ж Archives - Република https://republika.mk/tema/z/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 13:21:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ж Archives - Република https://republika.mk/tema/z/ 32 32 Членките на ЕУ постигнаа договор за згрижување бегалци и мигранти https://republika.mk/vesti/svet/chlenkite-na-eu-postignaa-dogovor-za-zgrizhuvane-begaltsi-i-migranti/ Wed, 04 Oct 2023 13:21:57 +0000 https://republika.mk/?p=687917

Земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа договор за споделување на задачата за згрижување бегалци и мигранти во кризни ситуации.

Многу сум среќна што земјите-членки сега се договорија за регулирање на кризата, што е важен дел од сложувалката во пактот за миграција и азил, изјави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард, пренесоа британските медиуми.

Таа посочи дека сега може да се продолжат преговорите меѓу Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент.

Важно е да се постигне договор за да се воведе ред во надворешните граници на ЕУ и да се намали протокот на мигранти, рече Малмер Стенергард.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на платформата „Х“ напиша дека тоа е вистинска пресвртница која овозможува да се продолжи напред во преговорите.

Денешниот состанок беше последна шанса да се постигне договор пред лидерите на ЕУ да се состанат во Гранада, Шпанија, утре и во петок, каде се очекува да разговараат за илегалната миграција во услови на зголемени пристигнувања низ Медитеранот, вклучително и на италијанскиот остров Лампедуза.

Земјите како Полска и Унгарија и понатаму силно се противат на прифаќање на луѓе кои пристигнуваат од Блискиот Исток и Африка, но 27-те земји-членки сè уште можат да постигнат мнозински договор што овие две земји не можат да го блокираат.

The post Членките на ЕУ постигнаа договор за згрижување бегалци и мигранти appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа договор за споделување на задачата за згрижување бегалци и мигранти во кризни ситуации.
Многу сум среќна што земјите-членки сега се договорија за регулирање на кризата, што е важен дел од сложувалката во пактот за миграција и азил, изјави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард, пренесоа британските медиуми.
Таа посочи дека сега може да се продолжат преговорите меѓу Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент.
Важно е да се постигне договор за да се воведе ред во надворешните граници на ЕУ и да се намали протокот на мигранти, рече Малмер Стенергард.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на платформата „Х“ напиша дека тоа е вистинска пресвртница која овозможува да се продолжи напред во преговорите. Денешниот состанок беше последна шанса да се постигне договор пред лидерите на ЕУ да се состанат во Гранада, Шпанија, утре и во петок, каде се очекува да разговараат за илегалната миграција во услови на зголемени пристигнувања низ Медитеранот, вклучително и на италијанскиот остров Лампедуза. Земјите како Полска и Унгарија и понатаму силно се противат на прифаќање на луѓе кои пристигнуваат од Блискиот Исток и Африка, но 27-те земји-членки сè уште можат да постигнат мнозински договор што овие две земји не можат да го блокираат.

The post Членките на ЕУ постигнаа договор за згрижување бегалци и мигранти appeared first on Република.

]]>
Русите се откажуваат од буквата „Z“?: Еве што се крие зад евентуалното отстранување на симболот на операцијата во Украина https://republika.mk/vesti/svet/rusite-se-otkazuvaat-od-bukvata-z-eve-shto-se-krie-zad-eventualnoto-otstranuvanje-na-simbolot-na-operacijata-vo-ukraina/ Thu, 23 Jun 2022 11:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=518865

Кремљ можеби планира да ја „ребрендира“ својата операција во Украина, откако официјални лица наредија отстранување на огромни транспаренти со симболи „Z“ и „V“ од истакнати згради.

Во Москва, инспекторите му наредиле на Сергеј Миронов, лидерот на партијата „Праведна Русија“, да отстрани транспарент од неговата канцеларија во центарот на градот, повикувајќи се на „бројни“ поплаки од граѓаните, пишува британски „Тајмс“.

Во Новосибирск, најголемиот сибирски град, службениците постапиле на сличен откако било потврдено тврдењето на тинејџер дека банери закачени пред канцеларијата на градоначалникот ги кршат прописите за јавно рекламирање. Транспарентот бил отстранет и од фасадата на канцеларијата на воените ветерани во Перм, Уралската област.

