вторник Archives - Република https://republika.mk/tema/vtornik/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 10:43:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вторник Archives - Република https://republika.mk/tema/vtornik/ 32 32 УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд и силен ветер https://republika.mk/zivot/servisi/uhmr-za-utre-najavuva-nevreme-so-poroen-dozhd-i-silen-veter/ Mon, 01 Jul 2024 10:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=792366

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Потоа се очекува стабилно и потопло време.

 

The post УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд и силен ветер appeared first on Република.

]]>

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.  

The post УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд и силен ветер appeared first on Република.

]]>
Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament-vo-vtornik-na-gosti-kaj-dhaferi-a-ke-polozhi-tsveke-pred-sarkofagot-na-gotse-delchev/ Fri, 10 Nov 2023 09:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=700184

Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј.

Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.

 

The post Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј. Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи. Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.  

The post Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Трет ден Велигден: Денешниот ден е најсреќен во годината https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tret-den-veligden-deneshniot-den-e-najsreken-vo-godinata/ Tue, 18 Apr 2023 06:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=631610

Денес е Воскресение Христово – Трет ден.

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена.

Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

Денешниот ден се смета за најсреќен – Зошто?

Ако на денешен ден се роди дете, тоа ќе биде среќно и долговечно. Според верувањата, ова е единствениот добар вторник во годината. Добро е да се оди во посета или да се тргне на пат.

The post Трет ден Велигден: Денешниот ден е најсреќен во годината appeared first on Република.

]]>

Денес е Воскресение Христово – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта. Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род. Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат. Денешниот ден се смета за најсреќен – Зошто? Ако на денешен ден се роди дете, тоа ќе биде среќно и долговечно. Според верувањата, ова е единствениот добар вторник во годината. Добро е да се оди во посета или да се тргне на пат.

The post Трет ден Велигден: Денешниот ден е најсреќен во годината appeared first on Република.

]]>
Вторник неработен ден за католиците https://republika.mk/zivot/servisi/vtornik-neraboten-den-za-katolicite/ Fri, 28 Oct 2022 12:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=566837

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 1 ноември 2022 година (вторник), Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.

 

The post Вторник неработен ден за католиците appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 1 ноември 2022 година (вторник), Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.  

The post Вторник неработен ден за католиците appeared first on Република.

]]>
УХМР: До вторник постудени утра, натпросечно топло во четврток и петок https://republika.mk/zivot/servisi/uhmr-do-vtornik-postudeni-utra-natprosechno-toplo-vo-chetvrtok-i-petok/ Sun, 11 Sep 2022 10:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=549673

Од утре следува период на стабилно време со постудени утра, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови пониска дневна температура до вторник.

Во вторник утринските температури ќе бидат од 6 до 17 и дневните од 21 до 28, а во среда – минималната од 5 до 15 степени и максималната од 25 до 31 степен.

-Од среда температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло – соопшти УХМР.

 

The post УХМР: До вторник постудени утра, натпросечно топло во четврток и петок appeared first on Република.

]]>

Од утре следува период на стабилно време со постудени утра, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови пониска дневна температура до вторник. Во вторник утринските температури ќе бидат од 6 до 17 и дневните од 21 до 28, а во среда – минималната од 5 до 15 степени и максималната од 25 до 31 степен. -Од среда температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло – соопшти УХМР.  

The post УХМР: До вторник постудени утра, натпросечно топло во четврток и петок appeared first on Република.

]]>
Османи: Во вторник се одржува конференција и почнува скринингот https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-vtornik-se-odrzuva-konferencija-i-pochnuva-skriningot/ Sun, 17 Jul 2022 17:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=530414

Во вторник не само што почнуваат преговорите и ќе има конференција, истиот ден попладне почнува и скрининг, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата по враќањето од Софија, каде со бугарската колешка Теодора Генчовска го потпиша билатералниот протокол.

Во вторник експертите на ЕУ влегуваат во нашите институции, од вторник почнуваат да се бројат деновите до членство – рече Османи.

Тој додаде дека по бугарското вето пред 3 години не сме можеле да добиеме се, но, како што истакна, сме добиле 3 битни позиции.

Добивме чист јазик, историските прашања да не бидат услов во преговорите и тие да почнат веднаш, а Бугарија доби одржување на втора конференција откако претходно ќе се направат уставни измени – посочи Османи.

Според него, многу полесно ќе ги решаваме недоразбирањата со Софија додека сме дел од процесот во ЕУ, отколку да останеме надвор и да чекаме некои подобри времиња.

Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодотт 2019-2022. Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно.

Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство.

Поддршката за евроинтеграцијата на Македонија е составен дел од Протоколот, а тука се појаснува одржувањето на првата Меѓувладина конференија со ЕУ, која во случајот на земјава е поделена на две фази политичка конференција, почеток на процес на скрининг, а потоа и втората конференција и отворање на поглавјата, но откако Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Република Бугарија изјавува подотвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина политичка конференција со ЕУ со разбирање дека следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Реепублика Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ, се наведува во Протоколот.

