотелји, вели Максим Димитриевски.

Договорот со Бугарија според него е нешто што не е карактеристика на полтиката на СДСМ и со тоа не можел да се помири.

Немам ништо против бугарскиот народ, го почитувам, имам многу блиски и искрени пријатели помеѓу нив, но имам против изјавите на актуелните бугарски челници, за негирање на македонската нација и јазик. Во 21 век, почитувајќи ги европските нормативи, тоа е неприфатливо, таквите недолични акти потребно е да бидат осудени од официјална Европа, вели Максим Димитриевски во интервју за Прес 24.

The post Димитриевски: Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во коруптивно-мафијашка влада appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Максим Димитриевски е уверен дека успехот на иницијативата „За наше Куманово“ на локалните избори, може да биде успех и за „За наша Македонија“ на централно ниво. Во интервју за Прес24, тврди дека засега иницијативата е само идеја, но нема дилеми дека на државата и се потребни промени.
Зошто оваа иницијатива. Мој впечаток е дека кај граѓаните постои презаситеност од 30 годишното владеење на два политички субјекти во македонскиот политички блок и 20 годишно владеење од еден политички субјект во албанскиот политички блок. Едноставно, граѓаните бараат промена и излез од црно-белиот свет, бараат луѓе кои во нивно име ќе ја водат и управуваат со државата, но при тоа главниот приоритет ќе биде граѓанинот и неговиот подобар живот, вели Максим Димитриевски во интервјуто за Прес24.
Иако јавноста во оваа иницијатива препознава поврзаност со поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, Димитриевски негира. Со Црвенковски подолг период немал контакти, но е во коректни и професионални релации е, но за оваа иницијатива идејата дошла од негови сограѓани.
Јавноста ме препознава како искрен и директен политичар кој одговара на сите прашања. Веќе два пати ви одговорив на ова прашање. Иако инсистирате, одговорот останува ист. Господинот Црвенковски е еден од основачите на СДСМ, поранешен претседател и премиер на Република Македонија и човек со политичко искуство од којшто може многу да се слушне и научи. Во оваа иницијатива секој со искрени намери е добредојден. Но повторувам, господинот Црвенковски до овој момент не е дел од оваа иницијатива. Моите релации со Црвенковски можам да ги оценам како професионални и коректни, вели градоначалникот на Куманово во интервјуто.
Димитриевски во интервјуто зборува и за тоа како и кога почнале поделбите во СДСМ, кои се вистинските причини за неговото разидување со Заев и со актуелното раководство на партијата.
Навистина сум неразделен од социјалдемократијата. Но, основните столбови, државотворните политики и вистинската социјалдемократска идеологија ја напушти раководството на СДСМ. На 27 април се борев за рушење на 11-годишниот режим и диктатура на Груевски. Верував во подобро утре и се надевав дека можеме да смениме многу работи во државата. Искрено верував во паролите „Живот за сите“ и „Нема правда, нема мир“. Ништо од тоа не се случи. Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во една коруптивно-мафијашка влада која исклучиво ќе работи за своите интереси и своите фотелји, вели Максим Димитриевски.
Договорот со Бугарија според него е нешто што не е карактеристика на полтиката на СДСМ и со тоа не можел да се помири.
Немам ништо против бугарскиот народ, го почитувам, имам многу блиски и искрени пријатели помеѓу нив, но имам против изјавите на актуелните бугарски челници, за негирање на македонската нација и јазик. Во 21 век, почитувајќи ги европските нормативи, тоа е неприфатливо, таквите недолични акти потребно е да бидат осудени од официјална Европа, вели Максим Димитриевски во интервју за Прес 24.

The post Димитриевски: Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во коруптивно-мафијашка влада appeared first on Република.

]]>
„За наша Македонија“: Бранко Црвенковски прави партија https://republika.mk/vesti/makedonija/za-nasha-makedonija-branko-crvenkovski-pravi-partija/ Fri, 12 Aug 2022 11:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=539610

NEWS1.MK дознава дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија. Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури. Нашиот извор вели дека претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери,а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид.

Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски.

The post „За наша Македонија“: Бранко Црвенковски прави партија appeared first on Република.

]]>

NEWS1.MK дознава дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија. Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури. Нашиот извор вели дека претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери,а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид. Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски.  