На децата кои ги „украсуваа“ прозорците со „Z“ и „V“ на културниот центар во западниот руски регион Псков, им било наредено да ги отстранат симболите. Локален функционер за државната телевизија изјави дека може да се прикажуваат само политички неутрални слики.

Некои аналитичари сега шпекулираат дека отстранувањето на банерот може да значи дека Кремљ одлучил да ги отфрли симболите во Украина и на Западот, анализира „Тајмс“.

Буквите „Z“ и „V“ првпат беа забележани на руски тенкови и оклопни возила непосредно пред февруарската инвазија на Украина. Иако најверојатно првично се користеле за цели за идентификација, руските одбранбени претставници подоцна изјавија дека нивните значења биле „За победу“ („За победа“) и „Сила V правда“ („Сила во вистината“), иако сè уште постојат различни толкувања на овие симболи.

Сепак, овие симболи, според „Тајмс“, не успеале да ја зафатат фантазијата на јавноста и најмногу може да се видат во владините канцеларии, про-Кремљ организациите и полициските автомобили.

Можно е Кремљ да планира ребрендирање. Овие две чудни букви не поминаа добро и затоа треба да се заменат со нешто поефикасно - вели политичкиот аналитичар, Абас Гаљамов.

Ниту една од овие букви не постои на руската кирилица, иако и двете имаат фонетски еквиваленти.

Гаљамов, поранешен портпарол на Кремљ, исто така истакнува дека одлуката за отстранување на симболите може да биде знак дека Москва бара начини да стави крај на, како што официјално ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина.

Не може да се исклучи... дека е донесена одлука да се подготват луѓето за мир и да се почне со решавање на сите овие визуелни милитаристички симболи - пишува Гаљамов на Телеграм.

The post Русите се откажуваат од буквата „Z“?: Еве што се крие зад евентуалното отстранување на симболот на операцијата во Украина appeared first on Република.

]]>

Кремљ можеби планира да ја „ребрендира“ својата операција во Украина, откако официјални лица наредија отстранување на огромни транспаренти со симболи „Z“ и „V“ од истакнати згради. Во Москва, инспекторите му наредиле на Сергеј Миронов, лидерот на партијата „Праведна Русија“, да отстрани транспарент од неговата канцеларија во центарот на градот, повикувајќи се на „бројни“ поплаки од граѓаните, пишува британски „Тајмс“. Во Новосибирск, најголемиот сибирски град, службениците постапиле на сличен откако било потврдено тврдењето на тинејџер дека банери закачени пред канцеларијата на градоначалникот ги кршат прописите за јавно рекламирање. Транспарентот бил отстранет и од фасадата на канцеларијата на воените ветерани во Перм, Уралската област. На децата кои ги „украсуваа“ прозорците со „Z“ и „V“ на културниот центар во западниот руски регион Псков, им било наредено да ги отстранат симболите. Локален функционер за државната телевизија изјави дека може да се прикажуваат само политички неутрални слики. Некои аналитичари сега шпекулираат дека отстранувањето на банерот може да значи дека Кремљ одлучил да ги отфрли симболите во Украина и на Западот, анализира „Тајмс“. Буквите „Z“ и „V“ првпат беа забележани на руски тенкови и оклопни возила непосредно пред февруарската инвазија на Украина. Иако најверојатно првично се користеле за цели за идентификација, руските одбранбени претставници подоцна изјавија дека нивните значења биле „За победу“ („За победа“) и „Сила V правда“ („Сила во вистината“), иако сè уште постојат различни толкувања на овие симболи. Сепак, овие симболи, според „Тајмс“, не успеале да ја зафатат фантазијата на јавноста и најмногу може да се видат во владините канцеларии, про-Кремљ организациите и полициските автомобили.
Можно е Кремљ да планира ребрендирање. Овие две чудни букви не поминаа добро и затоа треба да се заменат со нешто поефикасно - вели политичкиот аналитичар, Абас Гаљамов.
Ниту една од овие букви не постои на руската кирилица, иако и двете имаат фонетски еквиваленти. Гаљамов, поранешен портпарол на Кремљ, исто така истакнува дека одлуката за отстранување на симболите може да биде знак дека Москва бара начини да стави крај на, како што официјално ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина.
Не може да се исклучи... дека е донесена одлука да се подготват луѓето за мир и да се почне со решавање на сите овие визуелни милитаристички симболи - пишува Гаљамов на Телеграм.