Согласно францускиот предлог, задутре се одржува меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршување на скринингот има втора меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет, туку утре во 18 и 30 се носат одлуки за двете конференции и за првата пред скринингот и за втората по него, со тоа што втората е условена со уставните измени, рече Османи.

Тој нагласи дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници, во земјава, односно делот, каде што стои српскиот, влашки, ромски народ…продолжува делот хрватски, црногорски, бугарски народ. Вели дека ова не е новина, споменувајќи ја тука Хрватска, која во својот Устав внесува 25 заедници пред да стане членка на Унијата.

Во документот е наведено дека Владата на Македонија се согласува следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговрите за членство да се одржи откако во сила ќе влезат измените на Уствот за вклучување на оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата, а се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивни спроведување.

Тука имаше шпекулација, како може Владата да презема обврска во име на Собранието. Значи Владата не презема обврдска во име на Собранието, туку Владата се согласува дека втората конференција ќе се случи, откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците, додаде Османи.

Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ, согласно конечниот предлог на Француското претседателство, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Макеоднија за статусот на Фронтекс.

Во однос на тоа каде е реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија, Османи одговори дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту уставите на Франција, Грција.

-Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков. Претпоставувам тоа било причината во 1999 година во заедничката декларција меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој параграф е реафирмиран во член 11, став пет од Договорот за добрососедство и сега РСМ потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може или не треба да преставува мешање во внатрешните работи на Бугарија. Тоа е единствената асиметрична позиција во Договорот, нагласи Османи.

 

The post Османи: Во вторник се одржува конференција и почнува скринингот appeared first on Република.

]]>

Во вторник не само што почнуваат преговорите и ќе има конференција, истиот ден попладне почнува и скрининг, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата по враќањето од Софија, каде со бугарската колешка Теодора Генчовска го потпиша билатералниот протокол.
Во вторник експертите на ЕУ влегуваат во нашите институции, од вторник почнуваат да се бројат деновите до членство – рече Османи.
Тој додаде дека по бугарското вето пред 3 години не сме можеле да добиеме се, но, како што истакна, сме добиле 3 битни позиции.
Добивме чист јазик, историските прашања да не бидат услов во преговорите и тие да почнат веднаш, а Бугарија доби одржување на втора конференција откако претходно ќе се направат уставни измени – посочи Османи.
Според него, многу полесно ќе ги решаваме недоразбирањата со Софија додека сме дел од процесот во ЕУ, отколку да останеме надвор и да чекаме некои подобри времиња. Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодотт 2019-2022. Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно. Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство. Поддршката за евроинтеграцијата на Македонија е составен дел од Протоколот, а тука се појаснува одржувањето на првата Меѓувладина конференија со ЕУ, која во случајот на земјава е поделена на две фази политичка конференција, почеток на процес на скрининг, а потоа и втората конференција и отворање на поглавјата, но откако Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот. Република Бугарија изјавува подотвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина политичка конференција со ЕУ со разбирање дека следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Реепублика Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ, се наведува во Протоколот.
Согласно францускиот предлог, задутре се одржува меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршување на скринингот има втора меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет, туку утре во 18 и 30 се носат одлуки за двете конференции и за првата пред скринингот и за втората по него, со тоа што втората е условена со уставните измени, рече Османи.
Тој нагласи дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници, во земјава, односно делот, каде што стои српскиот, влашки, ромски народ…продолжува делот хрватски, црногорски, бугарски народ. Вели дека ова не е новина, споменувајќи ја тука Хрватска, која во својот Устав внесува 25 заедници пред да стане членка на Унијата. Во документот е наведено дека Владата на Македонија се согласува следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговрите за членство да се одржи откако во сила ќе влезат измените на Уствот за вклучување на оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата, а се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивни спроведување.
Тука имаше шпекулација, како може Владата да презема обврска во име на Собранието. Значи Владата не презема обврдска во име на Собранието, туку Владата се согласува дека втората конференција ќе се случи, откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците, додаде Османи.
Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ, согласно конечниот предлог на Француското претседателство, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Макеоднија за статусот на Фронтекс. Во однос на тоа каде е реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија, Османи одговори дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту уставите на Франција, Грција. -Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков. Претпоставувам тоа било причината во 1999 година во заедничката декларција меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој параграф е реафирмиран во член 11, став пет од Договорот за добрососедство и сега РСМ потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може или не треба да преставува мешање во внатрешните работи на Бугарија. Тоа е единствената асиметрична позиција во Договорот, нагласи Османи.  

The post Османи: Во вторник се одржува конференција и почнува скринингот appeared first on Република.

]]>