The post Русите се откажуваат од буквата „Z“?: Еве што се крие зад евентуалното отстранување на симболот на операцијата во Украина appeared first on Република.

]]>
Српски политиколог го објаснува вистинското значење на буквата „Z“ на руските тенкови https://republika.mk/vesti/balkan/srpski-politikolog-go-objasnuva-vistinskoto-znachenje-na-bukvata-z-na-ruskite-tenkovi/ Tue, 03 May 2022 16:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=496816

Српскиот политиколог, Урош Бабиќ, објаснува што всушност значи буквата „Z“ на руските воени возила, која, на некој начин, стана симбол на руската воена операција во Украина.

Едноставно ќе одговорам на тоа прашање. За мене сето ова е една голема глупост. Дефинитивно еден вид спин. Сето ова го гледам низ призмата на тоа што и се случи на Србија кога е во прашање пропагандата.

„Z“ е само знак за препознавање на воената опрема на руската армија лоцирана во Украина. Ништо повеќе од тоа. Можеше да биде која било друга буква. Нема никаква друга симболика. Можеше да биде А или Б. Така се случи „Z“. Пропагандните активности во современа смисла, така да се каже, во принцип датираат од Првата светска војна. Од тогаш имате можност да видите разни плакати - изјави Бабиќ, во дебата на телевизија „Курир“.

На неговото излагање се надоврза водителката Милица Марковиќ, која истакна дека дека во оваа форма како што се употребува во Украина, нема буква „З“ во руската азбука, односно не  постои латинична верзија на руската азбука (Алукраина, руски силифабета).

The post Српски политиколог го објаснува вистинското значење на буквата „Z“ на руските тенкови appeared first on Република.

]]>

Српскиот политиколог, Урош Бабиќ, објаснува што всушност значи буквата „Z“ на руските воени возила, која, на некој начин, стана симбол на руската воена операција во Украина. Едноставно ќе одговорам на тоа прашање. За мене сето ова е една голема глупост. Дефинитивно еден вид спин. Сето ова го гледам низ призмата на тоа што и се случи на Србија кога е во прашање пропагандата.
„Z“ е само знак за препознавање на воената опрема на руската армија лоцирана во Украина. Ништо повеќе од тоа. Можеше да биде која било друга буква. Нема никаква друга симболика. Можеше да биде А или Б. Така се случи „Z“. Пропагандните активности во современа смисла, така да се каже, во принцип датираат од Првата светска војна. Од тогаш имате можност да видите разни плакати - изјави Бабиќ, во дебата на телевизија „Курир“.
На неговото излагање се надоврза водителката Милица Марковиќ, која истакна дека дека во оваа форма како што се употребува во Украина, нема буква „З“ во руската азбука, односно не  постои латинична верзија на руската азбука (Алукраина, руски силифабета).

The post Српски политиколог го објаснува вистинското значење на буквата „Z“ на руските тенкови appeared first on Република.

]]>
Човек во Русија казнет со 380 евра зашто ја шутнал буквата „З“ https://republika.mk/vesti/svet/chovek-vo-rusija-kaznet-so-380-evra-zashto-ja-shutnal-bukvata-z/ Tue, 26 Apr 2022 12:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=493801

Во рускиот град Чебоксари, 670 километри источно од Москва, е приведен човек, кој клоцал светлосна инсталација во форма на буквата „З“.

Против 44-годишниот жител е составен протокол за јавни дејствија со цел да се дискредитира употребата на вооружените сили на Руската Федерација - соопшти руското министерство за внатрешни работи.

Човекот добил казна од 30.000 рубли (околу 380 евра).

The post Човек во Русија казнет со 380 евра зашто ја шутнал буквата „З“ appeared first on Република.

Германските обвинители отвораат истраги против лица кои го користат симболот „Z“ https://republika.mk/vesti/svet/germanskite-obviniteli-otvoraat-istragi-protiv-lica-koi-go-koristat-simbolot-z/ Mon, 18 Apr 2022 12:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=490049

Во Германија се почесто се отвораат истраги против лица кои го користат симболот „Z“ за да ја изразат својата поддршка за руската војна во Украина.

Според извештајот на медиумската група Redaktionsnetzwerk Deutschland, од 24 февруари се покренати повеќе од 140 истраги за поддршка на руската војна во Украина. Повеќето од овие истражувања вклучуваат употреба на симболот „Z“.

Со бела боја нацртаниот симбол „Z“ често пати може да се види на руските тенкови и униформи. Тој го означува слоганот „за победа“. Често може да се види на згради, автомобили и облека надвор од воената зона и се користи на социјалните мрежи.

Употребата на симболите може да се смета за „криминална поддршка“ доколку се докаже поврзаноста со војната во Украина, наведува Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Според член 140 од Кривичниот законик, лицата кои го користат симболот можат да бидат казнети со парична казна или до три години затвор.

The post Германските обвинители отвораат истраги против лица кои го користат симболот „Z“ appeared first on Република.

]]>

Во Германија се почесто се отвораат истраги против лица кои го користат симболот „Z“ за да ја изразат својата поддршка за руската војна во Украина. Според извештајот на медиумската група Redaktionsnetzwerk Deutschland, од 24 февруари се покренати повеќе од 140 истраги за поддршка на руската војна во Украина. Повеќето од овие истражувања вклучуваат употреба на симболот „Z“. Со бела боја нацртаниот симбол „Z“ често пати може да се види на руските тенкови и униформи. Тој го означува слоганот „за победа“. Често може да се види на згради, автомобили и облека надвор од воената зона и се користи на социјалните мрежи. Употребата на симболите може да се смета за „криминална поддршка“ доколку се докаже поврзаноста со војната во Украина, наведува Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија. Според член 140 од Кривичниот законик, лицата кои го користат симболот можат да бидат казнети со парична казна или до три години затвор.

The post Германските обвинители отвораат истраги против лица кои го користат симболот „Z“ appeared first on Република.

]]>
Графити со рускиот воен симбол „Z“ на неколку локации во Битола https://republika.mk/zivot/servisi/grafiti-so-ruskiot-voen-simbol-z-na-nekolku-lokacii-vo-bitola/ Tue, 05 Apr 2022 07:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=483415

Неколку графити со буквата „Z“ забележани се во центарот на Битола, поточно на Широк Сокак и кај Кино Манаки.

Со користење на симболот „Z“ всушност се означува поддршка на руската воена инвазија на Украина, а го користеа многу активисти и влијателни лица кои застанаа на страната на Путин уште од почетокот на војната.

Истиот беше забележан и на протестите во некои земји каде народот и даваше поддршка на Русија.

Некои земји пак, како германската сојузна покраина Долна Саксонија веќе и забранија користење на овој руски воен симбол, а доколку некој ја прекрши забраната, законот предвидува парична казна или казна затвор до три години.

Симоболот „Z“ руските војници го користат на својата моторизација при нападите врз Украина, а тој буквално се претвори во симбол за поддршка на воената инвазија.

The post Графити со рускиот воен симбол „Z“ на неколку локации во Битола appeared first on Република.

]]>

Неколку графити со буквата „Z“ забележани се во центарот на Битола, поточно на Широк Сокак и кај Кино Манаки. Со користење на симболот „Z“ всушност се означува поддршка на руската воена инвазија на Украина, а го користеа многу активисти и влијателни лица кои застанаа на страната на Путин уште од почетокот на војната. Истиот беше забележан и на протестите во некои земји каде народот и даваше поддршка на Русија. Некои земји пак, како германската сојузна покраина Долна Саксонија веќе и забранија користење на овој руски воен симбол, а доколку некој ја прекрши забраната, законот предвидува парична казна или казна затвор до три години. Симоболот „Z“ руските војници го користат на својата моторизација при нападите врз Украина, а тој буквално се претвори во симбол за поддршка на воената инвазија.

The post Графити со рускиот воен симбол „Z“ на неколку локации во Битола appeared first on Република.

]]>